Координирано универзално време

(Пренасочено од Coordinated Universal Time)

Координирано универзално време или UTC[1] (англиски: UTC - Coordinated Universal Time, фран. Temps Universel Coordonné) е високо прецизно стандардно атомско време, кое приближно го следи универзалното време. Засновано е на законите на разни земји во светот односно на часовните појаси, кои се прикажуваат позитивно или негативно во однос на УТЦ. Друго име за ова време е З-време или Зулу-време (го користи армијата на САД, на пример).

Светска карта на тековните часовни појаси

УТЦ е и системско време кое се користи во многу стадарди на Интернет и светската пајажина. Network Time Protocol е прилагоден да ги синхронизира часовниците на многу компјутери преку интернет, во однос на УТЦ. УТЦ се користи и во воздухопловството, метеролошките станици, летовите, воздушниот сообраќај и картите со цел да не се помеша летното сметање на времето.

Разликата помеѓу UTC и GMT (времето по Гринич) е многу мала и заради тоа често се користи името ГМТ, иако не е технички исправно.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. National Institute of Standards and Technology Time and frequency FAQ Архивирано на 24 март 2015 г..