Барселона
Барселона (каталонски и шпански: Barcelona) — главен и најнаселен град во Автономната заедница Каталонија и втор по големина град во Шпанија со население од 1.615 908 жители во 2008 година. Барселона е единаесетта по ред најнаселена општина во Европската Унија и шеста најгусто населена урбана област во Европската Унија по Париз, Лондон, Областа Рур, Мадрид и Милано со население од 4.185 000.[1] 4. 9 милиони жители живеат во метрополитскиот дел на Барселона.[2][3][4] Ареа Метрополитана Барселона (АМБ) е составена од соседни градови и општини со население од 3.186 461 на простор од 636 км2 (со густина на населеност 5010 жители на км2).
Барселона
| |||
|
|||
Место | |||
---|---|---|---|
Координати |
| ||
Часовен појас | CET (GMT +1) CEЛT (GMT +2) | ||
Општи податоци | |||
Име - изворно |
Барселона Barcelona | ||
Прекар | Град на грофовите Ciutat Comtal | ||
Поштенски број | 08001–08080 | ||
Повикувачки број | 34 (Шпанија) + 93 (Барселона) | ||
Празник на градот | Св. Мерсе, 24 септември | ||
Официјална страница | bcn.cat | ||
Управа | |||
Држава | Шпанија | ||
Автономна заедница | Каталонија | ||
Покраина | Барселона | ||
Административна распределба | 10 | ||
Населби | 45 | ||
Градоначалник | Jordi Hereu i Boher (ПСЦ) | ||
Географија | |||
Површина | 100,4 км² | ||
Надморска височина | 12 м | ||
Население | |||
Население | 1.605.602 (2006) | ||
Густина | 15 969 ж/км² (2006) |
Таа се наоѓа на средоземниот брег (41°23′N 2°11′E / 41.383° СГШ; 2.183° ИГД) во устието на реките Џубрегат и Базос, а на запад се граничи со гребенот Сера де Колсерола ( 512 м/ 1680 стапки).
Барселона е признаена за глобален град поради нејзината голема улога во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметностите и меѓународната трговија.[5][6] Барселона е главен економски центар со едно од најзначајните средоземни пристаништа, додека пак Меѓународниот Аеродром Барселона е втор по големина после Аеродромот Барахас во Мадрид. Основан како римски град, Барселона станала главен град на грофовите од Барселона. По спојувањето со Кралството Арагон, таа станала еден од најзначајните градови во него. И покрај тоа што честопати била освојувана во историјата, денес Барселона е значаен културен центар и главно туристичко одредиште со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО. Од неодамна градот стана познат по Летните олимписки игри од 1992 година. Седиштето на Сојузот на средоземните краушта е сместено во Барселона.
Како главен град на Каталонија, во Барселона се наоѓа седиштето на Каталонската влада, позната како Генералитат де Каталунја. Доста важни институции се и извршната власт, парламентот и Врховниот Суд на Каталонија. Градот е исто така домаќин на „Барселонес комарса“.
Имиња
уредиИмето Барселона доаѓа од старо грчки: Βαρκινών;[7] латински: Barcino, Barcelo[8] и Barceno.[9] and Barceno.[10] Во текот на средниот век, градот имал различни имиња, како на пример Barchinona, Barçalona, Barchelona, и Barchenona.
Историја
уредиПостојат две легенди за создавањето на Барселона. Првата легенда се заснова врз тоа дека градот бил основан од Херкул 400 години пред да се изгради Рим, а потоа бил повторно обновен од Картаѓинецот Хамилкар Барса, таткото на Ханибал, кој го нарекол Barcino по неговото семејство, во III век п.н.е. Втората легенда го поврзува основањето на градот директно со Хамилкар Барса.[11]
Околу 15 в.п.н.е, Римјаните повторно го издигнале градот како каструм ( римски воен камп) чие централно место се наоѓало на „Монс Табер“, ритче блиску до денешната општинска зграда ( Пласа де Сант Жом). За време на римското владеење Барселона била колонија наречена според презимето Фавентиа[12] , или целосно Колонија Фавентиа Јулиа Аугуста Пиа Барсино[13] или Колониа Јулиа Аугуста Патерна Барсино. Мела [14] ја спомнува како помал град во областа, веројатно поради тоа што била скриена од соседот Торако (денес Тарагона), но од подоцнежните писатели може да се види дека постепено се збогатувала и го зајакнувала своето влијание. Голема улога за нејзиното зајакнување имала добрата положба и одличното пристаниште.[15] Барселона уживала имунитет од империски рамки.[16] Градот издавал сопствени монети. Некои монети од времето на Галба преживеале.
Неколку значајни римски остатоци се изложени под Пласа дел Реи, на влезот од градскиот музеј Музеу Хисториа де ла Сиутат (Museu d'Història de la Ciutat), и типичниот римски план е видлив во надворешниот изглед на историскиот центар, Бари Готик. Некои остатоци од римските ѕидови биле дел од Катедралата.[17] Катедралата, исто така позната како Базилика Ла Сеу се смета дека е основана во 343 г.п.н.е. Градот бил освоен од Визготите во раниот V век, од Маврите во раниот VIII век, повторно освоен во 801 година од синот на Карло Велики, Луи, кој ја претворил Барселона во седиште на лозата Карлинги : „Марка Испаника“ тампон-зона раководена од грофот на Барселона.
Контовите на Барселона станале значително независни и ја прошриле својата територија притоа вклучувајќи ја цела Каталонија. Во 1137 година, Арагон и областа Барселона се споиле преку династичко обединување [18][19] односно со бракот помеѓу Рамон Беренгер IV и Петрониља Арагонска. Титулите на нивните фамилии се споиле во едно со раѓањето на нивниот син Алфонсо II. Тој го наследил престолот во 1162 година. Неговите територии подоцна ќе бидат познати како Круната на Арагон, под чие водство биле освоени многу прекуокеански области. Во XIII век ова кралство владеело со западниот дел на Средоземното Море, од далечните територии Непал и Сицилија па сè до Атина. Измамата за династичка поврзаност помеѓу Круната на Арагон и Кастиља го одбележал почетокот на падот на Барселона.
Географија
уредиБарселона се наоѓа на северно- источниот брег на Пиринејскиот Полуостров и е отворена кон Средоземното Море. Таа е сместена на висорамнина со широчина од 5км, од страните заобиколена со планинскиот венец Колсерола (Collserola), реката Џобрегат (Llobregat) од југозапад, и реката Бесос (Besòs) од север.[20] Оваа висорамнина изнесува 170 km2 (66 ми),[20] од кои 101 км2[21] се зафатени од самиот град. Барселона се наоѓа 160 км јужно од Пиринеите и каталонската граница со Франција.
Колсерола е дел од крајбрежниот планински венец, кој го штити градот од северозапад. Неговата највисока точка е врвот Тибидабо ( Tibidabo), со височина од 512 м (1,680 ст), од кој се гледа целиот град[22], а на него се наоѓа телекомуникациската кула, која се гледа од секој дел на градот, Торе де Колсерола (Torre de Collserola,) со височина од 288.4 м (946.2 ст). Барселона е испрскана од мали ритчиња, поголемиот дел од нив се урбанизирани области и им го дале името на населбите изградени на нив, како што се Кармел (Carmel), (Путхет) и Ровира (261 м). Ридот Мунжуик висок (173 м),сместен на југозапад, се наѕира над пристаништето, а на неговиот врв се наоѓа замокот Мунжуик, тврдина која била изградена во периодот од XVII-XVIII век за да го контролира градот, како замена за градско кале. Денес, тврдината е музеј,а Мунжуик е дом на неколку културни и спортски места,овде се сместени и најголемите паркови и градини на Барселона.
Границите на градот се простираат од Санта Кулома да Граманет и Сан Адрија де Бесос на север, Луспиталет да Љубрагат и Асплугес де Љубрагат на југ, Средоземното Море на исток, Монткада и Реихак со Сан Кугат дел Ваљес на запад.
Клима
уредиБарселона
Климатограм | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ј | Ф | М | А | М | Ј | Ј | А | С | О | Н | Д |
41
12
4
|
29
14
5
|
42
16
7
|
49
18
9
|
59
21
13
|
42
24
16
|
20
27
19
|
59
28
20
|
86
25
17
|
92
21
13
|
58
16
8
|
51
13
5
|
Прос. мин. и макс. температура во °C Вкупно врнежи во мм Извор: [23] |
Барселона има средоземна клима[24], со субсредоземно влијание. Што значи дека ова не е класична средоземна клима, со умерени, влажни зими и топли суви лета. Барселона е сместена на источниот брег на Пиринејскиот Полуостров, па така западните ветрови од Атлантскиот Океан често пристигнуваат во Барселона со мала влажност, без дождови. Близината на Атлантскиот Океан, нејзината надморска височина и релјеф се причините поради кои летата не се премногу суви како во поголем дел од другите Средоземни базени. Падовите (не површинските падови, туку атмосферските студени инвазии) може лесно да влијаат врз областа на Барселона (и Каталонија), предизвикувајќи бури, особено во август. Понекогаш почетокот на јуни е сè уште студен и врнежлив, како април и мај кои заедно со август, септември, октомври и ноември се највлажните месеци во годината. Најсуви се јули,февруари,март и јуни. Како во многу делови од Каталонија, времето во текот на годината може да биде навистина различно од година на година.[25]
Така, просечно земено, дождливи годишни времиња се пролетта и есента, а суви се зимата и летото. Редот од највлажни кон најсуви е следниот: есен, пролет,зима, лето. Западната средоземна клима е една од најнередовните клими во светот. На пример, во една година октомври може да биде многу сув, додека јули и февруари да бидат влажни месеци. Барселона и Лондон имаат исто годишно ниво на врнежи,но климата во Лондон не е толку променлива и бурна како во Барселона.
Што се однесува до температурите, декември, јануари и февруари се најстудените месеци, со температури од 9 °C на аеродром и повеќе од 10 °C во градот. Јули и август се најтоплите месеци, со просечни температури од 24 °C. Највисоката температура забележана во центарот на градот е 38,6 °C.[26] Додека пак, најниската забележана температура била –6,7 °C на 11 февруари 1956 година и –5 °C на 12 јануари 1985 година. Сепак, во XIX век, била измерена температура од –9,6 °C во јануари 1896 година.
Во опсерваторијата Фабра, која се наоѓа на ридот Тибидабо на 412 метри надморска височина, највисоката измерена температура е 39,8 °C (103.6 °F)[27] од 7 јули 1982 година, додека најниската регистрирана температура била -10,0° на 11 февруари 1956 година.Во близина на аеродромот и на ридовите, годишните врнежи достигнуваат 650 мм, а во центарот на градот околу 600 мм.
Климатски податоци за Барселона (1987-2014) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 22.4 (72.3) |
24.8 (76.6) |
28.8 (83.8) |
27.7 (81.9) |
31.6 (88.9) |
35.8 (96.4) |
36.8 (98.2) |
38.2 (100.8) |
33.4 (92.1) |
32.6 (90.7) |
26.1 (79) |
23.1 (73.6) |
38.2 (100.8) |
Прос. висока °C (°F) | 14.8 (58.6) |
15.6 (60.1) |
17.4 (63.3) |
19.1 (66.4) |
22.5 (72.5) |
26.1 (79) |
28.6 (83.5) |
29.0 (84.2) |
26.0 (78.8) |
22.5 (72.5) |
17.9 (64.2) |
15.1 (59.2) |
21.2 (70.2) |
Сред. дневна °C (°F) | 11.8 (53.2) |
12.4 (54.3) |
14.2 (57.6) |
15.8 (60.4) |
19.3 (66.7) |
23.0 (73.4) |
25.7 (78.3) |
26.1 (79) |
23.0 (73.4) |
19.5 (67.1) |
14.9 (58.8) |
12.3 (54.1) |
18.2 (64.8) |
Прос. ниска °C (°F) | 8.8 (47.8) |
9.3 (48.7) |
10.9 (51.6) |
12.5 (54.5) |
16.1 (61) |
19.8 (67.6) |
22.7 (72.9) |
23.1 (73.6) |
20.0 (68) |
16.5 (61.7) |
11.9 (53.4) |
9.5 (49.1) |
15.1 (59.2) |
Најниска забележана °C (°F) | −1.0 (30.2) |
0.6 (33.1) |
0.4 (32.7) |
6.2 (43.2) |
6.3 (43.3) |
12.4 (54.3) |
15.5 (59.9) |
15.2 (59.4) |
12.5 (54.5) |
5.4 (41.7) |
1.7 (35.1) |
0.7 (33.3) |
−1.0 (30.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 43.7 (1.72) |
31.4 (1.236) |
33.0 (1.299) |
47.7 (1.878) |
47.4 (1.866) |
25.5 (1.004) |
25.1 (0.988) |
40.8 (1.606) |
81.9 (3.224) |
96.5 (3.799) |
45.1 (1.776) |
46.8 (1.843) |
565.0 (22.244) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1 мм) | 6.0 | 5.0 | 6.2 | 7.9 | 7.5 | 5.5 | 3.1 | 5.8 | 8.0 | 8.0 | 6.6 | 7.0 | 76.6 |
Прос. бр. снежни денови | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
Извор: Државна агенција за метеорологија - Градски дом на Барселона[28] |
Климатски податоци за Аеродром Барселона (1981-2010) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 13.6 (56.5) |
14.3 (57.7) |
16.1 (61) |
18.0 (64.4) |
21.1 (70) |
24.9 (76.8) |
28.0 (82.4) |
28.5 (83.3) |
26.0 (78.8) |
22.1 (71.8) |
17.3 (63.1) |
14.3 (57.7) |
20.3 (68.5) |
Сред. дневна °C (°F) | 9.2 (48.6) |
9.9 (49.8) |
11.8 (53.2) |
13.7 (56.7) |
16.9 (62.4) |
20.9 (69.6) |
23.9 (75) |
24.4 (75.9) |
21.7 (71.1) |
17.8 (64) |
13.0 (55.4) |
10.0 (50) |
16.1 (61) |
Прос. ниска °C (°F) | 4.7 (40.5) |
5.4 (41.7) |
7.4 (45.3) |
9.4 (48.9) |
12.8 (55) |
16.8 (62.2) |
19.8 (67.6) |
20.2 (68.4) |
17.4 (63.3) |
13.5 (56.3) |
8.6 (47.5) |
5.7 (42.3) |
11.8 (53.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 37 (1.46) |
35 (1.38) |
36 (1.42) |
40 (1.57) |
47 (1.85) |
30 (1.18) |
21 (0.83) |
62 (2.44) |
81 (3.19) |
91 (3.58) |
59 (2.32) |
40 (1.57) |
588 (23.15) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1 мм) | 4 | 4 | 5 | 5 | 5 | 4 | 2 | 5 | 5 | 6 | 5 | 4 | 53 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 158 | 171 | 206 | 239 | 258 | 287 | 293 | 264 | 229 | 196 | 153 | 137 | 2.591 |
Извор: Државна агенција за метеорологија[29] |
Врнежите [30] од снег и ноќните замрзнувања се случуваат речиси секоја година. Врнежите [31] од снег ретко предизвикуваат прекини во сообраќајот. Сепак, градот има доживеано тешки врнежи од снег, како на пример на Божиќ 1962 година,[32] кога голема виулица го зафати градот, со 50 cm од снежни падови во градот и најмалку 1 метар на ридовите. Но, според нови извори, најголемата снежна бура се случила во 1887 година, со снежна покривка од 50 cm. Третата најтешка снежна бура се случила во декември 1993 година, со 30 cm снег на ридот Мунжуик. Најнеодамнешните се случиле на 27 јануари 2006 година, 28 февруари 2005, 29 февруари 2004, 18 февруари 2003 и 14 декември 2001 година.
Бурите кои обично достигнуваат сериозни граници, се присутни од средината на август до ноември. Најнеодамнешната голема летна бура се случила на 31 јули 2002 година [33], кога повеќе од 200 мм дожд бил забележан од страна на некои обсерваотрии.
И покрај тоа што Барселона нормално не е ветровит град, таа е зафатена од морски ветрови од мај/јуни до септември и со ветрови од запад и северозапад во зима. Источните силни ветрови понекогаш предизвикуваат поплави на брегот. Источните и североисточните ветрови можат да надминат 100 км/ч. Во зима, Барселона е понекогаш зафатена со трамонтани или мистрални ветрови - како и другите места во североисточниот дел на Средоземното Море.
И покрај тоа што Барселона е главно сончев град, сепак не се ретки ни појавите на магла и облачно време. Морската магла е честа, особено во рана пролет, кога првите топли, воздушни маси од Африка доаѓаат врз студената морска вода. Облачните денови се најчести од април до октомври / ноември.
Преглед
уредиПаркови
уредиБарселона има 68 општински паркови, од кое 12 се историски, 5 се тематски (ботанички) паркови, 45 се урбани паркови и 6 се шумски паркови.[34] Тие варираат од мали паркчиња до големи рекреативни области. Само урбаните паркови покриваат 10% од градската површина(549.7 хектари/1,358.3 акри).[21] Вкупната површина на парковите се зголемува годишно за околу 10 хектари (25 акри) [35] со во однос од 18.1 метар квадратен (195 квадратни стапки) површина парк по жител.[36]
Најголем парк во Барселона е Мунжуик со површина од 203 хектари, и се наоѓа на планината со исто име.[21] По него следи паркот Ситадела (сместен на местото на старата воена тврдина во кој се сместени зградата на парламентот, зоолошката градина и неколку музеи; Неговата површина изнесува 31 хектар/76.6 акри вклучувајќи ја зоолошката), паркот Гуинардо (со површина од 19 хектари/47 акри), паркот Гвељ (создаден од Антони Гауди; со површина од 17,2 хектари/42.5 акри), Паркот на замокот Оренета (исто така 17.2 хектари/42.5 акри), Диагонал Марк Паркот (13.3 хектари/32.9 акри, изведен во 2002 година), Нуо Барис Цетралниот парк (13.2 хектари/32.6 акри), Кан Драго спортскиот парк и Поблену Паркот (и двата со површина од 11.9 хектари/29.4 акри) и паркот лавиринт (9.10 хектари/22.5 хектари) наречен според градинарскиот лавиринт што го има во себе.[21] Дел од паркот Колсерола исто така се наоѓа во градот.
Плажи
уредиБарселона има седум плажи со вкупна брегова површина од 4.5 км (2.8 милји). Плажите Сант Себастија и Барселонета, се долги 1.100 метри (3610 стапки),[21] и се истовремено најдолгите, најстарите и најпосетени плажи во Барселона. Олимпиското пристаниште ги дели овие две плажи од другите градски плажи: Нова Икариа, Богател, Мар Бела, Нова Мар Бела и Џовант. Овие плажи (чијашто должина изнесува од 400 до 640метри / 1.300 до 2.100 стапки) биле создадени како резултат на градското реконструирање по повод Летните олимписки игри од 1992, кога многу индустриски градби биле уништени. Денес, песокот на плажите се надополнува од каменоломите порати тоа што големи количества од него се одстранувани од бурите. Форумот на културите од 2004 година го остави градот да се бања во области од бетон во најисточните делови на градот.
Друго
уредиОбласта околу Плаза Каталунја го претставува историскиот центар на градот и заедно со горната половина на Авингуда Диагонал, ја претставува трговската област на градот. Барселона има неколку трговски комплексти како на пример Лиџа во погорниот дел на авенијата Диагонал и Диагонал Мар подолу, Ла Макиниста, Глориес на истото место и со истото име и Маремагнум кој се наоѓа на пристаништето.
Барселона има неколку облакодери, највисокиот е Хотел Арт и неговиот близнак Торе Мапфре, и двата со височина од 154 Метри (505 стапки), по него следи Торе Агбар со височина од 144 метри (474 стапки). На крај, Барселона е многу блиску до Пиринеите, кои се оддалечени само 125 км од градот. Во секој случај воздушната линија на Градот во зима е украсена од врвот на планината Монтсени висок (1712 метри височина)
Демографија
уредиСпоред градскиот совет на Барселона, населението во Барселона до 1 јуни 2006 година изнесувало 1,673,075 жители, додека пак населението од урбаната област било 4,185 000. Тоа е централното јадро на метрополитската област на Барселона,чиишто број на жители изнесува 4,928,852.[37].[4]
Густината на населението на Барселона било 15,779 жители на километар квадратен ,[38] со Еихампле како најнаселена област. 62% од населението било родено во Каталонија, а 23.5% се дојденци од другиот дел на Шпанија. 13.9% доаѓале од другите земји, сооднос кој дури трипати се зголемил од 2001 година кога било 3.9%,[21] поголемиот дел од ова население доаѓа од Еквадор, Перу, Мароко, Колумбија, Аргентина, Пакистан и Кина.[39]
95% од населението разбира каталонски, додека 74.6% го зборуваат, 75% можат да читаат на тој јазик, и 47.1% можат да пишуваат на истиот,[40] благодарение на добро развиениот лингвистички образовен систем. И покрај тоа што поголем дел од населението се изјаснува како Католици (208 цркви),исто така постојат и други групи, како Евангелистичка, (71 место, претежно Роми), Јеховини сведоци (21 места) и Будисти (13 места),[41] и растечки број на муслимани поради имиграцијата.
Во 1900-та, Барселона имала 533 000 жители,[20] чиј број се зголемувал сигурно ама бавно сè до 1950 година, кога почнале да се доселуваат голем број на луѓе од помалку индустриски развиените делови на Шпанија. Населението во Барселона го достигна својот врв во 1979 година со 1 906 998 жители, и се намали во 1980-тите и 1990-тите поради тоа што многу луѓе бараа повисок квалитет на живот во по оддалечените градови во метрополитската област на Барселона. По падот во 2000 година на 1 496 266 жители, градското население почна повторно да се зголемува со тоа што помладите почнаа да се враќаат, и така се зголемија цените на сместувањето.[42]
Стопанство
уредиБарселона има долга трговска традиција. Помалку познато е дека регионот бил еден од најпрвите кој започна со индустрилизација во континентална Европа, започнувајќи со работи поврзани со текстил од средината на 1780-тите години, но посебно се истакна во средината на XVIII век, кога стана главен центар за производство на текстил и машини. Од тогаш, производството играше значајна улога во неговата историја. Традиционалното значење на текстилот е рефлектирано постојаните обиди Барселона да стане главен моден центар. Во летото 2006 година, градот беше домаќин на престижниот Леб и Путер Bread & Butter урбан, модерен саем до 2009 година,кога беше објавено дека тој ќе се слави повторно во Берлин.[43][44] Ова беше силен удар за градот бидејќи саемот носеше приход од 100 евра по метар за градот за само три дена.[45] Постојат многу обиди Барселона да се претвори во град на модата, особено како Дом на Гауди.
Како во другите модерни градови, проиѕводствениот сектор уште од одамна беше преземен од услужниот сектор, но и понатаму остана многу значаен. Денес водечки индустрии во регионот се текстилната индустрија, хемиската индустрија, фармацевтската индустрија, електронската индустрија, сликарството, логистиката, издавањето, телекомуникациите и услугите на информатичката технологија. Одејќи по стапките на нејзината традиција за креативна уметност и занаетчиство, денес е Барселона исто така позната по нејзиниот индустриски дизајн, кој освоил голем број на награди. Барселона исто така поседува неколку конгрес сали особено Фира де Барселона (трговскиот саем) кој секоја година е домаќин на голем број на национални и меѓународни настани, кои од своја страна придонесуваат за отворање на нови хотели секоја година. Сепак, економската криза и големите опаѓања на бизнис патувањата влијаат врз поставувањето на Барселона како центар за собири.[46] Како дополнување на финансискиот пад е и неодамнешното убиство во стил на мафија на директорот на градскиот Меѓународен конвенциски центар, како и одкривањето дека нападите во Бомбај биле планирани од Барселона, кои беа одкриени во весникот Ел Периодико на 12 февруари 2009 година. Сето ова само ги влоши работите. Ел Периодико истакна дека меѓународниот конвенциски центар на Барселона и нејзините најголеми луксузни хотели се сите блиску до морето и поради тоа се изложени на напади.
Барселона има еден од највисоките стандарди на живот во Шпанија, и е на 31 место во светот според извештајот на „Мерсер Хјуман Рисурс“.
Владини и административни поделби
уредиБарселона е раководена од градски совет составен од 41 градски советник, избрани на четири години преку универзален избор. Како еден од двата најголеми градови ви Шпанија, Барселона е предмет на посебни закони дадени во Карта Мунисипал (Општествен закон). Првата верзија од овој закон била донесена во 1960 година, била надополнета и изменета подоцна. Денешната верзија била одобрена во март 2006 година.[47] Според овој закон градскиот совет на Барселона е организиран во две нивоа: Поличко, со избрани градски советници, и извршно кое управува со програмите и ги извршува одлуките донесени од политичкото ниво.[48] Исто така овој закон и обезбедува на локалната влада посебна поврзаност со централната влада , и му дава на градоначалникот поголеми предности преку општествените извршни комисии.[49] Тој ја проширува власта на градскиот совет во областите како телекомуникации, градскиот сообраќај, безбедноста на патиштата и јаваната безбедност. Исто така овој закон спроведува посебен економски режим кој се однесува на кралското богатство и му дава на советот право на вето за работи кои ќе бидат одлучувани од централната влада, но за тоа ќе биде потребен конструктивен извештај од совет.[47]
Комисио де Говерн (Владината комисија) е извршно тело, составена од 24 советници, предводени од градоначалникот, со 5 градоначалници поручници и 17 градски советници. Секој од нив е задолжен за одделна област во владата и 5 советници кои не се бираат.[50] Пленарниот совет, составен од 41 градски советник има советодавни, планирачки, регулативни и фискални извршни функции.[51] Шесте градски советодавни комисии имаат извршни и контролирачки функции во полето на судската надлежност. Тие се составени од број на советници кој е пропорционален со бројот на советници од секоја политичка партија во пленарниот совет.[52] Градскиот совет има судска надлежност во полето на градското планирање, транспортот, општинските даноци, безбедноста на јавните автопати преку Гардиа Урбана (општинска полиција), одржување на градот, градините, парковите и животната околина, објектите (како училиштата, градинките, спортските центри, библиотеките, и.т.н), културата, спортовите, младината и социјалната благосостојба. Некои од овие должности не се ексклузивни, туку се заеднички со Генералитат де Каталунја или централната шпанска влада.
Извршното тело е раководено од Главниот општински извршен службеник кој е одговорен пред градоначалникот. Извршното тело е составено од оддели кои се правен дел од градскиот совет и од одделните правни лица од два вида: независни јавни оддели и јавни претпријатија.[53]
Седиштето на градскиот совет е сместено на Плаза Сант Жом, спроти седиштето на Генералитат де Каталуња. Уште од спроведувањето на шпанската демократија, Барселона е раководена од ПСЦ, првиот пат освоила апсолутно мнозинство, а подоцна влегла во коалиција со ЕРЦ и ИЦВ. Од изборите во мај 2008 година , ПСЦ владее само со мал дел во коалиција со ИЦ, поради тоа што ЕРЦ не сакала да ја обнови претходната коалиција. Втората најгласана партија во Барселона е ЦиУ, по неа доаѓа ПП, денес и двете се во опозиција.
Области
уредиВо 1987 година градот беше поделен на 10 административни области (districtes на Каталонски, distritos на Шпански), секоја од нив е раководена од сопствен градски совет, предводен од градски советници. Составот на секој совет зависи од бројот на гласови што секоја политичка партија ги има во таа област, па така секоја област е раководена од советник од различна партија, а не од извршниот совет. Областите се главано сместени според историски области. Некои од градските области се поранешни градови споени кон градот Барселона во XVIII и XIX век и поради тоа сѐ уште имаат свој посебен, разликувачки стил. Официјалните имиња на овие области се на каталонски јазик.
Маала
уредиCiutat Vella ("Стариот град"): El Raval (познат и како Барио Чино (Barrio Chino), ("Кинески град"), the Barri Gòtic ("Готски кварт"),Ла Барселонета (La Barceloneta) и Бари де ла Рибера (Barri de la Ribera). Еихампла (Eixample): Сант Антони (Sant Antoni), Ескера де л’Еихампла (Esquerra de l'Eixample- левата страна на Еихампла, оддалечена од морето), Дрета де л’Еихампла (Dreta de l'Eixample - десната страна на Еихампла), Бари де ла Саграда Фамилија (Barri de la Sagrada Família), Форт Пјенк (Fort Pienc), Сант Антони (Sant Antoni) Сантс Мунжуик (Sants–Montjuïc): Побле Сек (Poble Sec), Ла Марина (La Marina), Ла Фонт де ла Гуадлја (La Font de La Guatlla), Ла Бордета(La Bordeta), Хостафранкс (Hostafrancs), Сантс (Sants), Бадал (Badal).
- Лес Кортс (Les Corts): Лес Кортс (Les Corts), Ла Матернитат (La Maternitat), Педралбес (Pedralbes).
- Сарија Сант Џервази (Sarrià-Sant Gervasi): Трес Торес (Tres Torres), Сарија (Sarrià), Валвидера (Vallvidrera), Бонанова (Bonanova), Сант Џервази( Sant Gervasi), Путксет Фаро (Putxet-Farró), Галвани( Galvany).
- Грасиа (Gràcia): Валкарса (Vallcarca), Ел Кол(El Coll), Ла Салут (La Salut), Грасиа (Gràcia), Ел Камп ден Грасот (El Camp d'en Grassot)
- Хорта Гуинардо (Horta-Guinardó): Хорта (Horta),Ел Кармел( El Carmel), Ла Теихонера (La Teixonera), Ел Гуинардно (El Guinardó) (Alt i Baix), Ла Клота (La Clota), Ла Вал д’Еброн (La Vall D'Hebron),Монтбау (Montbau)
- Ноу Барис (Nou Barris): Кан Пегуера (Can Peguera), Порта(Porta), Канјелес (Canyelles), Сиутат Меридијана (Ciutat Meridiana),Гвинеута (Guineueta), Просперитат (Prosperitat), Валбона (Vallbona), Вердум (Verdum), Вилапичина (Vilapicina), Рокетес (Roquetes), Тринитат Вела (Trinitat Vella), Тринитат Нова (Trinitat Nova), Торе Баро (Torre Baró), Торе Џобета (Torre Llobeta) и Туро де ла Пеира (Turó de la Peira).
- Сант Андреу (Sant Andreu): Ла Сагрера (La Sagrera), Конгрес (Congrés), Тринитат Вела (Trinitat Vella), Бон Пастор ( Bon Pastor), Сант Андреу (Sant Andreu), Навас( Navas), Баро де Вивер (Baró de Viver)
- Сант Мартиф (Sant Martí): Диагонал Мар (Diagonal Mar), Форт Пиус (Fort Pius), Сан Марти де Провенсалс (San Martí de Provençals), Побле Ноу (Poble Nou), Ла Вернеда (La Verneda), Ел Клот(El Clot), Вила Олимпика дел Побленоу (Vila Olímpica del Poblenou).
Образование
уредиБарселона има добро развиен високообразовен систем на државни универзитети. Најпроминентен меѓу нив е Универзитетот Барселона, светски признат истражувачки и научен центар со кампуси низ целиот град.
Во Барселона исто така е сместен и Политхничкиот универзитет на Каталонија, новиот приватен универзитет „Помпеу Фабра“, Рамон Џуџ универзитетот кој ги вклучува меѓународно признатите институции и ИЕСЕ Факултетот за бизнис и ЕСАДЕ Факултетот за бизнис. Автономниот универзитет Барселона е втор државен универзитет, којшто е сместен во Белатера, град во Метрополитската област на Барселона.
Градот поседува мрежа од јавни училишта, почнувајќи од градинки па сè до средни школи, за кои е одговорен градскиот совет (сепак студентите се под одговорност на „Генералитат де Каталунја“). Исто така постојат голем број на приватни училишта, некои од нив се Католички. Како и голем број на други градови во Шпанија, Барселона сега се соочува со интеграцијата на голем број имигрантски деца од Латинска Америка, Африка и Азија.
Култура
уредиКултурните корени на Барселона датираат уште пред 2000 години. За разлика од другите делови на Каталунја, каде Каталонскиот мајчин јазик е подоминантен, Барселона е двојазичен град: официјални и широко зборувани јазици се Каталонскиот и Шпанскиот. Каталонскиот јазик којшто се зборува во Барселона, Централно Каталонски, е најблизок до стандардниот каталонски. По завладејувањето на демократијата, каталонската култура (која била многу потисната за време на диктаторскиот режим) сега се промовира преку реставрирање на делата од минатото и преку стимулација за создавање на нови дела. Барселона е наречена град на светската класа од страна на глобалната и светска проучувачка група на мрежа од градови.[54]
Забава и уметности
уредиБарселона има многу места каде се изведува жива музика и многу театар, вклучувајќи го светски познатиот Гран Театре де Лисеу кој претставува и опера и театар. Други познати театри се Националниот театар на Каталунија Teatre Nacional de Catalunya, театарот Џиуре и Палатата на Каталонската музика Palau de la Música Catalana, која е концерт сала. Исто така Барселона е дом на Сонар Музичкио фестивал [55] кој се одржува секоја година во јуни, а националниот синфониски оркестар на Барселона и Каталонија (Orquestra Simfònica de Barcelona i Nacional de Catalunya), познат како ОБЦ) е најголемиот симфониски оркестар во Каталонија. Во 1999 година, ОБЦ го отвори свечено својот нов Аудиториум (l'Auditori). Во него се изведуваат околу 75 концерти во текот на една сезона, а негов сегашен директор е Ејџи Уе.[56] Тој изобилува со возбудлива алтернативна музика, во него свират групи како „Пинкер Тоунс“ The Pinker Tones кој достигнаа меѓународна слава.[57] Годишно две значајни музички фестивали на поп се случуваат во Парк дел Форум (Parc del Fòrum ), сонар фестивал и Примавера Саунд Фестивал. Фудбалот е исто така значаен во Барселона. Нивниот домашен тим се вика ФЦ Барселона а најголем соперник на овој тим е ЦФ Реал Мадрид.
Музеи
уредиБарселона има голем број на музеи, кои покриваат различни области и периоди. Националниот музеј на Уметноста на Каталонија поседува добро позната збирка на романска уметност додека Музејот на современа уметност на Барселона се фокусира на Каталонскта и шпанската уметност создадена по 1945 година. Музејот на Жоан Миро, Музејот на Пикасо и задолжбината „Антони Тапиес“ поседуваат значајни збирки од овие светски докажани уметници.
Неколку музеи покриваат области од историјата и археологијата како Градскиот историски музеј, исторски музеј на Каталунја, Археолошки музеј на Каталунја, Морскиот музеј на Барселона и приватниот Египетски Музеј. Музејот на Еротиката на Барселона е помеѓу нај чудните, додека Космокаикса е научен музеј кој ја доби наградата Европки музеј на годината во 2006 година.
Архитектура
уредиБари Готик (Barri Gòtic - Готскиот кварт на каталонски) е центар на стариот град на Барселона. Голем број од градбите датираат од средновековниот период, некои дури од Римското населување на Барселона. Архитектурата од Каталонскиот модернизам ( познат под името Art Nouveau во другиот дел од Европа), се развил помеѓу 1885 и 1950 година, и оставил значајно наследство во Барселона. Голем број од овие згради места се прогласени за светски културни споменици. Особено значајни се делата на архитектот Антони Гауди, кои може д се видат низ целиот град. Неговото најпознато дело е огромната, но сè уште не завршена црква Саграда Фамилија, која се гради уште од 1882 година, и сè уште е финансирана од приватни донации. Во 2007 година беше донесена одлука таа да се заврши до 2026 година. Вселенските временски кули во Подемот на Даркаи е исто така главно заснован на црквата Саграда Фамилија.
Барселона е исто така дом на павилјонот на Миес ван дер Рохе (Mies van der Rohe). Тој бил дизајниран за Меѓународната изложба во Германија од1929 година. Павилјонот е извонредна градба дизајнирана од еден од најпознатите архитекти на 20 век.
Барселона го доби Златниот медал РИБА во 1999 година за нејзината архитектура,[58] за првпат ( и од 2007 година до денес единствен) пат кога победник е град, а не самостоен архитект.
Културни споменици во Барселона
уреди- Делата од Луис Доменех и Монтанер (Lluís Domènech i Montaner), Палатата на каталонската музика (Palau de la Música Catalana) и Хоспитал де Сант Пау ( Hospital de Sant Pau), беа додадени на листата во 1997 година.
- Делата на Антони Гауди, во кои влегуваат: Парк Гвељ (Park Güell), Палата Гвељ (Palau Güell), Каса Мила( Casa Milà), Каса Виценс (Casa Vicens) , Саграда Фамилија (Sagrada Família) , Casa Batlló (Каса Батло), сводовите на Колониа Гуел. Првите три дела биле прогласени за културни споменици во 1984 година. Другите четири беа додадени како дополненија во 2005 година.
Медиуми
уредиЕл Периодико де Каталунја (El Periódico de Catalunya - на каталонски и шпански јазик) и Ла Вангуардиа (La Vanguardia - на шпански јазик) се главните дневни весници на Барселона, додека Спорт и Ел Мундо Депортиво ( и двата на шпански) се главните, дневни спортски весници на градот, издавани од истоимените компании. Градот исто така е опслужуван од помал број на изданија како што се Авуј и Ел Пунт ( и двата на каталонски јазик), од национални весници со посебни изданија како Ел Паис и Ел Мундо ( и двата на шпански јазик), и од неколку слободни весници како Метро, 20 минути, АДН и Ке ( сите двојазични).
Неколку главни ФМ станици се: Каталунја Радио, РАК 1, РАК 105 и Кадена СЕР. Барселона исто така има неколку ТВ станици, помеѓу нив се БТВ ( во сопственост на градскиот совет) и 8ТВ ( во сопственост на Годо групата, која исто така ја поседува и Ла Вангуардиа). Седиштето на телевизија Каталунја, државната каталонска мрежа, е сместено во Сан Хуан Деспи, во метрополитската област на Барселона.
Спортови
уредиБарселона има долга спортска традиција и во таа беше домаќин на Летните олимписки игри во 1982 година, како и на неколку натпревари за време на ФИФА Светското првенство во 1982 година. Таа беше двапати домаќин и на Еуробаскет и Х ФИНА Светското првенство.
ФС Барселона е спортски клуб, попознат по својот фудбалски тим, еден од најголемите во Европа, двапати бил победник на УЕФА Шампионската лига. ФС Барселона исто така има тимови во Шпанската АЦБ лига ( Регал ФС Барселона), ракометарската АСОБАЛ лига ( ФС Барселона ракомет) и хокејската лига ( ФС Барселона Хогуеи). Музејот на клубот е вториот најпосетен музеј во Каталонија. Двапати во текот на една сезона, ФС Барселона и нејзиниот соперник РЦД Еспајнол се натпреваруваат во локално дерби наречено Ла Лига. Барселона има исто така и други клубови во пониските категории, како ЦЕ Еуропа и УЕ Сант Андреу.
Барселона има два стадиони со пет ѕвездички според УЕФА: ФС Барселона Камп Ноу и Естади Олимпик Луис Компанис, кој се користел за врме на Олимписките игри во 1992 година, и сегашен дом на Еспајнол, кој е во исчекување на својот нов стадион, чија изградба е речиси готова.
Опен Сеат Годо, 50-годишен АТП Светско првенство во тенис, се одржува секоја година во Реал Клуб де Тенис Барселона ( Real Club de Tenis Barcelona). Неколку позначајни натпревари во тек се организирани скоро секоја година во Барселона: Курса дел Корте Инглес (Cursa del Corte Inglés- со околу 60 000 учесници секоја година), Курса де ла Мерсе (Cursa de la Mercè), Курса Жан Буин (Cursa Jean Bouin), Мила Саграда Фамилија( Milla Sagrada Família) и Сан Силвестре (San Silvestre). Исто така, секој Божиќ се организира пливачка трка околу пристаништето. Во близината на Барселона, во Монтмело, со капацитет од 131 000, Сиркуит де Каталунја (Circuit de Catalunya) е домаѓин на Шпанското Формула Еден Гран Прии Гран При-то на Каталонската трка со мотори. Барселона стана многу позната и по скејт-бордовите, што доведе до нов анти-скејтбординг закон, кој стапи насила во 2006 година.
Транспорт и инфраструктура
уредиАеродроми
уредиНа 3 километри (2 милји) од Барселона во гратчето Ел Прат де Џобрегат (El Prat de Llobregat) се наоѓа Меѓународниот Аеродром Барселона. Тој е вториот најголем аеродром во Шпанија и најголем аеродром на средоземниот брег. Тој е главен центар за Вуелинг Аирлајнс (Vueling Airlines) и Кликаир (Clickair), исто така тој е центар и за Спанаир (Spanair), Еир Еуропа (Air Europa) и Ибериа(Iberia). Аеродромот главно опслужуба домашни и европски одредишта, но некои ави компании нудат поврзаност со Азија и САД. Аеродромот е поврзан со градот преку автопат, воз и автобуски превоз. Во 2007 година, аеродромот опслужил 32 800 570 патници.[59] Новиот терминал Т1 е во изградба и ќе почне да оперира од 17 јуни 2009 година.
Аеродромот Сабадели (Sabadell Airport) е помал аеродром во блискиот град Сабадели, кој служи за тренирање пилоти, за комерцијални летови, за аеротакси и приватни летови. Некои од ниско буџетните компании како Рајанеир (Ryanair )and Мартинеир (Martinair), претпочитаат да го користат Жирона-Коста Брава Аеродромот (Girona-Costa Brava Airport), кој е сместен 90километри (50 милји) северно од Барселона и Реус Аеродромот, кој е сместен 77км(48милји) јужно.
Морски пристаништа
уредиПристаништето во Барселона има историја долга 2000 години и огромна,современа значајност. Тоа е деветто најголемо европско пристаниште за товар, со трговски капацитет од 2.3 милиони ТЕУ во 2006 година.[60] Пристаништето е во надлежност на пристанишната власт на Барселона. Неговите 7.86 км2 (3 квадратни милји) се поделени во три зони: Порт Вел ( Port Vell , старото пристаниште), трговското пристаниште и пристаништето за логистика (нецаринско пристаниште). Во моментот, пристаништето се проширува, со што двојно ќе се зголеми неговата големина, благодарение на пренасочувањето за 2 километри јужно на устието на реката Џобрегат.[61] Во областа Порт Вел се наоѓа трговскиот центар Маремагнум, кина, ИМАКС Порт Вел и Аквариум.
Јавен превоз
уредиБарселона има широка мрежа на локален јавен превоз, во кој влегуваат мрежата на метрото, на автобусите, двете модерни посебни трамвајски мрежи, одделната историска трамвајска линија, неколку искачници и жичнички трамваи. Мрежата на барселонското метро вклучува 9 линии, идентификувани со буквата „Л“ по која следат бројот на линијата, и секоја од нив има посебна боја. Поголем дел од мрежата е управувана од Транспортс Метрополитанс де Барселона (Transports Metropolitans de Barcelona), но три од овие линии се приградски коишто минуваат низ градот. Кога ќе се заврши линијата Л9 таа ќе биде втора најголема линија во Европа со 42,6 км, веднаш зад лондонската централна линија со должина од 76км.
Исо така ТМБ обезбедува поголем дел од услугите од дневната автобуска мрежа на градот како и туристичките автобуски услуги. Туристичките автобуски услуги овозможуваат да се посети градот во отворени дабл децкер автобуси. „Барселона Бас Туристик“ оперира со три разгледувачки рути и патниците можат да се качат и да се симнат колку што сакаат. Ноќната автобуска мрежа позната како Нитбус, е под раководство на Тузгзал и Мон. Транспорт Сиутат Комтал управува со Аеробусите (до аеродромот) и Тибибус (автобус кој вози од плоштадот Каталунја до забавниот парк Тибидабо). Другите компании нудат услуги кои го поврзуваат градот со помалите градови во метрополитската област.
Друга компанија наречена Траммет управува со двете модерни трамвајски градски линии, познати како Трамваикс и Трамбесос.[62] Историската трамвајска линија наречена Трамвиа Блау [63] го поврзува метрото со Функулар дел Тибидабо. Искачницата во дел Тибидабо се искачува на ридот Тибидабо, како и искачницата де Валвидрера. Искачницата на Мунжуик води до ридот Мунжуик. Градот има две воздушни жичарници: една од замокот Мунжуик и друга која вози преку Торе Жом I и Торе Сант Себастија преку пристаништето.
Барселона е главниот центар на РЕНФЕ, Шпанската државна железничка мрежа, и нејзината главна меѓуградкса станица е станицата Барселона Сантс. АВЕ Експресниот железнички систем беше неодамна проширен од Мадрид до Барселона. РЕНФЕ керканиас/родалиес и Фероцарилс де ла Генералитат де Каталунја раководат со проширениот систем на приградски возови. Естацио дел Норд (Северната Станица), поранешна железничка станица која беше реновирана за Летните олимписки игри во 1992 година, сега служи како центар за возовите за поодалечени одредишта и регионалните автобуски услуги.
Барселона има флота од Такси кои се под управа на Институт Метрополита дел Тахи (Метрополитски институт на Такси), составен од повеќе од 10 000 автомобили. Поголем дел од лиценците им припаѓаат на самовработени таксисти.[64] Со нивните жолти и црни покриви Таксињата во Барселона се забележуваат лесно.
На 22 март 2007 година[65] градскиот совет на Барселона започна со услугата Бајсинг, која нуди велосипеди како средство за јавен транспорт. Во моментот кога корисникот ќе ја добие неговата корисничка карта, тој може да подигне велосипед од која било од 100 - те станици сместени низ целиот град и да го користи насекаде во урбаната област на градот и потоа да го остави на друга станица.[66] Оваа услуга беше вистински успех со 50 000 регистрирани корисници за период од 3 месеци.[67]
Патишта и Автопати
уредиБарселона е обиколена од 3 прстени или премини, Ронда де Далт (на планинската страна), Ронда дел Литорал (покрај брегот) и Ронда дел Миг (поделена на два дела: Гран Виа де лес Кортс Каталанес на север и Гран вие Карлес III), и двата делумно покриени [68] со брзи автопати со неколку излези кои го заобиколуваат градот.
Главните градски артерии ја вклучуваат авенијата Диагонал која минува Диагонално низ градот, Авенијата Меридијана која води до Глориес и се поврзува со авенијата Диагонал и Гран Виа де лес Кортс Каталанес, која минува низ градот од исток до запад, помунувајќи низ центарот на градот.
Меѓународни Односи
уредиГрадови близнаци - Сестрински градови
уредиБарселона е град близнак на следниве градови (дадени по гронолошки ред) [69]
|
|
Други форми на соработка, и пријателски градови слични на програмите од градовите близнаци
Друго
уреди-
Sagrada Família at night
-
Santa Maria del Mar Church
-
Santa Maria del Pi Church
-
Casa Milà (La Pedrera)
-
The Palau Nacional which houses the MNAC
-
The Arc de Triomf
-
Rambla de Mar in Port Vell (Old Harbour)
-
The Torre de Collserola in the Tibidabo Hill is the highest structure in Barcelona (288m).
-
The View from Gaudi's Park Güell
-
A meat stand in La Boqueria
-
Statue of Christopher Columbus
Погледнете кај
уреди- Метрополитската област на Барселона
- Каталонска кујна
- Каталонски јазик
- Знамето на Барселона
- Гардиа Урбана
- Список на пазари во Барселона
- Список на највисоки згради и градби во Барселона
- Мосос
- Урбаниот регион на Барселона
Наводи
уреди- ↑ Demographia: World Urban Areas
- ↑ United Nations - Department of Economic and Social Affairs: World Urbanization Prospects (2007 revision), Table A.12
- ↑ Organization for Economic Cooperation and Development: Competitive Cities in the Global Economy, OECD Territorial Reviews, (OECD Publishing, 2006), Table 1.1
- ↑ 4,0 4,1 Àmbit Metropolità. Sèrie temporal (catalan)
- ↑ „The World According to GaWC 2008“. Globalization and World Cities Study Group and Network, Loughborough University. Посетено на 3 март 2009.
- ↑ „Inventory of World Cities“. Globalization and World Cities (GaWC) Study Group and Network. Посетено на 2007-12-01.
- ↑ Emerita: Revista de Lingüística y Filología clasica 11 (1943), p.468
- ↑ Ptolemy, ii. 6. § 8
- ↑ Avienus Or. Mar.,
- ↑ Itin. Ant.
- ↑ Oros. vii. 143; Miñano, Diccion. vol. i. p. 391; Auson. Epist. xxiv. 68, 69, Punica Barcino.
- ↑ Plin. iii. 3. s. 4
- ↑ Inscr. ap. Gruter, p. 426, nos. 5, 6.
- ↑ ii. 6
- ↑ Avien. Ora Maritima. 520: "Et Barcilonum amoena sedes ditium."
- ↑ Paul. Dig. 1. tit. 15, de Cens.
- ↑ „Roman walls, Barcelona“. Bluffton.edu. Посетено на 2009-05-05.
- ↑ T.N. Bisson (1986). „II. The age of the Early Count-Kings (1137-1213) (The Principate of Ramon Berenguer IV 1137-1162)“. Во Clarendon Press - Oxford (уред.). The medieval Crown of Aragon. A short story (англиски). стр. 31. ISBN 0-19-820236-9.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Cateura Benàsser, Pau. „Els impostos indirectes en el regne de Mallorca“ (PDF). Посетено на 2008-04-24. El Tall dels Temps, 14. (Palma de) Mallorca: El Tall, 1996. ISBN 84-96019-28-4. 127pp.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 „Barcelona“. Gran Enciclopèdia Catalana. 3. Barcelona: Edicions 62. 1971. стр. 193–229. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 21,5 „Guies Estadístiques. Barcelona en Xifres. ноември 2006“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-20. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Barcelona Spain Tibidabo Sagrat Cor Church. Full Screen QTVR panoramic image“. Panoramas.dk. Архивирано од изворникот на 2009-04-28. Посетено на 2009-05-05.
- ↑ „Valores Climatológicos Normales: Barcelona / Aeropuerto - Agencia Estatal de Meteorología - AEMET“ (шпански). Aemet.es. Посетено на 2009-05-22.
- ↑ „Servei Meteorològic de Catalunya“. Meteo.cat. Архивирано од изворникот на 2013-12-28. Посетено на 2009-05-22.
- ↑ „Joan Arъs's Home Page“. Geocities.com. Архивирано од изворникот на 2009-07-23. Посетено на 2009-05-22.
- ↑ „Grup dels Sis: 2003: Un Estiu Infernal“. Архивирано од изворникот 2009-03-17. Посетено на 2009-03-17.
- ↑ „Grup dels Sis: Climatologia de Catalunya“. Архивирано од изворникот 2009-09-24. Посетено на 2009-09-24.
- ↑ „Barcelona Can Bruixa - climate (1987-2010)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04.
- ↑ „Guía resumida del clima en España (1981-2010)“.
- ↑ „TETHYS“. Tethys.cat. Архивирано од изворникот на 2009-05-17. Посетено на 2009-05-22.
- ↑ http://acam.cat/node/90
- ↑ „Situacions extraodinaries | Associació Catalana de Meteorologia“. Acam.cat. 1962-12-27. Посетено на 2009-05-22.
- ↑ „Montgat“. Geocities.com. Архивирано од изворникот на 2009-10-26. Посетено на 2009-05-22.
- ↑ „Parcs i Jardins > Els Parcs > Els Parcs de Barcelona“. Архивирано од изворникот на 2010-01-05. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Parcs i Jardins > Els Parcs > Història > La ciutat i el verd“. Архивирано од изворникот на 2009-10-03. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Parcs i Jardins > Els Parcs > Història > La democràcia“. Архивирано од изворникот на 2009-03-31. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Ajuntament de Barcelona: Estadística: Indicadors demogràfics. 2005“. Архивирано од изворникот на 2007-12-21. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Ajuntament de Barcelona: Estadística: Densitat de població. 2005“. Архивирано од изворникот на 2007-12-21. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Ajuntament de Barcelona: Estadística: Nacionalitat per sexe. 2005“. Архивирано од изворникот на 2007-12-21. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Ajuntament de Barcelona: Estadística: Coneixement de la llengua catalana per grans grups d'edat. 2001“. Архивирано од изворникот на 2007-12-21. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Barcelona: Directory: Theme: Religion“. Архивирано од изворникот на 2009-10-05. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Ajuntament de Barcelona: Estadística: Evolució de la població. 1900-2005“. Архивирано од изворникот на 2007-12-21. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Bread & Butter Barcelona. Dates, Times, Location“. Bread & Butter. Архивирано од изворникот на 2009-01-25. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ EFE (2009-01-23). „El presidente del Bread&Butter confirma oficialmente que la feria abandona Barcelona“. El Periódico.
[Karl Heinz Muller, the entrepreneur behind B&B in announcing the move in a press conference held on 23 јануари 2009 said] No llores Barcelona, levántate y haz algo [don't cry Barcelona, get up and do something about it] Barcelona in Europe is a metropolis of fashion.
- ↑ Leticia Blanco (2009-01-20). „La feria de moda urbana Bread and Butter deja Barcelona“. El Mundo.
- ↑ La crisis pone en jaque los proyectos de nuevos hoteles en Barcelona y Madrid[мртва врска]
- ↑ 47,0 47,1 BOE - LEY 1/2006, de 13 de март, por la que se regula el Régimen Especial del municipio de Barcelona.
- ↑ „Ajuntament de Barcelona > Ajuntament > El Govern de la Ciutat“. Архивирано од изворникот на 2010-07-28. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ Ajuntament de Barcelona: Organització política
- ↑ „Ajuntament de Barcelona > Council> The city government> Council Executive“. Архивирано од изворникот на 2011-01-22. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Ajuntament de Barcelona > Council> The city government> Plenary“. Архивирано од изворникот на 2011-04-15. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Ajuntament de Barcelona > Council> The city government> Committees of the Municipal Council“. Архивирано од изворникот на 2011-04-15. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Ajuntament de Barcelona > Council> The municipal administration“. Архивирано од изворникот на 2010-06-22. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Globalization and World Cities Study Group & Network - Inventory of World Cities“. Посетено на 2007-07-07.
- ↑ Sónar Music Festival
- ↑ L'Auditori: OBC
- ↑ Roberts, Nina (2006-08-06). „Catalan Musical Stew Keeps Barcelona Up All Night - New York Times“. Barcelona (Spain): Travel.nytimes.com. Посетено на 2009-05-05.
- ↑ „RIBA Royal Gold Medallists“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-27. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ Aena statistics (see annual report for 2007)
- ↑ van Marle, Gavin (2008-01-31). „Europe terminals stretched to limit“. Lloyd's List Daily Commercial News. Informa Australia. стр. 8–9.
- ↑ „Port de Barcelona“. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „News related with the council plans for the tram network union“. Архивирано од изворникот на 2009-10-03. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Information of Tramvia Blau“. Архивирано од изворникот на 2009-12-24. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „L'Administració i la gestió del Taxi de Barcelona“. Архивирано од изворникот на 2003-12-08. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „Bicing: Noticies: Data d'inici 22 de març a les 14:00 h. Pots realitzar l'alta al servei a partir del dia 16/03/07“. Архивирано од изворникот на 2007-10-29. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ Bicing: Què és Bicing?
- ↑ „Bicing: Notícies: El Bicing ja té més de 50.000 abonats“. Архивирано од изворникот на 2009-10-03. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ „The covered Rondes (by-pass)“. Архивирано од изворникот на 2009-05-16. Посетено на 2009-06-09.
- ↑ Sister cities Архивирано на 27 ноември 2012 г., in city council's webpage.
- ↑ „São Paulo - Sister Cities Program“. © 2005-2008 Fiscolegis - Todos os direitos reservados Editora de publicações periodicas - LTDA / © 2008 City of São Paulo. Архивирано од изворникот на 2012-05-17. Посетено на 2008-12-09.
- ↑ „Twinnings“. Niš City Hall. Посетено на 2008-04-17.[мртва врска]
- ↑ „Marrëveshje midis Bashkisë së Tiranës dhe Barcelonës“. gazeta start. Посетено на 2009-05-24.
Надворешни Врски
уредиПовеќе за Barcelona на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
Википатување има туристички водич за Barcelona. |
- Official Website of Barcelona
- Official Website Of Barcelona's Metropolitan Transports Архивирано на 21 јули 2006 г.
- (англиски) Travel Guide Featuring Iteneraries, Monuments, Hotels, Pubs, Museums, Maps, Parks And Things To Do Архивирано на 10 август 2018 г.
- (англиски) Barcelona Yellow Pages with comprehensive list of upcoming events
- (англиски) UK based travel guide with a different view on the Catalan city
- Best Beaches in and around Barcelona Архивирано на 7 јуни 2009 г.
- From Barcelona: The City, the Life and the People