Теанин

хемиско соединение

Теанин е аминокиселина која вообичаено се наоѓа во чајот. Теанинот е поврзан со глутаминот и може да ги мине бариерите на крвта во мозокот.[1] Бидејќи може да навлезе во мозокот, теанинот има психоактивни особини.[2]

Теанин
Систематско (IUPAC)
2-амино-4-(етилкарбамоил)бутирична киселина
Клинички податоци
Начин на издавање
  • законска е секаде
Начин на
примена
преку уста
Назнака
CAS-број3081-61-6
СинонимиЛ-теанин, Н-етил-Л-глутаминат
Хемиски податоци
Моларна маса174.20 g/mol
Физички податоци
Точка на топење117 °C (243 °F)

Забележано е дека теанинот ги намалува умствениот и физичкиот стрес[3], може да создаде чувство на опуштеност[4] и го подобрува спознавањето и расположението кога се зема во комбинација со кофеин.[5]

Се шпекулира дека теанинот ги создава овие ефекти со зголемување на продукцијата на гама-аминобутирска киселина (ГАБА). Теанинот го зголемува нивото во мозокот на серотонин, допамин, ГАБА и има микромоларен афинитет за АМПА рецепторот, рецепторот за Каинат и НМДА.[6] Исто така, забележано е дека теанинот го зголемува производството на алфа-бранови во мозокот.[2]

Студиите на лабораториски глувци покажале дека и екстремно големи дози на теанин немаат штетни ефекти.[7], дури во една студија се покажало дека теанинот делува заштитно на нервите.[8]

Л-теанинот може да го помогне имуниот одговор на инфекции со зголемување на капацитетот на гама-делта Т-клетките. Во една студија од 2003. биле споредени групи од пијачи на чај и кафе, секој испитаник пиел по 600мл чај или кафе во текот на 4 недели. Забележано е дека во крвта на оние кои пиеле чај продукцијата на анти-бактериски белковини била и до пет пати поголема од оние кои пиеле кафе.[9]

Наводи

уреди
  1. Yokogoshi H, Kobayashi M, Mochizuki M, Terashima T (1998). „Ефектот на теанинот, р-глутамилетиламид, на мозочните моноамини (англ.)“. Neurochem Res. 23 (5): 667–73. doi:10.1023/A:1022490806093. PMID 9566605.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 Gomez-Ramirez M. „The Deployment of Intersensory Selective Attention: A High-density Electrical Mapping Study of the Effects of Theanine (англ.)“. Clin Neuropharmacol. 30 (1): 25–38. PMID 17272967.
  3. Kimura K, Ozeki M, Juneja L, Ohira H (2007). „Л-теанинот ги намалува физиолошкиот и психолошкиот стрес (англ.)“. Biol Psychol. 74 (1): 39–45. doi:10.1016/j.biopsycho.2006.06.006. PMID 16930802.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  4. Lu K, Gray M, Oliver C, Liley D, Harrison B, Bartholomeusz C, Phan K, Nathan P (2004). „Акутни ефекти на Л-теанинот во споредба со алпразолам при забележана ансиозност кај луѓето (англ.)“. Hum Psychopharmacol. 19 (7): 457–65. doi:10.1002/hup.611. PMID 15378679.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. Haskell CF, Kennedy DO, Milne AL, Wesnes KA, Scholey AB (2008). „Ефектите на л-теанин, кофеин и нивни комбинации во познанието и расположението (англ.)“. Biol Psychol. 77 (2): 113–22. doi:10.1016/j.biopsycho.2007.09.008. PMID 18006208.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. Nathan P, Lu K, Gray M, Oliver C (2006). „The neuropharmacology of L-theanine(N-ethyl-L-glutamine): a possible neuroprotective and cognitive enhancing agent“. J Herb Pharmacother. 6 (2): 21–30. PMID 17182482.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  7. Borzelleca J, Peters D, Hall W (2006). „A 13-week dietary toxicity and toxicokinetic study with L-theanine in rats“. Food Chem Toxicol. 44 (7): 1158–66. doi:10.1016/j.fct.2006.03.014. PMID 16759779.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Egashira N, Ishigami N, Pu F; и др. (2008). „Theanine prevents memory impairment induced by repeated cerebral ischemia in rats“. Phytother Res. 22 (1): 65–8. doi:10.1002/ptr.2261. PMID 17705146.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. Kamath A, Wang L, Das H, Li L, Reinhold V, Bukowski J (2003). „Antigens in tea-beverage prime human Vgamma 2Vdelta 2 T cells in vitro and in vivo for memory and nonmemory antibacterial cytokine responses“. Proc Natl Acad Sci U S A. 100 (10): 6009–14. doi:10.1073/pnas.1035603100. PMID 12719524.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)