Пелагониски Регион

регион во Македонија
(Пренасочено од Пелагониска област)

Пелагониски Регион — еден од осумте статистички региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во југозападниот дел на Македонија и се граничи со Грција и Албанија на југ и внатрешно со Југозападниот и Вардарскиот Регион. Главен град на регионот е Битола. Наречен е по областа Пелагонија.

Пелагониски Плански Регион
Регион
Грб
Потекло на името: Името потекнува од името на котлината Пелагонија.
Земја Македонија Македонија
Површина 4,717 км2
Население 219,233 (2021)
Основано 2009
Часовен појас UTC +1
Повикувачки бр. 047, 048
Oпштини 9
Седиште Битола
Раководител Гого Видимче
Контакт 047/ 232-800
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Портал: Официјално мрежно место

Општини

уреди
 
Карта на општините.

Пелагонискиот Регион опфаќа 9 општини, и тоа:

Општина HASC[1] Центар на општината Површина
(км2)[2]
Население
(2021)
  Битола MK.TL Битола 790 85 164
  Демир Хисар MK.DM Демир Хисар 480 7 260
  Кривогаштани MK.KG Кривогаштани 93,5 5 167
  Крушево MK.KS Крушево 190 8 385
  Могила MK.MG Могила 251 5 283
  Прилеп MK.PP Прилеп 1 194 69 125
  Ресен MK.RE Ресен 739 14 373
  Новаци MK.NV Новаци 753 2 648
  Долнени MK.DE Долнени 412 13 128

Демографија

уреди
 
Демографска карта на регионот.

Население

уреди

Според последниот попис од 2021 година, бројот на населението во Пелагонискиот Регион било 219.233 жители. Најмногу население во регионот имало во 1981 година, кога имало 290.573 жители, а во 2002 година, 238.136 жители. Од тогаш бројот на население бележи во постепено опаѓање.

Попис Население Промена
1948 223.797 н/п
1953 248.355 +9,88 %
1961 259.339 +4,23 %
1971 273.590 +5,20 %
1981 290.573 +5,84 %
1994 242.596 -16,5 %
2002 238.136 -1,83 %
2021 219.233 -7,94 %

Најголеми населени места

уреди

Редоследот на најголеми населени места во пелагонискиот регион според пописот од 2021 година е следен:

Ранг Место Население
1 Битола 71.808
2 Прилеп 63.308
3 Ресен 7.904
4 Крушево 4.104
5 Дебреште 2.600
6 Демир Хисар 2.431
7 Лажани 1.755
8 Житоше 1.690
9 Кривогаштани 1.533
10 Буково 1.125

Етнички групи

уреди

Најголема етничка група во пелагонискиот регион се Македонците, но живеат и:

Број %
Вкупно 219.233 100
Македонци 168.839 77,01
Албанци 17.335 7,91
Роми 7.205 3,29
Турци 6.679 3,05
Бошњаци 2.293 1,05
Власи 2.166 0,99
Срби 583 0,27
други 14.133 6,43

Поврзано

уреди