Пеколен портокал (филм)

(Пренасочено од Пеколен портокал)

Пеколен портокал (англиски: A Clockwork Orange), е британско-американски филм од 1971 година (крими-драма-трилер), во режија на Стенли Кјубрик, а според истоимениот роман на Ентони Бурџис (англиски: Anthony Burgess) од 1962 година. Главната улога на харизматичниот и психопатски деликвент Алекс ДеЛарџ ја игра Малколм Мекдауел.

„Пеколен портокал“
Оригинален постер
РежисерСтенли Кјубрик
ПродуцентСтенли Кјубрик
СценаристСтенли Кјубрик
Ентони Бургес
Главни улогиМалколм Мекдауел
МузикаВенди Карлос
КинематографијаЏон Алкот
МонтажаБил Батлер
ДистрибутерWarner Bros.
Премиера19 декември 1971
Времетраење136 мин.
ЗемјаОбединето Кралство Обединето Кралство
 САД
ЈазикАнглиски
Буџет$2.2 милиони
Бруто заработка$26,589,355

„Пеколен портокал“ содржи вознемирувачка, насилна сликовитост преку која ја истражува социјалната позадина на младинските банди и другите теми на футуристичкото дистописко општество. Музиката за филмот се состои главно од класична музика и композиции на Венди Карлос изведени на Moog-синтисајзер.

Во 1972 година, филмот бил номиниран за „Оскар“ во четири категории: најдобар филм, режија, монтажа и адаптирано сценарио, истата година имал и три номинации за „Златен глобус“, а следната година имал седум номинации за „БАФТА“. Покрај другите награди, во 1972 година, филмот бил прогласен за најдобар странски филм на Венецијанскиот филмски фестивал.[1]

Кратка содржина

уреди

Дејството на филмот се одвива во Англија во 1995 година, а го следи животот на тинејџерот Алекс ДеЛарџ (го игра Мекдауел) чии задоволства вклучуваат класична музика (најмногу Бетовен), силување и екстремно насилство. Тој е водач на мала банда насилници, кои ги ословува како негови droogs (од рускиот збор друг кој значи „пријател“ или „братко“). Алекс го раскажува поголем дел од филмот во „надсат“: фрактуриран, современ адолесцентски сленг кој се состои од словенски (посебно руски), англиски и кокни сленгови во рима. Алекс е дрзок и склон кон злоставување на другите; ги лаже родителите за да избега од училиштето и има скап музички систем од кој одекнува неговата збирка на класични музички снимки. Неговата банда краде и тепа случани луѓе, а Алекс ужива во таквиот живот. Еднаш, тој се посмнева во верноста на неговите другари и ги претепува, но е не е свесен дека тие планираат да му се одмаздат. Така, во една прилика, бандата влегува во една куќа, а сопственичката му се спротивставува на Алекс при што тој ја убива. Кога излегува надвор, неговите другари го удираат и тој ја губи свеста, по што е уапсен и осуден на затворска казна во траење од 12 години. Во затворот, Алекс се пријавува како доброволец за новата специјална терапија за лечење на насилниците, која се состои во тоа што му прикажуваат снимки со насилство врз луѓето кои кај него предизвикуваат мачнина. Набргу, Алекс е „излекуван“, така што е неспособен да изврши какво и да било насилство. Тој е ослободен и доаѓа дома, каде дознава дека во неговата соба се вселило друго момче. Додека шета крај реката, нему му приоѓа скитник, барајќи му пари. Скитникот (поранешна жртва на неговата банда) го препознава и, заедно со другите скитници, го напаѓа. Тогаш пристигнуваат двајца полицајци, а вџашениот Алекс сфаќа дека тие се неговите поранешни другари. Претепан од полицајците, Алекс едвај успева да се довлечка до една куќа во која живее писателот кого своевремено го претепала бандата на Алекс. Писателот ги повикува своите пријатели, кои му пуштаат музика од Бетовен под чие влијание Алекс се фрла низ прозорецот. Тој завршува во болницата со тешки повреди, а таму го посетува министерот за внатрешни работи.[2]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: