Суперкуп на УЕФА

(Пренасочено од Европски Супер Куп)

Супекуп на УЕФА (исто така наречен Суперкуп на Европа) е годишен фудбалски натпревар помеѓу шампионите на двете клупски натпреварувања организирани од раководното тело на Европскиот фудбал, УЕФА: УЕФА Лигата на шампионите и УЕФА Лига Европа. Натпреварот се одржува при почетокот на натпреварувачката сезона, во август, најчесто во петок.

Суперкуп на УЕФА
РегионЕвропа (УЕФА)
Основана1972; пред 52 години (1972)
(официјално од 1973)
Број на клубови2
Тековен првакРеал Мадрид Реал Мадрид (6. титула)
(2024)
Најмногу титулиРеал Мадрид Реал Мадрид
(6. титули)
Мрежно местоОфицијална страна
Трофеј
Суперкуп на УЕФА 2024

Од 1972 до 1999, Суперкупот на УЕФА се играл помеѓу победникот во Купот на шампиони/УЕФА Лига на шампионите и победникот во Купот на победниците на куповите. По укинувањето на Купот на победниците на куповите, Суперкупот на УЕФА се игра помеѓу победникот во УЕФА Лигата на шампионите и победникот во Купот н УЕФА, кој подоцна бил преименуван во УЕФА Лига Европа во 2009.

Моментален шампион е шпанскиот клуб Реал Мадрид кој ја победил Аталанта со 2–0 во Суперкупот на УЕФА 2024. Со ова, кралевите станале најуспешниот клуб во натпреварувањето, оставајќи зад себе Барселона и Милан со по пет титули.

Историја

уреди

Суперкупот на Европа бил создаден во 1971 од Антон Виткамп, новинар а потоа и спортски директор на холандскиот весник De Telegraaf. Идејата му дошла во времето кога холандскиот фудбал бил најдобар во Европа и кога холандските клубови ги живееле нивните златни ери (особено Ајакс). Виткамп бил во потрага по нешто ново за конечно да се реши кој е најдобар клуб во Европа и исто така да го тестира тимот на Ајакс, предводен од суперѕвездата Јохан Кројф. Потоа било предложено победникот од Купот на шампиони да се соочи со победникот од Купот на победниците на куповите.

Се било подготвено за создавање на ново натпреварување. Сепак, кога Виткамп се обидел да добие официјална поддршка за натпреварувањето, претседателот на УЕФА го одбил предлогот.

Финалето на Суперкупот 1972 помеѓу холандскиот тим Ајакс и шкотскиот Глазгов Ренџерс се смета за неофицијално од страна на УЕФА,[1] откако Глазгов Ренџерс бил казнет од европските натпреварувања поради неспортското однесување на навивачите на Ренџерс за време на финалето на Купот на Победниците на Куповите во 1972. Како резултат на тоа, УЕФА одбила да го признае натпреварувањето до следната сезона.[2] Финалето се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен и било финансиски поддржано од страна на холандскиот весник De Telegraaf. Ајакс го поразил Ренџерс со вкупен резултат од 6–3 и го освоил првиот (иако неофицијален) Суперкуп на Европа.

Финалето на Суперкупот 1973, во кое Ајакс го поразил Милан со вкупен резултат од 6–1, било официјално признаено и поддржано од УЕФА.

Иако форматот од два натпревари бил задржан сè до 1997, Суперкупот се одиграл во еден натпревар поради проблеми со распоредот или политички проблеми во 1984, 1986, и 1991. Во 1974, 1981 и 1985, Суперкупот воопшто не се одиграл.[3]

Во сезоната 1992-93, Купот на шампионите бил преименуван во Лига на шампиони, а победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците од Купот на победниците на куповите во Суперкупот на УЕФА.

Во сезоната 1994–95, Купот на победниците на куповите бил преименуван во УЕФА Куп на победниците на куповите.

По сезоната 1998–99, Купот на победниците на куповите бил укинат од страна на УЕФА. Лацио, последниот победник на ова натпреварување во сезоната 1998–1999, го победил Манчестер Јунајтед, победникот во сезоната 1998-1999 од Лигата на шампионите со 1–0 и со тоа станал последниот победник на КПК кој го освоил Суперкупот на УЕФА.

 
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, со трофејот од Суперкупот на УЕФА 2017, одигран во Скопје.

Од тогаш, Суперкупот на УЕФА се одржува помеѓу победниците во Лигата на Шампионите и победниците во Купот на УЕФА. Во првиот суперкуп помеѓу победниците на овие две натпреварувања, Галатасарај, победникот во Купот на УЕФА за сезоната 1999-2000, го поразил Реал Мадрид, победникот во Лигата на шампионите за истата сезона со 2–1.

Во сезоната 2009–2010, Купот на УЕФА бил преименуван во УЕФА Лига Европа и победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците на Лигата на шампионите во Суперкупот на УЕФА.

По петнаесет последователни Суперкупови на стадионот Луис Втори во Монако меѓу 1998 и 2012, од 2013 година Суперкупот на УЕФА ќе се одигрува на различни стадиони (слично како финалните натпревари во Лигата на шампионите и Лига Европа). Суперкупот на УЕФА 2013 се одигра на Еден Арената во Прага, Чешка.[4]

Место

уреди

Натпреварувањето првично се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен, освен во посебни случаи; како на пример во 1991 кога на Црвена Ѕвезда не и било дозволено својот натпревар на домашен терен да го одигра во Југославија поради граѓанската војна која се случувала во тоа време. Меѓу 1998 и 2012, финалето се играло во еден натпревар, одигран на стадионот Луј Втори во Монако.[5] Од 2013 па натака, различни стадиони ќе бидат домаќини на Супер Купот. Ова се наредните домаќини на УЕФА Супер Купот:

Награди

уреди

Трофеј

уреди
 
Трофејот на Суперкупот на УЕФА.

Оригиналниот трофеј од Суперкупот на УЕФА го задржува УЕФА. На победничкиот тим му се доделува копија од трофејот во иста големина. Триесет златни медали му се доделуваат на победничкиот тим и триесет сребрени медали на поразениот во финалето.[13]

Во својата историја трофејот во Суперкупот на УЕФА претрпел неколку измени. Првиот трофеј кој бил презентиран на Ајакс во 1973 и 1974 бил екстремно голем; фактички, бил поголем од трофејот во Европскиот Куп. Овој трофеј бил заменет со плакета со златен УЕФА амблем. Следниот трофеј бил најмал и најсветол од сите останати трофеи, тежејќи 5 кг со обем од 42.5 см во висина. Новиот модел тежи 12.2 кг со обем од 58 см во висина.[14]

Тимот кој ќе го освои Суперкупот на УЕФА трипати последователно или вкупно пет пати, добива оригинална копија од трофејот и посебен белег на препознавање. Само Барселона и Милан го постигнале овој успех досега, освојувајќи го купот вкупно пет пати, од кои сите пет пати како победник во Лигата на Шампионите.[15]

Парични награди

уреди
  • Финалист: €3,800,000
  • Победник: €5,000,000

Правила

уреди

Моментално, правилата во Суперкупот на УЕФА се исти како и кај другите УЕФА клупски натпреварувања. Финалето се состои од еден натпревар кој се игра на неутрален стадион. Натпреварот се состои од две полувремиња од по 45 минути. Доколку резултатот е изедначен по крајот на 90-та минута, се играат две продолженија од по 15 минути. Доколку повторно победникот не е добиен по крајот на второто продолжение, изведувањето на пеналите го решаваат победникот на Суперкупот на УЕФА (до денес, само еден Суперкуп бил решен со изведување на пенали).[5] Секој тим се состои од 18 играчи, од кои 11 го започуваат натпреварот. Од останатите 7 играчи, може во игра да влезат само 3 замени. Доколку некој клуб одбие да игра или нема право на настап, тогаш тој клуб е заменет со вториот финалист од натпреварувањето преку кое е квалификуван. Доколку теренот не е подготвен за игра поради лоши временски услови, натпреварот мора да биде одигран следниот ден.[13]

Билети

уреди

60% од капацитетот на стадионот на Монако е резервиран за гостинските клубови. Стадионот исто така има и ВИП седишта. Останатите седишта се продаваат од страна на УЕФА преку интернет аукција При аукцијата секој апликант може да аплицира за билет неограничен број пати. За секоја испратена апликација се плаќа административен трошок од 5 евра.[16]

Натпревари

уреди
Клуч
Победник по продолженија, златен гол или изведување пенали
Победник на Куп на шампиони / УЕФА Лига на шампиони
Победник на Европски / УЕФА Куп на победниците на куповите
Победник на Куп на УЕФА / Лига Европа
  • Колоната "Година" се однесува на годината кога се одржал Суперкупот и линк до статијата за тој натпревар.
  • Двомеч финалињата се наведени според редоследот како биле одиграни.
Натпревари од Суперкупот на УЕФА
Година Држава Победник Резултат Финалист Држава Стадион Гледачи
1973[б 1]   Холандија   Ајакс 0–1   Милан   Италија   Сан Сиро, Милано 15,000
  Холандија   Ајакс 6–0   Милан   Италија   Олимписки стадион, Амстердам 25,000
Ајакс победил со вкупен резултат 6–1
1974[б 2] Не се одржало
1975   СССР   Динамо Киев 1–0   Бајерн Минхен   Западна Германија   Олимписки стадион, Минхен 30,000
  СССР   Динамо Киев 2–0   Бајерн Минхен   Западна Германија   Олимписки стадион, Киев 110,000
Динамо Киев победил со вкупен резултат 3–0
1976   Белгија   Андерлехт 1–2   Бајерн Минхен   Западна Германија   Олимписки стадион, Минхен 40,000
  Белгија   Андерлехт 4–1   Бајерн Минхен   Западна Германија   Парк Астрид, Андерлехт 32,000
Андерлехт победил со вкупен резултат 5–3
1977   Англија   Ливерпул 1–1   Хамбургер   Западна Германија   Фолкспаркштадион, Хамбург 16,000
  Англија   Ливерпул 6–0   Хамбургер   Западна Германија   Енфилд, Ливерпул 34,931
Ливерпул победил со вкупен резултат 7–1
1978   Белгија   Андерлехт 3–1   Ливерпул   Англија   Парк Астрид, Андерлехт 35,000
  Белгија   Андерлехт 1–2   Ливерпул   Англија   Енфилд, Ливерпул 23,598
Андерлехт победил со вкупен резултат 4–3
1979   Англија   Нотингем Форест 1–0   Барселона   Шпанија   Сити Граунд, Нотингем 23,807
  Англија   Нотингем Форест 1–1   Барселона   Шпанија   Камп Ноу, Барселона 80,000
Нотингем Форест победил со вкупен резултат 2–1
1980   Шпанија   Валенсија 1–2   Нотингем Форест   Англија   Сити Граунд, Нотингам 12,463
  Шпанија   Валенсија 1–0   Нотингем Форест   Англија   Стадион Луис Касанова, Валенсија 29,038
2–2 вкупен резултат; Валенсија победила поради правилото за гол во гости
1981[б 3] Не се одржало
1982   Англија   Астон Вила 0–1   Барселона   Шпанија   Камп Ноу, Барселона 40,000
  Англија   Астон Вила 3–0 (прод.)   Барселона   Шпанија   Вила Парк, Бирмингем 31,750
Астон Вила победила со вкупен резултат 3–1
1983   Шкотска   Абердин 0–0   Хамбургер   Западна Германија   Фолкспаркштадион, Хамбург 15,000
  Шкотска   Абердин 2–0   Хамбургер   Западна Германија   Питодри, Абердин 22,500
Абердин победил со вкупен резултат 2–0
1984[б 4]   Италија   Јувентус 2–0   Ливерпул   Англија   Комунале, Торино 55,834
1985[б 5] Не се одржало
1986[б 6]   Романија   Стеауа Букурешт 1–0   Динамо Киев   СССР   Луј Втори, Монако 8,456
1987   Португалија   Порто 1–0   Ајакс   Холандија   Олимписки стадион, Амстердам 27,000
  Португалија   Порто 1–0   Ајакс   Холандија   Дас Антас, Порто 50,000
Порто победил со вкупен резултат 2–0
1988   Белгија   Мехелен 3–0   ПСВ   Холандија   Ахтер де Казерн, Мехелен 7,000
  Белгија   Мехелен 0–1   ПСВ   Холандија   Филипс, Ајндховен 17,100
Мехелен победил со вкупен резултат 3–1
1989   Италија   Милан 1–1   Барселона   Шпанија   Камп Ноу, Барселона 50,000
  Италија   Милан 1–0   Барселона   Шпанија   Сан Сиро, Милано 50,000
Милан победил со вкупен резултат 2–1
1990   Италија   Милан 1–1   Сампдорија   Италија   Лујџи Ферарис, Џенова 25,000
  Италија   Милан 2–0   Сампдорија   Италија   Стадион Ренато Дал'Ара, Болоња 25,000
Милан победил со вкупен резултат 3–1
1991[б 7]   Англија   Манчестер Јунајтед 1–0   Црвена ѕвезда   Југославија   Олд Трафорд, Манчестер 22,110
1992   Шпанија   Барселона 1–1   Вердер Бремен   Германија   Везер, Бремен 22,098
  Шпанија   Барселона 2–1   Вердер Бремен   Германија   Камп Ноу, Барселона 75,000
Барселона победил со вкупен резултат 3–2
1993   Италија   Парма 0–1   Милан[б 8]   Италија   Енио Тардини, Парма 8,083
  Италија   Парма 2–0 (прод.)   Милан   Италија   Сан Сиро, Милано 24,074
Парма победила со вкупен резултат 2–1
1994   Италија   Милан 0–0   Арсенал   Англија   Хајбери, Лондон 38,044
  Италија   Милан 2–0   Арсенал   Англија   Сан Сиро, Милано 23,953
Милан победил со вкупен резултат 2–0
1995   Холандија   Ајакс 1–1   Реал Сарагоса   Шпанија   Ла Ромареда, Сарагоса 17,500
  Холандија   Ајакс 4–0   Реал Сарагоса   Шпанија   Олимписки стадион, Амстердам 23,000
Ајакс победил со вкупен резултат 5–1
1996   Италија   Јувентус 6–1   Париз Сен Жермен   Франција   Паркот на принцовите, Париз 29,519
  Италија   Јувентус 3–1   Париз Сен Жермен   Франција   Ла Фаворита, Палермо 35,100
Јувентус победил со вкупен резултат 9–2
1997   Шпанија   Барселона 2–0   Борусија Дортмунд   Германија   Камп Ноу, Барселона 50,000
  Шпанија   Барселона 1–1   Борусија Дортмунд   Германија   Вестфален, Дортмунд 32,500
Барселона победила со вкупен резултат 3–1
1998   Англија   Челси 1–0   Реал Мадрид   Шпанија   Луј Втори, Монако 10,000
1999   Италија   Лацио 1–0   Манчестер Јунајтед   Англија   Луј Втори, Монако 12,000
2000   Турција   Галатасарај 2–1 (зг)   Реал Мадрид   Шпанија   Луј Втори, Монако 15,000
2001   Англија   Ливерпул 3–2   Бајерн Минхен   Германија   Луј Втори, Монако 13,824
2002   Шпанија   Реал Мадрид 3–1   Фејенорд   Холандија   Луј Втори, Монако 18,284
2003   Италија   Милан 1–0   Порто   Португалија   Луј Втори, Монако 16,885
2004   Шпанија   Валенсија 2–1   Порто   Португалија   Луј Втори, Монако 17,292
2005   Англија   Ливерпул 3–1 (прод.)   ЦСКА Москва   Русија   Луј Втори, Монако 17,042
2006   Шпанија   Севиља 3–0   Барселона   Шпанија   Луј Втори, Монако 17,480
2007   Италија   Милан 3–1   Севиља   Шпанија   Луј Втори, Монако 17,822
2008   Русија   Зенит Ст. Петербург 2–1   Манчестер Јунајтед   Англија   Луј Втори, Монако 18,064
2009   Шпанија   Барселона 1–0 (прод.)   Шахтар Донецк   Украина   Луј Втори, Монако 17,738
2010   Шпанија   Атлетико Мадрид 2–0   Интер   Италија   Луј Втори, Монако 17,265
2011   Шпанија   Барселона 2–0   Порто   Португалија   Луј Втори, Монако 18,048
2012   Шпанија   Атлетико Мадрид 4–1   Челси   Англија   Луј Втори, Монако 14,312
2013   Германија   Бајерн Минхен 2–2 (прод.)[б 9]   Челси   Англија   Еден Арена, Прага 17,686
2014   Шпанија   Реал Мадрид 2–0   Севиља   Шпанија   Стадион Кардиф Сити, Кардиф 30,854
2015   Шпанија   Барселона 5–4 (прод.)   Севиља   Шпанија   Динамо Арена, Тбилиси 51,940
2016   Шпанија   Реал Мадрид 3–2 (прод.)   Севиља   Шпанија   Стадион Леркендал, Трондхајм 17,939
2017   Шпанија   Реал Мадрид 2–1   Манчестер Јунајтед   Англија   Арена Филип Втори, Скопје 30,421
2018   Шпанија   Атлетико Мадрид 4–2 (прод.)   Реал Мадрид   Шпанија   А. Ле Кок Арена, Талин 12,424
2019   Англија   Ливерпул 2–2 (прод.)[б 10]   Челси   Англија   Водафон Парк, Истанбул 38,434
2020   Германија   Бајерн Минхен 2–1 (прод.)   Севиља   Шпанија   Пушкаш Арена, Будимпешта[б 11]
2021   Англија   Челси 1–1 (прод.)[б 12]   Виљареал   Шпанија   Виндсор Парк, Белфаст 10,435
2022   Шпанија   Реал Мадрид 2–0   Ајнтрахт Франкфурт   Германија   Олимписки стадион, Хелсинки 31,042
2023   Англија   Манчестер Сити 1–1 (прод.)[б 13]   Севиља   Шпанија   Караискакис, Атина 29,207
2024   Шпанија   Реал Мадрид 2-0   Аталанта   Италија   Национален стадион, Варшава 56,042

Рекорди и статистика

уреди

Освојувачи и финалисти

уреди
Клуб Победник Финалист Победник - година[A] Финалист - година
  Барселона 5 4 1992, 1997, 2009, 2011, 2015 1979, 1982, 1989, 2006
  Милан 5 2 1989, 1990, 1994, 2003, 2007 1973, 1993
  Реал Мадрид 4 2 2002, 2014, 2016, 2017 1998, 2000, 2018
  Ливерпул 4 2 1977, 2001, 2005, 2019 1978, 1984
  Атлетико Мадрид 3 0 2010, 2012, 2018
  Челси 2 3 1998, 2021 2012, 2013, 2019
  Бајерн Минхен 2 3 2013, 2020 1975, 1976, 2001
  Ајакс[B] 2 1 1973, 1995 1987
  Андерлехт 2 0 1976, 1978
  Јувентус 2 0 1984, 1996
  Валенсија 2 0 1980, 2004
  Севиља 1 6 2006 2007, 2014, 2015, 2016, 2020, 2023
  Порто 1 3 1987 2003, 2004, 2011
  Манчестер Јунајтед 1 3 1991 1999, 2008, 2017
  Динамо Киев 1 1 1975 1986
  Нотингем Форест 1 1 1979 1980
  Астон Вила 1 0 1982
  Абердин 1 0 1983
  Стеауа Букурешт 1 0 1986
  Мехелен 1 0 1988
  Парма 1 0 1993
  Лацио 1 0 1999
  Галатасарај 1 0 2000
  Зенит Ст. Петерсбург 1 0 2008
  Манчестер Сити 1 0 2023
  Хамбургер 0 2 1977, 1983
  ПСВ Ајндховен 0 1 1988
  Сампдорија 0 1 1990
  Црвена Ѕвезда 0 1 1991
  Вердер Бремен 0 1 1992
  Арсенал 0 1 1994
  Сарагоса 0 1 1995
  Париз Сен Жермен 0 1 1996
  Борусија Дортмунд 0 1 1997
  Фејенорд 0 1 2002
  ЦСКА Москва 0 1 2005
  Шахтар Донецк 0 1 2009
  Интер 0 1 2010
  Виљареал 0 1 2021
  Ајнтрахт Франкфурт 0 1 2022

По држави

уреди
Држава Победници Финалисти Вкупно
  Шпанија 15 13 28
  Италија 9 4 13
  Англија 8 10 18
  Белгија 3 0 3
  Германија[C] 2 7 9
  Холандија[B] 2 3 5
  Португалија 1 3 4
  Русија 1 1 2
  СССР[D] 1 1 2
  Романија 1 0 1
  Шкотска[B] 1 0 1
  Турција 1 0 1
  Франција 0 1 1
  Украина 0 1 1
  Југославија 0 1 1
Total 45 45 90
Notes
  • A. ^ Натпреварувањето не се одржало во 1974, 1981 и 1985.[1][3]
  • B. ^ Финалето во 1972-та не е признаено од страна на УЕФА како официјална титула.[1]
  • C. ^ Вклучени се екипите од Западна Германија. Ниту една екипа од Источна Германија не учествувала во финалето.
  • D. ^ Двете финалиња на Советски екипи ги играла екипа од денешна Украина

Белешки

уреди
  1. Took place in January 1974 rather than at the start of the season, as it has been thereafter.
  2. Competition was abandoned because Bayern Munich and 1. FC Magdeburg could not find a mutually convenient date for the match.[17]
  3. Competition was not played because Liverpool could not find a suitable date to play Dinamo Tbilisi due to fixture congestion.[17]
  4. Суперкупот 1984 година бил одигран во само еден натпревар, со договор помеѓу менаџерите на Ливерпул и Јувентус заради згуснатиот распоред на натпревари кој го имале двата клуба.[18]
  5. Competition was abandoned as Everton could not play, due to a ban on English clubs' participation in European football competitions.[19]
  6. Due to political circumstances, Steaua București and Dynamo Kyiv agreed to contest the 1986 competition on a one-off basis.[20]
  7. One match was played in 1991 due to political circumstances in Yugoslavia.[21]
  8. European champions Marseille were suspended due to a bribery scandal, so Milan took their place as runner-up in the European Cup.[22]
  9. Резултатот бил 1–1 после 90 минути и 2–2 после продолженијата. Бајерн Минхен победил по изведување на пенали со 5–4.[23]
  10. Резултатот бил 1–1 после 90 минути и 2–2 после продолженијата. Ливерпул победил по изведување на пенали 5–4.
  11. Првично, натпреварот бил закажан да се игра на Драгао во Порто, Португалија, но бил преместен поради пандемијата на COVID-19.[11][24]
  12. Резултатот бил 1–1 после 90 минути и продолженија. Челси победил по изведување пенали 6–5.
  13. Резултатот бил 1–1 после 90 минути и продолженија. Манчестер Сити победил по изведување пенали 5–4.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „UEFA Super Cup - History“. УЕФА. 2005-07-13. Посетено на 2008-03-11.
  2. „Dynamo bring happy memories“. ББС Спорт. 2001-10-16. Посетено на 2008-03-11.
  3. 3,0 3,1 Woods, Tom (14 November 2015). „Everton FC: The forgotten game of the 1985/86 UEFA Super Cup“. Liverpool Echo. Посетено на 4 May 2018.
  4. Prague celebrates 2013 Super Cup honour
  5. 5,0 5,1 „UEFA Super Cup: Competition format“. УЕФА. 31 август 2007. Посетено на 8 декември 2008.
  6. „Wembley, Amsterdam ArenA, Prague get 2013 finals“. UEFA.com. 16 јуни 2011.
  7. 7,0 7,1 „UEFA EURO 2020, UEFA Super Cup decisions“. UEFA.com. 30 јуни 2012.
  8. „Milan to host 2016 UEFA Champions League final“. UEFA.org. 18 September 2014.
  9. „FYR Macedonia to host 2017 UEFA Super Cup“. UEFA.com. 30 June 2015.
  10. Tallinn to stage 2018 UEFA Super Cup
  11. 11,0 11,1 „UEFA competitions to resume in August“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 17 June 2020. Посетено на 17 June 2020.
  12. „2021 Super Cup to take place in Belfast“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 24 September 2019.
  13. 13,0 13,1 „Regulations of the UEFA Super Cup“ (PDF). УЕФА. март 2008. Посетено на 12 декември 2008.
  14. „The trophy“. УЕФА. Посетено на 2 август 2009.
  15. „Regulations of the UEFA Super Cup 2009, Page 3, III Trophies and Medals, Article 4, Trophy“ (PDF). УЕФА. Посетено на 2 август 2009.
  16. url=http://www.uefa.com/MultimediaFiles/Download/Competitions/SuperCup_/83/96/59/839659_DOWNLOAD.pdf
  17. 17,0 17,1 „Club competition winners do battle“. Union of European Football Associations (UEFA). Посетено на 28 February 2012.
  18. Angelo Caroli (16 January 1985). „Stasera la Supercoppa, poi quella dei Campioni per fare un bel "poker". Stampa Sera. стр. 13.
  19. Woods, Tom (2015-11-14). „Everton FC: The forgotten game of the 1985/86 UEFA Super Cup“. Liverpool Echo. Посетено на 2018-05-04.
  20. „1986: Hagi style stirs Steaua“. UEFA.com. Union of European Football Associations. Посетено на 13 May 2020.
  21. „1991: McClair makes United's day“. Union of European Football Associations (UEFA). Посетено на 13 May 2020.
  22. „1993: Crippa wins it for Parma“. Union of European Football Associations (UEFA). Посетено на 13 May 2020.
  23. James, Andy (30 August 2013). „Bayern defeat Chelsea on penalties in Super Cup“. Union of European Football Associations (UEFA). Посетено на 31 August 2013.
  24. „Istanbul to host 2020 UEFA Champions League Final“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 24 May 2018. Посетено на 24 May 2018.

Надворешни врски

уреди