Протестантска реформација

(Пренасочено од Реформација)

Реформацијаверско-политичко движење насочено против католичката црква коешто го започнал германскиот свештеник Мартин Лутер во 1517 година и завршил со Вестфалскиот мир во 1648. Лутер се противел на политиката на папата на продавање проштални писма за гревовите, наречени индулгенции, како и на некои теолошки сфаќања на католичката црква.

Времеследен приказ на поважните гранки на протестантството настанити по реформацијата.

Резултат на движењето на Лутер е разбивањето на единството на католичката црква. Тој ги поставил основите на протестантството, кој заедно со православието и католицизмот е една од доминантните конфесии во христијанството.

Причини за појава на реформацијата

уреди

Со појавата и ширењето на хуманизмот и ренесансата во Европа, дошло до појава на движење за реформирање на Католичката црква. Носители на ова црковно движење биле хуманисти кои ја критикувале простотијата и празноверието на свештениците и калуѓерите и барале црквата да го реформира своето учење и организација. Ова движење од црковно, станало и политичко, со што ги зафатило сите слоеви во европското општество. Тоа за првпат се појавило во почетокот на XVI век во Германија. Германија во тоа време била распарчена земја, составена од повеќе мали кнежевства, слободни градови и владеења на императорот, кои биле сосема независни. Феудалците, од најкрупни до најситни, не признавале никаква власт и безмилосно ги експлоатирале селаните. Во таква Германија за император бил избран Карло V Хабсбуршки (1519-1555 г.) кој не успеал да ја зацврсти во потполност својата власт, бидејќи владеел и со Шпанија и нејзините колонии (Сицилија и Јужна Италија) и Холандија. Ваквото владеење на Карло V го користеле германските кнезови и сè повеќе се осамостојувале на своите имоти. Во таква Германија политичките спротивности биле крајно заострени, како во градовите (меѓу богатите граѓани - буржуи и сиромашните граѓани - плебс) така и по селата. Но најголема експлоатација се вршела врз селаните. Тие биле експлоатирани од феудалците, од градовите и од црквата. Преку собирање на даноци, одземање на имоти и продавање проштелни ливчиња - индулгенции, Католичката црква ги зголемувала своите приходи, од кои поголем дел одел во касата на Папата, со што тој се претворил во крупен феудалец. Раскошниот и расипничкиот живот на католичкото свештенство, а особено на Римскиот Папа, предизвикало големо незадоволство кај сите верници. Така, во борба против богатсвата и злоупотребите на Католичката црква се нашле сложни сите слоеви на германското општество, и барале реформа на Католичката црква.

Повод и почеток на реформацијата

уреди
 
Животот на Мартин Лутер и хероите од реформацијата.

Повод за почеток на борбата за реформа на Католичката црква било повторното продавање на индулгенции, наводно за прибирање средства за доградба на црквата Св. Петар во Рим. Творец и водач на реформацијата во Германија бил Мартин Лутер (1483-1546 г.), професор по

Богословија на Универзитетот во Витенберг. Во 1517 г. на вратата на Витембершката црква ги истакнал своите „95 тези“, според кои тој барал Евангелието да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на латински (ја превел Библијата), свештениците да се свртат кон народот а не кон трупање на богатство, и да им се даде право на женидба. Движењето било наречено „Лутеранство“, според неговото име. За истапувањето на Лутер против Католичката црква и против папата се расчуло низ цела Германија и тој стекнал многу приврзаници од сите слоеви на населението. Но за неговото истапување разбрал и Римскиот папа и веднаш јавно го осудил неговото учење како ерес и побарал Лутер да се откаже од

 
95-те тези на Мартин Лутер.

своето учење. Лутер го одбил барањето, а Папата со папска була (писмо) го исклучил од Католичката црква. Лутер не се уплашил од заканите на Папата, и јавно ја изгорел папската була на плоштад, како резултат на што дошло до раскнување на врските меѓу Лутер и Папата. Учењето на Лутер брзо се ширело низ цела Германија опфаќајки ги сите слоеви на општеството. Преку реформа на црквата богатото граѓанство барало евтина црква која би ги штитела нивните интереси, кнезовите барале одземање на имотите на Католичката црква, и таа да биде потчинета, а селаните и сиромашните граѓани барале освен црковна и реформа во општеството, да се ослободат од феудалната експлоатација. Меѓутоа реформацијата имала и свои противници. Освен папата, еден дел од благородништвото на чело со императорот не го прифатиле учењето на Лутер. На соборот во Вормс 1521 г. тоа било забрането, а Лутер бил прогонет. Тој се засолнал кај германските кнезови кои биле приврзаници на реформацијата.

Востание на селаните

уреди

И покрај забраната, лутеровите приврзаници го ширеле реформаторското учење, секој на свој начин. Селаните гледајќи дека никој не сака да ги исполни нивните барања, во 1524 г. кренале вооружено востание познато како "Голема селанска војна во Германија", на чело со свештеникот Томас Минцер. Мартин Лутер застанал на страна на феудалците бидејќи Томас Минцер покрај реформа во црквата барал и укинување на кметството. Востаниците ги уривале и палеле имотите на феудалците. На почетокот, градското население било на страна на селаните, но подоцна, плашејќи се од нив го напуштиле востанието. Поради недоволна организација на селаните и неединство, во 1525 г. востанието било задушено, биле убиени над 100.000 селани, а водачот бил ѕверски убиен.

Победа на умерена реформација

уреди

По задушувањето на востанието, кнезовите и богатите граѓани ја спроведувале реформацијата како што им одговарало, според нивните интереси. Но не сите кнезови ја прифатиле реформацијата; некои исплашени од силата на востанието ја задржале Католичката вера. Со цел да се спречат повторни безредија во Германија, државниот собор во 1529 г. го потврдил решението за забрана на Лутеровото учење. Лутеровите приврзаници јавно протестирале против таа одлука и го напуштиле соборот. Поради тоа, покрај Лутеранци, биле наречени и Протестанти. За да ги уништи протестантите и да го врати верското единство, императорот Карло V тргнал со војска против нив. Многу протестантски кнезови биле поразени. Овој успех на императорот ги исплашил останатите кнезови, и затоа тие се спротивставиле на императорската војска и која евентуално била разбиена. Императорот разочаран од неуспешната борба за уништување на реформацијата, а и поради болест се откажал од престолот во корист на својот брат Фердинанд Хабсбуршки кој владеел со Австрија, Словенија, Хрватска, Војводина, Полска и Унгарија. Новиот император немал намера да војува и затоа свикал државен собор во 1555 г. во Аугзбург, каде бил склучен Верски мир, со кој Протестантите добиле легална слобода и биле изедначени со Католиците. Со овој мир кнезовите можеле слободно да си ја избираат верата, протестантска или католичка, со што ја зголемиле својата самостојност и власт над поданиците и ја зацврстиле феудалната распарченост на Германија, за долго време.

Реформација во други европски земји

уреди
 
Масакрот на Вартоломејската ноќ, насликано од Франсоа Дубоа.

Реформацијата од Германија почнала да се шири и во други земји во Европа. Во зависност од местото и условите, реформацијата добивала различни облици и била позната под различни имиња. Во Швајцарија ја ширел Жан Калвин и била наречена Калвинизам - со својата поедноставена служба Калвин ја оправдувал капиталистичката експлоатација. Според Калвинизмот, богатејќи се, човекот правел добро дело, а сиромашниот е мрзлив и го навредува Господ. Калвинистите биле против раскошниот живот и го проповедале аскетскиот начин на живеење. Калвинизмот се проширил во Полска, Чешка, Унгарија и Франција каде приврзаниците биле наречени хугеноти. Меѓу Католиците и Хугенотите од Франција се воделе верски војни во кои била вмешана и кралската власт. Во таканаречена Вартоломејска ноќ, во 1572 г. во Париз биле убиени 3.000 хугеноти. Со Нантскиот едикт од 1598 г. било прифатено постоење на две вери во одна држава. реформацијата се појавила и во Англија. Кралот Хенри VIII во почетокот бил против реформацијата, но откако се судрил со Папата, во 1534 г. основал Државна англиска црква и се прогласил за нејзин поглавар.

Католичката реакција против реформацијата

уреди
 
Реформацијата и противреформацијата во Европа. Протестантските земји се обоени со сина, католичките со маслинеста боја.

Реформацијата ѝ нанела големи штети на Католичката црква. Цели земји биле изгубени и таа немала доволно приходи. За да ја поврати власта Католичката црква спровела реформи и презела остри мерки против реформаторите. За таа цел извршила реорганизација во своите редови со која уште повеќе ја централизирала власта. Таа борба на Католичката црква за уништување на реформацијата е наречена Католичка реакција - противреформација. Во таа борба, главно средство со кое се послужила Католичката црква биле калуѓерските редови, језуити, и инквизицијата - црковен суд. Во борба за зацврстување на католицизмот најмногу се истакнал новооснованиот ред на језуитите - "Исусов ред". Центри на језуитската дејност станале Шпанија и Австрија. За да го воспитуваат младото поколение во католички дух, језуитите отворале училишта. Во одбрана на интересите на црквата, тие не бирале средства, си допуштале секаков "грев"; се служеле со интриги, лаги, шпиунирање, убиства и др. Некои земји повторно биле вратени во Католицизам. Во нив феудалците ја користеле Католичката црква за да ги држат во покорност закрепостените селани. Но овој успех бил привремен. Со јакнење на новите сили во Европа, на Католичката реакција и црква и биле зададени нови потешки удари.

Користена литература

уреди
  • "Историја" од професор Јорданка Патковиќ.