Отвори го главното мени

Струмичката Епархија, е една од десетте епархии на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија. На чело на епархијата стои неговото Високо преосвештенство митрополитот г. Наум. Струмичката епархија се протега на територијата на Општина Струмица, опфаќајќи ги и градовите Дојран, Берово, Пехчево, со нивните парохии.

Macedonian cross.svg
Струмичка епархија
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Црква Свети Леонтие Водоча.jpg
Водочки манастир
Основач МПЦ
Независност
Признавање Православие
Поглавар Митрополит г. Наум
Седиште Водочки манастир
Вељушки манастир
Територија Струмица, Дојран, Берово, Пехчево
Власт
Јазик македонски, старословенски
Верници
Портал [1]]


Карта на епархиите во Македонија.

ИсторијаУреди

Рана историјаУреди

Христијанството на територијата на Струмица се ширело уште во првите векови на раното христијанство. Градот Струмица, како центар на Струмичката Епархија извесно време го носел и името Тивериопол, коешто повеќе се употребувало во византиската администрација и во црковната традиција. Со градот е поврзанa традицијата на почитувањето на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, коишто маченички пострадале во времето на царот Јулијан Отпадник кон крајот на 4 век. Нивното житие го напишал архиепископот Теофилакт Охридски. За големото чествување на овие светители зборува и фактот дека и струмичките владици извесно време се нарекувале "Епископи тивериополски", како и откриените темели на ранохристијанската базилика на Свети Петнаесет во Струмица.

Среден векУреди

Во 9 век Цариградската Патријаршија ја обновила својата мисија во Македонија преку светите браќа Методиј и Кирил. Со таа цел била и мисијата на Свети Методиј Солунски, кој како константинополски царски намесник, од 845 до 855 година, бил управител во овие краишта. Во Методиевото житие се вели дека заедно со својот брат Свети Кирил, кој го посетил, го проповедале христијанството и по долината на реката Брегалница. Свети Кирил, тогаш покрстил илјадници Македонци, за што зборуваат и народните преданија. Во едно од нив се вели дека Свети Методиј цели десет години им го проповедал на Македонците Словото Божјо по Бела Река, што тече источно од с. Вељуса, минува низ с. Водоча и по долниот тек се вика Водочница, а за Водочкиот Манастир се тврди дека бил расадник на просветата и монаштвото. Со голема веројатност се претпоставува дека во овој манастир, се вршело препишување на црковни книги од грчки на црковнословенски јазик. И дека во овој крај како ученик на Светите Кирил и Методиј Солунски дејствувал и Свети Климент Охридски, кој според преданието и потекнувал од Струмичко. Во еден список на епископи, кој што се однесува на ова време, името Климент е означено како епископ Тивериополски.

За време на владеењето на Константинопол (во текот на 11 и 12 век), Струмичката епархија, во рамките на Охридската архиепископија - како и самата архиепископија - била ставена во служба на Цариградската патријаршија. Во тоа време, многу имоти од Струмичко, меѓу кои и манастирската црква во Вељуса, му биле подарени на Светогорскиот манастир Ивирон. Струмичката митрополија била во составот на Охридската архиепископија, се до нејзиното укинување во 1767 година, за што придонел и струмичкиот митрополит Ананис Струмички, кој во судирот меѓу двете цркви - Охридската и Цариградската, застанал на страната на Цариградската патријаршија.

Понова историјаУреди

Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век, Струмица истовремено била седиште на кајмакам, на грчки патријаршиски владика, а од 1897 година и на бугарски егзархиски митрополит. Влијанието на Цариградската патријаршија почнало да слабее, наспроти засилената пропаганда и експанзија на Бугарската егзархија, особено по 1897 година, кога во Струмица бил поставен бугарскиот владика Герасим Струмички.

Во почетокот на 20 век, Струмица била зафатена од Балканските војни, како и од Првата светска војна. Се судираат македонските, грчките, српските и бугарските интереси. Градот Струмица и некои од селата биле запалени. Бил запален и манастирот во с. Велјуса, чии што конаци изгореле, а внатрешноста на црквата била делумно оштетена.

Од 1920. до времето на Втората светска војна Струмичката епархија била во составот на Злетовско-струмичка епархија на Српската Православна Црква. Со возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква во 1958 година, Злетовско-Струмичката епархија повторно влегува во нејзин состав. А со одлуката на САС на МПЦ од 1988 година повторно оформена Струмичката епархија, во чиј што состав подоцна влегоа градовите Радовиш и Валандово.

Најнова историјаУреди

Со враќањето на монахот Наум од Григоријатскиот манастир на Света Гора, во август 1995 година, и со неговото востоличување за Струмички Митрополит дошло до возобновување на севкупниот црковен и духовен живот во епархијата. Во последните години од 20 век Струмичката епархија станала матичник на возобновеното монаштво во МПЦ.

Освен манастирите Пресвета Богородица Елеуса во село Вељуса како женски и Св. Леонтиј во село Водоча како машки манастир, монашкиот живот е возобновен во многу други манастири во епархијата. Во Берово, манастирот посветен на Св. Архангел Михаил бил возобновен како женски, а манастирот на Успението на Пресвета Богородица како машки манастир. Дел од манастирскиот комплекс на Св. Партениј Зографски во Стар Дојран бил возобновен како женски манастир и манастирот на Св. четириесет Севастиски маченици во Банско како машки манастир. На почетокот на 2003 година бил изграден манастирот на Св. Климент и Наум Охридски во Хамзали, како машки манастир. Во 2004 година бил возобновен манастирскиот комплекс посветен на Свети Антониј и Ѓорѓи во [Ново Село], којшто со вселувањето на двајца свештеномонаси и неколкумина искушеници на денот на светото Успение на Пресвета Богородица е заживеан како машки манастир.

Во периодот 1998-2002 година од темел биле подигнати околу дваесетина цркви: црквата на Св. Григориј Палама и Св. великомаченик Димитриј во Струмица, монашката црква посветена на Св. Григориј Палама во Водочкиот манастир, параклисната црква во монашкиот конак на Велјушкиот манастир, посветена на Св. Апостол Павле и на Св. Григориј Палама, манастирската црква на Св. Климент и Св. Наум Охридски во Хамзали, малата манастирска црква посветена на Св. Петка во манастирскиот комплекс во Банско, двете манастирски цркви - на Св. новомаченик цар Николај Романов со семејството и на Св. Григориј Палама и Св. Максим Исповедник - во рамките на манастирскиот комплекс Партениј Зографски во Стар Дојран, манастирската црква посветена на Св. великомаченик Георгиј и на Св. новомаченичка Елисавета во с. Три Води, малата црква посветена на Св. Трифун и на Св. Григориј Григоријатски којашто му припаѓа на скитот во непосредна близина на Водочкиот манастир, манастирската црква на Преподобна Параскева во близина на Пехчево и други.

Во своите матични манастири, Велјушкиот и Водочкиот, Струмичката епархија развива самостојна, сеопфатна но селективна црковна издавачка дејност. Издадени се над дваесет наслови, од кои: оригинални пастирски текстови и есеи со аскетска тематика, преводи од поуките за молитвата на современите Старци од 20 век, текстови од историјата на исисхазмот, преведени изданија од современата светска теологија, апологетски текстови како одговор на состојбите во јавноста кон возобновеното монаштво итн.

Струмичката епархија е идеен основач и покренувач на списанието „ПРЕМИН”..

Во рамките на Струмичката епархија функционира Дневниот центар за прифат, третман и лекување на болести на зависност „Св. Елисавета” во Струмица. Неговото официјално отворање се случи на 18.02.2005 год. Моментално се работи на формирање на посебни услови за работна рехабилитација и ресоцијализација, со што центарот ќе биде проширен и оспособен за подлготрајно прифаќање и сместување на овие лица.

Цркви и манастириУреди

Денес, во оваа епархија монашки заедници под духовно водство на митрополитот Наум Струмички, се присутни во манастирите[1]:

МитрополитиУреди

Име Година
Цариградска патријаршија
Тимотеј Тивериополски[2] 4 век
Охридска архиепископија
Мануил Струмички 1080
Климент околу 1152
Константин Кавасила 13 век
Даниил Водочки 1376
Цариградска патријаршија
Ананијас Струмички 1767
Софрониос Струмички непознато
Григориос Византиос 1818-1830
Константиос Калогерас 1830 - 1846
Јеротеос Камбајанис 1858 - 1875
Агатангелос Папагригоријадис 1875 - 1887
Калиникос Палеокрасас 1887 - 1892
Григориос Орологас 1902-1908
Германос Анастасијадис 1908 - 1910
Арсениос Афендулис 1910 - 1913
Бугарска егзархија
Герасим Струмички 1897 - 1918
Српска православна црква
Злетовско-струмичка епархија
Серафим Јовановиќ 1920-1929
Венијамин Таушановиќ 1929 - 1934
Симеон Поповиќ 1934 - 1939
Витомир Проданов 1939 - 1950
(1941 протеран)
Македонска православна црква
Кирил Струмички ? - ?
Горазд Струмички 1977 - ?
Наум Струмички 1995-во служба
Православна охридска архиепископија
Давид Нинов 2008-во служба

НаводиУреди

  1. http://www.mpc.org.mk/mpc/se.asp
  2. Според „Житието за Св. Петнаесетте тивериополски маченици“ од Теофилакт Охридски