Харфа
Харфата е инструмент за кој знаеле уште старите цивилизации. Денешната харфа датира од XIX век. Има форма на тристрана рамка. Се состои од следните делови:постамент, мост, резонантно тркало, врат, чивии. На постаментот се сместени педалите за прештимување на жиците. Вертикално на постаментот е поставен шуплив столб низ чија внатрешност поминуваат полуги што ги поврзуваат педалите со горниот дел на механизмот за прештимување, наречен мост. Дрвено и шупливо резонанто тело, поставено на косо во однос на постољето. Врат во фрома на буквата Ѕ. На него се поставени чивии на кои се прицврстени жиците. Затегнувањето или олабавувањето на жиците претставува основно штимање. Харфата има 46 или 48 жици, на кои се свири со повлекување со прстите на двете раце по жиците. Некои жици се црвени или сини со што се олеснува ориентацијата на изведувачот при свирењето. Изведувачот свири во седечка положба, поптирајќи го инструментот на рамо и колено. Првите харфи се користеле како инструменти за придружба, но со нивното усовршување стануваат дел од оркестарот. Поради богатата колористична и лирска звучност, харфата наоѓа примена во делата на Хендл, Моцар, Вагнер, Берлиоз, Дебиси, Равел и други композитори. Познати светски изведувачи на харфа се: Никола Бокса, Марсел Гранжани, Вера Дулова, Ксенија Ердели, Олга Ердели и други, а познати македонски изведувачи на харфа се: Лејла Урманова и Мерсиха Шукри.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |