Википедија:Избрана статија/2016

Гласање за избрана статија

уреди

Како да гласам за овој предлог?

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 53, 26.12.2016 - 1.1.2017
Црвена точка во z насока како максимум за параболоидна функција на (x, y) влезни единици
Црвена точка во z насока како максимум за параболоидна функција на (x, y) влезни единици

Математичка економија — примената на математичките методи во економските теории и во анализата на проблемите презентирани во економијата. Овозможува формулирање и деривација на клучните врски во теоријата со неколку одлики како јасност, севкупност, едноставност и строга определба. Обично, применетите математички методи се однесуваат на оние посложените функции за разлика од едноставната геометрија, односно сложени методи како диференцијални и интегрални пресметки, диференцијална равенка, матрици, математичко програмирање и други пресметковни методи.

Математиката им овозможува на економистите да оформат значајни и предлози подложни на испробување за многу широко распространети и сложени теми кои не можат неформално соодветно да бидат изразени. Понатаму, математичкиот јазик им дава да оформат јасни, точни и позитивни тврдења за контроверзните или спорните теми, што инаку би било невозможно. Голем дел од економската теорија е моментално претставена преку математичко-економски модели, збир на стилизирани и упростени математички врски кои ги појаснуваат претпоставките и следствата. (Дознајте повеќе...)

Седмица 52, 19.12.2016 - 25.12.2016
Шопен во 1835 г.
Шопен во 1835 г.

Фредерик Шопен (1810-1849) — полски композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била Полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.

Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата, но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како пијано сонатата, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика. (Дознајте повеќе...)

Седмица 51, 12.12.2016 - 18.12.2016

Седмица 50, 5.12.2016 - 11.12.2016

Седмица 49, 28.11.2016 - 4.12.2016

Франциско Франко (4 декември 1892 - 20 ноември 1975) — шпански диктатор и водач на националистичкиот воен бунт во Шпанската граѓанска војна, авторитарен водач на Шпанија, од октомври 1936 година па сè до неговата смрт во ноември 1975 година. Тој дошол на власт преку крајнодесничарската Шпанска фаланга, меѓутоа тоа било од пропагандни причини, тој не припаѓал на ниту една политичка партија пред да ја заземе власта во државата. Како водач на Шпанија, Франко ги користел титулите каудиљо и генералисимус, но исто така бил формално именуван како неговата екселенција и шеф на државата.

Франко и војската учествувале во државниот удар против влада на Народниот фронт. Меѓутоа државниот удар не успеал и прераснал во Шпанската граѓанска војна, во текот на која Франко успеал да се наметне како водач на националистите против владата на Народниот фронт. По победата во граѓанска војна, во која победил со помош на Фашистичка Италија и Третиот рајх, тој го распуштил шпански парламент и воспоставил десничарски авторитарен режим и бил де факто регент на номинално возобновеното Кралство Шпанија. (Дознајте повеќе...)

Седмица 48, 21.11.2016 - 27.11.2016
Земји каде шеријатот е на сила
Земји каде шеријатот е на сила

Шеријат — свето право на исламот. Повеќето муслимани веруваат дека шеријатот е изведен од двa основни извори на исламското право: божествените откровенија наведени во Куранот, и примерот поставен од страна на исламскиот пророк и пратеник Мухамед во Сунетот. Фикхот ја толкува и проширува примената на шеријатот на прашања кои не се директно опфатени во основните извори вклучувајќи од секундарните извори. Овие секундарни извори обично вклучуваат консензус на верските научници отелотворени во иџма, и аналогија од Куранот и сунетот преку гиџас, со цел да се применуваат познатите налоги на нова околност и да се создаде нова забрана.

Сите муслимани веруваат дека шеријатот е Божји закон, но тие се разликуваат по нивното подразбирање кон тоа. Модернистите, традиционалистите и фундаменталистите имаат различни погледи кон шеријатот, како приврзаници на различни училишта од исламската мисла и стипендии. Разни земји и култури исто така имаат различни толкувања на шеријатот. Шеријатот се занимава со многу теми обратени од секуларниот закон, вклучувајќи ги и криминалот, политиката и економијата, како и лични работи, како што се сексуалноста, хигиената, исхраната, молитвата и постот.

Повторното воведување на шеријатот е долгорочна цел за исламистичките движења во исламските земји. На некои муслимански малцинства во Азија (на пример во Индија) се одржува институционално признавање на шеријатот за да судат во нивните лични и општествени работи. Во западните земји, каде муслиманска имиграција е понова, муслиманските малцинства го имаат воведено шеријатот како семејно право за употреба во своите спорови, со различни степени на успех. (Дознајте повеќе...)

Седмица 47, 14.11.2016 - 20.11.2016
Дрезден на квечерина
Дрезден на квечерина

Дрезден (германски: Dresden; горнолужички: Drježdźany) — главен град на сојузната покраина Саксонија во Германија. Се наоѓа во долината на реката Елба, близу границата со Чешка. Пошироката област околу Дрезден е дел од метрополитенската област Саксонски Триаголник.

Има долга историја како главен град и резиденција на изборните кнезови и кралевите на Саксонија, кои се векови го дополнувале градот со културен и уметнички сјај. Градот бил познат како „кутија за накит“, бидејќи самиот центар на градот бил опсипан со зданија во барок и рококо. Контроверзното бомбардирање на Дрезден во Втората светска војна при крајот на Втората светска војна убило илјадници цивили и целосно го уништило центарот на градот. Ударот на бомбардирањето и 40 години урбан развој на градот во текот на комунистичката ера во Источна Германија, значајно го изменило лицето на градот. Некои реставрациски работи помогнале да се обноват одредени делови на историскиот стар дел на градот, вклучувајќи ги Хофкирхе, Земперовата опера и Богородичната црква. По обединувањето на Германија во 1990, Дрезден повратил одредена важност како еден од културните, образовните, политичките и економските центри на Германија.

Иако Дрезден е релативно нов град со словенско потекло, областа била населена уште во неолитот од одредени племиња околу 7500 п.н.е. Основањето на Дрезден и раниот развој е поврзуван со источното ширење на Германите, рударството во блиските Рудни Планини и основањето на Грофовија Мајсен. Неговото име етимолошки е изведено од старолужичкиот збор Drežďany, што значи „шумарци, шумски народ“. Подоцна, Дрезден прераснал во главен град на Саксонија. На денешен горнолужички, градот се нарекува „Дрјежѓани“. (Дознајте повеќе...)

Седмица 46, 7.11.2016 - 13.11.2016

Леопард (науч. Panthera pardus) — член на семејството на мачките (Felidae и најмал вид од четирите таканаречени големи мачки од родот пантери. Некогаш овој вид бил распространет низ Јужна Азија и Африка, од Кореја до ЈАР. Територијата на распространетост се намалувала со тек на времето најмногу поради лов и уништување на природното живеалиште. Денес леопардот главно живее во потсахарска Африка. Постојат и изолирани популации во Пакистан, Индија, Индокина, Малезија и Кина. Поради намалувањето на бројноста на популациите оваа мачка е ставена на листата на речиси загрозени видови. Бројноста на леопардот е поголема од онаа на останатите членови на Panthera кои имаат покритичен заштитен статус.

Леопардот има релативно кратки нозе и долго тело, со голема глава. Физички најмногу наликува на јагуарот, иако најчесто е помал. Неговото крзно е прошарано со розети, кои немаат внатрешни точки како кај јагуарот. Можат да се сретнат и меланистични леопарди кои или се целосно црни или со многу темна боја. Овие единки се познати под името црни пантери. (Дознајте повеќе...)

Седмица 45, 31.10.2016 - 6.11.2016

Пират (грчки: πειρατής) — разбојник кој врши криминал на море, а понекогаш и на бреговите. Пиратството се појавило уште во античко време, но својот процут го достигнало во 17 век на Карибите, односно во Новиот свет. Денес пиратите најмногу дејствуваат на Тихиот и Индискиот Океан и претставуваат голем проблем за одвивањето на меѓународната трговија.

Во античкиот период постоеле пирати кои со своите брзи галии го тероризирале крајбрежјето на Средоземното Море. Уште од времето на Стариот Египет, тие вршеле кражби на бродови. Грците, Египќаните, Картагинците и Римјаните не биле во можност да обезбедат силни флоти, па пиратски заедници постоеле на многу острови. Во една прилика и Цезар бил заробен од пирати и задржан, сѐ додека не бил ослободен со откуп. Пиратството било честа појава, сѐ до 67 п.н.е., кога римскиот генерал Помпеј со околу сто бродови, спровел антипиратско чистење по што во Средоземјето било овозможено одвивањето на слободната трговија.

По пропаѓањето на Западното Римско Царство, како пирати најмногу се истакнале Викинзите, поморски народ од северна Европа. Тие со своите брзи дракари пловеле до Британија, Русија, Италија, Африка и Америка, вршејќи големи кражби на својот пат, во наредните неколку векови. Подоцна се ориентирале на трговија. (Дознајте повеќе)

Седмица 44, 24.10.2016 - 30.10.2016
Шопен во 1835 г.
Шопен во 1835 г.

Фредерик Шопен (1810-1849) — полски композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била Полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.

Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата, но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како пијано сонатата, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика. (Дознајте повеќе...)

Седмица 43, 17.10.2016 - 23.10.2016

Полско-литванската Државна Заедница претставувала федерација меѓу Кралството Полска и Големото Кнежевството Литванија, кое постоело во периодот од 1569 до 1795 година. Земјата во текот на своето постоење била една од најголемите во Европа. Полско-литванската Државна Заедница се одликувала со висок степен на етнички диверзитет и невообичаена верска трпеливост, којашто сепак, со тек на време се менувала.

Сојузот имал некои специфични одлики. Така, политичкиот систем (познат и како „Златна слобода“) се одликувал со строга контрола врз власта на монархот. Оваа контрола била спроведувана од страна на законодавното тело „сејм“, коешто било под контрола на аристократијата („шлахта“). Ваквиот политички систем претставувал предвесник на современите концепции на демократијата, уставната монархија и федерацијата. Двете земји, кои го сочинувале сојузот биле формално еднакви, но сепак Полска била доминантен партнер во сојузот.

По неколку декади на моќ, за време на Златниот век на заедницата, државата се соочила со период на политичко, воено и економско опаѓање. Слабостите кои брзо се појавувале довеле до нејзините поделби, меѓу соседите: Австрија, Прусија и Русија, на крајот од 18. век. Кратко пред пропаѓањето, биле направени обиди за големи реформи и притоа бил воведен уставот од 3 мај 1791, кој бил вториот најстар национален устав во современата историја. (Дознајте повеќе...)

Седмица 42, 10.10.2016 - 16.10.2016

Чај — пијалак кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Зависно од начинот на преработка на чајните листови, постојат четири главни вида на чај (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузии од овошки или билки (како шипинка, камилица, или џиоагулан) кои не содржат Camellia sinensis. Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis.

Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот, и полифенолски антиоксидансски катехини. Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или белковини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус.

Според една позната кинеска легенда, Шеннунг, легендарниот кинески цар, изумител на земјоделството и кинеската медицина, околу 2737 п.н.е. пиел врела вода кога ветрот дувнал и неколку листови од блиското дрво паднале во чашката, па течноста почнала да ја менува бојата. Љубопитниот монарх пробал од новонастанатиот пијалак и пријатно се изненадил од вкусот и закрепнувачките својства. Друга варијанта на легендата вели дека царот на себеси ги опитувал лековитите својства на растенијата, од кои некои биле отровни, и увидел дека чајот работи како противотров. (Дознајте повеќе...)

Седмица 41, 3.10.2016 - 9.10.2016

1 − 2 + 3 − 4 + …бесконечен ред во математиката, чиишто членови се последователни позитивни броеви со променлив знак. Сумата на првите m членови од редот може да се запише како:

Овој бесконечен ред дивергира, што значи дека неговата низа од делумни суми, (1, −1, 2, −2, ...), не тежнее кон било која гранична вредност. Сепак, во средината на 18. век, Леонард Ојлер го запишал следново, коешто го окарактеризирал како парадоксално:

Математички метод, употребен за да се објасни ваквото равенство, бил развиен многу подоцна. Почнувајќи во 1890 година, Ернесто Чезаро, Емил Борел и други математичари строго ги испитувале постоечките методи за утврдување на сумата на дивергентните редови, вклучувајќи и нови толкувања на Ојлеровите обиди. Многу од овие методи за пресметка на сумата на редот 1 − 2 + 3 − 4 + ... лесно доведуваат до решение еднакво на 14. Сумирањето по Чезаро е еден од неколкуте методи коишто не врши сумирање на 1 − 2 + 3 − 4 + ..., така што редот е пример за којшто е потребен многу поприкладен метод, како на пример Абеловото сумирање. (Дознајте повеќе...)

Седмица 40, 26.9.2016 - 2.10.2016

Историја на отомански Цариград — периодот од заземањето на Цариград од страна на Османлиите на 29 мај 1453 година до распаѓањето на Отоманското Царство во 1922 и преместувањето на главниот град на Турција во Анкара на 13 октомври 1923 година.

Скоро пет века Цариград или Цариград бил главен град на големата држава која опстојувала како резултат на освојувањата на турските султани. Границите на Отоманското Царство опфаќала три континенти - Европа, Азија и Африка. Некогашниот анички град на бреговите на Босфор повторно се претворил во политички и економски центар од глобално значење. Цариград постепено ја вратил својата стара слава од пред Крстоносните војни и многу бргу станал голем трговски центар. Како една од главните причини за овој голем подем на градот била стратешката географска положба како мост меѓу Азија и Европа.

Во градот се наоѓало и седиштето на калифатот преку кое градот станал важен рлигиозен центар во муслиманскиот свет, а овде продолжила да опстојува и Цариградската патријаршија како центар на христијанскиот православен народ. Во градот била помешена културата на Селџуците, Византијците, Арапите и Персијците. Ова ознаувало дека во градот живеело население од различен етнички и религиозен карактер. Градот најголем развој имал за време на владеењето на Сулејман Величествениот, додека пак во времето на Мехмед III се почувствувал мал пад поради поразите на империјата во војните во Европа. По смртта на Ахмед I во градот речиси немало изградба на нова џамија или некои позначајни градби. Влошувањето на економската ситуација довело до стагнација на културата и науката и зголемување на влијанието на западните сили во сите сферите на животот на империјата и нејзиниот главен град. (Дознајте повеќе...)

Седмица 39, 19.9.2016 - 25.9.2016

Молња — моќен ненадеен тек на електрична искра (електростатичко празнење) придружено со татнеж или гром кои се слушаат за време на бурата. Празнењето ќе се движи низ електрично наелектризирани области во самите кумулонимбуси, или од еден облак до друг облак, или меѓу облак и површината на Земјата. Наелектризираните облсти во атмосферата се ослободуваат од полнежот преку молњите или електричните празнења, често нарекувани удар на гром доколку погоди некој предмет или живо суштество на површината. Постојат три основни видови на молњи, во самиот облак (СО), од облак до облак (ОО) и меѓу облак и Земја (ОЗ). Иако молњите секогаш се придружени со звук на татнеж, оддалечените молњи можат да бидат видени но не и слушнати.

На Земјата, честотата на молњите е 40–50 празнења во секунда или приближно 1,4 милијарди празнења годишно, и со просечно времетраење од 30 микросекунди. Вообичаениот блесок на молња од облак до површината на Земјата кулуминира со создавањето електрично спроводлива плазмен канал низ воздухот со висина од 5 км, од внатрешноста на облакот па сè до површината на Земјата. Процесот кој се одвива при крајната фаза е доста сложен процес.

Молњите најчесто се создаваат кога топол воздух се меша со поладни воздушни маси, што доведува до нарушувања кои ја поларизираат атмосферата. Но истите можат да се случат и при песочни бури, шумски пожари, торнада, вулкански ерупции, дури и при студовите во зима,тогаш молњата се нарекува снежна молња. Ураганите вообичаено создаваат молњи најчесто во дождливите делови оддалечени 160 км од центарот.

Науката која се занимава со проучување на молњите се нарекува фулминологија, а стравот од молњите се нарекува астрафобија. (Дознајте повеќе...)

Седмица 38, 12.9.2016 - 18.9.2016

Марио Манџукиќ (хрватски: Mario Mandžukić; р. 21 мај 1986 во Славонски Брод) — хрватски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на хрватската репрезентација. Покрај тоа што е познат како плодоносен стрелец, тој е познат и по неговиот извонреден придонес во одбраната и неговата моќ во воздушните двобои.

Манџукиќ ја започнал својата кариера во Марсонија од родниот Славонски Брод, од каде што се преселил во два загрепски клуба: најпрво во НК Загреб, а потоа и во Динамо Загреб во 2007 година. Како член на Динамо Загре бил најдобар стрелец во Прва ХНЛ во сезоната 2008-09. Благодарение на неговите стрелачки способности, во 2010 година извршил трансфер во редовите на Волфсбург. По одличното учество на Евро 2012, на коешто со три погодоци бил на делба на првото место на најдобар стрелец, Манџукиќ потпишал за Бајерн Минхен. Во неговата прва сезона во клубот, тој освоил три трофеи: Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампиони; притоа, тој станал првиот Хрват кој постигнал погодок во финале на Лигата на шампиони. Во 2014 година, Манџукиќ го напуштил Бајерн Минхен и потпишал за Атлетико Мадрид, а една сезона подоцна преминал во редовите на Јувентус за 19 милиони евра.

На репрезентативно ниво, Манџукиќ дебитирал за Хрватска во ноември 2007 под водство на Славен Билиќ. Оттогаш, забележал повеќе од 65 репрезентативни настапи и учествувал на три големи натпреварувања: европските првенства во 2012 и 2016, и светското првенство во 2014 година. Тој бил избран за Хрватски фудбалер на годината во 2012 и 2013 година.

Во Хрватска е познат по прекарот Манџо, меѓутоа за време на Европското првенство 2012 година со својте одлични настапи го заработил прекарот Супер Марио по истоимениот херој од видеоиграта. (Дознајте повеќе...)

Седмица 37, 5.9.2016 - 11.9.2016

Фленсбургслободен град (kreisfreie Stadt) во северниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, северна Германија. Зад Кил и Либек е трет најголем град во Шлезвиг-Холштајн, најголем град во областа Шлезвиг и најсеверен слободен град во Германија. Фленсбург се наоѓа на крајот на Фленсбуршкиот Фјорд и на северната граница на полуостровот Ангелн.

Како средиште на данското малцинство во Јужен Шлезвиг, Фленсбург зел водечка улога за признавање на националните малцинства по референдумското изјаснување во 1920 година и по објаснувањето помеѓу Бон и Копенхаген во 1955 година, содржејќи многу дански институции. Од не толку мал дел од околу 90.000 жители, покрај германскиот и данскиот јазик, се говорат и долногерманскиот и дијалектот пету.

Во рамките на Германија, градот е познат по службата за патен сообраќај, чие седиште е во градот, Фленсбуршкото пиво и ракометниот клуб РК Фленсбург-Хандевит. Поранешните главни носители на растот во XIX и XX век како трговијата со рум и воената настава, со поморската школа Фленсбург-Мирвик, денес играат незначителна улога. Од големо значење за градот се граничниот туризам, Фленсбуршкото пристаниште со историското пристаниште и бродоградилиштето, како и 8.600 студенти на Високата школа Фленсбург и Европскиот универзитет Фленсбург.

Во мај 1945 година, Фленсбург бил место на последната влада на Нацистичка Германија, т.н. Фленсбуршка влада предводена од Карл Дениц, кој владеел од 1 мај (смртта на Хитлер) една недела додека германската војска не се предала и градот бил окупиран од сојузничките сили. Режимот бил официјално распуштен на 23 мај.

Најблиски поголеми градови се Кил (86 км на југ) и Оденсе во Данска (92 км на североисток). Центарот на градот се наоѓа 7 километри од данската граница. (Дознајте повеќе...)

Седмица 36, 29.8.2016 - 4.9.2016

Шаховска олимпијада — меѓународно шаховско натпреварување, кое се одржува под покровителство на ФИДЕ. На натпреварувањето може да учествуваат машки и женски репрезентации од земји, кои се членки на ФИДЕ.

Турнирот се одржува на секои две години, а бројот на земји-учеснички не е ограничен. Градот-домаќин се одредува на седница на ФИДЕ. На еден турнир се одвиваат натпреварите во машка и натпреварите во женска конкуренција, а вообичаено се организираат и додатни настани, чија главна цел е популаризација на шахот.

Првата официјална шаховска олимпијада се одржала во 1927 година во Лондон, а сè до 1939 година, натпреварувањето било наречено „турнир на нациите“. Во овој период, турнирот не бил одржуван редоследно. Од 1950 година, настанот се одржува на секои две години.

Победничкиот пехар во машка конкуренција е познат и како „Хамилтон-Раселов пехар“ и е посветен на англискиот мецена Фредерик Хамилтон Расел, а се доделува уште од 1927 година. Во женска конкуренција, победничкиот пехар е наречен „Менчиков пехар“, во чест на првата светска првенка, Вера Менчик.

Досега се одржани 38 шаховски олимпијади, а најмногу победи во обете конкуренции има репрезентацијата на Советскиот Сојуз, 18 во машка и 11 во женска конкуренција. (Дознајте повеќе...)

Седмица 35, 22.8.2016 - 28.8.2016

Јадрено цепењејадрена реакција или процес на радиоактивно распаѓање, при кој атомско јадро со голема маса се цепи на помали делови (полесни јадра). Притоа честопати се добиваат слободни неутрони и фотони (во вид на гама-зрачење), а истовремено се ослободува голема количина енергија.

Јадреното цепење на тешки елементи е откриено на 17 декември 1938 г. од Ото Хан и неговиот помошник Фриц Штрасман, а теоретски ја објаснила Лиза Мајтнер со внукот Ото Роберт Фриш во јануари следната година. Името на овој процес му го дал Фриш според простата делба на клетката. Цепењето е егзотермна реакција при која можат да се ослободат големи количества енергија и како електромагнетно зрачење и како кинетичка енергија на деловите (загревање на материјата). За цепењето да резултира со ослободување енергија, вкупната енергија на сврзување на добиените елементи мора да биде понегативна (повисока) од онаа на почетниот хемиски елемент.

Цепењето е вид јадрена трансмутација поради тоа што добиените хемиски елементи се разликуваат од првобитниот атом. Двете нови јадра имаат мали разлики во големината, со однос меѓу масите 3:2 кај честите фосилни изотопи. Најголемиот дел од јадрените цепења се бинарни (се расцепуваат два наелектризирани дела), но повремено (2-4 пати од 100), се добиваат три нови (позитивно наелектризирани) јадра со третично цепење. Големината на најмалото од нив се движи меѓу онаа на протон и јадро на аргон. (Дознајте повеќе...)

Седмица 34, 15.8.2016 - 21.8.2016

Топкапи-сарајмузеј во Истанбул, Турција. Овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиското Царство во периодот помеѓу 1456 до 1853 година. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мранорното Море, близу црквата „Света Софија“. Во 1853 година, султанот Абдул Меџит I ја преместил својата резиденција во Долмабахче.

Дворецот претставувала истовремено седиште односно резиденција на султанот, центар на империјата и место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот. Во времето кога империјата била во своите најдобри години, во дворецот живееле над 4.000 луѓе. Самиот комплекс е поделен на четири дела или четири дворови со голем број на помали објекти како на пример џамија, болница, пекарница и ковачница. Изградбата започнала во 1459 година, по наредба на султанот Мехмед II по заземањето на Цариград. Првично дворецот бил познат како Јени-сарај или Нов дворец, за да се разлилува од Ески-сарај или Стар дворец. Името Топкапи (топовска порта), го добил според павилјонот кој се наоѓал на брегот. Целиот комплекс бил прошируван постојано со текот на годините, а како најголеми биле по земјотресот од 1509 година и по пожарот од 1665 година. Денес, објектот претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Топкапи-сарај претставува едно од најголемите туристички атракции на градот.

Во 1985 година дворецот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, како најдобар пример за османлиска градба од овој вид. (Дознајте повеќе...)

Седмица 33, 8.8.2016 - 14.8.2016

Летни олимписки игри — меѓународен повеќеспортски настан првпат одржан во 1896 г., кој се приредува на секои четири години од страна на Меѓународниот олимписки комитет. На секој натпревар се доделуваат медали, при што златен медал за прво место, сребрен за второ и бронзен за трето — традиција која започнала во 1904 година. Зимските олимписки игри се создадени поради успехот на дотогашните летни игри.

Олимписките игри прераснале од настан со 42 дисциплини и 250 учесници — од мажи од 14 земји до настан со 300 дисциплини преку 10.000 натпреварувачи од 205 земји. Организаторите на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг очекувале присуство на 10.500 спортисти во 302 дисциплини.

Пет држави — Грција, Австралија, Франција, Велика Британија и Швајцарија — учествувале на сите одржани олимписки игри. Единствената земја која освоила златен медал на сите Летни олимписки игри е Велика Британија, од едно злато во 1904, 1952 и 1996 година па сè до 56 златни медали во 1908 година. (Дознајте повеќе...)

Седмица 32, 1.8.2016 - 7.8.2016
Знаме на Крушевската Република
Знаме на Крушевската Република

Крушевска Република (313 август 1903) — востаничка месна власт во времето на Илинденското востание. По ослободувањето на Крушево, 3 август 1903, била воспоставена востаничка власт, организирана врз републиканско-демократски и револуционерни начела, под претседателство на Никола Карев, началник на Горското началство – воена власт на слободната територија.

Највисок орган на цивилната власт бил Советот на месната револуционерна власт што се состоел од 60 членови. Советот избрал Привремена управа од 6 члена: Вангел Дину (претседател и одговорен за судството), Ѓорѓи Чаче (реквизиција), Теохар Нешков (финасии), Христо Ќуркчиев (градоначалник и одговорен за редот и за безбедноста), Димитар Секулов (прехрана) и Никола Баљу (санитет).

Во текот на своето десетдневно постоење Владата организирала револуционерен суд за кривични и за граѓански предмети, поштенска служба, санитетска служба со болница, леарница за куршуми, производство на востаничка опрема, бил распишан данок и започнало собирање доброволни прилози, извршена е риквизиција на предмети и објекти за потребите на востаничката власт и за одбраната на градот, претпријатијата биле национализирани, биле изработени неколку црешови топчиња, биле преземени мерки за фортификациско утврдување на градот за одбрана.

Со декларација (позната како Крушевски манифест) било повикано муслиманското население од околните села да остане мирно. (Дознајте повеќе...)

Седмица 31, 25.7.2016 - 31.7.2016
Житни полиња и лозја во Гевгелиско
Житни полиња и лозја во Гевгелиско

Земјоделство — значајна стопанска дејност во Македонија која учествува со 11% во вкупниот БДП на земјата. Вкупните земјоделски површини сочинуваат 12 од територијата на Македонија, при што 14 се обработливи, а 14 се пасишта или во бројки вкупната земјоделска површина изнесувала 1 271 400 хектари во просек за 2001-2005 година. Вредноста на откупот од вкупното земјоделско производство изнесувала над 13,7 милијарди денари или 215 милиони евра во 2014 година.

Погодните почвени терени односно поставеноста на тереност и составот на почвите, благата клима и водите (заедно со вкупните годишни врнежи) овозможуваат широк дијапазон и разновиден состав на земјоделското производство според полјоделските култури и според видовите добиток. Дополнително, Македонија има и изразито поволен релјеф, со котлини оградени со високи планини кои имаат огромни површини на обилни и бујни квалитетни пасишта за напасување на секаков вид крупен и ситен добиток и кои што воедно богато и обилно ги напојуваат рамнините во котлинските дна со вода од бројните водотеци, потоци, реки и топењето на снегот и истовремено ги заштитуваат од силни ветрови и воздушни влијанија, што пак нуди извонредно добри можности за развој на обемно и напредно полјоделство и сточарство, како и лозаро-овоштарство.Од поледелските култури најмногу се застапени: житните - зрнести растенија (пченица, пченка, 'рж, јачмен и овес); грозје (винова лоза); овошје; градинарски култури и др. (Дознајте повеќе...)

Седмица 30, 18.7.2016 - 24.7.2016

Кристофер „Крис“ Фрум (англиски: Christopher Froome; р. 20 мај 1985 во Најроби) — британски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.. Иако роден во Кенија и израснат во ЈАР, од пролетта 2008 вози под британска лиценца на основа на неговиот пасош и татковина на неговиот татко и дедо. Сметан како силен искачувач по планините и солиден специјалист за хронометри, Фрум обично се натпреварува за генералниот пласман.

На Тур де Франс 2012 ја освоил седмата етапа, која завршувала на стрмна нагорнина, пред минатогодишниот првак Кедел Еванс и колегата Бредли Вигинс. На крај, Фрум завршил втор во генералниот пласман зад Вигинс, со што тие станеле првите британски возачи, кои успеале да дојдат на подиум во историјата на Тур де Франс. Фрум исто така бил трет зад Вигинс и ја освоил бронзата на хронометарот на Летните олимписки игри 2012 во Лондон. Негова прва победа на етапна трка била во 2013, на Трката околу Оман, следена од победите на Критериум Интернационал, Тур де Романди, Критериум ду Дофине и Тур де Франс.

Како бранител на титулите, ја започнал 2014 повторно со победа на Трката околу Оман и повторна победа на Тур де Романди. Откако се повлекол од Тур де Франс 2014, се вратил со второто место на Вуелта а Еспања. Во 2015 година по втор пат ги освоил Критериум ди Дофине и Тур де Франс. (Дознајте повеќе...)

Седмица 29, 11.7.2016 - 17.7.2016

e — единствен реален број, чијашто функција ex има иста вредност на наклонот на тангентата за сите вредности на x. Појасно, единственте функции, кои се еднакви на сите свои изводи се во облик Cex, каде C е константа. Функцијата ex е наречена експоненцијална функција и нејзината инверзна функција е природниот логаритам или логаритам со основа e. Бројот e е обично дефиниоран како основа на природниот логаритам (со примена на интеграл е дефинирано подоцна) како гранична вредност на секоја низа или како збир на сите редови (видете прикажување на е).

Бројот e е еден од најважните броеви во математиката, паралелно со додатните и мултипликативни идентитети 0 и 1, константата π и имагинарната единица i.

Бројот e понекогаш се нарекува „Ојлеров број“, по името на швајцарскиот математичар Леонард Ојлер. (e не треба да се меша со γ – Ојлер-Маскерониевата константа, понекогаш наречена Ојлерова константа.)

Бројот e е трансцендентен и поради тоа ирационален, односно неговата вредност не може да се пресмета во ограничен број на децимали или пак во децимали кои се повторуваат. Бројчената вредност на e, заокружена на 20 децимали е 2,71828 18284 59045 23536…. (Дознајте повеќе...)

Седмица 28, 4.7.2016 - 10.7.2016
Вестминстерската палата наутро
Вестминстерската палата наутро

Вестминстерска палата — здание во Лондон, Англија, во чиј состав се наоѓаат градбите на Парламентот на Обединетото Кралство, Домот на Лордовите (Горен дом) и Општинскиот дом (Долен дом). Дворецот се наоѓа на левиот брег на реката Темза, во регионот на Вестминстер, близу до државните згради на Вајтхол.

Палатата се состои од околу 1.100 простории, 100 скалишта и ходници, долги 4,8 km. Првите делови од градбата биле Вестминстерската сала, која била изградена околу 1097 година и Кулата на Скапоценостите, која била изградена околу 1365 година. Вестминстерската сала, денес се користи за повеќе државни церемонијални настани како што се изложувањата на посмртни останки.

Надзорот на Вестминстерската палата и нејзината околина со векови биле задача на управникот на кралскиот имот, кој бил назначен директно од кралското семејство. Во согласност со кралската власт, во 1965 година, надзорот го презеле двата дома. Сепак, одредени простории за церемонии продолжиле да бидат под контрола на управникот на кралскиот имот.

По пожарот во 1834 година, сегашниот дом на парламентот се градел повеќе од 30 години. Обновената градба била дело на архитектот Сер Чарлс Бери и неговиот помошник Огастес Велби Пјуџин. Планот ги вклучувал и Вестминстерската сала и остатоците од капелата Св. Стефан. Дознајте повеќе...

Седмица 27, 27.6.2016 - 3.7.2016
„Термитска реакција“ се користи за заварување на железничките пруги
„Термитска реакција“ се користи за заварување на железничките пруги

Хемиска реакција — процес во кој едни хемиски соединенија се претвораат во други. Во реакција можат да стапат и хемиски елементи. Хемиските реакции обично вклучуваат промени во хемиските врски во молекулите или кристалите. За време на една хемиска реакција се менуваат својствата на производите добиени од таа реакција во однос на реактантите кои влегувале во реакцијата. Реактантите и производите се учесниците во хемиската реакција. За хемиски реакции не се сметаат физичките процеси при кои доаѓа до промена само на физичката состојба, како на пример топење или испарување, дифузија, мешање на чисти супстанци и смеси во јадрените реакции, при кои елементите се трансформираат едни во други.

Обично реакциите се состојат од многу сложена последователност на поединечни чекори, т.н. елементарни реакции, кои сите заедно ја образуваат целосната реакција. Информациите за целосната последователност на чекорите го чинат механизмот на реакцијата. За опишување на хемиските реакции се користи хемиска равенка при што реактантите, производите и понекогаш важните меѓупроизводи се претставуваат графички и се поврзуваат со реакциона стрелка.

Елементарните реакции и механизмите на реакцијата можат да се поделат на различни групи. Елементарните реакции го опишуваат распадот на една молекула на две или обратно, синтеза на два атома или молекули во едно. Механизмите на реакција обично се делат според типот на промената на супстанците кои стапуваат во реакција. Ако се менува оксидациониот број, тогаш зборуваме за оксидација и редукција. (Дознајте повеќе...)

Седмица 26, 20.6.2016 - 26.6.2016
Поглед на центарот на Лајпциг
Поглед на центарот на Лајпциг

Лајпциг (германски: Leipzig) или Липск (горнолужички: Lipsk) — еден од двата најголеми градови (заедно со Дрезден) во сојузната покраина Саксонија, во Германија. Лајпциг се наоѓа околу 200 километри јужно од Берлин на устието на реките Вајсе Елстер, Плајсе и Парте на јужниот крај од Северногерманската Низина.

Лајпциг отсекогаш бил трговски град, кој за време на Светото Римско Царство се наоѓал на раскрсницата на Вија Регија и Вија Империи, два важни трговски патишта. Едно време, Лајпциг бил еден од големите европски центри за образование и култура на полињата, како што се музика и издаваштво. По Втората светска војна, Лајпциг станал голем урбан центар во рамките на комунистичката Германската Демократска Република, но неговата културна и економска значајност опаднала.

Подоцна, Лајпциг играл значајна улога во поттикнувањето на падот на комунизмот во Источна Европа, со настаните, кои се случиле во и околу црквата Свети Никола. Со повторното обединување на Германија, Лајпциг бил подложен на значајни промени со обнова на некои историски градби, рушење на други и развој на современа сообраќајна инфраструктура. Лајпциг има многу институции и можности за култура и одмор, вклучувајќи го фудбалскиот стадион, кој бил домаќин на некои меѓународни натпревари, оперската куќа и зоолошката градина. (Дознајте повеќе...)

Седмица 25, 13.6.2016 - 19.6.2016
Шопен во 1835 г.
Шопен во 1835 г.

Фредерик Шопен (1810-1849) — полски композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била Полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.

Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата, но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како пијано сонатата, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика. (Дознајте повеќе...)

Седмица 24, 6.6.2016 - 12.6.2016
Внатрешност на базиликата „Св. Петар“
Внатрешност на базиликата „Св. Петар“

Папска базилика „Свети Петар“ — базилика која се наоѓа во Ватикан. Базиликата е посветена на апостол Петар и е најголемиот христијански храм во светот, кој може да собере и до 60.000 верници. Базиликата претставува „мајка-црква“ на Римокатоличката црква и се смета за едно од најсветите христијански места во светот. Во христијанскиот свет, таа е опишана како седиште на сите цркви и како најголема од сите цркви во христијанството. Според католичкото верување, во базиликата е погребан апостол Свети Петар, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос, и според традицијата тој се смета за прв епископ на Рим, односно во подоцнжената традиција и прв папа на Римокатоличката црква.

Според христијанските верувања, во базиликата се наоѓа Гробот на Свети Петар, непосредно пред олтарот во базиликата. Поради оваа причина, многу од папите биле погребувани на тоа место уште од времето на раното христијанство. Првата градба на црквата била изградена во текот на 4 век, односно во времето на Константин Велики. Целосната реконструкција и скоро целиот денешен изглед, базиликата го добила во периодот од 18 април 1506 до 18 ноември 1626 година. (Дознајте повеќе...)

Седмица 23, 30.5.2016 - 5.6.2016
Црвена точка во z насока како максимум за параболоидна функција на (x, y) влезни единици
Црвена точка во z насока како максимум за параболоидна функција на (x, y) влезни единици

Математичка економија — примената на математичките методи во економските теории и во анализата на проблемите презентирани во економијата. Овозможува формулирање и деривација на клучните врски во теоријата со неколку одлики како јасност, севкупност, едноставност и строга определба. Обично, применетите математички методи се однесуваат на оние посложените функции за разлика од едноставната геометрија, односно сложени методи како диференцијални и интегрални пресметки, диференцијална равенка, матрици, математичко програмирање и други пресметковни методи.

Математиката им овозможува на економистите да оформат значајни и предлози подложни на испробување за многу широко распространети и сложени теми кои не можат неформално соодветно да бидат изразени. Понатаму, математичкиот јазик им дава да оформат јасни, точни и позитивни тврдења за контроверзните или спорните теми, што инаку би било невозможно. Голем дел од економската теорија е моментално претставена преку математичко-економски модели, збир на стилизирани и упростени математички врски кои ги појаснуваат претпоставките и следствата. (Дознајте повеќе...)

Седмица 22, 23.5.2016 - 29.5.2016
Шопен во 1835 г.
Шопен во 1835 г.

Фредерик Шопен (1810-1849) — полски композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била Полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.

Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата, но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како пијано сонатата, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика. (Дознајте повеќе...)

Седмица 21, 16.5.2016 - 22.5.2016

Седмица 20, 9.5.2016 - 15.5.2016

Седмица 19, 2.5.2016 - 8.5.2016
Географска распространетост на шкотскиот јазик во Шкотска.
Географска распространетост на шкотскиот јазик во Шкотска.

Шкотски јазик (Gàidhlig [ˈkaːlikʲ] ( слушнете)) — јазик од групата на гојделски јазици во состав на келтското јазично семејство, што го прави различен од британските јазици каде се наоѓаат велшкиот, корнскиот и бретонскиот. Шкотскиот, манскиот и гелскиот се сите потомци на средноирскиот јазик, кој пак потекнува од староирскиот јазик и примитивниот ирски јазик. Во англискиот јазик овој јазик е именуван како шкотски гелски, за да се разликува од нецелосно признатиот германски шкотски јазик кој потекнува од староанглискиот.

Шкотскиот јазик се развил во посебен јазик во XII век заедно со останатите гојделски јазици. Овој јазик станал доминантен јазик и ги заменил претходните јазици како камбрискиот, пиктскиот и во одредени делови, староанглискиот.

Денес не постојат историски записи кои би потврдиле точно колку долго се зборувал шкотскиот јазик во Шкотска, но се тврди дека се зборувал во старата јазична форма уште пред подемот на Римското Царство. Не се постигнала согласност по ова прашање во научната јавност, но се поврзуваат фактите за постоењето на кралството Далријада во IV век и со негово проширување кон Алстер и западна Шкотска и со тоа се проширил јазикот. Понатаму, јазикот опстоил преку Господарот на Островите, географски и културен насленик на кралството Далријада кој контролирал делови од Алстер сè до 1500 г. Дознајте повеќе...

Седмица 18, 25.4.2016 - 1.5.2016
Двоичен часовник со светлечки диоди за изразување на двоичните вредности. На овој часовник, секоја колона диоди прикажува бинарно-кодиран декаден број од вообичаеното шеесетеречно (сексагезимално) време.

Двоичен броен систем (бинарен броен систем) — броен систем кој изразува бројчени вредности користејќи два симбола: 0 и 1, обично по пат на положбен запис со основа 2. Овој систем е од суштинско значење кај сите современи сметачи заради неговата примена во секое дигитално струјно коло со логички порти.

Историски, за творец на двоичниот броен систем се смета индискиот математичар Пингала, кој разработил математички начин на претставување на прозодијата. Оттогаш, се вршени различни проучувања и подобрувања на истиот, а во 1679 година, Готфрид Лајбниц дошол до неговиот современ облик, објавувајќи го во написот „Објаснение за двоичната аритметика“ (Explication de l'Arithmétique Binaire). Во него систем, тој за првпат ги употребил цифрите 0 и 1, исто како во современиот систем.

Еден двоичен број може да се претстави со било која низа на битови (двоични бројки), кои пак можат да се претстават со било кој механизам што може да биде во заемно исклучителни состојби. Бројчената вредност зависи од вредноста што ја претставуваат симболите. (Дознајте повеќе...)

Седмица 17, 18.4.2016 - 24.4.2016
Нилски коњ
Нилски коњ

Нилски коњ — голем, претежно тревојаден африкански цицач, еден од двата преживеани видови од семејството на нилските коњи (другиот преживеан вид е пигмејскиот нилски коњ). Тој е најтешкиот претставник од парнокопитните животни.

Нилскиот коњ е полуводно животно, кое живее во реките и езерата на потсахарска Африка во групи од 5 до 30 нилски коњи. Преку денот ја одржува температурата седејќи во вода или во кал. Парењето и породувањето се одвиваат во вода. Во квечерината излегуваат од вода за да се хранат. Додека се во вода, нилските коњи седат во групи (и до 40 единки), а пасењето е самотна активност.

И покрај нивната физичка сличност со свињите, нивните најблиски роднини сепак се животните од семејството на китовите (китови, делфини итн). Заедничкиот предок на нилскиот коњ и китот се одвоил од останатите копитари пред околу 60 милиони години. Најстарите пронајдени фосили кои спаѓаат во родот Кенијапотам датираат од пред 16 милиони години.

Нилскиот коњ е лесно препознатлив по телото со облик на буре, огромната уста и заби, кратките набиени нозе и кожата без крзно. По големина е сличен на белиот носорог, само слонот е многу поголем од него. И покрај големината, нилските коњи се доста подвижни. На кратки растојанија можат да трчаат и 48 км/ч, што е побрзо од олимписки спринтер. Ова животно е едно од најагресивните животни во Африка. Денес се смета дека има помеѓу 125.000 и 150.000 нилски коњи во потсахарска Африка, од кои 40.000 во Замбија и Танзанија, со најголема популација од 20.000 до 30.000 единки. Овој вид сè уште е загрозен од ловокрадството поради нивното месо и забите, како и од уништувањето на нивното природно живеалиште. (Дознајте повеќе...)

Седмица 16, 11.4.2016 - 17.4.2016

Алберто Контадор Веласко (шпански: Alberto Contador Velasco; р. 6 декември 1982) — шпански професионален велосипедист, еден од петте возачи, кои имаат победено на сите три Гранд Тур во друмскиот велосипедизам. Тој бил победник на Тур де Франс 2007 со екипата Дискавери Канал. Со екипата Астана ги освои Џиро д’Италиа 2008, Вуелта а Еспања 2008 и Тур де Франс 2009. Исто така, првично го освоил и Тур де Франс 2010 со оваа екипа и Џиро д’Италиа 2011 со екипата Саксо Банк-СанГард, но овие титули му биле одземени откако се покажал виновен по обвинувањата за допинг. Потоа, повторно ја освоил Вуелта а Еспања 2012. Алберто Контадор Веласко (шпански: Alberto Contador Velasco; р. 6 декември 1982) — Контадор често е сметан како најдобриот специјалист за искачување и најдобар возач на етапни трки во светот. Познати завршници на етапи на нагорнина се победите на Алто де Ел Англиру на Вуелта, Плато де Бел на Тур и Етна на Џиро. Откако се очекувало да го изгуби неговото мало водство на Тур де Франс 2007 на завршниот индивидуален хронометар, Контадор станал подобро на хронометрите, со неколку победи во оваа дисциплина. Тој ја заработил оцената како универзален возач, велосипедист кој посветил внимание на сите делови од етапното тркање, кои се потребни за остварување високи пласман во генералните пласмани.

Кариерата на Контадор е обележана со неколку обвинувања за допинг. Случајот „Операција Пуерто“ ја довела неговата екипа ONCE (целосно неповрзана екипа со моменталната екипа Астана) да се откаже од Тур де Франс 2006 пред тој да започен. На крајот било одлучено дека тој немал никаква врска со случајот, но бил повторно обвинет за допинг по неговата победа на трката следната година. (Дознајте повеќе...)

Седмица 15, 4.4.2016 - 10.4.2016
Керамички предмети.
Керамички предмети.

Насканска култура — развиена култура на тлото на Јужна Америка, поточно на територијата на денешно Перу. Таа напредувала од I до VIII век покрај сушниот јужен брег на Перу во речната долина од пресушената Рио Гранде де Наска и во долината Ика. Поради влијанието од претходната Паракаска култура која била позната по сложените ткаенини, во насканската култура била создадена палета прекрасни уметнички дела и техники како керамика, текстил и геоглифи (најчесто познати како наскански линии). Тие исто така изградиле и величествен систем на подводни аквадукти, познати како пукиоси, кои и денес се функционални.

Општеството на раната насканска култура била составена од локални поглаварства и регионални центри на моќ кои биле центрирани околу Кахуачи, што претставувало неурбано церемонијално место на ридчиња и брегови. Теориите кои потекнуваат од различни ископувања на Кахуачи се претпоставува дека местото било дом на обреди и гозби кои биле поврзани со земјоделството, водата и плодноста.

Поради екстремната природа на околната животна средина не постои сомневање дека поголем дел од религиозните верувања на Наска се однесувале на плодноста и земјоделството. На голем дел од уметноста од Наска се прикажуваат моќни природни богови како: мистичниот кит убиец, жетварите и мистичната дамчеста мачка, змиулестото суштество и најзастпената од сите обожувани фигури, антропоморфичното мистично суштество. Наските се најпознати по насканските линии, кои се геоглифи со прикази на различни геомтериски и стилски фигури. (Дознајте повеќе...)

Седмица 14, 28.3.2016 - 3.4.2016

Борис Сарафов (1872–1907) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, водач на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и член на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ, една од контроверзните личности во македонското ослободително дело.

По завршувањето на основното образование во родното село и Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, се запишува во Военото училиште во Софија, заедно со Гоце Делчев, и учествува во социјалистичка група. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белогратчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во македонското движење, собира и обучува чета. Во т.н Мелничко востание го напаѓа градот Мелник. Се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во Санкт Петербург (септември 1895), но по 4 месеци се враќа во Софија.

Често патува по Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци. Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на Македонската колонија во Санкт Петербург. Тој ги помага и солунските гемиџии.

Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на востанието. По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (1905) е обвинуван за злоупотреби, испраќање на сарафистички чети, примање на пари од српската и бугарската влада, но е амнестиран. Во ВМОРО настанува расцеп.н Сарафов и Иван Гарванов се задгранични претставници. Осудени од Серскиот револуционерен округ, тие се и убиени во Софија. (Дознајте повеќе...)

Седмица 13, 21.3.2016 - 27.3.2016

Шагринска кожа (француски: La Peau de chagrin) — роман од францускиот романописец и драматург Оноре де Балзак, издаден во 1831 година. Дејството, сместено во почетокот на XIX. век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен, кое има моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија. Романот припаѓа на „Философските студии“, група од Балзаковата романорека, „Човечка комедија“.

Иако романот користи фантастични елементи, главната цел му е реално прикажување на прекумерноста на буржоаскиот материјализам. Главната тема на книгата е конфликтот помеѓу желбата и долговечноста, каде што волшебната кожа ја претставува моќта на својот сопственик, која се троши со секое изразување на желба, особено кога станува збор за самото поседување на моќ.

Пред да биде завршена книгата, Балзак пробудил возбуда со тоа што издал серија статии и фрагменти во неколку париски весници. Иако задоцнил пет месеци во доставување на ракописот, тој успеал да привлече доволно интерес со што романот се распродал веднаш по неговото издавање. Второ издание, кое содржело серија од дванаесет други „философски сказни“, било издадено еден месец подоцна. (Дознајте повеќе...)

Седмица 12, 14.3.2016 - 20.3.2016

Хелсинкиглавен и најголем град во Финска. Се наоѓа во регионот Усима, сместен во јужниот дел на Финска, на брегот на Финскиот Залив, дел од Балтичкото Море. Хелсинки има 616.042 жители во самиот град, додека во пошироката област живеат 1.176.976 жители (31 декември 2012 г.) и метрополитенско население од 1,4 милиони, правејќи го најголем град и урбана област во Финска. Хелсинки се наоѓа на 80 километри северно од Талин, Естонија, 400 километри североисточно од Стокхолм, Шведска и 300 километри западно од Санкт Петербург, Русија. Хелсинки имал слична историја со овие три града и е многу поврзан со нив.

Метрополитенската област на Хелсинки го вклучува урбаното јадро на Хелсинки, Еспо, Ванта, Каунијаинен и околните градови. Претставува најсеверната метрополитенска област со над еден милион жители во светот, а Хелсинки е најсеверниот главен град на земја членка на Европската Унија. По Копенхаген и Стокхолм, тој е третиот најголем град во нордиските земји.

Хелсинки е главен политички, образовен, финансиски, културен и истражувачки центар на Финска, како и еден од поголемите градови во северна Европа. Околу 70% од странските претпријатија во Финска имаат седиште во областа Хелсинки. Во соседниот град Ванта се наоѓа Хелсиншкиот аеродром, со чести врски до различни одредишта во Европа и Азија.

Во истражување на списанието „Економист“ во август 2012 година за најдобрите и најлошите градови за живеење, Хелсинки го зазел осмото место. Во 2011 година, списанието Monocle го сместил Хелсинки за најдобар град за живеење во светот според неговиот индекс на градови. (Дознајте повеќе...)

Седмица 11, 7.3.2016 - 13.3.2016
Шопен во 1835 г.
Шопен во 1835 г.

Фредерик Шопен (1810-1849) — полски композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била Полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.

Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата, но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како пијано сонатата, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика. (Дознајте повеќе...)

Седмица 10, 29.2.2016 - 6.3.2016

ФК Јувентуситалијански фудбалски клуб од градот Торино, Пиемонт. Јувентус е трет најстар фудбалски клуб во земјата и со исклучок на една сезона, ја има поминато целата своја историја во првата италијанска лига (позната и како Серија А од 1929 година).

Клубот бил основан во 1897 година како Спортски клуб Јувентус од страна на група на млади студенти од Торино, а меѓу нив и човекот кој бил нивниот прв претседател, Еугенио Канфари, како и неговиот брат Енрико. Тие се автори на ова друштво, управувано од страна на индустриското семејство Ањели уште од 1923 година, што претставува најстаро спортско партнерство во Италија. Со тоа, „Јувентус“ бил првиот професионален клуб во земјата. Со текот на времето, клубот станал симбол на нацијата, што се должело на нивната долга традиција на успех. Во текот на 1930-тите, период во кој „Јувентус“ освоил рекордни пет последователни титули во првенството, клубот доживеал огромен напредок во поглед на бројот на неговите навивачи, со што станал првиот тим во Италија кој имал обожаватели од разни краишта на земјата. Исто така, „Јувентус“ бил идентификуван од страна на италијанскиот народ во тоа време како „тим кој го претставува целото население“ или „тимот на Италија“, како што го нарекувале во втората половина на 1920-тите. Ова седолжи, меѓу другото, и на придонесите на клубот во италијанската фудбалска репрезентација, при што, почнувајќи од втората половина на 1920-тите години, клубот постојано давал играчи кои играле одлучувачка улога во државните репрезентации на светските првенства во 1934, 1982 и 2006 година. „Јувентус“ има најголем број навивачи во Италија и, во тој поглед, тој е еден од најголемите тимови во целиот свет. Поддршката за Јувентус особено е распространета во земјите со значајно присуство на италијанска дијаспора. (Дознајте повеќе...

Седмица 9, 22.2.2016 - 28.2.2016
Фердинанд I
Фердинанд I

Фердинанд Сакс-Кобург-Готски (германски: Ferdinand Maximilian Karl Leopold Maria von Saxe-Coburg und Gotha, 26 февруари 1861 г. во Виена - 10 септември 1948 г. во Кобург) — кнез во периодот од 1887 г. до 1908 г. и цар на Бугарија во периодот од 1908 г. до 1918 г.

Тој бил син на принцот Август Сакскобургготски и на принцезата Клементина Бурбонско-Орлеанска, ќерка на последниот француски крал Луј-Филип. По падот на Стефан Стамболов и Мелничкото востание кнезот Фердинанд бил признаен за законит владетел. На 14 февруари 1896 година во Софија бил миропомазан бугарскиот престолонаследник, а потоа уследило признавање на Фердинанд од Русија и западноевропските држави. На 22 септември 1908 во црквата Свети Четириесет маченици се одржала грандиозна верска свеченост на која била прогласена независноста на Бугарија, а Фердинанд I бил прогласен за „Цар на Бугарите“ со што била возобновена титулата од Првото и Второто Бугарско Царство. На крајот од Првата светска војна, Фердинанд знаел каков ќе биде односот на сојузничките сили и ги надитрил сите за не им овозможи срамно да биде соборен. На 3 октомври 1908 г. абдицирал во корист на својот најстар син Борис.

Остатокот од животот го поминал во прогонство, живеејќи во градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарија, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил. (Дознајте повеќе...)

Седмица 8, 15.2.2016 - 21.2.2016

Розетен прозорец или розета (се употребува и катерински прозорец) — поим во архитектурата, кој се објаснува како кружен прозорец, вграден во црквите изградени во готски стил, кој обично е поделен со шпросни или орнамент. Поимот „розетен прозорец“ не се употребувал пред 17. век, а според Оксфордскиот речник на англискиот јазик, потекнува од англискиот збор rose, со значење роза.

Поимот „прозорец-тркало“, исто така се употребува, но најчесто за оние прозорци кои се поделени со едноставни пречки, кои се оковани и ротираат во средината на прозорецот, додека пак „розетниот прозорец“ се однесува на оние прозорци, кои имаат посложена градба и кои по својот изглед наликуваат на роза со многу ливчиња. Кружниот прозорец без орнамент, којшто е карактеристичен за многу цркви во Италија е познат како окуларен прозорец.

Розетните прозорци се делумна одлика на готската архитектура и може да се забележат во сите големи катедрали во северна Франција, изградени во готски стил. Се смета дека потеклотона овие видови на прозорци е постаро, па розетните прозорци може да се најдат во различна форма во средновековните градби. Сепак, улогата во христијанските цркви на розите се намалила, но идејата за изградба на цркви со рози повторно оживеала во 19. век, со развојот на неоготската архитектура. Оттогаш, розите станале популарни и биле вградувани во многу цркви во светот. (Дознајте повеќе...)

Седмица 7, 8.2.2016 - 14.2.2016

Збиено ѕвездено јатотопчест збир од ѕвезди кои кружат околу галактичкото јадро како сателит. Збиените јата се мошне цврсто сврзани од гравитацијата, кој и всушност им го дава нивниот топчест облик и релативно големите густини на ѕвезди во нивното средиште.

Збиените ѕвездени јата кои можат да се најдат во ореолот на галаксијата, содржат многу ѕвезди и се мошне постари од помалку густите расеаните ѕвездени јата, кои можат да се најдат на дискот. Збиените ѕвездени јата се доста чести, до денес се познати над 150 збиени јата во Млечниот Пат, и можно е да има уште 10 до 20 кои сè уште не се забележани. Поголемите галаксии можно е да имаат повеќе ѕвезден јата (на пример, Андромеда можно е да има и до 500 ѕвездени јата). Некои џиновски елиптични галаксии, особено оние од средиштето на галактичките јата, како што е M87, имаат и до 13.000 збиени ѕвездени јата. Овие јата кружат околу галаксијата на големи полупречници, 40 килопасеци (приближно 131.000 сг.) или повеќе.

Секоја галаксија која има доволно маса во Месната Група има придружна група од збиени ѕвездени јата, и скоро секоја галаксија која е истражувана забележано е дека поседува збиени ѕвездени јата. Џуџестата елиптична галаксија Стрелец и оспорената џуџеста галаксија Големо Куче се во процес на оддаање на сопствените збиени ѕвездени јата (како што е Паломар 12) на Млечниот Пат. Ова укажува на тоа дека можно е повеќето од збиените ѕвездени јата се прибавени на ваков начин во минатото. (Дознајте повеќе...)

Седмица 6, 1.2.2016 - 7.2.2016

Тигар (науч. Panthera tigris) — црвеникаво жолто-кафена пругава голема мачка распространета во шумите, пасиштата и мочуришните делови на источна Русија, јужна Азија, Суматра и некои помали делови во Кина.

Тигарот живее самотно, лови ноќе, а омилен плен му се цицачите со средна големина, како на пример елените.Нивната големина, бојата и формата на пругите се определени со местото и во зависност од подвидовите. Јужните тигри, како што е бенгалскиот тигар (P. tigris tigris) е помал во големина и има значително посветли бои отколку тигрите распространети на север, како што е реткиот сибирски тигар (P. tigris altaica). Мажјаците растат до височина поголема од 1 метар, достигнувајќи должина од 2,2 метри, не сметајќи ја опашката со должина од 1 метар, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 килограми. Тигарот живее околу 11 години.

Упорното користење на делови од телото на тигарот за правење различни тоници или лекови, независно од доказите за нивна неефикасност, се должи на вкоренетата стравопочит кон овие мачки што со милениуми ги инспирирале луѓето. Иако заштитени во меѓународни рамки, тигрите се вбројуваат во сериозно загрозените видови. Имено, само во последното столетие, нивната популација се редуцирала за повеќе од 90%, додека два подвидови се сметаат за исчезнати. (Дознајте повеќе...)

Седмица 5, 25.1.2016 - 31.1.2016

Византиска морнарица — збирен поим за поморските сили на Византија. Како и на царството кое ја користело, таа била директно продолжување на традицијата на римската морнарица, но имала голема улога во одбраната и зачувувањето на државата за разлика од нејзиниот претходник. Додека флотите на обединетото Римско Царство се соочувале со поголеми морски закани, функционирајќи како полициска силабиле мошне послаби во моќ и престиж од легиите, морето било пак од голема важност за опстанокот на источниот дел на царството, па така некои научници ја нарекуваат и „поморско царство“.

Првата закана за Рим во Средоземјето била заканата од вандалите во V век, но нивната закана била отстрнета во војните на Јустинијан I во VI век. Воспоставувњето на постојано одржувана флота и воведувањето на дромонот галија во тој период го означува моментот кога византиската морнарица почнала да се одвојува од нејзините римски корени и да развива сопствен карактеристичен идентитет. Овој процес ќе се забрза со започнувањето на муслиманските освојувања во VII век. По загубата на Левант а подоцна и Африка, Средоземното Море било трансформирано од „римско езеро“ во поморско боиште меѓу византијците и арапите. Во овие борби, византиската флота била критична, не само за одбранатa на далечните поседи на царството околу Средоземјето, туку и за одбивање на нападите на главниот град. Иако употребата на штотуку измислениот „течен оган“, најстрашното и најпознатото оружје на византиската морнарица, и токму со ова оружје Цариград бил спасен од опсади и во бројни поморски битки биле извојувани победи. (Дознајте повеќе...)

Седмица 4, 18.1.2016 - 24.1.2016

Чајпијалак кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Зависно од начинот на преработка на чајните листови, постојат четири главни вида на чај (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузи од овошки или билки (како шипинка, камилица, или ѓогулан) кои не содржат Camellia sinensis. Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis.

Според една позната кинеска легенда, Шенунг — легендарниот кинески цар, изумител на земјоделството и кинеската медицина, околу 2737 п.н.е. пиел врела вода кога ветрот дувнал и неколку листови од блиското дрво паднале во чашката, па течноста почнала да ја менува бојата. Љубопитниот монарх пробал од новонастанатиот пијалак и пријатно се изненадил од вкусот и закрепнувачките својства. Друга варијанта на легендата вели дека царот на себеси ги опитувал лековитите својства на растенијата, од кои некои биле отровни, и увидел дека чајот делува како противотров. (Дознајте повеќе...)

Седмица 3, 11.1.2016 - 17.1.2016

Прва балканска војна — воен конфликт помеѓу Османлиското Царство и членките на Балканскиот сојуз: Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора. Војната започнала на 26 септември (9 октомври по нов стил) 1912 година и завршила на 17 мај (30 мај по нов стил) 1913 година со победа на сојузниците.

Сојузничката победа ставила крај на петвековната османлиската доминација на Балканскиот Полуостров и поделба на Македонија помеѓу победниците. Османлиското Царство ги изгубила своите територии на полуостровот, со исклучок на еден тесен појас на северниот брег на Мраморното Море. Останатиот дел на Тракија заедно со источна Македонија потпаднале под бугарска власт. Српската војска ги освоила Косово, северозападна Македонија и во други области, Грција - Епир, бројни острови во Егејското Море и југозападна Македонија до Солун, а веднаш по Лондонскиот мировен договор е создадена независна албанска држава, меѓутоа барањето на Албанците за обединување на сите територии каде што тие живееа во една политичка единици останало не реализирано.

Антагонизмот и претензиите над Македонија помеѓу балканските држави довеле до раскинување на Балканскиот сојуз и започнување на Втората балканска војна. Според Карнегиевата анкета, причини за започнување на Првата балканска војна биле: военото и политичкото ослабување на Османлиското Царство, угнетувањето на христијаните, неуспешната борба на Македонската револуционерна организација, противречностите помеѓу големите сили и стремежот на балканските држави за завладување на нови територии. (Дознајте повеќе...)

Седмица 2, 4.1.2016 - 10.1.2016
Шопен во 1835 г.
Шопен во 1835 г.

Фредерик Шопен (1810-1849) — полски композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.

Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското војводство. Мајка му била Полка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-годишна ворзаст се разболил од туберкулоза.

Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и тие се сметаат дека припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничка виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата, но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како пијано сонатата, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика. (Дознајте повеќе...)

Седмица 1, 28.12.2015 - 3.1.2016

Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
Месечина
Свети Јосиф  • Албанија  • Џорџ Орвел
Линебург  • Алехандро Валверде  • Тур де Франс 2019  • Брзина на светлината  • Свети Климент Охридски  • Одржлива енергија  • Договор за неширење на јадрено оружје  • Инвазивен вид  • Отпад од храна  • Последици од глобалното затоплување
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски тела  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики  • Обединета Ерменија  • Реброносци  • Казахстан  • Средновековна Романија
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермат  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC-транспортер  • Хосе де Сан Мартин
Оноре де Балзак  • Гравитациски бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи-сарај  • Јадрено цепење  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
Безјеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносна распределба  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаоски јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
Фердинанд I • Историја на христијанството • Старогрчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадејра • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска Државна Заедница • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хосе Раул Капабланка • Фердинанд I
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Цариград (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
Кочо Рацин • Светско првенство во фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
Евтини приказни