Младо камено време

археолошки период
(Пренасочено од Неолит)
Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време

Младо камено време (ново камено време или неолит) — поим со кој Џон Лубок во 1865 ја означил епохата карактеризирана со појавата на првите праисториски заедници чијшто опстанок се засновал производството на храна, која како доминантна стратегија на опстанокот, може да се смета како одлика на младото камено време.

Во науката е познато дека младото камено време е првата најзначајна и по својот карактер најреволуционерна етапа од културно-историскиот развиток на човештвото. Со појавата на земјоделствотото и припитомувањето, настанале наполно нови промени во изборот на животната средина, начинот на живеење, стопанисувањето, материјалната култура и во општественото уредување. Човекот во овој период сите живеалишта и населби ги подигал на терени богати со плодна земја, вода, пасишта и шуми, во средини со оптимални услови за земјоделство и сточарство, т.е. за организирано стопанисување.

Внатрешните односи подредени на општите интереси за благосостојба и опстанок, се со посебен углед и општествен статус кои ги стекнала жената. Како родилка и мајка таа е носител на биолошката репродукција, одржувањето на семејството и определувањето на потомството. Затоа нејзината функција била поистоветена со функцијата на култот на плодноста, култот на Големата Мајка богинка, на што укажуваат фигурите од печена земја, чија иконографија привлекува посебно внимание.

Во рамките на домот отпочнало ракотворењето на предмети за секојдневни потреби, кое постепено прераснало во занаетчиство (ткаење, плетење, обработка на кожа, орудија и слично). Најразвиено било производството на керамиката т.е. грнчарството. Предметите говорат за голема продукција, совршена технолошка обработка, разновидни облици како и орнаментика со уметнички вредности. Садовите биле правени од печена земја, рачно без грнчарско колце, во облици и димензии зависно од намената. Едни биле за чување на храна, други за готвење на јадење, пиење итн. а постоеле и садови за религиозни обредни цели.

Големата мајка, жртвеник од средниот неолит пронајден во с. Мршевци
Антропоморфна неолитска фигура.

Од досега евидентираните неолитски населби чија концентрација е понагласена во котлинските предели, таа бројка е необичо голема за овој период во Македонија. Таа упатува на густа населеност која најверојатно произлегувала од динамичните општествени промени и сè поголемиот наталитет на населението. Според стратиграфските податоци и наодите, откриени со скромните и невоедначени истражувања, сите населби се повеќеслојни. Живеалиштата биле обновувани по два или повеќепати, едни врз други, во хронолошки континуитет.

Периоди

уреди

Традиционалната и општо прифатена периодизација на младото камено време во Европа се дели на три главни етапи:

Со оглед на различните причини и времето на нивното настанување неолитските култури можат да се пратат само во строго регионални рамки. Од хронолошка гледна точка и македонскиот неолит исто така може да биде поделен во три одделни фази (ран, среден, доцен) во согласност со периодизацијата применета за неолитот во Југоисточна Европа.

Младото камено време во Македонија

уреди

Македонија во младото камено време може да се подели на:

  1. Источномакедонски неолит, кој се манифестира со културните групи Анзабегово-Вршник (I-IV) за ран и среден неолит и Ангелци-Зелениково II, кој е претставник на доцниот неолит.
  2. Западномакедонски неолит
 
Археолошка карта на праисториските наоѓалишта во централна Пелгонија.

Хронолошки е поделен на: ран, со културен носител од страна на културната група Зластрана (Охридски крај), Велушко-породинската културна група (I-IV) од крајот на раниот и средниот неолит, како и културните групи Мала Трнска Тумба во Пелагонија и Устие на Дрим во Струга, носители на доцниот неолит.

Библиографија

уреди
  • Н. Чаусидис, Предисторија, Македонија културно наследство, 1995, Скопје
  • Д. Симоска, В. Санев, Предисторија во Централна пелагонија, 1976, Битола.
  • В. Санев Неолитот и неолитските култури во Македонија, Цивилизации на почвата на Македонија, МАНУ, 1995, Скопје
  • В. Санев, Младо камено време во Македонија, Археолошка карта на Македонија, МАНУ, 1994, Скопје
  • В. Санев, Праисторијата во Македонија, Од археолошкото благо на Македонија (каталог), 1981, Скопје
  • М. Гарашанин, Проблеми неолита и енеолита Централног Балкана у вези са резултатима истраживања у Македонија, МАА 10, 1989, Скопје
  • M. Garašanin, Centralnobalkanska zona, Praistorija jugoslovenskih zemalja II - neolitsko doba, 1979, Sarajevo
  • И. Микулчиќ, Уметноста во каменото време, Уметничко богатство во СР Македонија, 1981, Скопје
  • М. Гарашанин, В. Санев, Д. Симоска, Б. Китановски, Предисториски култури во Македонија, 1971, Штип
  • М. Гарашанин, Еден осврт на праисторијата на Македонија, Гласник на ИНИ, 1968, Скопје
  • А. Бенац, Неки проблеми односа Македоније и западног Балкана у неолитском добу, МАА 10, Скопје
  • A. Benac, Ohridsko jezero i južna Pelagonija, Praistorija jugoslovenskih zemalja II, 1979, Sarajevo