Прогонство
Прогонство[1][2] или егзил[3][4] (заемка од латинскиот Exilium = протеран во туѓа земја) — збор кој означува отсуство на лице или група луѓе од сопствената родина поради прогон или протерување од државата или поради неподносливи услови за живот во нивната земја што предизвикува иселување.
Значи, прогонството е поврзано со ограничувања на слободниот развој на лицето во матичната земја. Наспроти прогонот во сопствената земја, на новото одредиште, нема ограничувања или санкции за личните слободи од владата на земјата одговорна за егзилот.
Доброволно прогонство
уредиИсто така, постои поимот доброволно прогонство, кој опишува претежно политички мотивирано заминување од земјата поради страв од сериозна казна, комбинирано со намера за невраќање во татковината.
Историја
уредиВо човечката историја, прогонството било применето многу рано како облик на казна. Понекогаш поранешните челници на власта (често диктатори) завршуваат во прогонство во друга земја.
Азил
уредиВо многу земји, прогонетите можат, под одредени услови, да добијат политички азил на барање, што е правен статус кој одговара на дозвола за престој и законски штити од испраќање во нивната татковина од која бегаат.