Голо Брдо

областа во Албанија

Голо Брдо (албански: Gollobërdë) — географска, претежно планинска област во источниот дел на Албанија и југозападно од градот Дебар во Македонија. Населението во овој регион е претежно македонско, од кои мнозинството се со исламска вероисповед. Македонците од овој дел на Албанија се организирани во здружение наречено „Мир“ чијшто претседател е Кимет Фетаху.

Карта на Голо Брдо

И покрај тоа што Македонците се официјално признаени како малцинска заедница во Албанија, сега за сега македонскиот јазик официјално се употребува само во реонот на Мала Преспа, но не и во Голо Брдо и другите делови на Албанија каде живеат Македонци. Во тие делови македонскиот јазик се користи во домашна и меѓусебна комуникација меѓу Македонците.

Поглед на областа.

Во одредени делови на Голо Брдо постои и одредена група на луѓе кои се декларираат како етнички Бугари и се организирани во здружение наречено „Просперитет Голо Брдо“ чиј претседател е Хаџи Пируши од с. Стеблево. Но, за разлика од Македонците, Грците или Власите кои се официјално признати како малцински заедници во Албанија, албанската држава нема официјално признание за постоење на бугарска малцинска заедница во ниту еден дел од Албанија или дадено право на образование на бугарски јазик и покрај тоа што властите во Бугарија и самодекларираните Бугари во Албанија тврдат дека на Голо Брдо постои население „со бугарска национална свест“. Некои бугарски политичари одат до таму што покрај тврдењата за постоење на бугарско население во Албанија, сакаат да го претстават и македонското население низ Албанија како бугарско агитирајќи меѓу албанските власти.

Села во Голо Брдо

уреди
 
Карта на Голо Брдо

Областа Голо Брдо во 1924 година, дванаесет години по формирањето на Албанија, е поделена меѓу тогашна Југославија и Албанија. Во Албанија областа Голо Брдо територијално е поделена на три општински единици Требишта, Острени и Стеблево во рамките на општините Булчица и Либражд. Од вкупниот број на села, 16 се чисто македонски. Селата се следниве: Вичишта, Миреши, Владимирица, Тучепи, Којовец, Косовец, Смолник, Лешничани, Себишта, Мало Острени, Големо Острени, Врбница, Пасинки, Требишта, Клење, Гиновец, Стеблево, Борово, Забзун, Студена, Оржаново, Радоешта, Љуболеш. Во Македонија од областа Голо Брдо припаѓаат селата Отишани и Џепиште, а според некои извори и селото Дренок. Во единиците Острени и Требишта живеат само Македонци, а во единицата Стеблево населението е етнички мешано и Македонци и Албанци. Во многу случаи овие „Албанци“ се албанизирани Македонци.

Во областа Долно Поле, понасевер од Голо Брдо во општината Макелари останати се само три, од претходно сите македонски села Горно Крчиште, Долно Крчиште и Ербеле. Во 1924 година Албанија ги добива од тогашна Југославија во размената на територии по граничната линија.

Во областа понекогаш се вклучуваат и селата Моглица и Продан во југоисточниот дел на областа, како и Горна и Долна Горица во северниот.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди