Слатко (српски: слатко / слатко, бугарски: сладко) е овошен десерт  направен од плодови или ливчиња од роза во македонската, српската, и бугарската кујна. Речиси секаков вид овошје може да се користи, како дива јагода, боровинка, слива и цреша. Традиционално, сите гости во македонските, српските и бугарските домови се прслужувале со лажица слатко и чаша вода штом ќе седнат. Особено почестените гости се понудени двапати, иако секој гостин може да побара уште еднаш, со што се смета дека му оддава чест на домаќинот. За вториот залак мора да се користи друга лажица. Да се побара третпат, ако не е понуден, се смета за несоодветно однесување. Алтернативно, на ист начин, на гостите може да им се понуди мед (или да се побара да се избере).

Слатко
Slatko fragaria vesca sumske jagode woodland strawberry Vlasotince.jpg
ВидДодаток на десерт
Место на потеклоМакедонија, Србија, Бугарија и Балканот
Главни состојкиОвошје или ливчиња роза

Слаткото се користи како полнење за сладолед и вафли, како и полнење на палачинки.

ВаријантиУреди

Највообичаените типови на слатко се оние од цела јагода, малку незрели сливи или вишни. Исто така, може да се користат и други свежи плодови како што се малини, слатки цреши, коцки од лубеница, ливчиња од роза, дуњи, грозје, смокви, праски, боровинки, капини или црвени рибизли. Ако е подготвена слатка слива, може да се додадат ореви или бадеми во мешавината или дури да се вметнат во самите сливи за да се заменат јатките. Може да се користат и замрзнати бобинки и овошје, но количината на вода и времето за готвење треба да се прилагодат соодветно.[1]

Слаткото како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. „Serbian Cafe“. Архивирано од изворникот на 2009-10-11. Посетено на 2018-07-29.
  2. Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 16-20.