Бела мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Месојадци
Семејство: Мечки
Род: Мечки
Вид: U. maritimus
Научен назив
Ursus maritimus
Phipps, 1774[2]
Распространетост на белата мечка

Белата мечка (Ursus maritimus), позната и како поларна мечка е мечка која живее во областа на Северниот Пол. Таа е најголемиот сувоземен месојад на светот, бидејќи мажјаците најчесто тежат 300 - 600 кг, а женките пола од тоа. Крзното ѝ е прозрачно, но изгледа како бело или кремасто, со што му обезбедува на животното добра камуфлажа. Кожата ѝ е всушност црна. Дебелото сало и крзно ја изолираат од студот. Има кус опаш и мали уши, што ја намалува загубата на топлина. Има и релативно мала глава и долгнавесто тело, што ѝ дава брзина при пливањето. Белата мечка е полуводен цицач, прилагоден на живот на копно, море и мраз, и е врвен месојад во нејзиниот животен простор. Се храни главно со фоки, млади моржови и китови, но всушност, ќе изеде сè што може да улови.

Белите мечки се ранлив вид со висок ризик за исчезнување поради прекумерниот лов и поради исчезнувањето на нивниот животен простор, што доаѓа како резултат на топењето на мразот на Северниот Пол. Зоолозите и климатолозите веруваат дека популацијата на белите мечки ќе се намали на една третина од сегашната до 2050 г.[1][3][4][5] Во речиси сите земји од регионот на Северниот Пол белата мечка е прогласена за загрозен вид и е заштитена со закон.

Изглед, мерки, еволуција

уреди

Големина и тежина

уреди
Diving polar bear

Белите мечки се меѓу најголемите сувоземни месојади. Мажјаците може да тежат и до двапати повеќе од вториот по големина месојад - сибирскиот тигар. Мажјаците се 25-45% потешки од женките, тежат 350-650 кг, и се долги 2,5-3 м (видете: полов диморфизам). Возрасните женки тежат 150–250 кг и се долги 2-2,5 м, но тежината им се удвојува за време на бременоста.[6][7]. Опашката им е долга 8-12 см.[8] При раѓање мечињата тежат 600-700 гр.

Најголемата регистрирана бела мечка бил мажјак, наводно тежок околу 1000 кг, застрелан во северозападна Алјаска во 1960 година.[9]

Крзно и кожа

уреди
 
Инфрацрвена снимка на бела мечка. Крзното речиси целосно ја изолира од надворешната средина.

Крзното на белата мечка ѝ обезбедува камуфлажа и изолација. Иако изгледа бело, крзното е прозрачно, налик на водените капки што го сочинуваат облакот. Со староста крзното може да пожолти. Тврдите влакна на стапалата на мечката ѝ даваат изолација и кочење на мразот. Белите мечки се митарат од мај до август[10], но за разлика од други арктички цицачи, бојата на летното и зимското крзно не се разликува.

Густото поткрзно одлично ја загрева мечката: тие се прегреваат на температури над 10 °C, а и речиси невидливи се на инфрацрвена камера, што значи дека не испуштаат топлина.

Надворешното крзно е долго 5-15 см, освен на предните нозе на мажјаците, кај што расте и подолго. Се смета дека тоа има намена да ги привлекува женките, слично како гривата кај лавот.[11]

Еволуција

уреди

Се верува дека семејството мечки се издиференцирало од месојадите пред околу 38 милиони години. Според ДНК анализите и најдените фосили, белата мечка се издвоила како вид од кафеавата мечка пред само околу 200.000 години. Најстариот најден фосил на бела мечка е стар околу 100.000 години. Најдените фосили покажуваат и дека пред само 10-20.000 години катниците на белата мечка почнале да се разликуваат од оние на кафеавата.

Генетски најблизок сродник на белата мечка е една популација на алјаските кафеави мечки (кодијак).[12] Белите мечки можат и да се парат со нив и да родат здрави и плодни младенчиња.[13][14]

Сето ова покажува дека белата мечка е релативно нов вид.

Однесување

уреди
 
Три бели мечки љубопитно ја разгледуваат подморницата УСС Хонолулу 450 км од Северниот Пол. Фотографија на морнарицата на САД.

Белите мечки се огромни, агресивни, љубопитни, и потенцијално опасни за луѓето. Дивите бели мечки, за разлика од другите видови на мечки, се речиси сосема ненавикнати на луѓе, и лесно може да ги нападнат како потенцијален плен. Мажјаците се самотници, се здружуваат со женките само во сезоната на парење, а женките се обично дружељубиви меѓусебе. Иако го имаат истиот хормон за хибернација како и останатите мечки, белите мечки не ја преспиваат зимата, освен бремените женки.

Живеалиште

уреди
 
Карта на распространетост на белите мечки.

Белите мечки живеат во деветнаесет различни популации во пет земји:

Се проценува дека постојат 20-25.000 бели мечки, од кои околу 60% живеат во Канада[15]. Деветнаесетте популации се движат во рамки на засебни географски региони, но студиите на ДНК покажуваат дека тие меѓусебно се мешаат.[16]

Иако минува многу време на копно и на мраз, белата мечка се смета за морски цицач поради тесната врска со морето. Јужните граници на нејзиното живеалиште се ограничени од простирањето на мразот.

Топењето на мразот, предизвикано од глобалното затоплување, практично значи уништување на животната средина на белите мечки, и го загрозува нивното преживување како вид.

Лов и исхрана

уреди
 
Бела мечка на труп од кит

Белите мечки се најкрвожедните членови на семејството на мечките. За разлика од останатите мечки, белата мечка се храни речиси исклучиво со месо. Се хранат со фоки, особено со прстенестата фока, која отвора дупки во мразот за да дише[17], но всушнот јадат сè што можат да фатат: птици, јајца, глодачи, ракови, шкампи, белуга китови, млади од моржови, лосови и др. Забележано е во ретки случаи дека јадат и растенија како бобинки, корења и морски треви, но тоа не е значаен дел од нивната исхрана.

Метаболизмот на белата мечка е прилагоден на исхрана со сало од морски цицачи[18][19].

Повеќето животни се побрзи од белата мечка на отворено или во вода, а и брзо се прегрева, затоа мечките ловат на работ меѓу мразот и морето, или се хранат со трупови од умрени моржови или китови. Кога мразот е повлечен во текот на летото, живеат од своите мrсни резерви и ретко ловат. Иако се мошне силни, ретко напаѓаат возрасни моржови, бидејќи тие се двојно потешки, но и таков случај е забележан на камера[20].

Како месојад кој се храни со месојади што јадат риба, белата мечка внесува големи количества ретинол - витамин А, кој се складира во црниот дроб. Поради тоа, црниот дроб им е отровен за луѓето, бидејќи предизвикува хипервитаминоза на витаминот А.

Белите мечки се одлични пливачи и биле видени во арктичките води и на 100 км од брегот. Во некои случаи поминуваат доста време и на сантите мраз. Нивното сало, што достигнува дебелина до 12 см, им дава дополнителна пловност, а и ги изолира од студената вода. Во последно време, регистрирани се 4 давења на бели мечки, веројатно поради тоа што отишле предалеку барајќи храна поради топењето на мразот[21].

Бидејќи се љубопитни и јадат сѐ што ќе стигнат, белите мечки го истражуваат и го јадат и ѓубрето што го оставаат луѓето. Забележано е дека јадат пластика, акумулатори, етлен гликол, хидраулично масло, моторно масло, стиропор и др.[20][22]

Поради тоа што се наоѓаат на врвот на ланецот на исхраната, белите мечки страдаат од прекумерно внесување на разни токсични материи кои влијаат врз имунитетот, вродените мани, наталитетот, однесувањето, бројноста, и др.[23][24]

Размножување

уреди
 
Мајка и две мечиња на островот Гиљамо во Националниот Парк Укусиксалик - Канада.

Белите мечки се парат во април и мај во период од една недела, колку што е потребно за да се индуцира овулација. Оплоденото јајце останува во мирување во мајката до август или септември. Во овој период од 4 месеци, женките јадат огромни количества храна подготвувајќи се за бременоста, и често ја зголемуваат тежината и повеќе од двојно. Кога храната станува недостапна во август поради топењето на мразот, мечката копа дувло во снегот и влегува во заспана состојба слична на хибернација. Во области каде што преку целата година имаат храна, остануваат активни до октомври. Мечињата се раѓаат во декември без да се разбуди мајката. Таа останува заспана додека ги дои, сѐ до март, кога семејството излегува од дувлото. Најголемата закана за младенчињата се други возразни мажјаци, кои би ги убиле младите за да се парат со мајката.

Мајката ги одгледува мечињата до втората или третата години, после што тие се одвојуваат. Помалку од половина од новородените мечиња ја преживуваат првата година од животот.[25]

Полната зрелост настапува на возраст од околу 4 години, но може да задоцни и до 6.[6]

Заштита

уреди

Од 1973 година, земјите во кои живеат бели мечки имаат потпишано меѓународен договор за нивна заштита. Заштитата главно се однесува на ограничувањето на ловот, кој е ограничен само на лов за домородната популација до извесни квоти. Ловот на белите мечки целосно е забранет во Норвешка уште од 1975 година.

На 14 мај 2008 година, САД ја впишаа белата мечка како загрозен вид.

Занимливости

уреди
 
  • Белите мечки се познати по своето бело крзно и необично место на живеење. Компании како Кока-Кола и други, употребуваат слика на белата мечка за свое лого, реклама или на пакувањето на производите.
  • Канадската монета од 2 долари е со слика на бела мечка.
  • ТВ серијата „Изгубени“ прикажува бели мечки на непознат тропски остров.
  • Белата мечка беше маскота на Зимските Олимписки игри во Калгари - Канада, 1988.
  • Северозападните Територии и Нунавут во Канада имаат регистарска табличка на возилата во форма на бела мечка.

Белата мечка како мотив во популарната култура

уреди
  • „Бела мечка“ (англиски: Polar Bear) — песна на британската рок-група Рајд (Ride) од 1990 година.[26]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ursus maritimus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 9 мај 2006. Database entry includes a lengthy justification of why this species is listed as vulnerable. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „iucn“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. Phipps, John (1774). A voyage towards the North Pole undertaken by His Majesty's command, 1773 /by Constantine John Phipps. London :Printed by W. Bowyer and J. Nicols, for J. Nourse. стр. 185. Посетено на 2008-09-08.
  3. Amstrup, Steven C.; Marcot, Bruce G.; Douglas, David C. (2007), Forecasting the Range-wide Status of Polar Bears at Selected Times in the 21st Century (PDF), Reston, Virginia: U.S. Geological Survey, Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-25, Посетено на 2007-09-29
  4. Stirling, Ian; and Claire L. Parkinson (2006). „Possible Effects of Climate Warming on Selected Populations of Polar Bears (Ursus maritimus) in the Canadian Arctic“ (PDF). Arctic (англиски). 59 (3): 261–275. ISSN 0004-0843. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-25. Посетено на 2007-09-15.
  5. Derocher, Andrew E.; Lunn, Nicholas J.; Stirling, Ian (April 2004), „Polar Bears in a Warming Climate“ (PDF), Integrative and Comparative Biology, 44 (2), стр. 163–176, ISSN 1540-7063, Архивирано од изворникот (PDF) на 2005-05-25, Посетено на 2007-10-12
  6. 6,0 6,1 Stirling, Ian (1988), Polar Bears, Ann Arbor: University of Michigan Press, ISBN 0-472-10100-5
  7. Stirling makes no mention of length, these are from SeaWorld Архивирано на 28 февруари 2009 г.
  8. Brown, Gary (1996). Great Bear Almanac. стр. 340. ISBN 1-55821-474-7.
  9. Wood, G.L. (1981). The Guinness Book of Animal Records. стр. 240.
  10. Kolenosky G. B. 1987. Polar bear. pp. 475–485 in Wild furbearer management and conservation in North America (M. Novak, J. A. Baker, M. E. Obbard, and B. Malloch, eds.). Ontario Fur Trappers Association, North Bay, Ontario, Canada.
  11. Derocher, Andrew E; Magnus Andersen, and Øystein Wiig (2005). „Sexual dimorphism of polar bears“ (PDF). Journal of Mammalogy. 86 (5): 895–901. ISSN 1545-1542. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-03-01. Посетено на 2008-02-11.
  12. Marris, E. 2007. Nature 446, 250-253. Linnaeus at 300: The species and the specious
  13. DeMaster, Douglas P.; Stirling, Ian (8 мај 1981), „Ursus Maritimus“, Mammalian Species, American Society of Mammalogists, 145, стр. 1–7, doi:10.2307/3503828, ISSN 0076-3519, OCLC 46381503, Посетено на 2008-01-21CS1-одржување: датум и година (link)
  14. Schliebe, Scott; Evans, Thomas; Johnson, Kurt; Roy, Michael; Miller, Susanne; Hamilton, Charles; Meehan, Rosa; Jahrsdoerfer, Sonja (21 декември 2006), Range-wide Status Review of the Polar Bear (Ursus maritimus) (PDF), Anchorage, Alaska: U.S. Fish and Wildlife Service, Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-05-10, Посетено на 2007-10-31CS1-одржување: датум и година (link).
  15. Polar Bears and Conservation Архивирано на 10 февруари 2010 г. and „Polar Bear FAQ“. Polar Bears International. Посетено на 2007-09-15.
  16. Paetkau, S.; Amstrup, C.; Born, E. W.; Calvert, W. (October 1999), „Genetic structure of the world's polar bear populations“ (PDF), Molecular Ecology, Blackwell Science, 8 (10), стр. 1571–1584, ISSN 1471-8278, Архивирано од изворникот (PDF) на 2005-05-25, Посетено на 2007-11-17.
  17. Derocher, Andrew E.; Wiig, Øystein; Andersen, Magnus (June 2002), „Diet composition of polar bears in Svalbard and the western Barents Sea“ (PDF), Polar Biology, Berlin / Heidelberg: Springer, 25 (6), стр. 448–452, doi:10.1007/s00300-002-0364-0, ISSN 0722-4060, Архивирано од изворникот (PDF) на 2003-11-06, Посетено на 2007-11-17.
  18. Ramsay, M. A.; Hobson, K. A. (May 1991), „Polar bears make little use of terrestrial food webs: evidence from stable-carbon isotope analysis“, Oecologia, Berlin / Heidelberg: Springer, 86 (4), стр. 598–600, ISSN 0029-8549
  19. Best, R. C. (1985), „Digestibility of ringed seals by the polar bear“, Canadian Journal of Zoology, Ottawa: National Research Council of Canada, 63 (5), стр. 1033–1036, ISSN 0008-4301
  20. 20,0 20,1 Clarkson, Peter L.; Stirling, Ian (1994), „Polar Bears“, Во Hygnstrom, Scott E.; Timm, Robert M.; Larson, Gary E. (уред.), Prevention and Control of Wildlife Damage, Lincoln: University of Nebraska, стр. C-25 to C-34, Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-11-20, Посетено на 2007-11-13.
  21. Monnett, Charles; Gleason, Jeffrey S. (20 јули,06), „Observations of mortality associated with extended open-water swimming by polar bears in the Alaskan Beaufort Sea“, Polar Biology, Berlin: Springer, 29 (8), стр. 681–687, doi:10.1007/s00300-005-0105-2, ISSN 0722-4060 Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  22. Manning, T. H. (March 1961), „Comments on "Carnivorous walrus and some Arctic zoonoses" (PDF), Arctic, 14 (1), стр. 76–77, ISSN 0004-0843, Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-04-09, Посетено на 2007-11-13.
  23. Skaare, Janneche Utne; Larsen, Hans Jørgen; Lie, Elisabeth; Bernhoft, Aksel (December 2002), „Ecological risk assessment of persistent organic pollutants in the arctic“ (PDF), Toxicology, Shannon, Ireland: Elsevier Science, 181-182, стр. 193–197, ISSN 0300-483X, Архивирано од изворникот (PDF) на 2003-11-05, Посетено на 2007-11-17.
  24. Wiig, Oystein; Derocher, Andrew E.; Cronin, Matthew M.; Skaare, Janneche U. (October 1998), „Female Pseudohermaphrodite Polar Bears at Svalbard“ (PDF), Journal of Wildlife Diseases, Lawrence, Kansas: Wildlife Disease Association, 34 (4), стр. 792–796, ISSN 0090-3558, Архивирано (PDF) од изворникот 2008-04-09, Посетено на 2007-11-17.
  25. Regehr, Eric V.; Amstrup, Steven C.; Stirling, Ian (2006), Напишано во Anchorage, Alaska, Polar Bear Population Status in the Southern Beaufort Sea (PDF), Reston, Virginia: U.S. Geological Survey, Open-File Report 2006-1337, Посетено на 2007-09-15
  26. Ride – Nowhere (пристапено на 15.2.2024)

Надворешни врски

уреди