Билен чај
Растителен чај (наречен и хербален) — е секаков вид на чај , направен од разни билки и суво овошје. Билен чај се прави од суви или свежи листови, цветови, плодови или корења од огромен број на билки или овошки. Делот од растението кој е наменет за правење чај најчесто се потура во зовриена вода, се остава одреден период да отстои, потоа се процедува и се засладува по желба со мед или шеќер и лимон.
Многу компании произведуваат чај во филтер ќесички, кој е лесен за приготвување, но повеќето љубители претпочитаат да консумираат чај кои самите го имаат набрано.
Билните чаеви имаат лековити дејства и се користат во народната медицина за секаков вид на заболувања.
Список на билни чаеви
уредиЛековити
уредиЧај од:
- Горски чај или Оригано - се прави од цветот и стеблото, се пие како народен лек против настинка.
- Жалфија - се прави од лисот, се пие за тегоби во желудникот и се користи за лечење на рани на непцето.
- Јаглика - се прави од целата билка, се пие за респираторни болиести и за несоница.
- Камилица - се прави од цветот, се користи за испирање на очите.
- Кантарион - се прави од цветот и стеблото, се пие за засилување на имунитетот и за лечење на рани во дигестивниот систем.
- Коприва - се прави од листот, се користи како добар извор на железо, се пие за слаба крвна слика.
- Липа - се прави од цветот, се пие за релаксација и добар сон.
- Мајчина душичка - се прави од цветот и стеблото, се пие против воспаленија на белите дробови.
- Нане - се прави од листот, и се пие за тегоби во дигестивниот систем.
- Планински чај - се прави од цветот, листот и стеблото, се користи како народен лек против настинка.
- Шипинка - се прави од плодот, се користи како добар извор на Витамин Ц, се пие како народен лек против настинки.
- Бел слез - се прави од плодот, се користи против влажна кашлица.