Рио де Жанеиро, често нарекуван и само Рио — втор по големина град во Бразил и 3. метропола во Јужна Америка, достигнувајќи максимални 6,3 милиони жители во внатрешноста на градот, правејќи го 6. по големина во Северна и Јужна Америка, а 26. во светот. Овој град бил главен град на Бразил скоро два века, од 1763 до 1815 во времетраењето на Португалската колониска ера, после 1815 до 1821та станува главен град на Обединетото Кралство на Португалија, Бразил и Алгарвеш. Рио де Жанеиро многу често е нарекуван the Cidade Maravilhosa, што во превод значи “Волшебниот град”. Рио де Жанеиро го претставува вториот по големина БДП (бруто-домашен производ) во земјата( а 30. по големина во светот во 2008 година) кој се проценува на близу 343 милјарди реали ( скоро 201 милјарди американски долари) и е седиште на двете големи Бразилски компании – Петробас и Вале, и големите нафтени компании и телефонија во Бразил, покрај најголемиот конгломерат на медиуми и комуникациски компании во Латинска Америка, Глобо Организации. Како дом на многу универзитети и институти Рио де Жанеиро е вториот по големина центар за истражување и развој во Бразил. Овој град е најпосетуваниот град во јужната полутопка и е познат по неговите природни опкружувања, славењето на карневалите, самба, Босанова и плажите како што се Бара де Тихука, Копакабана, Опанема и Леблон. Во прилог на плажите оди и најпознатата знаменитост, огромната статуа на Исус Спасителот ('Cristo Redentor') на врвот на планината Корковадо, оваа статуа е дел од Новите Седум Чуда на Светот. Потоа планината Шеќерна Глава, Самбадроме (област во која се стационирани повеќе училишта за самба танц и која се користи како авенија за време траење на Карневалот) и на крај Стадионот Маракана, еден од најголемите фудбалски стадиуми во светот. Летните олимписки игри во 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, а со ова ќе се обележи првиот пат на Јужна Америка да биде домаќин на настан. Стадионот Маракана во Рио ќе биде исто така домаќин на финалниот меч за Светското првенство во фудбал во 2014 година. Во 2013 година Рио де Жанеиро е домаќин на Светскиот ден на младите.

Знаме на Рио де Жанеиро

Местоположба

уреди

Рио де Жанеиро лежи на Бразилскиот Атлантски брег, близу до јужниот напоредник, чиешто крајбрежје е ориентирано од исток кон запад. Овој град е основан на мало заливче наречено Гуанабара, чијшто влез е местото наречено Шеќерна Глава. Центарот (Centro), јадрото на Рио, лежи на рамнините на западниот брег од заливот Гуанабара. Поголемиот дел од градот, најчесто именуван како Северната Зона (Zonа Norte), се протега на северозапад на рамнините составени од морски и континентални седименти, како и на околните ридови и неколку карпести планини. Јужната Зона (Zona Sul) на градот ги опфаќа плажите кои ги допираат ивиците на отвореното море, оваа зона е одделена од Центарот и од Северната Зона со помош на крајбрежните планини. Овие планини и ридишта се простираат од Сера де Мар до северозападниот антички планински венец кој ги основа јужните падини на Бразилските планински области. Големата Западна Зона (Zona Oeste), која долго време била отсечена поради непроодните планински терени, станала проодна и се здобила со нови патишта и тунели до крајот на 20 век. Популацијата во градот Рио де Жанеиро, опфаќајки 1,182.3 км2 е проценета на околу 6,100,000 жители. Додека популацијата во поширокиот круг на градот е проценета на околу 11-13 милиони жители. Рио беше главен град сè до 1960 кога Бразилија и го зема тоа место. Жителите на градот се познати како Кариоки. Официјална песна на Рио де Жанеиро е "Cidade Maravilhosa"( во превод значи “Чудесен Град”).

Клима

уреди

Рио има тропска клима која има одлики како и тропската монсунска клима, според климатската класификација на Коопен, и многу често е карактеризирана со долги периоди на врнежи, најчесто од Декември до Март. Во внатрешните области на градот, температурата достигнува и над 40 °C и овие периоди се чести во летото, иако ретко траат долги периоди, додека максимална температура над 27 °C може да се случи на месечна база. Долж брегот, ветерот кој дува наизменично море-копно ја моделира температурата. Поради географската местоположба, градот е често изложен, посебно за времетраењето на есента и зимата, на ладни влијанија од Антарктикот, предизвикувајќи чести промени на времето. Најчесто во лето силните врнежи од снег предизвикуваат катастрофални поплави и лизгање на земјиштето. Планинските области регистрираат повеќе врнежи бидејќи тие се границите кои не дозволуваат влажните ветрови од Атлантикот да навлезат во внатрешноста. Се вели дека градот имал многу слана во минатото (во некои области во границите на државата Рио де Жанеиро паѓа град скоро секоја декада, а врнежи од снег 2 до 4 пати во еден век), но ова никогаш не е потврдено. Се вели дека во рамките на градот температурата може да достигне над 50 °C . Во жешките и сончеви денови на површината од асфалтот може дури да се зготви храна. Кога ова се случува луѓето(посебно децата и старите лица) кои не се свесни за потребните заштитувања во овој период можат да се разболат. Но за овие два случаи ваквите нерегистрирани “екстремни” температури се веројатно само урбани легенди. Просечната минимална годишна температура е 21 °C, просечната максимална годишна температура изнесува 27 °C, додека просечната годишна температура е 23 °C. Просечната годишна количина на врнежи изнесува 1,175 мм. Според записите на INMET (Instituto Nacional de Meteorologia во превод Национален институт за метеорологија), минималната температура која била евидентирана изнесувала 4.8 °C во јули 1928 во соседството на Кампо дос Афонсос а највисоката температурата изнесува 44 °C во февруари. Температурите под 10 °C се многу ретки во градот. Температурата варира во зависност од височината, далечината од брегот и видот на вегетација. Зимото носи благи зими и помала количина на врнежи отколку во летниот период. Просечната годишна температура на морето се движи околу 23 °C-24 °C, од 22 °C во периодот од Јули до Октомври до 26 °C во февруари и Март.

Историја

уреди

Европејците првпат го населиле заливот Гуанабара на 1. Јануари 1502 година (одтаму и доаѓа називот Рио де Жанеиро во превод Јануарската Река).Поточно тоа го направила португалската експедиција под директива на истражувачот Гаспар де Лемос, капетан на брод кој бил дел од флотата на Педро Алвареш Кабрал. Наводно и познатиот Америго Веспучи бил дел од оваа експедиција како набљудувач на покана од Кралот Мигел I. Областа на Рио била населена од страна на население кои биле припадници на племињата Тупи, Пури , Ботокудо и Махакали.

Во 1555 година еден од островите на заливот Гуанабара, во денешно време познат како островот Вилегагнон бил окупиран од 500 Француски колонисти под дирекција на францускиот адмирал Николас Дуранд де Вилегегнон. Потоа Николас ја изградил тврдината Колигни на самиот остров трудејќи се да ја спроведе Француската Антарктичка колонија. Површината на градот Рио де Жанеиро првпат беше населена од страна на Португалците на 1 март 1565 година и градот бил именуван Сан Себастијан До Рио де Жанеиро, во чест на Св. Себастијан, кој бил светец кој го носел истото име и бил патрон на тогашниот португалски монарх Д. Себастио. Рио де Жанеиро било името на денешниот залив Гуанабара. До крајот на 18 век , на градот му се заканувале со напади најчесто од страна на Француските пирати, како што се Џон Франциц Дуклерк и Рене Дугеј Троин.

Во доцниот 17 век, во времетраењето на Шеќерната Ера, Бандеирантите пронајдоа злато и дијаманти со што Рио де Жанеиро стана многу по практично пристаниште за размена на богатство (злато, скапоцени камења, покрај шеќерот) од Салвадор, чие пристаниште е многу далеку на североисток. Па така во 1763 администрацијата на колонијата во Португалска Америка била преместена од Салвадор во Рио де Жанеиро. Градот првично останал главен град на колонијата до 1808 година, кога португалското кралско семејство и повеќето благородници од Лисабон, бегајќи од окупацијата на Наполеон во Португалија се преселиле во Рио де Жанеиро.Кралскиот капитал бил преместен во градот, кој патем станал единствениот Европски главен град,надвор од границите на Европа. Иако немало простор и урбана структура за да се приспособат стотици благородници кој се населиле наеднаш, многу жители едноставно мораа да бидат протерани од нивните домови. Подоцна е забележан голем прилив на Африкански робови кои емигрирале во Рио де Жанеиро, во 1819 година бројката на робови се движела на околу 145,000 а до 1840 бројот на робови достигна бројка од 220,000.

Кога принцот Педро I ја прогласил независноста на Бразил во 1822 година, тој реши да го задржи Рио де Жанеиро како главен град на неговата нова империја. Рио остана главен град на Бразил и по 1889 година, кога монархијата беше заменета со република. До раните години на 20 век, градот се протегаше до местото што денес е познато како Историскиот бизнис центар на устието на заливот Гуанабара. Гравитацијата на центарот на градот почна да се поместува сужно и западно до таканаречената Јужна Зона (Zona Sul) во раните години на 20 век, кога првиот тунел бил изграден под планините поточно сместен меѓу Ботафого и соседтската областа позната како Копакабана. Проширувањето на градот на север и на југ беше овозможено со засилувањето и електрификација на трамвајскиот транспортен систем во Рип после 1905 година. Природната убавина на Ботафого искомбинирана со славата на Копакавана Палас Хотелот, луксузен хотел во 1930-тите, му помогна на Рио да ја зголеми репутацијата која ден денес е зачувана, карактеризирајќи го Рио како град на забавите на плажа ( иако оваа репутација последниве години се препознава по насилството како резултат на трговијата со наркотици).Плановите за преместување на главниот град на нацијата беа многу често дискутирани, кога Џоселино Кубитчек беше избран за претседател во 1955 година, дел од ветувањата во својата изборна кампања беа и оние за изградба на нов главен град. Иако многумина мислеа дека ова беше само тактика во една изборна кампања, Кубитчек успеа да ја изгради Бразилија до крајот на 1960. На 21 Април истата година главниот град на Бразил беше официјално преместен од Рио де Жанеиро во Бразилија.

Помеѓу 1960 и 1975 година Рио беше град-држава познат под името Државата Гуанабара (именуван според истоимениот залив). Како и да е, поради административни и политички причини, претседателскиот налог го отргна федеративниот статус на градот и го спои градот со државата Рио де Жанеиро, онаа територија која го опкружуваше Рио а чиј главен град претходно бил градот Нитерио, во 1975 година. И ден денес, некои Кариоки се залагаат за враќањето на општинската автономија. Градот беше домаќин на Пан Американските Игри во 2007та година, а во 2014 ќе биде домаќин на финалниот меч за Светското Првенство во фудбал. На 2 Октомври,2009 година беше објавено дека во Рио ќе се одржат и Олимписките игри во 2016 година со тоа победувајќи ги крајните противници како што се Чикаго,Токио и Мадрид. Рио ќе биде првиот град домаќин на настан во Јужна Америка, а втор латинскоамерикански град (после Градот Мексико во 1968та година) да биде домаќин на игри. Овој град исто така ќе пречекува млади од цел свет во 2013 година бидејќи ќе биде организиран Светскиот ден на Младите.

Градски области

уреди

Градот најчесто е поделен на неколку области и тоа историскиот центар (Centro); туристичката и љубезна страна на Јужната Зона (Zona Sul); станбената Северна Зона (Zona Norte) и Западната Зона (Zona Oeste) со поновата област Барра да Тихука.

Центарот (Centro)

уреди

(22°54′19.4112″Југ 43°10′37.6608″ Запад)

Centro е историскиот центар како и финансиски центар. Во колониското време оваа област се изгради со цел да им служи на Португалските гувернери како живеалиште, се изградија многу историски цркви како што “црквата Канделарија”, “Старата Катедрала” и црквата во модерен стил “Катедралата Рио де Жанеиро”. На плоштадот Канделарија има многу знаменитости кои се вредни да се видат како што се Градскиот Театар и Националната Библиотетска Зграда. Меѓу неколкуте музеи Националниот Музеј за ликовни уметности и Националниот Историски музеј се најважни. Друга важна историска атракција во централниот Рио е “Passeio Publico”, градина која датира од 18 век .

Центарот останува срцето на бизнис заединцата на градот. Некои од најголемите компании во Бразил имаат седишта токму овде, вклучувајќи ги Петробрас, Елетробас и Вале, трите од најголемите Бразилски корпорации.

За подготовките за Летните олимписки игри во 2016 година, областа околу пристаништето на големо се гради и реновира. Се очекува оваа област да стане главна туристичка атракција со додавање на два музеја (Музејот на уметност и Музејот Утре), најголемиот аквариум во Латинска Америка, продавници, ресторанти, реновирање на старите куќите од минатите векови, како и крстарење. Проектот е наречен “Porto Marvilha” (Чудесната Порта) и овој проект го трансформира местото од тотално напуштено до најдоброто место во градот.


Zona Sul (Јужна Зона)

уреди

(22.974199°Јужно 43.199444°Западно)

Јужната Зона на Рио де Жанеиро е составена од неколку области, меѓу кои се Сао Конрадо, Леблон, Опанема, Арпоадор,Копакабана и Леме, кои заедно го сочинуваат богатото Атлатнтско крајбрежје на Рио. Други попознати области се Глориа, Катете, Фламинго, Ботафого и Урка, која граничи со заливот Гуанавара,Сента Тереза, Косме, Велјо, Ларанхеирас, Хумаита, Лагоа, Хардим Ботанико и Гавеа. Ова е најбогатиот регион во градот дури побогат и од познати градови во другите држави, а соседтсвото наречено Леблон има најскап недвижен имот од сите соседтсва во Јужна Америка. Областа Копакабана и нејзините плажи е домаќин на една од најспектакуларните забави по повод дочекувањето на новата година, каде што толпа од над 2 милиони посетители на песоците ги гледаат огнометите над нив. Од 2001та година, огнометите биле лансирани од бродовите, за да се подобри безбедноста на настанот. Меѓу областа Леме и заливот Гуанабара се наоѓа познатата планина која како да излегува од самото море. На врвот може да се стигне со дво-насочна жичарница од местото наречено Праиа Вермеља до местото Морро да Урка и нуди прекрасен поглед на планината Корковадо.

Еден од највисоките ридови во градот е Педра да Гавеа чија височина изнесува 842м и се наоѓа близу ботаничките градини. На самиот врв има огромна формација од камења која наликува на глава од свинга со брада и е видлива од многу километри оддалеченост. Параглајдерството е популарна активност блиску областа Педра Бонита (во превод Убавиот Камен). После краткото летање, параглајдерите слетуваат на Париа до Пепино ( на плажата Кукумбер) во Сао Конрадо. Од 1961та година, Националниот парк Тихука, најголемата урбана шума во близина на град и втора по големина урбана шума во светот , стана Национален парк. Најголемата урбана шума во светот е Флореста да Педра Бранка ( Шумата на бели камени) којшто исто така е сместен во градот Рио де Жанеиро. Папскиот Католички Универзитет во Рио е меѓу најдобрите приватни универзитети во Бразил и се наоѓа во самата шума, во областа Гавеа. Во 1984 година филмот “Обвини го Рио” беше сниман во близина на универзитетот, а карактерите во филмот живееја во куќи за издавање во самата шума со поглед на опколните планини од една страна и познатите плажи од друга страна.

Северна Зона ( Zona Norte)

уреди

Северната Зона почнува од центарот на градот и се шири километри во внатрешноста. Северната Зона на Рио е дом на стадионот Маракана, кој како домаќин на Светскиот Куп во 1950 година поседуваше сместивост од 199,000 луѓе. Во поновите времиња неговата сместивост се намали со цел да се постигне поголема безбедност, исто така вклучувајќи седишта за секој навивач кој ќе го посети овој стадион. Моментално се реновира, а неговата тековна сместивост се проценува на околу 90.000 навивачи, чија бројка сигурно ќе се намали на 80.000 навивачи. Стадионот Маракана исто така ќе биде домаќин на финалниот меч на светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во 2014 година , како и за церемониите за официјалното започнување и завршување на Летните олимписки игри во 2016 година.

Покрај стадионот Маракана, во Северната Зона Рио исто така се наоѓаат други туристички и историски атракции, како што се Институтот Освалдо Круз, Стогодишниот Биомедицински истражувачки центар , чија главна зграда е со фасада како на палата, убавата Кинта да Боа Виста, каде што е сместена историската Империска Палата. Во денешно време Палатата е домаќин на Националниот Музеј, специјализиран за природни науку, археологија и етнологија.

Меѓународниот Аеродром на Рио де Жанеиро ( именуван по познатиот Бразилски пејач Антонио Карлос Жобим), главниот кампус на Федералниот универзитет на Рио де Жанеиро кој се наоѓа на островот Фундао, и државниот Универзитет на Рио де Жанеиро се сместени во северниот дел на Рио.

Оваа област е позната по тоа што е дом за многуте училишта за самба танцовите како што се Мангуера, Салгуеро, Империо Серано, Индос да Тихука меѓу најпознатите. Некои од главните соседтсва на Северната Зона на Рип се Тихука, Вила Изабел, Сан Кристовао, Мауреира и Пења меѓу другите.

Во Северната Зона се наоѓаат 1,000 сиромашни гратчиња, наречени фавели, каде живеат нелегално сиромашни луѓе во импровизирани колиби и наликуваат на оние градови во земји кои сè уште се во развој.

Западна Зона (Zona Оеste)

уреди

Југозапад

уреди

Југозападната страна на Западната Зона во Рио де Жанеиро е областа која од неодамна е модернизирана. Ги вклучува областите како Бара да Тихука, Јакарепакуа, Рекреио дос Бандерантес, Грумари и многу други. Постои многу голема социјална разлика (контраст) помеѓу Горната Западна Зона и Долната Западна Зона. Сепак , Југозападната зона на Рио има свои фавели (сиромашни гратчиња) покрај областа со домовите на средната и високата класа.

Западно се наоѓаат постарите области како што се Бара да Тихука, област со рамна површина на претходно неразвиеното крајбрежје а сега доживува бран на градење. Со текот на времето оваа област стана која привлекува внимание на оние од побогатите жители како и луксузни компании. Растот на катовите на зградите и шопинг центрите кои се наоѓаат во оваа област даваат чувство како да се наоѓаш во Америка.

Урбаното планирање на областа, била направена во доцните 1960-ти години, и потсеќа на предградијата во Соединетите Американски Држави, со помош на мешање на семејните ќуки со станбените облакодери. Плажите на Бара да Техука се исто така популарни кај жителите на градот. Оваа област на градот ќе биде најчест домаќин поради многуте стадиони и сали за време на Летните олимписки игри во 2016 година. Ќе биде дом на Олимпиското Село, Олимпискота Плажа и Олимпискиот Парк.

Западна Зона (Zona Oeste)

уреди

После областа Бара да тихука, се наоѓа земјиштето на Западната Зона, која е препознатлива по економскиот раст, главно во соседството на Кампо Гранде. Нови индустриски претпријатија се градат во Санта Крус, меѓу која најзабележлива е новата фабрика за челик, која има свои сопствени пристаништа во заливот Сепетиба, и планира да биде најголемата фабрика за производство на челик во Јужна Америка.

Демографија

уреди

Според пописот во 2008та година, 11,513,000 жители кои живеат во поширокиот регион на Рио де Жанеиро. Густината на населението изнесувала 6180 жители на км² ( во урбаната област). Последното национално истражување на домаќинствата ги донесе следниве проценти : 6,152,000 бели луѓе (53.43%), 4,039,000 Мелези (35.08%) , 1,274,000 Црни луѓе( Црнци) (11.6%) и 20,000 Азијци (0.18%) .

Разновидноста од етнички групи придонесе да се оформи населението на Рио де Жанеиро. Пред Европската колонизацијата, најмалку седум различни домородни народи зборуваа 20 различни јазици во регионот. Дел од нив подоцна се приклучија кој португалскиот а другата половина кон францускиот јазик. Еден дел од тие кои се приклучија на францускиот јазик подоцна под притисок се приклучиле на португалскиот, а другиот дел бил асимелиран.

Рио де Жанеиро е дом на поголемиот број на жители надвор од Лисабон во Португалија. По стекнувањето на независтноста на Португалија, Рио де Жанеиро стана погодно одредиште за стотици илјади имигранти од Португалија, тоа се случувало на почетокот на 20 век. Имигрантите биле најчесто сиромашни луѓе кои виделе просперитет во Риo и најчесто работат како работници на градот и мали трговци. Влијанието на Португалија и ден денес се гледа сè уште во делови од градот, на пример во архиректурата на градот како и јазикот.

Црнечката заедница била формирана од страна на црнците чии предци биле донесени како робови, главно од Ангола или Мозамбик. Карневалот и самбата како танц првпат се појавила под влијание на црнечката заедница на градот. Денес, речеси половина од населението во градот е црно или делумно црно (мелези) . Како резултат на приливот на имигранти во Бразил од крајот на 19 век до почетокот на 20 век, во Рио може да се најде заедници на Евреите, Арапите од либанско и сириско потекло, Италијанците, Шпанците, Германците, Јапонците (15.000) и луѓе од различни делови на Бразил.

Според една ДНК анкета направена во 2009 година, спроведена во едно училиште од сиромашната периферија на Рио, народот наречен Пардо ( овие луѓе се мешавина од белци, црнци и мелези) се претпоставува дека потеклото им е 80% европско, а додека белците во себе носат многу малку кафени и африкански примеси. “Резултатите од тестот се сосема поразлични од оние кои веќе биле направени за Европското потекло”, велат истражувачите. Во принцип, овие тест-резултати покажуваат дека Европското потомство е многу поважно отколку што учениците претпоставувале дека ќе биде. Пардите се сметале дека се 1/3 Европејци, 1/3 Африканци и 1/3 Мелези пред правењето на тестот, а потоа се докажало дека нивното Европско потекло достигнало дури 80%.

Стопанство

уреди

Рио де Жанеиро го има вториот по големина БДП (бруто-домашен производ) во Бразил, надминат само од страна на Сан Паоло. Според Бразилскиот институт за Географија и Статистика(ИБГЕ) БДП бил пресметан на 21милјарда американски долари во 2008та година, оваа бројка е еквивалент на 5.1% од вкупниот меѓународен БДП. Секторот на услуги опфаќа најголем најголем дел од БДП скоро 65.52&, проследено со собирање на даноците(23.38%) од индустриската активност (11.06%) и агробизнисот (0.04%).

Имајќи корист од владеачката позиција во периодот од 1763 до 1960 година, градот прерасна ви динамички административен ,финансиски,комерцијален и културен центар. Во пошироката област на Рио де Жанеиро БДП се проценува на 187.374.116.000 американски долари, со тоа правејќи го Рио втор по големина центар на национално богатство. Соджи 68% од економската сила на државата и 7.91% од сите стоки и услуги произведени во земјата.

Земајќи ја предвид мрежата од влијание која се врши од срана на урбаната метропола (опфаќајќи дури 11.3% од населението), уделот на БДП пораснал до 14.4 % според една студија објавена во октомври 2008та година од страна на ИБГЕ. Ова му донесе на Бразил втор по големина идустриски центар со рафинерии, бродоградбени индустрии,челик, металургија, петрохемиски гас, текстилна индустрија, печатење, издавачки куѓи, фармацевтски компании, пијалаци, цементна индустрија и мебел. Но во последните децении покажа остра трансформација во својот економски профил, бидејќи стекнува слика на голем национален центар за услуги и бизниси. Берзата на Рио де Жанеиро (БВРЈ) , која во моментов работи само со државни хартии од вредност, прват беше основана во Бразил во 1845 година и се наоѓа во централниот регион.

Рио де Жанеиро стана привлечно место за да се лоцираат седиштата на многу компании посебно во периодот кога беше главен град на Бразил , кога цела влада беше присутна во градот. Градот беше избран како дом на седиштата на претпријатија како што се Петробрас, Елетробрас и Вале (која беше приватизирана во 1990-тите години).И по преселувањето на главниот град во Бразилија, во 1960, се зачувал интересот за отворање на многу компании, особено по откривањето на нафта во басенот Кампос, кој сега го произведува поголемиот дел од вкупното производство на нафта на Бразил. Одовде дојде тоа да многуте компании за гас и нафта да го одбрат своето седиште во Рио де Жанеиро, како што се Шнел,ЕБХ и Есо. Седиштето на БНДЕС, која е многу важна државна иституција е исто така во Рио. Овој град е седиште и на големите телекомуникациски компании како што се Интелиг, Ои и Ембрател.

Рио се рангираше на второто место на меѓународно ниво во индустриското производство и како втор финансиски сервисен центар, заостанува зад Сан Паоло. Индустриите во градот произведува преработена храна, хемикалии, нафтени производи, лекови, метални производи, бродови, текстил, облека и мебел. Во секторот за услуги најмногу доминира економијата, но сепак го вклучува и банкарството и најактивните акции на пазарот во Бразил. Туризмот и забава се другите клучни аспекти кои влијаат на економскиот живот, а Рио де Жанеиро е на врвот како туристичка атракција за Бразилците и странците.

Поради тоа што некогаш беше главен град, Рио беше избран за седиште на многу приватни, национални,мултинационални и државни корпорации, дури кога и нивните фабрики се сместени во други градови или држави. И покрај преместувањето на главниот град во Бразилија, многу од седиштата на овие компании останаа во Рио, вклучувајќи ги и оние на Петробрас (државната нафтена компанија), Федералната инвестициона банка и др.

Електронски и компјутерски сервис е додаден на постарите индустрии на металургијата, инжиниерството, печатењето и издавањето. Додека другите производствени сектори се фокусираат на производство на бродови, облека и обувки, текстил, неметални минерални производи, храна и пијалаци, хемијалии и лекови. Градењето, исто така е важна активност и обезбедува значаен извор за вработување на голем број на неквалификуваните работници, а ова е охрабрено од бројот на сезонски жители кои живеат надвор од областа на Рио де Жанеиро. За да ја подобрат индустријата, државната власт има означено одредени области каде инфраструктурата е обезбедена и продажбата на земјиштето се под посебни услови. Нафтата и природниот гас од полињата во северниот брег на Рио со помош на државата и паричните средства се користат за развој на производствени активности во градското подрачје на градот, овозможувајќи да се натпреваруваат со другите поголеми градови за нови инвестиции во индустријата.

Како во производството, Рио е и важен финански центар, втор по големина, веднаш по Сан Паоло во обемот на бизнисите на финансиските пазари и во банкарството. Хартиите од вредност иако се во опаѓање на пазарот во споредба со Сан Паоло, сепак се од големо значење. Поради близината на пристаништата Рио е седиште на многу увозни и извозни компании. Во областа наречена Големиот Рио, која ги има највисоките приходи по жител во Бразил, трговијата на мало е исклучително важна. Многу од најпопуларните продавници се наоѓаат во центарот, а другите се расфрлени низ трговските центри на другите области каде што шопинг центрите, супермаркетите и другите малопродажни бизниси се справуваат со голем обем на потрошувачката трговија.

Најголемите Бразилски забави и медиумски организации кој ги приредува организацијата под името Organizações Globo имаат седиште во овој град. Поголемите весници како Jornal do Brasil', O Dia, and Business Rio се сместени во овој град. Меѓунардни фармацевски компании имаат претставништва во Рио, такви компании се : Merck, Roche, Arrow, Darrow, Baxter, Mayne, and Mappel. Рио де Жанеиро е вториот најбогат град во Бразил, зад Сан Паоло и 30-тиот најбогат град во светот според БДП кој бил проценет на 201,9 милијарди долари во 2010 година. Просечниот приход по жител на градот во 2007та година бил скоро 14,630 долари. Според рангирањето на Меркер, Рио де Жанеиро е 12ти меѓу најскапите градови во светот во 2011та година, од 19тот место во 2010 година , веднаш зад Сан Паоло (10то место) и пред Лондон, Париз, Милано и Њујорк. Рио исто така ги има најскапите хотелски аранжмани во Бразил, а дневно престојување во еден пет-ѕвезден хотел во Рио е скапо, со што Рио е на второ место во светот за хотелски услуги после Њујорк.

Инфраструктурни проекти

уреди

Во 2008та година изградбата на сиромашни населби и канализација, а овој проект беше започнат со финансиската помош од ПАК програмата во регионот на Рио де Жанеиро и други три града во државата. Урбаната интервенција ја направи владата со буџет од 3.23 милијарди долари и има за цел да ги ублажи социјалните и економските провлеми кои ги мачат најсиромашните региони со децении, друга цел е да се интегрира во метропола со имплементација на канализација, детски градинки, центри за заедницата, урбани објекти и подобрување на патот. Покрај санкциите за канализација ќе има и чистење на заливите Гуанабара и Септиба и ревитализација на Параиба до реката Сул. Во минатото, фокусот на градот кон проекти како овој не бил успешен и поздравен од големата маса, но овој проект и покрај ограничениот буџет и на моменти со сомнежи дека нема да ги постигнат своите цели и контроверзии за ефикасноста на програмата, сепак се докажа на крај дека масовната урбанизација постигна основно ниво .

Образование

уреди

Португалскиот јазик е службен јазик на нацијата, а со тоа е основниот јазик кој се изучува во училиштата. Англискиот и Шпанскиот се исто така дел од службените јазици кои се зборуваат во школите. Исто така имаат интернационални (меѓународни) училишта, како што се Американското Училиште во Рио де Жанеиро, Француското Училиште и Англиското Училиште во Рио де Жанеиро.

Образовни институции

уреди

Овој град има неколку универзитета. Министерството за образование даде сертификат на 99 високообразовни институции во Рио. Некои од позначајните високи школи сво Рио се:

  • Државниот Универзитет на Рио де Жанеиро;
  • Федералниот Универзитет на Рио де Жанеиро;
  • Католичкиот Универзитет на Рио де Жанеиро;
  • Фондацијата на Гетулио Варгас
  • Воениот институт за Инженерство;
  • Институт за Компјутерска технологија на Рио де Жанеиро;
  • Националниот Универзитет на ОАИУХГИЊЕУХГЕИРУХГ

Образовниот систем

уреди

Основните училишта се под општинската администрација, додека државара игра многу важна улога во развиената мрежа на средните училишта. Има мал број на училишта под федерална администрација. Рио нуди голем број на приватни школи кои нудат едукација на сите нивоа. Овој град е дом на многу колеџи и универзитети.

Државниот Универзитет во Рио де Женеирп, Федералниот Универзитет во Рио де Жанеиро(државен), Бразилскиот Институт за Капитални Пазари(приватен), и Католичкиот Универзитет на Рио де Жанеиро(приватен) се меѓу најдобрите институции за виско образование во земјата. Стапката на писменост за Кариоките над 10години е скор 95%, многу повеќе од просечната на национално ниво. Во Рио, во 1995 година имало 1,033 основни школи со 25,594 учители и 667,788 ученици. 370 средни училишта со 9,699 професори и 227,892 ученици. Има 53 училишта кои служат како подготовка за понатамошните универзитетски студии со 14,864 професори и 154,447 студенти. Градот има шест поголеми државни универзитети и 47 приватни универзитети.

Културата и современиот живот

уреди

Рио де Жанеиро е главниот културен центар на Бразил. Неговата архитектура ја збогатуваат цркви и згради кои датираат се од 16от до 19 век, измешана со нови светски дизајни од 20 век. Рио беше дом на португалското царско семејство и главен град на земјата многу години наназад, и во овој град може да се препознаат влијанијата на португалската, англиската и француската архитектура. Рио де Жанеиро наследи од минатото силна улога во културата. Во доцниот 19 век, првите снимки на Бразилскиот филм беа снимани и од тогаш па наваму Рио е еден од водачите во националната телевизија од цел Бразил. Моментално Рио ги држи главните продукциски куќи на Бразилската телевизија.

Во градот има исто така други важни културни знаменитости, како што се Националната Библиотека, седма по големина во светот, чии колекции се проценува над 9 милиони книги; Театарот во Рио,изграден врз принципите на 20 век, Националниот Музеј на Уметности, Ботаничката Градина во Рио де Жанеиро, Империскиот плоштад, Музејот на Модерна Уметност во Рио де Жанеиро и Музејот за историја . Најпознатите весници на португалски може да ги читате секојдневно , О Глобо, Екстра и О Диа се најпознатите дневни весници, и секако локалните телевизиски вести и радио( сите на Португалски јазик).

Туризам и рекреација

уреди

Рио де Жанеиро е најпопуларната туристичка атракција и резорт. Го посетуваат приближно 2.82 милиони туристи преку година и е попосетуван град од било кој друг во Јужна Америка. Атракции се првокласните хотели на самата плажа, како и популарните планиин Корковадо и Шеќерна Глава. Иако градот во минатото бележи голем туристички напредок, индустријата бележеше пад во последната четвртина на 20 век. Годишните авионски меѓународни пристигнувања се намалија од 621,000 до 378,000 а просечните хотелски резервации паднаа за 50% меѓу периодот од 1985 до 1993 година. Недостигот од услуги во минатото биле многу честа појава и туристите многу често се наоѓале сами на себе во туѓата средина а со тоа растело и насилството против туристите. Фактот дека Бразилија го замени Рио како главен град и Сан Паоло стана најголемиот маркетинг-центар во земјата беа причини за опаѓањето на туризмот во Рио.

Награди

уреди

Рио де Жанеиро е најнаградуваното одредиште од страна на Светските награди за најдобри одредишта во категоријата на Јужна Америка , како најдобро одредиште за посетување.

Литература

уреди

По Бразилската независтност од Португалија во 1822та година, Рио брзо прерасна во земја со богат Европски културен живот, вклучувајќи издавање на многубројни весници, а во 19 век новелите биле првобитно објавувани во серијални изданија. Новелата “Морениња” на Јоаким Мануел де Македо во 1884 може да се спомне како прва успешна новела во Бразил, обработувајќи ја темата на 19 век: романтична врска помеѓу идеализирани млади луѓе и покрај суровостите на социјалното богатство. Прво дело вредно за внимание во времето на реализмот е “Memórias de um sargento de milícias (1854),” на Мануел Антонио де Алмеида во кое има сурови но трогателни сцени, и ја претставува трансформацијата од општина во град со сугестивна носталгија. Романтичните и реалистички мотиви цветале во текот на доцниот 19 век. Најпознатиот автор во Рио де Жанеиро бил Мачадо де Асис, кој исто така се смета за надобриот автор во Бразилската литература и основач на Реализмот во Бразил со самото издавање на “Постхуманите Мемории на Брас Кубас”(1881). Во неа ги има искоментирано и критикувано политичките и социјалните настани кои се случувале во градот и државата како што е аболицијата на робството во 1888та година и трансформација од Империја во Република со многубројни артикли објавени во весниците во тоа време. Многу од расказите и новели како што се Quincas Borba (1891) и Dom Casmurro (1899) биле издадени во Рио.

Библиотеки

уреди

Националната Библиотека на Бразил се рангира на осмото место по големина во светот, а како најголема библиотека во цела Латинска Америка. Локацијата и е во Кинелендија, оваа библиотека беше првично направена од Кралот на Португалија во 1810. Со многуте други културни споменици, библиотеката одпрвин не била достапна за пошироката јавност. Најдрагоцените колекции во библиотеката вклучуваат : 4,300 примероци донирани од Барбоса Мачадо, вклучувајќи ги во нив и ретките брошури за деталите од Историјата на Португалија и Бразил; 2,365 примероци од 17тиот и 18 век . Целокупната колекција во библиотеката изнесува 48,236 примероци меѓу кои се наоѓаат многу ретки парчиња.

Музика

уреди

Официјална песна на Рио де Жанеиро е “Cidade Maravilhosa” која значи “чудесниот град”. Оваа песна е како химна на градот и е омилена песна на Карневалот во Рио во февруари. Рио де Жанеиро е центар на движењето за урбана музика во Бразил. Рио стана популарен со хит песната “Garota de Ipanema” (во превод Девојката од Ипанама), композирана од Антонио Карлос Хобим и Виникиус де Мораес а испеана од Аструд Жилберто и Жан Гилберто, Франк Синатра и Ела Фитцгералд. Оваа песна е клучот за создавање на правец наречен босанова (bossa nova), музички жанр кој беше роден во Рио.Жанр кој е уникатен и популатен во Рио и Бразик е Фанк Кариока. Додека музиката на самба се смета за национална во Рио, Фанк Кариока привлече голема група на обожаватели во Бразил.

Враќањето на Бразил во демократија во 1985 година,после 20 години воена авторизација и строги правила,дозволи нова слобода на изразување во која се промовираше креативност и експерименталност во културата.Комерцијалните и културните бранови од Европа и Северна Америка многу често влијаеле на Бразилската култура.На пример,хип-хопот којшто потекнува од Њујорк е пронајден во многу различни форми како што е Фанк Кариока и во Бразилскиот хип-хоп. Обновата на демократијата дозволи признавање и прифаќање на Бразилската култура.

Казуза кој е роден во Рио де Жанеиро се смета за еден од најголемите автори на Бразилскиот рок, заедно со Ренато Русо и Раул Саиксас кој е роден во Бахиа но живеел во Рио за време на својата кариера.Овој град е исто така се смета за основач на најголемиот забавен настан во светот наречен Фестивал на рокот во Рио , чие издание датира од 1985, па во 1991, 2001 и 2011.

Театар

уреди

Општинскиот театар во Рио де Жанеиро е една од најпретпознатливите згради во строгиот центар на самиот град. Овој театар ги содржи најголемите сцени во Латинска Америка и најпознатите сали за опера и класична музика во Бразил. Изградбата на зградата беше инспирирана од операта Гарниер во Париз , а изградена во 1905 година од архитектот Франциско Переира Пасос . Статуата на врвот која е составена од две жени ги симболизира поезијата и музиката, ја направил Родолфо Бернардели , а ентериерот е богат со скапи уметнички дела . Отворен во 1909 година Општинскиот театар беше дизајниран според Куќата на Опера во Париз со приближно 1,700 седишта.Ентериерот вклучува посебно стакло од Франција, сводови во розе боја и 1,000 долари кристален лустер и на крај вредната слика "Dance of the Hours”. На надворешните ѕидови на зградата се впишани имињата на познати Бразилци како и имињата на многу меѓународни познати личности.

Спорт

уреди

На 2 Октомври,2009 година Меѓународниот Комитет на Олимписките игри го избра Рио де Жанеиро за домаќин на Летните олимписки игри во 2016 година. Ова е првпат овој град да стигне до Кандидатската фаза и да биде одбран за домаќин по неколкуте неуспешни обиди во 1936, 2004 и 2012тата година. Со ова овој град стана првиот Бразилски и првиот Јужно Американски град да биде домаќин на игрите. Во Јули 2007та, Рио успешно ги организираше и водеше XV Пан Американски Игри.

На 30 октомври,2007та, Бразил беше избран за официјален домаќин на Светското Првенство во фудбал во 2014 година, а Рио е еден од домаќините на овој куп, а финалниот меч на купот најверојатно ќе се одигра на стадионот Маракана. Во 2011 година Рио беше домаќин на Воените Светски Игри, кои се одржија од 15-24 Јули,2011 година. На овој настан учествуваа атлети од околу 108 земји кои се натпреваруваа во 20 спортови.

Фудбалот е најпопуларниот спорт во Рио де Жанеиро и овој град е дом на 5 традиционални Бразисли клубови како што се: ФК Америка , ФК Ботафого, ФК Флуминенсе, ФК Васко де Гама, и ФК Фламенго, вториот според меѓународното истражување на ФИФА, е тим со најголем број на приврзаници во светот.

Во Рио беше одржан и Бразилскиот Гранд При за мотори и финалето за Светското првенството во Одбојка. Патеката за тркање во Јакарепакуа беше финална патека за Формула 1 Бразилското Гранд При од 1978та до 1990 година. Светските игри за сурфање беа оджани на плажите на Рио од 1985 до 2001та година. Светскиот куп на Рио во Рио се оджува на пролет. Како дел од подготовките за Пан Амриканските Игри во 2007та, овој град изгради нов стадион, Олимпискиот Стадион Жан Хавеланге, кој може да собере 45,000 луѓе. Името го доби според бившиот претседател на ФИФА. Стадионот е во сопственост на градот, но е изнајмен за ФК Ботафого за 20 години.

Други попопуларни спортови се фудбалот на плажа, одбојка на плажа, Американскиот фудбал на плажа, Сурфање, параглајдерство, тркање со мотори, Бразилскиот Жиу Житсу,едрење и др спортови. Еден од попознатите спортови на плажите на Рио де Жанеиро и е наречен Фрескобол, вид на тенис на плажа. Овој град е рај за планинари на карпи, со патеки и рути насекаде низ градот.

Тркањето со коњи се одвиваат во Четврточните вечери и во попладневните часови за време на викендот во клубот Џоки. Импресивно место со одлижна треба на кое се тркаат најдобрите коњи во Рио, Параглајдерството во Рио пожнало во средината на 1970-тите години и за брзо време се прошири во градот, поради неговиот рејлеф, планини со поглед на Атлантскиот Океан, кој овозможува совршени локации за полетување и одлични локации за слетување на плажите.

Еден од најпопуларните спортови на море е пловење со јахти. Главниот клуб за јахти е во реонот Ботафого, кој се наоѓа меѓу областа Копкабана и центарот на градот. Сепак најекслузивниот и најинтересниот јахт клуб е клубот Рио де Жанеиро. Копакабана е исто така одлучно место за сурфање на две популарни плажи "Arpoador of Ipanema" beach и "Praia dos Bandeirantes". Морето покрај овие две плажи е многу опасно, најдобрите сурфери од Бразил и од други делови од светот доаѓаат овде да се докажат самите и нивните способности.

Културни настани

уреди

Нова година

уреди

Секој 31 Декември, 2,5 милиони луѓе се собираат на плажата Копакабана да ја прослават новогодишната ноќ во Рио де Жанеиро. Толпата најчесто облечени во бело, прославуваат цела вечер со 100-тици различни шоуа и настани на самата плажа. После Карневалот ова е вториот најголем настан кој се случува во Рио. Луѓето ја прославуваат новата година сипајќи шампањ. Се смета за добра среќа да се проклацка шишето шампањ и да се прска наоколу во воздухот на полноќ.

Карневал

уреди

Карневалот е годиншна прослава од Римокатоличката традиција која овозможува јадење на црвено месо по повеќе од 40дневниот пост кој на крај кулминира со Светата недела и Велигден. Традицијата на карневалот е останата од влијанијата на Француските и Германските судови и како обичај е прифатен од Португалија и Бразилското Кралско семејство. На почетокот оваа веселба била посетувана само од високата класа. Влијанието на Африканско-Бразилските тапани и музиката беа поприметливи во почетокот на првата половина на 20 век. За време на карневалот имате повеќе избор, на пример да го посетите школото на самба, потоа изложби, популарните блокови на Карневалот, улицата на веселбите. На Карневалот има парада во секој агол од градот, најпознати паради се:

  • Cordão do Bola Preta: Ова се паради во центарот на градот. Оваа парада е една од најтрадиционалните на Карневалот. Во 2008та година, пола милион луѓе ја посетиле во еден ден.
  • Suvaco do Cristo: Бенд кој парадираат и свират во Ботаничката Градина, веднаш под раката на статуата на Реденмаер.
  • Carmelitas: Бенд кој бил создаден од калуѓерки, но во суштина тоа е само тема на бендот. Парадира и пеат на ридовите на Санта Тереза, каде што има многу убав поглед.
  • Simpatia é Quase Amor: Една од најпопуларните паради во Ипанема. Преводот на оваа парада е “Пријателството е љубов”.
  • Banda de Ipanema: Најтрадиционалата бенд група во Ипанема регионот. Привлекува голем аудиторим на улиците, вклучувајќи семејства и широк спектар на геј популацијата.

Во 1840, првиот Карневалот беше еден вид на маскенбал. Како годините минеле, костумираните лица станале традиција. Карневалот е познат како историскиот корен на Бразилската музика.

Други настани

уреди

Меѓународниот филмски фестивал во Рио де Жанеиро е најголемиот филмски фестивал во Бразил и Латинска Америка, кој се случува секоја година од 1999 година и трае скоро две недели. Книгата Биениал е настан кој содрши илјадници литературни наслови. Секогаш се одржува во центарот на Рио (Riocentro), најголемиот собирен центар во Латинска Америка. Мода Рио е еден од најважните настани кои се оджуваат во Бразил.

Транспорт

уреди

Аеродроми и пристаништа

уреди

Рио де Жанеиро има повеќе аеродрома за јавна употреба:

Националниот аеродром ,,Галео-Антонио Карлос” се користи за меѓународни и најголем дел од меѓугратските летови.Од Август 2004 година со многуте летови кои биле префрлени од аеродромот ,,Сантос-Домонт”,интерционалниот аеродром Рио де Жанеиро станува повторно главен влез во градот.Овој аеродром покрај тоа што е поврзан со меѓугратски летови низ цел Бразил, има воспоставено врска со останати 19 земји. Има способност да се справи со 15 милиони корисници годишно преку два патнички терминала.Сместен е 20 километри од центарот на Рио.Аеродромскиот комплекс исто така ја има најдолгата писта во Бразил .

Аеродромот ,,Сантос Думон” главно користи услуги од Саун Пауло,кратки и средни меѓугратски одредишта и генерална авијација.Сместена е во Гуанабара Баи, само неколку блокови од центарот на Рио.Во текот на деведесеттите капацитетот на овој аеродром се зголемува и покрај тоа што се издвојува со својата спесифичност за кратките летови,нути и други одредишта во Бразил.Поради оваа причина,кон крајот на 2004 година Сантос Думон повторно се враќа во својата правобитна состојба и работи само со летови од и до Конгохас во Саун Пауло.Патничкиот терминал моментално се реновира и проширува со цел патниците да имаат поголема удобност и комфор.

Аеродромот Јакарепагуа-Роберто Маринхо се користи од страна на генералната авијација и како дом на Бразилскиот летечкиот клуб.Овој аеродром е сместен во областа Баихада де Јакарепагуа,во рамките не општината Рио де Жанеиро,околу 30 километри оддалечен од центарот на градот.

Има повеќе воени аеродроми:

Галео воздухопловна база

Санта Крус воздухопловна база-порано нарелен Бартоломено де Гусмао и била изградена од страна на Л.Цепелин.Денес тоа е еден од најважните воздухопловни бази во Бразил.

Афонсос водухопловна база е една од историските бразилски воздухопловни бази.Исто така сместена е на Универзитетот за воздухопловство,Музејот за воздухопловство.

Пристаништето на Рио де Жанеиро е трето најпрометно пристаниште во Бразил во однос на товарниот волимен а исто така е и центар за крстарење на садови.Сместено е на западниот брег на заливот Гуенабара и е раководено од компанијата Докас де Рио де Жанеиро.

Пристаништето на Рио де Жанеиро опфаќа територија од Пјер Мау на исток до Варф Кашу на север.Компанијата Рео де Жанеиро дирекно го води карго терминалот а терминалот за пченица кои има два магацина е способен да складира 300 тони жито.

Генералниот терминал со 2 магацини има површина од преку 20 илјади квадратни метри.

На пристаништето,сопствениците на закуп работат на терминалите за шеќер ,хартија, железо и челик.Во 2004 г. Пристаништето се справува со околу 7 милиони тони товар и околу 1,700 садови.Се складираат околу 852,000 тони пченица, 1,8 милиони тони железо и челик и околу 78 илјади возила.Во 2003 година повеќе од 91.000 патници се превезени преку ова пристаниште.

Јавен транспорт

уреди

Во Рио де Жанеиро,автобусите се главни средства на јавниот превоз.Постојат речиси 440 општински автобуски линии кои ги користат повеќе од четири милиони патници секој ден.Иако е доста евтино и често,транспорт политиката на градот е насочена кој возовите и метрото сè со цел да се намали сообраќајниот метеж и да се зголеми капацитет.

Метро

уреди

Рио де Жанеиро има две метро линии (Рио метро) со 42 километри и 32 станици,плус неколку патнички железнички линии.Идните планови вклучуваат градење на трета метро линија за Нитерои и Као Кангало,вклучувајќи подводен тунел под Гуанабара Баи и дополнување на фериброт услугата која и моментално ја има.

Метрото во Рио е најбезбедниот и најдобриот начин за јавен транспорт.Втората линија се протега од Ботафога со десет станици на првата линија која што завршува во Павуна на северниот дел од Рио.Метрото работи од 5:00 - 12:00 часот од понеделник до сабота, а 07:00-11:00 во неделите и државните празници.

Луѓето ќе можат да купат билети за метрото во железничките станици и можат да купат билети со една употреба или билето кои можат да се надополнуваат.Исто така можат да купат билети од автобуските станици кои се поврзани со места оддалечени од метрото.

Интеграцијата на автобуси е можна во повеќе форми,преку метро и преку автобуски билет за едно патување кое е овозможено за неколку линии со плаќање на дополнителни такси познати како (Експрес интеграција) и Експресо Бара.Другата можност е патување преку Срфес метро без дополнителен надомест.

Автобус

уреди

Градските автобуси се со умерена цена и чинат околу 2,50 руби за една прошетка.Има не климатизирани и климатизирани верзии.Возењето може да биде безбедно преку ден но не и преку ноќ.Системот на интеграција се спроведува и е овозможена на корисниците со тоа што можат да земат два билета за не климатизиран автобус за двачасовна прошетка а патем плаќа само еден билет.Неопходно е да се има електронска картичка со цел да има корист овој систем.Исто така има уште вид на локален автобус кој се нарекува "Frescão.Овој автобус минува пат од центарот преку Ботафаго ,Копакабана,Ипанема до Леблон (и обратно).И овој автобус е достапен само преку неделата.Автобусите исто така работат почесто за време на одење на работа и поаѓањето од работа наутро и навечер.

Останати превози

уреди

Забратимениот град на Рио кој се наоѓа од другата страна на Гуанабара Баи е Нитерои.Многу луѓе живеат во Нитерои но патуваат во Рио за работа.Постојат неколку фериброд услуги кои соработуваат со Центарот на Рио и Нитерои.Во сосестство на Рио е островот Пагуата , каде што можеш да пристигнеш само со фериброди.Рио де Жанеиро го има најстариот оперативен електричен трамвај,кој главно се користи од страна на туристите а помалку од домашните патници.Трамвајот Санта Тереза е зачуван како дел од историјата и се користи за забавен и евтин начин за доаѓање до најексцентичните делови од градот.Трамвајската постојка е во близина на Кинеладиа и општинскиот театар.Возовите поаѓаат на секој пола час од 06:00 до 11:00 а билетот е само 0,60 долари,еден правец или повратен правец .Трамвајот Санта Тереза започнува електрична операција во 1891 година.

Патен транспорт

уреди

Возењето во Рио де Жанеиро ,како и во повеќето големи градови во Бразил,не може да биде најдобриот избор поради преголемиот метеж од автомобили.Градот иако поседува голем број на автопати сепак собраќајниот метеж е присутен.Поголемиот дел од меѓународниот превоз се врши по патиштата.Големиот терминал за автобуси на големи релации се наоѓа во Санта Кристо,во сосетството на Рио де Жанеиро.Исто така постојат и две пристаништа за карго и патнички бродови.Рио има патишта до сите соседни земји.Некои патишта биа овластени на приватни претпријатија.Квалитетот на автопатите се подобри многу ,сепак се зголемил бројот на жртви.

Велосипетска патека

уреди

Градот има 160 километри велосипетски патеки,кои каде и да се наоѓаат се многу подобри за собраќајот во градот.Повеќето се близу до плажите и се простираат од Марина де Глориа,низ центарот преку Фламенго,Копакабана и Ипанема на Бара де Тијуца и Рескеио дос Бандеирантес.

Човечкиот развој во Рио варира во голема мера од страна на регионот,како одраз на социо-економските нееднаквости во градот.Во 2000 година во Рио имало неколку населби со повисок индекс на човечки развој од другите развиени земји во светот.

Опшествени проблеми-прашања

уреди

Постојат значајни разлики помеѓу богатите и сиромашните во Рио де Жанеиро .Иако градот е рангиран меѓу големите метрополи во светот ,една петтина од жителите живеат во населбите наречени фавелас(сиромашни),каде што домувањето не е регулирано.Во тие населби,15% од населението се сиромашни,во споредба со 10% од општата популација.Постојат голем број на владини инизијативи за да се спречи овој проблем,отстранувањето на населениот од тие населби преку проекти за домување.

Криминал

уреди

Рио има висока стапка на криминал,особено е присутно убиството,во Као Кристовао,Гранде Тијука и Копакабана.Во 2006 година,2,273 луѓе биле убиени во градот.Според истражувањета на федералната влада Рио се вбројува во списокот на еден од најнасилните градови и општини во Бразил.Помеѓу 1978 година и 2000 г.загинале 49,900 лица во Рио.Во ова урбано војување се вклучува и дрогата,битките на полицијата со злосторниците,па дури и коромпираните полицајци .Наводно во 2007та година полицијата убила 2063 луѓе во Рио кое е 25% покачено во однос на 2006 година кога биле убиени 2063 луѓе.Државната власт на Рио де Жанеиро е под контрола на Серџо Кабрал Филхо кој е лансиран во Рио во 2008та година со цел да се воведе програма за контролирање на областите од дилери на дрога.Оваа програма се смета за успешна.Оваа е најновата линија на водење политики во познатите населби наречени фавелас.Преку УПП,помеѓу 2009 и 2010 г.стапката на убиството во државата се намалува за 21%,што претставува најголемиот пад од 1991 година.

Значајни “Кариоки”

уреди

Кариоките,како луѓе кои се родени во Рио де Жанеиро, направија големи придонеси во историјата, културата, музиката, литературата, образованието, науката, технологијата во Бразил ( а и во светот), особено кога Рио де Жанеиро беше федерален главен град и голем центар на Бразилскиот развој и иновации во сите овие области. Најпознати Кариоки, кои биле родени во Рио се :

Рио како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. YouTube, Duran Duran - Rio (Official Music Video) (пристапено на 23.3.2020).
  2. Zdravko Čolić, Vatra i barut, City records.
  3. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 45.