Кофеин

хемиско соединение

Кофеинот е метилксантин кој е присутен во чајот и во кафето и претставува стимулативно средство кое денес се користи низ целиот свет. Ова соединение претставува алкалоид горчлив по вкус (впрочем тоа е и едно од физичките својства на алкалоидите). Изолиран од чајот и кафето и се употребува во медицината како благ стимуланс, како и за третирање на некои видови главоболки. Дејството на кофеинот е различно и широко. Преку инхибиција на некои ензими се влијае врз покачувањето на концентрацијата на цикличниот AMP (аденозин монофосфат).

Кофеин
Hybrid skeletal structure of the caffeine molecule
Назнаки
58-08-2 Н
ChemSpider 2424
3Д-модел (Jmol) Слика
RTECS-бр. EV6475000
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед безмирисен, бели долгнавести кристали или прашак
Густина 1,23 g/cm3, цврст
Точка на топење
Точка на вриење
2,17 g/100 ml (25 °C)
18,0 g/100 ml (80 °C)
67,0 g/100 ml (100 °C)
Киселост (pKa) −0,13–1,22[1]
Диполен момент 3,64 D (пресметана)
Опасност
Безбедност при работа:
Главни опасности
Може да доведе до смрт ако се вдише или проголта или доколку се апсорбира преку кожата.
NFPA 704
2
1
Температура на запалување N/A
Смртоносна доза или концентрација:
192 mg/kg (глувци, орално)[2]
Дополнителни податоци
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Употреба

уреди
 
Кафето претставува извор на кофеин.

Кофеинот делува стимулативно врз нервниот систем, делува на бубрезите како благ диуретик и при тоа помага во исфрлувањето на вишокот на флуиди од организмот. Кофеинот исто така делува стимулативно врз срцевиот мускул, ја покачува будноста итн. Инфузиите направени од листовите на Camellia sinensis (чај) се конзумирале на исток пред околу два милениума и практично се донесени во Европа во шеснаесеттиот век.

Британците се сметаат за најголеми консументи на чај, со просечна годишна конзумација од околу 4,5 кг, a тоа одговара на околу 300 mg кофеин.

Зрната од кафе содржат просечно по 1 % кофеин, зелениот чај содржи 1,5 - 2,5 % кофеин, кола пијалаците содржат од 12 – 18 mg кофеин на 100 mL, а некои енергетски пијалаци можат во себе да содржат значително поголем процент на кофеин.

Кофеинот претставува стимулативно средство кое создава извезна зависност. Кофеинот може да ја подобри мобилизацијата на слободните масни киселини, притоа овозможувајќи му на организмот да ги искористи како енергија (мастите при разложувањето ослободуваат најголем процент на енергија, потоа доаѓаат белковините, па јаглехидратите). Многу истражувачи се обидуваат да ја поврзат големата консумација на кофеин со зголемувањето на ризикот од болести, како на пример ракот, високиот крвен притисок и срцевите заболувања, но досега постењето на ваква врска не е еднозначно докажано.

Кофеинот кога се прима заедно со друга храна може да пречи во апсорбцијата на минералите, како на пример калциумот и железото. Така на пример пиењето многу кока-кола може да пречи во апсорбцијата на калциум, а со тоа забите и коските стануваат помалку отпорни на кршење.

Литература

уреди
  1. This is the pKa for protonated caffeine, given as a range of values included in Harry G. Brittain, Richard J. Prankerd (2007). Profiles of Drug Substances, Excipients and Related Methodology, volume 33: Critical Compilation of Pka Values for Pharmaceutical Substances. Academic Press. ISBN 012260833X.
  2. Peters, Josef M. (1967). „Factors Affecting Caffeine Toxicity: A Review of the Literature“. The Journal of Clinical Pharmacology and the Journal of New Drugs (7): 131–141.

Надворешни врски

уреди