Јужнословенски јазици
Јужнословенските јазици постојат како посебна група меѓу словенските јазици. Тие произлегуваат од еден претпоставен јужен прасловенски макродијалект, којшто се оформил во времето на второто разделување на прасловенскиот јазик.
Јужнословенски јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | Југоисточна Европа |
Класификација: | индоевропски
|
Гранки: |
Источни јужнословенски
Западни јужнословенски
|
ISO 639-5: | zls |
Држави во кои јужнословенски јазик е службен јазик |
Општа одлика
уредиЈужнословенските јазици се делат на две подгрупи: западна и источна . Источната подгрупа се одликува со зачувањето на (различното) звучење на еровите самогласки (ъ и ь), а западната подгрупа - со наставка -ga во генитив еднина машки и среден род на придавките и наставка –mo кај глаголите во множина прво лице .
Јужнословенските јазици имаат и неколку општи стари фонетски одлики од касниот период на развивање на прасловенскиот јазик, дел од кои се општи и за источнословенските јазици:
- промена на согласните групи *dl > l и *tl > l: *radlo > ralo, pletlъ > plelъ;
- промена на соглааните групи *kv > cv и *gv > dzv пред ě2: cvětъ, dzvězda;
- промена *ch > s’ поради втора и трета палатализација: vьchь > vьsь, mouchě > mousě.
Историски развој
уредиСловените добија за првпат писменост на свој јазик во втората половина на 9 век. Старословенскиот јазик, првиот литературен јазик на Словените, со мисијата на Кирила и Методија и на нивните ученици најде своја примена и кај западните и кај јужните Словени, а потоа се пренесе и кај источните Словени. Меѓутоа, само едно кратко време тој имаше изгледи да се зацврсти како јазик на писменоста на сите словенски народи во Средниот век. Борбата меѓу Цариград и Рим, која доведе до црковен расцеп, имаше меѓу другото и таква последица што словенскиот свет да се раздели рано меѓу православието и католицизмот.[1]
Поделени така во две сфери со свои посебни религиозни, политички и културни карактеристики – Словените беа поставени во различни услови и во поглед на развојот на јазикот на нивната писменост. Во католичката сфера, старословенскиот јазик беше рано истиснат од западнословенската област. Тој се задржа уште само кај Хрватите-глаголаши. Од друга страна, кај православните Словени тој јазик, во своите различни варијанти или рецензии, остана како заеднички писмен јазик скоро до почетокот на 19 век.[1]
Стандардизација на јазиците
уредиОд почетокот на 19 век век па наваму било потребно современите јужнословенски јазици да се изградуваат на една нова дијалектна база. Така за српскохрватскиот таа база ја даде херцеговското наречје, за бугарскиот источното наречје, за македонскиот централните говори итн. Во ниеден од овие случаи не се работи за внесување на некој чист дијалектен тип во основата на литературниот јазик, ами во помала или поголема мера се избираат во него и особености од една поширока говорна ареа. Комбинирањето на особености од повеќе дијалекти е на пример карактеристично за словенечкиот литературен јазик и произлегува од големата дијалектна издиференцираност на словенечката јазична територија, при што не можел еден дијалект да се наложи порешително. Како и да било, овие јазици се обелeжени со поголема близост до современите народни говори, отколку што е случај со јазиците што продолжуваат во некој вид подолга писмена традиција.[1]
Развојот на современите словенски нации и на нивните литературни јазици го постави прашањето за изборот на националното име, односно и на името на јазикот на нацијата. Co оглед на различните регионални традиции, и со оглед на тоа дека во Средниот век само мал број народносни имиња меѓу Словените стекнаа поширока афирмација, споменатиот избор се претставува како значајна компонента во процесот на диференцирањето на словенските нации. Хрватските писатели пред 19 век го викале својот јазик почесто словински (словенски, славонски, славински) или илирски отколку хрватски. Освен овие се јавувале и регионалните називи: босански, дубровачки (па значење на регионално име добил и називот славонски). Изнесувајќи го ова за периодот пред 19 век, Иван Броз констатира за почетокот на тој век; „јазикот хрватски се викаше кај писателите најмногу хрватски, словински, илирски и српски. Тие различни имиња за еден исти јазик – вели тој – беа најглавниот повод за заблудите и збрките, на кои ни до денеска не им е сосем загубена трагата (Цртице из хрватске књижевности, Загреб 1886, стр. 162). Во првата половина на минатиот век, во врска со Илирското движење, нов импулс добива употребата на името илирски јазик. Требало да помине извесно време дури, при постојната регионална поделеност, името хрватски не стекнало општа употреба. Во меѓувремето, илирски бил оној назив што, како регионално немаркиран, служел згодно за обележување на писмениот јазик што се наоѓал во процесот на оформување и кој, како што знаеме, се замислувал и како општ јужнословенски литературен јазик.[1]
Пред 19 век и кај Словенците не било уште обопштено едно име за јазикот и народноста. Од регионалните називи најпознато било името крањски. Уште во втората половина на 18 век често се правело дури и разлика меѓу крањскиот (во Крањска) и виндскиот (во Корушка и Штаерска). Во 1779 г. Блаж Кумердеј им се обраќал на словенечките филолози по следниот начин: „... дојде пријатниот миг кога веќе немаме никаква причина да се срамиме ако зборуваме крањски. Се прават секакви напори, тој скриен јазик да излезе од мракот на светлина“. „Кумердеј – вели Е. Кардељ – барем во почетокот се ограничуваше прилично на Крањците и „крањскиот јазик“. Јернеј Копитар беше поширок дух што дојде до разбирање дека словенечкиот литературен јазик мора да биде единствен. Во тој поглед само Корушецот Гутсман дојде до исто така јасно разбирање. Затоа Копитаровата граматика од 1809 година, која се издига над покраинските предрасуди, е епохално дело за процесот на националното будење“. Освалд Гутсман, во својот речник од 1789 г., вели дека крањскиот и виндскиот „се ластари на општиот словенски јазик“. Валентин Водник го употребувал називот крањски за локалниот јазик, а словенски за јазикот на сите Словени. Граматиката на Јернеј Копитар, пишувана на германски јазик, излезе под следниот наслов: Grammatik der slavischen Sprache in Krain, Kärnten und Steyermark. Дури при крајот на 18 и во почетокот на 19 век се обопштува сè повеќе називот словенски што пред тоа, бил повообичен во хрватската писменост. Пак предноста на едно име, регионално немаркирано, се искористила за обележување на националната и јазичната општност што се изградувала.[1]
Во случајот со македонското национално име и името на македонскиот јазик се искористил еден покраински назив со долга традиција, и опфатот на кој во минатото се менувал. Во рамките на турската империја несловенските соседи, како Грците, го означувале обично словенското население со името Бугари и неговиот јазик како бугарски. Сепак Албанците го употребуваат името Shqê = Словени. Тоа означување не водело сметка за разликите меѓу самото словенско население. Така, Евлија Челебија споменува во 17 век за „Бугари“ дури во Белград и Сараево. Тоа име имало, покрај некои други пошироки или регионални називи, извесна употреба и кај нас. Друго е прашањето колкава и со каква содржина. Во врска со ова треба да се има предвид дека и во самата Бугарија во некои краишта било потиснато во турскиот период името Бугарин. Називот „простејши јазик болгарски (Долнија Мисии)“ се среќава во некои наши дамаскини, како и кај Крчовски и Пејчиновиќ. Оние наши културни и книжевни работници од минатиот век што биле за заеднички литературен јазик за Македонците и Бугарите внесувале во тој назив и нова содржина што произлегувала од извесна инклинација во национална смисла. Меѓутоа, едновремено почнува да се афирмира и името Македонец, македонски, кое послужува за обележување на македонската национална и јазична посебност.[1]
Најповршен е впечатокот дека во 19 век се дробело нешто што пред тоа било единствено и дека имено тоа дробење се изразува во диференцирањето на имињата. Всушност, поврзаноста сега е далеку поголема, при сета национална издиференцираност, отколку што била кога и да е во минатото, при некакво мнимо народносно единство. Оформувањето на современите нации значи надминување на регионалната затвореност, и тоа има стигнато најдалеку до каде што можело да стигне и не потаму, не затоа што се одело намерно кон дробење, ами затоа што имено разделеноста во минатото не дозволила да се создадат реални услови за уште поголема интеграција.[1]
Јужнословенски јазици
уреди- Источни
- Бугарски јазик
- Македонски јазик
- Старословенски јазик †
- Црковнословенски јазик (во неговите јужнословенски рецензии)
- Западни
Јужнословенскиот дијалектен континуум со главните дијалектни групи | ||||||
|
|
Југоисточен чакавски дијалект (заокружен)
|
Mолишки дијалект (заокружен)
|
|
Северни говори
Западни говори
Централни говори
Источни говори
Јужни говори
|
Банатски говор (заокружен)
|
Вокабулар
уредиВо табелата е дадена споредна на некои зборови во јужнословенските јазици.
Јужнословенски јазици | Реконструиран прасловенски | ||||
---|---|---|---|---|---|
Западни | Источни | ||||
Српско-хрватски | Словенечки | Бугарски | Македонски | Старословенски | |
jabuka / јабука | jabolko | ябълка | јаболко | аблъко | *ablъko |
kćer / кћер | hči, hčerka | дъщеря | ќерка | дъщи | *dъťi |
mrtav / мртав | mrtev | мъртъв | мртов | мрьтвъ | *mьrtvъ |
dubok / дубок | globok | дълбок | длабок | глѫбокъ | *glǫbokъ |
zemlja / земља | zemlja | земя | земја | землꙗ | *zemľa |
jaje / јаје | jajce | яйце | јајце | аице | *ajьce |
riba / риба | riba | риба | риба | рꙑба | *ryba |
hoditi / ходити | hoditi | ходи | оди | ходити | *xoditi |
dobar / добар | dober | добър | добар | добръ | *dobrъ |
slušati / слушати | slušati | слуша | слуша | слоушати | *slušati |
ja / ја | jaz | аз | јас | азъ | *(j)azъ |
živ(j)eti / жив(ј)ети | živeti | живее | живее | жити | *žiti |
noć / ноћ | noč | нощ | ноќ | нощь | *noťь |
jedan / један | eno | един | еден | единъ, ѥдьнъ | *edinъ |
istina / истина | res | истина | вистина | истина | *jьstina |
dva / два | dva | два | два | дъва | *dъva |
nas / нас | nas | нас | нас | насъ | *nasъ |
r(i)ječ / р(и)јеч | beseda | дума | збор | слово | *slovo |
godina / година | leto | година | година | лѣто | *lěto |
Писма
уредиМногу азбуки биле користени едно или друго време за пишување на јужнословенските јазици. Најчесто користени се глаголицата, кирилицата и латиницата; спорадично биле користени и грчката и арапската азбука.
Приближната дистрибуција по локација и период е приближно следнава:[2]
- Глаголица – Македонија (9 – 11 век); Бугарија (9 – 12 век); Хрватска (10 – 16 век), потоа во црковна употреба до 19 век, и спорадично во 20 век; Словенија (15 – 16 век);
- Кирилица – Бугарија (9 век – денес); Македонија, Србија, Босна и Црна Гора (10 век – денес);
- Латиница – Хрватска и Словенија (10 век – денес); Србија (но секогаш споредна на кирилицата), исто така Босна, истиот период;
- Грчка азбука – Македонија, особено во егејскиот дел (15 – 19 век);
- Арабица – Босна (15 – 20 век).
Споредба на јужнословенските азбуки
уредиВо следнава табела е направена споредба на буквите од јужнословенските азбуки, со кои се претставува еден ист глас. Во квадратчињата со сребрена боја е прикажан приближниот изговор на гласот за кој нема соодветна буква во дадената азбука.
|
|
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Конески 1968.
- ↑ Comrie & Corbett 2003, стр. 20.
Литратура
уреди- Конески, Блаже (1968), Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици, „Култура“ - Скопје
- Comrie, Bernard; Corbett, Greville, уред. (2003). The Slavonic Languages. Taylor & Francis. ISBN 9781136861376.
Надворешни врски
уреди- Јужнословенски јазици
- Андреј Н. Соболев Јужнословенските јазици во балканскиот ареал[мртва врска] (на руски, во PDF формат)
- Фредерик Кортлант Рано дијалектно многуобразие во јужнословенските јазици (на англиски, во PDF формат)