Ловокрадство

Ловокрадство или криволов – илегален лов или фаќање диви животни, што обично е поврзано со правата на користење земјиште.[1][2] Криволовот го вршеле сиромашните селани за да преживеат и како додаток на оскудната исхрана[3] To je bilo protiv lovnih privilegija plemstva i teritorijalnih vladara.[4]

Ловокрадецa од Фредерик Руж (1867–1950)

Во англиската терминологија од 1980-тите, терминот „ловокрадство“ се користи и во контекст на нелегална берба на диви растителни видови.[5][6] Во земјоделска смисла, терминот криволов се применува и на губење на почвата или тревата заради штетните ефекти на добитокот што може да влијае на достапноста на производното земјиште, загадувањето на водата преку зголемените текови и благосостојба на добитокот.[7] Krađa stoke kao kod napada na stoku klasifikuje se kao krađa, a ne kao krivolov.[8]

Правни аспектиУреди

 
Ловокрадец, скеч на Том Томсон од 1916 година, Уметничка галерија на Онтарио, Торонто

Во 1998 година, научниците за животна средина од Универзитетот во Масачусетс Амхерст го предложиле концептот на ловокрадство како еколошки криминал, дефинирајќи ја како незаконска секоја активност што е во спротивност со законот и воспоставените прописи за заштита на обновливите извори на природни ресурси, вклучувајќи го и нелегаленио лов на диви животни со намера поседување, транспортирање, консумирање или продажба и користење на нивни делови. Тие сметале дека ловокрадството е едно од најсериозните закани за опстанокот на растителните и животинските видови. [6] Биолозите и заштитниците на дивите животни сметаат дека криволовот има штетно влијание врз биодиверзитетот како внатре така и надвор од заштитените подрачја, затоа што со опаѓање на популацијата на диви животни, постои нивно локално исцрпување и нарушување на функционалноста на екосистемот.[9]

Континентална ЕвропаУреди

 
Крај на ловокрадец, илустрација заснована на слика од Август Дифенбахер, 1894
 
Гроб на криволовец во Шлирзе, со цитирана прва строфа на Јенервајнова песна. Одвреме-навреме, криволовениот дивеч се става на гробот во знак на сеќавање на „Гиргл”.

Австрија и Германија не го нарекуваат ловокрадството кражба, туку упад во ловечките права на трети лица.[10] Додека древниот германски закон дозволувал лов на кој било слободен човек, вклучувајќи ги и селаните, особено на заедничко земјиште, римското право го дозволувал ловот само на владетелите. Во средновековна Европа, владетелите на феудалните територии се обиделе да ги применат ексклузивните права на благородништвото за лов и риболов на териториите со кои владееле. Ловокрадството се сметало за сериозно злосторство што се казнува со затвор, но неговата употреба била прилично слаба сè до 16 век. На селаните сепак им било дозволено да продолжат со лов на ситен дивеч. Правото на благородништво да лови било ограничено во 16 век и било пренесено на сопственикот на земјиштето. Поради лошиот квалитет на пушките, било потребно да му се пристапи на дивечот скоро на 30 метри. На пример, ловокрадците во регионот Салцбург во тоа време биле мажи постари од 30 години, кои сè уште не биле во брак и обично ја вршеле својата илегална трговија индивидуално.[11]

Развојот на современите права за лов е тесно поврзан со релативно модерната идеја за ексклузивна сопственост на приватно земјиште. Во 17 и 18 век, ограничувањата на ловот и правото на пукање на приватна сопственост биле воспоставени од ловочуварите и шумарите. Тие варделе од употреба на шумите од несопствениците, на пр. собирање смола, пасење во шума и право на селаните да ловат и да риболоват. Сепак, релативно лесниот пристап до пушки сè повеќе им овозможувало на селаните слугите да криволоват до крајот на 18 век.[12] Ловот се користел во 18 век како театрална демонстрација на аристократското владеење врз земјата и имал силно влијание врз моделот на употреба на земјиштето.[13] Ловокрадството не само што ги кршело имотните права, туку било во симболичен судир со аристократската моќ. За време на периодот помеѓу 1830 и 1848 година, имало зголемување на смртноста предизвикана од ловокрадство во Баварија.[14] Германската револуција 1848-49 се толкувала како општа дозвола за ловокрадство во Баварија. Реформата на законот за ловство во 1849 година го ограничил законскиот лов на богатите земјопоседници и буржоазијата, кои можеле да плаќаат такси за лов, и довело до разочарување и постојана поддршка на ловокрадците меѓу луѓето.[15] Некои од граничните региони, каде шверцот бил важен, покажале особено силен отпор. Во 1849 година, од баварските воени сили било побарано да окупираат голем број општини во пограничната област со Австрија. Во Валгау (сега дел од Гармиш-Партенкирхен) и во Лакенхаузер во Баварската шума, секое домаќинство морало да храни и прими по еден војник еден месец како дел од воената мисија за да ги смири немирите. Лакенхајзерите имале неколку кавги околу ловокрадството на елените со австриските шумари и војската, а биле познати и како вооружени „пертлиски ловокрадци“ (Кеке Вајлдерер).[4]

Обединето КралствоУреди

 
Месингена плоча на вратите на фрамата Тремеда од 1868 година, со која се предупредуваат ловокрадците дека ќе бидат застрелани на лице место

Ловокрадството, како и криумчарењето, има долга контракултурна историја. Глаголот poach на англиски потекнува од средноанглискиот збор pocchen , што буквално значи "спакуван, затворен во вреќа.[16][17] За криволовот непристрасно се известувало за Англија во „Шумски изјави“, прекршоци на крутиот англо-нормански Закон за шумите.[18] Вилијам Освојувачот, кој бил голем љубител на ловот, воспоставил и спроведувал систем на закон за шумите. Истиот делувал вон вообичаениот закон и служел да го заштити дивечот и нивното шумско живеалиште од лов од страна на обичниот народ на Англија, и за поддржување на ловечките права на новата англо-норманска аристократија која зборувала на француски јазик. Оттогаш ловот на дивеч од страна на обичниот народ во кралските шуми или со други зборови криволовот, секогаш се казнувал со смрт со бесење.

Во 1087 година, една песна со наслов „Римите на кралот Вилијам“ содржана во „Хроника на Питерборо“ го изразила англиското незадоволство од строгите нови закони. Ловокрадството е романтизирано во литературата уште од времето на баладата за Робин Худ, како аспект на „зелената шума“ на Весела Англија. Во една приказна, Робин Худ е прикажан како му нуди на кралот Ричард Лавовско Срце еленско месо нелегално уловено во шумата Шервуд, а кралот го занемарува фактот дека овој лов претставува голем престап. Распространетата прифатеност на оваа вообичаена криминална активност е содржана во забелешката Non est inquirendum, unde venit venison ("Нема потреба да се прашувам од каде потекнува ловецот"), која ја запишал Гијом Биде во на неговото дело Traitte de la vénerie .[19] Меѓутоа, англиското благородништво и земјопоседниците биле на долг рок исклучително успешни во спроведувањето на современиот концепт на сопственост, изразен на пр. во оградување на заедничкото земјиште и подоцна во брдско расчистување, кое се состоело од присилно раселување луѓе од традиционално закупеното земјиште и некогаш заедничкото земјиште. Во 19 век дошло до пораст на законодавните акти, како што биле „Законот за ноќен криволов“ (1828) и „Законот за дивеч“ (1831) во Велика Британија и други закони и други места.

НаводиУреди

  1. "Poaching". Random House Webster's Unabridged Dictionary (2nd ed.). New York: Random House. 2002. ISBN 978-0-375-42599-8. 
  2. "Poaching". World book Encyclopedia. 15. Springfield: Merriam-Webster, Inc.. 2005. 
  3. "Poaching". Encyclopædia Britannica (15th ed.). Encyclopædia Britannica, Inc.. 2010. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/465611/poaching. 
  4. 4,0 4,1 Krauss, M. (1997). „Die Konfrontation mit dem traditionalen Rechtsverständnis: Raub, Holzdiebstahl, Lebensmitteltumult“. Herrschaftspraxis in Bayern und Preussen im 19. Jahrhundert: ein historischer Vergleich (германски). Frankfurt, New York: Campus Verlag. стр. 321–352. ISBN 9783593358499.
  5. Предлошка:Наведи списание
  6. 6,0 6,1 Предлошка:Наведи списание
  7. Cuttle, S. P. (2008). „Impacts of Pastoral Grazing on Soil Quality“. Во McDowell, R. W. (уред.). Environmental Impacts of Pasture-based Farming. Centre for Agriculture and Biosciences International. стр. 36–38. ISBN 978-1-84593-411-8.
  8. Предлошка:Наведи списание
  9. Lindsey, P.; Balme, G.; Becker, M.; Begg, C.; Bento, C.; Bocchino, C.; Dickman, A.; Diggle, R.; Eves, H.; Henschel, P.; Lewis, D.; Marnewick, K.; Mattheus, J.; McNutt, J. W.; McRobb, R.; Midlane, N.; и др. (2012). Illegal hunting and the bush-meat trade in savanna Africa: drivers, impacts and solutions to address the problem. New York: Panthera, Zoological Society of London, Wildlife Conservation Society.
  10. Girtler, R. (1998). Wilderer: Rebellen in den Bergen (германски). Wien: Böhlau Verlag. ISBN 9783205988236.
  11. „Rebellen der Berge (Rebels of the mountains)“. www.bayerische-staatszeitung.de. Bayerische Staatszeitung. 2014. Посетено на 10. 9. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  12. Zückert, H. (2003). Allmende und Allmendaufhebung: vergleichende Studien zum Spätmittelalter bis Zu den Agrarreformen des 18./19. Jahrhunderts (германски). Lucius & Lucius. ISBN 9783828202269.
  13. „Sehepunkte – Rezension von: Ebersberg oder das Ende der Wildnis – Ausgabe 4 (2004), Nr. 2, review of Rainer Beck: Ebersberg oder das Ende der Wildnis (Ebersberg and the end of wilderness), 2003“. www.sehepunkte.de.
  14. Freitag, W. (2013). „Wilderei – Historisches Lexikon Bayerns, poaching entry in the Bavarian historical encyclopedia“. www.historisches-lexikon-bayerns.de. Архивирано од изворникот на 14. 9. 2016. Посетено на 10. 9. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)
  15. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име : 1.
  16. McKean, E. (2005). „Poaching“. The new Oxford American dictionary. New York: Oxford University Press.
  17. Merriam-Webster, Inc. (2003). „Poaching“. The Merriam-Webster Unabridged Dictionary. Springfield: Merriam-Webster, Inc.
  18. Предлошка:Наведи списание
  19. Budé, G. (1861). Traitte de la vénerie. Auguste Aubry, Paris. Reported by Sir Walter Scott, The Fortunes of Nigel, Ch. 31: "The knave deer-stealers have an apt phrase, Non est inquirendum unde venit venison"; Henry Thoreau, and Simon Schama, Landscape and Memory, 1995:137, reporting William Gilpin, Remarks on Forest Scenery.

ЛитератураУреди

  • Jacoby, Karl (2001). Crimes against Nature: Squatters, Poachers, Thieves, and the Hidden History of American Conservation. Berkeley: University of California Press. ISBN 9780520282292..
  • Archer, John E. "Poaching gangs and violence: the urban-rural divide in nineteenth-century Lancashire." British Journal of Criminology 39#1 (1999): 25-38.
  • Fisher, John. "Property rights in pheasants: landlords, farmers and the game laws, 1860–80." Rural History 11#2 (2000): 165-180.
  • Gray, Drew D. Crime, Policing and Punishment in England, 1660-1914 (Bloomsbury Publishing, 2016).
  • Haenlein, Cathy, and Michael Lawrence Rowan Smith. Poaching, wildlife trafficking and security in Africa: Myths and realities (Routledge, 2017).
  • Hopkins, Harry. The long affray: the poaching wars, 1760-1914 (London: Secker & Warburg, 1985). In Britain
  • Lemieux, Andrew M., and Ronald V. Clarke. "The international ban on ivory sales and its effects on elephant poaching in Africa." British Journal of Criminology 49.4 (2009): 451-471.
  • Liberg, Olof, et al. "Shoot, shovel and shut up: cryptic poaching slows restoration of a large carnivore in Europe." Proceedings of the Royal Society B: Biological Sciences 279.1730 (2011): 910-915.
  • Martin, John. "The Transformation of Lowland Game Shooting in England and Wales in the Twentieth Century: The Neglected Metamorphosis." International Journal of the History of Sport 29.8 (2012): 1141-1158.
  • Osborne, Harvey, and Michael Winstanley. "Rural and urban poaching in Victorian England." Rural History 17.2 (2006): 187-212. online
  • Smith, Kreseda, and Richard Byrne. "Reimagining rural crime in England: a historical perspective." International Journal of Rural Criminology 4.1 (2018): 66-85. Online
  • Somerville, Keith. Ivory: power and poaching in Africa (Oxford University Press, 2017).
  • Taylor, Antony. "‘Pig‐Sticking Princes’: Royal Hunting, Moral Outrage, and the Republican Opposition to Animal Abuse in Nineteenth‐and Early Twentieth‐Century Britain." History 89#293 (2004): 30-48.

Надворешни врскиУреди