Генетика (од старогрчки: γενετικός генетикос, „да роди“ и од γένεσις генезис, „потекло“)[1][2][3] или наследознание — гранка на биологијата што се занимава со проучување на гените, наследноста и варијацијата кај живите организми.[4][5]

Генетиката се справува со прашања какви што се молекуларната градба и функција на гените, однесувањето на гените во контекст на клетка или организам (на пример, доминантност и епигенетика), закономерностите на наследување од родителите до потомството, како и генската распределба, варијација и промена во популациите. Поради тоа што гените се универзални за сите живи организми, генетиката може да се користи за проучување на сите живи системи, од вируси до бактерии, преку растенијата и домашните животни, до човекот (како што е во медицинската генетика).

Фактот што живите суштества наследуваат белези од нивните родители е користен уште од праисториските времиња за да се подобрат земјоделските растенија и животни по пат на селективно размножување. Меѓутоа, современата наука генетика, која се обидува да го сфати процесот на наследување, е зачната со работата на Грегор Мендел во средината на XIX век.[6] Иако тој не ја познавал физичката основа на наследноста, Мендел воочил дека организмите наследуваат белези преку дискретни единици на наследувањето кои денес се нарекуваат гени.

Гените соодветствуваат на подрачја во рамките на ДНК, молекула составена од ланец од четири различни видови на нуклеотиди — последователноста (низата) од овие нуклеотиди е генетската информација која организмите ја наследуваат. Природно ДНК се среќава во двонишковидна форма, при што нуклеотидите на секоја нишка се комплементарни еден со друг. Секоја нишка може да биде шаблон за создавање на нова партнерска нишка. Ова е физичкиот метод за создавање копии од гени кои можат да се наследат.

Низата од нуклеотиди во еден ген се транслира (преведува) од страна на клетките при што се добива ланец од аминокиселини кои создаваат белковини — редоследот на аминокиселините во една белковина соодветствува на редоследот на нуклеотиди во генот. Врската меѓу нуклеотидната низа и аминокиселинската низа е позната како генетски код. Аминокиселините во белковината одредуваат на кој начин таа ќе се извие во тридимензионален облик; а од своја страна, оваа структура е одговорна за функцијата на белковината. Белковините ги имаат речиси сите функции потребни на клетката за нејзиниот опстанок. Промена на ДНК во генот може да ги измени аминокиселините на белковината, со што се менува нејзиниот облик и функција: ова може да има драматичен ефект на клетката и на организмот во целост.

Иако генетиката игра голема улога во изгледот и однесувањето на организмите, всушност комбинацијата од генетика и она што организмот го искусува во текот на животот е одлучувачко за крајниот исход. На пример, додека гените имаат улога во одредувањето на големината на организмот, исхраната и здравјето со кои е соочен истиот по зачнувањето имаат исто така големо влијание.

Историја уреди

 
ДНК, молекуларната основа на наследувањето. Секоја нишка од ДНК е ланец на нуклеотиди кои се поврзуваат, со што даваат изглед на прстени на извиена скала на ДНК молекулата.

Иако почетокот на генетиката е обележан со применетата и теоретска работа на Грегор Мендел од средината на XIX век, сепак други теории за наследувањето биле создавани и пред Мендел. Позната теорија во Менделовото време бил концептот на наследување со мешање: според овој концепт, единките наследуваат мешавина од белезите на нивните родители. Работата на Мендел покажала дека ова не е точно, односно белезите се составени од комбинации на различни гени наместо континуирана мешавина. Друга теорија која делумно била поддржувана во тоа време е теоријата на наследување на стекнатите одлики: верување дека единките наследуваат белези кои се засилуваат започнувајќи од нивните родители. За оваа теорија (најчесто сврзувана со Жан Батист Ламарк) денес е познато дека е неточна — искуствата со кои се стекнале единките не влијаат на гените кои ги предаваат на нивните деца.[7][а] Други теории биле теоријата на пангенеза на Чарлс Дарвин (која имала како стекнати, така и наследни аспекти) и преформулацијата на пангенезата на Френсис Галтон.[8]

Менделова и класична генетика уреди

Современата генетика започнала со Грегор Јохан Мендел, австриски августински свештеник и научник кој ја проучувал природата на наследувањето кај растенијата. Во својот труд „Versuche über Pflanzenhybriden“ („Експерименти со хибридизација на растенијата“), објавен 1865 во Naturforschender Verein (Друштво за истражување на природата) во Брно, Мендел ги следел закономерностите на наследување на некои белези кај грашок и нив ги опишал математички.[9] Иако закономерноста на наследувањето може да се следи само за неколку белези, работата на Мендел навестувала дека наследството е партикуларно, не стекнато, и дека закономерностите на наследување на многу белези можат да се објаснат со едноставни правила и односи.

Важноста на работата на Мендел не била разбрана сè до 1890, по неговата смрт, кога другите научници кои работеле на слични проблеми повторно ја откриле неговата работа. Вилијам Бејтсон, приврзаник на работата на Мендел, го составил зборот „генетика“ во 1905.[10][11]

По откривањето на работата на Мендел, научниците се обидувале да одредат кои молекули во клетката биле одговорни за наследувањето. Во 1910, Томас Хант Морган зборувал дека гените се наоѓаат на хромозомите, врз основа на набљудувањата на полово-сврзаната белоочна мутација кај винската мушичка.[12] Во 1913, неговиот студент Алфред Штуртевант го искористил феноменот на генетско сврзување да покаже дека гените се распоредени линеарно на хромозомот.[13]

 
Набљудувањата на Морган за полово-сврзаното наследување на мутација која дава бели очи кај Drosophila го навела на хипотезата дека гените се наоѓаат на хромозомите.

Молекуларна генетика уреди

Иако се знаело дека гените се наоѓаат на хромозомите, сепак, хромозомите се составени од белковини и ДНК, па затоа на научниците не им било познато која всушност од овие компоненти е одговорна за наследувањето. Во 1928, Фредерик Грифит го открил феноменот на трансформација (види Експеримент на Грифит): мртвите бактерии можат да трансферираат генетски материјал за да ги „трансформираат“ другите сè уште живи бактерии. Шеснаесет години подоцна, во 1944, Освалд Теодор Овери, Колин Меклаод и Меклин Мекарти ја препознале молекулата одговорна за трансформација како ДНК.[14] Експериментот Херши-Чејс во 1952 исто така покажал дека ДНК (наместо белковина) е генетскиот материјал кај вирусите кои ги инфицираат бактериите, обезбедувајќи уште докази за тоа дека ДНК е молекулата одговорна за наследувањето.[15] Улогата на јадрото како складиште на генетската информација кај еукариотите е потврдена од Хемерлинг во 1943, во неговата работа со едноклеточната алга Acetabularia.[16]

Џејмс Вотсон и Френсис Крик ја откриле градбата на ДНК во 1953, користејќи ја работата на Розалинд Френклин и Морис Вилкинс со рендгенска кристалографија која укажала на тоа дека ДНК има завојна структура.[17][18] Нивниот модел на двоен завојница имал две нишки од ДНК, при што нуклеотидите се насочени навнатре и секој се поврзува со комплементарен нуклеотид на другата нишка, со што се добива изглед на скалила со извиени рабови.[19] Оваа структура покажала дека генетската информација постои во низата на нуклеотиди на секоја нишка од ДНК. Структурата исто така укажала на едноставен метод на дупликација: ако нишките се одвојат, нови партнерски нишки можат да се реконструираат врз основа на низата од старата нишка.

Иако структурата на ДНК покажала на кој начин функционира наследноста, сè уште не било познато како ДНК влијае врз однесувањето и функционирањето на клетките. Во годините кои следувале, научниците се обидувале да сфатат како ДНК го контролира процесот на производство на белковини. Се открило дека клетката ја користи ДНК како шаблон за синтеза на соодветна информациска РНК (молекула составена од нуклеотиди, многу слична на ДНК). Нуклеотидната низа на информациската РНК се користи за да се создаде аминокиселинска низа во белковината; оваа транслација меѓу нуклеотидните и аминокиселински низи е позната како генетски код.

Ова молекуларно разбирање на наследноста отворило пат на многу истражувања. Едно важно откритие било секвенционирањето на ДНК со терминација на ланецот, развиено во 1977 од страна на Фредерик Сангер. Оваа технологија им овозможува на научниците да ја читаат нуклеотидната низа на ДНК молекулата.[20] Во 1983, Кери Бенкс Мулис ја развил полимеразната верижна реакција, овозможувајќи брз начин да се изолира и засили одреден дел ДНК од смеса.[21] Со напорите вложени во Проектот за човечкиот геном (Human Genome Project), како и приватната работа на Celera Genomics, овие и други методи кулминираа со секвенционирањето на човечкиот геном во 2003.[22]

Одлики на наследувањето уреди

Дискретно наследување и Менделови закони уреди

 
Панетова мрежа која отсликува вкрстување меѓу две растенија од грашок - хетерозиготни за црвени (В) и бели (b) цветови.

На најфундаментално ниво, наследството кај организмите се среќава во вид на дискретни единици наречени гени.[23] Ова својство било најпрво набљудувано од Грегор Мендел, кој ја проучувал сегрегацијата на наследните единици кај грашокот.[9][24] Во неговите експерименти со изучување на белегот за боја на цветот, Мендел увидел дека цветовите на секое растение грашок биле или црвени, или бели - но никогаш интермедиерни, нијанса меѓу овие две бои. Овие различни и дискретни верзии од ист ген се наречени алели.

Кај грашокот, кој е диплоиден вид, секое единечно растение поседува по две копии од секој ген, по една копија наследена од секој родител. Многу видови, вклучувајќи ги и луѓето, го имаат овој образец на наследување. Диплоидните организми со по две копии од ист алел за даден ген се наречени хомозиготни на тој генски локус, додека организмите со две различни алели за даден ген се наречени хетерозиготни.

Сетот од алели кај даден организам се нарекува генотип, додека белезите на организмот кои можат да се набљудуваат се неговиот фенотип. Кога организмите се хетерозиготни за еден ген, често еден алел се нарекува доминантен, бидејќи неговите квалитативни одлики доминираат во фенотипот на организмот, а другиот алел е наречен рецесивен поради тоа што неговите квалитативни одлики не се забележуваат. Некои алели не покажуваат целосна доминантност, а наместо тоа покажуваат нецелосна доминантност со експресија на интермедиерен фенотип, или кодоминантност со експресија на двете алели одеднаш.[25]

Кога пар на организми се размножуваат полово, нивното потомство случајно наследува еден од двата алела од секој родител. Дискретното наследување и сегрегацијата на алелите заедно се познати како прв закон на Мендел за сегрегација (цепење).

Обележување и дијаграми уреди

 
Родословните стебла помагаат во следењето на закономерностите на наследување на белезите.

Генетичарите користат дијаграми и симболи за да го опишат наследувањето. Ген се претставува со една или неколку букви. Обично за обележување на немутиран (вообичаен или див тип) алел на еден ген се користи симболот „+“.[26]

При експерименти со оплодување и размножување (и особено кога се зборува за Менделовите закони), родителите се означуваат како „P“ поколение, а потомството како „F1“ (прво филијално или синовско) поколение. Кога F1 потомството се пари меѓусебно, нивното потомство се означува како F2 (второ филијално) поколение. Еден од вообичаените дијаграми кои се користат да се предвиди резултатот од вкрстувањето е панетовата мрежа.

При изучување на човековите генетски заболувања, генетичарите често се користат со родословни стебла за да го претстават наследувањето на белезите.[27]

Заемодејство меѓу повеќе гени уреди

 
Големината на човекот е белег со сложено генетско потекло. Податоците на Френсис Галтон од 1889 укажуваат на големината на потомците како функција од средната големина на родителите. Иако е корелирана, преостанатата варијација во големината на потомците покажува дека средината е исто така важен фактор за овој белег.

Организмите поседуваат илјадници гени, а кај организмите кои се размножуваат полово овие гени обично се подредуваат (групираат) независно еден од друг. Ова значи дека наследувањето на алел за жолт или зелен плод (на пример, грашак) е неповрзано со наследувањето на алели за бели или црвени цветови. Овој феномен, познат како „втор закон на Мендел“ или „закон за независно подредување“, значи дека алелите за различните гени се заменуваат меѓу родителите за да се формира потомство со многу различни комбинации. (Одредени гени не се подредуваат независно, тие покажуваат генско сврзување, предмет на расправа подолу во статијава).

Често различните гени можат да заемодејствуваат на начин кој влијае на ист белег. Кај растението Omphalodes verna, на пример, постои ген со алели кои ја одредуваат бојата на цветовите - сина или магента. Друг ген, меѓутоа, контролира дали цветовите воопшто имаат боја или се бели. Кога едно растение има по две копии на овој бел алел, неговите цветови се бели - независно од тоа дали првиот ген има сини или магента алели. Ова заемодејство меѓу гените е познато како епистаза, односно вториот ген е епистатичен во однос на првиот.[28]

Многу белези не се дискретни (на пример, црвени или бели цветови), а наместо тоа се континуирани (како височината на човекот и бојата на кожата). Овие сложени белези се производи од многу гени.[29] Влијанието на овие гени е посредувано во одредена мерка од животната средина во која живее организмот. Степенот до кој гените на организмот придонесуваат во појавата на сложен белег се нарекува херитабилност.[30] Мерењето на херитабилноста за еден белег е релативно — во поразновидна животна средина, животната средина има поголемо влијание врз вкупната варијација на белегот. На пример, височината на човекот е белег со сложени причини. Има херитабилност од 89% во САД. Во Нигерија, меѓутоа, каде луѓето потешко имаат пристап до адекватна исхрана и здравствена нега, височината има херитабилност од само 62%.[31]

Молекуларна основа на наследувањето уреди

ДНК и хромозоми уреди

 
Молекуларната градба на ДНК. Базите се спаруваат со водородни врски меѓу низите.

Молекуларната основа за гените е деоксирибонуклеинската киселина (ДНК). ДНК се состои од ланец од нуклеотиди, кои ги има четири видови: аденин (А), цитозин (C), гванин (G) и тимин (Т). Генетската информација постои во низата (односно последователниот распоред) на овие нуклеотиди, а гените постојат како поднизи долж ДНК ланецот.[32] Вирусите се единствениот исклучок од ова правило - понекогаш вирусите ја користат многу сличната РНК наместо ДНК како свој генетски материјал.[33]

ДНК обично постои како двојнонишковидна молекула, извиена во форма на двојна завојница. Секој нуклеотид во ДНК се спарува со својот партнерски нуклеотид на спротивната нишка: А се спарува со Т, а C со G. Како резултат на ова, во својата двојнонишковидна форма, секоја нишка ефикасно ја содржи целата потребна информација. Оваа структура на ДНК е физичката основа за наследување: со репликацијата на ДНК се дуплицира генетската информација со одвојување на нишките и со користење на секоја нишка како шаблон за синтеза на нова партнерска нишка.[34]

Гените се наредени линеарно долж долгите ланци кои ги прават ДНК-низите од базни парови. Кај бактериите, секоја клетка обично содржи единечен кружен генофор, додека кај еукариотските организми (меѓу кои растенијата и животните) ДНК е наредена во повеќе линеарни хромозоми. Овие ДНК нишки често се многу долги; најголемиот човечки хромозом, на пример, има должина од околу 247 милиони базни парови.[35] ДНК на хромозомот е поврзана со структурните белковини кои го организираат, компактираат и контролираат влезот за ДНК, образувајќи материјал наречен хроматин; кај еукариотите, хроматинот обично се состои од нуклеозоми, сегменти од ДНК се обвиваат околу средиштето на хистонските белковини.[36] Целосниот сет на наследен материјал во еден организам (под ова обично се мисли на комбинираните ДНК-низи на сите хромозоми) се нарекува геном.

Хаплоидните организми имаат само една копија од секој хромозом, но повеќето животни и многу растенија се диплоидни, тие содржат по два примерока од секој хромозом, и како резултат на ова - по две копии за секој ген.[37] Двете алели за еден ген се сместени на идентични локуси на двата хомологни хромозоми, секој алел наследен од различен родител.

 
Дијаграмот од 1882 на Валтер Флеминг за делбата на клетките кај еукариотите. Хромозомите се копираат, кондензираат и организираат. Потоа, при делбата на клетката, хромозомските копии се одвојуваат и секоја копија оди во ќеркина клетка.

Многу видови поседуваат т.н. полови хромозоми. Тие се посебни во тоа што го одредуваат полот на организмот.[38] Кај луѓето и многу други животни, Y-хромозомот го содржи генот одговорен за развитокот на специфичните машки одлики. Во еволуцијата, овој хромозом изгубил поголем дел од својата содржина и повеќето свои гени, додека X-хромозомот е сличен со останатите хромозоми и содржи многу гени. X и Y хромозомите образуваат многу хетероген пар хромозоми.

Размножување уреди

При делба на клетките, нивниот целосен геном се копира и секоја ќеркина клетка наследува по една копија. Овој процес, познат како митоза, е наједноставната форма на размножување и е основа за бесполово размножување. Бесполовото размножување исто така може да се случи кај многуклеточните организми, давајќи потомство кое го наследува својот геном само од еден родител. Потомството што е генетски идентично со родителите се нарекува клон.

Кај еукариотските организми, половото размножување дава потомство кое содржи различен генетски материјал наследен од двата различни родители. Процесот на полово размножување се одвива меѓу клетки кои содржат единечни копии од геномот (хаплоидни), со што се добива клетка со двојна копија (диплоидни клетки). Хаплоидните клетки се спојуваат, го комбинираат генетскиот материјал, и создаваат диплоидна клетка со парни хромозоми. Диплоидните организми образуваат хаплоидни со делба, без да ја реплицираат нивната ДНК, и создаваат ќеркини клетки кои случајно наследуваат еден од двата пара на хромозоми. Повеќето животни и многуте растенија се диплоидни поголем дел од својот живот, при што хаплоидната форма е редуцирана на единечни клетки - гамети (јајце-клетки и сперматозоиди).

Иако бактериите не го ползуваат хаплоидно/диплоидниот метод на полово размножување, тие поседуваат многу методи за стекнување со нова генетска информација. Одредени бактерии подлежат на конјугација, пренесувајќи мало, кружно парче ДНК на друга бактерија.[39] Бактериите исто така можат да преземат сурови ДНК фрагменти кои ги наоѓаат во животната средина и ги интегрираат во нивните геноми, појава позната како трансформација.[40] Овие процеси резултираат во хоризонтален трансфер на гени, трансмитирајќи фрагменти од генетска информација меѓу организмите кои инаку не се сродни.

Рекомбинација и сврзување уреди

 
Илустрацијата од 1916 на Томас Морган за двоен кросинговер меѓу хромозомите.

Диплоидната природа на хромозомите им дозволува на гените од различни хромозоми да се подредат независно при половото размножување, рекомбинирајќи се за да образуваат нови комбинации од гени. Гените на ист хромозом теоретски никогаш нема да се рекомбинираат да не е процесот на хромозомски кросинговер. При овој процес, хромозомите разменуваат делови од ДНК, со што се разменуваат генските алели меѓу хромозомите.[41] Кросинговерот се одвива за време на мејоза.

Веројатноста за појава на кросинговер на две точки на хромозомот е во врска со растојанието меѓу тие точки. На произволно долго растојание, веројатноста за кросинговер е доволно висока така што наследувањето на гените е ефикасно некорелирано. Меѓутоа, за гени кои се наоѓаат блиску еден до друг, помалата веројатност за кросинговер значи дека гените покажуваат генетско сврзување - алелите за двата гена тежнеат да се предадат заедно во наследството. Степенот на сврзаност меѓу низите од гени може да се комбинира за да се создаде линеарна карта на сврзување која грубо ја опишува подреденоста на гените долж хромозомот.[42]

Генска експресија уреди

Генетски код уреди

 
Генетскиот код: ДНК, преку иРНК, кодира белковина со тројчен код.

Гените обично го експресираат (изразуваат) својот функционален ефект преку производството на белковини, кои се сложени молекули што учествуваат во повеќето процеси во клетката. Белковините се состојат од еден или повеќе полипептидни ланци, од кои секој е изграден од низа на аминокиселини, а ДНК-низата на еден ген (преку посредникот РНК) се користи за создавање на специфична аминокиселинска низа. Овој процес започнува со производство на РНК молекула која има низа што е компатибилна со ДНК-низата на генот - процес познат како транскрипција.

Добиената молекула на РНК по пат на транскрипција, наречена информациска РНК, потоа дава соодветна аминокиселинска низа во процесот транслација. Секоја група од три нуклеотиди во низата (позната како кодон) е соодветна на една од дваесетте можни аминокиселини што влегуваат во состав на белковините или, пак, таа служи како упатство за запирање на создавањето на аминокиселинската низа; оваа соодветност се нарекува генетски код.[43] Протокот на информација е еднонасочен: информацијата се пренесува од нуклеотидните низи во аминокиселинската низа на белковините, но таа никогаш не се пренесува од белковините до низата од ДНК - појава која Френсис Крик ја нарекол централна догма на молекуларната биологија.[44]

Специфичната низа на аминокиселини резултира во единствена тридимензионална градба на дадената белковина, а тридимензионалната градба на белковините е поврзана со нивните функции.[45][46] Некои од нив се едноставни структурни молекули, како влакната составени од белковината колаген. Белковините можат да се сврзат со други белковини и едноставни молекули, понекогаш дејствувајќи како ензими кои ги забрзуваат хемиските реакции што се одвиваат меѓу врзаните молекули (без да се менува самата градба на белковината). Градбата на белковините е динамична; белковината хемоглобин се среќава во разни облици, што и помага да го забрза прифаќањето, преносот и ослободувањето на кислородните молекули во крвта на цицачите.

Една единствена разлика во нуклеотидите на ДНК може да доведе до промена во аминокиселинската низа на една белковина. Бидејќи белковините се добиваат од аминокиселински низи, некои од овие промени можат значително да ги изменат својствата на белковината со нарушување на градбата или промена на површината на белковината така што се менува неговото содејство со останатите белковини и молекули. На пример, српестата анемија е генетско нарушување кај човекот кое се добива од единечна разлика во базите во подрачјето што го кодира β-глобинскиот дел на хемоглобинот, што води до единечна промена во аминокиселините која ги менува физичките својства на хемоглобинот.[47] Српестите молекули хемоглобин се прилепуваат еден за друг и даваат фибрили кои ја менуваат формата на еритроцитите во кои се наоѓа оваа белковина. Овие српести клетки веќе не се движат глатко низ крвните садови, можат да ги запушат или разградат, предизвикувајќи здравствени проблеми поврзани со оваа болест.

Некои гени се транскрибираат во РНК но не се транслираат во белковински производи. Вакви молекули на РНК се познати како некодирачка РНК. Во одредени случаи, овие производи се менуваат во структури кои се вклучени во критичните функции на клетката (на пример, рибозомска РНК и транспортна РНК). РНК може исто така да има и регулаторен ефект преку хибридизација со други молекули на РНК (на пример, микро РНК).

Наследство или влијание на средината? уреди

 
Сијамските мачки поседуваат различно пигментирано крзно поради мутација осетлива на температура.

Иако во гените се содржи целата потребна информација за функционирање на организмот, околната средина игра важна улога во одредувањето на крајниот фенотип. Оваа појава најчесто се означува како „дилема: наследство или средина?“ (англиски: „nature vs. nurture“). Фенотипот на организмот зависи од содејството на генетиката со средината. Еден пример за ова се мутациите осетливи на температура. Често се случува да една промена во аминокиселините на дадена белковина не го промени однесувањето и заемодејствата со други молекули, но да ја дестабилизира градбата. Во средина со висока температура, каде молекулите се движат побрзо и меѓусебно се судруваат, ова води до рушење на градбата на белковината и губење на нејзината функција. Меѓутоа, во средина со ниска температура, градбата на белковината е стабилна и функционира нормално. Овој тип на мутација е забележлив во обојувањето на крзното на сијамските мачки, кај кои мутација на ензимот одговорен за производство на пигмент доведува до дестабилизација и губење на неговата функција при високи температури.[48] Белковината останува функционална во кожата што се наоѓа во подрачја кои се поладни: нозе, уши, опашка и лице. На овој начин, мачката има потемно крзно на нејзините екстремитети.

Околната средина игра значителна улога и во ефектите од наследната болест фенилкетонурија кај луѓето.[49] Мутацијата која предизвикува фенилкетонурија ја оневозможува способноста на телото да ја разгради аминокиселината фенилаланин, што води до токсично натрупување на молекула-меѓупроизвод, која предизвикува сериозни симптоми на прогресивна умствена ретардација и епилепсија. Меѓутоа, ако лице со мутација за фенилкетонурија се придржува до строг начин на исхрана со кој се избегнува оваа аминокиселина, тоа останува нормално и здраво.

Популарен метод за одредување на тоа колкава улога имаат наследството и средината е проучувањето на еднојајчени (идентични) и двојајчени (дизиготски) близнаци или браќа/сестри од повеќеплодна бременост.[50] Поради тоа што идентичните близнаци потекнуваат од истиот зигот, тие се генетски исти. Меѓутоа, дизиготските близнаци се исто толку генетски различни како и нормални браќа/сестри. Со споредба на дизиготски и идентични близнаци, т.е. колку често даден близнак од еден близнаков пар го поседува истото нарушување, научниците можат да дознаат дали е поголем ефектот на наследството или на средината. Еден познат пример на проучување на повеќеплодна бременост е едно американско семејство со идентични квадриплети (четири деца, добиени од четири посебни зиготи, носени едновремено). На сите нив им била дијагностицирана шизофренија.[51]

Генска регулација уреди

Геномот на даден организам содржи илјадници гени, но не е потребно сите тие гени да бидат активни во било кој момент. Еден ген се експресира кога се транскрибира во иРНК (и кога ќе се транслира во белковина), а постојат многу методи со кои клетката врши контрола на експресијата на гените, со помош на кои белковините се произведуваат само кога ѝ се потребни на клетката. Факторите на транскрипција се регулаторни белковини кои се врзуваат за почетоците (старт-местата) на гените, со што ја поттикнуваат или инхибираат транскрипцијата на генот.[52] На пример, во геномот на бактеријата E. coli постои низа од гени потребни за синтеза на аминокиселината триптофан. Меѓутоа, кога триптофанот го има во доволни количества во клетката, овие гени за синтеза на триптофан не се веќе потребни. Присуството на триптофан непосредно влијае врз активноста на гените: триптофанските молекули се врзуваат за триптофанскиот репресор (фактор на транскрипцијата), со што ја менуваат градбата на репресорот така што репресорот се врзува за гените. Триптофанскиот репресор ја блокира транскрипцијата и експресијата на гените, со што создава регулација со негативна повратна врска на процесот на синтеза на триптофан.[53]

 
Факторите на транскрипција се врзуваат за ДНК, со што влијаат на транскрипцијата на соодветните гени.

Разликите во експресијата на гените се особено јасни кај многуклеточните организми, каде сите клетки го содржат истиот геном, но имаат многу различни структури и начини на однесување (функционирање), што е резултат од експресијата на различни групи на гени. Сите клетки во многуклеточниот организам се добиени од една клетка, која се диференцира на различни типови клетки како одговор на надворешни и внатрешни сигнали, и постепено воспоставувајќи различни патишта на генска експресија за да се создадат различни типови однесување. Бидејќи ниеден поединечен ген не е одговорен за развојот на структурите на многуклеточните организми, овие патишта произлегуваат од сложените заемодејства на многу клетки.

Кај еукариотите постојат структурни одлики на хроматинот кои влијаат на транскрипцијата на гените; некои од вака настанатите промени се наследуваат од страна на ќеркините клетки.[54] Овие одлики се наречени „епигенетски“ бидејќи не ја менуваат нуклеотидната низа на ДНК, тие се механизам „над“ ДНК („επί-“ — над) и се задржуваат во текот на наследувањето од едно клеточно поколение до друго. Поради епигенетските фактори, различни клеточни типови израснати на ист медиум можат да имаат многу различни својства. Иако епигенетските одлики обично се динамични во текот на развитокот, некои (појава на парамутација) се наследуваат низ повеќе поколенија и постојат како ретки исклучоци од општото правило за ДНК како основа на наследувањето.[55]

Генетска промена уреди

Мутации уреди

 
Дупликацијата на гените овозможува диверзификација со создавање вишок: еден ген може да мутира и да ја изгуби својата првобитна функција без да му наштети на организмот.

За време на репликацијата на ДНК, повремено се случуваат грешки во полимеризацијата на втората низа. Овие грешки, наречени мутации, можат да имаат влијание врз фенотипот на организмот, особено ако се случат во белковинската кодирачка низа за еден ген. Стапките на грешка се обично многу мали — 1 грешка на секои 10 - 100 милиони бази — како резултат на „верификационата“ способност на ДНК-полимеразите.[56][57] Без верификација, стапките на грешка се илјада пати повисоки; исто така, бидејќи многу вируси имаат ДНК и РНК-полимерази кои немаат верификациона способност, тие подлежат на повисоки стапки на мутација. Процесите кои ја зголемуваат стапката на промени во ДНК се наречени мутагени: мутагените хемикалии поттикнуваат грешки при репликацијата на ДНК, често по пат на интерферирање во спарувањето на базите, додека ултравиолетовото зрачење индуцира мутации преку оштетување на градбата на ДНК.[58] Хемиското оштетување на ДНК не мора да биде предизвикано од мутагени создадени од човекот и UV зрачење; тоа се случува и без нивно присуство. Клетките користат ДНК-поправни механизми за отстранување на неправилностите во ДНК, но, овие механизми понекогаш не успеваат да ја вратат ДНК до нејзината првобитна низа.

Кај организмите кај кои има хромозомски кросинговер за размена на ДНК и рекомбинација на гените, грешките во подредувањето за време на мејоза можат исто така да предизвикаат мутации.[59] Грешките во кросинговерот се особено очекувани кога слични низи доведуваат до тоа да партнерските хромозоми преземат погрешен сегмент; ова ги прави некои подрачја посклони на вакви мутации. Овие грешки создаваат големи структурни промени во ДНК-низата — дупликации, инверзии и бришења на цели подрачја — или случајна размена на цели делови меѓу различни хромозоми (процес познат како транслокација).

Природна селекција и еволуција уреди

Мутациите го изменуваат генотипот на организмите и ова води кон привремена појава на различни фенотипови. Повеќето мутации имаат мал ефект на фенотипот на организмот, неговото здравје или адаптивната вредност. Мутациите кои имаат ефект се најчесто штетни, но повремено се јавуваат и корисни мутации. Проучувањата на винската мушичка (Drosophila melanogaster) укажуваат дека доколку мутацијата ја промени белковината произведен од еден ген, околу 70% од овие мутации ќе бидат штетни, а остатокот неутрални или малку корисни.[60]

 
Еволутивно дрво на еукариотските организми, создадено со споредба на неколку ортологни генски низи.

Популационата генетика ја проучува разместеноста на генетските разлики во рамките на популациите и како оваа разместеност се менува во времето.[61] Промените во честотата на алел од популацијата главно се резултат од природната селекција, при што даден алел му дава селективна или репродуктивна предност на организмот,[62] како и од други фактори од типот на мутација, генетско поместување, генетски драфт,[63] вештачка селекција и миграција.[64]

По многу поколенија, геномите на организмите можат значително да се променат, што е всушност феноменот на еволуција. Селекцијата на корисните мутации може да му дозволи на видот да еволуира во форми кои подобро можат да опстанат во нивната животна средина, процес познат како адаптација.[65] Нови видови се формираат со процесот на видообразба, кој многу често е предизвикан од географски бариери кои им оневозможуваат на популациите да разменат гени.[66] Примената на принципите на генетиката во популационата биологија и еволуцијата се нарекува модерна синтеза.

Со споредување на хомологијата меѓу геномите од различни видови, можно е да се пресмета еволутивното растојание меѓу нив и времето на нивната дивергенција (метод на молекуларен часовник). Генетските споредби се сметаат за поточен метод за одредеување на стапката на сродност меѓу видовите, за разлика од фенотипските одлики. Еволутивните растојанија меѓу видовите може да се искористат за формирање на еволутивни дрва; овие дрва го претставуваат заедничкото потекло и дивергенцијата на видовите во времето, но тие не го прикажуваат преносот на генетски материјал меѓу неповрзани видови (процес познат како хоризонтален пренос на гени, кој е многу чест кај бактериите).[67]

Истражување и технологија уреди

Моделни организми уреди

 
Обичната винска мушичка (Drosophila melanogaster) е популарен моделен организам во генетиката.

И покрај тоа што генетичарите првобитно ја истражувале наследноста кај многу видови на организми, истражувачите почнале да се специјализираат за проучување на генетиката на одредена група организми. Фактот што постојат опсежни истражувања за даден организам ги охрабрува новите истражувачи да го изберат тој организам за понатамошни истражувања. На овој начин се појавиле неколку моделен организми кои станале основа за најголем дел од истражувањата во генетиката.[68] Чести полиња на истражување во генетиката на моделните организми се генската регулација и улогата на гените во развитокот и појавата на ракот.

Краткото време за добивање на нови поколенија и лесното генетско манипулирање ги направи некои организми популарни алатки во генетските истражувања. Широко користени моделни организми се цревната бактерија ешерихија коли (Escherichia coli), растението тенкоѕиден урочник (Arabidopsis thaliana), лебен квасец (Saccharomyces cerevisiae), цевчестиот црв Caenorhabditis elegans, винска мушичка Drosophila melanogaster, како и обичниот куќен глушец (Mus musculus).

Медицина уреди

Медицинската генетика се обидува да разбере на кој начин генетската варијација е поврзана со здравјето на човекот и болестите.[69] Кога се бара непознат ген кој би можел да причинува болест, истражувачите најчесто користат дијаграми на генетско сврзување и генеалошки дијаграми, со помош на кои се бара подрачјето во геномот асоциран со болеста. Кога ќе биде пронајден генот-кандидат, понатамошните истражувања често продолжуваат на кореспондирачкиот ген (наречен ортологен ген) кај модел организмите. Паралелно со истражувањата на генетските заболувања, зголемената достапност на методите за генотипирање доведе до појава на фармакогенетиката, која проучува како генотипот може да влијае на одговорот на организмот што е предизвикан од одреден лек.[70]

Единките се разликуваат по нивната наследена тенденција да развиваат рак,[71] а ракот е генетско заболување.[72] Процесот на развиток на рак во телото е комбинација од настани. Во текот на делбата на клетките повремено се случуваат мутации. Иако овие мутации нема да бидат предадени на потомството, тие може да влијаат врз однесувањето на клетките, понекогаш предизвикувајќи ги да растат поинтензивно и да се делат многу почесто. Постојат биолошки механизми кои се наменети да го запрат овој процес; се даваат сигнали на клетките кои несоодветно се делат кои ќе поттикнат клеточна смрт, но некогаш се јавуваат дополнителни мутации кои ги поттикнуваат клетките да ги игнорираат овие пораки. Во телото се одвива внатрешен процес на природна селекција и на крајот се акумулираат мутации во клетките кои го промовираат нивниот сопствен раст, создавајќи притоа канцерозен тумор кој расте и врши инвазија на различни ткива во телото.

Во нормални услови клетката се дели само како одговор на сигнали — „фактори на растот“, таа престанува да расте кога остварува контакт со околните клетки (контактна инхибиција) и како одговор на сигналите за инхибирање на растот, се дели ограничен број пати и умира (апоптоза), останува во епителот и не е во можност да мигрира во други органи. За да стане канцерозна клетка, клетката треба да акумулира мутации во одреден број гени (3-7) кои и овозможуваат да ги заобиколи сите овие регулаторни механизми: тогаш на неа не ѝ се потребни фактори на растот, продолжува со раст кога остварува контакт со соседните клетки и ги игнорира инхибиторните сигнали, таа ќе продолжи бесконечно да расте и е бессмртна, ќе излезе од епителот и на крај може да биде способна да избега од првичниот тумор, да го премине ендотелот на крвните садови, да се транспортира со крвотокот и да колонизира нов орган, образувајќи смртоносни метастази. Иако постојат некои генетски предиспозиции кај мал дел канцери, главниот дел е како резултат од низа на нови генетски мутации кои најпрво се јавуваат и акумулираат во еден или мал број клетки кои ќе се поделат и ќе образуваат тумор и кои не се предаваат на потомството (соматски мутации). Најчести мутации се губитокот на функцијата на белковината p53, кој е туморски супресор, како и функционалните мутации во ras-белковините, или во други онкогени.

Методи на истражување уреди

ДНК може да биде манипулирана во лабораторија. Рестриктивните ензими (ензим „генски ножици“) се често користени ензими кои можат да ја сечат ДНК на специфични низи, давајќи предвидливи фрагменти од ДНК.[73] ДНК фрагментите можат да се визуелизираат со употребата на гелна електрофореза со која се одвојуваат фрагментите според нивната должина.

Со употреба на лигациски ензими (ензим „генско лепило“) се овозможува поврзување на ДНК фрагментите, а со лигација на фрагменти од ДНК од различно потекло истражувачите може да добијат рекомбинантна ДНК. Често поврзувана со генетски изменети организми, рекомбинантната ДНК обично се користи во контекст на плазмиди — кратки и кружни ДНК фрагменти со само неколку гени. Со вметнување на плазмиди во бактериите и растење на овие бактерии на агарни плочи (за да се изолираат клонови од бактериски клетки), истражувачите можат клонално да го амплифицираат вметнатиот фрагмент на ДНК (процес познат како молекуларно клонирање).[b]

 
Колонии од E. coli на агарна плоча, пример за клеточно клонирање кое често се користи во молекуларното клонирање.

ДНК може да биде амплифицирана и со процедурата наречена полимеразна верижна реакција (ПВР).[74] Со специфични кратки низи на ДНК, со ПВР може да се изолира и експоненцијално да амплифицира целно подрачје од ДНК. Поради тоа што може да амплифицира од многу мали количини на ДНК, ПВР е исто така често користена за откривање на присуството на специфични ДНК-низи.

Секвенционирање на ДНК и геномика уреди

Една од најфундаменталните технологии развиени со цел проучување на генетиката на организмите е секвенционирањето на ДНК. Овој процес овозможува да се одреди низата од нуклеотиди во ДНК фрагментите. Развиена во 1977 од Фредерик Сангер и неговите соработници, секвенционирањето со терминација на веригата сега рутински се употребува.[75] Со помош на оваа технологија истражувачите биле во можност да ги проучат молекуларните низи поврзани со многу заболувања на човекот.

Со поевтинувањето на секвенционирање, секвенционирани се геномите на многу организми со користење на компјутерски алатки за да се закрпат низите од многу различни фрагменти (процес познат како геномско асемблирање).[76] Овие технологии се искористени за секвенционирање на човечкиот геном, што довело до довршување на проектот за човечкиот геном во 2003.[22] Новите технологии значително ја намалуваат цената на ДНК секвенционирањето, што им дава надеж на истражувачите да ја доведат цената на повторно секвенционирање на човечкиот геном до илјада долари.[77]

Големото количество на достапни податоци од секвенционирањето довело до создавање на геномиката, поле на истражување кое користи компјутерски алатки за откривање и анализирање на закономерности во целосниот геном на организмите. Геномиката може да се смета и како гранка на биоинформатиката, која употребува компјутерски приод во анализирањето на голема количина на биолошки податоци.

Поврзано уреди

Појаснувања уреди

  • а Сепак, доказите од епигенетиката ги направиле повторно актуелни некои аспекти од теоријата на Ламарк.[78]
  • b Клонирањето може да се однесува и на создавање клон-организми од различни причини.

Наводи уреди

  1. „Genetikos (γενετ-ικός)“. Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon. Perseus Digital Library, Tufts University. Посетено на 20 February 2012.
  2. „Genesis (γένεσις)“. Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon. Perseus Digital Library, Tufts University. Посетено на 20 February 2012.
  3. „Genetic“. Online Etymology Dictionary. Посетено на 20 February 2012.
  4. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Genetics and the Organism: Introduction (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  5. Hartl D, Jones E (2005)
  6. Weiling, F (1991). „Historical study: Johann Gregor Mendel 1822–1884“. American journal of medical genetics. 40 (1): 1–25, discussion 26. doi:10.1002/ajmg.1320400103. PMID 1887835.
  7. Lamarck, J-B (2008). In Encyclopædia Britannica. Retrieved from Encyclopædia Britannica Online on 16 March 2008.
  8. Peter J. Bowler, The Mendelian Revolution: The Emergency of Hereditarian Concepts in Modern Science and Society (Baltimore: Johns Hopkins University Press, 1989): chapters 2 & 3.
  9. 9,0 9,1 Blumberg, Roger B. „Mendel's Paper in English“.
  10. genetics, n., Oxford English Dictionary, 3rd ed.
  11. Bateson W. „Letter from William Bateson to Alan Sedgwick in 1905“. The John Innes Centre. Архивирано од изворникот на 2007-10-13. Посетено на 15 March 2008. Ова писмо било пратено до Адам Седвик, зоолог од Колеџ Тринити
  12. Moore, John A. (1983). „Thomas Hunt Morgan—The Geneticist“. Integrative and Comparative Biology. 23 (4): 855. doi:10.1093/icb/23.4.855.
  13. Sturtevant AH (1913). „The linear arrangement of six sex-linked factors in Drosophila, as shown by their mode of association“ (PDF). Journal of Experimental Biology. 14: 43–59.
  14. Avery, OT; MacLeod, CM; McCarty, M (1944). „Studies on the Chemical Nature of the Substance Inducing Transformation of Pneumococcal Types: Induction of Transformation by a Desoxyribonucleic Acid Fraction Isolated from Pneumococcus Type III“. The Journal of experimental medicine. 79 (2): 137–58. doi:10.1084/jem.79.2.137. PMC 2135445. PMID 19871359. Reprint: Avery, OT; Macleod, CM; Mccarty, M (1979). „Studies on the chemical nature of the substance inducing transformation of pneumococcal types. Inductions of transformation by a desoxyribonucleic acid fraction isolated from pneumococcus type III“. The Journal of experimental medicine. 149 (2): 297–326. doi:10.1084/jem.149.2.297. PMC 2184805. PMID 33226.
  15. Hershey, AD; Chase, M (1952). „Independent functions of viral protein and nucleic acid in growth of bacteriophage“. The Journal of General Physiology. 36 (1): 39–56. doi:10.1085/jgp.36.1.39. PMC 2147348. PMID 12981234.
  16. Cell and Molecular Biology", Pragya Khanna. I. K. International Pvt Ltd, 2008. p. 221. ISBN 81-89866-59-1, ISBN 978-81-89866-59-4
  17. Judson, Horace (1979). The Eighth Day of Creation: Makers of the Revolution in Biology. Cold Spring Harbor Laboratory Press. стр. 51–169. ISBN 0-87969-477-7.
  18. Watson, J. D.; Crick, FH (1953). „Molecular Structure of Nucleic Acids: A Structure for Deoxyribose Nucleic Acid“ (PDF). Nature. 171 (4356): 737–8. Bibcode:1953Natur.171..737W. doi:10.1038/171737a0. PMID 13054692.
  19. Watson, J. D.; Crick, FH (1953). „Genetical Implications of the Structure of Deoxyribonucleic Acid“ (PDF). Nature. 171 (4361): 964–7. Bibcode:1953Natur.171..964W. doi:10.1038/171964b0. PMID 13063483.
  20. Sanger, F; Nicklen, S; Coulson, AR (1977). „DNA sequencing with chain-terminating inhibitors“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 74 (12): 5463–7. Bibcode:1977PNAS...74.5463S. doi:10.1073/pnas.74.12.5463. PMC 431765. PMID 271968.
  21. Saiki, RK; Scharf, S; Faloona, F; Mullis, KB; Horn, GT; Erlich, HA; Arnheim, N (1985). „Enzymatic amplification of beta-globin genomic sequences and restriction site analysis for diagnosis of sickle cell anemia“. Science. 230 (4732): 1350–4. Bibcode:1985Sci...230.1350S. doi:10.1126/science.2999980. PMID 2999980.
  22. 22,0 22,1 „Human Genome Project Information“. Human Genome Project. Посетено на 15 March 2008.
  23. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Patterns of Inheritance: Introduction (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  24. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Mendel's experiments (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  25. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Interactions between the alleles of one gene (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  26. Cheney, Richard W. „Genetic Notation“. Архивирано од изворникот 2008-01-03. Посетено на 18 March 2008.
  27. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Human Genetics (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  28. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Gene interaction and modified dihybrid ratios (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  29. Mayeux, R (2005). „Mapping the new frontier: complex genetic disorders“. The Journal of Clinical Investigation. 115 (6): 1404–7. doi:10.1172/JCI25421. PMC 1137013. PMID 15931374.
  30. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Quantifying heritability (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  31. Luke, A; Guo, X; Adeyemo, AA; Wilks, R; Forrester, T; Lowe W, W; Comuzzie, AG; Martin, LJ; Zhu, X (2001). „Heritability of obesity-related traits among Nigerians, Jamaicans and US black people“. International journal of obesity and related metabolic disorders. 25 (7): 1034–41. doi:10.1038/sj.ijo.0801650. PMID 11443503.
  32. Pearson, H (2006). „Genetics: what is a gene?“. Nature. 441 (7092): 398–401. Bibcode:2006Natur.441..398P. doi:10.1038/441398a. PMID 16724031.
  33. Prescott, L (1993). Microbiology. Wm. C. Brown Publishers. ISBN 0-697-01372-3.
  34. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Mechanism of DNA Replication (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  35. Gregory, SG; Barlow, KF; Mclay, KE; Kaul, R; Swarbreck, D; Dunham, A; Scott, CE; Howe, KL; Woodfine, K (2006). „The DNA sequence and biological annotation of human chromosome 1“. Nature. 441 (7091): 315–21. Bibcode:2006Natur.441..315G. doi:10.1038/nature04727. PMID 16710414.
  36. Alberts et al. (2002), II.4. DNA and chromosomes: Chromosomal DNA and Its Packaging in the Chromatin Fiber
  37. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Mendelian genetics in eukaryotic life cycles (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  38. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Sex chromosomes and sex-linked inheritance (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  39. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Bacterial conjugation (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  40. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Bacterial transformation (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  41. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Nature of crossing-over (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  42. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Linkage maps (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  43. Berg JM, Tymoczko JL, Stryer L, Clarke ND (2002). Biochemistry. I. 5. DNA, RNA, and the Flow of Genetic Information: Amino Acids Are Encoded by Groups of Three Bases Starting from a Fixed Point (5. изд.). New York: W. H. Freeman and Company.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  44. Crick, F (1970). „Central dogma of molecular biology“ (PDF). Nature. 227 (5258): 561–3. Bibcode:1970Natur.227..561C. doi:10.1038/227561a0. PMID 4913914.
  45. Alberts et al. (2002), I.3. Proteins: The Shape and Structure of Proteins
  46. Alberts et al. (2002), I.3. Proteins: Protein Function
  47. „How Does Sickle Cell Cause Disease?“. Brigham and Women's Hospital: Information Center for Sickle Cell and Thalassemic Disorders. 11 April 2002. Посетено на 23 July 2007.
  48. Imes, DL; Geary, LA; Grahn, RA; Lyons, LA (2006). „Albinism in the domestic cat (Felis catus) is associated with a tyrosinase (TYR) mutation“. Animal genetics. 37 (2): 175–8. doi:10.1111/j.1365-2052.2005.01409.x. PMC 1464423. PMID 16573534.
  49. „MedlinePlus: Phenylketonuria“. NIH: National Library of Medicine. Посетено на 15 March 2008.
  50. e.g. Ridley M (2003). Nature via nurture: genes, experience and what makes us human. Fourth Estate. стр. 73. ISBN 978-1-84115-745-0.
  51. Rosenthal, David (1964). The Genain quadruplets; a case study and theoretical analysis of heredity and environment in schizophrenia. New York: Basic Books. ISBN B0000CM68F Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  52. Brivanlou, AH; Darnell Je, JE (2002). „Signal transduction and the control of gene expression“. Science. 295 (5556): 813–8. Bibcode:2002Sci...295..813B. doi:10.1126/science.1066355. PMID 11823631.
  53. Alberts et al. (2002), II.3. Control of Gene Expression – The Tryptophan Repressor Is a Simple Switch That Turns Genes On and Off in Bacteria
  54. Jaenisch, R; Bird, A (2003). „Epigenetic regulation of gene expression: how the genome integrates intrinsic and environmental signals“. Nature Genetics. 33 Suppl (3s): 245–54. doi:10.1038/ng1089. PMID 12610534.
  55. Chandler, VL (2007). „Paramutation: from maize to mice“. Cell. 128 (4): 641–5. doi:10.1016/j.cell.2007.02.007. PMID 17320501.
  56. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Spontaneous mutations (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  57. Freisinger, E; Grollman, AP; Miller, H; Kisker, C (2004). „Lesion (in)tolerance reveals insights into DNA replication fidelity“. The EMBO Journal. 23 (7): 1494–505. doi:10.1038/sj.emboj.7600158. PMC 391067. PMID 15057282.
  58. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Induced mutations (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  59. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Chromosome Mutation I: Changes in Chromosome Structure: Introduction (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  60. Sawyer, SA; Parsch, J; Zhang, Z; Hartl, DL (2007). „Prevalence of positive selection among nearly neutral amino acid replacements in Drosophila“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 104 (16): 6504–10. Bibcode:2007PNAS..104.6504S. doi:10.1073/pnas.0701572104. PMC 1871816. PMID 17409186.
  61. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Variation and its modulation (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  62. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Selection (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  63. Gillespie, John H. (2001). „Is the population size of a species relevant to its evolution?“. Evolution. 55 (11): 2161–2169. PMID 11794777.
  64. Griffiths, William M.; Miller, Jeffrey H.; Suzuki, David T.; Lewontin, Richard C.; Gelbart, уред. (2000). An Introduction to Genetic Analysis. Random events (7. изд.). New York: W. H. Freeman. ISBN 0-7167-3520-2. Укажано повеќе од еден |editor1-first= и |editor-first= (help)
  65. Darwin, Charles (1859). On the Origin of Species (1. изд.). London: John Murray. стр. 1. ISBN 0-8014-1319-2. Related earlier ideas were acknowledged in Darwin, Charles (1861). On the Origin of Species (3. изд.). London: John Murray. xiii. ISBN 0-8014-1319-2.
  66. Gavrilets, S (2003). „Perspective: models of speciation: what have we learned in 40 years?“. Evolution; international journal of organic evolution. 57 (10): 2197–215. doi:10.1554/02-727. PMID 14628909.
  67. Wolf, YI; Rogozin, IB; Grishin, NV; Koonin, EV (2002). „Genome trees and the tree of life“. Trends in genetics. 18 (9): 472–9. doi:10.1016/S0168-9525(02)02744-0. PMID 12175808.
  68. „The Use of Model Organisms in Instruction“. University of Wisconsin: Wisconsin Outreach Research Modules. Архивирано од изворникот на 2008-03-13. Посетено на 15 март 2008.
  69. „NCBI: Genes and Disease“. NIH: National Center for Biotechnology Information. Посетено на 15 March 2008.
  70. „Pharmacogenetics Fact Sheet“. NIH: National Institute of General Medical Sciences. Архивирано од изворникот на 2008-05-12. Посетено на 15 March 2008.
  71. Frank, SA (2004). „Genetic predisposition to cancer – insights from population genetics“. Nature reviews. Genetics. 5 (10): 764–72. doi:10.1038/nrg1450. PMID 15510167.
  72. Strachan T, Read AP (1999). Human Molecular Genetics 2 (second. изд.). John Wiley & Sons Inc.Chapter 18: Cancer Genetics
  73. Lodish et al. (2000), Chapter 7: 7.1. DNA Cloning with Plasmid Vectors
  74. Lodish et al. (2000), Chapter 7: 7.7. Polymerase Chain Reaction: An Alternative to Cloning
  75. Brown TA (2002). Genomes 2. Section 2, Chapter 6: 6.1. The Methodology for DNA Sequencing (2. изд.). Oxford: Bios. ISBN 1-85996-228-9.
  76. Brown (2002), Section 2, Chapter 6: 6.2. Assembly of a Contiguous DNA Sequence
  77. Service, RF (2006). „Gene sequencing. The race for the $1000 genome“. Science. 311 (5767): 1544–6. doi:10.1126/science.311.5767.1544. PMID 16543431.
  78. Singer, Emily (February 4, 2009). „A Comeback for Lamarckian Evolution?“. Technology Review. Архивирано од изворникот на 2016-01-27. Посетено на 14 March 2013.

Надворешни врски уреди

Стручна периодика уреди

  Статијата „Генетика“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).