Дали би можел?

уреди

Здраво, па еве и јас да ти посакам среќна работа на нашата Вики! Гледам се интересираш за филмови, па би те прашал: дали можеш да ја потсредиш статијата Господар на прстените (филм)? Мислам дека ни фали добра статија на оваа тема. Ја више подолго време ѝ се спремам на Господарот на прстените, ама никако да го довршам она што го почнав... Поздрав! --Филип што бе?

How you doin'... in a strictly non prison-movie-type-of-way

уреди

Еве и од мене со среќа во работата, иако веќе би требало и да ти честитам за досегашната. Навистина опширни статии на теми кои навистинаа заслужуваат да им се посвети внимание. Само една мала забелешка: обидувај се место надворешни линкови да пишуваш надворешни врски - не дека не се сфаќа, но да добро е да се оддржуваат некои стандарди а уште подобро ако истите се во рамките на нашиот напатен јазик. Како и да е, (како што веќе можеш да забележиш од насловот на оваа секција), јас ја разгледував твојата статија за Пријатели и мислам дека, со многу мали поправки, набрзо ќе биде истата предложена за избрана статија на главна. А истово важи и за повеќето твои статии... навистина се опширни.

Сега за сега - толку!

Keep up the good work! --Виктор Јованоски 10:38, 4 јули 2007 (UTC)

Шаблон

уреди

Игор, видов дека си се обидол да внесеш шаблон за телевизиска серија во твоите статии, но не си успеал. Па сега можеш. И тоа можеш да го искористиш Шаблонот:Инфокутија за телевизиска емисија или директно да копираш од англиската Википедија и само да ги македонизираш податоците зад еднаквото (=) (нешто како што си и се обидел да сториш). За пример како да пополнуваш, види ја статијата за Пријатели. Таму јас ти ја средив кутијата.

Исто така забележав и дека некои од имињата на актерите (не знам точно во која статија - мислам дека е Очајни домаќинки) не си ги превел. Сепак, обиди се да ги преведеш нив и сите останати имиња и називи на кои ќе налеташ - нашата азбука е кирилична, па било какви латинизирани имиња ќе предизвикаат проблеми при пребарувањето. На пример, ако некој сака да напише статија за Ева Лонгорија, гледајќи ја твојата статија за Очајни домаќинки, ќе кликне на името кое ти си го обележал како врска - Eva Longoria - и ќе пишува на таа страна. Но, ако некој сака да најде текст за Ева Лонгорија, најверојатно, во лентата пребарај, ќе напише Ева Лонгорија... и нема да наиде на ниту еден резултат. Мислам дека сфати.

И уште нешто - ако сакаш да напишеш текст за некоја сезона сѐ уште неемитувана на македонска телевизија, можеш и да го искористиш следниов шаблон: {{spoiler}} и {{endspoiler}}, а меѓу нив, текстот што некој не би сакал да го прочита. Ако сакаш да видиш како ова функционира, погледни ја статијата Појадок кај Тифани.

Патем, честитки и за Сопранови - уште една добра статија.

--Виктор Јованоски 17:58, 4 јули 2007 (UTC)


Браво за банерот

уреди

Еј, добар банер си направил за порталот, овој овде. Види како изгледа сето тоа. Само не знам зошто си ја избришал страницата за разговор кога си го дал предлогот. Ова во историјата го видов. Но, нема веза, банерот грее! Тој ќе го употребуваме. --Brainmachinewtf? 16:31, 17 мај 2008 (UTC)

Те молам посочи извор за сликата што сега ја подигна, Слика:Makfilm 91 VIK MRT.jpg. За оваа слика јас ќе средам (освен изворот, кој те молам да го посочиш), ама те молам во иднина секогаш давај податоци за сликите што ги подигнуваш (опис, извор и лиценца), бидејќи имаме огромен проблем со сликите, за што бевме и предупредени пред некое време. Најдобро е да го користиш шаблонот {{Слика-инфо}}, а во полето Permission (Дозвола) да ја ставиш лиценцата (за помош, види Википедија:Лиценци за слики). --iNkubusse A? 12:09, 25 мај 2008 (UTC)

Одлично, токму така треба да изгледа страницата! Поздрав. --iNkubusse A? 12:55, 25 мај 2008 (UTC)

Важно! Портал:Филм

уреди

Види го ова. Поздрав, --Brainmachinewtf? 13:18, 7 јуни 2008 (UTC)

Супер што ти текна!

уреди

Супер што ти текна да отвориш листа на епизоди за ВОВЕД ВО АНАТОМИЈА супер. Знам дека Википедија е слободна енциклопедија но јас како корисник би сакал да ти понудам соработка за вовед во анатомија ако си заинтересиран тогаш супер а ако не прави си што сакаш позз. --Макс(разговор) 15:29, 12 јуни 2008 (UTC)

ОК нема проблем само ако веќе со почнал имам еден мал план!

уреди

Глеј англиската википедија има две статии поврзани со епизодите едната е ваква како што ти си ја отворил а другата е многу по оширна за секоја епизода имаа голем текст и има кој музики ги имало во таа епизода и многу други работи е сеа јас мислам дека така е подобро а ако не можеме и ние две да имаме ама пак мислам дека да не се мачиш само една да отвориме како сакаш ти ОК.

Категорија:Родени/Починати во

уреди

Кога креираш таква категорија, само ископирај сѐ од англиската категорија (буквално сѐ) и додај англиско интервики, а на англиската категорија додади македонско интервики. Англиските категории се со имиња Category:YYYY births и Category:YYYY deaths (YYYY се четирите цифри од годината). Сепак, те советувам воопшто да не креираш такви категории, бидејќи во план е бот автоматски да ги креира сите. Само ќе си губиме време ако рачно ги правиме, не се грижи за нив. --iNkubusse A? 12:42, 15 јуни 2008 (UTC)

За Филолошки

уреди

Здраво Игор! Јас сум м-р по италијански јазик за странци (инаку дипломирав на Филолошки факултет во Скопје) и можам да ти кажам дека нема да згрешиш ако студираш италијански јазик. Избери наставна насока бидејќи потоа ќе можеш да дополагаш уште неколку испити и ќе се стекнеш и со диплома од преведувачка насока. Не знам сега какви се критериумите за упис на Филолошки факултет, но знам дека интересот е најголем на Катедрите по Англиски и по Италијански јазик. Меѓудругото, на Отсекот по италијански јазик секоја година даваат стипендии за студиски престој во Италија (на најдобрите студенти, што е мотив плус да ушиш повеќе, нели :). Инаку јас кога се запишав не постоеше катедрата за Превод и Толкување така да не знам какви им се програмите (можеби ќе најдеш нешто повеќе на нивниот сајт). Ветувам дека јас и понатаму ќе уредувам статии поврзани со Италијанскиот јазик и култура (италијанката Википедија има навистина доста интересни статии кои треба да се преведат). Поздрав и слободно прашај се што те интересира. Andreina 09:31, 29 јули 2008 (UTC)

Не беше посочен извор за Слика:Globo-Network-Logo-(2008).png

уреди
 

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:Globo-Network-Logo-(2008).png. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.

Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.

Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 01:12, 18 август 2008 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор или обратете се до Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 01:12, 18 август 2008 (UTC)

Правопис

уреди

А за она тоа/това? --203.221.86.137 03:34, 13 септември 2008 (UTC)

Това не се користи. Тоа е правилно. Она е повеќе разговорно.--Игор 08:45, 13 септември 2008 (UTC)

А зошто не се користи? Кога е правилно глава, зошто не това? Сигурен си дека „сè уште“ е правилно? Пологично е да се пишува слеано според постоечкиот модел:

  • сеуште (буг. все още)
  • сеедно (буг. все едно)
  • сепак (буг. все пак), итн. --203.221.86.140 (разговор) 12:30, 17 септември 2008 (UTC)
Това не е македонски збор. Она е показен збор и се пишуваат слеано. Поздрав -- MacedonianBoy  Oui? 12:34, 17 септември 2008 (UTC)
Не ја гледам поврзаноста меѓу глава и тоа, но нема врска. „Сè уште“ е правилно, грешно е сеуште, но сеедно и сепак се пишуваат слеано. Зошто споредуваш со бугарски? --Игор (разговор) 12:39, 17 септември 2008 (UTC)
  • „Сѐ уште“ се пишува одвоено, со надреден знак над е. Другото е добро. --iNkubusse A? 15:35, 17 септември 2008 (UTC)

Добро, ве сфатив. Само кажувам дека пишувајќи го одделено е проблематично, на пр. кога прилогот „сè“ се јавува пред него („сè сè уште...“). Нашите предци пишувале „това“, значи се работи за губењето на интервокални согласки. Па затоа прашувам: зошто, кога правописот вели дека книжевниот јазик ги чува интервокалните согласки (глава, итн.), пишуваме „тоа“? Ги споредував македонските зборови со соодветните бугарски зборови бидејќи јасно се илустрира нашиот модел на слеано и одделено пишување на зборови коишто содржат две и повеќе корени. --203.221.86.79 (разговор) 11:07, 18 септември 2008 (UTC)

Брат, нашиот нема врска со бугарскиот. Не споредувај веќе такви работи.Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 11:08, 18 септември 2008 (UTC)
Добро, де. Ама ова „сè сè уште...“ не личи на ништо. --203.221.86.162 (разговор) 02:04, 19 септември 2008 (UTC)
За тоа да.-- MacedonianBoy  Oui? 09:12, 19 септември 2008 (UTC)
Во врска со ова „сè сè уште...“ - За да не се повторуваат двапати едно по друго, може да се напише „сѐ уште сѐ“. Вака звучи и поубаво. --Игор (разговор) 10:14, 23 септември 2008 (UTC)

Иницијатива

уреди
Иницијатива
           Здраво, Igorpp!
Како што веќе можете да видите, се приближуваме кон бројот 20 000 статии и како резултат на тоа Ве информираме за следната иницијатива. Имено, дорбредојдени би биле Вашите уредувања за создавање нови статии според зададените стандарди на Википедија со што за кратко време би ја достигнале саканата цел. 20 000 статии ни се неопходни за започнување на Википедија:ВикиПроект Вести и за понатамошна успешна афирмација на македонскиот јазик и македонската Википедија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

 ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--MacedonianBoy (разговор) 18:52, 16 септември 2008 (UTC)

Глумци vs. актери

уреди

Употребувај го терминот глумец/глумица наместо актер/актерка. Се договоривме тие термини да ги користиме. Според тоа, кога ќе ги категоризираш статиите, ставај на пр. Категорија:Американски глумци наместо Категорија:Американски актери. Поздрав, Brainmachinewtf? 19:53, 24 септември 2008 (UTC)

Граматика

уреди

Што е мнозината на зборот „сон“? Сум чуел сонови, сни и сништа. --203.221.86.203 (разговор) 09:54, 3 ноември 2008 (UTC)

Иницијатива 22,222

уреди
Иницијатива 22.222
         Здраво, Igorpp!
Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

 ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)

Иницијатива за квалитетни статии

уреди
Иницијатива
           Здраво, Igorpp!
Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:53, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива 25.000

уреди
Иницијатива
         Здраво, Igorpp!
Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:53, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива за градови во Македонија

уреди
Иницијатива за градови во Македонија
         Здраво, Igorpp!
Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 20:32, 30 декември 2008 (UTC)


Иницијатива 2009-година на астрономијата

уреди
Иницијатива
           Здраво, Igorpp!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:15, 23 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 500 (избрани) статии

уреди
Иницијатива 500 (избрани) статии
           Здраво, Igorpp!
Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:47, 1 февруари 2009 (UTC)

Ве молам за мислење.

уреди

Ве замолувам да ја погледнете следнава дискусија и да го дадете своето мислење. --Макс(разговор) 15:00, 28 февруари 2009 (UTC)

Не беше посочен извор за Слика:MonkSeason5DVDCover.jpg

уреди
 

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:MonkSeason5DVDCover.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.

Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.

Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 03:12, 21 јули 2009 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор или обратете се до Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 03:12, 21 јули 2009 (UTC)

Викимедија Македонија

уреди

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:32, 7 август 2009 (UTC)

Неслободни слики

уреди

Здраво. Кога подигнуваш неслободни слики што се подигнати и на англиската Википедија (односно таму си ги нашол), како Податотека:OnChesilBeach.jpg, те молам во извор напиши го оригиналниот извор (ископирај го изворот од англиската верзија), наместо врска до англиската верзија. Исто така, многу е важно да ставиш ознака за лиценца: за слики што ги има и на англиската верзија, само ископирај ја лиценцата од таму. Повеќето лиценци ги има и на македонската Википедија, а има и пренасочувања од англиските имиња на шаблоните, што значи не би требало да се јави никаков проблем. Како пример погледни ги измените што ги направив јас на оваа слика и би требало да сфатиш што сакам да кажам. Поздрав, и ако те интересира нешто, слободно прашај. —iNkubusse A? 22:37, 28 јуни 2010 (CEST)Одговори

Во ред, благодарам. --Игор (разговор) 00:34, 29 јуни 2010 (CEST)Одговори

Вики средба

уреди

Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:54, 28 јули 2010 (CEST)Одговори

Лидери по година

уреди

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:20, 12 октомври 2010 (CEST)Одговори

10 години Википедија

уреди
        Здраво, Igorpp!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:13, 13 јануари 2011 (CET)Одговори

Покана за Вики средба

уреди
      Здраво, Igorpp!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:30, 4 јуни 2011 (CEST)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:39, 2 октомври 2011 (CEST)Одговори

Гласање за јубилејна статија

уреди

Здраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:32, 11 декември 2011 (CET)Одговори

Вилијам Шекспир

уреди

Одлична работа! Веднаш ја предложувам за „избрана“. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:30, 24 јули 2012 (CEST)Одговори

Благодарам. Статијата сѐ уште не е готова, овие денови ќе ги допреведам останатите делови и ќе ја комплетирам.--Игор (разговор) 23:33, 24 јули 2012 (CEST)Одговори
  Статијата Вилијам Шекспир, која Вие ја проширивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку знаете веќе некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Ова како потврда за вложениот труд во врска со статијата. Наскоро ќе се најде и на главната страница.:)--Kiril Simeonovski (разговор) 02:29, 2 август 2012 (CEST)Одговори

ВикиПроект: Филм

уреди

Со задоволство ве известуваме дека ВикиПроектот:Филм е реактивиран и поради ваше претходно учество ве покануваме повторно да се придружите. Оставете го вашиот коментар на почетната дискусија на страницата за разговор и запознајте се со сите новости читајќи ја новата проектна страница. Огромен поздрав и очекуваме ваше учество. --Макс(разговор) 17:48, 12 август 2012 (CEST)Одговори

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“

уреди

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија

уреди

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)Одговори

Уредувачки натпревар за вулкани

уреди

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET)Одговори

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има

уреди

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)Одговори

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018

уреди

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)Одговори

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија

уреди

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)Одговори

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019

уреди

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

Да ги средиме статиите за државите во светот

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)Одговори

Нов уредувачки натпревар

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)Одговори

Ракомет

уреди

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)Одговори

Земи учество во СИЕ Пролет 2021

уреди

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)Одговори