Монголија (монголски: Монгол улс, традиционално писмо ) — парламентарна република што се наоѓа во Источна Азија и со мал дел во Средна Азија. Монголија граничи со Русија на север и со Народна Република Кина на југ, исток и југозапад. На запад Монголија има допирна точка со Казахстан. Најголем а воедно и главен град на Монголија е Улан Батор. Во градот живее 38 % од вкупното население на Монголија.

Монголија

Монгол улс
Знаме Грб
Химна"Монгол улсын төрийн дуулал"
Химна на Монголија'"Монгол улсын төрийн дуулал"
National anthem of Mongolia
Местоположба на Монголија
Главен град
(и најголем)
Улан Батор
47°55′N 106°53′E / 47.917° СГШ; 106.883° ИГД / 47.917; 106.883
Службен јазик монголски
Народности (2010[1])
Демоним Монголец
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Халтмагин Батулга
 •  Премиер Ухнагин Хурелсух
Формирање
 •  Формирање на монголската империја 1206 
 •  Независност од Кина 29 декември 1911 
Површина
 •  Вкупна 1,564,116 км2 
 •  Вода (%) 0.6
Население
 •  проценка за јули 2007 г. 2,951,786 (139-та)
 •  Попис 2000 2,407,500 
 •  Густина 1.7 жит/км2 (238-ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $8.448 милијарда (143-та)
 •  По жител $2,900 (130-та)
Џиниев коеф. (2002)32.8
среден
ИЧР (2013) 0.698[2]
среден · 103та
Валута Тугрик (MNT)
Часовен појас (UTC+7 to +8[3][4])
НДД .mn
Повик. бр. 976

Низ текот на историјата, денешната територија на Монголија била владеена од различни номадски империи, меѓу кои Сјонгу, Руран, Сјанбеј, Ѓоктурција и останати. Монголското Царство билo основанo од Џингис Кан во 1206 година. По распаѓањето на Јуен, Монголците се вратиле на старите обичаи. Во 16 и 17 век, Монголија потпаднала под влијание на тибетскиот будизам наследен од владеењето на Ќинг кон крајот на 17 век. За време на распаѓањето на династијата Ќинг во 1911, Монголија прогласила независност, но со големи тешкотии. Официјално во 1921 година Монголија била целосно независна и суверена република и до 1945 година го стекнала меѓународното признание. Како последица на сето тоа, а со блискоста на Советскиот Сојуз, Монголија потпаднала под негово големо влијание на, особено под руско влијание. Според тогашната моментална состојба, на Монголија и била призната независноста како Монголска Народна Република или Народна Република Монголија. Државното уредување било комунистичко, налик на советското општествено уредување. Со распаѓањето на комунизмот во Источна Европа и Советскиот Сојуз, во 1989 година се случила Монголската демократска револуција и резултирала со повеќепартиски систем во државата и со одржување на регуларни избори. Монголија се здобила со нов устав, државно уредување и економски пазар.

Монголија е 19-та најголема држава во светот со околу 1.564.116 км2, а воедно и најретко населената држава во светот со вкупно население од 3,2 милиони луѓе (2019), малку повеќе од населението во Македонија. Исто така, Монголија е втората најголема држава во светот која нема излез на море, веднаш зад Казахстан. Државата има многу мала обработлива површина, бидејќи најголем дел од територијата е степска, со планини на север и запад и со пустина на југ. Околу 30% од населението во Монголија се номади или полуномади, патувајќи од место до место низ земјата.

Најголема религија во Монголија е тибетскиот будизам, а најголем број од населението се Монголци. Покрај нив во Монголија живеат и Казаци, Туванци и останати мали заедници. Службен и национален јазик во Монголија е монголскиот.

Историја

уреди
Историја на Монголија
 
Пред Џингис-хан
Монголско Царство
Ханати
- Чагатајски ханат
- Златна Орда
- Илханат
- Династија Јуен
Тимуридско царство
Могулско царство
Кримски ханат
Сибирски ханат
Ѕунгари
Династија Ќинг
Република Кина
Монголска Народна Република (Надворешна Монголија)
Современа Монголија
Менгѓанг (Внатрешна Монголија)
Народна Република Кина (Внатрешна Монголија)
Бурјатска Монголија
Калмичка Монголија
Хазарски Монголци
Ајмачки Монголци
Хронологија
уреди



Рана историја

уреди

Монголија, од праисториско време, била населена со номади, кои одвреме-навреме формирале поголеми конфедерации и здружувања што израснале до поголеми сили со поголеми значење во регионот. Меѓу првите групации биле Сјонгу, кои на чело со Моду Шанју во 209 п.н.е. ја формирале првата монголска конфедерација. Набрзо, новоформираната монголска конфедерација станала голема опасност и закана за Кин династијата принудувајќи ја Кина да го изгради големиот Кинески Ѕид. Ѕидот бил обезбедуван од повеќе од 300.000 војници како средство за одбрана и сигурност на кинеската династија. По распаѓањето на конфедерацијата на Сјонгу, на чело на Монголците застанале Роуранците и ја презеле власта над територијата на Монголија. Наскоро Роуранците биле поразени од Ѓоктурците кои си обезбедиле долговековно владеење во Монголија. За време на 6 и 7 век, Ѓоктурците биле поразени и власта над Монголија потпаднала во рацете на Ујгурците, а следствено и од Хитанците и Џурченците. Сè до 10 век, Монголија била поделена на повеќе номадски племиња поврзани преку алијанси.

Монголското Царство

уреди
 
Џингис Кан
 
Династијата Ќинг
 
Монголското Царство за време на владеењето на Џингис Хан
 
Воздигнување и распаѓање на монголската империја

За време на хаосот и безредието во 12 век, војсководецот Темуџин успеал да ги обедини монголските племиња во Монголија и во Манџурија. Во 1206 година, тој ја зел титулата Џингис Кан и се впуштил во походи кои биле познати по своите брутални и сурови битки. Џингис Кан се покажал како доста успешен монголски имепратор, освојувајќи голем дел од Азија и го создал Монголското Царство - најголемата империја во светот. Монголското Царство заземала огромна територија протегајќи се од денешна Полска па сѐ до Кореја и од Сибир до Персискиот Залив. Империјата зафаќала територија од околу 33.000.000 км2 (12% од Земјината топка) и со население од околу 100 милиони луѓе [5] .

По смртта на Џингис Кан, империјата била поделена на четири кралства или канати кои се разделиле по смртта на Монгке во 1259 година. Еден од канатите, „Големиот Канат“ составен од Монголија и Кина се развила во династијата Јуен раководена и владеена од Кублај Кан, внук на Џингис Кан. Тој го преместил главниот град во Пекинг, но по вековно владеење Јуен била заменета од Минг династијата во 1368 година. Со тоа монголските авторитети почнале да се преместуваат кон север. Кога мингската војска сосема ги преселила Монголците во Монголија, таа успешно го зазела и уништила монголскиот главен град Каракорум и со тоа кинеските императори уништиле вековна уметничка, културна и цивилизациска вредност. Монголците биле во анархија по овие настани.

Постимперијалистички период

уреди
 
Алтан Кан

Наредните векови од монголската историја биле обележани со насилство помеѓу различни странки, особено помеѓу приврзаниците на Џингис Кан и на неговите противници, а како додатно на тоа влијателни биле и некои различни кинески групации. Во 15 век, Ојратите под водство на Есен Тајиси се здобиле со моќ и влијание и во 1449 година дошло до конфликт со Кина. Во тој конфликт бил заробен кинескиот цар. Подоцна, истата есен бил убиен, а со тоа се воздигнале приврзаниците на Џингис Кан. Во средината на 16 век, Алтан Кан од Тумед, внук на Батумонгке се здобил со моќ. Тој го основал Хахот во 1557 а неговата средба со Далај-лама во 1578 година резултирала со повторно навлегување на тибетскиот будизам во Монголија. Абтеи Кан од Халха ја сменил религијата во будизам во 1585 година и го основал Ердене Зу манастирот во 1586 година. Неговиот внук Занабазар станал првиот Џебцундамба Хутугту во 1640.

Последниот монголски хан бил Лигден Кан во раниот 17 век. Тој влегол во конфликт со Манџурците (Манџу - династијата во Кина) околу некои кинески градови. Умрел во 1634 година на пат за Тибет во обид да ја уништи Жолтата Црква. До 1636 година, поголем дел од Внатрешна Монголија и племињата што се наоѓале таму биле раководени од Манџурците. Халха се приклучила кон Канг династијата освен западниот дел од денешна Монголија. После неколку војни, Џунгарците биле населени во 1757. Сè до 1911 година, Манџурците имале контрола врз Монголија, и државата била расцепкана во повеќе феудални единици.

Независност

уреди

Со паѓањето на Канг династијата, Монголија прогласила независност во 1911 година. Новата територија на Монголија била отприлика иста како таа на поранешната Надворешна Монголија. 49 хосхуни на Внатрешна Монголија, а исто така и територијата на Монголците од Алашан и Кингај се изјасниле да се приклучат кон неа. Во 1919 година, после Октомвриската револуција во Русија, кинеските трупи водени од Су Шуженг го окупирале главниот град но сепак нивната доминација не траела долго. Рускиот војсководец Барон Унгерн ги предводел своите трупи во Монголија и триумфирал над Кинезите во Нислел Хуре. Тој владеел кратко, со благослов на регионалниот религиозен водач Богд Хан пред тој да биде фатен и убиен од Црвената Армија помогната од монголските единици предводени од Дамдин Сухбатор. Овие настани довеле до уништување на феудалниот систем и ја осигурале политичката приврзаност кон болшевичка Русија.

Монголската Народна Република и комунизмот

уреди

Во 1924 година, по смртта на религиозниот водач и крал Богд Хан, била прогласена Монголската Народна Република со помош на Советскиот Сојуз.

Во 1928 година, Хорлогин Чојбалсан се здобил со голема моќ во Монголија. Тој воспоставил колективизам во државата, започнал со уништување на будистичките манастири и монголските непријатели биле убиени заедно со монасите. Влијанието на Сталин во Монголија започнало во 1937 година и во тоа време повеќе од 30.000 луѓе биле убиени. Во меѓувреме, во 1931 Јапонија ја окупирала Манџурија и тоа влеало голем немир во Монголија. За време на јапонско-руската погранична војна во 1939 година, Советскиот Сојуз успешно ја одбранил Монголија од јапонските инвазии и во август 1945 година монголските сили зеле учество во Стратегиската Манџурска одбранбена операција во Внатрешна Монголија. Русија зазела поголеми делови од Внатрешна Монголија и со тоа ја принудила Кина да ја признае независноста на Монголија со референдум. Референдумот се одржал на 20 октомври 1945 година и според официјалните резултати на тогашните власти излезноста била 100%. Со основањето на Народна Република Кина, двете држави се признале меѓусебно на 6 октомври 1949 година.

На 26 јануари 1952 година, Јумџагин Цеденбал ја презема власта во Монголија. Во 1959 и во 1962 година, Чојбалсан бил сосема без влијание. Монголија продолжила со својата политика на блискост со Советскиот Сојуз. Додека Цеденбал бил во посета во Москва во август 1984 година владата меѓувремено прогласила замена на Цеденбал и на негово место бил назначен Џамбин Батмонх.

Повеќепартискиот систем и демократската ера

уреди

Претставувањето на перестројката и гласноста во Русија од страна на Михаил Горбачов, имало силно влијание во Монголија и во монголскиот политички живот. Тоа водело до Монголската демократска револуција и воведувањето на повеќепартискиот систем како државно уредување и пазарната економија. Во 1992 година се изгласал и усвоил нов устав и Монголија го изоставила терминот „Народна Република“ од своето име. Транзицијата кон пазарна економија во Монголија се покажала честопати со тешкотии и во раните години на транзицијата во Монголија се појавила голема инфлација и недостаток на храна. Првата победа за некомунистичка партија во Монголија се одржала во 1993 година на претседателските избори и во 1996 година на парламентарните избори.

Политички систем

уреди
Монголија
 

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Монголија



 
Цахијагин Елбегдорџ.

Претседател

уреди

Претседателот на Монголија има симболична улога, но сепак тој може да ги блокира решенијата на парламентот, но потоа парламентот може да ја надгласа блокадата со 2/3 мнозинство гласови. Уставот на Монголија бара три услови за кандидатурата на еден човек да се прифати: кандидатот за претседател мора да биде етнички Монголец, кандидатот за претседател мора да има најмалку 45 години и кандидатот мора да живеел во Монголија најмалку 5 години. Моментален претседател на Монголија е Намбарин Енхбајар.

Големиот државен Хурал

уреди

Монголија има еднодомен парламентарен систем во кој претседателот има симболична улога во владата избрана од народот. Законодавното тело, Големиот Државен Хурал, има една сала со околу 76 места и е водена од претседателот на Собранието. Членовите на Хуралот, пратениците, се избираат еднаш на секои четири години преку парламентарни избори. Големиот државен Хурал е моќна институција и премиерот има голема моќ и ингеренции.

Премиерот и влаdate

уреди

Премиерот на Монголија го избира Големиот Државен Хурал. Моменталниот премиер на Монголија е Санџагин Бајар, кој беше избран од 67 гласа на 22 ноември 2007 година[6] . Кабинетот на премиерот се состои од министри за секоја позначајна област во државата како министер за финансии, економија, земјоделство итн. Кабинетот е избран од премиерот во консултации со претседателот и со Големиот Државен Хурал.

Надворешни односи

уреди
 
Монголска амбасада во Русија.
 
Монголска амбасада во Германија.

Дипломатија

уреди

Монголија одржува позитивни надворешни односи и има дипломатски мисии во многу земји меѓу кои Македонија, САД, Русија, Северна Кореја, Јужна Кореја, Јапонија и НР Кина. Денешната влада на Монголија се фокусира на тоа да привлече што е можно повеќе странски инвестиции во земјата и зголемување на трговската соработка. Монголија ја поддржала воената интервенција во Ирак и придонела со неколку контигенти во мисијата. Исто така, помал број на трупи Монголија испратила и во Авганистан. Покрај овие две мисии, Монголија учествувала и во мисии во државите Сиера Леоне и Косово. На 21 ноември 2005 година, Џорџ Буш беше првиот американски претседател што бил во официјална посета на Монголија[7] и во 2004 година Монголија стана азиски партнер на ОБСЕ.

Монголија има свои амбасади во сите позначајни и поголеми држави низ светот и исто така скоро сите позначајни држави имаат свои амбасади во Улан Батор[8]. Македонија има воспоставено дипломатски односи со Монголија и македонската амбасада во Пекинг е надлежна и за Монголија.

Меѓународна положба

уреди
Организација Испитување Ранг
Институт за економија и мир Индекс на глобален мир[9] 89 од 144
Програма за развој на ООН Индекс на човеков развој 115 од 182
Transparency International Индекс на корупција 120 од 180
Светски економски форум Глобален извештај за конкуренција 117 од 133

Војска

уреди
 
Монголски војник.

Војската на Монголија има три поголеми гранки: војска за генерална употреба, гранични одбранбени сили и сили за внатрешна безбедност. Ова е структура на војската за време на мирен период но структурата може да биде изменета и надополнета во зависност од потребите и ситуациите во Монголија.

Тешката артилерија на Монголија се состои од:

Тенкови
APC

Воздухопловните сили на Монголија располагаат со следнава опрема:

Авион Потекло Тип Верзија Во употреба Забелешки
Antonov An-24   СССР тактички транспорт An-24 4
Antonov An-26   СССР тактички транспорт An-26 3
Antonov An-2   СССР двоавионски транспорт An-2 10
Harbin Y-12   НР Кина лесен транспорт Y-12 4
MiG-21PFM/UM   СССР борец MiG-21PFM/UM 8/2 приземјен
Mil Mi-24V   СССР хеликоптер за напад Mi-24V 4
Mil Mi-8   СССР хеликоптер за напад Mi-8 20 анти тенк
Mil Mi-8   СССР транспортен хеликоптер Mi-8 12 само за транспорт

Географија и клима

уреди
 
Карта на Монголија.

Монголија е 19-та најголема држава во светот со 1.564.116 км2. Монголија е малку поголема од 20-та држава Перу а помала од Иран. За споредба, Монголија е поголема од Шпанија, Германија и Франција земени заедно.

Географијата на Монголија е различна, со пустината Гоби на југ па сè до ладните планински масиви на север и запад. Поголемиот дел на Монголија е степски. Највисокиот врв во Монголија е Хитен на Туван Богд планинскиот масив со 4.374 m. На територијата на Монголија се наоѓа и езерото Увс Нур кое го дели со Русија. Температурите во Монголија се многу високи преку лето и многу студени преку зимскиот период. Во јануари, температурата во Монголија изнесува -30 степени целзиусови[10]. Улан Батор е најстудениот главен град во светот поради континенталната ладна клима на државата и со околу 257 облачни денови во годината.

Административна поделба

уреди

Монголија е поделена на 21 покраина (ајмази) и тие се поделени во 315 окрузи (сумови). Главниот град Улан Батор е административно посебна единица. Покраините на Монголија се:

Видете и: Области во Монголија

Стопанство

уреди

Монголската економија воглавно е ориентирана кон земјоделството и рударството. Монголија има доста големи залихи на минерални ресурси, како на пример олово, јаглен и злато.

Моментално во Монголија има околу 30.000 независни бизниси, воглавно сместени во и околу главниот град. Населението надвор од урбаните средини се занимава со сточарство и прозводство на производи од говеда, кози, овци и камили. Исто така, од земјоделските култури се одгледуваат компири, зеленчуци, овошје, домати, лубеници и пченица. Бруто домашниот приход по глава на жител во Монголија изнесува 2.100 долари [11] . Иако постојано се зголемува производството во Монголија, сепак државата се соочува со дефицит при трговијата и производството. Невработеноста во Монголија изнесува 3.2% а инфлацијата е 6.0%. Најголем трговски партнер на Монголија е Кина која учествува со 29.8% од потрошувачката стока во Монголија [12].

Монголската берза е основана во 1991 година во Улан Батор и е најмалата берза во светот според капиталот на пазарот.

Официјална парична единица во Монголија е тугруг.

Демографија

уреди
 
Степи во Монголија
 
Музичар во традиционална облека.

Според Бирото за Азија при САД, вкупното население на Монголија во 2007 година изнесувало околу 2,951,786 и истата е рангирана на 138 место во светот според населението [13] . Според Одделот за економски и социјални работи на ООН, Монголија има 2,629,000. Истите податоци што ООН ги тврди, ги покажува и монголската влада и бирото за статистики на Монголија[14].

Монголија има мал број на население, гледајќи ја нејзината територија и нејзините големи соседи, Русија и Кина. Најголем број од населението се етнички Монголци, но сепак живеат и: Казаци, Туванци и тунгуски народи. Прирастот на населението изнесува 1.2%. Околу 59 % од вкупното население на Монголија е под 30 години и ја прави држава со релативно младо население[14].

Монголија станува се поурбанизирана . Околу 40 % од вкупното население живее во главниот град Улан Батор а останатите 23 % живеат во другите два поголеми градови Дархам и Ерденет. Останатото население живее номадски живот.

Во Монголија, 85% се етнички Монголци. Турските народи, Казаци, Туванци и Узбеци сочинуваат околу 7 % од населението. Голем број од Русите што живееле во Монголија ја напуштиле Монголија со распадот на СССР[14].

Јазици

уреди

службен јазик во Монголија е монголскиот јазик. Јазикот користи кирилица и е зборуван од околу 90% од вкупното население на Монголија. На запад од земјата, се зборуваат казашки јазик и тувански јазик . Како најчесто зборуван странски јазик во Монголија е рускиот јазик, следен од англискиот јазик. Исто така, корејскиот јазик доста често се користи, бидејќи голем број на Монголци работат во Јужна Кореја. Кај младото население се пројавува интерес и за кинескиот јазик и јапонскиот јазик.

Религија

уреди

Според ЦИА, 50% од монголското население се будисти, 40% се изјасниле како атеисти, 6% се шамани и христијани и само 4% се изјасниле како муслимани. Според владата на САД, во Монголија 94% се будисти и 6 % се муслимани и шамани[15] .

Различни форми на тенгризам и шаманизам биле присутни во Монголија низ историјата и таквите верувања се поврзувани со номадското население на Монголија. Со навлегувањето на тибетскиот будизам во Монголија, шаманизмот полека почнал да се губи за денес да изнесува околу 6%. Но сепак, шаманизмот оставил голем белег во културата на Монголците и денес се користат некои елементи од него.

За време на комунистичкиот период во Монголија, слободата на религијата не била сосема загарантирана. Хорлогин Чојбалсан ги уништил скоро сите 700 будистички манастири во земјата убивајќи ги и монасите.

Верници во Монголија
Будисти
  
53 %
Муслимани
  
3 %
Монголски Шанмисти
  
2,9 %
Православни
  
1,25 %
Католици
  
1,29 %
Други
  
0,4 %
Без Религија
  
38,6 %

Култура

уреди
 
Фестивалот Надам.

Главниот фестивал во Монголија е Надам, што се одржува со векови и се состои од три монголски традиционални спортови: стрелаштво, трки со коњи и борење. Денес, фестивалот се одржува од 11 јули до 13 јули во чест на годишнината од одржувањето на Националната демократска револуција во Монголија и создавањето на монголската држава. Одржувањето на Надам е доста популарно во Монголија и секоја година сè повеќе посетители го посетуваат фестивалот. Покрај фестивалот, широко прифатено и популарно е пеењето хоми, тоа е пеење со грло и е заштитен знак на Монголците. Ова пеење особено се негува во Западна Монголија.

Спорт

уреди
 
Главната сала за борење во Улан Батор
 
Монголско борење.

Во Монголија трите најширокоприфатени спортови се јавање коњи, борење и стрелаштво, благодарејќи на монголската традиција и особено на фестивалот Надам.

Трките со коњи се особено поврзани со Монголија и монголската традиција. Трките се долги, на отворен простор низ монголските степи.

Во денешно време, кошарката, пинг понгот и тенисот стануваат се попопуларни во државата. Сè повеќе монголски играчи на пинг понг настапуваат на меѓународната спортска сцена.

Исто така, борењето е доста популарно во Монголија. Монголските историчари тврдат дека борењето е традиција во Монголија што се одржува веќе седум илјади години. Стотина борачи од сите градови се собираат на државните првенства што се одржуваат секоја година. При натпреварите, нема лимити за возраста или тежината. Целта на спортот е да се собори и отфрли противникот и притоа противникот да ја допре земјата со лактот или со колената.

Победниците се почестени со антички титули: победникот на петтата рунда зема титула начин (сокол), победникот на седмата рунда зема титула зан (слон) и на десеттата рунда зема титула арслан (лав). Победникот кој успеал да ги порази сите противници се нарекува аварга (титан).

На меѓународната спортска сцена, монголските спортисти се најуспешни во сумо борење и џудо. Двајца монголски сумо борачи биле на светската список на сумо борење , додека монголскиот олимписки спортист Најдагин Тувшинбајар освоил златен медал во џудо во конкуренција на натпреварувачи до 100 кг[16].

Фудбалот почнал да се игра организирано од 1990 година и монголската фудбалска машка репрезентација игра на квалификации за позначајни фудбалски манифестации, но без некој позначаен успех до сега. Монголската Прва Лига е најквалитетната фудбалска лига во државата.

Исто така, неколку женски натпреварувачи во стрелање со пиштол забележале успеси: Отријадин Гундегма е освојувачка на сребрен медал на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, Мухбајар Дорџсурен е двојна светска шампионка и добитничка на олимписката бронзена медала (денес се натпреварува за Германија) и Цогбадрахин Монхзул е трета на светската листа во стрелање со пиштол на 25 метри.

Архитектура

уреди
 
Јурт во Монголија
 
Храм во Улан Батор.

Традиционалното монголско живеалиште е наречено јурта. Според монголските уметници и уметнички критичари, јуртата и тендите биле база на развитокот на традиционалната монголска архитектура. Во 16 и 17 век, будистички манастири биле градени низ земјата. Многу од нив започнале како јурта-храмови. Кога требало да бидат проширени за потребите на верниците, монголските архитекти користеле објекти со 6 и 12 аглови со пирамидести покриви. Понатамошни проширувања се одвивале во квадратести форми. Тендите биле заменети со камен, цигла, и разни други тврди материјали за градење.

Чултем разликувал три видови на стилови во традиционалната монголска архитектура: монголски, тибетски и кинески , како и комбинација на сите три. Еден од првите квадратести храмови бил Бату-Цаган дизајниран од Занабазар во 1654. Како пример на јурта архитектурата е будистичкиот манастир Даши-Чојлинг во Улан Батор. Храмот Лаврин во Ердене Зу манастирот бил изграден според тибетската традиција. Како пример на кинескиот стил во архитекстурата е манастирот Чоиџинг Ламин Суме од 1904 година. Квадратестите манастири се комбинација на монголскиот и кинескиот стил на градење. Храмот од Маитреја е резултат на комбинација на монголскиот и тибетскиот стил на градење на храмови.

Музика

уреди

Музиката во Монголија била под силно влијание на тибетскиот будизам и номадството. Традиционалните танци „цам“ се играат за да се избркаат лошите духови. Традиционалната музика вклучува голем број на инструменти и песни, вклучувајќи ги и песните „хоми“.

Првиот рок бенд во Монголија бил Сојол-Ердене, основан во 1960 година. Нивниот стил наликувал на Битлси и често бил критикуван од тогашните власти. Бендот бил основан од Мунгунхухре, Инемсеглел, Угро и останати. Тие станале пионери на монголската рок-музика.

Денес има голема слобода на музичарите во Монголија кои ги има од секаков вид, од поп пејачи па сè до рок-музичари.

Наводи

уреди
  1. „Mongolia National Census 2010 Provision Results“ (PDF). National Statistical Office of Mongolia. Посетено на 2013-06-28.
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  3. "Монголското стандардно време е GMT (UTC) +8, некои делови од Монголија користат GMT (UTC) + 7". Time Temperature.com. Посетено на 2007-09-30. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. "Монголската влада одлучила да не го менува времето во летно сметање". World Time Zone.com. Посетено на 2007-09-30. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-10-11. Посетено на 2008-10-23.
  6. the Mongol Messenger: Mongolia’s 25th Prime Minister, Sanjiin Bayar promises he will tackle high priority issues
  7. „President George W. Bush Visits Mongolia“. US embassy in Mongolia, 2005.
  8. „Ulanbator“. Архивирано од изворникот на 2008-02-24. Посетено на 2008-10-23.
  9. „Vision of Humanity“. Vision of Humanity. Архивирано од изворникот на 2008-06-20. Посетено на 2010-02-04.
  10. „Republic of Mongolia“ (PDF). 2004. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-10-02. Посетено на 2008-02-10.
  11. CIA World Factbook: Mongolia Архивирано на 29 декември 2010 г.
  12. Morris Rossabi, Beijing's growing politico-economic leverage over Ulaanbaatar, The Jamestown Foundation, 2005-05-05, (retrieved 2007-05-29)
  13. U.S. Census Bureau International Data Base
  14. 14,0 14,1 14,2 World Population Prospects The 2006 Revision Highlights
  15. „CIA Factbook - Mongolia“. Архивирано од изворникот на 2010-12-29. Посетено на 2008-10-23.
  16. Mark Bixler (2008-08-15). „Mongolia wins first-ever gold medal“. CNN.com/world sport. Посетено на 2008-08-16.

Поврзано

уреди

Дополнителни информации

уреди

Надворешни врски

уреди
Влада
Општо
Патување