Далмација
Далмација (хрватски: Dalmacija, српски: Далмација, италијански: Dalmazia, латински: Dalmatia) — област на источниот брег на Јадранското Море и се наоѓа главно во денешната држава Хрватска, но има и мал дел во Црна Гора. Таа се протега меѓу островот Раб во северозападниот дел па до Которскиот Залив, во Црна Гора, во југоисточниот дел. Главно население на Далмација се Хрватите, но живеат и Срби и Црногорци. Ова население често се именува како Далматинци и имаат своја посебна култура и дијалекти. Со Далмација се сврзува и кучето далматинец.
Поврзано
уредиНаводи
уредиОваа статија место во Хрватска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |