Акса
Акса (арапски: المسجد الاقصى, Al-Masjid Al-Aqsa) е џамија која се наоѓа во Ерусалим. Оваа џамија е една од најпознатите муслимански светилишта.
Џамија Акса al-Masjid al-Aqsa | |
---|---|
Поглед на источниот дел на џамијата | |
Основни податоци | |
Место | Храмова Гора, Ерусалим |
Координати | 31°46′35″N 35°14′8″E / 31.77639° СГШ; 35.23556° ИГД |
Припадност | ислам |
Епархија | Стар град |
Духовно-организациски статус | Џамија |
Водство | Вакаф |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | Џамија |
Архитектонски стил | Исламска архитектура |
Поставен темел | 685 CE (Прва изградба) 1033 CE (Втора изградба) |
Завршен | 705 CE (Прва изградба) 1035 CE (Втора изградба) |
Особености | |
Насоченост на фасадата | Север |
Сместивост | 5,000 (внатре); 400,000 (целосно)[1] |
Должина | 83 |
Ширина | 56 |
Куполи | 1 |
Минариња | 4 |
Висина на минарето | 37 |
Материјали | Варовник (ѕид, минаре, фасада), стаклактит (минаре), олово (купе), бел мермер |
На местото каде денеска се наоѓа Ал Акса, некогаш се простирал ерусалимскиот храм. Тој храм бил до темел срушен во 1 век по неуспешните демонстрации на евреите против тогашната римска империја. По овој чин, на секој евреин му бил забранет влез во Ерусалим. Само што градот бил “ослободен“ од страна на Византија, тој попаднал под нова власт- муслиманска. Тогаш муслиманите од тогашното светилиште за христијаните изградиле џамија. Западниот ѕид на сегашниот објект се смета дека е единствениот остататок од Соломонскиот храм и претставува најсвето место за евреите кои го нарекуваат ѕид на плачот.
Ал Акса се наоѓа на местото на некогашниот храм каде според Библијата, Аврам го донел Исак со цел да го жртвува со кое би ја покажал својата верност кон Бог. Таа стена сѐ уште се наоѓа во средината на Ал Акса. Но спротивно од тоа, муслиманите тоа го негираат. Од Ал Акса исто така може да се види и Златната капија, која некогаш се нарекувала и источна. Тоа е капијата низ која поминал Исус Христос при влегувањето во Ерусалим.
Литература
уреди- ↑ „Al-Aqsa Mosque, Jerusalem“. Atlas Travel and Tourist Agency. Посетено на 2008-06-29.
Оваа статија џамија или друго исламско светилиште е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |