Магнус Карлсен

норвешки шахист

Магнус Карлсен, роден Свен Магнус Јен Карлсен (норвешки: Sven Magnus Øen Carlsen; роден на 30 ноември 1990) — норвешки шаховски велемајстор, моментен светски првак во шах и најдобро рангиран шахист во светот со рејтинг од 2877 бода.

Магнус Карлсен
Целосно имеСвен Магнус Јен Карлсен
Земја Норвешка
Роден30 ноември 1990
Тенсберг, Норвешка
Титулавелемајстор
Светски првак2013 - сè уште
ФИДЕ-рејтинг2877
(бр. 1 на рејтинг-списокот на ФИДЕ во јули 2014)
Најв. рејтинг2872 (февруари-април 2013)

На 26 април 2004, Карлсен станал велемајстор на 13 години и 148 дена, со што стана третиот најмлад шахист кој го постигнал тоа. Неговиот оценет рејтинг на шаховскиот турнир во Нанкин во септември и октомври 2009, којшто изнесувал 3002 бода е еден од најголемите во историјата, а неговата победа на турнирот беше окарактеризирана како една од најубедливите. Со ова достигнување, на ранг листата според ФИДЕ за месец ноември, тој станал петтиот шахист, а воедно и најмладиот кој ја надминал границата од 2800 бода, заземајќи го второто место на листата со 2801 бод. Истата година, тој станал најмладиот светски првак во брзопотезен шах. На 1 јануари 2010, на новообјавената ранг листа според ФИДЕ, на возраст од 19 години и 32 дена, Магнус станал најмладиот шахист, кој бил светски број еден според ФИДЕ, со рејтинг од 2810 бода.[1] Во јануари 2013 година, тој достигнал рејтинг од 2861 бод, соборувајќи го дотогашниот рекорд на Гари Каспаров од 2851 бод. Од февруари до април 2013 година, неговиот рејтинг изнесувал рекордни 2872 бода. Во ноември 2013, Карлсен го совладал бранителот на титулата Ананд со резултат 6½-3½ во меч за светски првак којшто се одиграл во Ченај и со тоа станал 16. неоспорен светски првак во шах.

Во својата рана кариера, Карлсен бил познат по својот напаѓачки стил на игра, но подоцна се разсвил во поуниверзален шахист. Тој не е фокусиран премногу на подготовката во фазата на отворањето како што тоа го прават другите шахисти и располага со разновидност на отворања, што им ја отежнува работата на неговите противници да се подготват против неговиот избор во почетната фаза од партијата. Благодарение на неговата позициска совршеност и вештина во завршницата, тој често е споредуван со поранешните светски прваци: Анатолиј Карпов, Хосе Раул Капабланка и Василиј Смислов.

Детство

уреди

Магнус Карлсен е родeн во Тенсберг, Вестфол, а моментално живее во Ломедален, Берум, во близината на Осло. Првиот шаховски турнир го играл кога имал осум години. Се запишал во спортско училиште, каде што учител му бил најдобриот норвешки шахист, велемајсторот Симен Адгестејн. Адгестејн го запознал Карлсен со својот соработник меѓународниот мајстор Торбјорн Рингдал Хансен, кој го подучувал Карлсен и неговите најдобри другари еднаш неделно. Кога станал меѓународен мајстор, Карлсен изгубил една година во основно училиште, само за да учествува на меѓународните шаховски турнири, есента 2003. Истата година, тој заврши трет на Европското шаховско првенство за момчиња до 12 години.

Шаховска кариера

уреди
 
Магнус Карлсен во 2004

Карлсен привлече внимание пред меѓународната сцена со победата во групата Ц на шаховски турнир во Вајк ан Зее. Тој оствари резултат 10.5/13, губејќи само една партија (против најдобро рангираниот шахист во групата Ц Душко Павасовиќ).[2] Како резултат на оваа победа, тој ја исполни првата велемајсторска норма, остварувајќи оценет рејтинг од 2702 бода. Од овој турнир, за паметење е и неговата партија против Сипке Ернст во претпоследниот круг, во која со жртва на материјал форсирано победи, матирајќи го противникот во само 29 потези.[3] За оваа партија, Карлсен ја доби наградата од публиката за најдобра партија во кругот на натпревари (вклучувајќи ги и партиите во истиот круг во групите А и Б). Првите 23 потези од партијата, претходно биле одиграни и во партијата меѓу Алмагро Љанас и Густафсон, одиграна во Мадрид во 2003, којашто завршила реми. Но во оваа партија, со воведување на новинка, Карлсен веднаш ја добил партијата. Победата во групата Ц, му овозможи на Магнус да се натпреварува во групата Б на турнирот во 2005. По оваа победа, Лубомир Кавалек во своите записи во Washington Post го нарече Магнус „Моцарт во шахот“. Адгестејн којшто некогаш бил млад велемајстор на 18 години, изјавил дека Карлсен е значително подобар од него на таа возраст. Тој, исто така изјави дека Карлсен има многу добра меморија и има широк спсиок на отворања кои ги игра. Неговото јунаштво го привлече вниманието и на компанијата Microsoft, која стана негов спонзор.[4]

 
Магнус Карлсен игра симултанка во Молде во јули 2004

Карлсен ја исполни втората велемајсторска норма на турнирот Аерофлот во Москва во февруари 2004. На 17 март 2004, во партија на турнирот во брзопотезен шах, кој се одржа во Рејкјавик, Исланд, Карлсен го победи поранешниот светски првак во шах Анатолиј Карпов. Овој турнир беше прелиминарно натпреварување, по кој следуваше елиминациски турнир кој започна следниот ден, на кој Магнус ремизираше против најдобриот шахист во светот во тој момент Гари Каспаров, но сепак беше елиминиран, бидејќи во втората партија изгуби во 32 потези.[5]

На шестото издание на шаховскиот турнир во Дубаи, кој се одржа од 18 до 28 април 2004, Магнус ја исполни третата велемајсторска норма, којашто беше доволна за да стане велемајстор. Ова се случи по првите осум круга, во кои тој оствари 4 победи и во останатите 4 партии ремизираше. Како резултат на тоа, во тоа време тој беше најмладиот велемајстор во светот и втор најмлад шахист кој бил одликуван со оваа титула со 13 години и 148 дена, веднаш по Сергеј Карјакин, кој стана велемајстор на 12 години и точно 7 месеци во 2002 година.[6]

Карлсен стана најмладиот шахист кој учествувал на едно светско првенство во шах. На светското првенство во 2004, тој беше елиминиран уште во првиот круг од страна на Левон Аронјан.

Во јули 2004, Магнус Карлсен и Берге Јестенстад (актуелниот норвешки шаховски првак) на турнирот во рамките на шаховското првенство на Норвешка, за првпат во историјата на првенството ремизираа, освојувајќи по 7 од можни 9 бода. Беше одлучено да се одигра меч од две партии за да се одреди новиот норвешки шаховски првак. Обете партии завршија реми, па Јестенстад ја задржа титулата, поради подобрата серија.

 
Магнус Карлсен на европското поединечно шаховско првенство во Варшава во јуни 2005

На шаховскиот турнир Смартфиш Мастерс за време на шаховскиот фестивал во Драмен во 2004 и 2005, Карлсен го победи Алексеј Широв, кој во тој момент беше десетти најдобар шахист во светот[7].[8] Во јуни 2005 година во Леон, Карлсен беше поканет да игра на турнир во брзопотезен шах како млад шахист којшто најмногу ветува. Тој стигна до полуфиналето, во кое во мечот од четири партии загуби со 3-1 против Вишванатан Ананд, кој во тој момент беше втор најдобар шахист во светот.

На шаховското првенство на Норвешка во 2005, Карлсен повторно заврши на делба на првото место, но овој пат, заедно со неговиот ментор Симен Адгестејн. Дополнителниот меч се одигра од 7 до 10 ноември. Овој пат, Карлсен имаше подобра серија, но правилото дека при 1-1, шахистот со подобра серија станува првак беше уште пред почетокот на турнирот поништено. Во мечот, првата парија ја доби Адгестејн, а втората Карлсен, по што се одигра меч во брзопоптезен шах, во кој Карлсен победи во првата партија, а Адгестејн во втората. Следните три партии завршија реми, по што Адгештајн ја доби шестата и стана нов шаховски првак на Норвешка.

На крајот од 2005, Карлсен учествуваше на светскиот шаховски куп, кој се одржа во Ханти-Мансијск, Русија. Тоа беше елиминациски турнир, во кој Магнус во првиот круг го победи Грзуиецот Зураб Азмапарашвили со 2-0 во брзопотезните партии, откако регуларниот меч заврши 1-1. Во продолжение на турнирот, тој ги победи Таџикот Фарух Амонатов со 2-0 и Бугаринот Иван Чепаринов (повторно во бзроптезните партии, откако регуларниот меч заврши 1-1) со што обезбеди учество во осминафиналето. Таму, тој загуби во меч против Евгени Бареев со 1½-2½. Потоа, тој ги победи Жоел Лоје со 1½-½ и Владимир Малахов со 3½-2½, обезбедувајќи го десеттото место на турнирот, а со тоа и учеството на турнирот на кандидатите. Со тоа, тој стана најмладиот кандидат за светски првак во шах.

Во октомври 2005, Магнус победи на меморијалот во чест на Арнолд Еикрем во Гаусдал со резултат 8/9 и оценет рејтинг 2792.[9]

На шаховското првенство на Норвешка во 2006, Карлсен беше бликску до освојувањето на титулата, но загуби во последниот круг од Берге Јестенстад, па на крајот повторно заврши на делба на првото место со Симен Адгестејн. Овој пораз го спречи Магнус во тој момент да стане најмладиот норвешки првак, уривајќи го рекордот на Адгестејн. Во дополнителниот меч, кој се одигра од 19 до 21 ноември, тој ремизираше во двете партии, па се играа и две брзопотезни партии, кои ги доби и за првпат стана шаховски првак на својата земја.

Магнус победи на брзопотезниот шаховски тунир Глитнир[10] во Исланд. Во полуфиналниот меч на турнирот, тој го победи Вишванатан Ананд (светски првак во брзопотезен шах во 2003 и победник на брзопотезниот шаховски турнир Мелоди Амбер во 2004). Со истиот резултат, Карлсен победи и во финалниот меч.[11]

На шаховската олимпијада во 2006, која се одржа во Торино, Магнус оствари резултат 6/8, играјќи против противници со просечен Ело рејтинг од 2627 бода. Со ова, тој оствари оценет рејтинг од 2820 бода, а на следната ранг список на ФИДЕ, неговиот рејтинг се зголеми за 18 бода. Една од позначајните победи на овој турнир беше неговата победа против англискиот велемајстор Мајкл Адамс.[12]

На шаховскиот турнир Пладневно сонце, Карлсен заврши како втор, губејќи од рускиот велемајстор Сергеј Шипов.

На велемајсторскиот турнир во Бил во 2006 година, тој го совои второто место, откако загуби од победникот на турнирот Александар Морозевич двапати.

Во август 2006, на шаховскиот турнир НХ, кој се одржа во Амстердам, Карлсен учествуваше во мечот меѓу „Искусните“ и „Идните ѕвезди“. „Идните ѕвезди“ победија со 28-22, при што Магнус го оствари најдобриот резултат во својот тим, со резултат 6½/10 и оценет рејтинг од 2700 бода, со што доби право да настапува на шаховскиот турнир Мелоди Амбер.[13]

На светското првенство во брзопотезен шах, кое се одржа во септември 2006 во Ришон Лезион, Израел, Карлсен заврши на осмото место од вкупно 16 учесници, со резултат 7½/15 бода.

На брзопотезниот турнир Rencontres nationales et internationales d'échecs во Кап Агд, Франција, тој стигна до полуфиналето, каде што загуби од Сергеј Карјакин.

Карлсен заврши на делба на осмото место во конкуренција на 10 учесници на меморијалот во чест на Михаил Таљ, кој се одржа во Москва, гбејќи две и ремизирајќи во остаанатите седум партии. На брзопотезниот турнир во рамките на меморијалот, тој освои 17½ од можни 34 бода и го зазеде деветтото место во конкуренција на 18 учесници.

 
Карлсен во 2007

На почетокот на 2007, на шаховскиот турнир во Вајк ан Зее, Карлсен за првпат учествуваше, играјќи во групата А и го зазеде последното место со 9 реми партии и 4 порази, освојувајќи 4½ бодови од 13 одиграни партии.

На престижниот шаховски турнир во Линарес, Карлсен учествуваше во конкуренција на неколку врвни шахисти: Веселин Топалов, Вишванатан Ананд, Петар Свидлер, Александар Морозевич, Левон Аронјан, Петар Леко и Василиј Иванчук (како замена за Тејмур Раџабов). Со значитлно помал Ело рејтинг во однос на своите противници, Магнус турниропт го заврши на делба на второто место со 7½ бодови (4 победи, 3 порази и 7 реми партии), колку што имаше и Александар Морозевич кој имаше послаба серија. Со ова тој оствари оценет рејтинг од 2782 бода.

Во март 2007, Карлсен за првпат настапи на шаховскиот турнир Мелоди Амбер, кој се одржа во Монте Карло. Во единаесетте круга, тој одигра 8 реми партии и загуби 3 во шах на слепо и доби 3, ремизираше во 7 и загуби само една партија во брзопотезен шах. Со ова, тој заврши на делба на деветтото место на турнирот во шах на слепо и на делба на второто место (веднаш зад Ананд) на турнирот во брзпотезен шах, со што вкупно го зазеде осмото место.

Во мај и јуни 2007, Магнус учествуваше на турнирот на кандидатите за учество на светското првенство. Во првиот круг, тој се соочи со најдоброрангираниот шахист Левон Аронјан. Мечот од шест партии заврши со резултат 3-3 (по две победи на обете страни и две реми партии). По овој меч се одигра уште еден меч од четири партии во забрзано темпо, при што повторно победникот не беше познат, бидејќи резултатот беше 2-2 (по еден победа на обете страни и две реми партии). Конечно, по одиграните две брзопотезни партии, Аронјан победи со 2-0 и го елиминираше Карлсен од вториот круг.

Во јули и август 2007, Магнус победи на меѓународниот шаховски турнир во Бил, со успешност од +2 и оценет рејтинг од 2753 бода. Неговиот резултат беше еднаков со оној на Александар Онишчук и според правилата на турнирот, тие одиграа завршен меч за да се одреди победникот на турнирот. Двете партии во забрзано темпо завршија реми, како и двете брзопотезни партии, но Карлсен победи во т.н. „армагедон“ партија, со што стана најмладиот победник на шаховски турнир од 18. категорија.

Веднаш по турнирот во Бил, Карлсен учествуваше на отвореното првенство на Арктикот, кое се оджра во Тромсе, но неговиот резултат од 5 победи и 4 реми партии, заземајќи го четвртото место беше разочарувачки. Во првиот круг, тој одигра изненадувачко реми против неговиот другар Бреде Хаген (со рејтинг 2034)[14], откако во еден момент имаше и загубена позиција.[15] Партија која привлече внимание на турнирот беше онаа од шестиот круг, во кој Магнус се сретна со неговиот татко Хенрик Карлсен.[16]

Во декември 2007, тој се пласираше во полуфиналето на светскиот шаховски куп, кој се одржа од 24 ноември до 16 декември во Ханти-Мансијск, откако во осминафиналето го победи Мајкл Адамс и во четвртфиналето Иван Чепаринов. Во полуфиналниот меч, тој загуби од победникот на турнирот Гата Камски со ½:1½.

 
Магнус Карлсен во 2008

Во својот втор настап во групата А на шаховскиот турнир во Вајк ан Зее, Карлсен покажа многу подобра игра и поголем напредок од претходниот настап, притоа освојувајќи 8 бода од 13 партии, со оценет рејтинг од 2830 бода. Тој оствари вкупно 5 победи, меѓу кои и една против поранешниот светски првак Владимир Крамник, загуби 2 и ремизираше во 6 партии. Со тоа, тој заврши на делба на првото место, заедно со Левон Аронјан и стана најмладиот шахист, кој некогаш победил на турнир од 20. категорија.

На турнирот во Линарес идниот месец, Карлсен повторно оствари оценет рејтинг од над 2800 бода. Тој освои 8 од можните 14 бода (5 победи, 3 порази и 6 реми партии), со што заврши на второто место, само ½ бод зад победникот на турнирот и актуелен светски првак Вишванатан Ананд.

Од 15 до 27 март 2008, Магнус учествуваше по вторпат на турнирот Мелоди Амбер, кој овој пат се одржа по првпат во Ница. Во единаесетте круга, тој доби 4 партии, во исто толку ремизираше и загуби 3 во шах на слепо и доби 3, ремизираше во 6 и загуби две во брзоопотезен шах. Со тоа, тој заврши на делба на петтото место на турнирот во шах на слепо и на делба на второто место на турнирот во брзопотезен шах, односно на делба на второто место во двете конкуренции заедно со оценет рејтинг од 2785 бода.

Магнус Карлсен е еден од вкупно 21 шахист, кои учествуваа на шесте турнири од гран-при серијата во 2008 и 2009, кои претставуваа еден вид на квалификации за учество на светското првенство во 2011. На првиот турнир, кој се одржа во Баку, Азербејџан во мај 2008, тој заврши на делба на првото место, повторно остварувајќи оценет рејтинг над 2800 бода. Карлсен, подоцна се откажа од гран-при серијата, и покрај неговиот почетен успех, повикувајќи се на „драматичните промени... на правилата.“[17]

Карлсен победи во брзопотезниот меч против Петар Леко, кој се одржа во Мишколц, Унгарија со резултат 5-3 (две победи и шест реми партии).[18]

Во јуни 2008, тој победи на годишниот турнир Аеросвит.[19] Ова беше неговиот најдобар турнир во кариерата, на кој остана непоразен, остварувајќи резултат 8/11 (пет победи и шест реми партии) и оценет рејтинг од 2878 бода.

Магнус учествуваше и на турнирот во Бил, кој и во 2008 беше од 18. категорија, на кој го освои третото место со 6 бода од можни 10 (3 победи, 1 пораз и 6 реми партии) и оценет рејтинг од 2741 бод, што беше првиот негов оценет рејтинг под 2800 во 2008 година.

 
Карлсен во Билбао во 2008

На брзопотезниот шаховски турнир во Мајнц, Магнус заврши на второто место, откако во финалниот меч загуби против светскиот првак Вишванатан Ананд со 3-1 (два пораза и две реми партии).[20] На патот до финалето, тој освои 1½ бод (победа и реми) против Јудит Полгар, 1 бод против Ананд (две реми партии) и исто така 1 бод со две реми партии против Александар Морозевич.

На шаховбскиот турнир во Билбао од 21. категорија, Магнус го освои второто место, со 5 од можни 10 бода (по 3 победи и порази и 4 реми партии) и оценет рејтинг од 2768 бода.

На шаховскиот турнир во Вајк ан Зее, Карлсен играше во групата А и заврши на делабта на петтото место со освоени 7 бода од можни 13 (2 победи, 1 пораз и 10 реми партии) и оценет рејтинг од 2739 бода.[21]

На шаховскиот турнир во Линарес, Карлсен заврши како трет со резултат 7½/14 (3 победи, 2 пораза и 9 реми партии) и оценет рејтинг од 2777 бода. На овој турнир, тој го победи актуелниот светски првак Вишванатан Ананд.[22], а успешен беше и против победникот на турнирот, Александар Гришчук[23].

На шаховскиот турнир од 21. категорија, М-Тел Мастерс, кој традиционално секоја година се одржува во Софија во месец мај, Магнус заврши на делба на второто место, заедно со Веелин Топалов. Тој загуби против победникот на турнирот Алексеј Широв во последниот круг, со што го загуби првото место.[24]

Карлсен учествуваше и на шаховскиот турнир во Нанкин, кој исто така е од 21. категорија. На турнирот, тој победи убедливо, со дури 2½ бодови повеќе од најдобриот шахист во светот тој момемнт Веселин Топалов.[25] Тој оствари резултат 8/10 (6 победи и 4 реми партии), победувајќи во сите партии со бели фигури (против Топалов, Ванг Јуе, Леко, Раџабов и Јаковенко) и победувајќи со црни фигури против Јаковенко. Овој резултат беше опишан како еден од најдорбрите во историјата на шахот.[25] Статистичарот и шахометричар Џеф Сонас, остварувањето на Карлсен на овој турнир го смета за најдобро остварување на еден тинејџер во историјата и 13. најдобар турнирски резултат.[26] На турнирот, Карлсен оствари Ело рејтинг од 3002 бода.[27]

На меморијалниот турнир во чест на Михаил Таљ, кој се одржа од 5 до 14 ноември, Магнус започна со седум последователни реми партии, но ги доби последните две (против Руслан Пономариов и Петар Леко), што се покажа како доволно за делба на второто место, заедно со Иванчук, а веднаш зад победникот Крамник.[28][29]

 
Магнус дели автограми за време на шаховскиот турнир во Лондон во декември 2009

По меморијалниот турнир во чест на Михаил Таљ, Карлсен настапи на светското првенство во брзопотезен шах, коешто се одржа од 16 до 18 ноември во Москва. Неговиот резултат од 28 победи, 8 порази и 6 реми партии се покажа како доволен за освојување на титулата со предност од 3 бода пред Ананд.[30] Со тоа, тој стана најмладиот светски првак во брзопотезен шах.

Магнус настапи како најдобро рангиран шахист на шаховскиот турнир во Лондон, кој се одржа од 8 до 15 декември 2009. На турнирот учествуваа и Владимир Крамник, Хикару Накамура, Мајкл Адамс, Најџел Шорт, Ни Хуа, Лук МекШејн и Дејвид Хауел. Тој го победи Крамник уште во првиот круг, а во продолжение ја задржа добрата игра и победи на турнирот со освоени 13 од можен 21 бод (за секоја победа се доделуваа по 3 бода, а за секое реми по 1; според класичната пшресметка тој оствари резултат 5/7) и оценет рејтинг 2844. Оваа победа му овозможи да се искачи на врвот на ранг листата според ФИДЕ, надминувајќи го Веселин Топалов.

Просечниот рејтинг на Магнус Карлсен во периодот од јули 2009 до јануари 2010 му овозможи да обезбеди учество на турнирот на кандидатите за светското првенство во шах во 2011.

Пред почетокот на 2010, Карлсен изјавил дека во престојната година ќе учествжува на помал број турнири и дека соработката со Каспаров ќе продолжи.[31]

Карлсен победи на шаховскиот турнир во Вајк ан Зее, кој се одржа од 16. до 31 јануари, освојувајќи 8½ бодови од 13 партии (5 победи, 1 пораз и 7 реми партии). Неговиот пораз со бели фигури во деветтиот круг, против Владимир Крамник, претставуваше крај на успешната серија од 36 рангирни партии без пораз.[32] Во последниот круг, тој ремизираше со бели фигури против Фабијано Каруана, но ни главните конкуренти, Крамник и Широв не победија, па така тој ја задржа предноста од половина бод, што ја имаше пред нив и во пресрет на последниот круг.[33]

На мартовската ранг листа според ФИДЕ, рејтингот на Карлсен се зголеми на 2813 бода, граница којашто само Каспаров ја има надминато.[34]

На шаховкиот турнир Амбер, Карлсен заврши ан делба на првото место, заедно со Василиј Иванчук. Во шах на слепо, тој освои 6½ бодови, а во бропотезен шах 8, а вкупниот резултат 14½/22 се покажа како доволен за делба ан првото место.

Во мај 2010, беше обелоденето дека Карлсен соработувал со Вишванатан Ананд во пресрет на мечот за светски првак против предизвикувачот Веселин Топалов, кој Ананд го доби со резултат 6½-5½ и ја одбрани титулата. Исто така беше обелоденето дека Карлсен соработувал со Ананд и во пресрет на светските првенства во 2007 и 2008 година.[35]

Првиот турнир на кој настапи Магнус по објавувањето на разделбата со Каспаров беше турнирот во Медијаш, Романија, кој се одржа од 14 до 25 јуни. Натпреварите на турнирот беа организирани во Бергеров систем со по две партии против секој противник. Другите учесници беа: Ванг Јуе, Борис Гелфанд, поранешниот светски првак според ФИДЕ Руслан Пономариов,Тејмур Раџабов, и Ливиу Дитер Нисипеану. Откако ремизираше во првите три партии, Магнус ги доби следните четири и во тој момент постави личен моментен рејтинг, кој изнесуваше 2825,1 бод.[36] Со резултат 7½/10 и оценет рејтинг од 2918 бода, тој победи на турнирот со дури два бода предност пред Раџабов и Гелфанд.[37][38] Со оваа победа, беше осигурано првото место на Карлсен на јулската рејтинг листа според ФИДЕ, а неговиот рејтинг на истата се зголеми и изнесуваше 2826 бода.

Од 28 до 30 август, Карлсен настапи на арктичкиот шаховски турнир во брзопотезен шах, кој се одржа во Кристијансунд, Норвешка. На турнирот учествуваа и светскиот првак Вишванатан Ананд, најдобрата шахистка во светот Јудит Полгар и Јон Лудвиг Хамер. Во првиот натпреварувачки дел, Карлсен оствари резултат од 3½ бодови од 6 одиграни партии, со што обезбеди учество в завршниот меч на турнирот.[39] Во него, тој се соочи со светскиот првак, Ананд, кого го победи со 1½-0½[40]

На шаховската олимпијада во Ханти-Мансијск, Магнус настапи играјќи на прва табла за репрезентацијата на Норвешка. Од осумте партии кои ги одигра, доби 4 победи, загуби 3 и ремизираше во една.

Како победник на силните шаховски турнири во Нанкин во 2009, Вајк ан Зее и Базна во 2010, Карлсен автоматски обезбеди учество на завршниот супертурнир во Билбао. Турнирот се одржа од 9 до 15 октомври, а на него учествуваа и светскиот првак, Ананд, Крамник и Широв. На турнирот, Карлсен го зазеде третото место, завршувајќи зад победникот, Владимир Крамник, и Вишванатан Ананд, а пред Алексеј Широв, остварувајќи 1 победа, 2 порази и 3 реми партии.

По завршниот супертурнир, Карлсен учествуваше на шаховскиот турнир во Нанкин, кој се одржа од 18 до 30 октомври, а на кој учествуваа и Ананд, Топалов, Гашимов, Јуе и Бакро.[41] Тој освои 7 бода од 10 одиграни партии (+4-0=6), што беше доволно за освојување на првото место со бод предност пред светскиот првак, Ананд.[42]

Од 16 до 18 ноември, Карлсен настапи на светското првенство во брзопотезен шах во Москва како бранител на титулата. Во вкупно 38 одиграни партии, тој освои 23½ бодови (+19-10=9), што беше доволно за третото место, веднаш зад Раџабов и победникот, Аронјан.[43]

На крајот од годината, тој победи и ја опдбрани титулата на шаховскиот турнир во Лондон, кој се одржа до 8 до 15 декември, а на кој учествуваа и светскиот првак Ананд, поранешниот светски првак Крамник, Накамура и англиските шахисти: Адамс, Шорт, Хауел и Мекшејн.[44] Слабиот почеток и двата порази со црни фигури против Мекшејн и Ананд во првиот, односно третиот круг, ги надополни со победа со бели фигури против Адамс и Накамура во вториот и четвртиот круг. Водството го презема со победата против Хауел со црни фигури во петтиот, а ја задржа со ремито против Крамник во шестиот и победата против Шорт во последниот натпреварувачки круг. Бидејќи турнирот беше одигран со систем од три бода за победа, неговиот учинок од четири победи, два порази и едно реми беше доволен за победа.

Како резултат на напредокот и успесите постигнати во текот на годината, Карлсен беше одликуван со Шаховски оскар, откако во тесна борба го победи Вишванатан Ананд.[45]

На турнирот Тата стил, којшто се одржал од 14 до 30 јануари во Вајк ан Зее, Карлсен настапи во А групата, во обид да ја одбрани титулата освоена минатата година.[46]. На турнирот учествуваа и светскиот првак Вишванатан Ананд, светскиот првак во брзопотезен шах Левон Аронјан, поранешнито светски првак Владимир Крамник, поранешниот светски првак според ФИДЕ Руслан Пономариов, како и Александар Гришчук и Хикару Накамура меѓу останатите. И покрај поразите со бели фигури против Аниш Гири и актуелниот руски првак, Јан Непомниачи, Карлсен турнирот го заврши со резултат 8/13, што беше доволно за делба на третото место. Меѓудругото, тој на турнирот оствари победи против Крамник и победникот на турнирот, Накамура. И покрај тоа што со овој резулт, неговиот рејтинг на мартовската листа се зголеми од 2814 на 2815, Ананд со 2817 успеа да го надмине и смине од врвот.

Правата турнирска победа во 2011, ја оствари на турнирот во Медијаш, кој се одржа до 11 до 21 јуни, освојувајќи 6,5 бода од 10 одиграни партии (+3-0=7), што беше еднакво остварување со она на Сергеј Карјакин, но подобро во поглед на одлучувачкиот критериум. Карлсен побед со бели фигури против Накамура, Нисипеану и Иванчук, додека во останатите партии ремизираше.[47] Со овој резултат, неговиот рејтинг достигна 2821 бод, доволно за повторно да стане светски број 1.

По победата во Медијаш, следуваше и неговата победа на турнирот во Бил, каде во конкуренција на Морозевич, Широв, Вашје-Лаграв, Каруана и Пелетје, тој оствари пет победи, еден пораз и ремизираше во четири партии, што се покажа доволно за победа.

На шаховскиот турнир во Билбао и Саун Пауло[г], Карлсен настапил во конкуренција на Ананд, Иванчук, Аронјан, Накамура и Ваљехо Понс. Трунирот се одиграл во два дела, од коишто првиот во Саун Пауло (25 септември - 1 октомври), додека вториот дел со завршнциата во Билбао (5 - 11 октомври). По одиграните две партии против секој противник, тој освоил 6 од можните 10 бода (+3-1=6), што било најдобар учинок на турнирот, но поради бодувањето од 3 бода за победа и еден бод за реми, завршил на делба на првото место со Василиј Иванчук. Победникот бил одлучен по одигрување на две брзопотезни партии, во кои првата завршила реми, а втората со победа на Карлсен со црни фигури.[48]

Следниот настап со турнирска победа го забележал на меморијалниот турнир во чест на Михаил Таљ одигран во Москва од 16 до 25 ноември. На турнирот учество земале десет шахисти, коишто меѓусебно одиграле по една партија против секого. Карлсен остварил две победи, против Гелфанд и Накамура, а ремизирал во преостанатите осум партии. На конечната табела, Магнус завршил со ист број на бодови како и Левон Аронјан, но победил во делбата на првото место, поради правилото на поголем број одиграни партии со црни фигури.[д][49]

На шаховскиот турнир во Лондон, којшто се одржал од 3 до 12 декември, победничката серија на Карлсен на турнирите била завршена. Тој завршил на третото место, зад победникот Крамник и второпласираниот Накамура. Учинокот на Карлсен се состоел од 3 победи и 5 партии реми. Но, и покрај освоеното трето место, неговиот рејтинг продолжил да расте и на крајот од годината изнесувал 2835 бода.[50]

Почетокот на новата година, Карлсен ја започнал со учеството на турнирот Тата стил, којшто се одржал од 14 до 29 јануари. Неговиот учинок на турнирот со освоени 8 од можни 13 бода (+4; -1; =8) бил доволен за делба на второто место на конечната табела, заедно со Раџабов и Каруана и веднаш зад победникот Аронјан. Четирите победи ги постигнал против Гашимов, Аронјан, Гелфанд и Топалов, додека единствениот пораз го претрпел во партија против Карјакин. Со овој успех, неговиот рејтинг речиси истанал непроменет и се намалил за само еден бод, што му овозможило да остане на првото место.[51]

На турнирот во брзопотезен шах на меморијалниот турнир во чест на Михаил Таљ, којшто се одиграл на 7 јуни 2012, Карлсен завршил на делба на првото по бројот на освоени бодови (6½ од 9), заедно со Морозевич. Сепак, поради примената на правилото на бројот на одиграни партии со црни фигури, Морозевич завршил како прв, а Карлсен како втор.[52] Веднаш по брзопотезниот турнир се одиграл и главниот меморијален турнир, на којшто учество земале 10 шахисти, чијшто просечен рејтинг бил доволен за турнирот да биде оквалификуван како турнир од 22. категорија. Магнус уверливо го освоил првото место на турнирот, остварувајќи две победи и одигрувајќи реми во преостанатите седум партии, со вкупен учинок од 5½ освоени од можни 9 бода. Зад себе на делба на второто место ги оставил Раџабов и Каруана.[53]

 
Карлсен во 2012 година

Понатаму, Карлсен учествувал на шаховскиот турнир во Бил и на него го зазел второто место. Бодувањето на турнирот било со 3 бода за победа и еден бод за секое одиграно реми; Магнус, притоа, турнирот го завршил непоразен и освоил 18 бода (+4; -0; =6), што било за еден помалку од победникот Ванг Хао. Притоа, тој остварил победи против победникот Хао во обете меѓусебни партии. Пред одржувањето на главниот турнир, Карлсен учествувал и на брзопотезен турнир, на којшто загубил во првиот круг против Етјен Бакро (+1; -2; =0).[54]

На шаховскиот турнир во Билбао и Саун Пауло, којшто втора година по ред се одржал во овие два града, учествувале шест шахисти кои меѓусебно одиграле по две партии против секого (по една во двата града). Магнус турнирот го започнал со пораз против италијанскиот велемајстор Фабијано Каруана, но по трите победи во вториот дел од турнирот којшто се одиграл во Билбао, остварил учинок од 4 победи, еден пораз и 5 партии коишто завршиле реми, со што завршил на делба на првото место заедно со Каруана, а пред Аронјан, Карјакин, Ананд и Ваљехо Понс. Но, тој успеал да победи на турнирот откако во разигрувањето го победил својот противник во обете дополнително одиграни партии.[55]

Од 24 до 25 ноември, Карлсен учествувал на шаховски настан којшто се одржал во Мексико. Таму, тој одиграл шаховска партија со бели фигури на семрежјето против публика насловена „Светот“ и успеал истата да ја добие. Потоа, тој учествувал во егзибицискиот дел од настанот којшто се состоел од елиминациски мечеви. Притоа, тој најпрвин го совлдал Лазаро Брузон со резултат 1½–½ и на тој начин обезбедил учество во финалниот меч против Јудит Полгар, којашто претходно го победила Мануел Леон Хојос, исто така, со 1½–½. Карлсен ја загубил првата партија во завршниот меч, но ја добил втората и потоа ја совладал Полгар во разигрувањето со 2-0.[56][57]

Во текот на месец декември, Карлсен победил на шаховскиот турнир во Лондон, остварувајќи победи во партиите против МекШејн, Аронјан, Гевејн Џонс, Адамс и Јудит Полгар и ремизирајќи против Крамник, Накамура и Ананд.[58] Со оваа победа, тој го освоил турнирот по третпат во период од четири години и го зголемил својот рејтинг од 2848 на 2861 бод, соборувајќи го 13-години стариот рекорд на Каспаров од 2851 бод.[58][59] Магнус, исто така, постигнал оценет рејтинг од 2994 бода, што е еден од највисоките во историјата.[60]

 
Карлсен за време на шаховскиот турнир во Вајк ан Зее во 2013 година

Во периодот од 11 до 27 јануари, Карлсен учествувал на 75. меѓународен шаховски турнир во Вајк ан Зее. По завршувањето на сите 13 натпреварувачки кругови, тој освоил 10 од можните 13 бода (+7; -0; =6), заземајќи го првото место со 1½ бод повеќе од второпласираниот Аронјан.[61]

На 1 февруари било објавено дека данскиот велемајстор Петар Хајне Нилсен се приклучил на тимот со помошници коишто требале да му помогнат на Карлсен да се подготви за трурнирот на кандидатите седен месец подоцна. Пред ова, Нилсен бил дел од тимот на Вишванатан Ананд.[62] Турнирот на кандидатите се одржал во Лондон од 15 март до 1 април, а на него, покрај Карлсен, настапиле и Крамник, Аројан, Раџабов, Гришчук, Иванчук, Свидлер и Гелфанд. По одиграните две партии против секој од противниците, Карлсен освоил 8½ од 14 бода (+5; −2; =7) и завршил на делба на првото место заедно со Крамник, но бил прогласен за победник поради поголемиот број на победи на турнирот. Како резултат на тоа, тој се стекнал со правото да го предизвика светскиот првак Ананд во меч за титулата.[63]

Во мај, Магнус учествувал на првиот шаховски турнир на Норвешка, на којшто го зазел второто место со успешност 5½/9 (+3; −1; =5) и половина бод зад победникот Карјакин.[64] Следниот месец, тој настапил и на меморијалниот турнир во чест на Михаил Таљ од 12 до 23 јуни. На овој турнир, тој исто така завршил на второто место, освојувајќи 5½ од можни 9 бода или половина бод зад победникот Борис Гелфанд. Тој остварил три победи, еден пораз и пет партии што завршиле реми, при што загубил само од Каруана, а ги победил Ананд, Крамник и Накамура.[65] Подоцна во текот на месец јуни, тој одиграл пријателски меч од четири партии во брзопотезен шах против Борки Предоевиќ, којшто го добил со резултат 2½–1½.[66]

Карлсен настапил и на првиот шаховски турнир во Сент Луис, којшто се одржал во текот на месец септември, а на кој учествувале и Аронјан, Накамура и Камски. Според правилата на турнирот, секој шахист требал да одигра по две партии, една со бели и една со црни фигури, против секој противник. Норвежанецот победил на турнирот со резултат 4½/6 (+3; -0; =3), остварувајќи две победи против Камски и една против Ананд за на конечната табела да заврши со еден бод повеќе од второпласираниот Накамура.[67]

Светско првенство во шах 2013

уреди

Карлсен во моментов го предизвикува Ананд за титулата светски првак во шах, во меч што се одигрува во Ченај од 9 до 28 ноември. Првите четири партии од мечот завршија реми, по што следуваа две победи на Карлсен, а потоа седмата и осмата партија повторно завршија со реми.[68] Следната деветта партија ја доби Карлсен за водство од 6-3.[69]

Награди

уреди

Карлсен бил добитник на Шаховскиот оскар четири години по ред, во 2009, 2010, 2011 и 2012 година. Наградата се доделува од страна на руското шаховско списание 64 за најдобриот шахист во одделна година според мислењето на познати шаховски критичари, писатели и новинари низ светот.[70][71] Норвешкиот таблоид Verdens Gang го прогласил за „Име на годината“ (Årets navn)[72] и „Спортист на годината“ во 2009.[73] Истата година, тој исто така ја добил наградата Folkets Idrettspris, којашто се доделува врз основа на изборот од страна на читателите на весникот Dagbladet.[74] Во 2011, Магнус бил одликуван и со наградата Пеер Гинт (Årets Peer Gynt), норвешка почесна награда што се доделува годишно на „поединец или институција за особено достигнување во општеството“;[75] следната година, тој повторно бил добитник на наградата Folkets Idrettspris.[76] Во 2013, американското списание ''Time'' го именувало Карлсен како еден од one of the стоте највлијателни луѓе во светот.[77]

Стил на игра

уреди

Карлсен е познат по тоа што тој не е дотолку заинтересиран за подготовка во отворањето; неговата главна моќ е средишницата, во којашто тој успева да надигра многу од неговите противници со позициски средства. ... Карлсеновиот репертоар е насочен кон избегнување на рана криза во партијата. Тој речиси секогаш се стреми за средишници што одговораат за примена на стратешки пристап.

Јан Тиман, 2012[78]

Во своите почетоци, Карлсен бил познат по својот агресивен стил на игра,[79][80] и, според Адгестејн, неговата игра се одликувала со „бестрашна подготвеност да жртвува материјал за активност“.[81] Неговата победа против Сипке Ернст во рамките на групата C на шаховскиот турнир во Вајк ан Зе во 2004 година,[82] којашто завршила со еполетски мат, предизвикала особено восхитување кај некои други шахисти. Но, во подоцнежните години, Карлсен сфатил дека ваквиот ризичен стил на игра не е пригоден за врвните светски шахист. Кога започнал да игра на врвни турнири, тој се борел против најсилните шахисти и имал потешкотии да добие добра позиција по отворањето. Со тек на време, неговиот стил на игра станал поуниверзален и тој бил способен да се справи со различни видови на позиции. Така, тој обично се отвора со потезите 1. е4 или 1. d4, но понекогаш и со 1. c4 и 1. Sf3, што им создава тешкотии на противниците да се подготват против неговата игра.[83][84] Евгениј Свешников ја критикувал играта на Карлсен во отворањате и во интервју во 2013 година изјавил дека без „научен“ пристап во подготовките, неговата „иднина не изгледа многу надежна“.[85]

Гари Каспаров, кој му бил тренер на Карлсен од 2009 до 2010, изјавил дека Карлсен има позициски стил сличен на оној на некои поранешни светски прваци како Анатолиј Карпов, Хосе Раул Капабланка и Василиј Смислов, отколку тактички стил како оној на Александар Аљехин, Михаил Таљ и него.[86] Сепак, самиот Карлсен изјавил дека нема некоја склоност во однос на стилот на игра.[87] Во 2013, Каспаров изјавил дека:

„Карлсен е комбинација од Карпов и Фишер. Тој ги гради своите позиции и потоа не отстапува од булдошкиот гриз. Исцрпувачки за противниците.“[88]

Ананд за Карлсен го изјавил следново:

Мноштвото идео нему му се појавуваат апсолутно природно. Тој, исто така, е многу флексибилен, ги познава сите структури и може да ја игра било која позиција. ... Магнус може буквално да прави скоро сè."[89]

Каспаров се произнел со слично мислење:

Карлсен ја има способноста точно да ја оцени било која позиција, нешто со коешто само Карпов може да се пофали пред него.[90]

Во интервју од 2012 година, Владимир Крамник најголем дел од успехот на Карлсен против другите цврвни шахисти го припишал на неговата „одлична физичка подготвеност“ и неговата способност да избегне „психолошки грешки“, што му овозможува да одржува висок стандард на игра во долги партии и на крајот на турнирите, кога нивото на енергија на другите е снижено.[91]

Вештината на Карлсен за игра во завршнциата била опишана како една од најдобрите во историјата.[92][93][94][95] Џон Спилмен, анализирајќи некои од Карлсеновите завршници во неговите партии на турирот во Лондон во 2012 (вклучувајќи ги и овие против МекШејн, Аронјан и Адамс), го опишал она што самиот го нарекува „Карлсенов ефект“ со следниве зборови:

... низ комбинацијата од сила во неговата вештина и непомалку важно неговиот углед, тој ги принудува своите противници да нарпават грешки. ... Тој игра за нешто секогаш, смирено, методично и, можебо најважно од сè, без страв: пресметувајќи извонредно, со многу малку конечни грешки и голем број на „многу добри“ потези. Ова го прави него ѕвер, а многу негови противници ги овенува.[96]

Рејтинг

уреди

Првиот забележителен прогрес во рејтиногт на Магнус Карлсен е во 2003 година. Така, од 2279 бода, колку што имаше според ранг списокот на ФИДЕ во јануари 2003, според ранг списокот на ФИДЕ во 2004, тој имаше рејтинг од 2484 бода, односно за 205 бода повеќе.[97] Неговиот рејтинг продолжи да се зголемува и во почетокот од 2004, што се должи на одличните резултати на неколку силни турнири, пред сè победата во групата Ц на шаховскиот турнир во Вајк ан Зее, кои резултираа со исполнување на три велемајсторски норми. На 26 април 2004, денот на којшто стана велемајстор, Карлсен на последната ранг листа според ФИДЕ, објавена на 1 април 2004 имаше 2552 бода, што е за 68 повеќе во период од само три месеци.[97] Сепак во остатокот од 2004, зголемувањето на неговиот рејтинг беше со послаба прогресија, а на почетокот од 2005, имаше дури и тенденција на опаѓање, па така од 2581 во октомври 2004, неговиот рејтинг се намали на 2528 во јули 2005. Но, во втората половина од 2005, Магнус успеа повторно да го зголеми својот рејтинг, на што влијаеше неговото забележитлно учество на светскиот куп, како и одличната игра на меморијалниот турнир во чест на Арнолд Еиркем, на кој оствари оценет рејтинг од 2792 бода. Ова му овозможи, веќе на јануарската ранг листа според ФИДЕ во 2006, за првпат да ја надмине границата од 2600 бода и со рејтинг од 2625 за првпат да се најде меѓу најдобрите 100 шахисти во светот, заемајќи го 89. место.[98]

 
Графички приказ на движењето на рејтингот на Магнус Карлсен (јануари 2005-јануари 2010)

Во текот на 2006, Карлсен остварил одлични резултати, меѓу кои е и неговото забележително учество на шаховската олимпијада во Торино, на која тој оствари оценет рејтинг од 2820, што беше првиот оценет рејтинг над 2800 бода којшто го постигнал во кариерата. Добрите игри во овој период го доведоа до рејтинг од 2698 на октомврискиот список на ФИДЕ, со што се проби на второто место на списокот на јуниори (веднаш зад Тејмур Раџабов)[99] и на 21. место на списокот на најдобри шахисти.[100] Падот на рејтингот на јануарската листа беше само повремен, бидејќи во 2007, Карлсен на најголем дел од турнирите имаше оценет рејтинг над 2700 бода, што му овозможи за првпат во својата кариера, на јулската ранг листа да ја надмине границата од 2700 бода и со 2710 бода да се најде меѓу најдобрите 20 шахисти во светот, поточно на 17. место.[101]

Во јануари 2008, по преминувањето на Раџабов во сениорска конкуренција, Магнус со рејтинг од 2733 бода се најде на првото место на списокот на јуниори според ФИДЕ.[102] Место меѓу најдобрите 10 шахисти во светот, Магнус обезбеди на априлската ранг листа, на која имаше рејтинг од 2765 бода, што беше доволно за петтото место.[103] Во јуни 2008, Карлсен го достигна својот највисок оценет рејтинг дотогаш од 2878 бода, благодарение на убедливата победа на турнирот Аеросвит. Но, сепак овој негов резултат не беше вклучен во листата за јули 2008, бидејќи денот на завршување на турнирот се поклопувал со крајниот рок за составување на јулската листа, што причини доста контроверзи.[104] Имено, доколку ова негово остварување беше замено предвид при создавањето на ранг листата за месец јули, тој наместо шести ќе беше втор.[104] На 5 септември 2008, по победата во четвртиот круг на шаховскиот турнир во Билбао, Карлсен станал неофицијално светски број еден, врз основа на моментниот рејтинг.[105][106]

По солидните резултати на турнирите во Вајк ан Зее, Линарес и Софија, во првата половина од 2009, Карлсен го одржуваше својот рејтинг околу 2770.[107] Неговата победа на турнирот во Нанкин, кој се одржа во септември и октомври прдонесе неговиот рејтинг официјално да се зголеми на 2801 бод, со што стана најмладиот шахист, на само 18 години и 336 дена кој успеал да ја надмине границата од 2800 бода според ФИДЕ.[27] Најмлад шахист, кој го сторил истото пред него беше Владимир Крамник со 25 години.[108] Освен Карлсен, само уште Каспаров, Веселин Топалов, Крамник и Ананд (сите биле светски прваци) достигнале рејтинг над оваа граница.[109] По победата на турнирот, Карлсен изјави дека оваа негова победа е „почеток на една нова ера.“[110] По меморијалниот турнир во чест на Михаил Таљ, Карлсен станал светски број еден на неофицијалната листа, врз основа на моментниот рејтинг со нов врвен рејтинг од 2805,7 бода, што било за 0,6 бода повеќе од Веселин Топалов.[111]

Официјалната рејтинг-листа од страна на ФИДЕ била објавена на 1 јануари 2010 и шеснаесетте партии, што Магнус ги одиграл на меморијалниот турнир во чест на Михаил Таљ и на шаховскиот турнир во Лондон се покажале како доволни да го зголемат неговиот рејтинг за 8,6 бода, кој на листата изнесувал 2810 бода.[112] Со ова, Магнус Карлсен, на 19 години и 32 дена станал најмладиот шахист во историјата којшто станал светски број еден, а воедно и првиот шахист од една западна земја, кој станал светски број еден, после Боби Фишер во 1972 година.[113][114] Односите со јавноста заради овој подвиг, вклучија интервју и статија во магазинот Time.[115][116] На мартовската рејтинг листа во 2010, Карлсен го зголемил својот рејтинг на 2813, останувајќи на првото место.[117] Во следниот период, Крлсен не бил многу активен, па на мајската рејтинг-листа го задржал првото место, со истиот рејтинг и официјално без одиграни партии во изминатите два месеца.[118] Одличниот настап на шаховскиот турнир во Медијаш и оценетиот рејтинг од 2918 бода, на Карлсен му донесе моментен рејтинг кој изнесуваше 2825,1 бод, а веќе на јулската рејтинг листа неговиот рејтинг беше зголемен за дури 13 бода и изнесуваше 2826 бода.[97] Откако го задржал истиот рејтинг на септемвриската листа, следувале неговите слаби резултати на шаховската олимпијада во Ханти-Мансијск и на супертурнирот во Билбао, што имале значително влијание на неговиот рејтинг на листата објавена на 1 ноември 2010, на која со рејтинг од 2802 се нашол на второто место.[119]

Личен живот

уреди

Карлсен бил дел од промотивната кампања на холандската модна куќа G-Star Raw и заедно со американската глумица Лив Тајлер позирале во облека од колекцијата есен-зима за 2010 година.[120] Кампањата била координирана заедно со шаховска партија одиграна во Њујорк и спонзорирана од G-Star Raw, во којашто Норвежанецот играл против он-лајн-публика составена од шахисти од многу земји во светот, кои гласале за потезите што треба да бидат одиграни по предлог на тројцата велемајстори: Максим Вашје-Лаграв, Хикару Накамура и Јудит Полгар. Карлсен, кој играл со бели фигури, победил во партијата по 43 одиграни потези.[121]

Филмскиот режисер Џен Џеј Ејбрамс му понудил на Карлсен да глуми во филмот Ѕвездени патеки: Во темнината како „шахист од иднината“, но тој морал да ја одбие понудата поради тоа што не бил во можност на време да добие работна виза за САД.[122] Во 2012, Карлсен бил дел од телевизиската емисија 60 Minutes,[123], а како гостин се појавил и во емисијата The Colbert Report.[124] Тој, исто така, бил интервјуиран од страна на американскиот глумец Рејн Вилсон за компанијата SoulPancake.[125] Карлсен избран и за еден од „најсексуално привлечните мажи во 2013“ од страна на списанието Cosmopolitan.[126] Во август 2013, тој станал и амбасадор на компанијата Nordic Semiconductor.[127]

Заклучно со 2012, Карлсен бил единствениот активен професионален шахист без сопствен менаџер. Еспен Адгестејн, брат на поранешниот Карлсенов тренер Симен, и ФИДЕ мајстор[128] и двократен член на репрезентацијата на норвешка на Шаховските олимпијади, започнал да работи како агент на Карлсен кон крајот на 2008 година. Неговата работа главно се состоела во наоѓање спонзори и преговори со медиумите, но од 2011 тој морал да ги преземе менаџерските задачи коишто во минатато биле извршувани од страна на таткото на Магнус, Хенрик.[129] Според некои податоци, Карлсен во 2012 година заработил 1,2 милиони $, од коишто мнозинството биле од спонзорства.[130]

Книги и филмови

уреди

Во 2004 година, норвешкиот шахист Оле Валакер со помош од страна на Карлсен го напишал делото „Научете шах со Магнус“ (норвешки: ''Lær sjakk med Magnus), а истата година неговиот тренер Симен Адгестејн го опишал патот којшто неговиот ученик го поминал за да стане еден од најмладите велемајстори во историјата во своето дело „Чудо од дете: Како Магнус Карлсен стана најмладиот велемајстор во светот“ (норвешки: Sjakkvidunder – hvordan Magnus Carlsen ble verdens yngste stormester: partiene og historien). Следната година, норвешкиот режисер Јејвинд Абјернсен го снимил филмот „Шаховскиот принц“ (норвешки: Prinsen av Sjakk), чијашто содржина во целост се однесувала на Магнус Карлсен.[131] Понатаму, дела посветени на играта на Карлсен и неговата игра напишале и Халгир со својата книга „Паметни потези. Магнус Карлсен: Најдобриот шахист во светот“ (норвешки: Smarte trekk. Magnus Carlsen: Verdens beste sjakkspiller) од 2011, Адријан Михалчишин и Олег Стецко со делото „Магнус Карлсен. 60 партии на најдобриот шахист во светот“ (руски: Магнус Карлсен. 60 партий лидера современных шахмат), исто така, од 2011 и Колин Крауч со делото „Магнус во сила: Како Карлсен го сруши рекордот на Каспаров“ (англиски: 'Magnus Force: How Carlsen Beat Kasparov's Record') од 2013.

Турнирски исходи

уреди
Година Град Турнир Категорија + = Исход Место
2001 Гаусдал 2 5 2 3 од 9 40-45
Осло 5 3 1 5½ од 9 9-13
Гаусдал 0 4 5 2½ од 9 8
Берген 2 4 3 3½ од 9 70-79
Панормо 3 1 3 4½ од 7
2002 Гаусдал 3 3 3 4½ од 9 24-26
Лисакер 4 0 3 5½ од 7
Гаусдал 2 1 6 5 од 9 8
Осло 3 1 1 3½ од 5
Пеларо 1 0 4 3 од 5 9-14
Хелсинки 3 6 2 4 од 11 10
Берген 4 3 2 5 од 9
Кил 5 2 2 6 од 9 11-24
Пењискола 5 2 2 6 од 9
2003 Гаусдал 6 2 2 7 од 10 3-6
Гаусдал 8 2 5 4 4 од 11 11-12
Аскер 1 0 4 3 од 5
Алта 4 0 2 5 од 6
Фредрикштад 4 3 1 5 5½ од 9
Копенхаген 6 1 4 8 од 11 7-16
Салцбург 5 1 3 6½ од 9 2-7
Ретимнон 3 3 1 3½ од 7
Халкидик 7 3 1 7½ од 11
Таурмина 7 3 1 5 5½ од 9 2-5
Будимпешта 8 5 2 6 8 од 13 4-5
2004 Вајк ан Зе 66. меѓународен турнир (група C) 9 9 1 3 10½ од 13 1
Москва Аерофлот-опен од 9
Рејкјавик 4 4 1 4½ од 9 33-43
Дубаи 4 0 5 6½ од 9
Малме/Копенхаген 13 4 2 3 5½ од 9 3
Триполи Светско првенство
прв круг против Л. Аронјан
0 1 3 1½ од 4
Молде 6 6 1 2 7 од 9 1-2
Копенхаген 5 0 5 7½ од 10 4-13
Гаусдал 10 4 3 2 5 од 9 5
Хоговен 15 1 3 2 2 од 6
Драмен 1 4 4 3 од 9 9-10
2005 Вајк ан Зе 67. меѓународен турнир (група B) 13 3 2 8 7 од 13 7
Гаусдал 10 3 4 2 4 од 9 6-8
Варшава Шесто европско првенство во шах 5 2 6 8 од 13 16-43
Санднес Првенство на Норвешка 6 6 1 2 7 од 9 1-2
Бил 38. меѓународен турнир 16 0 2 8 4 од 10 6
Гаусдал 16 7 0 2 8 од 9 1
Скандерборг 16 1 2 6 4 од 9 8
Ханти-Мансијск Светски куп
Прв круг — против З. Азмапарашвили
Втор круг — против Ф. Амонатов
Трет круг — против И. Чепаринов
Четврти круг — против Е. Бареев
Петти круг (9-16 место) — против Ж. Лотје
Шести круг (9-12 место) — против В. Малахов
Седми круг (9-12 место) — против Г. Камски
3
1
3
0
1
2
1
1
0
1
1
0
1
3
0
1
0
1
1
3
0

3 од 4
1½ од 2
3 од 4
1½ од 4
1½ од 2
3½ од 6
1 од 4
10
2006 Бил 39. меѓународен турнир 17 4 2 4 6 од 10 2-3
2007 Бил 40. меѓународен турнир 18 4 2 3 5½ од 9 1-2[а]
Ханти Мансијск Светски куп ФИДЕ:
Најдобри 64
Најдобри 32
Најдобри 16
Осминафинале
Четвртфинале
Полуфинале

2 од 2[б]
1 од 2
1½ од 2
1½ од 2
1½ од 2
½ од 2
3-4
2008 Вајк ан Зее 70. меѓународен турнир 20 5 2 6 8 од 13 1-2
Морелија
Линарес
25. меѓународен турнир 21 5 3 6 8 од 14 2
Баку Гран-при, меѓународен турнир 19 4 1 8 8 од 13 1-3
Форос 3. меѓународен турнир 19 5 0 6 8 од 11 1
Бил 41. меѓународен турнир 18 3 1 6 6 од 10 3
2009 Вајк ан Зее 71. меѓународен турнир 19 2 1 10 7 од 13 5-6
Линарес 26. меѓународен турнир 21 3 2 9 7½ од 14 3
Софија 5. меѓународен турнир 21 3 1 6 6 од 10 2
Дортмунд 37. меѓународен турнир 20 2 1 7 5½ од 10 3
Нанкин 2. меѓународен турнир 21 6 0 4 8 од 10 1
Москва 4. меморијален турнир во чест на Михаил Таљ 21 2 0 7 5½ од 9 2-3
Лондон Меѓународен турнир 18 3 0 4 5 од 7 1
2010 Вајк ан Зе 72. меѓународен турнир 19 5 1 7 8½ од 13 1
Медијаш 4. меѓународен турнир 5 0 5 7½ од 10 1
Билбао 3. меѓународен турнир 1 2 3 6 од 18[в] 3
Лондон 2. меѓународен турнир 4 2 1 13 од 21[в] 1
2011 Вајк ан Зее 73. меѓународен турнир 5 2 6 8 од 13 3-4
Медијаш 5. меѓународен турнир 20 3 0 7 6½ од 10 1-2
Бил 44. меѓународен турнир 5 1 4 19 од 30[в] 1
Саун Пауло
Билбао
4. меѓународен турнир 3 1 6 15 од 30[в] 1
Москва 6. меморијален турнир во чест на Михаил Таљ 22 2 0 7 5½ од 9 1[ѓ]
Лондон 3. меѓународен турнир 14 од 27[в] 3
2012 Вајк ан Зее 74. меѓународен турнир 21 8 од 13 2[е]
Москва 7. меморијален турнир во чест на Михаил Таљ 22 2 0 7 5½ од 9 1
Астана Светско првенство во забрзан шах 2012 19 8 2 5 10½ од 15 2
Астана Светско првенство во брзопотезен шах 2012 2
Саун Пауло
Билбао
Завршен турнир „Голем шлем“ 2012 22 4 1 5 17 од 30[в] 1[ж]
Лондон 4. меѓународен турнир 5 0 3 18 од 24[в] 1
2013 Вајк ан Зе 75. меѓународен турнир 20 7 0 6 10 од 13 1
Лондон Турнир на кандидатите 22 5 2 7 8½ од 14 1[з]
Ставангер Меѓународен турнир 21 3 1 5 5½ од 10 2[ѕ]
Москва 8. меморијален турнир во чест на Михаил Таљ 22 3 1 5 5½ од 9 2
Година Град Турнир Категорија + = Резултат Место

Белешки

уреди
  • а Според правилата на турнирот, победник е оној кој ќе победи во дополнителниот меч од партии во забрзано темпо. Бидејќи двете партии завршија реми, се одигра нов меч во брзопотезен шах. Повторно двете партии завршија реми, па мораше да се одигра т.н. „армагедон“, во која победи Карлсен.
  • б Број на освоени бодови во мечот од вкупниот број на можни бодови (одиграни партии).
  • в За секоја добиена партија се добива по 3, а за секое реми по еден бод.
  • г Во 2011 година, шаховскиот турнир, којшто традиционално се одржува во Билбао, за првпат делумно се одржал и во Саун Пауло.
  • д Карлсен одиграл пет партии со црни фигури, за разлика од Аронјан којшто одиграл четири.
  • ѓ Карлсен завршил на делба на првото место со освоени 5½ бодови, заедно со Левон Аронјан, но завршил како победник на турнирот поради поголемиот број на партии одиграни со црни фигури.
  • е Карлсен завршил на делба на второто место со освоени 8 бода, заедно со Тејмур Раџабов и Фабијана Каруана, но турнирот го завршил на второто место поради подобриот учинок според дополнителните показатели.
  • ж Карлсен завршил на делба на првото место со 17 бода, заедно со Каруана, но во разигрувањето го совладал со 2-0.
  • з Карлсен завршил на делба на првото место со освоени 8½, заедно со Крамник, но според дополнителниот показател (вкупен број на победи) победил на турнирот (остварил една победа повеќе).
  • ѕ Карлсен завршил на делба на второт место со освоени 5½ бодови, заедно со Накамура, но според дополнителниот показател (Бергеров коефициент) бил пред него на конечната табела.

Наводи

уреди
  1. It's official: Magnus Carlsen is number one!, Chessbase
  2. Шаховски турнир во Вајк ан Зее 2004: Crosstable of grandmaster group C Архивирано на 16 август 2007 г.
  3. Шаховски турнир во Вајк ан Зее 2004: Report of round 12 – CCT 2004: Hiccup for Anand – Carlsen Supreme Архивирано на 15 август 2007 г.
  4. „The Mozart of Chess“. chessbase.com. 27 јануари 2004. Посетено на 13 ноември 2009.
  5. Boy meets Beast in Reykjavik, ChessBase New, 19 март 2004
  6. Magnificent Magnus, the world's youngest grandmaster, ChessBase News, 30 април 2004
  7. ФИДЕ: Top 100 Players October 2004 – Archive
  8. Smartfish sensation: Carlsen defeats Shirov,ChessBase News, 4 јануари 2005
  9. Тарјеи Свенсен: 14-year-old Carlsen with 2792 performance, ChessBase News, 20 октомври 2005
  10. Nafn. „Skáksamband Íslands – Glitnir blitz 2006“. Skaksamband.is. Архивирано од изворникот на 2009-02-12. Посетено на 3 јануари 2010.
  11. Nafn. „Skáksamband Íslands – Results“. Skaksamband.is. Архивирано од изворникот на 2009-02-12. Посетено на 3 јануари 2010.
  12. „Schachserver der Wiener Zeitung (Austria)“. Schach.wienerzeitung.at. Архивирано од изворникот на 2009-02-12. Посетено на 3 јануари 2010.
  13. „The NH Chess Tournament“. Nhchess.quinsy.net. Архивирано од изворникот на 2009-09-01. Посетено на 3 јануари 2010.
  14. „Second Arctic Chess Challenge in Tromsø“. Chessbase news. 7 август 2007. Архивирано од изворникот 2012-09-08. Посетено на 10 октомври 2009.
  15. „Brede Hagen vs Magnus Carlsen“. Chessgames.com. Посетено на 10 октомври 2009.
  16. „Carlsen vs Carlsen – Magnus beats his dad“. ChessBase News. 10 август 2007. Посетено на 10 октомври 2007.
  17. „Chess News – Magnus Carlsen withdraws from Grand Prix“. ChessBase.com. 2008-12-05. Посетено на 3 јануари 2010.
  18. Gyimesi, Zoltán (3 јуни 2008), „Miskolc: Carlsen wins the rapid chess match 5:3“, ChessBase News, Посетено на 3 јуни 2008
  19. Еросвит-2008, официјално мрежно место (англиски)
  20. "Vishy Anand and Magnus Carlsen". Архивирано од изворникот на 2011-07-08. Посетено на 2010-01-12.
  21. Sergey Karjakin wins Wijk aan Zee 2009, Chessbase
  22. R6: Carlsen defeats Anand, Grischuk leads[мртва врска], ChessBase News, 26 февруари 2009
  23. Linares R12: Carlsen defeats Grischuk, lead narrows, ChessBase News, 6 март 2009
  24. Highly Ranked Youth Loses Tactical Battle to an Old Pro, New York Times, 30 мај 2009
  25. 25,0 25,1 Лубомир Кавалек, CHESS, Washington Post, 12 октомври 2009
  26. Facts and figures: Magnus Carlsen's performance in Nanjing, ChessBase.com
  27. 27,0 27,1 Magnus "The Red Dragon" dominates Nanjing
  28. Kramnik Wins Tal Memorial, Carlsen Claims No. 1 Ranking, New York Times Chess Blog, 15 ноември 2009
  29. Norwegian, 18, Is Youngest to Be Ranked No. 1 at Chess, New York Times, 14 ноември 2009
  30. „World Blitz Championship – Tournament table“. russiachess.com. Архивирано од изворникот на 2009-11-19. Посетено на 18 ноември 2009.
  31. „Ny strategi for verdensener Carlsen neste år“ (норвешки). Verdens Gang/NTB. 29 декември 2009. Посетено на 31 јануари 2010.
  32. Valaker, Ole (26 јануари 2010). „Så tapte Magnus“ (норвешки). Nettavisen. Архивирано од изворникот на 2010-01-28. Посетено на 31 јануари 2010.
  33. Valaker, Ole (31 јануари 2010). „Magnus vant thrillerfinale“ (норвешки). Nettavisen. Архивирано од изворникот на 2010-02-03. Посетено на 31 јануари 2010.
  34. Barden, Leonard (13 март 2010). „World No1 Magnus Carlsen parts company with mentor Garry Kasparov“. The Guardian. Посетено на 14 март 2010.
  35. „Chess News - Anand in Playchess - the helpers in Sofia“. Chessbase. 19 мај 2010. Посетено на 19 мај 2010.
  36. „Magnus Carlsen live chess rating history“. Архивирано од изворникот на 2011-05-03. Посетено на 2010-09-07.
  37. Резултати Архивирано на 22 јуни 2010 г.(англиски)
  38. „2010 Bazna Kings Tournament“. Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на 2010-09-07.
  39. „Arctic Securities Rapid: Carlsen gets 'hammered', reaches final“. Chessbase.com. 29 август 2010. Посетено на 30 август 2010.
  40. „Carlsen beats Anand, wins Arctic Securities Rapid“. Chessbase.com. 31 август 2010. Посетено на 31 август 2010.
  41. „Nanjing Super Chess Tournament 2010 (updated)“. Архивирано од изворникот на 2017-09-27. Посетено на 2010-09-07.
  42. Carlsen wins Pearl Spring 2010 Архивирано на 1 ноември 2010 г., Chessvibes, 29 октомври 2010
  43. „2010 World Blitz Chess Championship - Final Standings“. Архивирано од изворникот на 2011-10-02. Посетено на 2021-08-24.
  44. „Anand and Carlsen to star in London Chess Classic 2010“. Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на 2010-09-07.
  45. And the 2010 Chess Oscar goes... to Magnus Carlsen Архивирано на 1 април 2012 г., ChessVibes
  46. „Schedule - Tata Steel Chess (2011)“. Tata Steel Chess Tournamente. Архивирано од изворникот на 2011-08-13. Посетено на 30 мај 2011.
  47. „Media Kings Rd10: Carlsen-Karjakin draw, Carlsen wins Medias 2011“. ChessBase. 21 јуни 2011. Посетено на 21 јуни 2011.
  48. Bilbao Masters – Carlsen takes first after blitz tiebreak, ChessBase, 12 октомври 2011.
  49. Carlsen catches Aronian in last round, wins Tal Memorial on tiebreak Архивирано на 27 март 2014 г. ChessVibes, 25 ноември 2011.
  50. „Sjakk-Carlsen har aldri vært bedre“ (норвешки). Verdens Gang. 12 декември 2011.
  51. „Wijk aan Zee Rd13: Aronian is sole winner!“. ChessBase. 29 јануари 2012. Отсутно или празно |url= (help)
  52. Morozevich wins Tal Memorial blitz on tiebreak, ahead of Carlsen Архивирано на 17 октомври 2012 г., Chessvibesс, 7 јуни 2012.
  53. Carlsen wins 7th Tal Memorial Архивирано на 2 ноември 2012 г., ChessVibes, 18 јуни 2012.
  54. „45th Biel Chess Festival 2012“. The Week in Chess. 2 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-10-15. Посетено на 2013-04-02.
  55. „Bilbao Rd10: Carlsen takes title in blitz tiebreak“. ChessBase News. 13 октомври 2012.
  56. „Second Gran Fiesta UNAM with Carlsen and Polgar“. ChessBase News. 24 ноември 2012.
  57. „2nd UNAM won by Magnus Carlsen“. ChessBase News. 26 ноември 2012.
  58. 58,0 58,1 Crowther, Mark (10 December 2012). "Carlsen wins London Chess Classic and takes Kasparov's record Архивирано на 13 декември 2012 г.". The Week in Chess
  59. „Carlsen beats Kasparov's rating record in London“. Chessvibes. 8 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-16. Посетено на 2013-04-09.
  60. „LCC R9: Carlsen first, Kramnik second, both with big wins“. ChessBase News. 2012-12-10.
  61. „Tata R13: Karjakin, Wang score, Carlsen wins Wijk by 1½ points“. ChessBase News. 27 јануари 2013.
  62. „Nielsen switches from Anand to Carlsen“. 31 јануари 2013.
  63. Ramírez, Alejandro (1 април 2013). „Candidates R14 – leaders lose, Carlsen qualifies“. ChessBase News. Архивирано од изворникот на 2013-04-04. Посетено на 2013-04-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  64. „Sergey Karjakin wins Norway Chess 2013“. ChessBase News. 18 мај 2013.
  65. „Tal Final: Gelfand wins, Carlsen clear second“. Chessbase News. 23 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-20. Посетено на 2013-11-22.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  66. Doggers, Peter (29 јуни 2013). „Carlsen beats Predojevic with (only) 2.5-1.5“. ChessVibes. Архивирано од изворникот на 2013-07-02. Посетено на 2013-11-22.
  67. „Sinquefield 06: Magic Magnus Swindles“. ChessBase News. 15 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2013-11-22.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  68. „Chennai G8: Anand plays Berlin against Carlsen“. ChessBase News. 19 ноември 2013.
  69. „Chennai G9: Magnus .44 beats battling Anand“. ChessBase News. 21 ноември 2013.
  70. „Chess Oscar winner Carlsen to be tested for doping“. ChessBase News. 6 ноември 2011.
  71. „Carlsen Gets His 4th Chess Oscar: 'I Think It's Well-Deserved'. chess-news.ru. 13 јуни 2013. Архивирано од изворникот на 2020-05-11. Посетено на 2013-11-22.
  72. Strøm, Kristian Ole (19 декември 2009). "Mozart of Chess" became the name“. Verdens Gang. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help)
  73. Strøm, Kristian Ole (24 декември 2009). „Magnus (19) is the country's biggest sports star! ... but Carlsen would like to be best in soccer“. Verdens Gang. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help)
  74. Skjervum, Eivind (24 декември 2009). „Magnus Carlsen (19) clear winner of People's Sports Prize“. Dagbladet. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help)
  75. „Chess star wins prestigious award“. Views and News from Norway. 21 март 2011.
  76. Kvam, Lars Hojem (24 декември 2012). „Magnus Carlsen got more votes than the next three in comparison“. Dagbladet. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help)
  77. Kasparov, Garry (18 април 2013). „The 2013 TIME 100: Magnus Carlsen“. Time.
  78. Timman, Jan (2012). „Is modern-day chess really all about preparation?“. New in Chess (5): 98–101.
  79. Barden, Leonard (28 јануари 2006). „Chess: Barden on chess | Sport“. The Guardian.
  80. Pein, Malcolm (2006-07-31). „Dangers of over-optimism“. The Daily Telegraph.
  81. Agdestein (2004), p. 45.
  82. „Magnus Carlsen vs Sipke Ernst“. Chessgames.com.
  83. Grønn, Atle (27 февруари 2009). „Magnus Carlsens system“ (норвешки). Dagsavisen. Архивирано од изворникот на 16 јули 2011.
  84. „Chess Opening Explorer“. Chessgames.com.
  85. Geuzendam, Dirk Jan ten (2013). „2871, but not here yet“. New in Chess (2): 12.
  86. „Kasparov on coaching Carlsen“. Chessvibes. 11 септември 2009. Архивирано од изворникот на 2013-01-28. Посетено на 2013-11-22.
  87. „Magnus Carlsen – 'I don't quite fit into the usual schemes'. ChessBase News. 22 декември 2011.
  88. Kasparov, Garry (17 ноември 2013). „Kasparov63: Carlsen is a combination of ...“. Twitter.
  89. „Anand's WhyChess interview“. Chess in Translation. 10 мај 2013.
  90. Mishanp (9 јануари 2011). „Kasparov's verdict on Carlsen's withdrawal“. Chessintranslation.com.
  91. Geuzendam, Dirk Jan ten (2012). „Vladimir Kramnik: 'I like playing chess now probably more than ever'“. New in Chess (1): 32–41.
  92. Keene, Raymond (29 јуни 2012). „June 29: Today's Game, Winning Move“. The Times. (бара претплата)
  93. „Chess News – CBM training: Carlsen in Capablanca's footsteps“. ChessBase News. 2012-06-17.
  94. „Lubomir Kavalek: Magnus Carlsen Storms New York's Chess Scene“. Huffington Post. 2012-09-05.
  95. Mark Crowther (14 јуни 2012). „Morozevich beats Aronian and Carlsen beats Radjabov in Tal Memorial Round 5 | The Week in Chess“. Chess.co.uk. Архивирано од изворникот 2013-04-19. Посетено на 2013-11-22.
  96. Speelman, Jon (2013). „Carlsen's Endgame Magic“. New in Chess (1): 33–41.
  97. 97,0 97,1 97,2 ФИДЕ: Rating Progress Chart Carlsen, Magnus (NOR)
  98. ФИДЕ: Top 100 Players January 2006 - Archive
  99. ФИДЕ: Top 20 Juniors October 2006 - Archive
  100. ФИДЕ: Top 100 Players October 2006 – Archive
  101. ФИДЕ: Top 100 Players July 2007 – Archive
  102. ФИДЕ: Top 20 Juniors January 2008 - Archive
  103. ФИДЕ: Top 100 Players April 2008 - Archive
  104. 104,0 104,1 Anand tops 1 јули 2008 FIDE ratings, Carlsen sixth, Chessbase, 30 јуни 2008
  105. Bilbao R4: Topalov topples Anand, Carlsen #1 in the world, Chessbase, 5 септември 2008
  106. Live Rating Архивирано на 24 јули 2013 г., 5 септември 2008
  107. ФИДЕ:Rating Progress Chart Carlsen, Magnus (NOR)
  108. Dad Carlsen – This has been a dream
  109. Andersen, Øystein (9 октомври 2009). „Magnus (18) skrev sjakk-historie i natt“ (норвешки). Dagbladet. Посетено на 9 октомври 2009.
  110. Holden, Lillian (9 октомври 2009). „Magnus: – Håper dette er starten på en ny æra“ (норвешки). Verdens Gang. Посетено на 9 октомври 2009.
  111. Kramnik wins Tal Memorial 2009, Carlsen number one, ChessBase News, 14 ноември 2009
  112. ФИДЕ: Magnus Carlsen: Individual Calculations January 2010
  113. Norwegian Carlsen is youngest to top chess rankings, AFP
  114. Norwegian teenager to be crowned new chess king, Reuters
  115. Magnus Carlsen: The 19-Year-Old King of Chess Архивирано на 27 декември 2009 г., TIME, Ebden Harell
  116. A Bold Opening for Chess Player Magnus Carlsen Архивирано на 24 јули 2013 г., TIME, Ebden Harell
  117. ФИДЕ: Top 100 Players March 2010 - Archive
  118. ФИДЕ: Top 100 Players May 2010 - Archive
  119. ФИДЕ: Top 100 Players November 2010 - Archive
  120. „Magnus Carlsen's new career: fashion model!“. ChessBase News. 7 јули 2010.
  121. „Magnus pounds The World in RAW Chess Challenge“. ChessBase News. 12 септември 2010.
  122. „Magnus couldn't make it to Star Trek 2“. ChessBase News. 11 април 2012.
  123. „Mozart of Chess – Magnus Carlsen on CBS 60 Minutes“. ChessBase News. 20 фрвруари 2012. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  124. „Magnus Carlsen defeats Stephen Colbert 2-0“. ChessBase News. 25 април 2012.
  125. „SoulPancake interview with Magnus Carlsen“. ChessBase News. 7 февруари 2013.
  126. „The sexiest men of 2013“. Cosmopolitan. 25 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-11-23. Посетено на 2013-11-22. Наводот journal бара |journal= (help)
  127. „Nordic Semiconductor ASA : Magnus Carlsen, the best player in chess history, becomes an ambassador for Nordic Semiconductor in three-year sponsorship deal...“. 4-traders.com. 13 август 2013.
  128. „Agdestein, Espen FIDE Chess Profile“. ФИДЕ.
  129. Geuzendam, Dirk Jan ten (2012). „Interview: Managing Magnus“. New in Chess (5): 44–48.
  130. Lyall, Sarah (8 април 2013). „Shrewd marketing moves for top-ranked chess player“. The New York Times.
  131. The Prince of Chess на Семрежната филмска база на податоци. (англиски)

Литература

уреди
  • Simen Agdestein: Wunderjunge: wie Magnus Carlsen der jüngste Schachgroßmeister der Welt wurde. Alkmaar 2004, ISBN 90-5691-134-1.

Надворешни врски

уреди


  Статијата „Магнус Карлсен“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).