Монголци
Монголци (монголски: Mongɣul; кирилица: Монгол) — монголски народ што живеат во Монголија, НР Кина (Внатрешна Монголија), Русија и Киргистан. Монголците зборуваат на монголски јазик, службениот јазик на Монголија.
| |||||||||||||||||||||||||
Вкупен број | |||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
~10 милиони | |||||||||||||||||||||||||
Подрачја со значајно население | |||||||||||||||||||||||||
Монголија | 3,100,000[1] | ||||||||||||||||||||||||
Кина | 5,810,000[2] | ||||||||||||||||||||||||
Русија | 621,827[3] | ||||||||||||||||||||||||
Јужна Кореја | 34,000[4] | ||||||||||||||||||||||||
САД | 15,000–18,000[5] | ||||||||||||||||||||||||
Чешка | 7,515[6] | ||||||||||||||||||||||||
Јапонија | 5,401[7] | ||||||||||||||||||||||||
Германија | 3,852[7] | ||||||||||||||||||||||||
Обединето Кралство | 3,701[7] | ||||||||||||||||||||||||
Франција | 2,859[7] | ||||||||||||||||||||||||
Турција | 2,645[7] | ||||||||||||||||||||||||
Казахстан | 2,523[7] | ||||||||||||||||||||||||
Јазици | |||||||||||||||||||||||||
монголски јазик, кинески јазик и руски јазик | |||||||||||||||||||||||||
Вероисповед | |||||||||||||||||||||||||
Доминантно тибетски будизам | |||||||||||||||||||||||||
Сродни народи | |||||||||||||||||||||||||
Даури, Монгуори и турко-монголски народи |
Дефиниција
уредиМонголскиот народ, грубо може да се подели на две подгрупи: источни и западни Монголци. Во поширока смисла, со поимот монголски народ се означува секое население што зборува еден од монголските јазици.
Името Монголци за првпат се појавило во 8 век во записите на Кинезите. На почетокот со тој поим се означувало мало и незначително племе што живеело во регионот околу реката Онон. Во 13 век, со терминот почнало да се означува поголема група на монголски и туркиски племиња обединети и управувани од Џингис Хан.[8]
Точното потекло на монголските јазици не е познато.
Распространетост
уредиДенес, Монголците живеат во Монголија, Кина, Внатрешна Монголија, Русија и неколку останати азиски земји.
Називот на населението и на племињата се различни во зависност од земјите. Тумати, Чахари, Ордоси, Баргути, Бурјати, Дорбеди, Торгуди, Дариганганци, Уземчинци, Бајиди, Хотонци, Мјангадци, Захчинци, Дархади и Ојрати се сите називи за монголски племиња.
Монголија
уредиНаселението на Монголија се состои од 92,6 % монголци, поточно 2,7 милиони луѓе. Помеѓу нив, Халха, Уријанхај и Бурјатите се бројат како источни Монголци. Ојратите се вбројуваат во западни Монголци.
Кина
уредиКинескиот попис од 2000 година покажа дека во НР Кина живеат 5,8 милиони Монголци. Најмногу од нов живеат во Внатрешна Монголија, потоа во покраината Љаонинг. Мали монголски заедници можат да се пронајдат и во покраините што се граничат со овие две.
Русија
уредиВо Русија, Бурјатите се сметаат за дел на Монголците. Западните Монголци како што се Ојратите живеат во Калмикија и сочинуваат 53.3 % од населението.[9]. Алтајскиот народ се етнички Монголци, но зборуваат туркиски јазик. Тие бројат милион луѓе.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-12-29. Посетено на 2011-09-11.
- ↑ The Mongolian Ethnic Group (China.org.cn June 21, 2005)
- ↑ 2,656 Mongols proper, 445,175 Buryats, 173,996 Kalmyks (Russian Census (2002))
- ↑ „'Korean Dream' fills Korean classrooms in Mongolia“, The Chosun Ilbo, 2008-04-24, Архивирано од изворникот на 2008-09-23, Посетено на 2009-02-06
- ↑ Bahrampour, Tara (2006-07-03). „Mongolians Meld Old, New In Making Arlington Home“. The Washington Post. Посетено на 2007-09-05.
- ↑ „Latest numbers show 7,500 Mongolians working in Czech Republic“, Mongolia Web, 2008-02-19, Архивирано од изворникот на 2017-06-30, Посетено на 2008-10-04
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 Mongolia National Census 2010 Provision Results. National Statistical Office of Mongolia (in Mongolian.)
- ↑ „Mongolia: Ethnography of Mongolia“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2007-07-22.
- ↑ „Kalmyks“. World Directory of Minorities and Indigenous Peoples. 2005. Посетено на 2008-05-18.