Разговор за Википедија:Избрана статија/2008
Гласање за избрана статијауреди
Како да гласам за овој предлог? Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот. Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена. Предлог за период од 29 декември 2008 до 4 јануари 2009уредиЕрусалимуредиЕрусалим (иврит:יְרוּשָׁלַיִם ⓘ; арапски:القُدس القُدس ⓘ Ал Кудс, грчки: Ίερουσαλήμ или Ίεροσόλυμα; латински: Hierosolyma, Hierusalem, Aelia Capitolina) е антички блискоисточен град, главен и најголем град во Израел, и покрај тоа што овој факт е спорен за муслиманските земји, особено за Палестина. Градот брои 747.600 жители, и се протега на точно 125,1 km², вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Градот се наоѓа во близина на јудејската планина, помеѓу Средоземното Море и Мртвото Море. Модерниот Ерусалим е изграден надвор од ѕидините на стариот дел од градот. Градот бил основан во 4 век п.н.е., и како таков е дел од најстарите градови на светот. Ерусалим е најсветиот град во јудаизмот, и претставувал најголемиот духовен центар на Евреите во 10 век п.н.е.. Тој исто така претставува трет најсвет град во исламот, по Мека и Медина, а е свет град и за христијанството. На површина од само 0,9 km², во Стариот Град, на Храмовата Гора се наоѓаат најважните религиозни градби: Западниот Ѕид или Ѕидот на плачот за јудаизмот, Светиот Гроб за христијанството и Ал Акса со Златната купола за исламот. Стариот Град е поделен на четири населби: еврејска, исламска, христијанска и ерменска населба, кои биле поделени во текот 19 век. Стариот Град бил номиниран и вклучен во списокот на светско наследство за несигурни градови во 1982 година од Јордан. Во текот на својата историја, градот Ерусалим два пати бил целосно разрушен, 23 пати под опсада, 52 пати нападнат и 44 пати освоен. Денес, статусот на Ерусалим е определен со израелско-палестинскиот конфликт. Анексијата на Источен Ерусалим е многупати дискутирана и осудувана од страна на ООН, а и самите Палестинци го сметаат Источен Ерусалим како главен град на нивната идна држава, Палестина. По 1980 година, многу амбасади и светски организации своите канцеларии ги преместиле од Ерусалим во Тел Авив, но има и такви чии амбасади сѐ уште се во Ерусалим, како на пример амбасадата на САД.
Избрана (5/0/1)-- MacedonianBoy Oui? 22:44, 28 декември 2008 (UTC)
Предлог за период од 22 до 28 декемвриуредиМакедонскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенски јазици, и е службен јазик во Република Македонија. Македонскиот јазик е исто така службен во реонот на Корча во Албанија каде што живее бројно македонско население. Македонски се зборува и во Австралија, Албанија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Србија, Црна Гора, Турција и во некои земји−членки на Европската Унија. Вкупниот број на македонски говорници е околу 2,5 до 3 милиони луѓе. Според респектираниот лингвистички извор Etnologue, македонски се зборува и во југоисточниот дел на Бугарија, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Britannica и UNESCO. Кога се зборува за Македонците како етничка група и македонскиот јазик, треба да се има предвид дека јазикот (т.е. потекло или класификација на јазикот) не соодветствува секогаш со етничкото потекло на еден народ. Македонскиот јазик спаѓа во групата на словенските јазици, а потеклото на Македонците како народ не е целосно словенско. (Повеќе)
Избрана (4/0/0) -- MacedonianBoy Oui? 21:22, 27 декември 2008 (UTC) Фудбалски Клуб Реал Мадрид (шп.:Real Madrid Club de Fútbol), попознат и како Реал Мадрид и Los Blanco(Белите) е професионален фудбалски шпански тим стациониран во Мадрид. Основан е во 1902 и игра во Шпанската Премиера и беше најуспешниот клуб во 20-тиот век, освојувајќи рекордни 31 пат Премиера, седумнаесет пати Копа дел Реј рекордни 9 пати Лигата на шампиони. Реал Мадрид е еден од основачите на Г-14, која претставува група од 14 водечки екипи во Европа. Клубот своите домашни натпревари ги игра на Сантјаго Бернабеу Стадион во Мадрид. На 23 декември 2000 година ФИФА го награди кралскиот тим со наградата “Најдобар клуб во 20-тиот век“Реал Мадрид е најуспешниот тим во сите натпреварувања пот капата на УЕФА со освоени 9 титули во Лига или Купот на Шампиони и 2 во УЕФА Купот; повеќе од било кој друг клуб Реал Мадрид е најголем и најуспешен фудбалски тим во светот спорет истражувањето на Универзитетот Харвард спроведено во 2007. Исто така е еден од најбогатите во светот. (повеќе...) --Stefan40-3e3e WTF here !!! 12:43, 20 декември 2008 (UTC) Предлог за периодот од 15 до 21 декемвриуредиЖак де Молеј (се проценува околу 1244–5/1249–50 – 18 март 1314) бил 23. и официјално последниот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1292, па сѐ до укинувањето на редот од страна на папата во 1312. Тој е најпознатиот темплар по основачот на редот Иг де Пајен (1070-1136). Неговата цел како Голем мајстор била да изврши реформи во редот и да ги усогласи со состојбата во Светата земја за време на намалувањето на влијанието по Крстоносни војни. Без преостанати крстоносни држави на кои им била потребна заштита, и со голем број на други проблеми, прашање било дали витешкиот ред на темпларите ќе опстои. Францускиот крал Филип IV убавиот, во очај го напаѓал редот, и со лажна признавање, по донесувањето на папската була Pastoralis Praeeminentiae на 22 ноември 1307, со која се наложувало темпларите насекаде да се апсат, де Молеј и уште многу други темплари биле уапсени и подоцна измачувани. Кога Молеј, подоцна го негирал признавањето, на 18 март 1314, кралот Филип наредил Жак де Молеј, заедно со Жофроа де Шарне да биде запален на островот Ил де Жавио, на реката Сена во Париз. (повеќе...) -- MacedonianBoy Oui? 23:43, 9 декември 2008 (UTC) Ме претрка, сакав да ја кандидирам статијата Македонски јазик. Поз - Vekip8 (разговор) 02:43, 10 декември 2008 (UTC) - Со задоволство следев како напредуваше статијата :) Виолетова (разговор) 15:50, 10 декември 2008 (UTC) --Стефан WTF here!!! --11:16, 12 декември 2008 (UTC) Избрана (5/0/0)
Предлог за периодот од 8 до 14 декемвриуредиНилскиот коњ (Hippopotamus amphibius) од грчкиот збор ἱπποπόταμος (хипопотамос, ιππος хипос што значи „коњ“ и πόταμος потамус што значи „река“), е голем, претежно хербиворен африкански цицач. Тој е еден од двата преживеани видови од фамилијата Hippopotamidae (другиот преживеан вид е пигмејскиот нилски коњ). Тој е најтешкиот претставник од парнокопитните животни. Нилскиот коњ е полу-водно животно, кое живее во реките и езерата на субсахарска Африка во групи од 5 до 30 нилски коњи. Преку денот ја одржува температурата седејќи во вода или во кал. Парењето и породувањето се одвиваат во вода. Во квечерината излегуваат од вода за да се хранат. Додека се во вода, нилските коњи седат во групи (и до 40 индивидуи), а пасењето е самотна активност. И покрај нивната физичка сличност со свињите, нивните најблиски роднини сепак се животните од фамилијата cetaceans (китови, делфини...). Заедничкиот предок на нилскиот коњ и китот се одвоил од останатите копитари пред околу 60 милиони години. Најстарите пронајдени фосили кои спаѓаат во родот Kenyapotamus датираат од пред 16 милиони години. Нилскиот коњ е лесно препознатлив по телото со облик на буре, огромната уста и заби, кратките набиени нозе и кожата без крзно. По големина е сличен на белиот носорог, само слонот е многу поголем од него. И покрај големината, нилските коњи се доста подвижни. На кратки растојанија можат да трчаат и 48 км/ч, што е побрзо од олимписки спринтер. Ова животно е едно од најагресивните животни во Африка. Денес се смета дека има помеѓу 125.000 и 150.000 нилски коњи во субсахарска Африка, од кои 40.000 во Замбија и Танзанија, со најголема популација од 20.000 до 30.000 индивидуи.[1] Овој вид сè уште е загрозен од ловокрадството поради нивното месо и забите, како и од уништувањето на нивното природно живеалиште.
Избрана 1/0/0 -- MacedonianBoy Oui? 23:22, 7 декември 2008 (UTC) ПредлогуредиШто велите вака да направиме: најпрвин секој предлог за избрана статија најпрвин да отиде на рецензија, а потоа да се номинира овде, поправена, средена и дополнета? Ако номинираме повеќе статии, ќе немаме проблем да постигнеме со темпото. Што велите? (забелешка: не ја преместувајте оваа секција од оваа страница) --Brainmachinewtf? 23:13, 23 ноември 2008 (UTC) Предлог за периодот од 1 до 7 декември 2008уредиФенг шуиуредиФенг шуи е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи служи за разместување на предметите (како на пример мебелот) со што на луѓето им се помага да ги остварат своите цели. Но, традиционално, фенг шуи се користи првенствено за да се одбере местото на живеење, за работа и за гробни места. Традиционалниот фенг шуи компас се нарекува луопан, и за разлика од конвенционалниот, овој компас го покажува југ. Во 1949 година, комунистите во Кина го прогласиле фенг шуи за „општествено зло“, а едно време бил потполно забранет. Посебно било строго за време на „културната револуција“, кога практикантите на фенг шуи биле тепани од страна на Црвената Гарда, а нивните книги биле спалувани. Западот не покажувал многу интерес за фенг шуи сè до 1972 година, после патувањето на Ричард Никсон во Кина. Оттогаш, фенг шуи се претвора во индустрија. (повеќе...)
Избрана 5/1/0--Kiril Simeonovski (разговор) 22:23, 30 ноември 2008 (UTC) Предлог за периодот од 24 до 30 ноември 2008уредиТенкуредиТенк е гасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судир со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и поддршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини. Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква поддршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони.
Избрана 9/0/0 -- MacedonianBoy Oui? 22:40, 23 ноември 2008 (UTC) Предлог за период од 17 ноември до 23 ноемвриуредиЏамијата е муслимански храм, во кој муслиманите се собираат и извршуваат општа молитва. Првите џамии биле изградени на арапскиот полуостров. Според исламските убедувања, првата џамија која била изградена била Каба во Мека, Саудиска Арабија, која била изградена од самиот Алах, кој наредил на Ибрахим и неговиот син Исмаил да ја исполнат Неговата заповед, како и Ал Куба во Медина, Саудиска Арабија. Нејзиниот прв камен-темелник бил поставен од пророкот Мухамед, кога се преселил од Мека во Медина. Подоцна, во почетокот на средниот век и проширувањето на Османлиското Царство, многу цркви и христијански објекти биле претворени во џамии. Во џамијата се појавува арапската калиграфија, како уметност на убавиот ракопис, како и предавање за Куранот и тоа исклучиво на арапски јазик.(повеќе...)
Ја лекторирав статијата, сепак останаа неколку реченици кои не се многу јасни, а во кои не можам да интервенирам, бидејќи не ја знам темата... Поздрав Корисник:Виолетова 13:25 16 ноември 2008 (CET)
ОК, вака: Избрана 4/1/0 -- MacedonianBoy Oui? 23:15, 16 ноември 2008 (UTC) Предлог за период од 10 ноември до 16 ноемвриуредиКрсте Петков Мисирков (18 ноември 1874 – 26 јули 1926) бил македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Тој врз научна база, ја објаснил самобитноста на македонскиот јазик, објаснувајќи низ анализа дека македонскиот народ, македонската нација го има своето право на самостојно егзистирање. Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско во Егејска Македонија. Селото се наоѓа недалеку од древната македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик и на таков начин го совладал туѓиот, наметнат јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија.(повеќе...)
Избрана 3/0/0-- MacedonianBoy Oui? 23:48, 9 ноември 2008 (UTC) Предлог за период од 3 ноември до 9 ноемвриуредиМонголија (монголски:Монгол улс, или ) е парламентарна република во Источна Азија и со мал дел во Средна Азија. Монголија граничи со Русија на север и со Народна Република Кина на југ, исток и на југозапад. На запад монголија има допирна точка со Казахстан. Најголем а воедно и главен град на Монголија е Улан Батор. Во градот живее 38% од вкупното население на Монголија. Низ текот на историјата, денешната територија на Монголија била владеена од различно номадски империи, меѓу кои се и Сионгу, Руран, Сјенбеј, Ѓоктурк и останати. Монголската Империја била основата од Џингис Кан во 1206 година. По распаѓањето на Јуанската династија, монголците се вратиле на старите обичаи. Во 16 и 17 век, Монголија подпаднала под влијание на тибетскиот будизам наследен од владеењето на Кинг династијата кон крајот на 17 век. За време на распаѓањето на Кинг династијата во 1911, Монголија прогласила независност но со поголеми потешкотии. Официјално во 1921 година Монголија целосно била независна и суверена република и до 1945 година го стекна меѓународното признавање. Како последина на сето тоа, а со блискоста на Советскиот Сојуз, Монголија подпаднала под големо влијание на Советскиот Сојуз, особено под руско влијание. Според тогашната моментална состојба, Монголија ја призна независноста како Монголска Народна Република или Народна Република Монголија. Државното уредување беше комунистичко, налик на Советското општествено уредување. Со распаѓањето на Комунизмот во Источна Европа и Советскиот Сојуз, во 1989 година се случила Демократската Револуција во Монголија и резултирала со повеќепартиски систем во државата и со одржување на регуларни избори. Монголија се здобила со нов устав, државно уредување и економски пазар. (повеќе...) -- MacedonianBoy Oui? 12:55, 23 октомври 2008 (UTC) --Kiril Simeonovski (разговор) 16:00, 23 октомври 2008 (UTC)
Избрана 2/0/1 -- MacedonianBoy Oui? 22:41, 2 ноември 2008 (UTC) Предлог за период од 27 октомври до 2 ноемвриуредиТенцин ЃацоуредиТенцин Ѓацо (роден на 6 јули, 1935 во Ќингхај) — XIV и тековен далај-лама. Неговото вистинско име е Ламо Дондруб,а подоцна го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо. Тој е религиозен поглавар со големо влијание врз религијата во Тибет. Тој го проповеда учењето Гелуг, а е и претседател на владата во прогонство (во Дарамсала, Индија). Тенцин Ѓацо е и добитник на Нобеловата награда за мир во 1989 година. Тој е и најголемиот будистички свештеник во светот. Тој бил петто од шеснаесетте деца родени во земјоделско семејство во селото Такцер, Кингаи, каде што го научил дијалектот Амдо како негов прв јазик. Тој бил прокламиран како тулку (реинкарнација) на тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо 2 години по неговото раѓање. Тој бил поставен на тронот како далај-лама на 17 ноември 1950, само еден месец по извршената инвазија на кинеската војска врз Тибет. Тој бил под воен притисок при ратификација на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951, а тогаш тој го напуштил Тибет и отишол во Индија каде што ја формирал тибетската влада во прогонство во 1959 година. Таму тој е придружен од илјадници соработници и тој се грижи за заштита на тибетската култура и тибетското образование. (повеќе...)
Избрана 1/0/0 -- MacedonianBoy Oui? 22:41, 26 октомври 2008 (UTC) Предлог за период од 20 до 26 октомвриуредиСицилијанска одбранауреди
Сицилијанската одбрана е најпопуларен и најсигурен одговор на потегот 1.е4. Всушност, многу статистички истражувања покажуваат дека најголеми шанси за победа белиот има доколку се отвори со 1.d4, укажувајќи на тоа дека 1...с5 е силен потег против 1.е4. Всушност New in Chess, во едно од своите издданија од 2000, тврдеше дека во базата на податоци на одиграните партии, белиот победува со 56.1% сигурност (296.200 партии) отворајќи се со 1.d4, но цели 2 одсто помалку (54.1%) од 349.855 партии отворајќи се со 1.е4. „Главен виновник одговорен за потврдувањето на оваа работа“ беше Сицилијанската Одбрана којашто го намали степенот на успешност на белиот на 52.4% од 145.996 партии. Една шестина (околу 17%) од сите партии помеѓу велемајсторите, и една четвртина (25%) од базата на податоци на Шаховски информатор започнуваат со Сицилијанска одбрана. Велемајсторот Џон Нан забележува дека причина за популарноста на Сицилијанската одбрана е „борбената природа; во многу линии, црниот не игра само за еднаквост, туку и за предност. Слабата е страна е тоа што белиот чето рано ја презема иницијативата, па црниот мора да внимава да не прифати жртва за брз напад.“ Најраните регистрирани белешки на Сицилијансјката Одбрана датираат од доцниот 16. век од италијанските шахисти Џулио Полерио и Џоакино Греко.(повеќе...)
Избрана 3/0/0 -- MacedonianBoy Oui? 22:13, 19 октомври 2008 (UTC) Предлог за период од 13 до 19 октомвриуредиКралски грб на Обединетото КралствоуредиКралскиот грб на Обединетото Кралство (англ. Royal Coat of Arms of the United Kingdom) е официјален грб на британскиот монарх, моментално кралицата Елизабета II. Овој грб се користи од кралицата во својство на монарх, и како такви официјално се нарекува нејзин „Грб на власта“ (Arms of Dominion). Варијанти на кралскиот грб користат други членови на кралското семејство; како и британската влада во врска со администрација и управување со земјата. Во Шкотска кралицата користи посебна верзија на кралскиот грб, варијанта која се користи во Министерството за Шкотска (Scotland Office). Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина прикажани се по три лава на Англија; во втората, лав обрабен со кринови за Шкотска; а во третиот пак, харфа за Ирска. Челенката е лав кој ја носи империјалната круна, која самата е друг приказ на таа круна. Левиот држач е исто така крунисан лав, кој ја симболизира Англија; левиот држач е еднорог, кој ја симболизира Шкотска. Според една легенда еднорогот се смета за многу опасна ѕверка; затоа хералдичкиот еднорог е опкован со ланец, како што се двата еднорози-држачи на кралскиот грб на Шкотска. На долниот дел од грбот стои мотото на англиските монарси, Dieu et mon droit („Бог и моето право“), како и мотото на Редот на Подвеската, Honi soit qui mal y pense („Срам да му е на тој што го смета за зол“) на приказ на подвеската зад штитот. (повеќе...)
Избрана 4/0/0 --Brainmachinewtf? 22:58, 12 октомври 2008 (UTC) Предлог за период од 6 до 12 октомвриуредиДен на востанието на Република МакедонијауредиДен на востанието на Република Македонија или Ден на народното востание на Македонскиот народ познат и само како 11 Октомври е државен празник[2] кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбатата за национално ослободување на македонскиот народ. Тоа е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствена државност. Со овој историски чин, македонскиот народ покажал дека на никој нема да му дозволи да го турне на страната на фашистичките окупатори. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квинслингска територија, туку напротив, жешко подрачје за окупаторот на кого му ги расипала сите планови и одиграла значајна улога во целокупниот расплет на Втората светска војна. (повеќе...) --Raso mk (разговор) 22:17, 2 октомври 2008 (UTC) Во чест на празникот. Статијата не е довршена. Ги молам корисниците да се вклучат активно и до недела статијата да ги добие критериумите за предлог и избрана. Сепак 11 Октомври е еднаш во годината.
Тенцин ЃацоуредиТенцин Ѓацо (роден на 6 јули, 1935 во Ќингхај) — XIV и тековен далај-лама. Неговото вистинско име е Ламо Дондруб,а подоцна го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо. Тој е религиозен поглавар со големо влијание врз религијата во Тибет. Тој го проповеда учењето Гелуг, а е и претседател на владата во прогонство (во Дарамсала, Индија). Тенцин Ѓацо е и добитник на Нобеловата награда за мир во 1989 година. Тој е и најголемиот будистички свештеник во светот. Тој бил петто од шеснаесетте деца родени во земјоделско семејство во селото Такцер, Кингаи, каде што го научил дијалектот Амдо како негов прв јазик. Тој бил прокламиран како тулку (реинкарнација) на тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо 2 години по неговото раѓање. Тој бил поставен на тронот како далај-лама на 17 ноември 1950, само еден месец по извршената инвазија на кинеската војска врз Тибет. Тој бил под воен притисок при ратификација на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951, а тогаш тој го напуштил Тибет и отишол во Индија каде што ја формирал тибетската влада во прогонство во 1959 година. Таму тој е придружен од илјадници соработници и тој се грижи за заштита на тибетската култура и тибетското образование. (повеќе...) ТенкуредиТенк е гасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судир со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и подршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини. Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата Светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква подршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони. (повеќе...) Предлог за период од 29 септември до 5 октомвриуредиСин сомотуредиСин сомот (англиски: Blue Velvet) е американски нео-ноар, детективски трилер филм напишан и режиран од Дејвид Линч. Кајл Меклахлан, Изабела Роселини, Денис Хопер и Лора Дерн ги играат главните улоги во филмот. Насловот Син сомот е земен од насловот на истоимената песна на Боби Винтон. Дејството во филмот се одвива во малото место Ламбертон, Северна Каролина и ја раскажува приказната за студентот Џефри Бомонт, кој открива оштетено и исечено човечко уво во еден тревник во соседството. Џефри одлучува сам да го истражи злосторството, но притоа добива помош и од Сенди Вилијамс - невина средношколка, ќерка на поручникот Џон Вилијамс, градскиот шериф. Како напредува неговата истрага, така Џефри се повеќе навлегува во мрачниот свет на малоградското подземје, дом на Френк Бут, аморален злосторник и водач на група криминалци вмешана во убиствa, силувања и склона кон уживање на халуциногени средства. Син сомот наидува на големо одобрение од критичарите и, имајќи го предвид емитирањето во ограничен број кина, се смета и за успешен на боксофисот. Дејвид Линч се здобива со втората номинација за оскар за најдобар режисер токму за Син сомот. Денес, филмот, заедно со Кјубриковите Пеколен портокал и 2001: Вселенска одисеја, и Евтини приказни на Квентин Тарантино се смета за еден од најзначајните и најуспешни култни класици на сите времиња. (повеќе...)
Предлог за период од 22 до 28 септемвриуредиСин сомотуредиСин сомот (англиски: Blue Velvet) е американски нео-ноар, детективски трилер филм напишан и режиран од Дејвид Линч. Кајл Меклахлан, Изабела Роселини, Денис Хопер и Лора Дерн ги играат главните улоги во филмот. Насловот Син сомот е земен од насловот на истоимената песна на Боби Винтон. Дејството во филмот се одвива во малото место Ламбертон, Северна Каролина и ја раскажува приказната за студентот Џефри Бомонт, кој открива оштетено и исечено човечко уво во еден тревник во соседството. Џефри одлучува сам да го истражи злосторството, но притоа добива помош и од Сенди Вилијамс - невина средношколка, ќерка на поручникот Џон Вилијамс, градскиот шериф. Како напредува неговата истрага, така Џефри се повеќе навлегува во мрачниот свет на малоградското подземје, дом на Френк Бут, аморален злосторник и водач на група криминалци вмешана во убиствa, силувања и склона кон уживање на халуциногени средства. Син сомот наидува на големо одобрение од критичарите и, имајќи го предвид емитирањето во ограничен број кина, се смета и за успешен на боксофисот. Дејвид Линч се здобива со втората номинација за оскар за најдобар режисер токму за Син сомот. Денес, филмот, заедно со Кјубриковите Пеколен портокал и 2001: Вселенска одисеја, и Евтини приказни на Квентин Тарантино се смета за еден од најзначајните и најуспешни култни класици на сите времиња. (повеќе...)
Понуда и побарувачкауредиВо економијата, понуда и побарувачка ги опишуват пазарните врски помеѓу продавачите и купувачите на добро или услуга. Моделот на понудата и побарувачката ја одредува количината и цената продадена на пазарот. Моделот на понуда и побарувачка е фундаментален микроекономски модел, и служи како основа за други економски модели и теории. Моделот предвидува, дека во конкурентен пазар цената ќе работи на изедначување на побаруваната количина од страна на купувачите со понудената од страна на производителите, резултираќи во пазарен еквириблиум на количина и цена. Моделот покрај цената ги вклучува и другите фактори кои влијаат на еквриблиумот, опишуваќи го нивното влијание како поместувања на понудата и побарувачката. ГимнастикауредиГимнастика е спорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во модерната гимнастика се изведуваат вежби на разбој, греда, партер, коњ со разчки и без рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнувањње од коњ и циркуски вештини. Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική(гимнастике) што значи „фонд на физички вежби“, од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“ и γυμνός (гиннос) што значи „гол", бидејќи физичките вежби се изведувале со голо тело. Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од миноската култура многу мажи и жени започнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух. Во римската држава гимнастиката исто така била популарна како и во стара Грција, а таа главно се практикувала во подготвувањето на војската. Со укинувањето на Античките олимписки игри во 393 година од страна на римскиот император Теодосиј Велики, гимнастиката како и останатите спортови останала заборавена со векови.
Предлог за период од 15 до 21 септемвриуредиТурцијауредиРепублика Турција (Türkiye Cumhuriyeti) е земја сместена во југозападна Азија и со мал дел од својата територија (3%) во југоисточна Европа. До 1922 година земјата беше центар на Отоманската Империја. Анатолискиот полуостров, меѓу Црно Море и Средоземно Море, го формира јадрото на земјата. Денешната Турција е возобновена во 1923 година. Турција се граничи на исток со Грузија, Ерменија, Азербејџан и Иран; на југ со Ирак и Сирија; и на запад со Грција и Бугарија. Главен град на Турција е Анкара. Вкупниот број на население на Турција изнесува 71,158,647 (2007). Турција е член на ОН од 1945 и на НАТО од 1952 година и е земја кандидат за членство во ЕУ.
Предлог за период од 8 до 14 септемвриуредиДен на независноста на Република МакедонијауредиДенот на независноста во Македонија е државен празник кој се празнува во Република Македонија на 8 септември. Празникот популарно е наречен и како 8 семптември. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Република Македонија и македонскиот народ.
ТенкуредиТенк е гасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судир со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и подршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини. Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква подршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони.
Син сомот (англиски: Blue Velvet) е американски нео-ноар, детективски трилер филм напишан и режиран од Дејвид Линч. Кајл Меклахлан, Изабела Роселини, Денис Хопер и Лора Дерн ги играат главните улоги во филмот. Насловот Син сомот е земен од насловот на истоимената песна на Боби Винтон. Дејството во филмот се одвива во малото место Ламбертон, Северна Каролина и ја раскажува приказната за студентот Џефри Бомонт, кој открива оштетено и исечено човечко уво во еден тревник во соседството. Џефри одлучува сам да го истражи злосторството, но притоа добива помош и од Сенди Вилијамс - невина средношколка, ќерка на поручникот Џон Вилијамс, градскиот шериф. Како напредува неговата истрага, така Џефри се повеќе навлегува во мрачниот свет на малоградското подземје, дом на Френк Бут, аморален злосторник и водач на група криминалци вмешана во убиствa, силувања и склона кон уживање на халуциногени средства. Син сомот наидува на големо одобрение од критичарите и, имајќи го предвид емитирањето во ограничен број кина, се смета и за успешен на боксофисот. Дејвид Линч се здобива со втората номинација за оскар за најдобар режисер токму за Син сомот. Денес, филмот, заедно со Кјубриковите Пеколен портокал и 2001: Вселенска одисеја, и Евтини приказни на Квентин Тарантино се смета за еден од најзначајните и најуспешни култни класици на сите времиња.
Предлог за период од 1 до 7 септемвриуредиМачгелис (Макс) Еве (20 мај 1901- 26 ноември 1981) бил холандски велемајстор, математичар и автор. Тој бил петтиот светски првак во шах (1935-19370) и третиот претседател на ФИДЕ, од 1970 до 1978. Еве бил и високо почитуван шаховски автор. Макс Еве се родил во Ватерграфсмеер, во близина на Амстердам. Тој студирал математика на универзитетот во Амстердам и го одбранил својот докторат во 1926 година.[2] и предавал математика, најпрвин во Ротердам, а потоа во женскиот лицеј во Амстердам. Тој издал многу книги со математичка анализа поврзана со шахот од аспект на интуицијата. Тој исто така ја покажал и употребата на Туе-морзеовата низа, со што докажал дека правилата на шаховската игра не ја исклучуваат можноста за бесконечни партии. Еве ги освоил сите шаховски шампионати на Холандија на коишто учествувал од 1921 до 1952 година и титулата во 1955 година со што се уште го држи рекордот од 12 освоени титули. Покрај него, во тој временски период шампиони станале уште Сало Ландау, во 1936 година кога Макс Еве бил светски првак и не сенатпреварувал и Јан Хајн Донер во 1954 година.
Предлог за период од 25 до 31 августуредиСтаромакедонската азбука (старомакедонско писмо или античкомакедонска азбука) е писмо што се користело од македонците за време на Кралство Македонија. Писмото до скоро време беше непознато и се тврдеше дека македонците го користеле само грчкото писмо. Со новите откривања, се увиде дека писмото е пишувано со симболи, тоа е слоговно писмо и видовите на симболите можат да се сретнат во три форми: коси симболи, симетрични симболи и асиметрични сумболи. Писмото го користел старомакедонскиот јазик што подоцна бил присилно заменет со старогрчкото писмо а со тоа и престанала употребата на старомакедонската азбука. Во седмиот век старомакедонското писмо и старогрчкото писмо се заменети со новата македонска азбука- глаголицата. Старомакедонската азбука е дешифрирана со помош на Каменот од Розета и нејзиниот среден текст. Средниот текст е испишан со старомакедонска азбука.
Сум го прочитал целиот труд, и мислам дека е егзибиционистичка конструкција. Ќе треба некој друг Шамполион да се појави, оти овие не се многу убедливи. Единствено што за мене е интересно во статијата е тоа дека воопшто постоело писмо на античките македонци. Што се однесува до самата статија, таа е само препис на делови од тој труд... --Црноризец 13:57, 24 август 2008 (UTC) Предлог за период од 18 до 24 августуредиКрстоносните војни претставуваат серија од компањи и воени походи започнати кон крајот на 11 век, со религиозен карактер од странана христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против евреите, руските и грчките ортодоксални христијани, монголците, катарството и политичките противници на папата. Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале се со учество на рицари , монаси, кои ќе војуваат против Арапите, Маврите, Турците-Селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници –кои најмногу ни се познати како рицари. Папата Урбан II прв ја претставил пред широката публика идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Бог така сака“ Во крстоносните војни учествувале множество претставители на витешки редови како што биле Болничари, Витези-Темплари, Ред на Свети Лазар Ерусалимски, Тевтонски витези, Малтешки ред и.т.н. Точниот број на крстоносните походи сеуште е непознат. Освен официјалните девет крстоносни походи, исто така биле проведени и множество други крстоносни походи во Палестина, но и во Средна Европа и Шпанија. Може да се каже дека крстоносните походи продолжиле до Ренесансата и Реформацијата, кога политичката и религиозната клима во Европа станала многу поразлична за разлика од онаа во текот на Средниот век.
Предлог за период од 11 до 17 августуредиАлександар Македонски Александар III Велики, р. Пела Македонија, 20 јули 356 п.н.е. — Вавилон, 10 јуни 323 п.н.е., е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-македонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава. Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да Филип Македонски освои се што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности.
Предлог за период од 4 до 10 августуредиЛетните олимписки игри 2008, официјално познати како Игри на XXIX Олимпијада, ќе бидат прославени од 8 август, 2008, до 24 август, 2008, со церомонијата на свечено отварање која ќе започне точно во 08:08:08 попладне (кинеско централно време) (12:08:08 UTC) на Националниот стадион во Пекинг, Народна Република Кина. Некои настани ќе се одржат надвор од Пекинг, меѓу кои се фудбалското натпреварување (во Квинхуангдао, Шангај, Шенјанг и Тјаижин), јавачкато натпреварување (во Хонгконг) и натпреварувањето во едрење (во Квингдао). Ова ќе биде третиот пат Олимпијадата да се одржува под јурисдикцијата на два различни олимписки комитета (Хонгконг и Кина се натпреваруваат одделно). Организацијата на Олимписките игри беше доделена на градот Пекинг, Народна Република Кина по гласањето на Меѓународниот олимписки комитет на 13 јули 2001. Официјалното лого на игрите, со наслов „Разиграниот Пекинг“, прикажува стилизиран кинески калиграфски симбол, „жинг“(京, со значење главен град), што претставува референца на градот домаќин. Маскотите на Пекинг 2008 се пет „Фува“ (кинески:福娃, Fúwá); буквален превод „кукли за добра среќа“), секоја обоена во една од боите на Олимписките прстени. Олимпискиот слоган, Еден свет, еден сон, го повикува светот да се обедини во олимпискиот дух. Атлетите ќе се натпреваруваат во 302 натпреварувања во 28 спортови, само еден натпревар повеќе од распоредот на игрите од Атина 2004. Неколку нови национални олимписки комитети се препознаени од МОК.
Предлог за период од 28 јули до 3 августуредиСантјаго Бернабеу Стадион е фудбалски стадион во Мадрид, Шпанија и е домашен терен на ФК Реал Мадрид. Изградбата на овој стадион започна на 27 октомври 1944. Првион стадионот се викаше Чамартин, а изградбата заврши во декември 1947 година. Реал Мадрид официјано го призна сегашното име Сантјаго Бернабеу Стадион на 4 јануари 1955, во чест на претседателот на Реал Мадрид Сантјаго Бернабеу Јесте. Овој стадион беше официјано награден од УЕФА за стадион со 5 ѕвезди уште во 60-тите години на минатиот век Со проширувањето во 1953 година капацитетот на стадионот се зголеми на 120.000 . Во 1998 година УЕФА донесе одлука да се модернизираат стадионите, а во тоа спаѓаше и ставање на столчиња на трибините ( Реал Мадрид ја заврши оваа работа во сезоната 1998/99). Сантјаго Бернабеу се прошири уште со неколку проширувања, а последното се случи во 2003 година кога стадионот се прошири за 5.000 места и го доби денешниот капацитет од 80.400 гледачи. Сантјаго Бернабеу е еден од најпознатите светски фудбалски стадиони. Тој бил домаќин на 3 финалиња од Купот на шампиони(1957,1969 и 1980), а треба да биде домаќин на финалето во Лига на Шампиони 2010[3] Финалињата на ЕУРО 1964 и Светско првенство 1982 Шпанија исто така се одиграа на Сантјаго Бернабеу.
Еже во маглата (руски: Ёжик в тума́не) е советски анимиран филм од 1975 во режија на Јуриј Норштејн и продукција на Сојузмултфилм. Сценариото е напишано од страна на Сергеј Козлов, кој подоцна објавува и книга со истото име. Сепак, во 2006 година, книгата е реиздадена а како потписници на истата се јавуваат и Козлов и Норштејн; овде Норштејн појаснува дека и самиот тој има одреден удел во пишувањето на сценариото. Еже во маглата се смета за еден од најдобрите цртани филмови во историјата. Во 1976 година, добива награда за најдобар филм на Кинофестивалот на републиките одржан во Фројнц како и на Техеранскиот филмски фестивал на децата и младината. Во 2003 година, пак, цртаниот е прогласен за најдобар на сите времиња откако е спроведена анкета меѓу 140 кинокритичари и аниматори од сите страни на светот (претходно, на два пати оваа титула му е доделена на еден друг цртан филм на Норштејн - Приказна на приказните; овде тој завршува на второто место.
Предлог за период од 21 јули до 27 јули 2008уредиМонголскиот јазик ( , Mongɣul kele, кирилица: Монгол хэл, Mongol khel) е најпознатиот јазик на подгрупата на монголски јазици од алтајската јазична фамилија. Монголскиот јазик е официјален јазик на Монголија и се пишува со кирилица. Во текот на својот развој, јазикот се пишувал и со традиционалното монголско писмо што се вовело во монголскиот јазик прегу ујгрурскиот јазик со одредени модификации. Исто така, јазикот се зборува во НР Кина, поточно во Внатрешна Монголија, во Русија и во Киргистан. Во Автономниот Регион Внатрешна Монголија, монголскиот јазик е официјален јазик заедно со кинескиот јазик, иако бројот на монголците што живеат во тој регион не е повеќе од 30 проценти. Во Монголија се зборува Халх дијалектот па поради тоа јазикот се нарекува и како Халх монголски јазик. Во НР Кина, монголскиот се нарекува и како чахарски, ојирадски или бургу-бурјатски. Јазикот го зборуваат околу 5,7 милиони луѓе, од кои повеќето се надвор од границите на денешна Монголија.
Предлог за период од 14 јули до 20 јули 2008уредиЧај (од кин. 茶, chá) е пијалак кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Четирите главни вида на вистински чај се (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузии од овошки или билки (како шипинка, камилица, или џиоагулан) кои не содржат Camellia sinensis . Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis. Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот, и полифенолски антиоксидансски катехини. Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или пеотеини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус.
Предлог за период од 6 јули до 12 јули 2008уредиНеидентификуван летечки објект или НЛО, е било каков летечки објект кој не може да биде идентификуван. Најголемиот дел од дискусиите за НЛО целат кон тоа дека некои од нив би можеле да бидат вонземјански направи, но нема научни докази кои би го поддржале ова објаснување. Извештаи за необични воздушни феномени датираат уште од антички времиња, но актуелни извештии и првите официјални истраги започнуваат за време на Втората светска војна, со забележувања на т.н. фу-фајтери во 1946 и широко-познатите видувања на европски „ракети-духови“. Овие НЛО видувања и пријавувања пристигнуваат во сé поголем број по првиот публициран натпис во САД за НЛО, кога приватниот пилот Кенет Арнолд, во летото 1947, тврди дека видел НЛО. Оттогаш се пријавени десетици илјади видувања на НЛО на светско ниво.
Предлог за период од 30 јуни до 6 јули 2008уредиЕвропското првенство во фудбал 2008, често нарекувано само Евро 2008 е тринаесеттото Европско првенство во фудбал, најголем фудбалски турнир на кој учествуваат најдобрите фудбалски репрезентации од европскиот континент. Турнирот, чии домаќини се Австрија и Швајцарија, започна на 7 јуни 2008 година и по распоред треба да заврши со финалето на Ернст Хапел стадионот во Виена на 29 јуни 2008. На ова првенство, по втор пат улогата на домаќин ја имаат две земји. Репрезентацијата на Грција беше бранител на титулата. Австрија и Швајцарија заеднички се понудија да го организираат првенството и се соочија силна конкуренција во Грција/Турција, Шкотска/Ирска, Русија, Унгарија, Хрватска/Босна и Херцеговина, како и четирикратната скандинавска комбинација Норвешка/Шведска/Данска/Финска. Победата на Австрија и Швајцарија го означи второто здружно организирано Европско првенство по Евро 2000 чии домаќини беа Белгија и Холандија. Првенството во 2012 што ќе се оддржува во Полска и Украина ќе биде третиот европски шампионат со повеќе од еден домаќин. Турнирот се игра на 8 стадиони сместени во двете земји - четири во Австрија и четири во Швајцарија. Секој стадион има капацитет од барем 30.000; најголем меѓу нив е Ернст Хапел стадионот во Виена со вкупно 53.295 места.[2] Токму поради оваа причин, на овој стадион ќе се игра финалето. Швајцарија сите свои натпревари во групата ќе ги игра на Сент Јаков Парк стадионот во Базел, каде исто така се играше и мечот на отварањето како компензација за финалето. Австриската репрезентација сите натпревари ги играше на Ернст Хапел стадионот. Адидас во соработка со Бајер-материјали ја произведе топката со која се играат натпреварите на првенството. Нејзиното име е „Европас“ (EUROPASS). Основната бела боја прошарана со црни полиња асоцира на изгледот на традиционалната фудбалска топка, а меѓу прикажаните детали се и логото на турнирот како и знамињата на домаќините. Секоја топка што ќе се користи на поединечните натпревари врз себе има испишано дата, име на градот, име на стадионот како и на спротивставените репрезентации. УЕФА објави дека вкупно 184 милиони евра е наградниот фонд за 16-те репрезентации што учествуваат на овој турнир, на тој начин јасно зголемувајќи го наградниот фонд од 129 милиони евра од претходниот шампионат.
Светското првенство во фудбал во 1930 година е првото издание на ова фудбалско натпреварување, Светскиот шампионат. Ова Светско првенство се одржа во Уругвај од 13 Јули до 30 Јули. ФИФА го одбра Уругвај за домаќин на изборот во Барселона, затоа што Уругвај славеше стогодишнина од независноста, а Уругвајската репрезентација го освои турнирот на Олимписките игри 1928 година. Тринаесет тимови се натпреваруваа во завршниот турнир, од кои четири од Европа, а девет од Северна и Јужна Америка.Повеќето тимови од Европа одбиа да настапуваат поради оддалеченоста и големите цени за патувањето. Првите два натпревари на Светското првенство се одигаа во исто време, а победниците беа Франција која го победи Мексико со 4-1 и САД кој ја совлада Белгија со 3-0. Првиот гол во историјата на Светските првенства доа даде Французинот Лусин Лоран. Во финалето домаќинот и фаворит за освојувањето на овој светски куп, Уругвај ја победи Аргентина во финалето пред 93.000 постануваќи прва екипа која освоила Светско првенство 1914 година ФИФА го признала фудбалот на Олимписките Игри како Светско првенство во фудбал за аматери преземајќи така одговорност за организирање на истиот турнир на следните три Олимпијаде 1920, 1924 и 1928 година. ( На Олимиските игри 1908 и 1912 организатори на натпреварувањето беле Шведкиот и Англискиот Фудбалски сојуз.) На Олимпијадата во Лос Анџелес 1932 фудбалот воопшто не бил уклучен во програмата на натпреварувања поради непопуларноста во САД. ФИФА и Меѓународниот Олимписки Одбор не се слагале околу статусот на играчите аматери, а за последица имало неуклучувањето на фудбалот во програмата на Олимпијадата во 1932. На 26 Мај 1928 на состанокот во Амстердам, одржан на ден пред почетокот на Олимпијадата во 1928, тогашниот ФИФА-ин председател Жил Риме најавил натпреварување независно од Олимписките Игри, отворено за сите членови на ФИФА.Италија, Шведска, Холандија, Шпанија и Уругвај поднесле пријава за домаќинство, избран Уругвај.
Неидентификуван летечки објект или НЛО, е било каков летечки објект кој не може да биде идентификуван. Најголемиот дел од дискусиите за НЛО целат кон тоа дека некои од нив би можеле да бидат вонземјански направи, но нема научни докази кои би го поддржале ова објаснување. Извештаи за необични воздушни феномени датираат уште од антички времиња, но актуелни извештии и првите официјални истраги започнуваат за време на Втората светска војна, со забележувања на т.н. фу-фајтери во 1946 и широко-познатите видувања на европски „ракети-духови“. Овие НЛО видувања и пријавувања пристигнуваат во сé поголем број по првиот публициран натпис во САД за НЛО, кога приватниот пилот Кенет Арнолд, во летото 1947, тврди дека видел НЛО. Оттогаш се пријавени десетици илјади видувања на НЛО на светско ниво.
Предлог за период од 23. до 29. јуни 2008уредиБитола е град во југозападниот дел на Република Македонија, административен, културен, економски, индустриски, образовен, научен како и дипломатски центар, и поради тоа е познат и под името град на конзулите. Битола е втор по големина град во Република Македонија според бројот на жители, и трет според површината. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во битолскиот Народен музеј. Традиционално силниот трговски центар, е познат и како град на конзулите поради тоа што за време на Отоманското Царство, Битола имала дури дваесет конзулати од разни европски земји. Во истиот период, градот имал многу школи, меѓу другите и воена академија, којашто ја посетувал и славниот турски реформатор Кемал Ататурк. На крајот на деветнаесеттиот век бил толку просперитетен град, што неговото население непрестано растело и го надминало бројот на населението на Белград. Градот бил преполн со фабрики, а интересно е и тоа што покрај фабриката на Сингер, во Битола уште во тоа време постоела фабрика за слатки. Во Битола се снимени првите фотографии и филмови на Балканот, благодарејќи на браќата Манаки. Тоа било златното доба на градот. За жал, за време на Балканските војни, многу битки биле водени во околината на градот и самиот град, па многу материјални докази, како и фотографски документи, изгореле или биле потполно уништени. Архитектурата можела да се обнови, посебно последните петнаесетина години, а докази за сѐ што се случувало се и прераскажувањата на старите кои добро се сеќаваат. Меѓутоа, денес останале многу организации и фестивали, коишто по долг период, повторно се оддржуваат. Еден од нив се оддржува секој година од 29 јули до 2 август во Битола, во знак на спомен на Илинденското востание, под името „Културен фестивал Илинденски денови“.
Предлог за период од 16. до 22. јуни 2008уредиЕвтини приказни (англиски: Pulp Fiction) е американски филм од 1994 на режисерот Квентин Тарантино кој го напиша заедно со Роџер Ејвери. Познат е по нелинеарната приказна, еклектичкиот дијалог, ироничната мешавина на хумор и насилство и референци од филмови и од популарната култура. Номиниран е за седум Оскари, вклучувајќи за најдобар филм; Тарантино и Ејвери ја освоија наградата Оскар за најдобро оригинално сценарио. На Канскиот филмски фестивал е награден со Златна палма. Големиот комерцијален успех ја ревитализираше кариерата на главниот глумец, Џон Траволта, кој беше номиниран за Оскар, како и Семјуел Л. Џексон и Ума Турман. Насловот на филмот се однесува на шунд списанијата и „тврдо варените“ криминалистички романи од средината на 20 век, познати по сликовитите прикази на насилство и испразнети дијалози. Приказната е, како и во другите дела на Тарантино, нелинеарна. Критичарите го нарекуваат филмот прв пример за постмодерен филм заради неговата саморефлективност и неконвенционална структура. Евтини приказни послужи како инспирација за многу подоцнежни филмови кои примија многу елементи од неговиот стил. Природата на неговата продукција, маркетингот и дистрибуцијата и дополнителната профитабилност имаа силно влијание на подрачјето на независната кинематографија.
1930 ФИФА Светско ПрвенствоуредиПрвото Светско првенство во фудбал се одржало во 1930 година во Уругвај, чија репрезентација е и првиот победник. Поради лошата економска ситуација во Европа, ФИФА реши првиот планетарен собир на најдобрите репрезентации на планетата да се одржи во Јужна Америка. Уругвај во тоа време беше актуелен Олимписки шампион и најдобар состав на светот. Одржувањето на првиот Светски Куп беше доведен во прашање бидејќи ниту една репрезентација од Европа не сакаше да настапи во Уругвај. Сепак благодарејќи на претседателот на ФИФА, Жил Римеи неговиот притисок кон одделни националниасоцијации на два месеца пред стартот на Првенството, Југославиа, Фpанција, Белгија и Романија го потврдија настапот во Уругвај. Романците настапот на првиот Мундиал го сватија толку сериозно што изборот на фудбалери го направи кралот Керол. Патот до Монтевидео траеше петнаесетина дена. Четирите репезентации од Европа на долгиот пат тргнаа заедно од Мaрсеј патем во Рио де Жанеиро во истиот брод се качија репрезентативците од Бразил, а за време на долгата пловидба фудбалерите на овие национални тимови ги одржуваа завршните подготовки пред настап на првенството. За настап на првиот мундијал не беа организирани квалификации туку учество се обезбеди по претходна покана од ФИФА. Настапија 13 репрезентации, а поради фактот дека до последен момент не се знаеше точниот број на учесници ждрепката за првата фаза од натпреварите по групи се изврши непосредно пред стартот на првенството. Првиот мундијал го отворија селекциите на Франција и Мексико, победија „триколорите“ со 4-1, а прв стрелец во историјата на Светските првенства беше французинот Лорен. Прва ѕвезда на турнирот беше аргентинецот, Гуљелмо Стабиле, кој турнирот го започна како резерва, но до крајот на првенството успеа да постигне 8 гола со што стана најдобар стрелец на турнирот. Првенството го одбележаа и неколку спорни ситуации во кои делителите на правдата ги фаворизираа селекциите на Уругвај и Аргентина. На средбата Аргентина - Франција судијата при водство на Гаучосите од 1-0 означи крај во 84 минута. По протестите на француските фудбалери натпреварот продолжи, а и покрај фактот што мечот се доигруваше дел од фудбалерите во преостанатите 6 минути на теренот се враќаа од соблекувалната кедешто веќе почнаа да се преслекуваат. На полуфиналниот меч Уругвај - Југославија еден гол беше постигнат откако еден навивач излезената топка надвор од теренот ја врати назад во игра.
Предлог за период од 9. до 15. јуни 2008уредиЈустинијан IуредиЈустинијан I (латински: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus) (11 мај, 483–13/14 ноември, 565) бил византиски цар, император на Источното Римско Царство (од 527—565 год.), христијанин и православен теолог. Најстојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено со воените кампањи на Велизариј, како и по неговиот брак со контраверзната царица Теодора. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, се' до 9 век кога таа повторно ќе се издигне. Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Верувал и живеел според верата. За време на Пост не јадел леб и не пиел вино, а се хранел со зелје и пиел вода секој втор ден. Завојувал со дунавските варвари само затоа што ги кастрирале заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Бил среќен и успешен во војните и во работата. Изградил голем број прекрасни храмови, од кои најубав е Света Софија во Цариград. Ги собрал и ги спроведувал римските закони. Самиот издавал многу строги закони против неморал и распусност. Ја составил црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почнала да се пее на литургија. Го свикал Петтиот Вселенски Собор во 553 година. Поради неговите заслуги за развојот на црквата и ширењето на верата, Светиот Цар Јустинијан се смета за светец во православното христијанство.
Предлог за период од 2. до 8. јуни 2008уредиЦрвен Крст и Црвена ПолумесечинауредиМеѓународниот Црвен Крст и Црвена Полумесечина е меѓународно хуманитарно движење со околу 97 милиони доброволци ширум светот, чија мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без било каква дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење. Често слушаниот израз „Меѓународен Црвен Крст“ всушност е погрешен, бидејќи не постои таква организација. Во стварност, Движењето се состои од неколку одделни организации кои се правно независни, но се обединети во Движењето преку заеднички основни принципи, цели, симболи, статути и органи на управување. Деловите на Движењето се:
Национални здруженија на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина постојат во речиси сите земји во светот. Во моментов, 186 национални здруженија се признаени од МКЦК и се примени како полноправни членови на Федерацијата. Секоја членка работи во својата земја според принципите на меѓународното хуманитарно право и статутите на меѓународното движење. Зависно од нивните конкретни околности и можности, националните здруженија можат да преземат дополнителни хуманитарни активности кои не се директно дефинирани со меѓународното хуманитарно право или со одредбите на меѓународното движење.
П.С За наредната недела ја предлагам 1930 ФИФА Светско Пвенство овој пат не поради тоа што не е доработена Предлог за период од 26. мај до 1. јуни 2008уредиМанчестер ЈунајтедуредиМанчестер Јунајтед (англ. Manchester United) е светски познат англиски фудбалски клуб, чиј стадион е Олд Трафорд кој се наоѓа во Трафорд, пошироката околина на Манчестер. Тој е еден од најпопуларните спортски клубови во светот со повеќе од 50 милиони обожаватели. Манчестер Јунајтед е исто така и еден од најуспешните клубови во светот, а во англиската лига се наоѓа на второто место по бројот на освоени титули, веднаш зад Ливерпул. Ја има освоено англиската лига 17 пати, ФА Купот - 11 пати (рекорд во Англија), два пати Лига Купот, Купот на Победниците на Куповите на УЕФА еднаш, Интерконтиненталниот Куп еднаш и Европскиот Супер Куп еднаш. На 21. мај 2008. со победата над Челзи Манчестер Јунајтед по трет пат победи во Лигата на шампионите. Клубот има највисок просек на посетеност на натпреварите во англиската лига континуирано во последните 34 сезони, со исклучок на периодот од 1987-1989 за време на реновирањето на Олд Трафорд. Меѓу европските клубови, Манчестер е предводник во однос на годишните финансиски добивки во текот на деценијата меѓу 1990 и 2000, во наредниот период го губи приматот но во 2008 година повторно е најбогат клуб во светот со вредност од 1 милијарда и 330 милиони долари. Од 1991 година клубот се водеше како Друштво со ограничена одговорност и требаше да биде преземено од Руперт Мердок во 1998 преку зделка што беше блокирана од британската влада. Кон крајот на 1990тите, вредноста на клубот достигна повеќе од £1 милијарда, правејќи го процесот на откупување безмалку невозможен. Сепак, во мај 2005, Малколм Глејзер го комплетираше превземањето на компанијата против волја на клубот и го повлече името Манчестер од лондонската берза. Моментално, капитен на Манчестер Јунајтед е Гери Невил, кој капитенската улога ја презеде од Рој Кин на 16 ноември 2005 година.
Предлог за период од 19. до 25. мај 2008уредиНаполеон БонапартуредиНаполеон Бонапарт (1769-1821), француски император, основоположник на многу реформи на Француската Револуција. Тој е еден од најголемите воени гении во 19 век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народот и дека ќе го подобри начинот на живеење. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Неколку од Наполеоновите реформи се во употреба и денес. Наполеон e роден на 15 август 1769 во Ајачио, на островот Корзика и e крстен како Наполеон (во Франција неговото име станало Наполеон Бонапарта). Тој е второто дете (од осумте деца) на Карло (Чарлс) Бонапарта и Летиција Рамолино Бонапарта, и двајцата од повисоката Корзиско-Италијанска класа. Но, Наполеон никогаш не бил професионален војник. Карло бил адвокат кој се борел за Корзијската независност, но откако Французите го освоиле островот во 1768, тој служел како обвинител и судија, и влегол во Француската аристократија како гроф. За време на влијанието на татко му, Наполеон се изучувал на трошок на кралот Луј XVI, во Брине и Военото Училиште, во Париз. Наполеон матурирал во 1785, на возраст од 16 години, и се приклучил на артилеријата како втор наредник...
Предлог за период од 5. до 11. мај 2008уредиКиро ГлигоровуредиКиро Глигоров бил првиот претседател на самостојна Република Македонија од 1991 до 1999 година. Функцијата ја извршувал во два мандати: прв пат за претседател бил избран на 27 јануари 1991 година од страна на Собранието на Република Македонија, а втор пат на 19 ноември 1994 на општи претседателски избори. Функцијата претседател на Републиката ја вршел до 19 ноември 1999 година. Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Завршил правен факултет во Белград во 1939 година. Соработувал со Кузман Јосифовски - Питу и активно се вклучил во комунистичкото и антифашистичкото движење. На Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 во манастирот Свети Прохор Пчињски, тој го водел записникот од заседанието, но исто така бил избран и за член на АВНОЈ. Од 1945 до 1987 вршел бројни високи функции во федералната власт и во комунистичката партија на СФРЈ во Белград. Во 1987 се пензионирал, а потоа продолжил да соработува со Анте Марковиќ, а подоцна и со Петар Гошев на реформирањето на политичкиот и економскиот систем на СФРЈ. Во 1989 се вратил во Македонија. На 3 октомври 1995 година врз Глигоров бил извршен неуспешен обид за атентат, кој го преживеал со тешки повреди на главата. Нарачателите и извршителите на атентатот до денес се непознати. Кон крајот на својата кариера, Киро Глигоров бил најстариот македонски политичар, со околу 70 години активност во современата историја на Македонија. Во 1999 година, кога завршил неговиот втор претседателски мандат, тој имал 82 години, а во 2000 Гинисовата книга на рекорди го забележалa како најстар претседател на држава во светот.
Предлог за период од 28. април до 4. мај 2008уредиГоце ДелчевуредиОваа недела се навршуваат 105 години од загинувањето на Гоце Делчев (1872 – 1903), еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во ВМРО. Делчев станал учител во Бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново село), каде што се запознал со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев ѝ се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач. За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава. На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме Турција туку таа да не нè победи нас.“ По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот табор на ВМОРО. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание. На 2 мај Гоце Делчев пристига во с. Баница, близу до Сер. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа од страна на непознат(и). Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов. Гоцевата саможртва за делото на ослободување на Македонија и создавање на независна или автономна македонска држава му го донесе ореолот на признание и почит. Неговото име стана легенда, вткаена во свеста на македонскиот народ. Неговото име ги инспирира македонските поколенија, со тоа име македонските прогресивни сили ја водеа и во Втората Светска војна борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Неговите посмртни останки прво се чувале во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Скеча, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден“. Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас. бидејќи е годишнина од смртта на Гоце Делчев, предлагам да одиме со оваа статија. (иако самата статија би можело уште да се дотера, ако некој стигне деновиве...) --Crnorizec 01:01, 26 април 2008 (UTC) Апсолутно се сложувам--Raso mk 01:11, 26 април 2008 (UTC) Гоцета секогаш во македонските срца--Астрион 18:27, 27 април 2008 (UTC) Предлог за период од 21 до 27. април 2008уредиКанадауредиКанада зафаќа поголем дел од Северна Америка, на југ се граничи со САД, на северозапад со сојузната држава на САД - Алјаска. Се протега од Атлантскиот Океан на исток до Тихиот Океан на запад, на север се наоѓа Северноледениот Океан. Првите Европски доселеници се Викинзите, кои околу 1000-та година се населуваат на брегот на Атлантикот. Следната посета на Европјаните е во 1497, кога истражувачката експедиција на Џон Кебот од Кралството Англија пловела покрај Атлантскиот брег на Канада и Жак Картие во 1534 од Франција. По нив, повремено до истиот брег допловувале рибари и китоловци од Баскија во текот на целиот 16-ти век. Канада има околу 31,5 милиони жители. Прирастот на населението се должи главно на доселеништвото. Околу 3/4 од населението живее во појасот од 150 km од границата со САД, веројатно поради климатските прилики. Огромното мнозинство од населението живее во појасот Квебек сити - Виндзор, кој ги опфаќа и градовите Монтреал, Отава и Торонто, потоа во појасот Едмонтон - Калгари во Алберта и Ванкувер, Британска Колумбија. Според пописот од 2001, Канада има 34 етнички групи со по најмалку 100.000 припадници, a 83% од населението се сметаат за белци. Официјални јазици во Канада се англискиот и франускиот. Англискиот е мајчин јазик на 59,7%, а францускиот на 23,2% од населението. 98,5% од канаѓаните зборуваат англиски или француски. 85% од франкофоните живеат во Квебек. Неколку индијански јазици исто така имаат официјален статус во Северозападните територии. Инуктитут е мнозински јазик во Нунавут и еден од трите официјални јазици во територијата. Според многу показатели, како што се Степенот на човеков развој на ОН, Индексот на глобализација, Квалитетот на живот, Одржливоста на животната средина, Економските слободи и др., Канада е меѓу водечките земји во светот. Во Канада живеат голем број македонски иселеници и нивни потомци.
Предлог за период од 17 март 2008 до 23 март 2008уредиКосовска битка исто така и: Битка на Косово Поле или Косовски бој (срп. Косовска битка, Бој на Косову Пољу) е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 28 јуни 1389 година според грегоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија.Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912.
Предлог за период од 9 март 2008 до 16 март 2008уредиСолун (грчки Θεσσαλονίκη, латински Thessaloníki)) е вториот по големина град (веднаш по Атина) во Република Грција и главен град на Централна Македонија. Основач на Солун е кралот Касандар во 315 год. п.н.е., крал на Македонија (Μακεδών). Градот така бил наречен според неговата сопруга Тесалоника, сестра на Александар Македонски. За заштитник на градот се смета Свети Димитрија кој градот го добил во 306 година. Во Солун се родени и словенските браќа Свети Кирил и Методиј, кои земајќи го јужниот говор во Македонија го создале старословенскиот јазик. Нa 23 октомври 1893 година, во Солун била основана ВМРО, чија цел била добивање на автономија за Македонија преку револуционерна борба. Во Солун, од тој период се познати и големите напади од страна на ВМРО и нејзините членови наречени гемиџии. По Балканските војни, градот стапил во составот на Грција. Евреиската населба во Солун била една од најголемите населби во градот. Евреите во времето на Османлиското Царство го сочинувале половина од вкупното население на градот.
Предлог за период од 2 март 2008 до 9 март 2008уредиКинескиот јазик (汉语/漢語, Ханји; 中文, Чунгвен) може да се смета за јазик или за јазично семејство и првично се зборувал од Хан-Кинезите во Кина. Тој ја сочинува една од двете гранки на синотибетското јазично семејство.Околу една шестина од светското население, или над милијарда луѓе, зборуваат некаков кинески како мајчин јазик. Дали кинеските варијанти можат да се наречат „јазици“ или „дијалекти“ е прилично спорна тема. Како јазично семејство, кинескиот има околу 1.2 милијарди говорници; само мандаринскиот има околу 850 милиони говорници, бројно надминувајќи ги сите јазици на светот. Говорниот кинески се одликува со голема внатрешна разнообразност, иако сите кинески варијанти се тонски и аналитички. Постојат помеѓу шест и дванаесет регионални групи на кинески (зависно од начинот на класификација), од кои (во огромна мера) предоминантен е мандаринскиот (~ 850 милиони), а по него следи Ву (~ 90 милиони), Мин (~ 70 милиони) и кантонскиот (~ 70 милиони). Највеќето од нив се меѓусебно разбирливи, иако некои, како Хсијанг и југозападните мандарински дијалекти се разбирливи во извесна помала мера. Кинескиот се класификува како макројазик со тринаесет подјазици ISO 639-3, иако прашањето дали овие се „јазици“ или „дијалекти“ е мошне спорно.
Предлог за период од 25 февруари 2008 до 2 март 2008уредиЏозеф Кемпбел (26 март 1904 – 30 октомври 1987) е американски митолог, писател и оратор најпознат по неговата работа на полето на компаративната митологија и религија. Кога како мал го посетува Американскиот музеј за национална историја, Кемпбел толку многу се восхитува од артефактите на американските староседелци што уште тогаш ја развива својата животна опсесија: митот и заедничките обележја на различните култури, особено на оние кои никогаш и не биле во контакт. Со образование се здобива во САД (на Универзитетот Колумбија) и Европа (каде ги посетува Парискиот и Минхенскиот Универзитет). За неколку месеци научува и француски и германски, јазици кои течно ги зборува до крајот на својот живот. Поради несогласувања со раководството на својот матичен универзитет, Кемпбел се откажува од понатамошното школување и обидот да се здобие со докторат. Големо влијание врз Кемпбеловата филозофија имаат Карл Јунг, Фридрих Ниче, Зигмунд Фројд, Џејмс Џојс, Томас Ман и Артур Шопенхауер. Улогата на херојот и структурата на мономитот се најпознати плодови на неговата работа, творби чие влијание ги надминува границите на компаративната митологија. Впрочем, по излегувањето на првиот филм од серијалот Војна на ѕвездите во 1977 година, режисерот Џорџ Лукас ќе рече дека приказната е обликувана преку идеите обработени во Херојот со илјада лица од страна на Кемпбел.
Предлог за период од 18 февруари 2008 до 24 февруари 2008уредиВо првата половина на 6 век, по долините на реките Струма и Струмица се населиле Струмјаните. Во „Житието на тивериополските мачаници“ стои дека „еден варварски народ... навлегол во Тивериополските земји, опустошил многу градови, па и самиот Тивериопол, а од неговите жители едни со меч ги истепал, друѓи заробил а убавите згради и храмови ги срамнил со земјата“ . Со преселбата на Словените, која се одвивала во периодот од осумдесетите години на 6 век до триесетите години на 7 век, градот доживеал големи разурнувања. На овие простори се населило словенското племе Струмјани, кое го добило своето име по реката Стримон, која тие ја преименувале во Струма. Склавинијата на Струмјаните егзистирала како независно словенско кнежество извесен период, додека не биде завладеана од Византија. Во периодот од 845 година до 855 година како византиски воен управник во брегалничко-струмичкиот крај бил Методиј (825-885). Струмичката област, потоа била завладеана од бугарскиот владетел Борис I (852-889). Во 893 година Климент според Диканжовиот список (XII век) бил поставен за "епископ на Тивериопол или Велика". Струмичкиот регион ќе остане во бугарската држава се до 969 година кога избило првото востание на комитопулите (Самуил, Арон, Мојсеј и Давид) и ќе влезе во Самуиловата држава (976-1018). На 29 јули 1014 година, на овие простори се одиграла Беласичката битка, во која македонската војска предводена од цар Самуил (976-1014) била поразена од Византијците на чие чело бил Василиј II (976-1025). По битката биле ослепени 15 000 македонски војници, како одмазда на Василиј II за смртта на својот командант Теофилакт Вотанијат, кој бил убиен од синот на цар Самуил, Гавраил Радомир (1014-1015). Во 1018 година Македонија била завладеана од Византија. По 1018 година, Струмичкиот крај повторно паднал под византиска власт, под која ќе остане до пред крајот на 12 век. Византија својата власт ја зацврстила преку црквата која била претворена во орудие на византиската држава. Струмичката епархија во рамките на Охридската архиепископија била ставена во службата на Цариградската патријаршија. Карактеристично од тоа време е тоа што многу имоти од Струмичко меѓу кои и манастирот во Вељуса му биле подарени на светогорскиот манастир „Иверион“.
Ја поставувам статијата за избрана. Сепак - од чисто естетски причини - ќе ставам различен текст на главна страница. --Виктор Јованоски 22:40, 17 февруари 2008 (UTC) Предлог за период од 11 февруари 2008 до 17 февруари 2008уредиНобеловата награда за литература (шведски: Nobelpriset i litteratur) е награда која се доделува секоја година, почнувајќи од 1901 на автор од некоја земја кој, според зборовите на Алфред Нобел од неговиот тестамент, го има напишано "најзначајното дело со идеалистички тенденции" (во оригинал на шведски: den som inom litteraturen har producerat det utmärktaste i idealisk riktning). "Делото" во овој случај се однесува на авторовиот опус, иако понекогаш се цитираат и поединечни дела. Шведската Академија одлучува кој, доколку и воопшто има некој, ќе ја прими наградата во соодветната година, а неговото име го објавува во почетокот на октомври. Изборот на Нобел да го вметне зборот "идеалистичко" или "идеално" (во македонски превод) како основен критериум при одбирањето на лауреатите е причина за многу контроверзии и несогласувања (шведскиот збор idealisk може да се преведе и како "идеалистички" и како "идеален".) Во почетокот на дваесеттиот век, Одборот за доделување на наградата се осврнува кон првото значење на зборот, и ова е единствената причина што автори од типот на Лав Толстој и Хенрик Ибзен не ја добиле Нобеловата награда. Сепак, во последно време, зборот е сфатен во многу послободното значење, па Нобеловата награда за литература се доделува и на писатели чии дела се од големо значење, но и на такви кои се залагаат за почитување на човековите права; вторава причина, за некои луѓе, е причина да се додаде и политичка конотација на наградите. "Крунскиот момент во текот на церемонијата по повод доделувањето на наградата во Стокхолм е кога лауреатот истапува за да ја прими наградата од Неговото Височество - Кралот на Шведска. ... Пред очите на целиот свет, Нобеловиот лауреат прима три нешта: диплома, медал и документ кој го потврдува износот на наградата".
Предлог за период од 4 февруари 2008 до 10 февруари 2008уредиВнатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) позната и како ВМРО (Автономистичка) е формирана во 1919 година на територијата на Пиринска Македонија, од страна на Тодор Александров и Александар Протогеров, под претекст дека се возобновува старото ВМОРО. Врвна точка во дејноста на организацијата е атентатот на српскиот престолонаследник Александар Караѓорѓевиќ. Во навечерјето на Балканските војни, ВМОРО е скоро неактивна. Поголемиот дел од бившите членови дејствуваат со мирни средства преку работата на Федералистичката партија и Конституционите клубови. Но еден дел од кадрите на ВМОРО, прави обиди преку исценирање провокации да го реанимира Македонското Прашање. На чело на оваа група е Тодор Александров, кој во 1912 ги организира “Магарешките атентати“. Опремените од него групи, товарат екслозив на магариња, и ги оставаат пред турски пазари. Бомбите го одземаат животот на десетици Турци, кои пак својот бес го исфрлаат врз недолжното христијанско население. На овој начин Александров ја постигнува својата цел. За време на балканските војни, Александров мобилизира бивши кадри од ТМОРО (како Чаулев, Чакаларов и други), со кои формираат големи чети и ги праќаат во Македонија да вршат диверзантски акции во тилот на Турската Армија.
Предлог за период од 28 јануари 2008 до 03 февруари 2008уредиЈосиф Бродски (24 мај 1940 – 28 јануари 1996), роден како Јосиф Александрович Бродски (руски: Ио́сиф Александрович Бро́дский) е руски поет и есеист, добитник на Нобеловата награда за литература во 1987 година, венцоносец на Струшките вечери на поезијата четири години подоцна и Поет лауреат на САД во 1991 и 1992 година. Се смета за еден од најголемите поети на дваесеттиот век. Бродски е роден во еврејско семејство во Ленинград, како син на професионален фотограф вработен во Советската морнарица. Уште додека е дете ја преживува опсадата на неговиот роден град. Кога полни петнаесет години, Бродски го напишта училиштето и се обидува да влезе во Школата на нуркачите (Школа Подводников), но безуспешно. Потоа оди да работи како машински оператор на една воденица (фрезеровщик) во фабрика. Откако одлучува да стане доктор, се префрла во затворот Крести, каде работи како помошник во мртовечницата. Никогаш не задоволен од работата, неколку пати ќе го менува своето работно место; се вработува во болница, на брод, а дел е и од една геолошка експедиција.
Предлог за период од 14 јануари 2008 до 27 јануари 2008уредиГлавна страница / избрана статија / 2008 / седмица 04
Предлог за период од 7 јануари 2008 до 13 јануари 2008уредиГлавна страница / избрана статија / 2008 / седмица 03
|
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеRedlist
. - ↑ Законот за празниците на Република Македонија
- ↑ „Мадрид и Хамбург се натпреваруваат за домаќини на финалето во лига на шампиони 2010“. UEFA.