Брод (пловило)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Бродови — без разлика дали танкери или едноставни вдлабнати кануа, отсекогаш имале голема улога во превозот на луѓе и стока. Повеќе од илјада години трговијата се одвива со помош на бродовите.
Историја
уреди-Околу 3500 година п.н.е. Египќаните започнуваат да прават бродови користејќи папирус.
- Околу 2450 година п.н.е. Египќаните започнуваат да прават бродови од дрвени даски и нив ги управувале околу 30 веслачи.
- Меѓу 500 и 323 година п.н.е. - доба на триери (стар хеленски воен брод кој се движи со помош на весла и кој има статуа од бронзен овен на предната страна со чија помош ги уништува непријателските бродови).
- 400-1200 година п.н.е. викинските дракари владеат со европските мориња.
- 1000 година Викинзите стигнуваат до копното на Северна Америка.
- Околу 1240 година започнува да се користи средно кормило.
- 1486 Бартоломео Дијас се обидува да ја заобиколи Африка и да пронајде нов поморски пат до Индија. Не успева во тоа и стигнува само до ’ртот Добра Надеж.
- 1492 година Кристофер Колумбо обидувајќи се да најде нов поморски пат до Индија стигнува до Средна Америка. Мислејќи дека стигнал до Индија домородците ги нарекува Индијанци.
- 1492 година Васко де Гама наоѓа нов поморски пат до Индија.
- 1501 - 1502 Америго Веспучи докажува дека континентот што го пронашол Колумбо е нов континент и според него го нарекуваат Америка.
- 1519 - 1522 Фернандо Магелан го обиколува светот по морски пат.
- 1700 година - појава на бродови со кормило.
- 1850 - 1959 златна доба на клипери (брзи едреници).
- 1968 - 1969 прво едрење околу светот.
Видови бродови
уреди
Патнички
- Линиски брод
- Траект
- Хидроглисер
- Брод со точак на крмата
- Лебдилица
Трговски
- Танкер
- Контењерски брод
- Клипер
- Трампер
Спортски и рекреациони
- Тркачки чамец
- Глисер
- Парен чамец
- Млазен скутер
- Чамец со весла
- Кајак
- Сплав
Рибарски
Воени
- Носач на авиони
- Крстарица
- Разурнувач
- Фрегата
- Миноловец
Специјални
- Полициски чамец
- Пловен багер
- Спасувачки чамец
- Метеоролошки чамец
- Светилник
- Кршач на ледови
- Подморница
Бродоломи и несреќи
уреди
- 1588 година - Шпанската Армада
- 1872 година - Мари Целеста
- 1912 година - Титаник
- 1915 година - Луситања
- 1963 година - Дона Паз
- 1972 година - Квин Елизабет
- 1978 година - Амоко Кадис
Бродот како тема во уметноста и во популарната култура
уредиБродот како тема во книжевноста
уреди- „Како кога два брода“ — песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.[1]
- „Бродови“ — кус расказ на македонскиот писател Климент Булоски (под псевдонимот Дозгулпмус) од 2008 година.[2]
- „Најубав брод“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[3]
- „Црвените едра“ — новела на рускиот писател Александар Грин.[4]
- „Брод“ — песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[5]
- „Бродолом“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[6]
- „Бродолом“ — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[7]
- „Пијаниот брод“ — песна на францускиот поет Артур Рембо.[8]
- „Седум брода“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[9]
- „Бродот Куманово“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[10]
Бродот како тема во музиката
уреди- „Параходот ми пристигна“ — македонска народна песна.[11]
- „Пинта, Нина, Санта Марија (Кон вечноста)“ (англиски: Pinta, Nina, Santa Maria (Into Eternity)) — композиција на грчкиот музичар Вангелис од 1981 година.[12]
- „Кога пристига бродот“ (англиски: When The Ship Comes In) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1964 година.[13]
- „Кристален брод“ (англиски: The Crystal Ship) - песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1967 година.[14]
- „Брод на будалите“ (англиски: Ship Of Fools) - песна на Дорс од 1970 година.[15]
- „Дрвени бродови“ (англиски: Wooden Ships) - песна на американската фолк-рок група Крозби, Стилс и Неш (Crosby, Stills & Nash) од 1969 година.[16]
- „Брод на будалите“ (англиски: Ship Of Fools) - песна на американскиот рок-музичар Џон Кејл (John Cale) од 1974 година.[17]
- „Брод на слободата“ (англиски: Liberty Ship) — песна на британската рок-група The La's од 1990 година.[18]
- „Бродови“ (шпански: Ships) — песна на израелската рок-група Минимал компакт (Minimal Compact) од 1982 година.[19]
- „Брод на смртта“ (англиски: Death Ship) - песна на австралиската рок-група Худу Гурус (Hoodoo Gurus) од 1984 година.[20]
Наводи
уреди- ↑ Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
- ↑ Дозгулпмус, Тритонус, Темплум, Скопје, 2008.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 62.
- ↑ Milica Nikolić, „Veliki maštar Aleksandar Grin“, во: Aleksandar Grin, Pacolovac. Beograd: Rad, 1979, стр. 154.
- ↑ Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 80.
- ↑ Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 35-36.
- ↑ Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 124.
- ↑ Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 52-56.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 56-57.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 149-150.
- ↑ Macedonian Folklore Classics, Nikola Badev. Macedonian Radio and Television, MP 41020.
- ↑ Discogs, Vangelis – 1492 – Conquest Of Paradise (Music From The Original Soundtrack) (пристапено на 24.5.2021)
- ↑ DISCOGS, Bob Dylan – The Times They Are A-Changin' (пристапено на 7.7.2023)
- ↑ YouTube, The Doors/First Album-1967 (пристапено на 24.12.2017)
- ↑ Discogs, Nhe Doors – Morrison Hotel (пристапено на 9.8.2020)
- ↑ Crosby, Stills & Nash – Crosby, Stills & Nash (пристапено на 23.1.2017)
- ↑ YouTube, John Cale - Ship Of Fools (пристапено на 14.2.2018)
- ↑ The La's – The La's (пристапено на 30.3.2023)
- ↑ Minimal Compact – One By One (пристапено на 21.11.2024)
- ↑ YouTube, Hoodoo Gurus (1984) Stoneage Romeos (пристапено на 15.12.2017)