Алилица
Алилица — пештера во Македонија[1] на планината Бистра во непосредната близина на селото Тресонче. Пештерата е сместена во тешко пристпаен предел, во преслап помеѓу планините Бистра и Стогово, веднаш од десната страна на Тресонечка Река, на јужната падина на Бистра позната како Брзовец. Од селото Тресонче, пештерата е оддалечена 4 километри во источен правец[2]. Пештерата е сочинета од 2 пештери, Горна и Долна Алилица, повзрани со кос стрмен канал.
Алилица | |
---|---|
Отворот на пештерата Алилица крај Тресонечка Река | |
Место | Тресонче, Македонија |
Длабочина | 590 м |
Надм. височина | 1450 м |
Преданија за пештерата Алилица
уредиЗа пештерата и настанокот на нејзиното име постојат повеќе преданија.
Според првото предание, понапред си бил некој овчар по име Алил, кој во месноста Гуменце си ги чувал овците и шилежињата. Овците оттаму презимувале во Солунско, крај реката Галик, а шилежињата останувале во Гуменце. Но, Алил се покажал голем арамија, па ги крадел јагнињата што останувале во планината. Ги колел едно по едно и ги пуштал кон Тресонче по реката, каде ги дочекувала сестра му. Сточарите го забележале, па и него го отепале и го фрлиле во пештерата, што подоцна ја завикале Алилица.
Според второто предание, во старо време си бил некој Алил Паша. Еден ден се враќал од собирање арач (данок), но во близина на пештерата го нападнале арамии. Тој го засолнил азното во пештерата, па според некои кажувања после се вратил и си го земал, а според други, азното сè уште е некаде во пештерата?!
Според третата легенда, си била некоја Лила која исчезнала. Селаните тргнале да ја бараат и викале: “Ооо, Лилице, ааа Лилице, а-лилице, Алилице!!!” Не се знае дали Лилица некој некогаш ја пронашол[2].
Наводи
уреди- ↑ Географски разгледи (27. изд.). Makedonsko geografsko društvo. 1989.
- ↑ 2,0 2,1 http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=5246DAE81F31A743AFB463E95BE0197A
Галерија
уреди-
Внатрешноста на пештерата Алилица
Надворешни врски
уреди„Алилица“ на Ризницата ? |
Оваа статија пештера во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |