Бугарија

држава во Југоисточна Европа
(Пренасочено од Република Бугарија)

Бугарија (бугарски: България) или официјално Република Бугарија (Република България) — држава во Југоисточна Европа, која излегува на Црно Море на исток, на југ граничи со Грција и Турција, со Србија и Македонија на запад и со Романија на север. Северната граница, главно е по должината на реката Дунав, при што источниот дел од границата ја дели областа Добруџа. Бугарија има вкупна површина од 110.911,5 квадратни километри.

Република Бугарија
Република България  (бугарски)
Знаме Грб
ГеслоСъединението прави силата
"Единството ја прави силата"
ХимнаМила Родино
Мила татковино

Местоположбата на  Бугарија  (зелено) – на Европскиот континент  (светлозелено и сиво) – во Европската Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Бугарија  (зелено)

– на Европскиот континент  (светлозелено и сиво)
– во Европската Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Бугарија  (зелено)

– на Европскиот континент  (светлозелено и сиво)
– во Европската Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Софија
42°41′N 23°19′E / 42.683° СГШ; 23.317° ИГД / 42.683; 23.317
Службен јазик бугарски
Службено писмо кирилица
Народности (2011)
Демоним Бугарин
Уредување Унитарна парламентарна република
 •  Претседател Румен Радев
 •  Премиер Димитар Главчев
Законодавство Народно собрание
Формирање
 •  Прво Царство 681-1018 
 •  Второ Царство 1185-1396 
 •  Трета држава од 13 јули 1878[б 1] 
Површина
 •  Вкупна 110,993,6 км2 (103.)
 •  Вода (%) 2,16
Население
 •  проценка за 2021 г. 6.520.314 (106.)
 •  Попис 2011 7.364.570[2] 
 •  Густина 63 жит/км2 (120.)
БДП (ПКМ) проценка за 2022 г.
 •  Вкупен 203 милијарди долари[3] (73.)
 •  По жител 27.890 долари[3] (55.)
БДП (номинален) проценка за 2022 г.
 •  Вкупно 86 милијарди долари[3] (68.)
 •  По жител 12.340 долари[3] (61.)
Џиниев коеф. (2021)39.7[4]
среден
ИЧР (2021) 0.796[5]
висок · 68.
Валута Лев (BGN)
Часовен појас EET (UTC+2)
 •  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Датумски формат дд.мм.гггг
Се вози на десно
НДД .bg
Повик. бр. +359

Бугарските земји биле населени уште од времето на палеолитот. Првата документирана цивилизација која живеела на територијата на Бугарија биле Тракијците. Тие биле асимилирани од Римјаните, а подоцна од страна на Словените во периодот 6-10 век. Околу 670, прабугарски орди пристигнале на Балканскиот Полуостров и го основале „Првото Бугарско Царство“, признато од Византија во 681 година. Бугарската држава станала културниот центар за сите Словени во текот на средниот век сè до падот на „Второто Бугарско Царство“ под отоманска власт во 1396.[6][7] Во 1878 година Руско-турската војна резултирала со основање на „Третата Бугарска Држава“. Таа станала комунистичка народна република и сојузник на Советскиот Сојуз во 1946 година. Колапсот на Источниот блок во 1989 година донел демократски промени во Бугарија и резултирал со нејзиното членство во Европската Унија во 2007 година.

Главен град на Бугарија е Софија, кој има околу 1.290.000 жители. Други поголеми градови се Пловдив (331.796), Варна (330.486) и Бургас (197.301).[8] Бугарија е членка на повеќе меѓународни организации, меѓу кои и во НАТО, Светската трговска организација, Европската Унија, како и трипати непостојана членка на Советот за безбедност на ОН и еден од основачите на ОБСЕ.

Историја

Праисторија и антички период

 
Одриски златен венец во Националниот историски музеј

Првите информации за човечко присуство на територијата на денешна Бугарија датираат од 44 000 година пред Христа. Околу 6000 година п.н.е. се развиваат првите автохтони култури. Од овој период датираат и Старозагорските неолитски куќи, кои се најстарите задржани куќи во светот[се бара извор]. До 1500 година п.н.е. се развиваат неколку култури, меѓу кои културите во Варна и Езеро.

Првата цивилизација која оставила трајни траги во бугарската историја, е тракијската. Потеклото на Тракијците е неразјаснето, поради недостатокот на писменост, но се познати нивните вештини во металургијата, војската и земјоделството. Тие живееле поделени на племиња до 500 година п.н.е., кога царот Терес ги обединил во „Одриското царство“. Во 4 век тоа било потчинето од Александар Македонски, но се ослободува по неговата смрт. Во 279 п.н.е. по келтската инвазија на Тракија се создало келтско-тракиското царство Тиле. Во 46 година целиот регион потпаднал под власта на Римското Царство. По нејзиниот распад во 5 век во регионот постојано се сместувале различни народи со слаба општествена организација, меѓу кои и Словените.

Стара и средновековна Бугарија

 
Плиска - главен град на Првата бугарска држава од 681 до 893.
 
Структура на Првата бугарска империја во текот IX-X век

Околу 670 г. на Балканот пристигнале и Прабугарите, предводени од хан Аспарух. Тие барале контрола врз локалните словенско-тракијски племиња и создале свое царство, кое било признато од Византија во 681 година.

„Бугарско Царство“ е термин кој се користи за опишување на два периода од средновековната историја на Бугарија, која често се борела прoтив Византија. Двете Бугарски царства не се сметаат како различни ентитети, туку како една држава која се обновила после периодот на Византиското владеење на нејзината територија[9].

„Првото Бугарско Царство“ било формирано како резултат на проширувањето на Стара Велика Бугарија на териториите јужно од реката Дунав, и се смета дека постоело помеѓу 681 година (кога постоењето на ова царство за првпат било спомнато од страна на Византија во мировен договор) и 1018 година, кога потпаѓа под византиска управа. Својот зенит го достигнало во текот на деветтиот и почетокот на десеттиот век, кога со царството владеел Борис I и Симеон Велики, кој ја развил Бугарија во културен и литературен центар на средновековните Словени[10].

Средновековна Бугарија претставува обновување на „Второто Бугарско Царство“ после успешното „Бугарско востание“ на двајца велмошти од Трново, Асен и Петар, во 1185 година. Во првата половина на тринаесеттиот век поголемиот дел од територијата бил повратен. По втората ера на Иван Асен II, Бугарија драстично ослабела на воен и политички план, особено по војните со Унгарците, Монголците и Византијците. Средновековна Бугарија опстојувала сè до инвазијата на Отоманците на Балканот кон крајот на четиринаесеттиот век. Последната бугарска територија која потпаднала под отоманска власт била околината на Созопол во околу 1453 година.

Современа Бугарија

 
Бој при Иваново-чифлик (1877), ум. Павел Ковалевски

Почетоците на современата бугарска држава се тесно поврзани со Бугарската егзархија, Априлското востание од 1876, Цариградската дипломатска конференција од истата година и Руско-турската војна од 1877 - 1878 година. Војната ја започнала Русија со оправдување за „ослободување на христијаните на Балканот од турското ропство“ по Априлското востание, кое било крваво задушено со масакрот на 30.000 Бугари.[11] Големите сили веќе не верувале дека е можно без реформи да се зачува мирот и добрите односи меѓу Турците и Бугарите, но обидот тие да се помират преку посебна конференција претрпел неуспех, бидејќи планот да се создадат два автономни региони во границите на Бугарската егзархија бил отфрлен од Османлиското Царство. По многуте жестоки битки и бројни жртви на луѓе и материјалната штета, руската армија успеала да ја потисне турската војска од поголемиот дел од нејзините територии на Балканскиот Полуостров, а во опасност била и престолнината Истанбул. Немајќи друг излез, Османска Турција ги прифатила најтешките можни услови за постигнување мировен договор. Русија не ја завладеaла целата територија на Турција, бидејќу британската флота била пратена кон Босфорот. Турција се согласила да ги отстапи Мизија, Северна Тракија и поголемиот дел од Македонија. Овие територии требало да се вклучат во идната бугарска држава, која требало да биде под силно политичко влијание на Русија. На 3 март 1878 во местото Сан Стефано, во близината на Истанбул, бил потпишан познатиот Санстефански Договор, кој ги поставил темелите на идната бугарска држава и таа ги заземала териториите на Бугарската егзархија.

 
"На нож" од Јарослав Вешин, прикажува поразот на османлиските војници од бугарската армија во 1912

Овој договор не бил прифатен од Големите Сили поради стравот дека ваква голема словенска држава на Балканот би била слуга на руските интереси. Само неколку месеци подоцна, во јуни 1878 година, во Берлин бил свикан Берлинскиот конгрес на кој било признато правото на Бугарија да постои како „автономно-трибутарно кнежевство“ само во граници меѓу Дунав и Стара Планина и Софискиот санџак. Во Трновскиот устав не било запишано дека земјата е под вазалната зависност од Отоманското Царство, но тоа е факт според актите на меѓународното право. Северна Тракија добила автономија под името Источна Румелија, со бугарска влада. Во 1885 година Источна Румелија била приклучена кон Бугарија, а истата судбина ја дочекала и Пиринска Македонија во 1913 година.

На 22 септември 1908 година по анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австроунгарија и со поддршката на Русија, Бугарија ја добила својата независност - Фердинанд го прочитал манифестот во Велико Трново. Променет бил и Трновскиот устав, со кој титулата на Фердинанд била променета од „кнез“ во „цар“ и соодветно официјалното именување на државата од „Кнежевство Бугарија“ во „Царство Бугарија“. Балканските војни резултирале со тешки економски загуби за земјата. Бугарија станала сојузник на Германија во текот на Првата светска војна и мобилизира една четвртина од населението.[12][13] Загубата на војната резултира со „национална катастрофа“ - големи жртви, економски колапс и политичка нестабилност.

Екстремно десничарскиот политичар Александар Цанков ја презел власта во 1923 година и започнат „белиот терор“ против левичарите и аграрците. Во 1926 година тој бил заменет од страна на поумерениот Андреј Љапчев, но претстојната Голема депресија уште еднаш ја дестабилизирала бугарската политика. Во 1935 година цар Борис III воспоставил лична диктатура да се избегне дополнителна дестабилизација. Бугарија започнала да гравитира кон нацистичка Германија. Во 1941 година Бугарија се приклучила во Втората светска војна како членка на Оската, но не и објавила војна на СССР и го зачувала еврејско население во Бугарија од депортацијата во германски концентрациони логори. На 9 септември 1944 бугарските комунистички партизани со помош од Црвената армија ја смениле монархијата и Бугарија се приклучила кон сојузничката страна до крајот на војната. После доаѓањето на власт на Отчествениот Фронт се организирал референдум за промена на формата на државното управување, на кој народот гласал со 92,7% за републиканска форма на управување. На 15 септември 1946, Бугарија била прогласена за Народна република на чело со Георги Димитров. Во 1947 Големото народно собрание го примило новиот устав на Народна Република Бугарија.

 
Бугарија станува дел од ЕУ во 2007

Економијата почнала да се гради врз принципите на планираното стопанство. До крајот на 1950-те години стандардот на живот значително се подобрил, но во исто време се барала строга цензура и контактите со земји надвор од социјалистичкиот камп се ограничиле значително. За време на владеењето на Тодор Живков со НР Бугарија, во државата биле изградени најголемите индустриски капацитети во државата- металуршкиот комплекс „Кремиковци“, индустриски комплекс „Црвена могила“, атомска централа „Козлодуј„ и информатичката фабрика во Правец.

Набргу по падот на Берлинскиот ѕид дошол и крајот на комунистичкото владеење. Бугарија почнала да се ориентира кон парламентарната демократија и пазарната економија, но дури и по 2000 година просечните показатели на развој остануваат пониски од социјалистичката ера. По 2004 година започнало брзо подобрување на ситуацијата, а членството во Европската унија се одвило во 2007 година. Истата година Бугарија го потпишала и го ратификувала Лисабонскиот договор. И покрај економскиот подем во последниве години, земјата продолжува да има сериозни проблеми со правниот систем, корупцијата, квалитетот на јавните услуги и демографскиот пад.

Географија

 
Карта на Бугарија.
 
Поглед на централна Стара Планина

Вкупната површина на земјата изнесува 110 994 км2, и според тоа се наоѓа на 105 место по големина во светот. Таа граничи со Црното Море на исток, со Грција и Турција на југ, со Србија и Македонија на запад и со Романија на север. Климата во Бугарија е умерено-континентална со топли лета и ладни зими. Врнежите се движат од 500 милиметри во североисточна Бугарија до 2600 милиметри во планините на југозапад.

Бугарија има неколку посебни географски одлики: Стара Планина, Дунавската рамнина, Тракиската низина и Родопската планина. Стара Планина ја дели земјата на два приближно еднакви региони: северниот е зафатен од Дунавската рамнина, каде што се наоѓаат најмногу плодните земји; јужниот е претежно планински, со исклучок на Тракиската низина и басенот на реката Марица. Највисоката точки во државата е Мусала, која има 2925 метри надморска височина.

 
Кафеава мечка е еден од најраспространетите големи цицачи во Бугарија

Околу 35 проценти од територијата на Бугарија е покриена со шума, а околу 30 проценти се погодни за земјоделство. Биоразновидноста е заштитена во три национални паркови, 11 природни паркови и 17 резервати. Флората опфаќа над 3800 видови, од кои 150 се загрозени и 170 се ендемити. Фауната е претставена од кафеава мечка, чекал, евроазиски рис, царски орел, египетски мршојадец, црноморски делфин и други.

Административна поделба

Од 1999 г. Република Бугарија административно е поделена на 28 области, коишто се именувани по обласниот центар. Во северна Бугарија припаѓаат: Видинската, Монтанската, Врачанската, Плевенската, Ловечката, Габровската, Великотрновската, Русенската, Силистренската, Разградската, Трговишката, Шуменската, Добричката и Варнската област, додека областите во јужна Бугарија се: Бургаската, Сливенската, Јамболската, Старозагорската, Хасковската, Крџалиската, Пловдивската, Смољанската, Пазарџичката, Благоевградската (или позната и како Пиринска Македонија), Ќустендилската, Перничката, Софиската област. Како посебна област, се вбројува и градот Софија. Во Бугарија има 264 општини и 354 града.

 
  1. Благоевград
  2. Бургас
  3. Добрич
  4. Габрово
  5. Хасково
  6. Крџали
  7. Ќустендил
  8. Ловеч
  9. Монтана
  10. Пазарџик
  11. Перник
  12. Плевен
  13. Пловдив
  14. Разград
  1. Русе
  2. Шумен
  3. Силистра
  4. Сливен
  5. Смољан
  6. Софиска област
  7. Стара Загора
  8. Трговиште
  9. Варна
  10. Велико Трново
  11. Видин
  12. Враца
  13. Јамбол

Демографија

Верници во Бугарија
Православни
  
59,4 %
Муслимани
  
7,8 %
Католици
  
0,7 %
Протестанти
  
0,9 %
Други
  
0,15 %
Нерелигиозни
  
9,3 %
Не одговориле
  
21,8 %

Според најновиот попис од 2011 година, вкупното население во Бугарија е 7 351 234 жители, а во 2001 имала 7 928 901 жител. Густината на населеноста е 71,9 жители на квадратен километар. Природниот прираст има индекс 4,3. Средниот животен век на луѓето во Бугарија е 69 години за мажи и 76 години за жени.

Според официјалните државни извори најбројни се Бугарите со 84,8% од вкупното население. По нив по бројност следуваат Турците со 8,8%, па Ромите со 4,9% и друго население, претставено со 1,5% (вклучувајќи Руси, Ерменци, Македонци, Евреи, Романци, Татари и други народи). Иако во најголем дел асимиларини во бугарската нација, во Бугарија се зачувани остатоци и од Власи, Каракачани, Грци, Гагаузи и други етнички заедници.

Религија

Најбројна религија е православието, каде 59,4% од населението се православни. Втора најголема религија е исламот со 7,8% од населението.

Македонците во Бугарија

Според официјалната државна статистика на Република Бугарија, околу 1.654 лица се изјасниле за Македонци.[14]

Урбанизација

 
Најголеми градови во Бугарија
Попис 2011[15]
Бр. Област Нас. Бр. Област Нас.
 
Софија
 
Пловдив
1 Софија Софија-град 1,204,685 11 Перник Перничка 80,191  
Варна
 
Бургас
2 Пловдив Пловдивска 338,153 12 Хасково Хасковска 76,397
3 Варна Варненска 334,870 13 Јамбол Јамболска 74,132
4 Бургас Бургаска 200,271 14 Пазарџик Пазарџичка 71,979
5 Русе Русенска 149,642 15 Благоевград Благоевградска 70,881
6 Стара Загора Старозагорска 138,272 16 Велико Трново Великотрновска 68,783
7 Плевен Плевенска 106,954 17 Враца Врачанска 60,692
8 Сливен Сливенска 91,620 18 Габрово Габровска 58,950
9 Добрич Добричка 91,030 19 Асеновград Пловдивска 50,846
10 Шумен Шуменска 80,855 20 Видин Видинска 48,071

Стопанство

 
Ветарна централа "Калиакра"

Економска историја

Со пропаѓањето на комунистичкиот режим, заедно со него се растури и целиот економски систем на земјата.[16] Дел од обработливите површини се запуштени и сега земјоделството во стопанскиот живот на земјата учествува со околу 10%.

Во почетокот на 90-те години, услужните дејности имаа удел од 25% , исто колку и земјоделството, а индустрија учествува во вкупното стопанство учествуваше со 60%. Сега услужните дејности зафаќаат околу 60% од вкупната економија, 10% е земјоделство, и околу 30% е индустријата.[17] Индустрискиот раст е 7% (2005).[18] При приватизацијата и преструктуирањето на претпријатија од страна на новите сопственици имаше големи отпуштања на работници. Како резултат на тоа се зголеми невработеноста, која во одредени периоди достигнува и до 19%.

 
Метростаницата „Лъвов мост“ во Софија

Актуелна економија

Економскиот пораст за 2007 година е 6,2%.[19] Бруто-домашниот производ (номинал) за 2007 има раст од 6% и изнесува 28,9 билиони евро[20], кое дава по глава на жител 3753,5 евро.[20] Во последните години има реално намалување на невработеноста во Бугарија, што се должи на отворањето на нови работни места и во почетокот на 2008 изнесува 5,8%.[21] Странските инвестиции за 2007 се 5,5 билиони евра, со кое Бугарија е на седмо место во светот во однос на инвестиции кон бруто внатрешен производ.[22] Растот на реалните доходи за истиот период е околу 4% годишно. Според Евростат, минимална плата во Бугарија е 135 евра што е најслаба во ЕУ.[23]

Трговска размена

До 1989 година Бугарија најмногу тргувала со поранешниот Советски Сојуз (80%) и другите членки на Источниот блок, а многу малку со Европската унија (2%). Сега 50% од трговијата се одвива со Европската унија, 2,5% со САД, а останатиот дел со другите земји, меѓу кои е и Македонија.

Сообраќај

Поради својата географска положба, Бугарија е крстопат од речни (по Дунав), морски (Црно Море) и копнени патишта, со што има големи можности во развојот на меѓународниот товарен и патнички сообраќај, како и во другите услужни дејности. Низ Бугарија поминуваат некои од најзначајните сувоземни коридори на Балканскиот Полуостров.[се бара извор]

 
Црноморски туризам

Туризам

Најголемите позитивни движења Бугарија ги бележи во развојот на туристичкото стопанство кое станува една од најзначајните стопански гранки и двигател на целокупниот стопански развој на земјата. Бугарија има можности за развој на сите видови туризам, но најразвиени се морскиот (летен) и зимскиот туризам. Во последниве години силен подем бележат и културниот, селскиот и други алтерантивни форми на туризам.

Општа информација

 
Автопатот „Тракија“
-Земјоделство 4,6%
-Индустрија 28,7%
-Услуги 66,7%
Приходи - 20,43 милијарди $
Расходи - 18,93 милијарди $

Инфраструктура

Армија

 
Бугарски МиГ-29

Бугарската армија е името, со кое се означуваат вооружените сили на Кнежевство Бугарија (1879-1908), Царство Бугарија (1908-1947), Народна република Бугарија (1946-1990) и денешната Република Бугарија (1990-). Воената индустрија произведува модерно оружје како што се автоматски пушки (АК-74, АР-М1), антитенковни ракетни комплекси ("Фагот", "Конкурс"), пешадиски оклопни возила (БМП-23), оклопни транспортери и артилерија.

Култура

Светско наследство на УНЕСКО

 
Фрескописот во Бојанската црква

Културно

 
Флорентинец, Константин Величков

Природно

 
Национален театар Иван Вазов

Музика

Сликарство

Литература

Користена литература

Белешки

Наводи

  1. 2011 census, p. 4.
  2. 2011 census, p. 3
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Bulgaria“. International Monetary Fund. Посетено на 31 May 2014.
  4. „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. Посетено на 31 March 2016.
  5. „Human Development Report 2015“ (PDF). HDRO (Human Development Report Office) United Nations Development Programme. Посетено на 14 December 2015.
  6. Giatzidis, Emil (2002). An Introduction to post-Communist Bulgaria: Political, economic and social transformation. Manchester University Press. стр. 11. ISBN 071906094X. Посетено на 20 December 2011. Thus, with its early emphasis on Christian Orthodox scholarship, Bulgaria became the first major centre of Slavic culture
  7. Riha, Thomas (1964). Readings in Russian Civilization. University of Chicago press. стр. 214. ISBN 0226718530. Посетено на 20 December 2011. And it was mainly from Bulgaria that a rich supply of literary monuments was transfered to Kiev and other centres.
  8. „Гражданска Регистрация и Административно Обслужване - 03.08.2007“. Архивирано од изворникот на 2007-11-13. Посетено на 2007-11-10.
  9. R. J. Crampton - „A short history of modern Bulgaria“, Cambridge University Press, 1987, ISBN 978-0-521-27323-7, стр. 6
  10. [1][мртва врска] ...Bulgaria, the cultural center of the medieval Slavs...
  11. „The Final Move to Independence“. Посетено на 24 December 2011.
  12. Tucker, Spencer C; Roberts, Priscilla Mary (2005). Encyclopedia of World War I. ABC-Clio. стр. 273. ISBN 1851094202. OCLC 61247250.
  13. Broadberry, Stephen; Klein, Alexander (8 February 2008). „AGGREGATE AND PER CAPITA GDP IN EUROPE, 1870-2000: CONTINENTAL, REGIONAL AND NATIONAL DATA WITH CHANGING BOUNDARIES“ (PDF). Department of Economics at the University of Warwick, Coventry. Архивирано (PDF) од изворникот 2010-10-11. Посетено на 20 December 2011.
  14. Преброяване 2011 – окончателни резултати, гл. ІІІ. Основни резултати, стр. 23.
  15. http://www.nsi.bg/EPDOCS/Census2011final.pdf
  16. „НСИ“. Архивирано од изворникот на 2007-10-07. Посетено на 2008-04-19.
  17. „НСИ“. Архивирано од изворникот на 2008-04-21. Посетено на 2008-04-19.
  18. „Facts about Bulgaria“. Архивирано од изворникот на 2005-07-07. Посетено на 2006-04-13.
  19. "Ръстът на БВП опроверга страховете", News.dir.bg, 17 март 2008 (бугарски)“. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2008-03-17.
  20. 20,0 20,1 "Ръстът на БВП през 2007 година е 6.2 на сто спрямо 2006 година", BgNewsroom - 17 март 2008 (бугарски)“. Архивирано од изворникот на 2011-08-24. Посетено на 2008-03-17.
  21. А1, "Најмногу невработени во Словачка, најмалку во Холандија", 20. 02. 2008
  22. Весник "Дневник", "България заема водачко място по инвестиции", 16 октомври 2007 (бугарски).[мртва врска]
  23. Минималните плати во ЕУ различни за секоја земја
  24. 24,0 24,1 „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2014-10-08. Посетено на 2009-10-02.

Поврзано

Надворешни врски


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.