Министерство за Шкотска
Министерството за Шкотска (англиски: Scotland Office, шкотски гелски: Oifis na h-Alba) е министерство на Владата на Обединетото Кралство во рамките на Министерството за правда и е предводено од Државниот секретар за Шкотска. Министерството има за задача да ја претставува Шкотска во британската влада, овозможувајќи непрекинато работење на деволуција, врски помеѓу владата и деволуираната Влада во Единбург и управување со извесни резервирани работи на владата во однос на Шкотска.
Обединето Кралство |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Правосудство
Надворешна политика
|
|
Сѐ до формирањето на Шкотскиот парламент и шкотска влада, службата-претходник на Министерството за Шкотска, наречена Scottish Office, била големо британско министерство кое се занимавало со највеќето локални работи при управувањето на Шкотска - позиција наречена „административна деволуција“. Деволуцијата ја ограничила јурисдикцијата на оваа институција на резервирани работи со кои не се занимаваат други министерства на британската влада. Оваа институција, заедно со Министерството за Велс (Wales Office), била преземена од Министерството за правда. Државниот секретар за Шкотска исто така има извесни моќи на надгледување на работењето на Шкотскиот парламент согласно законот Акт за Шкотска 1998.
Функцијата Државен секретар за Шкотска продолжува и понатаму да постои, меѓутоа во последно време функцијата се извршува заедно со друго државно секретарство од страна на член на Кабинетот, иако моментално ова не е случај.
- Државен секретар за Шкотска - Пречес. Џим Марфи
- Парламентарен потсекретар - Ен МекКехин
- Генерален адвокат - Пречес. Лорд Дејвидсон од Глен Кова, Кралски советник
- Портпарол на Домот на лордовите (горниот дом) - Пречес. Лорд Еванс од Темпл Гвитинг
Локација
уредиМинистерството е сместено во Доверската куќа, во централниот реон Вајтхол во Лондон, и има околу 40 постојано вработени лица. Доверската куќа служи и како база за персоналот од Владата на Шкотска во Лондон.
Министерството има и служба сместена на улицата Мелвил Кресент во Единбург. Генералниот адвокат, како државен правен функционер, исто така има канцеларија во Единбург.
Наводи
уредиThe Scottish Secretaries, David Torrance. (Birlinn 2006)
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 17 јануари 2013 г. (англиски)
Оваа статија поврзана со Обединето Кралство е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |