Војводина
Војводина е автономна покраина во рамките на Република Србија. Нејзин главен град, а воедно и најголем град во Војводина е Нови Сад. Војводина е со мешан етнички состав, повеќе од 26 различни етнички групи и 6 службени јазици.Војводина има околу 2000000 жители, од који најмногу се Срби (65%-70%), потоа Унгари (14%), Словаци (2,79%), Хрвати (2%), Југословени (2%), Црногорци (1,80%), Буњевци (1,50%), Македонци во Качарево, Јабука, Пландиште и Зрењанин и други националности. Религија: Православни 70%, Католици 17%, Протестанти 3,50% и други
Автономна Покраина Војводина |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Војводина (црвено) |
||||||
Главен град (и најголем) | Нови Сад 45°19′N 19°51′E / 45.317° СГШ; 19.850° ИГД | |||||
Службен јазик | српски, унгарски, словачки, романски, хрватски, русински | |||||
Уредување | Управа | |||||
• | Претседател на владата | Игор Мировиќ | ||||
• | Претседател на собранието | Иштван Пастор | ||||
Автономија | ||||||
• | Српска Војводина | 1848 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 21,506 км2 (н/п) | ||||
• | Вода (%) | н/п | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2011 | 1.931.809 | ||||
• | Густина | 89,85 жит/км2 (nн/п) | ||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
ИсторијаУреди
Со крајот на Првата светска војна, Австро-Унгарската империја се распаднала. На 29 октомври 1918, Срем станал дел од Државата на Словенците, Хрватите и Србите. На 31 октомври 1918, била прогласена Банатска Република во Темишвар. Унгарската влада ја признала нејзината независност, но тоа траело кратко.
На 25 ноември 1918, Големиот народен собор на Србите, Буњевците и другите Словени во Банат, Бачка и Барања во Нови Сад го прогласило обединувањето на Војводина (Банат, Бачка и Барања) со Кралството Србија (Соборот броел 757 делегати, од кои 578 биле Срби, 84 Буњевци, 62 Словаци, 21 Русини, 6 Германци, 3 Шокци, 2 Хрвати и 1 Унгарец). Еден ден претходно, на 24 ноември, во Рума било прогласено обединувањето на Срем со Србија. На 1 декември 1918, Војводина (како дел од Кралството Србија) официјално станала дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
Помеѓу 1929 и 1941, регионот бил дел од Дунавската бановина. Нејзино седиште бил Нови Сад.
ГалеријаУреди
Народен театар во Суботица
Народен музеј во Панчево
Градска куќа во Апатин
Мостот преку реката златица кај Црна Бара
Оваа статија место во Србија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Војводина“ на Ризницата ? |