Википедија:Избрана статија/2017
Гласање за избрана статијауреди
Како да гласам за овој предлог? Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот. Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Тутун — род на кратколисни растенија од фамилијата Зрнци по потекло од Северна и Јужна Америка, или сушените остри листови на овие растенија. Тутуновите листови често се пушат (видете пушење тутун) во облик на пури. цигари, во луле или наргиле. Ова е потенцијално штетно за белите дробови и може да предизвика рак и заболувања на истите, како да речеме астма. Тутунот може и да зе џвака, „макнува“ (става помеѓу образот и непцето) и вшмркува во нос како фино мелен бурмут. Највеќето уживатели на тутунот во било кој облик навлекуваат навика да го користат секој ден. Тутунот содржи никотин, силен невротоксин кој е особено опасен за инсектите. Секој начин на земање на тутун резултира со апсорпција на никотин во разни количества во крвотокот на уживателот, и со време, развиток на толеранција и зависност. Количеството на апсорпција, неговата честота и брзина се тесноповрзани со мерата на зависност и толеранција (доколку ги има) која може да се создаде. Смртоносна доза на никотин има во половина пура или три цигари; меѓутоа, само мал дел од никотинот во овие производи оди во чадот и речиси сите случаи на никотинско труење се резултат ана концентрирани облици на состојката која се користи кај инсектицидите. Други активни алкалоиди во тутунот се хармалините. Прилично зголемениот ризик за развој на рак се должи на плетора од нитрозамини и други канцерогени состојки кои се наоѓаат во тутунот и неговите остатоци заради анаеробно загревање, заради пушењето или начинот на сушењето на тутунот на оган. Некои методи на сушење на тутунот го зголемуваат ризикот на орален рак. (Дознајте повеќе...)
Шредингерова равенка — парцијална диференцијална равенка во квантната механика која опишува како квантната состојба во квантен систем се менува со текот на времето. Равенката била формулирана во крајот на 1925 и издадена во 1926 година од австрискиот физичар Ервин Шредингер. Во класичната механика, Вториот Њутнов закон, (F = ma), се користи за математички да се предвиди што ќе прави еден систем во секоја точка од времето откако е позната почетната состојба. Во квантната механика, аналогна на Њутновиот закон е Шредингеровата равенка за квантен систем (најчесто кај атоми, молекули и субатомски честички кои можат да бидат слободни, сврзани или локализирани). Оваа равенка не е едноставна алгебарска равенка, туку е линеарна парцијална диференцијална равенка, која го опишува развојот на брановата функција на системот со текот на времето. Концептот на брановата функција е основен постулат на квантната механика. Иако Шредингеровата равенка често е презентирана како посебен постулат некои автори покажуваат дека некои својства добиени од Шредингеровата равенка може да се откријат од самата симетрија на принципите, како комутативниот закон. Главно, „изводи” од Шредингеровата равенка ја демонстрираат нејзината можност за математичко опишување на дуалноста бран-честичка, но досега нема прифатливи изводи од Шредингеровата равенка од приближни начела. Во копенхагенското толкување на квантната механика, брановата функција е најцелосен опис што може да се даде на еден физички систем. Решенија на Шредингеровата равенка опишуваат не само молекуларни, атомски или субатомски системи, туку и макроскопски системи, а можно е и целиот универзум. Шредингеровата равенка во најопштата форма е доследна со класичната механика и специјалната релативност, но оригиналната формулација на Шредингер била нерелативистичка. (Дознајте повеќе...)
Тур де Франс 2015 — 102. издание на Тур де Франс, една од големите трки во велосипедизмот. Трката долга 3360,3 километри започнала во Утрехт, Холандија, на 4 јули 2015 година и завршила со етапа на Шанзелизе во Париз на 26 јули. Вкупно 198 возачи од 22 екипи настапиле на трката, која била освоена од Крис Фрум од Тим Скај. Второто и третото место биле освоени од возачите на Мовистар Тим, Наиро Кинтана и Алехандро Валверде, соодветно. Возачот на Ванти-Груп Гобер, Роан Денис ја освоил првата етапа и со тоа прв ја облекол водечката жолта маичка. Возачот на Трек Фактори Рејсинг Фабијан Канчелара ја освоил на втората етапа, но ја изгубил веќе на следната етапа. Тука, Фрум влегол во водство, по првата завршница на нагорнина. Ја изгубил од возачот на Етикс-Квик Степ Тони Мартин на крајот на четвртата етапа, но повлекувањето на Мартин од трката по падот на шестата етапа го вратило Фрум во водство. Го зголемувал своето водство во текот на етапите на Пиринеите и успешно го одбранил од нападите на Кинтана во текот на завршните етапи на Алпите. Фрум станал првиот британски возач кој двапати го освоил Тур, по неговата победа во 2013 година. Петер Саган од Тинкоф-Саксо го освоил бодовниот пласман. Фрум, исто така, го освоил планинскиот пласман. Најдобар млад возач бил Кинтана, а неговата екипа, Мовистар Тим, победници на екипниот пласман. На Ромен Барде од Аг2р-Ла Мондијал му била доделена наградата за најборбен возач. (Дознајте повеќе...)
Затемнување на Сонцето — тип на затемнување којшто се случува кога Месечината поминува помеѓу Сонцето и Земјата, а Месечината целосно или делумно го попречува („прикрива“) Сонцето. Ова може да се случи само на млада месечина, кога Сонцето и Месечината се врзани кога се гледаат од Земјата во усогласување познато како сизигија. Во целосно затемнување, дискот на Сонцето е целосно прикриен од Месечината. Во делумно и прстенесто затемнување, само дел од Сонцето е прикриено. Ако Месечината била во совршена кружна орбита, малку поблиску до Земјата, и во исто време и орбитална рамнина, целосно затемнување на Сонцето би имало секој месец. Но, орбитата на Месечината е наклонета (навалена) на повеќе од 5 степени кон Земјината орбита околу Сонцето (видете еклиптика), па нејзината сенка на млада месечина обично ја промашува Земјата. Земјината орбита е наречена еклиптичка рамнина бидејќи орбитата на Месечината мора да ја помине оваа рамнина со цел да дојде до затемнување (како сончево така и месечинско). Покрај тоа, вистинската орбита на Месечината е елипсовидна, често носејќи ја доволно далеку од Земјата што аголната големина не е доволно голема да го болкира Сонцето целосно. Орбиталните рамнини се поминуваат едни со други во јазолна линија што резултира со најмалку две, а најмногу пет, затемнувања на Сонцето кои се појавуваат секоја година; не повеќе од две кои можат да бидат целосни затемнувања. Меѓутоа, целосно затемнување на Сонцето е ретко на било која локација бидејќи целосно излегува само на тесен пат на површината на Земјата која е проследена од сенката на Месечината. Затемнувањето е природна појава. Сепак, во некои антички и модерни култури, затемнувањето на Сонцето се припишува на натприродна причина или се смета за лош предзнак. Целосно затемнување на Сонцето може да биде застрашувачки за луѓето кои не се свесни за неговото астрономско објаснување, бидејќи Сонцето се чини дека исчезнува во текот на денот и небото почнува да се затемнува во рок од неколку минути. (Дознајте повеќе...)
Фудбалска репрезентација на Аргентина — државна фудбалска репрезентација на Аргентина под раководство на Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА). Аргентина има освоено најмногу меѓународни титули од било кој друга репрезентација (19), рекорд кој го дели само со Уругвај. Аргентина е една од најуспешните фудбалски репрезентации во светот, а моментално е на првото место на Светската ранг-листа на ФИФА. Репрезентацијата двапати го има освоено Светското првенство во фудбал во 1978 и во 1986. Аргентина го освоила Јужноамериканското првенство 14 пати, рекорд кој го споделува со Уругвај, и го освоила Купот на конфедерации во 1992 година и Олимпискиот фудбалски турнир во 2004 и 2008 година. Аргентина, Бразил и Франција се единствените три репрезентации кои ги освоиле трите најважни машки титули признати од ФИФА: Светското првенство, Купот на конфедерации и Олимписките игри. Трите репрезентации исто така го освоиле и соодветното континентално првенство (Копа Америка за Аргентина и Бразил и Европското првенство за Франција). Репрезентацијата на Аргентина својот прв натпревар во историјата го одиграла во 1901 година против Уругвај завршен со победа на Аргентина со 2-3. На 20 јули година дена подоцна, репрезентацијата го одиграла и својот прв официјален натпревар исто така против Уругвај во Монтевидео и победиле со 6-0. Составот на Аргентина во тој натпревар бил: Хосе Бурука Лафорија (Баракас), Вилијам Лесли (Килмес), Валтер Бученан (Алумни), Едуардо Патрисио Дуган (Белграно), Карлос Х. Бученан (Алумни), Ернесто Браун (Алумни), Едвард О. Морган (Килмес), Хуан Хосе Мур (кап.) (Алумни), Хуан О. Андерсон (Ломас), Карлос Едгар Дикинсон (Белграно), Хорхе Браун (Алумни); головите ги постигнале Дикинсон, Аримало, Морган, Карве Уриосте, Андерсон и Х. Браун. Тој натпревар против Уругвај бил првиот официјален меѓународен натпревар одигран надвор од границите на Британија. Треба да се напомене дека Аргентина и Уругвај исто така го држат рекордот по бројот на одиграни натпревари имеѓу две држави. Во својата богата историја овие две репрезентации се сретнале повеќе од 180 пати. (Дознајте повеќе...)
Планков закон — физички закон кој го опишува електромагнетното зрачење оддадено од црно тело во топлинска рамнотежа при одредена температура. Законот е именуван по Макс Планк, кој првично го опишал истиот во 1900 година. Станува збор за пионерски обид во современата физика и квантната теорија. Спектралното зрачење на едно тело, Bν, го опишува количеството на енергија кое телотот го оддава како зрачење при различи честоти. Се мери како моќност оддадена на единица површина од телото, во единица просторен агол во кој се мери зрачењето, во единица честота. Планк покажал дека спектралното зрачење на телото при апсолутна температура T е определено со: каде kB е Болцмановата константа, h е Планковата константа, и c е брзината на светлината во средината, без разлика дали станува збор за вакуум или материјална средина. Спектралното зрачење може да се измери во единица бранова должина, наместо во единица честота. Во овој случај, се добива дека:
Законот може да се запише и на други начини, како што е бројот на фотони оддадени при одредена бранова должина, или густина на енергија во единица зафатнинско зрачење. SI единиците за Bν се W·sr−1·m−2·Hz−1, додека оние на Bλ се W·sr−1·m−3. Во границите на ниските честоти (т.е. долги бранови должини), Планковиот закон се приближува кон Рејли–Џинсовиот закон, додека во границите на високите честоти (т.е. малите бранови должини) се приближува кон Виновиот закон. Макс Планк го осмислил законот во 1900 година, првично со искуствено определените константи, и подоцна покажал дека, изразени како енергетска распределба, ова е единствента стабилна распределба на зрачењето при топлинска рамнотежа како енергетска распределба, е една од групите на распределба на топлинската рамнотежа која ги вклучува Бозе–Ајнштајновата распределба, Ферми-Дираковата распределба и Максвел-Болцмановата распределба. (Дознајте повеќе...)
Петер Саган — словачки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое. Саган имал успешна јуниорска кариера во планинскиот велосипедизам и велокросот, победувајќи на Светското првенство во 2008, пред да се префрли во друмскиот велосипедизам. Саган е сметан од некои за еден од најветувачките млади таленти, откако освоил некои престижни победи на почетокот на својата кариера. Докази за оваа изјава доаѓа со следниве победи: две светски првенства, две етапи на Париз-Ница, три на Тирено-Адријатико, една на Тур де Романди, две и генерален пласман на Трката околу Полска, рекордни петнаесет на Трката околу Калифорнија и рекордни тринаесет на Тур де Свис. Освоил бројни класици, вклучувајќи го монументот Трка околу Фландрија, две изданија на Гент-Вевелгем и Е3 Харелбеке, заедно со единаесет етапи на големите трки: четири на Вуелта а Еспања и седум на Тур де Франс. Исто така го освоил бодовниот пласман на Тур де Франс во 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016; како последица на тоа, Саган станал првиот возач кој го освоил пласманот во неговите први пет обида. (Дознајте повеќе...)
Историја на Цариград — периодот од основањето на градот во 330 година како нова престолнина на Римското Царство до заземањето на градот од страна на Османлиите во 1453 година. Всушност градот бил повторно изграден на местото на античкиот Византион. Огромниот обем на градежните работи, брзиот пораст на населението, развојот на трговијата и занаетчиството, метрополскиот статус на градот и напорите на првите римски цареви во Цариград довеле да градот стане еден од најголемите градови во Европа и на Блискиот Исток. По падот на Рим во V век, Цариград станал главен град во следните десет векови на Источното Римско Царство или подоцна познато како Византија. Историјата на Цариград во текот на византиската ера е исполнета со турбулентни политички настани како востанија и интриги во палатата, убиства на царевите помеѓу благородничките династии, големи опсади и кампањи од страна на силните западни и источни соседи. До XIII век градот претставувал најголемиот центар на културата во средновековна Европа, далеку понапред од другите светски метрополи во однос на образованието, активноста на духовниот живот и развојот на материјалната култура. Заземањето на Цариград од Османлиите во мај 1453 го означил конечниот колапс на Византиското Царство и преобразба на Отоманското Царство во една од најмоќните земји во светот. Падот на Цариград предизвикал шок низ христијанска Европа и голема слава на властите од Каиро, Тунис и Гренада. Покрај тоа во следниот период започнало целосно уништување на византиската култура, а Османлиите во Европа биле синоним за суровост кон христијанството. (Дознајте повеќе...)
Сараево (српски: Сарајево, бошњачки: Sarajevo, хрватски: Sarajevo/Vrhbosna) — главен град на Босна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар. Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град. Според прелиминарните податоци од пописот во 2013 година во Босна и Херцеговина, во Сараево живеат 275.524 жители додека со околината, која вклучува дел од општината Илиџа, живеат вкупно 463.992 лица. Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба. Низ градот тече реката Милјацка, а во близина на градот се наоѓаат и изворите на реката Босна, каде се наоѓа популарното излетничко место Врело Босна. Град Сараево е седиштето на најголемата високообразовна институција во земјата, Универзитетот Сараево, како и голем број на други високообразовни институции, што го прави еден од најголемите универзитетски центри во целиот регион на Југоисточна Европа. Во 1914 година во Сараево бил убиен австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд кое довело до започнување на Првата светска војна. Седумдесет години подоцна, во 1984 година, во градот се одржале XIV Зимски олимписки игри. Во почетокот на 1990-тите години, името на градот Сараево било испишувано постојано од дневните весници во целиот свет, бидејќи во регионот се одвивала една од најголемите војни во најновата европска и светска историја. (Дознајте повеќе...)
Освојување на Африка — период од историјата на Африка проследен со окупација, поделба и колонизација на африканската територија од страна на европските сили за време на периодот на т.н. Нов империјализам, во периодот помеѓу 1881 и 1914 година. Во 1870 година, само 10% од Африка бил под европска контрола, додека до 1914 година овој процент се зголемил на речиси 90% од континентот. Единствено Етиопија (Абисинија), Дервишката држава (денешна Сомалија) и Либерија биле независни. Берлинската конференција од 1884 година, која ја регулирала европската колонизација и трговија во Африка, обично се нарекува почетна точка за борбата во Африка. Како последица на политичките и економските соперништва меѓу европските империи во последниот квартал од 19 век, европските сили често избегнувале да војуваат меѓу себе кога станувало збор за континентот. Во подоцнежните години на 19 век, транзицијата од „неформалниот империјализам“ со воено влијание и економска доминација, го насочило владеењето, доведувајќи го колонијалниот империјализам. (Дознајте повеќе...)
Камерун (француски: Cameroun), офиц. Република Камерун (République du Cameroun) — држава во Централна Африка која се граничи со Нигерија на север; Чад на североисток; Централноафриканската Република на исток; Екваторска Гвинеја, Габон и Република Конго на југ. Крајбрежјето на Камерун лежи на заливот Бијафра, дел од Гвинејскиот Залив во Атлантскиот Океан. Службените јазици во Камерун се француски и англиски. Државата често се нарекува „Африка во мало“ поради својата геолошка и културна разновидност. Некои од природните одлики вклучуваат плажи, пустини, планини, прашуми и савани. Највисоката точка лежи на околу 4.100 метри и се наоѓа на плнината Камерун во Југоозападниот регион на државата, додека најголемите градови во однос на број на жители се Дуала на реката Вури кој воедно претставува главен економски град и главно морско пристаниште, Јаунде, главниот политички центар и Гаруа. По независноста, новообединетата нација се придружила на Комонвелтот, иако поголемиот дел од териториите претходно биле германска колонија и по Првата светска војна, француски мандат. Земјата е позната по своите оригинални стилови на музика, особено макоса и бикутси и по успешната фудбалска репрезентација. (Дознајте повеќе...)
„Македонско девојче 2“ — осмиот студиски албум на македонската пејачка Каролина Гочева првпат излезен во продажба на 25 февруари 2014 година. Албумот е издаден преку дискографската куќа Авалон продукција во Македонија. Хрватската куќа Далас рекордс исто така го издала албумот низ земјите на поранешна Југославија во април 2015 година. Албумот содржи осум оригинални песни напишани од страна на Валентин Соклевски и Весна Малинова, за чиј аранжман и продукција се погрижиле Никола Мицевски и Дејан Момировски. Покрај горенаведените песни, на „Македонско девојче 2“ исто така можат да се најдат две преработки од кои една е на македонска народна песна, а другата е на песна оригинално снимена од страна на пејачот Пепи Бафтироски. Мотивацијата за снимањето на албумот Гочева ја добила од успехот на нејзиниот претходен проект инспириран од македонската народна музика, „Македонско девојче“ (2008). Финализацијата на проектот траела две години поради желбата на тимот кој работел зад него да го усоврши колку што може повеќе. Според Гочева и продуцентот Мицевски, доброто познавање на тимот од претходно помогнало во процесот на снимање и одредување точна насока и цел со снимањето на „Македонско девојче 2“. Музички, албумот е сличен на неговиот претходник. Песните се одликуваат со елементи од македонскиот народен фолклор, но се адаптирани во посовремен стил кој е актуелен во времето на издавањето на албумот, односно содржат елементи и од поп и џез музика. Во текстовите, се опеани чувства на тага, среќа, љубов и копнеж на зрела жена. Сите песни биле компонирани специјално за Гочева притоа земајќи ги во предвид нејзините широки вокални способности; карактеристично е отсуството на следечки вокали. Албумот бил голем критички и комерцијален успех. Во 2014 година бил прогласен за најпродаваниот албум во Македонија за таа година. Три сингла биле издадени од албумот; песната „Чалгиска“ е објавена на 6 декември 2013 година пред албумот да биде издаден во продажба, „Две лири (не ни било пишано)“ била претставена во јануари 2014 и „Кој да ми запее“ била издадена во април 2015 година и почнала да кружи низ радио станиците во Македонија и државите од бивша Југославија. Со цел дополнително да го промовира „Македонско девојче 2“, Гочева одржала голем број на концерти во разни градови низ Македонија пред и по издавањето на албумот. Голем дел од нив биле документирани и прикажувани на различни ТВ емисии, како и на официјалните профили на пејачката на друштвените мрежи и на видео платформата YouTube. Од 2015 година, турнејата за промоција на албумот се одвивала и во Србија. (Дознајте повеќе...)
Јагуар (науч. Panthera onca) — голема мачка од родот пантери. Ова е единственото животно од родот пантери кое живее во Америка. Јагуарот е трета најголема мачка, зад тигарот и лавот, и најголема и најмоќна мачка во западната полутопка. Денешната распространетост на јагуарот се протега од Мексико преку поголемиот дел на Средна Америка, до Парагвај и северна Аргентина. Освен една позната популација во Аризона (југозападно од Тускон), оваа голема мачка изумрела во САД за време на раните 1900-ти. Сепак постои голема можност ненабљудувани популации на јагуар да живеат во јужна Аризона, Ново Мексико па дури и Тексас. Оваа дамчеста мачка физички доста е слична со леопардот, иако најчесто е поголема. По однесувањето и живеалиштето многу е поблиска до тигарот. Омилено живеалиште на јагуарот се густите дождовни шуми, но го среќаваме и во многу други шумски и отворени животни средини. Секогаш живее во близина на вода, и како тигарот, е една од ретките мачки кои уживаат во пливањето. Јагуарот е самотно животно, грабливец кој напаѓа од заседа и опортунист во поглед на избирање на пленот. Овие животни се и познати врховни грабливци кои играат голема улога во стабилизирање на екосистемите и регулирање на бројноста на популациите на нивниот плен. Јагуарот има развиено исклучително моќен загриз, дури и во споредба со останатите мачки. Ова му овозможува да го крши оклопот на некои рептили и да употребува специфичен метод на убивање – тој директно го загризува черепот на пленот со што нанесува фатален удар на мозокот. Јагуарот е речиси загрозен вид чија бројност полека опаѓа. Главна закана претставува уништувањето на природното живеалиште, како и раздвојување на популациите. Иако меѓународната трговија со јагуари или нивни делови е забранета, оваа голема мачка сè уште е убивана од луѓето, најчесто од страна на ранчери и фармери од Јужна Америка. Територијата на распространетост иако е намалена сепак останува доста голема. Јагуарот е значаен дел од митологијата на бројни староседелски американски култури, вклучувајќи ги и оние на Маите и Ацтеките. (Дознајте повеќе...)
Географијата на Индија е разновидна, од снежни покривки на планините, до пустини, низини и висорамнини. Климата се менува од екваторска на крајниот јужен дел до ладна планинска клима на Хималаите. Индија го зафаќа најголемиот дел од Индискиот Потконтинент и има брег во должина над 7.000 км, од кој најголем дел лежи на Индискиот Океан. Индија на запад се граничи со Арапското Море, а на исток со Бенгалскиот залив. Плодната Индоганшка Низина зазема голем дел од северна, средна и источна Индија, додека висорамнината Декан зазема поголем дел од јужна Индија. На западниот дел од земјата се наоѓа пустината Тар, која е во еден дел карпеста, а во друг песочна пустина, додека источната и североисточната граница ја чинат Хималаите. Со сигурност не може да се зборува за највисоката точка на Индија поради територијалниот спор со Пакистан. Според Индија, највисоката точка (сместен во спорната територија Кашмир) е врвот К2, висок 8.611 м. Највисоката точка на неспорна индиска територија е врвот Кангченѕунга, висок 8.598 м. Индија се граничи со Пакистан, Народна Република Кина, Бангладеш, Мјанмар, Непал, Бутан и Авганистан. Шри Ланка и Малдиви се острвскеи држави, јужно од Индија. Земјата е поделена на 28 држави, 6 административно сојузни територии и територија на главниот град. Политичките поделби се главно поради етничките и јазичните разлики, а не географските. (Дознајте повеќе...)
Флуорирање на водата — контролирано додавање флуориди во водата за пиење со цел да се намали расипувањето на забите. Флуорираната вода содржи флуориди на ниво, кое ќе биде делотворно за заштита од кариес; таа може да настане по природен пат или со додавање флуориди. Флуорираната вода влијае на површината на забите, односно во устата образува ниски нивоа на флуориди во плунката, со што се намалува степенот со кој глеѓта ги намалува минералните состојки и го зголемува степенот за повторно создавање минерални состојки во раната фаза на кариесот. Најчесто во водата за пиење се додава смеса од флуориди, постапка која во САД просечно чини околу 0,92 долари по човек годишно. Дефлуоридацијата е потребна доколку природното ниво флуориди ги надминува препорачаните граници. Комисија од стручњаци на Светската здравствена организација во 1994 година предложила ниво на флуориди од 0,5 до 1.0 мг/л (милиграм во литар), зависно од климата. Водата во шишиња најчесто има непознато количество флуориди, а некои вградени филтри за вода отстрануваат дел од флуоридите или сите флуориди. Забниот кариес во повеќето развиени земји претставува најголема грижа за јавното здравје и опфаќа 60-90% од учениците и голем дел од возрасните, а неговото лекување општеството го чини многу повеќе отколку лекувањето на која било друга болест. Флуоридирањето на водата штити од кариес како кај децата така и кај возрасните. Проценките од истражувања покажале дека со флуоридација на водата може да го намали кариесот од 18-40% кај деца кои користат таква вода и кои веќе имаат пристап до паста за заби и други извори на флуориди. Иако флуорирањето на водата може да предизвика флуороза на забите, која може да го промени изгледот на забите во развој, сепак најчесто таа е слаба и не се смета за естетски или здравствен проблем. Не постои јасен доказ за други непосакувани последици. Истражувањата со умерен квалитет ја истражувале делотворноста; најголем дел од истражувањата за несакани последици биле со низок квалитет. (Дознајте повеќе...)
Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули. Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија. Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Оптика — дел од физиката кој се занимава со одликите и законитостите на светлината, вклучувајќи го и заемодејството со материјата и создавањето на инструменти кои ja користат или утврдат присуство на светлина. Оптиката обично ги опишува одликите на видливата светлина, ултравиолетова, и инфрацрвена светлина. Бидејќи светлината е електромагнетен бран, другите видови на електромагнетно зрачење како што се рендгенските зраци, микробрановите и радио брановите пројавуваат слични својства. Повеќето оптички појави се објаснуваат со помош на електродинамичкиот опис на светлината. Користењето на електромагнетни описи за светлината го отежнува објаснувањето на светлинските појави во секојдневието. Применетата оптика користи упростени модели. Најчесто употребуван метод е т.н. геометриска оптика, кој светлината ја разгледува како збир од зраци кои се движат праволиниски, се прекршуваат или одбиваат кога минуваат нз најразлични средини. Брановата оптика е поопфатен модел за светлината, кој вклучува бранови појави како што се дифракција и интерференција кои не можат да се објаснат со геометриската оптика. Историски, зрачно-заснованиот модел за светлината се развива првично, по што следи брановиот модел на светлината. Напредокот во електромагнетната теорија во XIX век доведе до откритието дека светлинските бранови се всушност електромагнетно зрачење. Некои појави зависат од фактот дека светлината ги поседува одликите на бран и честичка истовремено. Објаснувањето на овие ефекти побарува употреба на квантна механика. Кога светлината се разгледува како честички, светлината се претставува како збир од честички наречени „фотони“. Квантна оптика е дел од оптиката кој се занимава со употребата на квантномеханички методи во оптичките системи. (Дознајте повеќе...)
Гомељ — град во источниот дел на Белорусија, во близина на границата со Русија во кој живеат околу 520.000 жители. Градот е центар на истоимената област и е вториот по големина град во Белорусија. Се наоѓа во југоисточниот дел на земјата, на 302 километри од главниот град Минск, 534 километри источно од Брест, од Могиљов е оддалечен 213 километри, 279 километри западно од Брјанск и 111 километри северно од Чернигов. Низ него тече реката Сож. Градот е на површина од 121 км2. Гомељ се стекнал со Магдебуршкото право во 1670 година. Градот бил основан во 1142 година, и административно е поделен на четири реони: Централен, Советски, Железнодорожен, и Новобелички. Актуелен градоначалник е Петар Кириченко, кој на функцијата стапил во ноември 2012. Од индустриските гранки најразвиена е машинската, а нешто помалку прехранбената индустрија. Во градот има тролејбуски и автобуски превоз, а авионски е поврзан со поблиските градови од соседството. Гомељ има умерено-континентална клима, но поради Чернобилската несреќа се соочил со намалување на населението кон крајот на 20 век. Градот почнал економски и демографски да заздравува во 21 век. Гомељ се наоѓа во југоисточниот дел на Република Белорусија и е административен центар на Гомељската област, и се наоѓа на околу 40 километри западно од државната граница со Брјанска област во Русија, и на околу 40 километри северно од Черниговска област во Украина. Градот се наоѓа во северниот дел на Придњепарската низина, во физичко-географската област наречена Гомељска Полесја (составен дел на белоруската Полесја). Северозападно од градот на Гомељската Полесја се наоѓа Чечерска низина. (Дознајте повеќе...)
Понуда и побарувачка — основни поими во економијата кои ги опишуват пазарните врски меѓу продавачите и купувачите на добро или услуга. Моделот на понудата и побарувачката ја одредува количината и цената продадена на пазарот. Овој модел е фундаментален микроекономски модел и служи како основа за други економски модели и теории. Моделот предвидува, дека во конкурентен пазар цената ќе работи на изедначување на побаруваната количина од страна на купувачите со понудената од страна на производителите, резултираќи со пазарна рамнотежа на количината и цената. Моделот покрај цената ги вклучува и другите фактори кои влијаат на воспоставувањето на пазарната рамнотежа (еквилибриум), опишуваќи го нивното влијание како поместувања на понудата и побарувачката. Законот на понудата гласи дека понудената количина е во врска со цената, односно во правопропорционална врска: повисока цена - поголема понуда, и обратно: пониска цена - помала понуда. Законот на побарувачката е обратен, односно обратнопропорционален: повисока цена - помала побарувачка, или пониска цена - поголема побарувачка. Законите важат под претпоставка дека е исполнет принципот ceteris paribus („при други непроменети фактори“), односно промената е само во цената. (Дознајте повеќе...)
Торинско платно — ленено платно со слика на еден човек за кој се претпоставува дека е Исус Христос, кој се чини дека бил физички трауматизиран при распетието. Таа се чува во кралската капела на катедралата „Св. Јован Крстител“ во Торино, Италија. Се верува дека тоа e крпата со која било обвиткано телото на Исус за време на неговиот погреб. Сликата на платното е повеќе видлива кога е сликана во негатив одошто во природните бои. Негативната фотографија на сликите од платното била за прв пат проучена вечерта на 28 мај 1898 година кога ја сликал аматерскиот фотограф Секондо Пија. Тој добил дозвола да го слика платното додека било објавено за јавноста во Катедралата во Торино. Според Пија, само што не го пуштил апаратот од раце кога ја видел сликата со човечко лице на неа. Платното е предмет на интензивна дебата помеѓу научниците, верниците, историчарите и писателите за тоа од кога постои платното, од каде потекнува и како е создаден ликот на самото платно. Од религиска гледна точка, во 1958 година Папата Пиј XII, заедно со Католичката црква, дека ликот е светото лице на Исус. Некои веруваат дека платното е покривката со која бил покриен Исус кога го поставиле во гробот. Скептичните луѓе веруваат дека ова платно е обична средновековна лажга, додека пак други тврдат дека ликот се создал по пат на природни хемиски реакции. (Дознајте повеќе...)
Бременост (латински: graviditas) — развивање на еден или повеќе плодови во матката на жената, познати како фетус или ембрион (зародиш). Повеќеплодова бременост е можна како што е случајот со близнаци или тројка. Бременоста кај човекот е повеќе проучувана за разлика од бременоста кај цицачите. Гинекологија и акушерство е хируршка област што ја проучува и се грижи за високо ризичната бременост. Медицинските сестри (народно познати како бабици) се дел од нехируршката област која води сметка за бременоста и бремените жени. Породувањето се случува околу 38. гестациска недела или приближно 40 недели од последниот нормален менструален период на жената. Медицински, за нормален датум за породување се смета доколку тој се паѓа во текот на 14 дена пред или по пресметаниот датум. Пресметувањето на овој датум ја вклучува претпоставката за редовен менструален период после секои 28 дена. Според тоа бременоста трaе речиси девет месеци. Во медицинската заедница, точната дефиниција на англискиот збор бременост е предмет на политичка контроверзност, не и на суштинска контроверзност. Во повеќе медицински или правни дефиниции на општеството, човековата бременост прилично произволно е поделена на три тримесечја, како начин за поедноставно посочување на различните периоди од преднаталниот развој. Во првото тримесечје најголем е ризикот од пометнување на плодот (природна смрт на ембрионот или фетусот). За време на второто тримесечје, развојот на фетусот може полесно да биде следен и дијагностициран. Честопати почетокот на третото тримесечје се приближува кон фазата на согледување на отпорноста односно способноста на фетусот да преживее надвор од матката, со или без медицинска помош. (Дознајте повеќе...)
Пума — цицач од фамилијата Мачки која живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка, распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки. Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна му се копитарите како елен, лос, муфлон, како и домашно говедо, коњи, овци, пред се во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодачи. Пумата претпочита живеалишта со густи грмушки и камени површини за прикрадување, но може да живее и на отворен простор. Таа е територијално животно и преживува во мала бројност на популацијата. Големината на индивидуалната територија зависи од теренот, растителноста и изобилството на плен. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волк, американската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето. Нападите врз луѓето се ретки, и покрај скорешната зачестеност. (Дознајте повеќе...)
Црква Света Софиja — поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот се наоѓа во реонот Фатих во Истанбул, Турција. Во периодот од нејзината изградба до 1453 година служела како византиска катедрала на Цариград, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала по заземањето на градот од страна на крстоносците и основањето на Латинското Царство. Како џамија, објектот служел од 29 мај 1453 година до 1931 година, а од 1 февруари 1935 година претставува музеј. Градбата е позната по својата голема купола, која се смета дека е олицетворение на византиската архитектура и дека ја променила историјата на архитектурата. Оваа катедрала била најголема во светот речиси илјада години, со изградбата на катедралата во Севиља во 1520 година. Света Софија во текот на историјата служела како модел на многу други отомански џамии, како на пример Сината џамија, Шехзаде, Руштем Паша, Сулејмановата џамија и комплексот Килиџ Али Паша. Секоја година, музејот Аја Софија го посетуваат над еден милион туристи. Често пати, Света Софија се нарекува осмо светско чудо на античкиот свет. (Дознајте повеќе...)
Германија — сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главниот, и најголем град, е Берлин. Германија има вкупна површина од 357.021 км² и воглавно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки предводник во многу полиња. Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100 година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од X век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство. Во текот на XVI век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно Римокатолици, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество. Окупирана за време на Наполеоновите војни, подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, чиј исход било обединувањето на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871, кое било доминирано од Прусија. По германската револуција од 1918-1919, а потоа и военото предавање во Првата светска војна, царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна Германија и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета. (Дознајте повеќе...)
Пак Чон Хи (корејски: 박정희; 30 септември 1917 - 26 октомври 1979) — генерал и претседател на Јужна Кореја. Организирал и предводел државен удар со кој ја освоил власта во Јужна Кореја. Најпрво владеел преку воената хунта наречена Врховен совет за национална обнова, а во 1963 година победил на претседателските избори (со што била создадена Третата република). Бил реизбран за претседател во 1967, 1971, 1972 (кога била основана Четвртата република преку уставот Јушин, создаден за да му овозможи Чон Хи да остане на власт), и 1978 година. Пак е заслужен за брзиот економски раст на Јужна Кореја преку извозно ориентираната индустријализација. Меѓутоа, тој е контроверзна политичка личност во историјата на Јужна Кореја, поради својот авторитарен начин на владеење со земјата, особено по 1971 година. Во 1999 година, од страна на магазинот Time Пак Чон Хи бил рангиран меѓу стоте највлијателни „Азијци на векот“. На 26 октомври, 1979 година, врз него бил извршен успешен атентат. Чон Хи бил убиен од страна на Ким Jae Кју (1926-1980), стар пријател на Чон Хи и директот на Корејска централна разузнавачка агенција. Постои поделеност околу неговото наследство, од една страна се истакнува неговата улога во обновата на Јужна Кореја по катастрофалната Корејска војна, а од друга страна се осудува неговиот авторитаризам, особено силен по 1971 година. (Дознајте повеќе...)
Гијом Тирски (~1130-1186) — средновековен прелат и хроничар. Се родил и израснал во Ерусалим, во времето кога Ерусалимското Кралство било во своите најсветли години. Поминал 20 години проучувајќи ги седумте слободни уметности и канонското право во европските универзитети. Како резултат на неговото враќање во Ерусалим во 1165 година, кралот Амалрик I го назначил за дипломатски претставник во Византија. Гијом станал учител на кралскиот син и иден крал, Балдуин IV, за кого открил дека е лепрозен. По смртта на Амалрик, станал претставник и архиепископ на Тир, со што вршел две од најважните функции во државата. Во 1179 година, ја предводел источната делегација на Третиот собор во Латеран. Со оглед на фактот дека бил вклучен во династичкиот судир, кој се развил за време на владеењето на Балдуин IV, неговото значење се намалило кога противниците зазеле контрола со кралските работи. Бил запоставен за функцијата на ерусалимски патријарх и починал во неразјаснети околнисти, најверојатно во 1186 година. Гијом е автор на отчет за соборот во Латеран, а напишал и историски записи за исламските држави од времето на Мухамед. За жал, ниту едно од овие дела не е сочувано. Денес, познат е како автор на историјата на Ерусалим. (Дознајте повеќе...)
Македонска граматика — дел од науката за македонскиот јазик, позната како македонистика, која ги изучува формите и значењата на граматичките елементи во системот. Македонската граматика се занимава со опишување, изучување и класификација на сложениот систем составен од именки, глаголи, придавки, предлози, прилози, заменки, извици, честички, модални зборови и броеви. Паралелно со тоа, оваа јазична дисциплина се дели на неколку големи гранки, во зависност од темата која се изучува, па така има правопис и правоговор, морфологија, синтакса, фонетика и фонологија, лексикологија, лексикографија, стилистика, дијалектологија и ономастика. Граматиката на македонскиот јазик и неговите говори била изучувана подолг период во минатото. Како прва печатена граматика на македонскиот јазик се јавува „Слогница речовска“, издадена во 1880 година во Софија од македонскиот преродбеник и револуционер Ѓорѓија Пулевски. „Слогница речовска“ е еден од првите обиди за опис на современата македонска граматика, која требало да излезе во неколку делови и била наменета за општо изучување на јазикот. Покрај „Слогница речовска“, важно е да се наведе и првата печатена македонска граматика во слободна Македонија, односно граматиката на Круме Кепески издадена во 1945 година веднаш по стандардизирањето на јазикот. Меѓу овие две граматики се јавуваат и други значајни обиди за печатење на македонската граматика, кои се фокусирале на класификацијата и опишувањето граматика за општото изучување на јазикот. Денес постојат поголем број печатени македонски граматики, печатени на македонски или на некој од светските или европските јазици. (Дознајте повеќе...)
Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули. Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија. Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)
„Tik Tok“ е првата песна на американската пејчка Кеша. Песната била снимена од Бени Бланко и Др. Лук и ко-напишана од Бланко, Др. Лук и Кеша. Била издадена на 7 август, 2009 како водечки сингл од првиот студиски албум на Кеша наречен Animal. Првиот стих на песната започнува со искуство кое Кеша го имала кога се разбудила опкружена со жени и веднаш помислила на истото искуство доживеано од Диди. Искуството ја поттикнало да ја напише песната со нејзиниот продуцент Др. Лук, кој му се јавил на Диди надевајќи се на соработка; тој отишол во студиото истиот ден и го снимил неговиот текст и песната била завршена. Според Кеша, текстот на песната го прикажува нејзиниот живот; пораката на песната е поттик кој го поттикнува слушателот да биде храбат и да не дозволи ништо да го турне долу. „Tik Tok“ е денс-поп и електропоп песна која користи кратки ритми од видео игрите кои се прикажани со удари со раце и синтисајзери. Текстот е испеан во рап стил, а рефренот користи Авто-Тон. Музички, песната била споредена со Лејди Гага, Уфи и Ферги. Песната добила помешани и позитивни оценки од неколку критичари за време на издавањето. Некои од нив го пофалиле текстот и славењето на начинот на живот во кој Кеша постојано учествувала во забава; продукцијата на песната била добро прифатена иако некои ја критикувале песната поради нејзиниот многу сличен звук со песните од Лејди Гага и Уфи. Добила голем комерцијален успех искачувајќи се на првите место во единаесет земји. Во САД, песната го срушила рекордот за најпродаван сингл во една недела од женски со продажби од 610.000 диигитални примероци во една недела. „Tik Tok“ добила 5× платинска сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка (RIAA) за 5.900.000 продадени копии во САД. Песната исто така била најдобро продаваниот сингл во светот за 2010, продавајќи 12.8 милиони копии само таа година. (Дознајте повеќе...)
Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули. Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија. Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)
Лешочки манастир — православен манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовско. Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век. Во манастирските конаци има параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастрискиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски т.н. Стар Манастир. Манастирот за прв пат е основан во 1321 година од страна на Епископот Полошки Антониј. Комплетното заживување кое е видливо и денес се должи на доаѓањето на Пејчиновиќ од Света Гора, во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и кога е основана манастирската библиотека. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам. Манастирот досега е двапати уриван. Прв пат во 1690 година Турците го разурнале целиот комплекс со се црквите. Втор пат манастирот го кренале во воздух албанските терористи за време на конфликтот во 2001 година. (Дознајте повеќе...)
Хамбург (германски: Hamburg, долногермански/долносаксонски: Hamborg) — втор најголем град во Германија и седми најголем град во Европската Унија. Градот е дом на преку 1,8 милиони луѓе, додека Метрополитенската областа Хамбург (вклучува делови од соседните покраини Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн) има повеќе од 4,3 милиони жители. Пристаништето во Хамбург е третото најголемо пристаниште во Европа (по пристаништата во Ротердам и Антверпен) и се наоѓа помеѓу дваесетте најголеми во светот. Службеното име на Хамбург е Слободен и ханзин град Хамбург (германски: Freie und Hansestadt Hamburg). Тоа ја прикажува историјата на Хамбург, како член на средновековната Ханза, како слободен царски град на Светото Римско Царство и самиот факт дека Хамбург е град-држава и една од шеснаесетте сојузни покраини на Германија. Хамбург е главниот сообраќаен врзол во Северна Германија и е еден од најбогатите градови во Европа. Станал медиумски и индустриски центар, со фабрики и објекти на Ербас, Blohm + Voss и Aurubis. Радио и телевизискиот јавен медиум Norddeutscher Rundfunk и издавачите, како што се Gruner + Jahr и Шпигел се столбови на важната медиумска индустрија во Хамбург. Севкупно, има повеќе од 120.000 претпријатија. (Дознајте повеќе...)
Ежен Делакроа (француски: Eugène Delacroix; 26 април 1798 - 13 август 1863) — француски ликовен уметник, кој извршил огромно влијание врз романтичарското движење во Европа. Бил познат како мајстор на боите, бидејќи како ученик на раните англиски романтичари, успешно ги комбинирал нивните ликовни принципи создавајќи свој уникатен стил на сликање. Освен за сликарите, Делакроа бил инспирација и за книжевните уметници поради својот вроден вкус за естетика. Неговите мајстории на платното се пример на кој се угледуваат многумина од современите сликари. Случувањата од тоа време го диктирале правецот по кој се развивала неговата техника. Негови ликовни идоли биле Петар Паул Рубенс и претставниците на Венецијанската ренесансна школа. Ја пропатувал речиси цела Европа, но сепак Мароко била земјата која најмногу го воодушевила. Уживал голема популарност во текот на неговата долга и успешна кариера. Добил многубројни награди и признанија од академијата и владата во неговата татковина. Обработувал сцени кои изобилувале со крв и насилство, притоа употребувајќи силни и впечатливи бои. Таа негова определба наишла на негодување во одредени кругови, но ги придобила симпатиите на сите останати. Имал работна навика да ги илустрира познатите творби на великаните како Вилијам Шекспир, Валтер Скот и Волфганг Гете. (Дознајте повеќе...)
Боцвана (цвана: Botswana; англиски: Botswana) — независна држава во Јужна Африка. Државата порано била британски протекторат познат како Бечуаналенд. Откако државата се стекнала со независност на 30 септември 1966 година, официјалното име биле променето во денешната форма. Боцвана се граничи со Јужна Африка на југ и југоисток, со Намибија на запад и на север и со Зимбабве на североисток. Боцвана има допирна точка со Замбија, но сепак овој дел од границата не е добро утврден. Главен град на државата е Габороне, а официјални јазици се сецвански и англиски. Боцвана има вкупна површина од 581.730 км2 и население од 2.029.307 жители според проценките од 2010 г. Географски земјата е рамна и до 70% од територијата е претставена од пустината Калахари. Боцвана има нешто над 2 милиони жители и тоа ја прави една од најслабо населените држави во светот. Боцвана била една од најсиромашните држави во Африка во моментот кога се стекнала со независност во 1966 г. со БДП од 70 долари по глава на жител. Денес, Боцвана е една од најбрзо растечките економии во светот со БДП од 14.400 долари по глава на жител. Државата е дом на еден релативно стабилен политички систем и брзорастечка пазарна економија. Економијата на земјата е една од најуспешните во Африка и брзо се развива услужниот сектор, светски познатата дијамантска индустрија, туризмот и производството. (Дознајте повеќе...)
Лекари без граници (француски: Médecins sans frontières, англиски: Doctors Without Borders) — меѓународна, хуманитарна, невладина организација која им овозможува медицинска помош на жртвите на војни, епидемија или природни и вештачки катастрофи. Освен тоа таа им нуди помош на сите оние на кои медицинската помош им е ускратена или тешко достапна поради географската оддалеченост, сиромаштијата или етничка, политичка и било која друга маргинализација. Познати се по своите проекти во земји, во кои се водат војни и во земји во развој, кои се соочуваат со ендемски заболувања. Организацијата ја основале група на француски лекари на 20 декември 1971 година.. Седиштето на организацијата се наоѓа во Женева, а во 20 држави постојат нејзини претставништва. Секоја година околу 3000 лекари, медицински сестри, санитарни стручњаци и други медицински и немедицински личности одат на различни задачи ширум светот. Од друга страна пак 1000 луѓе со постојано работно место, главно работат на ангажирање на доброволци и обезбедување финансиски средства. (Дознајте повеќе...)
Египетска митологија (или египетска религија) — различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка. Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот. Првите митови зборуваат дека на почетокот универзумот бил исполнет со прастарите води на хаосот, а тоа е богот Нун. Богот Ре-Атум се појавил од водата, како што земјата на Египет се појавува секоја година после поплавите на Нил. Ре-Атум плукнал, и од тоа излегле божествата Шу (воздух) и Тефнут (влажност). Светот е создаден кога Шу и Тефнут ги родиле двете деца: Нут (небото) и Геб (земјата). Луѓето се создадени кога Шу и Тефнут тргнале да се шетаат по темната пустелија и се изгубиле. Ре-Атум го испратил своето око за да ги најде. Откако биле пронајдени, неговите солзи радосници се претвориле во луѓе. (Дознајте повеќе...)
π (наречена „Лудолфов број“) — ирационален реален број со приближна вредност од 3,14159. Таа бројка го претставува односот на периметарот на еден круг со неговиот пречник во Евклидовата геометрија. Бројот π се употребува највеќе во математиката, физиката и инженерството, но се користи и во другите науки. Бројот е исто така познат и како Архимедова константа (што не е исто со Архимедов број) и како Лудолфов број (по германскиот математичар Лудолф ван Цојлен кој го пресметувал на многу децимали). Архимедовата константа се изразувала со дропката 22⁄7. Името на грчката буква π е пи и овој запис се користи во типографски содржини каде што грчката буква не е достапна или каде што нејзината употреба би била проблематична. Константата се нарекува «π» бидејќи е првата буква од грчките зборови περιφέρεια (периферија) и περίμετρος (периметар). (Дознајте повеќе...)
Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули. Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија. Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)
Гравитациски бран — бранување на закривеноста на време-просторот кој се придвижува како бранови, кои се движат од изворот. Можноста за постоење на гравитациски бранови е првпат спомната во 1893 година од страна на Оливер Хевисајд кој ја искористил споредбата меѓу обратнопропорционалноста на квадратот на законите за гравитација и електричество. Во 1905 година Анри Поанкаре прв ги преложил гравитациските бранови (ondes gravifiques) кои се оддадени од тела и се движат со брзина на светлината според Лоренцовите трансформации. Нивното постоење е предвидено во 1916 година од страна на Алберт Ајнштајн врз основа на теоријата на општата релативност, гравитациските бранови ја пренесуваат енергијата како „гравитациско зрачење“. Постоењето на гравитациските бранови е можна последица на Лоренцовата коваријанса на општата релативност бидејќи ја воведува идејата за конечна брзина на движењето и физичките заемодејства со тоа движење. За споредба, гравитациските бранови не можат да постојат во Њутновата теорија за гравитација, која тврди дека физичките заемодејства се движат со бесонечни бризини. Пред директонот забележување на гравитациските бранови имало непосредни докази за нивното постоење. На пример, мерењата на Хулс–Тејлоровиот двоен систем предвидувале дека гравитациските броеви се повеќе од хипотетичка замисла. Можните извори за забележување на гравитациските бранови биле системите од двојни ѕвезди составени од бели џуџиња, неутронски ѕвезди и црни дупки. На 11 февруари 2016 година, здружените екипи во соработка ЛИГО и Вирго објавиле дека успеале за првпат директно да ги забележат гравитациските бранови кои потекнувале од пар на црни дупки кои биле во процес на спојување, користејќи ги детекторите на Напредниот ЛИГО. (Дознајте повеќе...)
Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули. Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија. Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)
Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули. Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија. Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)
Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули. Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија. Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)
Оптика — дел од физиката кој се занимава со одликите и законитостите на светлината, вклучувајќи го и заемодејството со материјата и создавањето на инструменти кои ja користат или утврдат присуство на светлина. Оптиката обично ги опишува одликите на видливата светлина, ултравиолетова, и инфрацрвена светлина. Бидејќи светлината е електромагнетен бран, другите видови на електромагнетно зрачење како што се рендгенските зраци, микробрановите и радио брановите пројавуваат слични својства. Повеќето оптички појави се објаснуваат со помош на електродинамичкиот опис на светлината. Користењето на електромагнетни описи за светлината го отежнува објаснувањето на светлинските појави во секојдневието. Применетата оптика користи упростени модели. Најчесто употребуван метод е т.н. геометриска оптика, кој светлината ја разгледува како збир од зраци кои се движат праволиниски, се прекршуваат или одбиваат кога минуваат нз најразлични средини. Брановата оптика е поопфатен модел за светлината, кој вклучува бранови појави како што се дифракција и интерференција кои не можат да се објаснат со геометриската оптика. Историски, зрачно-заснованиот модел за светлината се развива првично, по што следи брановиот модел на светлината. Напредокот во електромагнетната теорија во XIX век доведе до откритието дека светлинските бранови се всушност електромагнетно зрачење. Некои појави зависат од фактот дека светлината ги поседува одликите на бран и честичка истовремено. Објаснувањето на овие ефекти побарува употреба на квантна механика. Кога светлината се разгледува како честички, светлината се претставува како збир од честички наречени „фотони“. Квантна оптика е дел од оптиката кој се занимава со употребата на квантномеханички методи во оптичките системи. (Дознајте повеќе...)
Оноре де Балзак (француски: Honoré de Balzac; 20 мај 1799 - 18 август 1850) — француски писател на романи и драми. За негово капитално дело се смета збирката романи Човечка комедија, која раскажува за животот во Франција по заминувањето на Наполеон. Се смета за еден од предводниците на реализмот во европската литература, поради портретирањето на општеството такво какво е, и ликовите кои имале сложен морален фоторобот. Дури и споредните ликови биле карактерно повеќеслојни, со етички двојби, и целосно очовечени. Неговите дела влијеале врз многу писатели, како Емил Зола, Чарлс Дикенс, Гистав Флобер, Хенри Џејмс и филозофот Фридрих Енгелс. Многу од романите на Балзак биле филмски преработени. Иако бил љубител на книгите како дете, имал проблеми со помнење на лекциите на училиште. По завршување на факултет, работел како приправник во адвокатска канцеларија, но се откажал од правото бидејќи ја сметал таа професија за премногу рутинирана и нечовечна. Пред да стане писател, се обидел како издавач, печатар, новинар, и литературен критичар, но безуспешно. Дел од неговото животно искуство е вклучено во Човечката комедија. Балзак често имал здравствени проблеми, најверојатно поради постојаната работа врз романите. Односите со семејсвото му биле затегнати поради лични и финансиски проблеми. Во 1850 се оженил со полската грофица Евелина Ханска, а починал пет месеци подоцна. (Дознајте повеќе...)
Италијанската култура може да се пофали со неколку светско познати градови. Италија била дом на многу познати и влијателни цивилизации, вклучувајќи ги Етрурците, Грците и Римјаните. Рим бил античка престолнина на Римското Царство и седиште на папата на Католичката црква. Фиренца бил дом на многу уметници од ренесансата, период на големи достигнувања во уметноста. Торино, којшто бил главен град на Италија, денес е еден од светски познатите центри за автомобилско инженерство. Милано е индустриски, трговски и финансиски центар на Италија а исто и престолнина на модата. Венеција со својот сложен систем на канали и богата културна историја, привлекува туристи од цел свет. За време на овој период во Италија се појавиле голем број на познати сликари, вајари, поети, музичари, математичари и архитекти. Во своето минато Италија преживеала миграции, инвазии и била поделена на многу независни држави сè до 1861 година, кога станала национална држава. Познати елементи на италијанската култура се нејзината уметност, музика, мода и храна. Италија е родно место на операта. Исто така земјата е родно место на најголем број на Светски наследства на УНЕСКО (48). Според Судот на ревизори, Италија има 3.430 музеи, 216 археолошки наоѓалишта, 10.000 цркви, 1.500 манастири, 40.000 избрани замоци, кули и тврдини, 30.000 отмени домови, 4.000 градини, 1.000 огромни историски градски центри и многу повеќе. (Дознајте повеќе...)
Суматрански носорог (науч. Dicerorhinus sumatrensis) — член на семејството на носорозите и е еден од петте преживеани видови на носорози. Овој вид е најмалиот носорог со висина на рамениците од 120 до 140 сантиметри, должина од 250 сантиметри и тежина од 500 до 800 килограми. Како и африканските видови на носорози, така и овој вид има два рога. Предниот рог е поголем и најчесто е со должина од 15 до 25 сантиметри, додека другиот рог претставува само никулец. Телото на овој носорог е прекриено со црвенкасто-кафеаво крзно. Единките од овој вид во минатото биле распространети во мочуриштата, дождовните и облачните шуми во Индија, Бутан, Бангладеш, Мјанмар, Лаос, Тајланд, Малезија, Индонезија и Кина (во југозападниот дел од Кина, поточно во Сечуан). Овие животни се критично загрозени бидејќи има само шест значајни популации во дивината: четири во Суматра, една во Борнео и една на Малајскиот Полуостров. Многу е тешко да се процени нивната точна бројка бидејќи Суматранскиот носорог е самотно животно кое се движи на големи пространства. Сепак според некои проценки, бројката се движи околу 300 единки. Намалување на популациите најмногу се должи на ловокрадството, бидејќи нивните рогови се доста ценети во традиционалната кинеска медицина. На црниот пазар достигнуваат цена од 30.000 американски долари за еден килограм коска. Закана претставува и загубата на природното живеалиште, односно унишување на шумите за содавање земјоделски површини. (Дознајте повеќе...)
Московски Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули. Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија. Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)
Математичка економија — примената на математичките методи во економските теории и во анализата на проблемите презентирани во економијата. Овозможува формулирање и деривација на клучните врски во теоријата со неколку одлики како јасност, севкупност, едноставност и строга определба. Обично, применетите математички методи се однесуваат на оние посложените функции за разлика од едноставната геометрија, односно сложени методи како диференцијални и интегрални пресметки, диференцијална равенка, матрици, математичко програмирање и други пресметковни методи. Математиката им овозможува на економистите да оформат значајни и предлози подложни на испробување за многу широко распространети и сложени теми кои не можат неформално соодветно да бидат изразени. Понатаму, математичкиот јазик им дава да оформат јасни, точни и позитивни тврдења за контроверзните или спорните теми, што инаку би било невозможно. Голем дел од економската теорија е моментално претставена преку математичко-економски модели, збир на стилизирани и упростени математички врски кои ги појаснуваат претпоставките и следствата. (Дознајте повеќе...)
|