Микроекономија
Микроекономија е дел од економијата кој се занимава со проучување како поединците, домаќинствата и компаниите донесуваат одлуки за алокација на ограничените ресурси[1], посебно на пазарите каде стоките или услугите се продаваат или купуваат.
Микроекономијата испитува каков ефект имаат овие одлуки и однесувања врз понудата и побарувачката на добра и услугите, кои ги одредуваат цените, и како цените, обратно, ја одредуваат понудата и побарувачката на стоките и услугите.[2][3]
Од друга страна пак, Макроекономијата ја испитува збирната економска активност, одсликана преку економскиот раст, инфлацијата и невработеноста. Исто така ги проучува и политиките кои се обраќаат на овие проблеми.[2][4] Посебно после Лукасовата Критка, голем дел од макроекономската теорија има микроекономски фундаменти.
Едена од целите на микроекономијата е да ги анализира механизмите на пазарот кој ги воспоставува релативните цени на стоките и услугите како и алокација на ограничените ресурси и нивното алтернативно искористување.
Микроекономијата го анализира пазарниот неуспех, каде што пазарот не успева ефикасно да ги лоцира ограничените ресусрси. Исто така микроекономијата ги опишува теоретските потребни услови за совршена конкуренција. Помеѓу позначајните полиња на истражување и проучување во микроекономијата се: еквириблиум, асиметрични информации, примена на теоријата на игрите во економијатa, еластичноста на понудата и побарувачката итн.
Претпоставки и дефиниции
уредиТеоријата на понудата и побарувачката претпоставува постоење на совршена конкуренција. Од ова се заклучува дека на пазарот постојат многу купувачи и продавачи, и никој од нив не може значајно да влијаае врз цените на разните добра и услуги на пазарот. Во реалноста, оваа претпоставка не е исполнета бидеќи некогаш се случува продавачот и купувачот или групи на продавачи и купувачи значајно да влијаат на цените.Доста често, се бара софистицирана анализа за да се разберат понудата и побарувачката на едно добро, но во поедноставни ситуации теоријата сепак помага.
Mainstream? економистите не претпостауваат дека учесниците би се организирале вонпазарно. Всушност многу од анализата е посветена на случаи кога пазарниот неуспех води до неоптимална алокација на ретките ресурси според некој определен стандард (примерот со автопатите е класичен, автопатите се корисни за сите, но за никој поединечно не се довлнно за да плаќа за нивна изградба). Таквите случаи економистите се обидуваат да ги решат преку воведување на разни политки со кои ќе ги доведат поединците да работат за општото добро, односно за оптимално искористување на ретките ресурси. Овие се проучува во полето на колективна акција. Под оптимална благосостојба вообичаено се мисли на Парето ефикасност.
Побарувачката на разни добра и услуги се смета како резултат на процесот за максимизирање на корисноста. Толкувањето на оваа врска помеѓу цената и количината е дека при зададени услови(пазарна цена, личен доход и сл.), потрошувачот го избира она кое нему му е најпотребно односно го прави најсреќен.(се мисли на субјективна корисност на индивиудата, а не на корисност за било кој)
Состојби на фирмата
уредиСе претпоставува дека сите фирми се рационални во своите одлуки и дека ќе произведат онаа количина на производи со која имаат најмногу профит. При овие претпоставки, има четири категории во коишто профитот на фирмата може да се земе предвид:
- За фирма се вели дека остврарува економски профит кога просечните вкупни трошоци се помалце од цената на секој дополнителен производ на даденото ниво на аутпут(производство).
- За фирма се вели дека остварува нормален профит кога економскиот профит изнесува 0. Тоа е така кога вкупните просечни трошоци се еднакци на цената на секој дополнителен производ при даденото ниво на производство.
- Ако цената се наоѓа помеѓу вкупните просечни трошоци и вкупните варијабилни трошоци тогаш се смета дека фирмата е во загуба но треба да продолжи да работи. Тоа е така поради фиксните трошоци, така што ако фирмата прекине со работа ќе има поголема загуба отколку ако продолжи да работи, а пак ако продолжи ќе покрива дел од фиксните трошоци и дел од варијабилните трошоци.
- Ако цената на производот е под просечните варијабилни трошоци, фирмата треба да затвори, во таа ситуација фирмата се наоѓа во точка на затворање. Во тој случај загубите се намалуваат единствено преку затворање на фирмата, бидеќи било кое ниво на производство нема да донесе доволно средства за да се покријат фиксните трошоци и дел од варијабилните трошоци. Со непроизведувањето фирмата како трошок ги има само фиксните трошоци, и во тој случај фирмата е во неповолна ситуација и треба да одлиучи дали ќе остане на пазарот.
Пазарен неуспех
уредиВо микроекономијата пазарен неуспех, не значи дека одреден пазар прекинал со функционирање. Всушност пазарен неуспех, е ситуација во која одреден пазар неефикасно го организира производството или неефикасно ги алоцира добрата и услугите. Економистите овој термин го применуваат во ситуации кога има драматично неефикасно алоцирање на добрата и услугите, или кога има препораки дека некои други институции можат поефикасно да ги алоцираат ресурсите. Од друга страна пак, политичарите го користат зборот пазарен неуспех кога механизамот на пазарот не работи за јавниот интерес.
Четирите вида или причини, за пазарен неуспех се:
- Mонополите или други видови на злоупотреба на пазарната сила каде што "еден учесник на пазарот може значајно да влијае врз цените или производството". Ваквата пазарна злоупотреба се регулира со антитрустовски регулации.[5]
- Екстерналии, се случува кога пазарот не го зема предвид влијанието на активностите на неговите учесници врз аутсајдерите. Има позитивни и негативни екстерналии[5].Пример за позитивна екстерналииа е образованието, имено активноста на образовните институции покрај тоа што им носи доход на образовните институции исто така и има позитивен ефект врз целата држава. Пример за негативна екстерналиа е кога некоја компанија ја загадува околината, и со тоа влијае врз учесниците надвор од пазарот. Екстерналииите се регулираат преку владина контрола, даноци, субвенции или преку сопственички права кои ќе ги принудат компаниите да го земаат предвид загадувањето.
- Јавни добра се добра чие користење не е возможно да биде ексклузивно на едно лице, и од чие користење некои лица не можат да се исклучат. Такви примери се јавното зеленило, националната одбрана[5], јавното здравство и др. На пример едно лице не може да се исклучи од одбранбениот систем на земјата, исто како што не може едно лице само да си организира одбранбен систем. За да се задоволат овие потреби, државата ги обврзува луѓето да плаќаат даноци со кои подоцна се финансираат сите тие јавни добра.
- Случаи на пазарот кога има асиметрични информации, односно несигурност или неефикасни информации.[5] Асиметричните информации постојат тогаш кога една страна во една трансакција има подобри информации од другата страна. На пример продавачите на половни автомобили, знаат една кола дали служела како приватно возило или како такси, но ако таа значајна информација не му биде достапна на купувачот тогаш постојат асиметрични информации. Вообичаено продавачот знае повеќе за производот од купувачот, но не е секогаш така, на пример во случајот на продажба на полиси за животно осигурување, купуачот на полисата има подобри информации за сопственото здравје отколку продавачот.
Терминот асиметрични информации првпат го употребил Џорџ Акерлов во статијата Пазарот на лимони од 1970. Во истата статија, Акерлов, забележал дека во пазарите каде постојат асиметрични информации цената на добрата има тендеција да паѓа, дури и за тие добра со добар квалитет. Тој го објаснува тоа со несигурноста на купувачот, купувачот не знае дали доброто ќе биде од добар квалитет или од лош квалитет и следствено сите добра ги вреднува пониско.
Опортунитетен трошок
уредиИако опортунитетниот трошок е тешко да се одреди, неговите ефекти се видливи, реални, и секојдневно влијаат врз одлуките на милјарди поединци. Всушност приниципот на опортунитетниот трошок се применува врз сите одлуки, не само на оние од економкса природа. Опортунитетниот трошок е основен фундамент на маргиналната теорија на вредноста.
Опортунитетниот трошок претставува еден начин да се измери вредноста на некое добро.Наместо едноставна пресметка на трошоците за еден проект, во предид се зема и алтернативното искористување на средствата. Пропуштениот профит на најдоброто алтернативно искористување на средствата се зема како опортунитетен трошок. Чест пример е како еден фармер, со засадувањето на неговата земја, ја пропушта можноста да прима рента за истата. Во тој случај ренатата е пропуштениот профит за земјата, односно опортунитетниот трошок. Трошокот на еден студент навидум е лесно да се пресмета, ќе се соберат трошоците за книги, школарина, престој, храна, превоз и слично, но секогаш треба да се земе предвид и опортунитетниот трошок. Во случајот со студентот тоа ќе биде платата што би ја зел доколку би се откажал од студирањето и би работел. Студираќи, студентот ја пропушта можноста да прима плата, која за него претставува трошок, односно опортунитетен трошок.
Треба да се забележи дека опортунитетниот трошок, не е збир на сите пропуштени вредности, туку е една вредност, вредноста на првата најдобра алтернатива за искористување на ресурсите. На пример на едно градсно земјиште е изграден парк но местото може да се искористи за болница, или спортски ценар, или паркиралиште, сите тие имаат одредена корист за градот, опортунитетниот трошок е онаа алтернатива со највисока вредност, а не збирот на сите, односно профитот од најдоходовната алтернатива.
Се поставува прашањето како се носат одлуките која алтернатива е најдобра. Најчесто тоа е преку искажување на секоја алтернатива во парична вредност, и споредување на сите, со што се доаѓа до најдоходовната алтернатива. Но тоа не е секогаш лесно, некогаш постии научна несигурност колку вреди ресурсот на пример Охридско Езеро.Има и случаи кога одлуките за проценка се невозможни, на пример парична проценка на човечки живот. Тука често доаѓа и до субјективни одлуки.
Применета микроекономија
уредиПрименетата микроекономија опфаќа разни специјализирани полиља на проучување, од кои многу се во непосредна врска со други научни дисциплини. Многу од применетата работи корисит малку повече од теорија на цени, понуда и побарувачка. Индустриската организација и регулација го испитува влезот и излезот на фирмите, иновацијата, улогата на ознаките. Правото и економиката применува микроекономски принципи при спроведување на прописите како и испитување на резултатите и нивната релативна ефикасност. Трудовата економија ги проучува платите, вработеноста, и динамиката на пазарот на труд. Јавните финансии или јавна економика, ги проучува владините даночни политики, владините трошочни политки како и ефектите од тие политики. Политичката економија ја проучува улогата на политичките институции во одредувањето на резултатите од политиките. Здравната економија ја проучува организацијата на здравниот систем, улогата на работната сила во здравството како и здравственото осигурување. Урбаната економија, ги проучува предизивиците со кои се соочуваат градовитe, како: загадување, сообраќај, урбана географија, сиромаштија. Во доменот на финансиската економија се стурктрите на инвестиционите портфолија, стапката на враќање на капиталот, економетриска анализа на ризик, и акционерското финансиско однесување. Полето на економска историја го испитува развитокот на економијата и економските институции притоа користеќи методи од економија, историја, географија, социологија, психологија и политчки науки.
Поврзано
уредиДополнителна литература
уреди- Фити, Таки: Основи на микроекономијата, универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2004.
- Олга Градишка-Теменугова: Теорија и политика на цените (микроекономкса теорија, анализа, апликација), универзитетски учебник, Економски факултет, Скопје, 2000
- Paul Krugman, Robin Wells: Microeconomics, Worth Publishers, New York, 2005
- Alan Griffiths, Stuart Wall: Intermediate Microeconomics, Theory and Applications, второ издание, Person Education Publishing, London, 2000
- Mankiw G.: Principles of Economics, Third Edition, Thomson South-Western, London, 2004.
- Stiglitz J., Walsh C.: Economics, Third Edition, Norton & Company, New York, 2002.
Наводи
уреди- ↑ Marchant, Mary A.; Snell, William M. „Макроеконмска и меѓународна политика - АНГ“. University of Kentucky. Посетено на 2007-05-04.
- ↑ 2,0 2,1 „Економски речник - АНГ“. Monroe County Women's Disability Network. Архивирано од изворникот на 2016-12-02. Посетено на 2008-02-22.
- ↑ „Речник за студии на општествени науки - АНГ“. New Mexico Public Education Department. Архивирано од изворникот на 2007-08-08. Посетено на 2008-02-22.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Речник“. ECON100. Посетено на 2008-02-22.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 „Економија од А до Ш - Economist.com - АНГ“. The Economist. Посетено на 2008-02-22.