Север е правец во географијата и една од четирите страни на светот. Се наоѓа на спротивната страна од југ и на 90 степени од исток и запад. Во навигацијата со компас, север е означен со агол од однос 0° или 360°.

Север на компас

Географски север е во насоката на северниот крај на оската околу која се врти земната топка, завршувајќи со Северниот Пол.

Магнетен север е во насоката на северната магнетна точка која варира и е обично далеку од северниот географски пол.

Север како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • Север“ - роман на францускиот писател Луј-Фердинанд Селин од 1960 година.[1]
  • „Север, југ, исток и запад“ (North, South, East and West) - песна на австралиската рок-група „Чрч“ (The Church) од 1988 година.[2]
  • „Голем ден на север“ (A Big Day in the North) – песна на британската поп-рок група „Хепи Мандис“ (Happy Mondays) од 1995 година.[3]

Наводи уреди