Пијалак

течност предвидена да се пие од човек

Пијалак (погрешно: пијалок) — течност, специјално припремена за човечко конзумирање. Пијалаците може да се поделат на разни групи како што се чиста вода, алкохол, безалкохолни пијалаци, газирани пијалаци, овошен или зеленчуков пијалак на пример како што е лимонадата. Покрај тоа што ги задоволуваат основните потреби, пијалаците се дел од културата на човечкото општество.

Алкохолни пијалаци

Алкохолни пијалаци

уреди

Алкохолниот пијалак е вид на пијалак кој содржи етанол, исто така познат како алкохол (иако во хемискиот термин алкохол подразбира многу други смеси). Пивото било дел од човечката култура дури од пред 8000 години.[1] Во многу земји, пиењето алкохолни пијалаци во локалните барови или пабови е културна традиција.[2]

Безалкохолни пијалаци

уреди

Под овој поим се подразбира пијалак кој воопшто не содржи алкохол. Меѓутоа, покрај водата како главна состојка, содржи засладувачи и ароми. Во газираните пијалаци спаѓаат: лимонада, ладни чаеви, топла чоколада, сода вода итн. Ова се пијалаци кои не содржат алкохол или го содржат во многу мали количини. Во оваа категорија спаѓаат и безалкохолни пива, вино и јаболкова ракија, ако содржат помалку од 0,5 % алкохол.

Производството на пијалаци во Македонија

уреди
Најголеми претпријатија за производство на пијалаци во Македонија во 2019 година (според приходот)[3]
Претпријатие Приход (во мил. денари)
Пивара Скопје 5 350,38
Прилепска пиварница 1 946,08
Винарска визба Тиквеш 1 784,78
Кожувчанка 767,05
Когинг-Горска 462,83
Најголеми претпријатија за производство на пијалаци во Македонија во 2019 година (според бројот на вработени)[4]
Претпријатие Број на вработени
Пивара Скопје 371
Прилепска пиварница 266
Винарска визба Тиквеш 198
Пелистерка 144
Кожувчанка 143
Магрони 122
Визба Валандово 119
Струмичко Поле 94
Кватро 82
Кодинг - Горска 79
Риго Импекс 71
Визиана 61
Повардарие 55
Сковин 55
Имако вино ексклузив 54
Бовин 50
Грозд Струмица 50
Винарија Стоби 44
Гама Винери 42
Попова Кула 37

Во 2019 година, во Македонија имало 156 претпријатија за производство на пијалаци. Од нив, 9 биле големи, 16 средни, 34 мали, а 97 биле микропретпријатија. Притоа, 72 претпријатија се занимавале со производство на вино, 54 претпријатија произведувале освежителни пијалаци и вода, 19 се занимавале со дестилирање алкохолни пијалаци, 7 произведувале пиво, 3 произведувале други недестилирани, ферментирани пијалаци, а едно претпријатие произведувало слад. Дури 50 претпријатија имале седиште во Скопје, 16 биле сместени во Кавадарци, 11 во Неготино, по 7 во Велес и во Штип, а по 6 во Битола, во Гевгелија и во Струмица. Во 2019 година, најголемите 20 претпријатија оствариле приход од 14 милијарди денари, а 64% од нив биле остварени во најголемите три претпријатија. Добивката на најголемите 20 претпријатија во 2019 година изнесувала 1,45 милијарди денари. Најпосле, овие 20 претпријатија вработувале 2 137 работници. Според приходот, добивката и бројот на вработените, најголемо претпријатие за производство на пијалаци е „Пивара Скопје“ која во 2019 година остварила приход од 5,3 милијарди денари и добивка од 981,4 милиони денари, а имала 371 вработен. Второто најголемо претпријатие во оваа индустрија е „Прилепска пиварница“, која во 2019 година имала приход од 1,9 милијарди денари и имала 266 вработени. Третото најголемо претпријатие е ВВ „Тиквеш“, со приход од 1,78 милијарди денари, добивка од 166,4 милиони и 198 вработени. Најпосле, меѓу петте најголеми претпријатие биле и „Кожувчанка“ (со приход од 767 милиони денари) и „Кодинг - Горска“ (со приход од 462,8 милиони денари). Индустријата за производство на пијалаци учествува со 4,03% во вкупното индустриско производство на Македонија. Во јули 2020 година, просчената нето-плата во претпријатијата за производство на пијалаци изнесувала 30 191 денар и била за 10,8% поголема од просечната плата во Македонија.[5]

Најголеми претпријатија за производство на пијалаци во Македонија во 2019 година (според добивката)[4]
Претпријатие Добивка (во мил. денари)
Пивара Скопје 981,44
Винарска визба Тиквеш 166,40
Грозд Струмица 38,96
Магрони 30,88
Кожувчанка 29,14
Риго импекс 27,43
Визба Валандово 26,97
Далвина 26,71
Имако вино ексклузив 24,79
Прилепска пиварница 20,02
Милев ГД Тиквеш 15,03
Струмичко Поле 13,70
Бовин 8,64
Кодинг - Горска 7,13
Кватро 7,11
Пелистерка 6,40
Езимит 5,92
Визиана 5,73
Бистрица 4,73
Центро-Фрута 4,04

Пијалаците како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди

Пијалаците во книжевноста

уреди

Пијалаците во народното творештво

уреди
  • „Вино пијам ем ракија“ - македонска народна песна.[7]

Пијалаците во популарната музика

уреди
  • „Кој ми го истури пивото“ (англиски: Who spilt my beer) — песна на британската панк-рок група „Адиктс“ (The Adicts).[8]
  • „Шише виски“ (англиски: Whiskey Bottle) — песна на американската рок-група „Анкл Тупело“ (Uncle Tupelo).[9]
  • „Лош пијалак“ (англиски: Bad Liquor) — песна на американската рок-група American Music Club од 1988 година.[10]
  • „Ода за моето омилено пиво“ (англиски: Ode to my favorite beer) — песна на американската група „Бејсхед“ (Basehead) од 1992 година.[11]
  • „Бокал полн со бурбон“ (англиски: Jockey Full Of Bourbon) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[12]
  • „Придржи ми го пијалакот“ (англиски: Hold My Liquor) - песна на американскиот рапер Kanye West од 2013 година.[13]
  • „Кока кола“ (англиски: Koka Kola) — песна на англиската рок-група „Клеш“ (The Clash) од 1979 година.[14]
  • „Страв и виски“ (англиски: Fear and Whiskey) — музички албум на англиската рок-група „Меконс“ (The Mekons) од 1985 година.[15]
  • „Потоци од виски“ (англиски: Streams of Whiskey) — песна на ирската рок-група „Поугс“ (The Pogues) од 1984 година.[16]
  • Сок од портокал“ (англиски: Orange Juice) — шкотска рок-група.[17]

Наводи

уреди
  1. Arnold, John P (2005). Origin and History of Beer and Brewing: From Prehistoric Times to the Beginning of Brewing Science and Technology (Reprint. изд.). BeerBooks.com.
  2. Hamill, Pete (1994). A Drinking Life: A Memoir. New York: Little, Brown and Company. ISBN 978-0-316-34102-8.
  3. „Апсолутна неизвесност во работењето - главен проблем за производителите на пијалаци“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 88.
  4. 4,0 4,1 „Апсолутна неизвесност во работењето - главен проблем за производителите на пијалаци“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 87.
  5. „Апсолутна неизвесност во работењето - главен проблем за производителите на пијалаци“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 86-87.
  6. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 39.
  7. Засекогаш со нас - 22 незаборавни песни/Forever with us - 23 unforgettable songs, CD 071, Мистер компани, 2003.
  8. YouTube, The Adicts- Who Spilt My Beer? (пристапено на 29.12.2016)
  9. YouTube, Whiskey Bottle Uncle Tupelo (пристапено на 5.12.2016)
  10. Discogs, American Music Club ‎– California (пристапено на 20.4.2021)
  11. Basehead - Ode To My Favorite Beer (пристапено на 14.12.2016)
  12. DISCOGS, Tom Waits ‎– Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)
  13. Discogs, Kanye West – Yeezus (пристапено на 15.4.2021)
  14. DISCOGS, The Clash ‎– London Calling (пристапено на 9.5.2020)
  15. www.discogs.com (пристапено на 21.8.2017)
  16. YouTube, The Pogues - Red Roses For Me (FULL ALBUM) (пристапено на 22.8.2017)
  17. Discogs, Orange Juice (3) (пристапено на 22 март 2021)