Хановер (германски: Hannover) — главен град на покраината Долна Саксонија, Германија и некогаш преку личен сојуз бил семејно седиште на хановерските кралеви на Велика Британија, под нивната титула како војводи од Брауншвајг-Линебург (подоцна наречено Изборништво Хановер). На крајот на Наполеоновите војни станал главен град на Кралството Хановер.

Хановер

Hannover

Новото Градско собрание на Хановер
Новото Градско собрание на Хановер
Новото Градско собрание на Хановер
Грб на Хановер
Хановер во рамките на Германија
Хановер
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хановер
Градски единици 13 окрузи
Градоначалник Штефан Вајл (СПД)
Владејачки партии СПД / Зелени
Основни податоци
Површина 204 км2
Надм. височина 55 м
Население 545.045 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 2.672 жит/км2
 - Метроп. 1.128.543 
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. H
Пошт. бр. 30001 - 30669
Повик. бр. 0511
Портал hannover.de
Местоположба на градот Хановер во рамките на округот Хановер
Карта
Карта
Координати 52°22′N 9°43′E / 52.367° СГШ; 9.717° ИГД / 52.367; 9.717

Покрај што е главен град на Долна Саксонија, Хановер бил главен град на административниот округ Хановер додека не биле распуштени овие административни окрузи на почетокот на 2005. Од 2001 тој е дел од регионот Хановер, кој е општинско тело создадено од поранешниот округ и градот Хановер.

Со население од 522.944 жители (1 февруари 2007) градот е главен центар на северна Германија, познат како еден од домаќините на годишните трговски саеми како што се Хановерскиот саем и CeBIT. Секоја година, Хановер е домаќин на „Шиценфест Хановер“, најголем фестивал за стрелци во светот и „Октоберфест Хановер“, кој е втор октоберфест по големина. Во 2000, Хановер бил домаќин на светскиот саем Експо 2000. Саемскиот простор во Хановер, поради бројните продолжувања, особено за Експо 2000, е најголем во светот. Хановер е исто така од национална важност, поради неговите универзитети и медицинската школа, неговиот меѓународен аеродром и неговата голема зоолошка градина. Градот е исто така важна точка како раскрсница на железничните линии и автопати, поврзувајќи ги главните европски линии во правец исток-запад (Берлин - област Рур) и правец север-југ (Хамбург - Минхен).

Историја

уреди

Хановер бил основан во средновековието на јужниот брег на реката Лајне. Неговото првично име Honovere значело „висок (речен) брег“, иако ова не е потврдено (das Hohe Ufer). Хановер бил мало рибарско село, кое станало релативно голем град во 13-от век поради неговата местоположба на природните патишта. Патувањето преку копно било релативно тешко, неговата позиција на горниот тек на реката помогнала да порасне со растечката трговија. Бил поврзан со ханзеатскиот град Бремен преку Лајна и се наоѓал близу јужниот крај на широката Северногерманска Низина и северзападно од планините Харц, па така сообраќајот исток-запад и возовите поминува оттука. Така, Хановер бил излезна порта на речните долини на Рајна, Рур и Сар, нивните индустриски зони кои се ширеле на југозапад и низинските региони на исток и север, за копнениот сообраќај поврзувајќи го Харц со долните земји и Саксонија или Тирингија.

Во 14-от век биле изградени главните цркви во Хановер, како и градскиот ѕид со три градски порти. Почетокот на индустријализацијата во Германија довела до трговија на железо и сребро од северните планини во Харц, што ја зголемило важноста на градот.

Во 1636, војводата Георг, владетел на кнежевството Каленберг на Брауншвајг-Линебург, го преместил неговото седиште во Хановер. Војводите на Брауншвајг-Линебург ги добиле титулите кнезови-изборници од светиот римски цар во 1692 и ова било потврдено од соборот во 1708. Така, кнежевството било унапредено во Изборништво Брауншвајг-Линебург, повеќе познато како Изборништво Хановер по главниот град на Каленберг (поврзано: Династија Хановер). Неговите изборници подоцна станале монарси на Велика Британија (и од 1801, на Обедонето Кралство на Велика Британија и Ирска). Првиот од нив бил Џорџ I, кој го наследил британскиот престол во 1714. Последниот британски монарх кој владеел во Хановер бил Вилијам IV: Салиски закон, кој барал наследување по машка линија, ѝ забранил пристап на кралицата Викторија во Хановер. Како наследник по машка линија на Џорџ I, Кралицата Викторија самата била член на Династијата Хановер. Меѓутоа, нејзините наследници го понеле титуларното име на нејзиниот маж во Саксо-Кобург-Гота. Три крала на Велика Британија, или Обедонетото Кралство, во исто време биле кнезови-изборници на Хановер.

Во текот на времето на личниот сојуз на круните на Велика Британија и Хановер (1714–1837), монарсите ретко го посетувале градот. Всушност, во текот на царувањето на последните три заеднички владетели (1760–1837), имало само една краткa посета, од Џорџ IV во 1821. Од 1816 до 1837, претставник на круната во Хановер бил принцот Адолф.

Во текот на Седумгодишната војна, Битката кај Хастенбек се случила на 26 јули 1757, близу градот. Француската армија ја поразила хановерската армија, водејќи до окупација на градот. Бил повратен од англо-германските сили предводени од војводата Фердинанд од Брауншвајг следната година.

19. век

уреди
 
Улицата „Георгштрасе“ и операта во 1895.
 
Замок Херенхаузен, 1895.

Откако Наполеон ја наметнал конвенцијата од Артленбург (Конвенција на Елба) на 5 јули 1803, околу 30.000 француски војници го окупирале Хановер. Конвенцијата, исто така, значела распуштање на армијата на Хановер. Џорџ III не ја признал Конвенцијата на Елба. Како последица на ова, голем број на војници од Хановер всушност емигрирале во Велика Британија, што довело до создавање на кралската германска легија, која била единствената германска армија, која да се борела во сите Наполеонови војни против Французите. Подоцна, тие играле важна улога во Битката кај Ватерло во 1815. Виенскиот конгрес во 1815 го унапредил изборништвото во Кралство Хановер. Главниот град Хановер бил проширен на западниот брег на Лајне и оттогаш се зголемил значително.

Во 1837, личниот сојуз на Велика Британија и Хановер завршил кога наследникот на Вилијам IV во Обединетото Кралство било женско (Кралица Викторија). Според Салискиот закон, Хановер можел да биде наследен само од страна на мажи. Како последица на ова, Хановер преминал на братот на Вилијам IV, Ернст Август и останал кралство до 1866, кога бил припоен од Прусија во текот на Австриско-пруската војна. И покрај поразот на Прусија во Битката кај Лангензалца, градот Хановер станал пруски провинциски главен град. По припојувањето, граѓаните на Хановер се спротивставиле на прускиот режим.

Меѓутоа, за хановерската индустрија, новата врска со Прусија означило унапредување на бизнисот. Воведувањето на слободната трговија го засилил економскиот раст и исто така довел до обнова на Gründerzeit (ера на основачите). Во периодот од 1871 до 1912, населението на Хановер се зголемило од 87.600 на 313.400.

Во 1872, првиот коњски трамвај бил пуштен во употреба, а од 1893 функционира и електричниот трамвај.

Во 1887, Емил Берлинер ги измислил грамофонот и грамофонската плоча.

Порастот на Хановер започнал со ерата на урбаниот директор Хајнрих Трам. Од 1891–1918 тој бил директор на градот Хановер и суштински го променил изгледот на градот до крајот на векот („Tramm Era“). Големиот плоштад пред Новото градско собрание, Trammplatz, е именуван во негова чест.

Градот бил проширен во 1869, и повторно во 1882 со додавање на Кенигсвортер Плац и Велфенгартен. Во 1891, општините Херенхаузен, Хајнхолц, Фаренвалд биле додадени. Во 1907, општините Штекен, Гутсбецирк Мекленхајде, Ботфелд, Клајн-Буххолц, Грос-Буххолц, Кирхроде, Дерен и Вилфел биле припоени кон Хановер.

 
Споменик за синагогата во Хановер.

Нацистичка Германија

уреди

Од 1937 година, градоначалникот и покраинските комисионери на Хановер биле членови на NSDAP (Нацистичка партија). Како насекаде во Германија, постоело еврејско население во Хановер. Во октомври 1938, 484 хановерски Евреи од полско потекло биле протерани во Полска, вклучувајќи го и семејството Гринспан, но Полска одбила да ги прифати. Гринспанови и илјадници други полски депортирани Евреи биле заробени на границата, хранети единствено со прекини од полскиот Црвен Крст и еврејски добротворни организации. Нивниот син Хершел Гринспан бил во Париз во тоа време. Кога слушнал за протерувањето на неговото семејство во Полска, заминал во германската амбасада и го убил германскиот дипломат Едуард Ернст фом Рат.

Нацистите го искористиле овој чин како етапа во националниот погром, познат како Кристална ноќ. Тоа било во Хановер на 9 ноември 1938, кога синагогата, проектирана во 1870 од Едвин Оплер во неоромантичен стил, била запалена од нацистите.

Во септември 1941, преку планот „Акција Лаутербахер“, започнала гетоизација на преостанатите хановерски еврејски семејства. Дури и пред Ванзејската конференција, на 15 декември 1941, првите Евреи од Хановер биле депортирани во Рига. Вкупно 2.400 луѓе биле депортирани, а многу малку преживеале. Од околу 4.800 Евреи, кои живееле во Хановер во 1938, помалку од 100 биле сè уште во градот, кога пристигнале трупите на американската армија на 10 април 1945 за да го окупираат Хановер на крајот на војната. Денес, споменикот на Оперскиот плоштад е потсетник на прогонот на Евреите од Хановер.

По војната, голема група на преживеани ортодоксни Евреи од блискиот концентрационен камп Берген-Белзен се населиле во Хановер. Заедницата на ортодоксните Евреи била водена од рабинот Шаим Пинкос Љубински кој бил помогнат во овој процес од рабинот Шломо Зев Цвајгенхафт. По заминувањето на рабинот Љубински во 1949, рабинот Цвајгенхафт бил назначен на позицијата главен рабин на Хановер. Кратко потоа, рабинот Цвајгенхафт бил назначен за главен рабин на целата Долна Саксонија, позиција која ја држел до неговото заминување во 1951. Заедницата ги направила сите обиди да го убедат рабинот да остане, дури нудејќи ми да ги покриваат неговите трошоци за патувањата од Швајцарија. Рабинот Цвајгенхафт го одбил предлогот и како резултат на немањето водач на заедницата, таа брзо започнала да се губи и кратко потоа целосно престанала да постои. И двајцата рабини, Љубински и Цвајгенхафт се населиле во САД.

Втора светска војна

уреди
 
Aegidienkirche не била обновена и нејзините руини ги држат спомените за Втората светска војна.

Хановер била важна раскрсница на патниот и железничкиот сообраќај и производствен центар, па затоа бил цел за време на стратешкото бомбардирање во текот на Втората светска војна, вклучувајќи ја нафтената кампања. Целите биле AFA (Штекен), рафинеријата Дојраг-Нераг (Мисбург), фабриката Continental (Фаренвалд), преработувачката индустрија (VLW) во Риклинген и Лацен и во Линден, фабриката за преработка на гума во Лимер, фабриката Hanomag и NMH. Присилните работници биле користени од подкампот Хановер-Мисбург на концентрациониот камп Нојенгаме. Станбените области, исто така, биле цел на напади и повеќе од 6.000 луѓе биле убиени во сојузничкото бомбардирање. Повеќе од 90% од центарот на градот бил уништен во 88 бомбашки напади.[2] По војната, Aegidienkirche не била обновена и нејзините урнатини се зачувани како потсетник од војната.

Сојузничките трупи стигнале во Хановер во април 1945. Американската 84-та пешадиска дивизија го окупирала градот на 10 април 1945.[3]

Хановер бил во британската окупациска зона на Германија по војната и станал дел од новата покраина (Land) Долна Саксонија во 1946.

Денес, градот Хановер е вице-претседавачки град на „Градоначалници за мир“, меѓународна организација која организира градови и граѓани низ целиот свет, со цел да се укине и елиминира јадреното оружје до 2020 година.[4]

Географија

уреди

Положба

уреди
 
Хановер и околината

Хановер се наоѓа во долината на Лајне на преминот помеѓу долносаксонските ридови и Северногерманската Низина. Во југозападниот дел на градот се наоѓаат почетоците на Везерските висорамнини со плодна обработлива почва, додека на север градот се граночи со песочни и мочурливи области.

Положбата со неговите физички и географски услови на Хановер му нуди поволни можности за развој од средновековно село до голем град. Во средниот век поминувал значајниот трговски пат Север-Југ, кој минувал низ долината на реката Лајне. Во 19-от век железничката пруга го следела овој пат и со изградба на Средногерманскиот Канал како поврзување Исток-Запад во 20-от век Хановер станал раскрсница на овие значајни сообраќајни траси. Истото важи и за автопатскиот сообраќај со пресекот на A2 и A7 во близина на Хановер.

Соседни големи градови се Хилдесхајм, Брауншвајг, Волфсбург, Билефелд, Гетинген, Касел и Бремен. Бреговите на Северното и Балтичкото Море се наоѓаат подеднакво оддалечени од Хановер.

Клима

уреди

Просечната годишна температура на воздухот во Хановер изнесува 8,7 °C, додека просечното количество на врнежи 661 mm/м3. Просечниот број на летни денови, односно денови во кои највисоката дневна температура надминува 25 °C, пресметан во периодот од мај до август изнесува 22.

Климатски податоци за Хановер
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 3.0
(37.4)
4.1
(39.4)
7.9
(46.2)
12.7
(54.9)
17.7
(63.9)
20.9
(69.6)
22.2
(72)
22.3
(72.1)
18.6
(65.5)
13.8
(56.8)
7.7
(45.9)
4.1
(39.4)
12.9
(55.2)
Прос. ниска °C (°F) −2.2
(28)
−2.0
(28.4)
0.3
(32.5)
2.9
(37.2)
7.0
(44.6)
10.3
(50.5)
12.0
(53.6)
11.7
(53.1)
9.4
(48.9)
6.0
(42.8)
2.3
(36.1)
−0.7
(30.7)
4.7
(40.5)
Прос. врнежи мм (ин) 53
(2.09)
38
(1.5)
48
(1.89)
51
(2.01)
61
(2.4)
74
(2.91)
61
(2.4)
64
(2.52)
53
(2.09)
43
(1.69)
53
(2.09)
61
(2.4)
660
(25.98)
Извор: Intellicast[5]

Административни единици

уреди

Окрузи

уреди
 
Окрузи на Хановер
 
Квартови на Хановер
 
Регион Хановер
  1. Мите
  2. Фаренвалд-Лист
  3. Ботфелд-Фаренхајде
  4. Буххолц-Клефелд
  5. Мисбург-Андертен
  6. Кирхроде-Бемероде-Вилфероде
  7. Зидштат-Булт
  8. Дерен-Вилфел
  9. Риклинген
  10. Линден-Лимер
  11. Алем-Баденштет-Дафенштет
  12. Херенхаузен-Штекен
  13. Норд

Квартови

уреди


Главни знаменитости

уреди
Панорамски поглед од платформата за набљудување на Новото градско собрание
 
Споменик на Ернст Август, главната железничка станица
 
Покраинската опера на Хановер е сместена во класична оперска куќа од 19-от век.
 
Marktkirche во Хановер
 
Старо градско собрание
 
Реката Лајна во Хановер
 
Колонадата Ватерло во Хановер
 
Кулата Anzeiger

Една од најпознатите знаменитости е Кралска градина Херенхаузен:

Големата градина е важна европска барокна градина. Самиот дворец бил скоро целосно уништен од сојузничкото бомбардирање, но моментално е под обнова. Некои точки на интерес се Grotto (внатрешноста била дизајнирана од францускиот уметник Ники де Сен Фал), Галериската зграда, Orangerie и двата павилјона од Реми де ла Фос. Големата градина се состои од неколку делови. Најпопуларниот е Голема земја и Nouveau Jardin. Во средината на Nouveau Jardin е највисоката европска фонтана во градина. Историскиот Garden Theatre често е домаќин на мјузиклите од германскиот рок-музичар Хајнц Рудолф Кунце.

Berggarten е важна европска ботаничка градина. Некои точки од интерес се Тропската куќа, Кактус куќа, Канаринска куќа и Куќа на орхидеите, во која се наоѓа најголемата светска збирка на орхидеи, птици и пеперутки. Близу влезот на Berggarten е историскиот Павилјон Библиотека. Мавзолејот на Гуелфс исто така се наоѓа во Berggarten. Како Големата градина и Berggarten се состои од неколку делови, на пример Paradies и Prairie Garden. Постои и центар за морскиот живот Хановер, кој е прв тропски аквариум во Германија.

Georgengarten е англиска пејзажна градина. Храм Лајбниц и Дворец Георген се две точки од интерес.

Други градини се Guelph Garden со дворецот Гуелф и принц-градината. Во близина се Водена уметност, Харденбергше и Принц-куќа.

Знаменитост на Хановер е Ново градско собрание (Neues Rathaus). Внатре во зградата се четири модели на градот. Светскиот уникатен дијагонален лифт оди од големата купола до платформата за набљудување.

Зоолошката градина Хановер е една од најспектакуларните и најдобрите зоолошки градини во Европа. Зоолошката ја добила Park Scout Award за 2009/10, сместувајќи се меѓу најдобрите зоолошки градини во Германија.[6] Зоолошката се состои од неколку темски области: Замбези, Мајерс Фарм, Планина Горила, Дворец Џунгла и Мулевап. Некои помали области се Австралија, шумата за волците итн. пливачка област со многу морски птици. Постои и тропска куќа, џунгла и снежна област. Новосоздадената канадска област, Залив Јукин, е отворена во 2010. Во 2010, зоолошката градина Хановер имала над 1,6 милиони посетители.[6]

Друга занимливост е Стариот град. Во центарот се огромната Marktkirche и Старото градско собрание. Во близина се Куќа Лајбниц, Куќа Нолте и Кула Беквин. Многу убав кварт од стариот град е Kreuz-Kirche-Stadtteil околу Црквата Крст со многу убави мали ленти. Во близина е старата кралска спортска сала - која сега е театар, наречен Ballhof. На работ на стариот град се Market Hall, Дворец Лајне и урнатините од Црквата Егидин, која сега е споменик на жртвите од војната и насилството. Преку Порта Марстал ќе стигнете на брегот на реката Лајне, каде се наоѓа светски познатиот Nanas од Ники де Сен Фал. Тие се дел од Километар од скулптури која започнува од Трамплац, следејќи го речниот брег и преминувајќи низ плоштадот Кенигсвортер до влезот на Georgengarten. Близу стариот град е округот Каленбергер Нојштат, каде се наоѓаат католичката црква St. Clemens, Реформираната црква и лутеранската Neustädter Kirche.

Некои други познати знаменитости се Колоната Ватерло, куќата на Лафес, Дворецот Вангенхајм, Покраинскиот архив на Долна Саксонија, Hanover Playhouse, Часовникот Kröpcke, Кулата Anzeiger, Административната зграда на NORD/LB, Конгресниот центар, Берзата на Долна Саксонија, Министерството за финансии, Градинарската црква, Lutherkirche, Кула Gehry (проектирана од американскиот архитек Френк О. Гери), специјално дизајнираните автобуски станици, Оперската куќа, Главната железничка станица, езерото Maschsee и градската шума Eilenriede, кое е едно од најголемите од таков вид во Европа. Со неговите околу 40 паркови, шуми и градини, неколку езера, две реки и еден канал, Хановер нуди голем избор за рекреација.

Од 2007, историските Писма на Лајбниц, може да се видат во Библиотеката Готфрид Вилхелм Лајбниц.

Надвор од центарот на градот е EXPO-Park, поранешното место на EXPO 2000. Интересни објекти се Planet M., поранешниот германски павилјон, некои други национални павилјони, Expowale, EXPO-Plaza и градините (Парк Агрикол, EXPO-Јужен парк и градини на промените). Саемскиот простор може да се стигне преку Exponale, еден од најголемите пешачки мостови во Европа.

Хановерскиот саемски простор е најголемиот изложбен центар во светот.[7] Обезбедува 496.000 кватратни метри покриен внатрешен простор, 58.000 квадратни метри отворен простор, 27 хали и павилјони. Многу од халите на изложбениот центар се архитектонски дела. Понатаму, нуди и Конгресен центар со неговите 35 функционални соби, стаклени делови помеѓу халите, тревни зони за одмор и негов сопствен хелидром.

Две важни знаменитости на саемскиот простор се Кула Hermes (88,8 метри) и EXPO Покрив, најголемиот дрвен покрив во светот.[8]

Во округот Андертен е Европскиот центар за сирење, единствениот центар за сирења во Европа. Друга туристичка знаменитост во Андертен е браната Хинденбург, која била најголема брана на времето во нејзината изградба во 1928. Animalgarden во округот Кирхроде е огромна шума и ги покажува локалните животни.

Во округот Грос-Буххолц се наоѓа 282 метри високиот Telemax, која е највисока зграда во Долна Саксонија и највисоката телевизиска кула во Северна Германија. Некои други препознатливи кули се Кула VW во центарот на градот и старите кули на поранешниот средновековен одбранбен бедем: Döhrener Turm, Lister Turm и Horse Turm.

36 најпознати знаменитости во центарот на градот се поврзани со 4,2 километри долга црвена линија, која е обоена на тротоарите. Овој т.н. Црвен конец ја обележува прошетката, започнувајќи од бирото за туристички информации и завршува на плоштадот Ернст-Август пред главната железничка станица. Постојат и автубуски тури со водич за разгледување на градот.

Култура

уреди

Музеи и галерии

уреди

Историскиот музеј ја прикажува историјата на Хановер, од средновековната населба „honovere“ до светски познатиот изложбен град денес. Музејот се фокусира на периодото од 1714 до 1834, кога Хановер имал силна врска со британското кралско семејство.

Со повеќе од 4.000 членови, Kestnergesellschaft е најголемата уметничка галерија во Германија. Музејот е домаќин на изложби од класичната модернистичка уметност до современата уметност. Голем фокус е ставен на филмот, видеото, современата музика и архитектура, внатрешниот дизајн и големите презентации на современите слики, скулптури и видеоуметноста.

Kestner-Museum се наоѓа во куќата со 5.000 прозорци. Музејот е именуван по Август Кестнер и има над 6.000 експонати на применетата уметност во четири области: Древни култури, Древен Египет, применета уметност и вредна збирка на историски монети.

KUBUS е форум за современата уметност. Главно се одликува со изложби и проекти на познати и важни уметници од Хановер.

Kunstverein Hannover (Уметничко здружение Хановер) прикажува современа уметност и било основано во 1832, како едно од првите уметнички здруженија во Германија. Се наоѓа во Künstlerhaus (Куќа на уметници). Постојат 7 меѓународни монографични и тематски изложби во една година.

Покраинскиот музеј Долна Саксонија е најголемиот музеј во Хановер. Покраинската галерија ја прикажува европска уметност од 11-от до 20-от век, Природниот оддел ги прикажува зоологијата, геологијата, ботаниката, Vivarium со риби, инсекти, влекачи и амфибии. Древниот оддел ја прикажува древната историја на Долна Саксонија и Народниот оддел ги прикажува културите од целиот свет.

Sprengel Museum ја прикажува уметноста од 20-от век. Тој е еден од најпознатите музеи за уметност во Германија. Фокусот му е на класичната модерна уметност со збирки на Курт Швитерс, дела на германскиот експресионизам и францускиот кубизам, графики и оддел за фотографија и медиуми. Понатаму, музејот ги прикажува познатите дела а францускиот уметник Ники де Сен Фал.

Театарскиот музеј прикажува изложби за историјата на театарот во Хановер од 17-от век до сега: опера, концерт, драма и балет. Музејот исто така, е домаќин на неколку туристички изложби во текот на годината.

Wilhelm Busch Museum е германски музеј за карикатура и критична графичка уметност. Збирката на дела од Вилхелм Буш и богатата збирка на карикатури и графики го прават овој музеј уникатен во Германија. Понатаму, музејот сместува неколку изложби на домашни и меѓународни уметници во текот на годината.

Збирка на монети може да се најде во Münzkabinett der TUI-AG. Polizeigeschichtliche Sammlung Niedersachsen е најголемиот полициски музеј во Германија. Текстилот од целиот свет може да се види во музејот за текстилна уметност. EXPOseeum е музеј на светскиот изложбен центар „EXPO 2000 Hannover“. Теписи и предмети од Ориентот може да се видат во Ориенталниот музеј за теписи. Музејот за слепи е реткост во Германија, друг има во Берлин. Музејот за ветеринарна медицина е уникатен во Германија. Музејот за историјата на енергијата ги опишува 150-те години историја на примената на енергијата. Музеј Алем ја покажува историјата на округот Алем. Mahn- und Gedenkstätte Ahlem ја опишува историјата на Евреите во Хановер и Stiftung Ahlers Pro Arte / Kestner Pro Arte ја покажува современата уметност. Современата уметност, исто така, главен интерес е и во Kunsthalle Faust, Nord/LB Art Gellery и Foro Artistico / Eisfabrik.

Некои водечки уметнички настани во Хановер се Бела ноќ на музеите и Zinnober Kunstvolkslauf, кои се одржуваат во сите галерии во Хановер.

Луѓето, кои се заинтересирани за астрономија, може да ја посетат Observatory Geschwister Herrschel на планината Линденер или малиот планетариум внатре во училиштето Бизмарк.

Театар, кабаре и мјузикл

уреди

Околу 40 театри се наоѓаат во Хановер. Оперската куќа, Schauspielhaus, Ballhofeins, Ballhofzwei и Cumbarlandsche Galerie припаѓаат на Покраинскиот театар Долна Саксонија. Theater am Aegi е хановерски голем театар за мјузикли, претстави и театарски гостувања. Neues Theater (Новиот театар) — булеварски театар на Хановер. Theater für Niedersachsen е друг голем театар во Хановер, кој исто така има сопствена мјузикл-компанија. Некои од најважните мјузикли-продукции се рок-мјузиклите на германскиот рок-музичар Хајнц Рудолф Кунце, кои се одржуваат во Garden-Theatre во Големата градина.

Некои важни театарски настани се Tanztheater International, Бела ноќ на театрите, Festival Theaterformen и Меѓународен натпревар за кореографи.

Водечката кабаре-сцена во Хановер е GOP Variety theatre, која се наоѓа во Палатата Георг. Некои други познати кабаре-сцени се Variety Marlene, Uhu-Theatre. Театарот Die Hinterbühne, Rampenlich Variety и ревија-сцена TAK. Најважниот кабаре настан е Kleines Fest im Großen Garten (Мал фестивал во големата градина), кој е најуспешен кабаре-фестивал во Германија. Вклучува уметници од целиот свет. Некои други важни настани се Calenberger Cabaret Wochen, Hannover Cabaret Festival и Wintervariety.

Музика

уреди
 
Бендот од Хановер, Scorpions

Рок бендовите Scorpions и Fury in the Slaughterhouse потекнува од Хановер. Исто така, диџејот Mousse T го има неговото студио во околината на Хановер. Евровизиската победничка од 2010, Лена (Лена Мајер-Ландрут), е исто така од Хановер.

Постојат два големи меѓународни натпреварувања за класична музика во Хановер:

  • Меѓународен натпревар за виолини Хановер (од 1991)
  • Меѓународен музички натпревар Класика Нова[9] (1997) (невладината организација Класика Нова постои во Хановер со цел да го одржи натпреварувањето Класика Нова).

Спорт

уреди

ФК Хановер 96 (прекар Die Roten или 'Црвените') — локален фудбалскиот тим, кој игра во првата Бундеслигата. Домашните натпревари се играат на АВД-Арена, која била домаќин на натпреварите во светските првенства во 1974 и 2006 и европското првенство 1988. Нивниот резервен тим Hannover 96 II игра во четвртата лига. Нивните домашни натпревари се играат на традиционалниот Eilenriedestadium, додека не се префрлиле на АВД-Арената поради директивите од сојузот. Arminia Hannover е друг многу традиционален фудбалски клуб во Хановер, кој игра во првата лига со години, но сега настапува во Niedersachsen-West Liga (Долна Саксонија-Лига Запад). Домашните натпревари се играат на Rudolf-Kalweit-Stadium.

Хановер е еден од германските центри за хокеј на мраз. Hannover Scorpions играат во врвната лига во Германија и нивните домашни натпревари се играат на ТУИ Арена. Hannover Indians се вториот клуб во хокеј на мраз во Хановер кои играат на традиционалниот „PferdeTurm“. Иако играат само во втората лига и „Scorpions“ веќе биле германски прваци (во 2010), Хановерските Индијанци имаат силна навивачка поддршка. Ова е поради тоа што, Индијанците првично потекнуваат од Хановер, додека Шкорпиите се префрлиле од Ведемарк (Регион Хановер) во Хановер поради пристап до поголемиот пазар.

Хановер е исто така еден од главните градови за рагби во Германија. Првиот германски рагби-клуб бил основан во Хановер во 1878. Основаните клубови во Хановер долго време доминирале на германската рагби-сцена. DRC Hannover игра во првата дивизија, а SV Odin von 1905 како и SG 78/08 Hannover играат во втората дивизија.

Првиот германски клуб за мечување бил основан во Хановер во 1862. Денес, постојат уште три клубови за мечување во Хановер.

Хановер е центар за водените спортови. Благодарение на езерото Машзе, реките Име и Лајне и Средногерманскиот Канал Хановер има повеќе школи за едрење, јахт-школи, клубови за скијање на вода, клубови за нуркање и кајак. Ватерполо клубот WASPO W98 игра во првата дивизија.

UBC Hannover Tigers играат во втората германска кошаркарска дивизија, а Hannover Regents играат во третата Бундеслига.

Хановерскиот маратон е најголемиот настан за трчање во Хановер со повеќе од 11.000 учесници и обично околу 200.000 гледачи. Некои други важни настани за трчање се Gilde Stadtstaffel (штафета), Sport-Check Nachtlauf (ноќно трчање), Herrenhäuser Team-Challenge, Hannoversche Firmenlauf (компаниско трчање) и Silvesterlauf (Трчање за Нова година).

Хановер исто така е домаќин и на важни меѓународни велосипедски трки: Nacht von Hannover (Ноќ на Хановер). Трката се одржува околу главниот плоштад.

Езерото Машзе е домаќин на Меѓународните бродски трки и Турнир во кајак. Многу регати се одржуваат тука во текот на годината. На реката Лајне се одржува една од најголемите регати во веслање во Хановер.

Некои други важни спортски настани се Турнир во одбојка на плажа Долна Саксонија, меѓународни коњски трки Германски Класици и меѓународниот турнир во хокеј на мраз Nations Cup.

Регуларни настани

уреди
 
CeBIT 2008 конференциски центар во Хановер

Хановер е еден од водечките изложбени градови во светот. Секоја година, Хановер е домаќин на повеќе од 60 меѓународни и домашни саеми. Најпопуларните се CeBIT, Хановерски саем, Domotex, Ligna, IAA Nutzfahrzeuge и Agritechnica. Хановер, исто така, е домаќин на бројни конгреси.

Но, Хановер не е само еден од најважните изложбени градови во светот, тој е исто така и еден од германските главни градови за стрелање. Schützenfest Hannover е најголемиот панаѓур за стрелање во светот и се одржува еднаш годишно. Се состои од повеќе од 260 патеки и салони, 5 големи шатори за пиво и голема забавна програма. Врв на овој панаѓур е 12 километри долга Парада на стрелачите со повеќе од 12.000 учесници од целиот свет, меѓу нив околу 5.000 стрелњчи, 128 бендови и повеќе од 70 вагони, кочии и големи фестивалски возила. Тоа е најдолгата поворка во Европа. Околу 2 милиони луѓе го посетуваат овој панаѓур секоја година. Знаменитост на овој панаѓур е најголемото преносливо Ферис-тркало во светот (60 метри високо). Потеклото на овој панаѓур е од 1529.

Хановер е домаќин и на двата најголеми пролетни фестивали во Европа со околу 180 патеки и салони, 2 големи шатори за пиво и околу 1,5 милиони посетители секоја година. Октоберфест Хановер е вториот најголем Октоберфест во светот со околу 160 патеки и салони, 2 големи шатори за пиво и околу 1 милион посетители секоја година.

Maschsee Festival се одржува околу езерото Машзе. Секоја година доаѓаат 2 милиони посетители да уживаат во живата музика, комедијата, кабаре и многу повеќе. Ова е најголемиот Volksfest од овој вид во Северна Германија.

Големата градина секоја година е домаќин на Меѓународниот натпревар во огномет и Меѓународниот фестивал Herrenhausen со многу музика и кабаре.

Карневалската поворка е околу 3 километри долга и се состои од 3.000 учесници, околу 30 фестивалски возила и околу 20 бендови и се одржува секоја година.

Некои други фестивал, како на пример Feuer und Flamme (Оган и пламен), Gartenfestival (Градинарски фестивал), Herbstfestival (Есенски фестивал), Harley Days, Steintor Festival (Steintor е забава во центарот на градот) и Lister-Meile-Festival (Lister Meile е голема пешачка зона).

Хановер е домаќин и на бројни фестивали за храна, како на пример Вински фестивал и Гурмански фестивал.

Сообраќај

уреди
 
Hannover Hauptbahnhof
 
Citaro автобус на природен гас дизајниран од Џејмс Ирвин
 
TW 2000 трамвај дизајниран од Херберт Линдингер и Џаспер Морисон
 
TUI AG седиште во Хановер

Железница

уреди

Централната железничка станица, Hannover Hauptbahnhof, е јазол на германската ICE мрежа на брзи возови. Таа е почетна точка на брзата железничка линија Хановер-Вирцбург и исто така е централен јазол на Hannover S-Bahn. Нуди бројни меѓународни и национални врски.

Воздух

уреди

Хановер и неговата околина е опслужуван од Меѓународниот аеродром Хановер/Лангенхаген (IATA: HAJ; ICAO: EDDV)

Патишта

уреди

Хановер е исто така важен центар на германската мрежа на автопати; раскрсница на двата големи автопати, A2 и A7 е Kreuz Hannover-Ost, на североисточниот дел од градот. Локални автопати се A 352 (кратка делница помеѓу А7 (север) и А2 (запад), исто така познат како аеродромски автопат, бидејќи го поминува аеродромот Хановер) и A 37. Системот на Schnellweg, бројот на Bundesstraße, формираат структура која отсликува голем прстен од патишта заедно со А2 и А7. Патиштата се B3, B6 и B 65, наречен Западна делница (B6 на северниот дел, B3 на јужниот крај), Messeschnellweg (B3, станува А37 близу Бургдорф, го поминува А2, станува повторно B3, потоа станува B6 кај Seelhorster Kreuz, па го поминува Хановерскиот саем како B6 и станува повторно А37 пред да се спои во А7) и Јужна делница (почнува како B65, станува B3/B6/B65 преминувајќи ја Западната делница, потоа повторно станува B65 кај Seelhorster Kreuz).

Автобуси и градска железница

уреди

Хановер има голем систем на градска железница, управуван од üstra. Градот е познат по неговите дизајнирани автобуси и трамваи; трамваите TW 6000 и TW 2000 се најпознатите примероци.

Стопанство

уреди

Volkswagen Комерцијални возила го произведува транспортерот Т4 во фабрикај кај Хановер-Штекен и оваа фабрика е најголемиот работодавач во регионот и управува огромна фабрика на северниот дел од градот, во непосредна близина на Средногерманскиот Канал и автопатот А2. Заедно со фабрика на германскиот производител за гуми и автомобилски делови Continental AG, тие имаат централа на јаглен. Continental AG, основан во Хановер во 1871, е една од најголемите градски компании. Од 2008 во процес е преземање: Schaeffler Group од Херцогенаурах (Баварија) го поседува мнозинството на акциите, но било потребно поради финансиската криза да депонираат опции како осигурување на банките.[10] TUI AG го има своето седиште во Хановер.[11] Хановер е дом на бројни компании за осигурување на пример, VHV и Talanx. Една голема глобална компанија за осигурување е Hannover Re, чие седиште се наоѓаат источно од центарот на градот.

Развој на бизнисот

уреди

Hannoverimpuls е заедничка компанија за развој на бизнисот од градот и регионот Хановер. Компанијата била основана во 2003 и ги поддржува отпочнувањата на бизнисот, растот и алокацијата на бизнисите во регионот Хановер. Фокусот е на седум сектори, кои обезбедуваат одржлив економски развој: автомобилска индустрија, енергетски решенија, информациска и комуникациска технологија, природни науки, оптички технологии, креативни индустрии и производственото инженерство.[12]

Спектар на програми ги поддржуваат компаниите од клучните индустрии во нивните планови за експанзија во Хановер или во странство. Три регионални центри специфично промовираат меѓународни економски односи со Русија, Индија и Турција.

Образование

уреди

Лајбниц Универзитет Хановер е најголемата основана институција во Хановер за обезбедување на повисоко образование на студентите од целиот свет. Подолу се имињата на универзитетите и некои од важните школи, вклучувајќи ја новоотворената Хановерска школа за медицински истражувања во 2003 за привлекување на студенти по биологија од целиот свет.

Постојат неколку универзитети во Хановер:

GISMA е партнерство помеѓу Универзитет Пердју, САД и Лајбниц Универзитетот Хановер и обезбедува потполни и непотполни постдипломски програми. Школото располага со голем број на меѓународни студенти и можност вистински да добие глобална мастерс-диплома.

Постои и Универзитет за применети науки и уметности во Хановер:

Schulbiologiezentrum Hannover одржува практични школи за биологија на четири локации (Botanischer Schulgarten Burg, Freiluftschule Burg, Zooschule Hannover и Botanischer Schulgarten Linden). Универзитетот за ветеринарна медицина Хановер исто така одржува сопствена ботаничка градина, специјализирана за медицински и отровни растенија, Heil- und Giftpflanzengarten der Tierärztlichen Hochschule Hannover.

Градови именувани Хановер

уреди

Исто така, Округ Хановер, Вирџинија, САД и Округ Нов Хановер, Северна Каролина, САД се именувани по градот.

Меѓународни односи

уреди

Хановер е збратимен со:[16]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Историја на Хановер 1866-1945, службена страница на градот (германски)“. Hannover.de. Архивирано од изворникот на 2011-06-15. Посетено на 2011-04-07.
  3. Stanton, Shelby, World War II Order of Battle: An Encyclopedic Reference to U.S. Army Ground Forces from Battalion through Division, 1939-1946 (Revised Edition, 2006), Stackpole Books, p. 156.
  4. „Градоначалници за мир“. 2020visioncampaign.org. Архивирано од изворникот на 2011-04-18. Посетено на 2011-04-07.
  5. „Историски временски просеци за Хановер“. Intellicast.
  6. 6,0 6,1 „Hannover hat den "Besten Zoo" Aktuelle Nachricht Erlebnis-Zoo Hannover - Top Freizeitziel und Sehenswürdigkeit Niedersachsen“ (германски). Zoo-hannover.de. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2011-04-07.
  7. „Изложбени простори - Deutsche Messe AG, Hannover - Германија“. Messe.de. 2005-04-20. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2011-04-07.
  8. Natterer, Julius. Roof of the Main Hall for EXPO 2000 in Hanover, Germany, in "Structural Engineering International", August 2000, n. 3 v. 10
  9. „Classica Nova Competition Cycle“. Brainin.org. Посетено на 2011-04-07.
  10. Профил на Continental AG, посетено на 10 септември 2009.
  11. "Contact TUI Group." TUI AG. Посетено на 29 May 2009.
  12. „hannoverimpuls.com“. hannoverimpuls.com. Посетено на 2011-04-07.
  13. „HMT-Hannover.de“. HMT-Hannover.de. Посетено на 2011-04-07.
  14. „MH-hannover.de“. MH-hannover.de. Посетено на 2011-04-07.
  15. „FH-hannover.de“. FH-hannover.de. Архивирано од изворникот на 2011-12-02. Посетено на 2011-04-07.
  16. „Хановер - Збратимени градови“ (германски). © 2007-2009 HANNOVER.de - Offizielles Portal der Landeshauptstadt und der Region Hannover in Zusammenarbeit mit hier.de. Архивирано од изворникот на 2011-07-24. Посетено на 2009-07-17. Надворешна врска во |publisher= (help)
  17. „Бристол - Збратимени градови“. © 2009 Совет на град Бристол. Архивирано од изворникот на 2011-07-28. Посетено на 2009-07-17. Надворешна врска во |publisher= (help)
  18. „Познањ Официјална страница - Збратимени градови“.   (на Polish) © 1998–2008 Urząd Miasta Poznania. Посетено на 2008-11-29.
  19. „広島市の姉妹・友好都市“. City.hiroshima.jp. Архивирано од изворникот на 2009-06-07. Посетено на 2009-07-17.
  20. „Лајпциг - Меѓународни односи“. © 2009 Градски совет на Лајпциг, Канцеларија за европски и меѓународни односи. Архивирано од изворникот на 2009-06-29. Посетено на 2009-07-17.
  21. „Збратимени градови на Канзас Сити“. kcsistercities.org. Архивирано од изворникот на 2008-06-12. Посетено на 2010-10-02.

Надворешни врски

уреди