Меѓународен олимписки комитет

Меѓународен олимписки комитет (МОК) (француски: Comité International Olympique, англиски: International Olympic Committee) — организација со седиште во Лозана, Швајцарија основана од Пјер де Кубертен во 1894 г., со цел преку Олимписките игри да се промовира меѓународниот спорт и мирот во светот. Денес МОК има 205 членки - национални олимписки комитети кои ги претставуваат своите земји во Движењето.

Меѓународен Олимписки Комитет
Olympic rings with white rims.svg
Знаме на МОК
Кратенка МОК
Основана 23 јуни 1894
Тип Движење
Цел Промоција на олимпизмот ширум светот и водство на олимпиското движење.
Седиште Лозана, Швајцарија
Членство 205 национални олимписки комитети
Службени јазици француски, англиски
Претседател Томас Бах
Мреж. место olympic.org
Седиштето на МОК во Лозана, Швајцарија, во март 2004 година

МОК ги организира модерните Олимписките игри во лето и во зима, на секои четири години. Првите Летни Олимписки игри се одржале во Атина во 1896 г., а првите Зимски Олимписки игри се одржале во Шамони во 1924 г. Од 1992 г., летните и зимските игри се одржуваат наизменично на 2 години.

ПоврзаноУреди