Шпанска партија

шаховско отворање кое настанува со потезите 1. e4 e5 2. Sf3 Sc6 3. Lb5

Шпанска партија, позната и како Реј Лопес или Шпанско отворање е шаховско отворање кое настанува со потезите:

Шпанска партија
abcdefgh
8
a8 црн топ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
c6 црн коњ
b5 бел ловец
e5 црн пешак
e4 бел пешак
f3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Потези 1.e4 е5 2.Sf3 Sc6 3.Lb5
ЕШО C60-B99
Потекло Гетингенски ракописи, 1490
Предотворање Отворена игра
На Chess Games
1. e4 e5
2. Sf3 Sc6
3. Lb5

Шпанската партија е едно од најпопуларните шаховски отворања. Ова отворање има огромен број на варијанти кои во енциклопедијата на шаховски отворања се обележани со шифрите од C60 до C99.

Историја

уреди

Отворањето води потекло од Шпанија од 16. век. Свештеникот Реј Лопес де Сегура извршил систематски студии на ова и на други отворања во книгата Libro del Ajedrez напишана во 1561. Во негова чест, во западната литература, ова отворање најчесто се среќава под името Реј Лопес. И покрај тоа, ова отворање подробно било познато и пред анализата на Реј Лопес, како дел од Гетингенските ракописи, кои датираат од 1490. Популарна употреба на отворањето не се развила, и покрај тоа што во средината на 19. век, рускиот теоретичар Карл Јаниш повторно го вратил во употреба, покажувајќи го неговиот потенцијал. Отворањето сè уште е во активна употреба, бидејќи често отворањата со двата кралски пешаци во првиот потег се дел од партиите на велемајсторите. Адаптирано е речиси од сите шахисти во нивните кариери и многумина го играат и со бели и црни фигури.

Основа

уреди

Најосновно е дека со својот трет потег белиот го напаѓа црниот коњ на с6 кој го заштитува пешакот на е5 од нападот на коњот на f3. Може да се каже дека белиот има намера да го освои црниот пешак, играјќи 4.Lxc6 dxc6 5.Sxe5. Црниот може да одговори, играјќи 5...Dd4, образувајќи виљушка, напаѓајќи го коњот на е5 и пешакот на е4, или со 5...Dg5, напаѓајќи го коњот и пешакот на g2. Двете можности на црниот му носат враќање на материјалната рамнотежа и добра позиција. Потегот 3.Lb5 сепак е добар потег: развива фигура, подготвува рокада и создава потенцијално врзување кон црниот крал. И покрај тоа што, третиот потег на белиот нема за цел закана во скоро време, црниот може да одговори на голем број на начини. Ова отворање исто така било наречено „Шпанска тортура“, бидејќи црниот треба долго време да се бори за да обезбеди еднаквост.

Главни варијанти

уреди

Теоријата на отворањата на Шпанска партија е многу поразвиена, во однос на сите други отворња со два коња. Речиси за секој потег постојат голем број на останати продолженија и многу се истражувани подлабоко. Обично поделбата се врши во две поголеми гупи: продолженија по потегот 3...a6, кој ја престставувае Морфиевата одбрана по Пол Морфи, иако тој не бил првиот кој го одиграл тој потег.[1] Варијантите со било кој друг потег на црниот освен 3...a6 се постари и поедноставни, но Морфиевата одбрана е вообичаена и најчесто се игра.

Одбрани на црниот различни од 3...a6

уреди

Од оваа група, денес највообичаени се Берлинската и Шлимановата одбрана, како и Класичната одбрана.[2] Штајницовата одбрана била значајна и често играна на крајот на 19. и почетокот на 20. век. Ова се некои други продолженија

  • 3...g6 (Смислова одбрана или Одбрана Барнес)
  • 3...Sge7 (Одбрана козио)
  • 3...Sd4 (Б'срдова одбрана)
  • 3...d6 (Штајницова одбрана)
  • 3...f5!? (Шлиманова одбрана)
  • 3...Sf6 (Берлинска одбрана)
  • 3...Lc5 (Класична или Корделова одбрана)

Смислова одбрана

уреди

Смисловата одбрана, Одбрана со фјанкетирање или Одбрана Барнес (ЕШО C60), (3...g6) е мирен положбен систем, кој бил игран од страна на Василиј Смислов и Борис Спаски. Овој систем станал популарен во 1980-тите, кога се утврдило дека 4.c3 a6! му дава добра игра на црниот. Подоцна било дека по 4.d4 exd4 5.Lg5, белиот има предност и оттогаш оваа варијанта ретко се игра. Интересната гамбитна линија 4.d4 exd4 5.c3 била играна од страна на Александар Калифман, иако некои позиции сè уште се истражуваат.

Одбрана Козио

уреди

Одбраната Козио (ЕШО C60), 3...Sge7 е всушност старомодна и можеби најнепопуларната од варијантите во оваа група. Иако Бент Ларсен ја одиграл со успех, таа е една од најнеистражуваните варијанти во Шпанска партија.

Б'рдова одбрана

уреди

Б'рдовата одбрана (ЕШО C61), 3...Sd4 е невообичаена варијанта, која се игра со надеж да се изненади белиот и да се принуди да направи грешка во несродните позиции. Со внимателна игра, се смета дека белиот е во можност да дојде до мала предност.

Оваа одбрана била објавена во 1843 во делото Handbuch des Schachspiels на Паул Рудолф фон Билгер и била проучувана од Хенри Б'рд на крајот од 19. век. Б'рд ја играл со црни фигури најмалку 25 пати, со резултат +9=3−13 (9 победи, 3 реми, 13 порази).[3] Б'рдовата одбрана подоцна била играна неколкупати на турнирите од страна на Зигберт Тараш, Борис Спаски и Александар Халифман. Иако се игра во исклучителни случаи како изненадување, немало некој многу силен шахист како Б'рд, кој редовно ја играл.

Штајницова одбрана

уреди

Штајницовата одбрана (често именувана и како Стара Штајницова одбрана) (ЕШО C62), 3...d6 е солидна, но пасивна и ограничена. Иако омилено на првиот светски првак Вилхелм Штајниц и подоцна играна од други познати шахисти со одбрандбен стил на игра, како Емануел Ласкер, Хосе Раул Капабланка и Василиј Смислов, денес оваа варијанта ретко се игра. Белиот може да го приндуи црниот да му го препушти центарот (видете Тарашова стапица). Одложената варијанта на оваа одбрана (3...a6 4.La4 d6) му нуди на црниот повеќе шанси и е попопуларна.

Вилхелм Штајниц ја играл оваа варијанта не помалку од 21 партија, со резултат +6=3-12. Френк Маршал и Емануел Ласкер оствариле резултат +4=2-2 со црни фижгури. Александар Онишчук е подобар, со резултат +7=2-1 на меѓународните турнири.

Шлиманова одбрана

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Шлиманова одбрана 3...f5!?

Шилемановата одбрана или Јанишов гамбит (ЕШО C63), 3...f5!? е многу остра линија, со која црниот се обидува да ја отвори f-вертикалата за напад, за што жртвува пешак или два. Некои ја сметаат оваа варијанта за сомнителна и несигурна, но сепак таа се игра во врвниот шах како изненадувачко оружје. Оваа варијанта потекнува од партиите на Карл Јаниш од 1847 и понекогаш е именувана по него. Иако подоцна е именувана по германскиот правник Адолф Карл Вилхелм Шлиман (1817–1872), Шлимановата линија е играна во 1860-тите како варијанта на Корделовата одбрана (3...Lc5 4.c3 f5).

Рудолф Шпилман ја играл со црни фигури, со резултат +6=5-1, а Френк Маршал со +9=8-4. Александар Шабалов има позитивен резултат на меѓународните турнири. Тејмур Раџабов ја игра оваа варијанта, остварувајќи добри резултати, вклучувајќи и реми против Вишванатан Ананд на шаховскиот турнир во Морелија-Линарес во 2008.

Класична одбрана

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Класична одбрана 3...Bc5

Класичната одбрана или Корделова одбрана (ЕШО C64), 3...Lc5 е можеби најстарата одбрана од Шпанска партија, а и денес се игра во исклучителни случаи. Вообичаен одговор на белиот е потегот 4.c3, по што црниот мора да избере дали ќе одигра 4...f5, Корделовиот гамбит. Ова често води до мирни позиции и е повеќе со реми карактер, во однос на другите можни потези за црниот. Посолидно е 4.c3 Sf6, по што 5.0-0 0-0 6.d4 Lb6 води до Бенелушката варијанта. Основна алтернатива за белиот на 4.c3 е 4.0-0.

Вилхелм Штајниц ја играл оваа варијанта, остварувајќи резултат +5=2−4. Борис Гулко сѐ уште ја игра. Австралијанскиот велемајстор Јан Роџерс има остварено резулатат +7=4−1 на меѓуанродните турнири.

Берлинска одбрана

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Берлинска одбрана 3...Sf6

Берлинската одбрана, 3...Sf6 се смета за солидна и варијанта, која често има реми карактер, па е наречена и „Берлински ѕид[4]. Белиот победува со 56.3% во оваа варијанта, што е еднакво со шансите за победа на белиот во Шпанска партија генерално; но 37% од партиите со оваа варијанта завршуваат реми, во споредба со 30% во сите останати отворања.[5] Берлинската одбрана била играна од страна на Емануел Ласкер и други шахисти на крајот од 19. и почетокот на 20. век, кој типично играл 4.0-0 со 4...d6 во стилот на Штајницовата одбрана. Овој пристап ја изгубил својата популарност, поради неговата пасивност и целата варијанта ретко се игра. Артур Бисгер ја играл оваа варијанта со декади, но секогаш го избирал продолжението 4.0-0 Sxe4. Тогаш во 2000, Владимир Крамник ја искористи како реми оружје против Гари Каспаров во мечот за класичен светски првак, по што Берлинската одбра доживеа забележителна ренесанса; и други шахисти како Алексеј Широв, Веселин Топалов и самиот Каспаров ја применија.

Доколку третиот потег нема за цел да го земе белиот e-пешак (ако црниот го зенме, белиот ќе го врати пешакот, земајќи го црниот на e5), белиот обично рокира на пократка страна. по 4.0-0, има на располагање две солидни продоженија 4...Sxe4 или поборвбеното 4...Lc5 (Класичната Берлинска варијанта). По 4...Sxe4 5.d4 (5.Te1 Sd6 6.Sxe5 е исто така можно) Sd6 6.Lxc6 dxc6 7.dxe5 Sf5 8.Dxd8+ Kxd8, се смета дека белиот има мала предност блчагодарение на подобрата пешачка структура и лошо поставениот црн коњ. И покрај тоа, црниот има ловечка дојка и неговата позиција нема слабости, па би било тешко за белиот да изврши вистински притисок. Всушност, сите четири од партиите во мечот Каспаров-Крамник со ова отворање завршија реми.

Според кодовите во ЕШО, Берлинската одбрана е кодифицирана од C65 до С67. Кодот C65 ги опфаќа продолженијата по 4.0-0, како 4.0-0 Lc5, а кодот C66 продолженијата по 4.0-0 d6 додека C67 4.0-0 Sxe4.

Морфиева одбрана 3...a6: алтернативи на Затворената одбрана

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Морфиева одбрана 3...a6

Најиграната варијанта во Шпанска партија е Морфиевата одбрана, 3...a6, која „го поставува прашањето“ за белиот ловец. Белиот има на располагање само две добри можности: 4.Lxc6 или 4.La4. Целта на потегот 3...a6 е дека по воообичаеното повлекување на ловецот со 4.La4, црниот би ја имал можноста да го оневозможи врзувањето на неговиот коњ, играјќи ...b5. Всушност, белиот мора да внимава да не падне во стапицата Ноева арка во која црниот го заробува белиот ловец на полето b3 со напредувањето на пешаците на даминото крило на ...a6, ...b5 и ...c4.

Екол дел Рио, во неговите принципи од 1750 Sopra il giuoco degli Scacchi, Osservazioni practice d’anonimo author Modense (На шаховскатѕа игра, практични набљудувања од анонимниот моденски автор), бил првиот автор кој го вовел потегот 3...a6.[6] И покрај тоа, потегот станал популарен, откако бил игран од страна на Пол Морфи, по кого и го добила името варијантата која настанува. Штајниц не го одобрувал потегот. Во 1889, тој напишал „по принцип, ова не води до предност, туку го носи ловецот каде што сака да оди“. Мислењето на Штајниц не преовладало, па денес потегот 3...a6 се игра во над 75% од партиите кои започнуваат со Шпанска партија.

По 3...a6, најиграна линија е Затворената одбрана, којашто настанува со потезите 4.La4 Sf6 5.0-0 Le7. Алтернативни продолжениоја на затворената одбрана се:

  • 4.Lxc6 (Варијанта со размена)
  • 4.La4
    • 4...b5 5.Lb3 Sa5 (Норвешка одбрана)
    • 4...b5 5.Lb3 Lc5 (Грацка одбрана)
    • 4...Lc5 (Одложена класична одбрана)
    • 4...d6 (Одложена Штајницова одбрана)
    • 4...f5 (Одложена Шлиманова одбрана)
    • 4...Sf6 5.0-0 b5 6.Lb3 Lb7 (Архангелска одбрана)
    • 4...Sf6 5.0-0 b5 6.Lb3 Lc5 (Модерна Архангелска одбрана)
    • 4...Sf6 5.0-0 Lc5 (Милерова одбрана)
    • 4...Sf6 5.0-0 d6 (Руска одбрана)
    • 4...Sf6 5.0-0 Sxe4 (Отворена одбрана)

Варијанта со одбрана

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Варијнтата со размена по 4...dxc6

Во Варијантата со размена, 4.Lxc6, (ЕШО C68-C69) белиот ја одведува во опасност пешачката структура на црниот, со план да врши долгорочна размена на фигурите и да дојде до добиена пешачка завршница. Црниот има пријатна размена, со ловечка двојка по неа, па варијантата и не се смета за најамбициозна од страна на белиот, а поранешните светски прваци Емануел Ласкер и Боби Фишер биле успешни во нејзината примена.

По 4.Lxc6, црниот речиси секогаш одговара, играјќи 4...dxc6, иако 4...bxc6 е исто така можно. По 4...dxc6. очевидното 5.Sxe5? е слаб потег, бидејќи 5...Dd4! 6.Sf3 Dxe4+ 7.De2 Dxe2+ го остава белиот без компензација за ловечката двојка на црниот.

Има две основни линии по 4.Lxc6 dxc6. На крајот на 19. и почетокот на 20. век, Ласкер имал голем успех со продолжението 5.d4 exd4 6.Dxd4 Dxd4 7.Sxd4. Оттогаш се развиени подобри линии за црниот и оваа линија се смета за нијанса подобра за белиот. Истражувањето во базата на податоци (ограничено на партии подолги од 20 потези, при ФИДЕ рејтинг 2300+ на обата шахисти) покажува дека до позицијата по 7.Sxd4 е дојдено 20 пати од 1985-2002. резултатите за белиот се катастрофални: +0−7=13.

Флексибилниот потег 5.0-0, понекогаш е именуван Баренгтова варијанта, но Фишер ја развил варијантата како сериозно оружје во корист на белиот. За разлика од 5.d4, кое го принудува црниот да го заштити е-пешакот, што обично го прави со 5...f6, 5...Lg4, 5...Dd6 (најострата линија, подготвувајќи голема рокада), 5...De7, 5...Df6 или 5...Ld6. Ретко но можно продолжение е и 5...Le6 (или 5...Le7), со идеја ако белиот одигра 6.Sxe5, црниот да одигра 6... Dd4, со двоен удар на коњот на е5 и на пешакот на е4. Потегот ...Dd4 обично е невозможен во овие варијанти, доколку белиот рокира, бидејќи ако дамата го земе пешакот на e4, топот на е1 ја врзува и освојува дамата. И покрај тоа, со потегот 5...Le6, топот на e1 не ја освојува дамата, бидејќи ловецот го оневозможува врзувањето.

Белиот може да ја одложи размената за еден или два потега: 4.La4 Sf6 5.0-0 Be7 и сега 6.Lxc6 (Одложена размена) на пример; на почетокот ова изгледало како загуба на време, но црниот со ...Sf6 не може да го заштити пешакот со ...f6 и пешакот кој веќе е на e7 значи дека ...Ld6 би значело загуба на темпо.

Норвешка одбрана

уреди

Норвешката одбрана (именувана и како Крилна варијанта) (ЕШО C70) е агресивна, но варијанта со која се троши време. Играта продолжува со 3...a6 4.La4 b5 5.Lb3 Sa5. Целта на оваа варијанта е да се отстрани белиот ловец. Главната линија продолжува со 6. 0-0 d6 7. d4 Sxb3, но шпекулативна жртва е 6.Lxf7+?! Kxf7 7. Sxe5+, со што црниот крал е исфрлен, но со ангажирана и точна игра, црниот е во можност да ја искористи предноста од една фигура. Оваа одбрана била позната во текот на 1880-тите и била повторно воведена во 1907 од страна на Карл Шлехтер.

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Милеровата одбрана по 5...Lc5

Варијанта со комбинација од 3...a6 и ...Lc5

уреди

Грацката одбрана, Одложената класична одбрана и Молеровата одбрана го комбинираат продолжението 3...a6 со активниот потег ...Lc5. Пред еден век се верувало дека поприродно е црниот да го постави својот ловец на е7, но сепак поактивно е на с5. Белиот може да добие време, играјќи d4, по што црниот ловец ќе мора да отстапи, но ова не е секогаш важно, како што се мислело дека е некогаш.

Молеровата одбрана, 3...a6 4.La4 Sf6 5.0-0 Lc5 веќе била застарена линија во 1903, кога Данецот Јирген Милер (1873-1944) ја анализирал во Tidsskrift för Schack. Грацката одбрана, 3...a6 4.La4 b5 5.Lb3 Lc5 била анлизирана од Алоиз Финк (роден во 1910) во Österreichische Schachzeitung во 1956 и во Wiener Schach Nachrichten во 1979, но иако е логички, ова продолжение не останало популарно во 1990-тите.

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Одложената Штајницова одвбрана по 4...d6

Одложена Штајницова одбрана

уреди

Во Одложената Штјницова одбрана (именувана и како Модерна Штајницова одбрана или Нео-Птајницова одбрана) (ЕШО C72–C76), црниот го ветнува потегот 3...a6 4.La4 пред да одигра 4...d6. Можноста да се уништи врзувањето со навремено играње на потегот ...b5 му дава на црниот поголема слобода отколку во Штајницовата одбрана. Особено, во Штајницовата одбрана, белиот може да го принуди црниот да се откаже од центарот со...exd4, но во Одложената Штајницова одбрана, црниот може по желба да го одржи центарот. Најголем број од прифатливите потези на белиот овде се: 5.c3, 5.c4, 5.Lxc6, 5.d4 и 5.0-0. Острата Варијанта Сиеста настанува по 5.c3 f5, додека маневрите во партијата настануваат од 5.c3 Ld7 6.d4. Партијата е остра и по 5.Lxc6 bxc6 6.d4 или 5.0-0 Lg4 6.h3 h5. Старите линии, кои започнуваат со 5.c4 и 5.d4 не се по вкус на црниот.

Паул Керес остварил резултат +24=25−2 со црни фигури во ова отворање.

Има шест ЕШО класификации за Модерната Штајницова одбрана. Одговорите на белиот, како 5.d4, 5.Sc3 и 5.c4 се содржани во C71, додека 5.0-0 е во C72. Одложената размена, 5.Lxc6 bxc6 6.d4 е содржана во C73, додека кодовите од C74 до C76 започнуваат со 5.c3. Кодот C74 го содржи продолжението 5...Sf6, но и продолжението 5...f5 6.exf5 Lxf5 со 7.d4 или 7.0-0. Главното продолжение кое е содржано во кодот C75 е 5...Ld7 6.d4 Sge7 (Рубинштјнова варијанта). Кодот C76 го содржи продолжението 5...Ld7 6.d4 g6, со фјанкетирање на кралското крило на црниот.

Одложена Шлиманова одбрана

уреди

Одложената Шлиманова одбрана, 3...a6 4.La4 f5 не е толку популарна како регуларната Шлиманова одбрана. Таа се смета за инфериорна во однос на регуларната, бидејќи белиот може ефектно да одговори со 5.d4! exd4 6.e5.

Архангелска одбрана

уреди

Архангелската одбрана (или Одбрана Архангел) (ЕШО C78) била измислена од страна на советските теоретичари во Архангелск. Варијантата запонува со 3...a6 4.La4 Sf6 5.0-0 b5 6.Lb3 Lb7. Таа често води до остри позиции, во кои црниот се надева дека неговиот ловец на b7 ќе влијае на центарот и белиот ќе мора да ја одложува рокадата на пократка страна. Белиот има неколку можности, вклучувајќи ја онаа да изгради идеален пешачки центар со c3 и d4, заштитувајќи го e-пешакот со Те1 или едноставно развивајќи се. Архангелската одбрана е тактички оправдана од способноста на црниот на 7.Sg5 да одигра 7...d5 8.exd5 Sd4! (не 8...Sxd5, по што белиот може да дојде до предноста преку 9.Dh5 g6 10.Df3).

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Руската одбрана по 5...d6

Руска одбрана

уреди

Руската одбрана (ЕШО C79) може да се смета за одложена Штајницова одбрана. Со 3...a6 4.La4 Sf6 5.0-0 d6, црниот чека белиот да рокира, па да одигра ...d6. Ова може да придонесе црниот да ја испушти можноста да се определи за некои линии од одложената Штајницова одбрана, во кои белиот рокира на подолгата страна, иако позицијата на коњот на f6 го спречува црниот за заштита на центарот со f7-f6. Овие нијанси изгледа дека немаат големо значење денес, како што ниту одложената Штајницова одбрана, ниту Руската одбрана што не се играле во долг временски период.

Михаил Чигорин играл Руска одбрана во 1890-тите, а подоцна оваа варијанта била играна и од страна на Акиба Рубинштајн. Александар Алехин имал резултат +7=4−1 со црни фигури. Последната значајна примерна на Руската одбрана биило во 1950-тите, кога била играна од руските мајстори.

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Отворената одбрана по 8...Le6

Отворена одбрана

уреди

Во Отворената одбрана, 3...a6 4.La4 Sf6 5.0-0 Sxe4, црниот се обидува да има корист од времето кое белиот треба да го потроши за да го врати пешакот. Играта вообичаено продолжува со 6.d4 b5. Потегот 6...exd4, којшто ја чини Ришката варијанта се смета за инфериорен. Главната линија продолжува со 7.Те1 d5 8.Sxd4 Ld6! 9.Sxc6 Lxh2+! 10.Kh1! (10.Kxh2 Dh4+ 11.Kg1 Dxf2+ и реми со вечен шах) Dh4 11.Txe4+! dxe4 12.Dd8+! Dxd8 13.Sxd8+ Kxd8 14.Kxh2 Le6 (14...f5?? 15.Lg5#!) и сега завршницата се смета дека е во корист на белиот по 15.Le3 или Sd2 (но не 15.Sc3 c5!, заробувајќи го ловецот). По 6...b5, обично следува 7.Lb3 d5 8.dxe5 Le6 и материјалната предност е отстранета.

Белиот има различни можности на деветтиот потег, вклучувајќи ги и 9.c3, 9.De2 и 9.Sbd2. Класичната линија започнува со 9.c3, каде црниот може да избере меѓу 9...Sc5, 9...Le7 и агресивното 9...Lc5. Макс Еве остварил резултат +13=17–5, играјќи 9...Le7. По 9.c3 Lc5 10.Sbd2 0-0 11.Lc2, црниот мора да направи нешто против нападот на коњот на е4. Старо продолжение е 11...f5, каде по 12.Sb3 La7 13.Sfd4 Sxd4 14.Sxd4 Lxd4, белиот може да обезбеди предност со Богољубовиот потег 15.Dxd4. Наместо, многу острата La Grande Variante, која продолжува 15.cxd4 f4 16.f3 Sg3 17.hxg3 fxg3 18.Dd3 Lf5 19.Dxf5 Txf5 20.Lxf5 Dh4 21.Lh3 Dxd4+ 22.Kh1 Dxe5. Можеби најпознатата партија со оваа варијанта е СмисловРешевски, 1945 СССР-САД радио меч. Анализи од линијата штотуку биле издадени во руски шаховски магазин, па Смислов лесно ја проследил победничката линија. Решевски не ја видел анализата во магазинот, па морал да ја решава на таблата, губејќи драгоцено време за тоа. Дилвортовата варијанта (или напад), 11...Sxf2 12.Txf2 f6 13.exf6 Lxf2+ 14.Kxf2 Dxf6 се покажала како добра за црниот. Таа води до неизедначени завршници, кои се тешки за игра од обете страни. Артур Јусупов е еден од неколкуте велемајстори, кои ја применуваат Дилвортовата варијанта.

Во Нападот Хауел (ЕШО C81), 9.De2, белиот цели да игра под d-вертикалата по Td1. Партијата обично продолжува 9...Le7 10.Td1, проследено со 10...Sc5 или 10...0-0. Паул Керес понекогаш ја играл оваа линија.

Карповиот потег 9.Sbd2 ги ограничува можностите на белиот. Во мечот за светски првак од 1978 меѓу Карпов и Корчној, по 9.Sbd2 Sc5 10.c3 d4 (10...Le7 стар потег кој ја вратил својата популарност) Карпов го вовел изненадувачкиот потег 11.Sg5!?, кој бил по предлог на неговиот тренер Игор Заицев. Ако црниот го земе коњот, 11...Qxg5, белиот го враќа материјалот, играјќи 12.Df3. Оваа варијанта играла одлучувачка улопга во подоцнежниот меч за светски првак, КаспаровАнанд во 1995, кога Ананд не бил во можност успешно да се одбрани со црни фигури.

Затворена одбрана 3...a6 4.La4 Sf6 5.0-0 Le7: алтернативи на главната линија

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Затворената одбрана по 5...Le7

Во главната линија, белиот нормално го повлекува својот ловец на a4, по што вообичаено продолжене е 4...Sf6 5.0-0 Le7. Црниот сега се заканува да освои пешак со 6...b5, проследено со 7...Sxe4, па белиот мора соодветно да одговори на заканата. Обично белиот го заштитува е-пешакот со 6.Те1, со што сега белиот се заканува да освои пешак преку 7.Lxc6 и 8.Sxe5. Црниот ова обично го одвраќа, принудувајќи го белиот ловец на повлекување преку 6...b5 7.Lb3, иако можно е пешакот да се заштити и со 6...d6.

По 4...Sf6 5.0-0 Le7, најчесто видено продолжение е 6.Те1 b5 7.Lb3 d6 8.c3 0-0, по што може да се дојде до повеќе главни алтернативи:

  • 6.Lxc6 (Одложена варијанта со размена)
  • 6.d4 (Централен напад)
  • 6.De2 (Воралов напад)
  • 6.Те1 d6 (Вербахова варијанта)
  • 6.Те1 b5 7.Lb3
    • 7... Lb7 (Трајковиќева варијанта)
    • 7... 0-0 8.c3 d5 (Маршалов напад)

Одложена варијанта со размена

уреди

Одложената варијанта со размена (или Двојно одложена варијанта со размена) (ЕШО C85), 6.Lxc6, губи темпо во споредба со варијантата со размена. Како компензација, црниот коњ на f6 и ловецот на e7 не се на своите најдобри полиња. Коњот на f6 го заштитува е-пешакот и оневозможува негова заштита со f7-f6, додека ловецот на е7 е поставен некако пасивно.

Централен напад

уреди

Централниот напад (или Централна варијанта) (ЕШО C69), 6.d4 води до остра игра. Црниот може да ја одржи рамнотежата, но многу е лесно да се направи погрешен чекор.

Воралов напад

уреди

Во Вораловиот напад (ЕШО C86), белиот го игра потегот 6.De2 наместо 6.Te1. Идејата е дека дамата ќе го заштитува е-пешакот, ослободувајќи му го полето d1 слободно на топот за да го овозможи напредувањето на d-пешакот иако нема секогаш време за ова. Играта нормално продолжува со 6..b5 7.Lb3 проследено со 7...d6 или 7...0-0.

Паул Керес ја играл оваа линија неколкупати. Во поново време Сергеј Тивјаков ја има играно, како и Најџел Шорт, кој ја одиграл во мечот против Анатолиј Карпов во 1992 и ги добил и двете партии.

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Авербаховата варијанта по 6...d6

Авербахова варијанта

уреди

Во Авербаховата варијанта (C87), именувана по Јури Авербах, црниот го заштитува загрозениот е-пешак со 6...d6 наместо да го принуди белиот ловец да се повлече со потегот 6...b5. Оваа одбрана има сличности со Модерната Штајницова и Руските одбрани. Белиот го избегнува потегот ...b5 за да го спречи напредувањето и слабеењето на даминото крило, но по размена на црниот добро би му дошол слободниот простор ослободен на даминото крило. Белиот може да возврати, играјќи 7.Lxc6 bxc6 8.d4 или 7.c3 Lg4 (премногу е доцна за црниот да ја трансформира играта во некоја од линиите на Затворената одбрана, бидејќи потегот 7...b5 дозволува 8.Lc2, зачувувајќи го темпото на страната на белиот над редоследот од два потега Lb3-c2 во другите варијанти). Врзувањето привремено го оневозможува белиот да одигра d2-d4. Како одговор на тоа, белиот може или да овозможи d4 со 8.h3 Lh5 9.Lxc6 bxc6 10.d4 или да го одложи напредувањето на пешакот на d4 за наредните потези во партијата и да одигра 8.d3 проследено со маневрирање на коњот на b1 по кралското крило со Sbd2-f1-g3.

Трајковиќева варојанта

уреди

Алтернатива на потегот 7...d6 е 7...Lb7. Ова е познато како Трајковиќева варијанта. Црниот може да жртвува пешак со 8.c3 d5 9.exd5 Sxd5 10.Sxe5 Sxe5 11.Txe5 Sf4.

Маршалов напад

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Маршаловиот напад по 11...c6

Едно од најагресивните продолженија на црниот е Маршаловиот напад: по 3...a6 4.La4 Sf6 5.0-0 Le7 6.Te1 b5 7.Lb3 0-0 8.c3 црниот игра гамбит со 8...d5, жртвувајќи пешак. Главната линија продолжува со 9.exd5 Sxd5 (9...e4?!, Штајнеровата варијанта се смета за послаба) 10.Sxe5 Sxe5 11.Txe5 c6 (Маршаловите оригинални потези 11...Sf6 и 11...Lb7 се сметаат за инфериорни, но со нив се имаат постигнато добри резултати во врвниот шах, играни од страна на црниот). Црниот ќе нападне и ќе се обиде да создаде слабости на кралското крило на белиот што е разредено од заштитувачите. Првата одлука на белиот е дали да одигра d3 или d4. И во двата случаи, очигледно е дека потегот 8.c3 не е многу од помош за белиот. Нападот на црниот може да биде мирен за белиот. Како што компензацијата на црниот се сведува повеќе на позиционалното отколку на тактичкото разгледување, тешко е, а речиси и невозможно да се најде соборување, па варијантите се анализирани многу длабоко (понекогаш и до 30. потег) без тоа да е вистински детерминирано од познатиот гамбит кој го игра црниот. Маршаловиот напад е многу остар, тактички систем на отворање и белиот често избегнува да игра еден од системите во ова отворање, играјќи ги анти-Маршаловите варијанти со 8.a4 или 8.h3 наместо 8.c3.

Маршаловиот напад го вовел Френк Маршал во познатата партија против Хое Раул Капабланка од 1918 година. Во партијата Капабланка го издржал нападот на црниот и победил брилијантно. Според легендата, Маршал ја чувал оваа подготвувана иновација осум години, чекајќи ја шансата да игра против Капабланка и да ја одигра против него. Изгледа неверојатно, но и покрај, гамбитот бил одигран и претходно во неколку партии, вклучувајќи ја и онаа во Хавана, кога Маршал го одиграл потегот 8...d5, една година порано против Валтер Фрир.[7] Подобрувањата во играта на црниот биле пронајдени (Маршал одиграл 11...Sf6!?, но подоцна бил воведен и потегот 11...c6!), па Маршаловиот напад бил прифатен од многу врвни играчи како Борис Спаски, а во поново време Мајкл Адамс. Денес ова отворање не ретко се јавува во велемајсторските партии.

Затворена одбрана, главна линија: 3...a6 4.La4 Sf6 5.0-0 Le7 6.Te1 b5 7.Lb3 d6 8.c3 0-0

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Главната линија по 8...0-0

Главните линии во затворената одбрана во Шпанска партија продолжуваат со 6.Те1 b5 7.Lb3 d6 8.c3 0-0. Белиот сега може да одигра 9.d3 или 9.d4, но одамна, на ова место за вообичаен потег се смета потегот 9.h3, кој подготвува d4, притоа оневозможувајќи го непријатното врзување со ...Lg4. Ова може да се смета за главна линија во отворањето, бидејќи илјадници партии меѓу врвните велемајстори ја имале оваа позиција. Белиот се стреми да одигра d4 проследено со Sbd2-f1-g3, што би ја обезбедила контролата на пунктот e4 со ловци на отворените дијагонали и двата коњи кои се подготвени за напад на кралското крило. Црниот се обидува да го спречи овој маневар на белиот коњ, напредувајќи на даминото крило, преземајќи активности во центарот или вршејќи притисок на е4.

По 6.Те1 b5 7.Lb3 d6 8.c3 0-0, може да дојде до:

  • 9.d3 (Пилникова варијанта)
  • 9.d4 Bg4 (Богољубова варијанта)
  • 9.h3
    • 9...Sa5 (Чигоринова варијанта)
    • 9...Lb7 (Заицева варијанта)
    • 9...Sb8 (Бреерова варијанта)
    • 9...Sd7 (Карпова варијанта)
    • 9...Le6 (Колмова варијанта)
    • 9...h6 (Смислова варијанта)

Пилникова варијанта

уреди

Пилниковата варијанта, именувана по Херман Пилник, позната и како Теихманова варијанта, од партијата Теихман-Шлехтер, одиграна во Карлсбад во 1911. Белиот игра 9.d3 со намера подоцна да одигра d4 при подобра состојба на таблата. Иако d2-d3-d4 се појавува како загуба на темпо во однос на d2-d4, белиот може да биде способен да го пропушти потегот h3, враќајќи го темпото, особено ако црниот одигра ...Lb7.

Богољубова варијанта

уреди

Богољубовата варијанта е причината зошто белиот обично игра 9.h3 наместо 9.d4. По 9.d4 Lg4, врзувањето на белиот коњ на f3 е незгодно. Варијантата го добила своето име по партијата КапабланкаБогољубов, одиграна во Лондон во 1922, во која Богољубов го врзал противничкиот коњ на f3.

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Чигориногва варијанта по 11.d4

Чигоринова варијанта

уреди

Чигориновата варијанта била воведена од страна на Михаил Чигорин при преминот од 19. во 20. век и станала основна одбрана за црниот во Шпанска партија за период подолг од 50 години. Со 9...Sa5, црниот го принудува белиот ловец да ја напушти дијагоналата a2-g8 diagonal и го ослободува својот с-пешак за активности и развој на играта на даминото крило. По 10.Lc2 c5 11.d4, обично црниот продолжува со 11...Dc7, зајакнувајќи го пунктот е5 и поставувајќи ја дамата на с-вертикалата, која може да се отвори по ...cxd4. Останати потези за црниот во оваа ситуација се 11...Lb7 и 11...Sd7; последниот водигран неколкупати во 1960-тите од страна на Керес. Чигориновата варијанта ја изгубила својата популарност, бидејќи црниот мора да потроши многу време за да го врати исклучениот коњ на a5 во игра.

Чигориновата варијанта е поделена во 3 ЕШО поделби. Во C97, белиот продолжува од дијаграмот со 12.a4, 12.d5, 12.b4 или 12.Sbd2 каде белиот може да возврати со ...Le6, ...Тd8, ...Те8, ...Lb7 или ...Ld7. Во C98, белиот ја отвора играта на таблата со 12.Sbd2 Sc6 13.dxc5 dxc5. Во C99, црниот настојува замена со 12.Sbd2 cxd4 13.cxd4.

Бреерова варијанта

уреди

Брееровата варијанта била предложена од страна на Ѓула Бреер во неиздадени ракописи од 1920-тите, но документот бил пронајден и таму нема познати партии во кои Бреер ја одиграл оваа варијанта. Не е јасно како името на Бреер е поврзано со оваа варијанта, но терминологијата е издадена. Брееровата варијанта не била популарна сè до 1960-тите, кога ја прифатил Спаски, но и други. Особено е значајно што Спаски со оваа варијанта го победил Таљ во Тбилиси во 1965, а и од понатамошните партии, тој има позитивен резултат со оваа варијанта. Со 9...Sb8, црниот го ослободува с-пешакот и настојува да го префрли коњот на d7, од каде го заштитува пунктот е5. Црниот може да продолжи со ...Lb7 и ...c7-c5. Белиот може да го нападне и кралското и даминото крило. Ако белиот го утврди центарот со 10.d3, енциклопедијата на шаховски отворања тоа го има кодот C94. Многу повообичаеното продолжение 10.d4 е содржано во C95.

Заицева варијанта

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Zaitsev Variation

Заицевата варијанта (именувана и како Флор-Заицева варијанта) била проучувана од страна на Игор Заицев, кој долги години бил тренер на Анатолиј Карпов. Омилена на Карпов, Заицевата варијанта станала една од најзначајните варијанти во Шпанска партија. Со 9...Lb7, црниот се подготвува да изврши силен притисок на e4 по 10.d4 Те8 11.Sbd2 Lf8, по што играта може да стане многу остра и тактичка. Еден недостаток на оваа варијанта е тоа што белиот може да го принуди црниот да избере различна одбрана или да обезбеди реми со повторување на потезите со 11.Sg5 Tf8 12.Sf3. Иако изнуденото рано реми со бели фигури се смета за неспортско, некои од противниците на Карпов добиле предност благодарение на оваа можност.

Карпова варијанта

уреди

Карпов одиграл 9...Sd7 неколкупати во мечот за светски првак во 1990, но Каспаров направил голема предност против тоа во 18-тата партија. Потегот е солиден, но пасивен. Збунувачки, потегот 9...Sd7, исто така е наречен и Чигоринова варијанта, па во Шпанска партија има две варијанти со исто име, но потегот 9...Sa5 повеќе асоцира на Чигорин.

Колмова варијанта

уреди

Колмовата варијанта, 9...Le6 била популарна во 1980-тите, но денес ретко се игра[8].

Смислова варијанта

уреди

Смисловата варијанта (ЕШО C93) е план сличен на Заицевата варијанта. Со 9...h6, црниот се подготвува да одигра 10...Te8 или 11...Lf8 без да стравува од потегот 10.Sg5. Загубата на темпо со 9...h6 му дава на белиот доволно време да го комплетира маневарот Sbd2-f1-g3 и потегот со пешакот, исто така може да го ослаби кралското крило на црниот. Заицев може да се каже дека ја усовршил идејата на Смислов, со тоа што црниот се обидува да го сочува темпото без да одигра ...h6. Каспаров ја одиграл Смисловата варијанта во поразот против шаховскиот програм Deep Blue во втората партија од мечот одигран во 1997. Светозар Глигориќ бил најстрастениот шахист на оваа варијанта[9].

Невообичаени трети потези на црниот

уреди

Ова е списокот на необичните трети потези на црниот:

  • Бугарска варијанта: 3... a5
  • Одбрана Ротари или Одбрана Албани: 3... b6
  • Полокова одбрана: 3... Sa5
  • Варијанат со повлекување: 3... Sb8
  • Соеров гамбит: 3... d5
  • Виноградова варијанта: 3... De7
  • Луценова одбрана: 3... Le7
  • Алапинова одбрана: 3... Lb4
  • Нирнбершка одбрана: 3... f6
  • Одбрана Брентано: 3... g5

Наводи

уреди
  1. Morphy played 3...a6 in the second (a draw) and fourth (a win for Morphy) games of his 1858 match with Adolf Anderssen. Philip W. Sergeant, Morphy's Games of Chess, Dover, 1957, pp. 106-08, 110-12. ISBN 0-486-20386-7. The move had been played much earlier, however. Charles Stanley played 3...a6 twice in his 1845 match, held in Morphy's hometown of New Orleans, against Eugene Rousseau for the United States Chess Championship. Stanley lost both games, although he won the match. Andy Soltis and Gene McCormick, "The Morphy Defense", Chess Life, August 1984, pp. 26-27. Howard Staunton also mentioned 3...a6 in his Chess-Player's Handbook, first published in 1847. Howard Staunton, The Chess-Player's Handbook (2nd ed. 1848), Henry C. Bohn, pp. 147, 149.
  2. „New in Chess Base“. Архивирано од изворникот на 2006-11-16. Посетено на 2009-02-01.
  3. Bird Defence games played by Bird. ChessGames.com. Посетено на 2009-01-29.
  4. The Berlin Wall Grows Higher In Sochi, 9 август 2008
  5. „Search over 1.25 Million Strictly Upscale Chess Games!“. Архивирано од изворникот на 2006-11-16. Посетено на 2009-02-01.
  6. Harry Golombek, Chess: A History, G.P. Putnam’s Sons, 1976, стр. 117-18.
  7. http://www.chessgames.com/perl/chessgame?gid=1095017
  8. *Statistics at ChessWorld.net
  9. Online Chess Database and Community

Корисна литература

уреди


  Статијата „Шпанска партија“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).