Мариовска Котлина
котлина во јужна Македонија
Мариовска Котлина — нетипична котлина во Јужна Македонија, во средното течение на Црна Река. Се протега од Скочивир до Галиште, ограничено со водоразделните линии кои водат по планината Ниџе со Кајмакчалан и Козјак од десната и Селечка Планина и Дрен од левата страна на Црна Река. Зафаќа површина од 897,3 км2[1], иако Мариовската Котлина повеќе е речно ерозивно проширување отколку типична котлина.
Висината на теренот во котлината се движи од 350 до 2.520 м[1], но најголемиот дел е на висина од 600 до 1.100 м, што укажува на тоа дека релјефот е обликуван од речни теченија. Доказ за ова е и отсуството на рамничарски предели.
Административно, котлината припаѓа на Општина Прилеп и Општина Кавадарци.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Група автори (2016). „Мариовска котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 132. ISBN 978-9989-110-90-0.