Википедија:Избрана статија/2018

Гласање за избрана статија

уреди

Како да гласам за овој предлог?

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 53, 31.12.2018 - 6.1.2019

Галија — антички брод кој го управувале веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на весла потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале јарболи и весла, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.

Во поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу XV и XVI век. Галиите се бореле во војните кои ги воделе древна Персија, Грција, Картагина и Рим, сѐ до IV век. По пропаѓањето на Римското Царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското Царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземни држави, италијанските приморски републики, меѓу кои и Венеција, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сѐ додека мановарите не ги истиснале од употреба. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да бидат користени како главна поморска сила, сѐ додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во XVII век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машиина, кога целосно биле исфрлени од употреба. (Дознајте повеќе...)

Седмица 52, 24.12.2018 - 30.12.2018

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Седмица 51, 17.12.2018 - 23.12.2018

Седмица 49, 10.12.2018 - 16.12.2018

Портрет на Сан Мартин.
Портрет на Сан Мартин.

Хосе де Сан Мартин (1778 – 1850) — аргентински генерал и главен предводник на борбата за независност од Шпанската Империја во јужните и централните предели на Јужна Америка. Сан Мартин бил воедно и еден од претседателите на Перу, позиција која во тоа време била именувана како „Заштитник на Перу“.

Хосе де Сан Мартин е роден во Јапеју, Кориентес, во денешна Аргентина, но уште додека бил мал, на 7 годишна возраст, заминал за Малага во Шпанија каде го започнал своето образование. Подоцна, во 1808 година, кога избила Полуостровската војна помеѓу Франција и Шпанија, Хосе де Сан Мартин зел учество во истата. Следствено на тој ангажман, Сан Мартин стапил во контакт со јужноамерикански подрржувачи на независноста на Јужна Америка од Шпанија. Во 1812 година тој заминал за Буенос Аирес и ги понудил своите способности и својата служба на Обединетите покраини на Рио де ла Плата, современа Аргентина. По Битката на Сан Лоренцо, тој организирал план за пораз на шпанската армија, која ја притискала Аргентина од север, користејќи алтернативен пат преку Вицекралството Перу. Целите првично биле да се основа нова армија, Армија на Андите, во Кујо, Аргентина. Оттука, тој го предводел преминувањето на Андите во Чиле и забележал победа во Битката на Чакабуко и Битката на Маипу. Како резултат на тие две победи била обезбедена независноста на Чиле. По тој успех, Сан Мартин кренал кон напад на шпанскиот бастион во Лима, Перу.

Сан Мартин се смета за национален херој на Аргентина и Перу и еден од ослободителите (libertadores) на Јужна Америка. Денес аргентинската влада својата највисока медаља, или одликување, го именува како „Орден на ослободителот Генерал Сан Мартин“. (Дознајте повеќе...)

Седмица 49, 3.12.2018 - 9.12.2018

ABC-транспортер — член на натсемејство на транспортни системи, која е една од најголемите и веројатно една од најстарите фамилии со претставници во сите колена на живиот свет, од прокариоти па сѐ до човекот. ABC-транспортерите често се изградени од повеќе подединици, од кои една или две се трансмембрански белковини и една или две се мембрански-асоцирани ATPази. ATPазните подединици ја користат енергијата од врзувањето и хидролизата на ATP за да ја покренат транслокацијата на различни супстрати низ мембраната, без разлика дали е за внес или изнес на супстратот.

Повеќето, но не сите, системи за внес имаат и екстрацитоплазматски рецептор кој го врзува супстратот. Некои хомологни ATPази учествуваат во процеси кои не се поврзани со транспорт, како што се на пример транслацијата на РНК и поправката на ДНК. ABC-транспортерите се класифицираат во ABC натсемејството на белковини, врз основа на секвенцата и организацијата на нивните ATP-врзувачки касетни (ABC) домени, иако нивните интегрални мембрански домени еволуирале независно едни од други неколку пати во еволуционата историја на животот, што ги прави да припаѓаат на различни белковински семејства. Интегралните мембрански белковини на ABC експортерите (изнесувачите) еволуирале независно едни од други најмалку трипати во историјата на животот. Врз основа на нивните тридимензионални структури со висока резолуција, веројатно е дека интегралните мембрански белковини на ABC импортерите (внесувачите) еволуирале независно едни од други најмалку трипати. ABC импортерите во клетката внесуваат разни молекули, како што се: хранливи материи, биосинтетски претходници, витамини, метални јони; додека ABC експортерите изнесуваат од клетката стероли, липиди, ксенобиотици и голем број на првични и вторични метаболити. Високото ниво на експресија на гените кои кодираат некои од овие експортери и кај прокариотските и кај еукариотските организми (вклучувајќи го и човекот) резултира со развој на резистентност кон многу лекови, како што се антибиотици и антиканцерогени лекови. (Дознајте повеќе...)

Седмица 48, 26.11.2018 - 2.12.2018

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Седмица 47, 19.11.2018 - 25.11.2018

e — единствен реален број, чијашто функција ex има иста вредност на наклонот на тангентата за сите вредности на x. Појасно, единственте функции, кои се еднакви на сите свои изводи се во облик Cex, каде C е константа. Функцијата ex е наречена експоненцијална функција и нејзината инверзна функција е природниот логаритам или логаритам со основа e. Бројот e е обично дефиниоран како основа на природниот логаритам (со примена на интеграл е дефинирано подоцна) како гранична вредност на секоја низа или како збир на сите редови (видете прикажување на е).

Бројот e е еден од најважните броеви во математиката, паралелно со додатните и мултипликативни идентитети 0 и 1, константата π и имагинарната единица i.

Бројот e понекогаш се нарекува „Ојлеров број“, по името на швајцарскиот математичар Леонард Ојлер. (e не треба да се меша со γ – Ојлер-Маскерониевата константа, понекогаш наречена Ојлерова константа.)

Бројот e е трансцендентен и поради тоа ирационален, односно неговата вредност не може да се пресмета во ограничен број на децимали или пак во децимали кои се повторуваат. Бројчената вредност на e, заокружена на 20 децимали е 2,71828 18284 59045 23536…. (Дознајте повеќе...)

Седмица 46, 12.11.2018 - 18.11.2018

ФК Вердер Бремен — германски фудбалски клуб од градот Бремен во северозападната германска покраина Слободниот Ханзански Град Бремен. Клубот во моментов се натпреварува во Првата Бундеслига, највисокото ниво на германскиот фудбал.

Вердер Бремен бил основан во 1899 година. Клубот е четирикратен шампион на Германија (1964–1965, 1987–1988, 1992–1993, 2003–2004) и шесткратен победник на Купот на Германија (1960–1961, 1990–1991, 1993–1994, 1998–1999, 2003–2004, 2008–2009). Покрај тоа Вердер има освоено и еден Лига куп на Германија (2006) и 3 Суперкупа (1988, 1993, 1994). Освен на домашната тие можат да се пофалат и со успеси на меѓународната фудбалска сцена каде тримуфирале во Купот на победниците на куповите (1991-1992) и Интертото купот (1998). Исто така тие играле и во финалето на Купот на УЕФА во сезоната 2008-2009, во кое биле поразени од украинскиот Шахтар Донецк по продолженија со 2-1. Од формирањето на Бундеслигата во 1963 година, клубот ги поминал сите сезони во Првата Бундеслига со исклучок на сезоната 1980-1981, кога завршиле како први во Втората Бундеслига и експресно се вратиле во елитната дивизија на Германија.

Своите домашни натпревари Вердер ги игра на стадионот Везер уште од 1924 година. Традиционалните бои на клубот се зелената и белата, па најчесто играат во зелени дресови и бели шорцеви. Најголемиот соперник на Вердер му е Хамбургер, со кого играат таканаречено Норддерби (превод на мак. Северно дерби). Досега во клупската историја Вердер Бремен променил 4 амблема. Моменталниот амблем на клубот бил создаден уште од далечната 1929 година и истиот е составен од дијамант во зелена боја, со граница во бела боја, а во внатрешноста се наоѓа буквата W исто така во бела боја. (Дознајте повеќе...)

Седмица 45, 5.10.2018 - 11.11.2018

Бомбардирана Битола во Првата светска војна
Бомбардирана Битола во Првата светска војна

Прва светска војна — глобална војна со потекло од Европа која траела од 28 јули 1914 до 11 ноември 1918 година. Повеќе од 70 милиони воени лица, вклучувајќи ги и 60 милиони Европејци, биле мобилизирани во една од најголемите војни во историјата. Повеќе од девет милиони борци и седум милиони цивили загинале како резултат на војната (вклучувајќи ги и жртвите на голем број геноциди). Оваа војна била една од најсмртоносните конфликти во историјата и го отворила патот за големи политички промени, вклучително и револуциите во многу од вклучените земји. Нерешените соперништва што сѐ уште постоеле на крајот од конфликтот придонеле за почетокот на Втората светска војна само дваесет и една година подоцна.

Војната ги вовлекла сите светски економски големи сили, собрани во две спротивставени сојузи: Сојузници (врз основа на тројната Антанта помеѓу Руско Царство, Трета Француска Република и Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска) наспроти Централните сили на Германско Царство и Австроунгарија. Иако Италија била членка на Тројната алијанса заедно со Германија и Австроунгарија, таа не им се придружила на Централните сили, бидејќи Австроунгарија презела офанзивата против условите на сојузот. Овие сојузи биле реорганизирани и проширени како што повеќе земји влегле во војната: Италија, Јапонија и САД се приклучиле кон сојузниците, додека Отоманското Царство и Царство Бугарија се приклучиле кон Централните сили. (Дознајте повеќе...)

Седмица 44, 29.10.2018 - 4.11.2018

Мадејрапортугалски архипелаг во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа на помалку од 400 километри северно од Тенерифе, Канарски Острови. Мадејра воедно е назначен како најоддалечениот регион на Европската Унија. Мадејра е една од двете автономни региони на Португалија, другиот регион е соседната островска група наречена Азори. Архипелагот е составен од островските групи: Мадејра, Порто Санто, Пусти Острови и Дивјачки Острови.

Мадејра била повторно пронајдена во 1419 година од португалските морепловци кои биле во службата на принцот Д. Енрике (Енрике Морепловецот), а ја населиле по 1420 година. Овој архилепаг се смета за првото територијално откритие во времето на португалскиот период на откритија.

Денеска Мадејра е едно од најпопуларните светски одморалишта, чии знаменитости се виното „Мадејра“, цвеќињата и рачната изработка, везилското занаетчиство, како и новогодишните прослави проследени со претстави со спектакуларни огномети (според Гинисовата книга на рекорди во Мадејра се случила една од најдолгите новогодишни прослави). Главното пристаниште кое се наоѓа во Фуншал е едно од најважните места на кое допираат сите трговски и транс-атлантски патнички крстарења помеѓу Европа, Карибите и Северна Америка. (Дознајте повеќе...)

Седмица 43, 22.10.2018 - 28.10.2018

Византиска морнарица — збирен поим за поморските сили на Византија. Како и на царството кое ја користело, таа била директно продолжување на традицијата на римската морнарица, но имала голема улога во одбраната и зачувувањето на државата за разлика од нејзиниот претходник. Додека флотите на обединетото Римско Царство се соочувале со поголеми морски закани, функционирајќи како полициска силабиле мошне послаби во моќ и престиж од легиите, морето било пак од голема важност за опстанокот на источниот дел на царството, па така некои научници ја нарекуваат и „поморско царство“.

Првата закана за Рим во Средоземјето била заканата од вандалите во V век, но нивната закана била отстрнета во војните на Јустинијан I во VI век. Воспоставувњето на постојано одржувана флота и воведувањето на дромонот галија во тој период го означува моментот кога византиската морнарица почнала да се одвојува од нејзините римски корени и да развива сопствен карактеристичен идентитет. Овој процес ќе се забрза со започнувањето на муслиманските освојувања во VII век. По загубата на Левант а подоцна и Африка, Средоземното Море било трансформирано од „римско езеро“ во поморско боиште меѓу византијците и арапите. Во овие борби, византиската флота била критична, не само за одбранатa на далечните поседи на царството околу Средоземјето, туку и за одбивање на нападите на главниот град. Иако употребата на штотуку измислениот „течен оган“, најстрашното и најпознатото оружје на византиската морнарица, и токму со ова оружје Цариград бил спасен од опсади и во бројни поморски битки биле извојувани победи. (Дознајте повеќе...)

Седмица 42, 15.10.2018 - 21.10.2018

Археидомен на едноклеточни, микроскопски организми. Тие, како и бактериите, се прокариоти, што значи дека немаат клеточно јадро ниту мембрански органели.

Археите првично биле класифицирани како бактерии, под името архебактерии (во царството Архебактерии, лат. Archaebacteria), но оваа класификација е застарена. Клетките на археите имаат уникатни својства кои ги одделуваат од другите два домени на животот, бактериите и еукариотите. Археите понатаму се поделени на повеќе колена. Класификацијата е тешка бидејќи мнозинството видови не се изолирани во лабораторија, а биле пронајдени само со анализа на нивните нуклеински киселини во примероци од нивната средина.

Археите и бактериите обично се слични по големина и форма, иако неколку археи имаат многу чудни облици, како што се плоснатите и коцкестите клетки на Haloquadratum walsbyi. И покрај оваа морфолошка сличност со бактериите, археите поседуваат гени и неколку метаболни патишта кои се поблиски со оние на еукариотите, како, на пример, ензимите вклучени во транскрипцијата и транслацијата. Другите аспекти на биохемијата на археите се уникатни, како што е присуството на етерски липиди во нивните клеточни мембрани. Археите користат повеќе извори на енергија од еукариотите; тие варираат од органски соединенија, како што се шеќерите, до амонијак, метални јони, па дури и водороден гас.

Археите толерантни на хиперсоленост (халобактерии) користат сончева светлина како извор на енергија, а други видови археи го врзуваат неорганскиот јаглерод; сепак, за разлика од растенијата и цијанобактериите, не се откриени видови на археи кои ги вршат и двете активности заедно. Археите се размножуваат бесполово, со проста делба, фрагментација или пупење; за разлика од бактериите и еукариотите, не се познати видови кои формираат спори. (Дознајте повеќе...)

Седмица 41, 8.10.2018 - 14.10.2018

Приказ на Кориолисовата сила
Приказ на Кориолисовата сила

Кориолисова сила — закривување на предметите во движење кога тие се разгледуваат во вртежен појдовен систем. Во појдовен систем со вртење во насока на стрелките, закривеноста е на лево од движењето на предметот, додека пак вртењето во насоката спротивна на насока на часовникот, закривеноста ќе биде кон десно. Иако препознаена од останатите, математичкиот израз за Кориолисовата сила се појаваува прв пат во научна статија во 1835 година напишана од францускиот научник Гаспар-Гистав Кориолис, како дел од теоријата за воденичарски тркала. Во почетоците на XX век, поимот Кориолисова сила почна да се употребува во поврзаност со метеорологијата.

Њутновите закони за движењето го опишуваат движењето на предметите во (незабрзувачки) инерцијални системи. Кога Њутновите закони се пренесени во истовремен вртежен појдовен систем, се појавуваат Кориолисовата и центрифугалната сила. Двете сили се пропорционални во однос на масата на предметот. Кориолисовата сила пропорционална на стапката на вртење и центрифугалната сила е пропорционална на квадратот на тоа движење. Кориолисовата сила дејствува во насока нормална на оската на вртење и брзината на телото во вртежен систем и è пропорционална на брзината на предметот во вртежен систем. Центрифугалната сила дејствува нанадвор во радијална насока и е пропорционален на растојанието на телото од оската на вртежниот систем. Овие дополнителни сили се наречени инерцијални сили, замислени сили или „псевдосили“. Тие ја дозволуваат Њутновите закони за вртежни системи. Тие се чинителите на исправка кои не постојат при незабрзувачки или инерцијални појдовни системи. (Дознајте повеќе...)

Седмица 40, 1.10.2018 - 7.10.2018

Telephone“ е песна од американската пејачка Лејди Гага. Издадена е од нејзиниот трет EP албум, The Fame Monster (2009). Песната, која е дует заедно со американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс, е напишана од Гага и Родни Џеркинс. Инспирирана од нејзиниот страв што не е во состојба да ужива поради посветеноста на нејзината кариера, Гага објаснила дека текстот ја прикажува поголемата љубов кон подиумот отколку да се јави на нејзиниот партнер од другата страна на телефонот, кој во реалниот свет всушност бил нејзиниот мозок кој ѝ кажувал дека треба да работи понапорно.

Музички, „Telephone“ содржи издолжен завршен дел, рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен. Ноулс се појавила во средината на песната, пеејќи ги стиховите во многу брзо темпо, придружена со посилни ритми. Песната се искачила на првото место во неколку држави поради дигиталните продажби кои го проследиле издавањето на албумот, главно во САД, Австралија, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Унгарија. Песната била успешна и во Европа каде се искачила на првите места на табелите во Белгија, Данска, Унгарија, Ирска, Холандија, Норвешка и Велика Британија. Според IFPI, синглот продал 7,4 милиони примероци во 2010 година. Критичарите забележале дека песната се одделува во позитивна насока од другите песни на The Fame Monster и добила Греми-номинација за Најдобра поп-соработка со вокали во 2011. (Дознајте повеќе...)

Седмица 39, 24.9.2018 - 30.9.2018

Селата Рибница и Тануше на планината Кораб
Селата Рибница и Тануше на планината Кораб

Горна Река — географска и етнографска област која го зафаќа северниот дел од Реканскиот регион, односно горното течение на реката Радика, во Западна Македонија. Нејзината територија административно им припаѓа на општините Маврово и Ростуше и Гостивар. Подрачјето е населено со муслиманско и православно население со албански како мајчин јазик, познато под името Шкрети, главно со македонско и во помал дел со албанско самосознание.

Горна Река е изразит планински предел ограничен од планините Кораб на запад, најјужната огранка на масивот на Шар Планина — Ничпурска Планина на север и Бистра на исток, додека на југ е отворена кон долината на Радика, но како пределна граница со Долна Река ја има клисурата Барич. Пределот е изразито алпски и суров со пасишта и говеда. Во поново време, најголемо населено место е селото Врбјани. Областа претставува изолирано и неразвиено подрачје со ограничени комуникациски врски, така што пристапот до него е отежнат во снежни услови за време на зимските месеци.

Населението на областа низ историјата главно се занимавало со земјоделство, а дел од него и денес се занимава со оваа стопанска дејност. Во минатото, областа била склона на иселување поради сезонските или постојаните преселби кон околните области, но и во странство во потрага по повисок животен стандард. Во текот на XIV век, Горна Река била дел од Српското Царство, а по неговиот распад во 1371 година станало дел од Прилепското Кралство со кое владеела династијата Мрњавчевиќ до 1395 година, кога територијата ја освоил отоманскиот султан Бајазит I и истата била дел од Отоманското Царство до Балканските војни во 1912-13 година. Во текот на XX век, таа најпрвин била дел од Кралството Србија, па од Кралството Југославија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија и денес од Македонија. (Дознајте повеќе...)

Седмица 38, 17.9.2018 - 23.9.2018

„Самоубиство“ од Едуар Мане
„Самоубиство“ од Едуар Мане

Самоубиство — чин на намерно предизвикување на сопствената смрт. Факторите кои го предизвикуваат најчесто ги вклучуваат душевни болести како што се депресија, биполарно растројство, шизофренија, злоупотреба на супстанции, вклучувајќи алкохолизам и употреба на бензодиазепин. Други самоубиства вклучуваат импулсивни дејства поради стрес, како што се финансиски тешкотии, проблеми со врски или малтретирање. Оние кои претходно се обиделе да извршат самоубиство, се изложени на поголем ризик за идните обиди. Напорите за спречување на самоубиството вклучуваат ограничување на пристапот до методи на самоубиство, како огнено оружје, дрога и отрови, третман на менталните нарушувања и злоупотребата на супстанции, правилно известување за самоубиство во медиумите и подобрување на економските услови. Иако постојат кризни линии, има малку докази за нивната делотворност.

Најчесто користениот метод на самоубиство варира помеѓу земјите и е делумно поврзан со достапноста на ефективни средства. Заеднички методи вклучуваат бесење, труење со пестициди и со огнено оружје. Самоубиството резултирало со 828.000 смртни случаи на глобално ниво во 2015 година (зголемување од 712.000 смртни случаи во 1990 година). Според овие податоци, самоубиството е десетта водечка причина за смрт во светот.

Околу 0,5% до 1,4% од луѓето умираат од самоубиство, околу 12 на 100.000 лица годишно. Три четвртини од самоубиствата се појавуваат во земјите во развој. Стапките на извршени самоубиства се генерално повисоки кај мажите отколку кај жените, кои се движат од 1,5 пати повеќе во земјите во развој до 3,5 пати во развиените земји. Самоубиството е најчесто кај оние на возраст над 70 години. Сепак, во одредени земји оние на возраст меѓу 15 и 30 се со најголем ризик. Европа имала највисоки стапки на самоубиство по региони во 2015 година. Секоја година се проценува дека има 10 до 20 милиони нефатални обиди за самоубиства. Нефаталните обиди за самоубиство може да доведат до повреда и долгорочни хендикепи. Во западниот свет, обидите се почести кај младите луѓе и жените. (Дознајте повеќе...)

Седмица 37, 10.9.2018 - 16.9.2018

Писменост — поим кој традиционално се дефинира како способност за читање и пишување. Денес значењето е проширено да вклучува и способност да се користат јазикот, бројките, сликите, сметачите и други основни начини за разбирање, општење, стекнување со корисни знаења, решавање на математички проблеми и употреба на доминантниот симболски системи на културата. Концептот за писменост се прошири во земјите-членки на ОЕЦД да вклучува и вештини за пристап до знаење преку технологијата и способност за проценка на комплексни контексти. Лице кое патува и престојува во странска земја, но не е во можност да чита или пишува на јазикот на месното население во земјата исто така би се сметало од страна на месното население за неписмено.

Клучот за писменоста е развојот на читањето, напредок во однос на вештините кое започнува со способноста да се разберат изговорените зборови и декодираат напишаните зборови и кулминира во длабоко разбирање на текстот. Развојот на читањето вклучува голем спектар на комплексни јазични основи вклучувајќи свест за говорни звуци (фонологија), правописни модели (правопис), значењето на зборот (семантиката), граматика (синтакса) и модели на образување на зборови (морфологија), сите обезбедувајќи ја потребната платформа за разбирање при читањето.

Откако овие вештини се стекнати, читателот може да стекне целосна јазична писменост, која вклучува способности да се аплицира на печатениот материјал критичка анализа, оценка и синтеза; да се пишува со точност и кохерентност; и за да се користат информацијата и увидот од текстот како основа за информирани одлуки и креативна мисла. Неможноста да се направи ова се нарекува неписменост или аналфабетизам.

Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на ООН (УНЕСКО) ја дефинира писменоста како "способност да се идентификува, разбере, толкува, твори, општи и да се пресметува користејќи печатени и писмени материјали кои се поврзани со различни контексти. Писменоста вклучува континуитет во учењето со цел овозможување на поединците да ги постигнат своите цели, да ги развијат своите знаења и потенцијали и да учествуваат целосно во нивната заедница и поширокото општество. (Дознајте повеќе...)

Седмица 36, 3.9.2018 - 9.9.2018

Вирус — подмикроскопска честичка која не е способна да расте и да се размножува надвор од клетка домаќин. Вирусите можат да ги инфицираат сите животни форми, од животни и растенија до микроорганизми, вклучувајќи ги бактериите и археите.

Од времето на објавувањето на научниот труд на Дмитриј Ивановски во 1892 година, во кој за првпат е опишан не-бактериски патоген кој го инфицира тутунот, и откривањето на вирусот на мозаичната болест на тутунот од Мартинус Бејеринк во 1898 година, околу 5.000 вирусни видови се детално опишани, иако постојат милиони типови. Вирусите се наоѓаат речиси во секој екосистем на Земјата и се најзастапениот биолошки ентитет. Науката за вируси е позната како вирологија и претставува субспецијалност на микробиологијата.

Додека не инфицираат одредена клетка, вирусите постојат во форма на независни честички. Овие вирални честички, познати и како вириони, се состојат од два или три дела: (1) генетски материјал составен од ДНК или РНК; (2) заштитна белковинска (протеинска) обвивка наречена капсид, која го опкружува и заштитува генетскиот материјал; а во одредени случаи (3) обвивка од липиди која го опкружува белковинскиот слој. Формите на вирусните честички варираат од едноставни, спирални или икосаедрични форми, до мошне комплексни структури. Повеќето вирусни видови имаат вириони кои се премногу мали за да можат да се видат со оптички микроскоп. Просечната големина на еден вирион е околу една стотина од големината на просечната бактерија.

Потеклото на вирусите во еволуционата историја на животот на Земјата се нејасни: некои вируси можеби еволуирале од плазмиди (ДНК сегменти кои можат да се разменуваат помеѓу клетки), додека други можеби еволуирале од бактерии, со упростување на нивната структура. Во еволуцијата, вирусите се значаен посредник во хоризонталниот пренос на гени, процес кој ја зголемува генетската разновидност кај организмите. Некои автори вирусите ги сметаат за форма на живот, бидејќи тие носат генетски материјал, се репродуцираат и еволуираат по пат на природна селекција. Други, пак, не ги сметаат за форма на живот, бидејќи кај нив недостасуваат клучни одлики, како што е клеточната структура, кои се сметаат за основни обележја на животот. Бидејќи тие поседуваат неколку, но не сите, квалитети на жива материја, вирусите се опишани како „организми на работ на животот“. (Дознајте повеќе...)

Седмица 35, 27.8.2018 - 2.9.2018

Анри Матис (француски: Henri Émile Benoît Matisse, 31 декември 1869 - 3 ноември 1954) — француски сликар и вајар. Почнал како фовист, експериментирал со поeнтилизмот но со време станал попрефинет и сликал со богат колорит, за на крајот да заврши со чиста декоративност и личен стил на колажни форми по кој станал препознатлив. Силно влијаел врз модерното европско сликарство и заедно со Пикасо е еден од главните негови претставници.

Интензивната разнобојност во неговите слики во периодот од 1900 до 1905 година придонела да се вбројува како еден од фовистите (диви ѕверови). Многу од неговите најпознати дела биле создадени во оваа декада или по 1906 година, кога развил строг стил кој ги нагласувал зарамнетите форми и украсните шари. Во 1917 година, Матис се преселил во населба на Ница крај францускиот брег на Средоземното Море, а полабавиот стил во неговите дела во 1920-тите му го донел статусот на издигнувач на класичната традиција во француското сликарство. По 1930 година, применувал изразено поедноставување на формите во неговите дела. Кога неговото здравје било кревко во последните години од животот, создал значајни дела со примена на хартиени парчиња колаж.

Неговото мајсторство коешто е прикажано во дела создадени во период подолг од половина век му оддало признание за водечка личност во современата уметност. (Дознајте повеќе...)

Седмица 34, 20.8.2018 - 26.8.2018

Логаритам – обратна операција на степенувањето, исто како што делењето е обратна операција на множењето и обратно. Тоа значи дека логаритам од некој број е степенот на кој што друг број треба да се степенува за да истиот се добие. Во наједноставен случај логаритмот ги брои повторените множења на ист множител, на пример, бидејќи 1000 = 10 × 10 × 10 = 103, „логаритмот со основа 10“ од 1000 е 3. Поопшто, степенувањето овозможува кој било реален број да се степенува на кој било степен, притоа дава позитивен резултат, така што може да се пресмета логаритам за кои било два позитивни реални броеви b и x каде b е различен од 1. Логаритам од x со „основа“ b, обележан како logb (x) (или logb x за да нема забуни), е единствениот реален број y така што by = x. На пример, log2 64 = 6, со оглед дека 64 = 26.

Логаритмот со основа 10 (што значи b = 10) се нарекува десетичен логаритам и има бројни примени во науката и инженерството. Природниот логаритам за основа го има бројот e (≈ 2,718), и истиот нашироко се користи во математиката и физиката заради неговиот поедноставен извод. Основата на двоичниот логаритам е 2 (така што b = 2) и се користи во информатиката. (Дознајте повеќе...)

Седмица 33, 13.8.2018 - 19.8.2018

Грег ван Авермат (роден во 1985) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Интермарше-Сиркус-Ванти. Ја освоил друмската трка на Летните олимписки игри 2016.

Покрај олимписката титула, други поголеми достигнувања му се победите на Париз-Рубе, Гент-Вевелгем и Е3 Харелбеке во 2017 година, ГП Монтреал 2016 и Тирено-Адријатико 2016, Омлоп Хет Ниусблад во 2016 и 2017, две поединечни етапни победи на Тур де Франс, бодовниот пласман и етапната победа на Вуелта а Еспања 2008 и неколку завршници на подиум на еднодневните класици.

Сметан за еден од најсестраните возачи во современиот велосипедизам, Ван Авермат е специјалист за класичните велосипедски трки, но исто така освоил етапи и генерален пласман на етапните трки, особено кога вози на ридест терен. Неговиот силен спринт му овозможува да победува од мали водечки групи, но исто така освоил трки по соло-бегства и ја носел жолтата маичка на Тур де Франс во 2016 и во 2018 година. (Дознајте повеќе...)

Седмица 32, 6.8.2018 - 12.8.2018
Флорентиновиот кодекс - митот за орелот и змијата.
Флорентиновиот кодекс - митот за орелот и змијата.

Ацтечки јазикамерикански староседелски јазик, дел од подгрупата на навански јазици од јазичното семејство на јутоацтечки јазици. Јазикот го зборуваат околу 1,5 милиони Ацтеки, од кои повеќето живеат во Мексико и дел од нив во Ел Салвадор. Ацтеките во Ел Салвадор се познати како Пипилци. Наватслкиот е сложен јазик во поглед на морфологијата и карактеристично за него е полисинтетичноста и аглутинацијата. Поради тоа, јазикот оперира со голем број сложени зборови со сложени значења изведени со помош на афикси.

Јазикот се зборувал во Централно Мексико најрано од VII век. Тој е мајчин јазик на Ацтеките, народ кој доминирал во денешно централно Мексико за време на доцниот посткласичен период на средноамериканската историја. За време на вековите пред шпанската колонизација на Мексико, Ацтечката империја територијално се проширила и ја зазела скоро целата територија на денешно Мексико и нејзиното влијание довело до издигнување на ацтечкиот дијалект од Теночтитлан на ниво на престижен јазик во Средна Америка. Со шпанското навлегување во регионот, латиницата била воведена во регионот и ацтечкиот станал пишан, литературен јазик. Така, за време на XVI и XVII век, голем број на хроники, граматики, поезија, административни документи и кодекси биле напишани на ацтечки јазик. Овој ран стандарден јазик заснован на дијалектот од Теночтитлан е означен како класичен ацтечки јазик и е еден од најпроучуваните и најдокументираните јазици во Америка. (Дознајте повеќе...)

Седмица 31, 30.7.2018 - 5.8.2018

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Седмица 30, 23.7.2018 - 29.7.2018

Седмица 29, 16.7.2018 - 22.7.2018

Тигар (Panthera tigris) — црвеникаво жолто-кафена пругаста голема мачка распространета во шумите, пасиштата и мочуришните делови на источна Русија, јужна Азија, Суматра и некои помали делови во Кина.

Тигарот живее самотно, лови ноќе, а омилен плен му се цицачите со средна големина, како на пример елените.Нивната големина, бојата и формата на пругите се определени со локацијата и во зависност од подвидовите. Јужните тигри, како што е бенгалскиот тигар (P. tigris tigris) е помал во големина и има значително посветли бои отколку тигрите распространети на север, како што е реткиот сибирски тигар (P. tigris altaica). Мажјаците растат до височина поголема од 1 метар, достигнувајќи должина од 2,2 метри, не сметајќи ја опашката со должина од 1 метар, а можат да достигнат тежина од 160 до 290 килограми. Тигарот живее околу 11 години.

Упорното користење на делови од телото на тигарот за правење различни тоници или лекови, независно од доказите за нивна неефикасност, се должи на вкоренетата стравопочит кон овие мачки што со милениуми ги инспирирале луѓето. Иако заштитени во меѓународни рамки, тигрите се вбројуваат во сериозно загрозените видови. Имено, само во последното столетие, нивната популација се редуцирала за повеќе од 90%, додека два подвидови се сметаат за исчезнати. (Дознајте повеќе...)

Седмица 28, 9.7.2018 - 15.7.2018

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Седмица 27, 2.7.2018 - 8.7.2018

Седмица 26, 25.6.2018 - 1.7.2018

Шагринска кожа (француски: La Peau de chagrin) — роман од францускиот романописец и драматург, Оноре де Балзак, издаден во 1831 година. Дејството, сместено во почетокот на XIX. век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен, кое има моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија. Романот припаѓа на „Филозофските студии“, група од Балзаковата романорека, „Човечка комедија“.

Иако романот користи фантастични елементи, главната цел му е реално прикажување на прекумерноста на буржоаскиот материјализам. Главната тема на книгата е конфликтот помеѓу желбата и долговечноста, каде што волшебната кожа ја претставува моќта на својот сопственик, која се троши со секое изразување на желба, особено кога станува збор за самото поседување на моќ.

Пред да биде завршена книгата, Балзак пробудил возбуда со тоа што издал серија статии и фрагменти во неколку париски весници. Иако задоцнил пет месеци во доставување на ракописот, тој успеал да привлече доволно интерес со што романот се распродал веднаш по неговото издавање. Второ издание, кое содржело серија од дванаесет други „филозофски сказни“, било издадено еден месец подоцна. (Дознајте повеќе...)

Седмица 25, 18.6.2018 - 24.6.2018

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Седмица 24, 11.6.2018 - 17.6.2018
Владимир Комаров во 1965 г.
Владимир Комаров во 1965 г.

Владимир Комаров (руски: Владимир Михайлович Комаров; 16 март 1927, Москва - 24 април 1967) — советски космонаут, пробен пилоот и инженер, којшто бил еден од првата група на космонаути избрани во 1960 година. Тој бил еден од најискусните и најдобро обучени кандидати коишто биле примени во Првата група на космонаути на СССР.

Во два наврата за време на неговото учество во програмата било потврдено дека Комаров е медицински неспособен за обука или лет во вселената, но неговата упорност и одлични вештини и знаења како инженер му овозможиле да продолжи да има активна улога во програмата. За време на неговата работа во Центарот за подготовка на космонаути (руски: Центр Подготовки Космонавтов), тој дал придонес во дизајнирањето на вселенско летало, обучувањето на космонаути и нивна оценка, како и во односите со јавноста. Најпосле, тој бил назначен да раководи со првата советски повеќечлена посада „Восход 1“, која опфаќала бројни технички новини во вселенската трка. Комаров подоцна бил задолжен со задачата да раководи со „Сојуз 1“ како дел од обидот на Советскиот Сојуз да победи во битката за освојување на Месечината.

Неговиот лет со „Сојуз 1“ го направил првиот човек којшто летал во вселенското пространство повеќе од еднаш, а по судирот на „Сојуз 1“ при враќањето од вселената на 24 април 1967 година и првиот човек којшто загинал за време на лет во вселената. Добитник е на бројни награди и одличја, а во два наврати бил одликуван со орденот Херој на Советскиот Сојуз. Во негова чест биле наречени бројни објекти, улици, астероид и кратер на Месечината. Неговото име се споменува и во бројни уметнички творби, а неговиот лик е отсликан на потештенски марки издадени во повеќе земји низ светот. (Дознајте повеќе...)

Седмица 23, 4.6.2018 - 10.6.2018
Човечки папиломен вирус
Човечки папиломен вирус

Човечки папиломен вирус (HPV, од анг. human papillomavirus) — папиломен вирус, кој ја инфицира кожата и слузните ципи кај луѓето. Многу е поопасен за жени, отколку за мажи. Идентификувани се околу 130 типови HPV. Некои типови на HPV предизвикуваат појава на брадавици (verrucae), некои предизвикуваат рак, а некои немаат никакви симптоми. Повеќето луѓе, кои се заразени од HPV, не знаат дека го имаат вирусот.

Околу 30-40 типови на HPV, вообичаено се пренесуваат преку сексуален контакт и го заразуваат аногениталниот дел. Некои полово преносливи типови на HPV можат да предизвикаат генитални брадавици. Долготрајна инфекција со „високоризични“ типови на HPV, кои се поинакви од оние што предизвикуваат брадавици, можат да напредуваат до предканцерозни лезии и инвазивен карцином. Заразеноста со HPV е причина за речиси сите случаи на рак на грлото на матката. Меѓутоа, повеќето од овие типови, не предизвикуваат болест.

За да се откријат измени на ткивото се зема цервикален Папаниколау тест. Ова овозможува прецизно хируршко отстранување на кондиломатозните и/или потенцијално предканцерогенозните ранички, пред да дојде до развивање на агресивниот рак на грлото на матката. Иако проширеноста на Пап-тестирањето ја намали зачестеноста и фаталноста на ракот на грлото на матката во развиените држави, оваа болест сепак убива неколку стотици илјади жени годишно, низ целиот свет. HPV- вакцините, гардасил и церварикс, кои спречуваат заразување со некои од полово преносливите типови на HPV што се воедно и најзастапени, може да водат кон намалување на бројот на канцери предизвикани од HPV. (Дознајте повеќе...)

Седмица 22, 28.5.2018 - 3.6.2018
Црвена точка во z насока како максимум за параболоидна функција на (x, y) влезни единици
Црвена точка во z насока како максимум за параболоидна функција на (x, y) влезни единици

Математичка економија — примената на математичките методи во економските теории и во анализата на проблемите презентирани во економијата. Овозможува формулирање и деривација на клучните врски во теоријата со неколку одлики како јасност, севкупност, едноставност и строга определба. Обично, применетите математички методи се однесуваат на оние посложените функции за разлика од едноставната геометрија, односно сложени методи како диференцијални и интегрални пресметки, диференцијална равенка, матрици, математичко програмирање и други пресметковни методи.

Математиката им овозможува на економистите да оформат значајни и предлози подложни на испробување за многу широко распространети и сложени теми кои не можат неформално соодветно да бидат изразени. Понатаму, математичкиот јазик им дава да оформат јасни, точни и позитивни тврдења за контроверзните или спорните теми, што инаку би било невозможно. Голем дел од економската теорија е моментално претставена преку математичко-економски модели, збир на стилизирани и упростени математички врски кои ги појаснуваат претпоставките и следствата. (Дознајте повеќе...)

Седмица 21, 21.5.2018 - 27.5.2018
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница (француски: Nice; окситански: Niça [класичен облик] или Nissa [нестандардно], италијански: Nizza или Nizza Marittima, грчки: Νίκαια, латински: Nicaea) — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на оганот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

Седмица 20, 14.5.2018 - 20.5.2018

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Седмица 19, 7.5.2018 - 13.5.2018

Седмица 18, 30.4.2018 - 6.5.2018
Знаме на Алабама
Знаме на Алабама

Алабама (англиски: Alabama) — сојузна држава во САД, сместена во југоисточниот регион. Алабама се граничи со Тенеси на север, Џорџија на исток, Флорида и Мексиканскиот Залив на југ, и Мисисипи на север. Алабама е рангирана на 30 место според големина на површина и на второто место споредпловни внатрешни води. Алабама, исто така, се наоѓа на 23 место според бројот на население, кој во 2016 г. изнесувал околу 4.863.300 жители.

Од Американската граѓанска војна па сè до Втората светска војна, Алабама, како и многу други јужни држави, се соочила со големи економски тешкотии, делумно и поради континуираната зависност од земјоделството. И покрај порастот на поголеми индустрии и урбанизирани градови, интересите на Белците доминирале во областа на законодавството сè до 1960-тите, додека пак, интересите на Афроамериканците биле помалку застапени. По Втората светска војна, Алабама искусила пораст на економијата на државата која се должела на пренасочувањето од агрикултура кон тешки производи, минерална екстракција, образование и технологија. Покрај тоа, се случило и воспоставување или проширување на веќе постоечките воени објекти, примарно тие на армијата на САД и силите на воздухопловството, како државни работни места. (Дознајте повеќе...)

Седмица 17, 23.4.2018 - 29.4.2018
Американски тенкисти во Ирак
Американски тенкисти во Ирак

Тенкгасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судар со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и поддршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини.

Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква поддршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони. (Дознајте повеќе...)

Седмица 16, 16.4.2018 - 22.4.2018

Земја — една од осумте планети во Сончевиот Систем. Таа е трета земја по оддалеченост од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот.

Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години, што е потврдено со одредувањето на времето на полураспаѓање на ураниумот и ториумот. Времето на полураспаѓање на U238 е 4,51 x 109, а Th232 е 1,39 x 1010 години.

Земјата има и магнетно поле кое, заедно со атмосферата, ја штити од зрачење (штетно по живите суштества кои ја населуваат земјата). Атмосферата, исто така служи и како штит за одбивање на помалите метеори, кои поминувајќи низ неa согоруваат пред да стигнат до земјената површина.

Почнувајќи од 1970 година, на 22 април секоја година се празнува Денот на планетата Земја. (Дознајте повеќе...)

Седмица 15, 9.4.2018 - 15.4.2018

Уметност — човечка активност, производ на таа активност или идеја за истата, поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот. Може да се рече дека уметноста му е својствена на човекот, со што тој се разликува во рамки на природата, и се издвојува од останатите живи битија.

Во Европа, од крајот на 18 век, овој поим главно се однесува на производите на таканаречените „убави уметности“, како на пример вајарствота, сликарството, архитектурата, графиката, но исто така и музиката, танцот, поезијата и литературата. Подоцна на тоа, меѓу другото, се додават и кујната, кинематографијата, театарот, фотографијата, стрипот, телевизијата, односно дигиталната уметност. Класификацијата на уметностите не е универзална и да се бара единствена класификација се чини невозможно.

Оваа концепција на уметноста како автономна активност, како производ на предмети од страна на уметници кои се во потрага по убавото, согласно судот на вкусот, датира од периодот меѓу 18 и 19 век. Но честопати се смета дека модерната и современата уметност го напуштиле поимот на убавото и на безвременскиот стил за да ги прифатат принципите на трансгресијата. (Дознајте повеќе...)

Седмица 14, 2.4.2018 - 8.4.2018
Знаме на Бутан.
Знаме на Бутан.

Бутан — земја во Јужна Азија, сместена на источниот крај на Хималаите. Државата на југ, исток и запад се граничи со Индија, а додека на север се граничи со НР Кина. Од Непал, државата е одделена со индиската држава Сиким, а од Бангладеш со сојузната држава Западен Бенгал. На бутански јазик или ѕонгка, државата се нарекува „Друк јул“ (འབྲུག་ཡུལ་) што во превод значи „Земјата на молњестиот змеј“.

До скоро, Бутан важеше за една од најизолираните земји во светот, но денес државата е под забрзан развој и има интернет, мобилна, телевизиска и телефонска мрежа. Сепак, Бутан го избалансирал овој модерен развој со својата античка традиција и култура под директно водство на бруто националната среќа. Владата во Бутан презема доста мерки за зачувување на националната култура, традиција, идентитет и природа. Според „Business Week“ и Универзитетот во Лестер, Бутан е најсреќната држава во Азија и осма најсреќна држава во светот според истражувањата на универзитетот во 2006 година.

Релјефот на Бутан е разновиден. Така, државата е составена од суптропски рамници на југот па сè до планински предели на север со високи врвови, од кои некои изнесуваат над 7000 метри надморска височина. Државната религија во Бутан е ваџрајанскиот будизам. Исто така најголем број од населението се будисти, додека втора најголема религија е хиндуизмот. Најголем град, а воедно и главен град, во Бутан е Тимпу. Вкупната површина на државата е 38.394 квадратни километри.

По долгогодишно владеење од страна на монархијата, Бутан ги одржал своите први демократски избори во март 2008 година. Покрај останатите меѓународни организации, Бутан е член на ООН и Јужноазиското здружение за регионална соработка. (Дознајте повеќе...)

Седмица 13, 26.3.2018 - 1.4.2018

Освојување на Африка — период од историјата на Африка проследен со окупација, поделба и колонизација на африканската територија од страна на европските сили за време на периодот на т.н. Нов империјализам, во периодот помеѓу 1881 и 1914 година. Во 1870 година, само 10% од Африка бил под европска контрола, додека до 1914 година овој процент се зголемил на речиси 90% од континентот. Единствено Етиопија (Абисинија), Дервишката држава (денешна Сомалија) и Либерија биле независни.

Берлинската конференција од 1884 година, која ја регулирала европската колонизација и трговија во Африка, обично се нарекува почетна точка за борбата во Африка. Како последица на политичките и економските соперништва меѓу европските империи во последниот квартал од 19 век, европските сили често избегнувале да војуваат меѓу себе кога станувало збор за континентот. Во подоцнежните години на 19 век, транзицијата од „неформалниот империјализам“ со воено влијание и економска доминација, го насочило владеењето, доведувајќи го колонијалниот империјализам. (Дознајте повеќе...)

Седмица 12, 19.3.2018 - 25.3.2018

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Седмица 11, 12.3.2018 - 18.3.2018

Затемнување на Сонцето — тип на затемнување којшто се случува кога Месечината поминува помеѓу Сонцето и Земјата, а Месечината целосно или делумно го попречува („прикрива“) Сонцето. Ова може да се случи само на млада месечина, кога Сонцето и Месечината се врзани кога се гледаат од Земјата во усогласување познато како сизигија. Во целосно затемнување, дискот на Сонцето е целосно прикриен од Месечината. Во делумно и прстенесто затемнување, само дел од Сонцето е прикриено.

Ако Месечината била во совршена кружна орбита, малку поблиску до Земјата, и во исто време и орбитална рамнина, целосно затемнување на Сонцето би имало секој месец. Но, орбитата на Месечината е наклонета (навалена) на повеќе од 5 степени кон Земјината орбита околу Сонцето (видете еклиптика), па нејзината сенка на млада месечина обично ја промашува Земјата. Земјината орбита е наречена еклиптичка рамнина бидејќи орбитата на Месечината мора да ја помине оваа рамнина со цел да дојде до затемнување (како сончево така и месечинско). Покрај тоа, вистинската орбита на Месечината е елипсовидна, често носејќи ја доволно далеку од Земјата што аголната големина не е доволно голема да го попречува Сонцето целосно. Орбиталните рамнини се поминуваат едни со други во јазолна линија што резултира со најмалку две, а најмногу пет, затемнувања на Сонцето кои се појавуваат секоја година; не повеќе од две кои можат да бидат целосни затемнувања. Меѓутоа, целосно затемнување на Сонцето е ретко на било која локација бидејќи целосно излегува само на тесен пат на површината на Земјата која е проследена од сенката на Месечината.

Затемнувањето е природна појава. Сепак, во некои антички и модерни култури, затемнувањето на Сонцето се припишува на натприродна причина или се смета за лош предзнак. Целосно затемнување на Сонцето може да биде застрашувачки за луѓето кои не се свесни за неговото астрономско објаснување, бидејќи Сонцето се чини дека исчезнува во текот на денот и небото почнува да се затемнува во рок од неколку минути. (Дознајте повеќе...)

Седмица 10, 5.3.2018 - 11.3.2018

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Седмица 9, 26.2.2018 - 4.3.2018

Седмица 8, 19.2.2018 - 25.2.2018
Дел од Свитокот на храмот, еден од најдолгите делови од Свитоците од Мртвото Море.
Дел од Свитокот на храмот, еден од најдолгите делови од Свитоците од Мртвото Море.

Хебрејски јазик (עִבְרִית) — семитски јазик, дел од подгрупата на канански јазици од поголемата група на северозападни семитски јазици. Јазикот е матичен и национален јазик на Израел и истиот го зборуваат околу 10 милиони луѓе во светот. Историски, за хебрејскиот се смета дека е јазикот на Израелитите и нивните потомци, иако самиот јазик не се именува како „хебрејски“ во Танах. Најраните примери за пишан палеохебрејски датираат од 10 век п.н.е. Денес, хебрејскиот е единствен жив јазик од групата на канански јазици, а воедно и единствен вистински успешен пример за јазично оживување.

Хебрејскиот престанал да биде средство за секојдневно општење некаде во периодот од 200 до 400 година, особено по катастрофалните последици од Востанието на Бар Коха. Во тој период како меѓународен јазик се појавил арамејскиот, особени меѓу елитната класа и имигрантите. Во Средновековието јазикот опстојал како јазик на еврејската литургија, рабинската книжевност, меѓуеврејска трговија и еврејската поезија. Почетокот на јазичното оживување на хебрејскиот бил во 19 век, кога хебрејскиот полека започнал да станува говорен и пишан јазик меѓу Евреите. Јазикот станал „лингва франка“ на палестинските Евреи, а како последица на тоа и на денешен Израел.

Современиот хебрејски јазик е службен јазик на државата Израел. Јазикот е втор јазик на Арапите во Израел, а истиот го изучуваат и Евреи кои живеат надвор од Израел, но и археолози и јазичари кои се специјализираат за студии за Блискиот Исток. Хебрејскиот јазик е јазик на Еврејската Библија и Стариот завет и поради тоа Еверите го именуваат јазикот и како „свет јазик“. (Дознајте повеќе...)

Седмица 7, 12.2.2018 - 18.2.2018

Уметничко лизгање — зимски спорт во којшто поединечно, во двојка или групно со лизгање на мраз и со помош на други елементи, најчесто музичка композиција, се изведуваат различни чекори, вртења и скокови. На официјалните натправрувања, натпреварувачите во овој спорт се натпреваруваат во 4 дисциплини: поединечно во женска конкуренција, поединечно во машка конкуренција, танцови двојки и спортски двојки. Натпреварувачите, исто така се натпреваруваат и на различни натпреварувања, почнувајќи од почетниците, кои се натпреваруваат на локални натпревари и завршувајќи до најдобрите, кои се натпреваруваат на најсилните меѓународни натпреварувања. Уметничкото лизгање е олимписки спорт со натпреварувања на сите Зимски олимписки игри. Во некои јазици, името на овој спорт е „уметничко лизгање“.

Во светски рамки, официјална организација во спортот е Меѓународната лизгачка организација (ISU), основана во 1892 со седиште во Лозана. Голем број на меѓународни натпреварувања се санкционирани од страна на ISU, како што се натпреварувањата на Зимските олимписки игри, светските првенства, европските првенства, првенството на четири континенти и гран-при натправрите.

Денес, уметничкото лизгање е поврзано со останатите комерцијални настани. На големите напреварувања, обично последниот ден има егзибициски карактер, во кој најдобрите натпреварувачи ги покажуваат своите разлилчни вештини и способности, надвор од очите на судиите. Голем број на лизгачи учествуваат и се дел од многу останати емисии, поврзани со спортот, но и надвор од него. (Дознајте повеќе...)

Седмица 6, 5.2.2018 - 11.2.2018

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Седмица 5, 29.1.2018 - 4.2.2018

Фленсбургслободен град (kreisfreie Stadt) во северниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, северна Германија. Зад Кил и Либек е трет најголем град во Шлезвиг-Холштајн, најголем град во областа Шлезвиг и најсеверен слободен град во Германија. Фленсбург се наоѓа на крајот на Фленсбуршкиот Фјорд и на северната граница на полуостровот Ангелн.

Како средиште на данското малцинство во Јужен Шлезвиг, Фленсбург зел водечка улога за признавање на националните малцинства по референдумското изјаснување во 1920 година и по објаснувањето помеѓу Бон и Копенхаген во 1955 година, содржејќи многу дански институции. Од не толку мал дел од околу 90.000 жители, покрај германскиот и данскиот јазик, се говорат и долногерманскиот и дијалектот пету.

Во рамките на Германија, градот е познат по службата за патен сообраќај, чие седиште е во градот, Фленсбуршкото пиво и ракометниот клуб РК Фленсбург-Хандевит. Поранешните главни носители на растот во XIX и XX век како трговијата со рум и воената настава, со поморската школа Фленсбург-Мирвик, денес играат незначителна улога. Од големо значење за градот се граничниот туризам, Фленсбуршкото пристаниште со историското пристаниште и бродоградилиштето, како и 8.600 студенти на Високата школа Фленсбург и Европскиот универзитет Фленсбург.

Во мај 1945 година, Фленсбург бил место на последната влада на Нацистичка Германија, т.н. Фленсбуршка влада предводена од Карл Дениц, кој владеел од 1 мај (смртта на Хитлер) една недела додека германската војска не се предала и градот бил окупиран од сојузничките сили. Режимот бил официјално распуштен на 23 мај.

Најблиски поголеми градови се Кил (86 км на југ) и Оденсе во Данска (92 км на североисток). Центарот на градот се наоѓа 7 километри од данската граница. (Дознајте повеќе...)

Седмица 4, 22.1.2018 - 28.1.2018

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Седмица 3, 15.1.2018 - 21.1.2018

Џон Роналд Руел Толкин (англиски: John Ronald Reuel Tolkien; 3 јануари 1892 – 2 септември 1973) — англиски писател, филолог, поет, универзитетски професор и книжевен критичар. Толкин е познат во светската книжевна јавност по неговите епски дела „Хобитот“, „Господарот на прстените“ и „Силмарилион“.

Толкин предавал староанглиски јазик на колеџот Сент Џон во Оксфорд и на колеџот Пемброук од 1925 до 1945 година. Тој исто така предавал англиски јазик и книжевност на колеџот Мертон во Оксфорд од 1945 до 1959 година. Толкин своевремено бил близок пријател со К. С. Луис, со кој заедно членувале во книжевното друштво познато како „Инклингс“. На 28 март 1972 година Толкин бил одликуван со Редот на британската империја од страна на кралицата Елизабета II.

По смртта на Толкин, неговиот син Кристофер Толкин објавил серијал дела кои се всушност необјавени ракописи на самиот Толкин, меѓу кои и познатото дело „Силмарилион“. Овие, заедно со „Хобитот“ и „Господарот на прстените“, создаваат поврзано тело на раскази, поеми, измислени историски настани, измислени јазици и книжевни критики и есеи за измислениот свет наречен „Арда“ и „Средна земја“, раскази и настани кои се делумно засновани на нордиската митологија.

Иако голем број писатели објавиле дека од сферата на фантастиката пред времето на Толкин, големиот успех на „Хобитот“ и „Господарот на прстените“ довеле до широко распространување и популарност на епската фантастика како жанр. Така, ова довело до општото јавно мислење и постоветување на Толкин како „татко на современата книжевна фантастика“— или поточно епската фантастика. Во 2008 година, весникот „The Times“ го рангирал Толкин на шестото место на списокот на „50 најголеми британски автори од 1945 година“. Од друагата страна пак. „Forbes“ го рангирал на 5 место од најпрофитабилни „починати познати личности“ во 2009. (Дознајте повеќе...)

Седмица 2, 8.1.2018 - 14.1.2018

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Седмица 1, 1.1.2018 - 7.1.2018

Тутун — род на кратколисни растенија од фамилијата Зрнци по потекло од Северна и Јужна Америка, или сушените остри листови на овие растенија. Тутуновите листови често се пушат (видете пушење тутун) во облик на пури. цигари, во луле или наргиле. Ова е потенцијално штетно за белите дробови и може да предизвика рак и заболувања на истите, како да речеме астма. Тутунот може и да зе џвака, „макнува“ (става помеѓу образот и непцето) и вшмркува во нос како фино мелен бурмут. Највеќето уживатели на тутунот во било кој облик навлекуваат навика да го користат секој ден.

Тутунот содржи никотин, силен невротоксин кој е особено опасен за инсектите. Секој начин на земање на тутун резултира со апсорпција на никотин во разни количества во крвотокот на уживателот, и со време, развиток на толеранција и зависност. Количеството на апсорпција, неговата честота и брзина се тесноповрзани со мерата на зависност и толеранција (доколку ги има) која може да се создаде. Смртоносна доза на никотин има во половина пура или три цигари; меѓутоа, само мал дел од никотинот во овие производи оди во чадот и речиси сите случаи на никотинско труење се резултат ана концентрирани облици на состојката која се користи кај инсектицидите. Други активни алкалоиди во тутунот се хармалините.

Прилично зголемениот ризик за развој на рак се должи на плетора од нитрозамини и други канцерогени состојки кои се наоѓаат во тутунот и неговите остатоци заради анаеробно загревање, заради пушењето или начинот на сушењето на тутунот на оган. Некои методи на сушење на тутунот го зголемуваат ризикот на орален рак. (Дознајте повеќе...)

Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
Месечина
Свети Јосиф  • Албанија  • Џорџ Орвел
Линебург  • Алехандро Валверде  • Тур де Франс 2019  • Брзина на светлината  • Свети Климент Охридски  • Одржлива енергија  • Договор за неширење на јадрено оружје  • Инвазивен вид  • Отпад од храна  • Последици од глобалното затоплување
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски тела  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики  • Обединета Ерменија  • Реброносци  • Казахстан  • Средновековна Романија
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермат  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC-транспортер  • Хосе де Сан Мартин
Оноре де Балзак  • Гравитациски бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи-сарај  • Јадрено цепење  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
Безјеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносна распределба  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаоски јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
Фердинанд I • Историја на христијанството • Старогрчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадејра • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска Државна Заедница • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хосе Раул Капабланка • Фердинанд I
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Цариград (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
Кочо Рацин • Светско првенство во фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
Евтини приказни