Џулио Полерио
Џулио Чезаре Полерио (италијански:Giulio Cesare Polerio; роден во 1548 во Ланкијано - починал во 1612 во Рим) бил италијански шахист и шаховски теоретичар. Бил сметан за најдобар шахист во Рим.
Во 1575, Џулио кој имал прекар l'Abruzzese, бидејќи Ланкаијано е во областа Абруцо, го придружувал Џовани Леонардо ди Бона на турнирот во Мадрид. Се натпреварувале заедно и ги покажале своите знаења и способности против шпанскиот двоец составен од Реј Лопес и Алфонсо Серон. Потоа на италијанците им се придружил Паоло Бои, познат под прекарот Il Siracusano.
По турнирот во 1575, Полерио останал во Мадрид. Во периодот од 1580 до д1600, Полерио оставил многу ракописи. По враќањето во Рим, тој станал шаховски мајстор на принцот од Бонкомпањо. Во 1606, Полерио изгубил од Џеронимо Каскио во Рим.
Надворешни врски
уреди- Шахматный словарь. Москва: Физкультура и спорт, 1964. С. 309—310.
- Шахматы: Энциклопедический словарь. Москва: Советская энциклопедия, 1990. С. 309. ISBN 5-85270-005-3.
Оваа статија поврзана со шахот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |