Википедија:Избрана статија/2020

Гласање за избрана статија уреди

Како да гласам за овој предлог?


Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 53, 28.12.2020 - 3.1.2021
Овошје и зеленчук во корпа за отпадоци, фрлени нејадени
Овошје и зеленчук во корпа за отпадоци, фрлени нејадени

Отпад од хранахрана којашто не се јаде. Причините за губење или фрлање на храна се многубројни и се јавуваат во целиот систем на исхранување, за време на производството, преработката, малопродажбата и потрошувачката. Глобалното губење на храна и отпад изнесуваат помеѓу една третина и една половин од целата произведена храна. Во земјите со ниски примања најголема загуба се јавува за време на производството, додека во развиените земји многу храна — околу 100 кг по лице годишно —- се троши во фаза на потрошувачка.

Отпадот од храна е голем дел од влијанието на земјоделството врз климатските промени. Организацијата за храна и земјоделство процени во 2014 година дека изгубениот отпад од храна предизвикува глобални економски, еколошки и социјални трошоци од 2,6$ трилиони годишно и е одговорен за 8% од глобалните емисии на стакленички гасови. Покрај тоа, отпадот од храна што не се ракува или обновува правилно, односно преку компостирање, може да има многу негативни еколошки последици. На пример, депонискиот гас од анаеробно варење на органска материја е главен извор на метан во стаклена градина, а фосфорот што не се повраќа во отпадот од храна, доведува до понатамошно ископување на фосфат. Покрај тоа, намалувањето на отпадот од храна во сите делови на системот за храна е важен дел од намалувањето на влијанието на земјоделството врз животната средина, преку намалување на вкупната количина на вода, земја и други ресурси потребни за да се нахрани глобалната заедница. (Дознајте повеќе...)


Седмица 52, 21.12.2020 - 27.12.2020
Понуда и побарувачка
Понуда и побарувачка

Понуда и побарувачка — основни поими во економијата кои ги опишуват пазарните врски меѓу продавачите и купувачите на добро или услуга. Моделот на понудата и побарувачката ја одредува количината и цената продадена на пазарот. Овој модел е фундаментален микроекономски модел и служи како основа за други економски модели и теории. Моделот предвидува, дека во конкурентен пазар цената ќе работи на изедначување на побаруваната количина од страна на купувачите со понудената од страна на производителите, резултираќи со пазарна рамнотежа на количината и цената. Моделот покрај цената ги вклучува и другите фактори кои влијаат на воспоставувањето на пазарната рамнотежа, опишуваќи го нивното влијание како поместувања на понудата и побарувачката.

Законот на понудата гласи дека понудената количина е во врска со цената, односно во правопропорционална врска: повисока цена - поголема понуда, и обратно: пониска цена - помала понуда. Законот на побарувачката е обратен, односно обратнопропорционален: повисока цена - помала побарувачка, или пониска цена - поголема побарувачка. Законите важат под претпоставка дека е исполнет принципот ceteris paribus („при други непроменети фактори“), односно промената е само во цената. (Дознајте повеќе...)


Седмица 51, 14.12.2020 - 20.12.2020

Одржлива енергијаенергија произведена и искористена на таков начин што „ги задоволува денешните потреби, без да ја наруши способноста на идните генерации да ги задоволат своите потреби“. Поимот „одржлива енергија“ често се користи обострано со терминот обновлива енергија. Општо земено, обновливите извори на енергија, како што се сончевата, ветерната и хидроелектричната енергија, се сметаат за одржливи. Сепак, одредени проекти за обновлива енергија, како што е расчистување на шумите за производство на биогорива, може да доведе до слична или полоша штета кон животната средина, во споредба со употребата на енергија од фосилните горива. Јадрената енергија е безбеден извор на незагадувачка енергија, но нејзината одржливост е предмет на расправа поради производството на јадрен отпад и ограничените извори на ураниум.

Енергетското преминување за исполнување на светските потреби за електрична енергија, греење, ладење и енергија за превоз на одржлив начин се смета за еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото во XXI век. На светско ниво, скоро милијарда луѓе немаат пристап до електрична енергија, а околу 3 милијарди луѓе се потпираат на горива што испуштаат многу чад како дрво, јаглен или животински измет за готвење храна. Овие и фосилните горива се најголем придонесувач за загадувањето на воздухот, што предизвикува околу 7 милиони смртни случаи годишно. Производството и потрошувачката на енергија емитува над 70% од емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот. (Дознајте повеќе...)


Седмица 50, 7.12.2020 - 13.12.2020
Свети Климент Охридски
Свети Климент Охридски

Свети Климент Охридски (о. 840 - 916) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Главните извори за животот на Климент се два средновековни документи напишани на грчки јазик. Пораниот и подеталниот од двата документи е едно житие на Климент напишано од Теофилакт, архиепископ охридски (1084-1107). За Теофилактовото Пространо житие се смета дека е пишувано врз основа на содржината на исчезнатото Прво словенско житие, составено од климентовите следбеници и ученици веднаш по неговата смрт. Треба да се има предвид дека Теофилакт извршил адаптација на неговата содржина, согласно идеолошките и црковно-политичките интереси на Византија. (Дознајте повеќе...)


Седмица 49, 30.11.2020 - 6.12.2020
Најголемата црква во Лешочкиот манастир
Најголемата црква во Лешочкиот манастир

Лешочки манастирправославен манастирски комплекс, кој претставува најголем духовен центар во Тетовско. Манастирот е сместен во природен амбиент во близина на селото Лешок, на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите македонски преродбеници од XIX век.

Во манастирските конаци има параклис посветен на светите Кирил и Методиј, додека надвор од манастрискиот комплекс има стара црква посветена на Атанасиј Александриски т.н. Стар Манастир. Манастирот за прв пат е основан во 1321 година од страна на Епископот Полошки Антониј. Комплетното заживување кое е видливо и денес се должи на доаѓањето на Пејчиновиќ од Света Гора, во 1818 година, кога се обновени манастирските конаци и кога е основана манастирската библиотека. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Манастирските конаци денес се реновирани, располагаат со сместувачки капацитети и особено се погодни за летен манастирски туризам.

Манастирот досега е двапати уриван. Прв пат во 1690 година Турците го разурнале целиот комплекс со црквите. Втор пат манастирот го кренале во воздух албанските терористи за време на конфликтот во 2001 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 48, 23.11.2020 - 29.11.2020
Помлад јагуар
Помлад јагуар

Јагуар (науч. Panthera onca) — голема мачка од родот пантери. Ова е единственото животно од родот пантери кое живее во Америка. Јагуарот е трета најголема мачка, зад тигарот и лавот, и најголема и најмоќна мачка во западната полутопка. Денешната распространетост на јагуарот се протега од Мексико преку поголемиот дел на Средна Америка, до Парагвај и северна Аргентина. Освен една позната популација во Аризона (југозападно од Тускон), оваа голема мачка изумрела во САД за време на раните 1900-ти. Сепак постои голема можност ненабљудувани популации на јагуар да живеат во јужна Аризона, Ново Мексико па дури и Тексас.

Јагуарот може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

Оваа дамчеста мачка физички доста е слична со леопардот, иако најчесто е поголема. По однесувањето и живеалиштето многу е поблиска до тигарот. Омилено живеалиште на јагуарот се густите дождовни шуми, но го среќаваме и во многу други шумски и отворени животни средини. Секогаш живее во близина на вода, и како тигарот, е една од ретките мачки кои уживаат во пливањето. Јагуарот е самотно животно, грабливец кој напаѓа од заседа и опортунист во поглед на избирање на пленот. Овие животни се и познати суперграбливци кои играат голема улога во стабилизирање на екосистемите и регулирање на бројноста на популациите на нивниот плен. Јагуарот има развиено исклучително моќен загриз, дури и во споредба со останатите мачки. Ова му овозможува да го крши оклопот на некои рептили и да употребува специфичен метод на убивање – тој директно го загризува черепот на пленот со што нанесува фатален удар на мозокот. (Дознајте повеќе...)


Седмица 47, 16.11.2020 - 22.11.2020

Rated R — четвртиот студиски албум на бахамската Р&Б и поп пејачка Ријана, издаден на 20 ноември 2009. Првата песна од албумот е „Russian Roulette“, напишана е од страна на Не-Јо и самата Ријана. Песната била издадена на 20 октомври 2009. Албумот се има продадено во 181.442 примероци во првата седмица по неговото издавање во САД, што претставува најпродавана седмица на некој албум на Ријана. Ова е првиот албум на Ријана со предупредувачки наслов, а за кој бил потребен родителски надзор. Сепак, во Велика Британија била издадена верзија без предупредуање за родителски надзор. Од своето издавање, албумот добил златно признание во Велика Британија и Австралија.

Во февруари 2009, Ријана била на листата на изведувачи на 51. Греми награди, но нејзиниот настап бил одложен. Таа беила натепана од страна на нејзиниот поранешен приватен партнер, Р&Б изведувачот Крис Браун кој бил притворен поради тоа и осуден. Фотографија од Ријана по овој немил настан излегла во сите списанија и на сите интернет-страници преку TMZ.com. Подоцна во 2009 година, таа се вратила на музичата сцена со песната „Run This Town“, која ја извела со хип хоп изведувачите Џеј-Зи и Кејни Вест. Песната станала доста успешна во Северна Америка и Европа. По оваа песна, таа продолжила со снимањето на нови песни, односно со создавањето на нејзиниот нов албум Rated R. (Дознајте повеќе...)


Седмица 46, 9.11.2020 - 15.11.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 45, 2.11.2020 - 8.11.2020

Историја на отомански Цариград — периодот од заземањето на Цариград од страна на Османлиите на 29 мај 1453 година до распаѓањето на Отоманското Царство во 1922 и преместувањето на главниот град на Турција во Анкара на 13 октомври 1923 година.

Скоро пет века Цариград или Цариград бил главен град на големата држава која опстојувала како резултат на освојувањата на турските султани. Границите на Отоманското Царство опфаќала три континенти - Европа, Азија и Африка. Некогашниот анички град на бреговите на Босфор повторно се претворил во политички и економски центар од глобално значење. Цариград постепено ја вратил својата стара слава од пред Крстоносните војни и многу бргу станал голем трговски центар. Како една од главните причини за овој голем подем на градот била стратешката географска положба како мост меѓу Азија и Европа.

Во градот се наоѓало и седиштето на калифатот преку кое градот станал важен рлигиозен центар во муслиманскиот свет, а овде продолжила да опстојува и Цариградската патријаршија како центар на христијанскиот православен народ. Во градот била помешена културата на Селџуците, Византијците, Арапите и Персијците. Ова ознаувало дека во градот живеело население од различен етнички и религиозен карактер. Градот најголем развој имал за време на владеењето на Сулејман Величествениот, додека пак во времето на Мехмед III се почувствувал мал пад поради поразите на империјата во војните во Европа. По смртта на Ахмед I во градот речиси немало изградба на нова џамија или некои позначајни градби. Влошувањето на економската ситуација довело до стагнација на културата и науката и зголемување на влијанието на западните сили во сите сферите на животот на империјата и нејзиниот главен град. (Дознајте повеќе...)


Седмица 44, 26.10.2020 - 1.11.2020

1 − 2 + 3 − 4 + …бесконечен ред во математиката, чиишто членови се последователни позитивни броеви со променлив знак. Сумата на првите m членови од редот може да се запише како:

Овој бесконечен ред дивергира, што значи дека неговата низа од делумни суми, (1, −1, 2, −2, ...), не тежнее кон било која гранична вредност. Сепак, во средината на 18. век, Леонард Ојлер го запишал следново, коешто го окарактеризирал како парадоксално:

Математички метод, употребен за да се објасни ваквото равенство, бил развиен многу подоцна. Почнувајќи во 1890 година, Ернесто Чезаро, Емил Борел и други математичари строго ги испитувале постоечките методи за утврдување на сумата на дивергентните редови, вклучувајќи и нови толкувања на Ојлеровите обиди. Многу од овие методи за пресметка на сумата на редот 1 − 2 + 3 − 4 + ... лесно доведуваат до решение еднакво на 14. Сумирањето по Чезаро е еден од неколкуте методи коишто не врши сумирање на 1 − 2 + 3 − 4 + ..., така што редот е пример за којшто е потребен многу поприкладен метод, како на пример Абеловото сумирање. (Дознајте повеќе...)


Седмица 43, 19.10.2020 - 25.10.2020

Флуорирање на водата — контролирано додавање флуориди во водата за пиење со цел да се намали расипувањето на забите. Флуорираната вода содржи флуориди на ниво, кое ќе биде делотворно за заштита од кариес; таа може да настане по природен пат или со додавање флуориди. Флуорираната вода влијае на површината на забите, односно во устата образува ниски нивоа на флуориди во плунката, со што се намалува степенот со кој глеѓта ги намалува минералните состојки и го зголемува степенот за повторно создавање минерални состојки во раната фаза на кариесот. Најчесто во водата за пиење се додава смеса од флуориди, постапка која во САД просечно чини околу 0,92 долари по човек годишно. Дефлуоридацијата е потребна доколку природното ниво флуориди ги надминува препорачаните граници. Комисија од стручњаци на Светската здравствена организација во 1994 година предложила ниво на флуориди од 0,5 до 1,0 мг/л (милиграм во литар), зависно од климата. Водата во шишиња најчесто има непознато количество флуориди, а некои вградени филтри за вода отстрануваат дел од флуоридите или сите флуориди.

Забниот кариес во повеќето развиени земји претставува најголема грижа за јавното здравје и опфаќа 60-90% од учениците и голем дел од возрасните, а неговото лекување општеството го чини многу повеќе отколку лекувањето на која било друга болест. Флуоридирањето на водата штити од кариес како кај децата така и кај возрасните. Проценките од истражувања покажале дека со флуоридација на водата може да го намали кариесот од 18-40% кај деца кои користат таква вода и кои веќе имаат пристап до паста за заби и други извори на флуориди. Иако флуорирањето на водата може да предизвика флуороза на забите, која може да го промени изгледот на забите во развој, сепак најчесто таа е слаба и не се смета за естетски или здравствен проблем. Не постои јасен доказ за други непосакувани последици. Истражувањата со умерен квалитет ја истражувале делотворноста; најголем дел од истражувањата за несакани последици биле со низок квалитет. (Дознајте повеќе...)


Седмица 42, 12.10.2020 - 18.10.2020

Пума (науч. Puma concolor) — цицач од семејството на мачките кој живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка, распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки.

Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна му се копитарите како елен, лос, муфлон, како и домашно говедо, коњи, овци, пред се во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодачи. Пумата претпочита живеалишта со густи грмушки и камени површини за прикрадување, но може да живее и на отворен простор. Таа е територијално животно и преживува во мала бројност на популацијата. Големината на индивидуалната територија зависи од теренот, растителноста и изобилството на плен. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волк, американската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето. Нападите врз луѓето се ретки, и покрај скорешната зачестеност. (Дознајте повеќе...)


Седмица 41, 5.10.2020 - 11.10.2020
Картата на светот врз основа на основите геополитички концепти за „хартленд“ (јадро-стожер) и „римленд“ (обрач)
Картата на светот врз основа на основите геополитички концепти за „хартленд“ (јадро-стожер) и „римленд“ (обрач)

Геополитиканаука од редот на општествените научни дисциплини која се занимава со проучување на општествените, економските, демографските и политичките процеси на државите како единки зависни и распоредени во единствениот географски простор. Главна дефиниција на геополитиката, која доминирала подолго време е дека таа претставува концепција која ја објаснува политиката на државата преку природногеографските услови, географската положба и расните разлики на населението. Како најглавни чинители во рамки на проучувањата и спроведувањето геополитички анализи се земаат политичките процеси, одлуки и системи, економските остварувања и можности и воено-безбедносните способности и сила на државите врз основа на нивната географска положба, односно географскиот простор на кој се наоѓа нивната државна територија и нивната позиција во светот во однос на важните геостратешки точки или положбата во однос на другите држави. (Дознајте повеќе...)


Седмица 40, 28.9.2020 - 4.10.2020

ФК Вердер Бремен — германски фудбалски клуб од градот Бремен во северозападната германска покраина Слободниот Ханзански Град Бремен. Клубот во моментов се натпреварува во Првата Бундеслига, највисокото ниво на германскиот фудбал.

Вердер Бремен бил основан во 1899 година. Клубот е четирикратен шампион на Германија (1964–1965, 1987–1988, 1992–1993, 2003–2004) и шесткратен победник на Купот на Германија (1960–1961, 1990–1991, 1993–1994, 1998–1999, 2003–2004, 2008–2009). Покрај тоа Вердер има освоено и еден Лига куп на Германија (2006) и 3 Суперкупа (1988, 1993, 1994). Освен на домашната тие можат да се пофалат и со успеси на меѓународната фудбалска сцена каде тримуфирале во Купот на победниците на куповите (1991-1992) и Интертото купот (1998). Исто така тие играле и во финалето на Купот на УЕФА во сезоната 2008-2009, во кое биле поразени од украинскиот Шахтар Донецк по продолженија со 2-1. Од формирањето на Бундеслигата во 1963 година, клубот ги поминал сите сезони во Првата Бундеслига со исклучок на сезоната 1980-1981, кога завршиле како први во Втората Бундеслига и експресно се вратиле во елитната дивизија на Германија. (Дознајте повеќе...)


Седмица 39, 21.9.2020 - 27.9.2020

Затемнување на Сонцето — тип на затемнување којшто се случува кога Месечината поминува помеѓу Сонцето и Земјата, а Месечината целосно или делумно го попречува („прикрива“) Сонцето. Ова може да се случи само на млада месечина, кога Сонцето и Месечината се врзани кога се гледаат од Земјата во усогласување познато како сизигија. Во целосно затемнување, дискот на Сонцето е целосно прикриен од Месечината. Во делумно и прстенесто затемнување, само дел од Сонцето е прикриено.

Ако Месечината била во совршена кружна орбита, малку поблиску до Земјата, и во исто време и орбитална рамнина, целосно затемнување на Сонцето би имало секој месец. Но, орбитата на Месечината е наклонета (навалена) на повеќе од 5 степени кон Земјината орбита околу Сонцето (видете еклиптика), па нејзината сенка на млада месечина обично ја промашува Земјата. Земјината орбита е наречена еклиптичка рамнина бидејќи орбитата на Месечината мора да ја помине оваа рамнина со цел да дојде до затемнување (како сончево така и месечинско). Покрај тоа, вистинската орбита на Месечината е елипсовидна, често носејќи ја доволно далеку од Земјата што аголната големина не е доволно голема да го болкира Сонцето целосно. Орбиталните рамнини се поминуваат едни со други во јазолна линија што резултира со најмалку две, а најмногу пет, затемнувања на Сонцето кои се појавуваат секоја година; не повеќе од две кои можат да бидат целосни затемнувања. Меѓутоа, целосно затемнување на Сонцето е ретко на било која локација бидејќи целосно излегува само на тесен пат на површината на Земјата која е проследена од сенката на Месечината. (Дознајте повеќе...)


Седмица 38, 14.9.2020 - 20.9.2020
„Ctenophorae“ од делото на Ернст Хекел Kunstformen der Natur, од 1904 год.
„Ctenophorae“ од делото на Ернст Хекел Kunstformen der Natur, од 1904 год.

Реброносци (науч. Ctenophora) — колено морски безрбетни животни. Реброносците се најголемите животни кои пливаат со помош на трепки (цилии), кои, кај овие животни, се нарекуваат уште и „чешли“. Во зависност од видот, возрасните реброносци имаат должина од неколку милиметри до 1,5 метри. Досега се потврдени само 100 до 150 видови кои припаѓаат на ова колено, а уште 25 други не се целосно опишани и именувани. Најпознати претставници на ова колено се цидипидите (ред Cydippida), кои имаат јајцевидно тело и еден пар на големи пипала со ресички од мали пипала кои се покриени со колобласти, лепливи клетки кои служат за фаќање на пленот. Нивните тела се изградени од желатинозна маса, која од надворешната страна е покриена со два слоја на клетки, а од внатрешната страна со еден слој на клетки кој ја обложува внатрешната празнина. Припадниците на ова колено имаат разновидни форми на телото, од јајцевидните цидипиди до сплесканите платиктениди и широкоусните бероиди.

Речиси сите реброносци се грабливци, а пленовите може да варираат од микроскопски ларви и ротифери до возрасните единки на малите видови на ракови; исклучоци се младенчињата на два вида кои живеат како паразити на салпи кои се храна за возрасните единки на нивните видови.

И покрај тоа што имаат меки, желатинозни тела, пронајдени се фосили на реброносците во лежиште кои датираат од раниот камбриум, пред околу 525 милиони години. Положбата на реброносците во „дрвото на животот“ одамна е тема на дебата на молекуларните филогенетски студии. Според најновите хипотези за еволуцијата на животинските организми, реброносците ја сочинуваат втората најрана животинска група која се појавила веднаш после сунѓерите. (Дознајте повеќе...)


Седмица 37, 7.9.2020 - 13.9.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 36, 31.8.2020 - 6.9.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 35, 24.8.2020 - 30.8.2020

Алберто Контадор (роден во 1982) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист и еден од шесте возачи кои имаат победено на сите три големи трки во друмскиот велосипедизам. Тој бил победник на Тур де Франс 2007 со екипата Дискавери Канал. Со екипата Астана ги освои Џиро д’Италија 2008, Вуелта а Еспања 2008 и Тур де Франс 2009. Исто така, првично го освоил и Тур де Франс 2010 со оваа екипа и Џиро д’Италија 2011 со екипата Саксо Банк-СанГард, но овие титули му биле одземени откако се покажал виновен по обвинувањата за допинг. Потоа, повторно ја освоил Вуелта а Еспања во 2012 и во 2014 година и Џиро д’Италија 2015.

Контадор често е сметан како најдобриот специјалист за искачување и најдобар возач на етапни трки во светот. Познати завршници на етапи на нагорнина се победите на Алто де Ел Англиру на Вуелта, Плато де Бел на Тур и Етна на Џиро. Откако се очекувало да го изгуби неговото мало водство на Тур де Франс 2007 на завршниот поединечен хронометар, Контадор станал подобар на хронометрите, со неколку победи во оваа дисциплина. Тој ја заработил оцената како универзален возач, велосипедист кој посветил внимание на сите делови од етапното тркање, кои се потребни за остварување високи пласмани во генералните пласмани. (Дознајте повеќе...)


Седмица 34, 17.8.2020 - 23.8.2020
Карта на Ханза околу 1400 година
Карта на Ханза околу 1400 година

Ханза (долногермански: Hanse, Dudesche Hanse, латински: Hansa, Hansa Teutonica или Liga Hanseatica) — трговски и одбранбен сојуз на трговски еснафи и нивните градови, кои ја воделе трговијата долж брегот на Северна Европа. Се протегал од Балтичкото до Северното Море, како и во внатрешноста кон крајот на средниот век и почетокот на новиот период (од XIII до XVII век).

Сојузот бил создаден да ги заштита економските интереси и дипломатски користи во градовите и земјите долж трговските патишта кои ги посетувале трговците. Градовите на Ханзата имале нивен правен систем и поседувале заедничка војска за заедничка заштита и помош. И покрај овие одлики, организацијата не била град-држава, ниту може да се нарече конфедерација на градови-држави; само мал број на градовите во сојузот поседувале автономија и слобода споредена со слободните царски градови.

Наследството на Ханзата може да се види и денес во неколку имиња, на пример германскиот авиопревозник Lufthansa (буквално: „Воздушна Ханза“), ФК Ханза Росток, Универзитет на применети науки Ханза во Гронинген, Холандија, пиварница Ханза во Берген, Ханзабанк во балтичките држави и Регата Ханза во Росток. ДДГ Ханза било големо германско бродско претпријатие од 1881 до неговиот банкрот во 1980. (Дознајте повеќе...)


Седмица 33, 10.8.2020 - 16.8.2020
Карта на соѕвездието Воловар
Карта на соѕвездието Воловар

Воловарсоѕвездие на северното небо, со местоположба меѓу 0° и +60° деклинација, и 13 и 16 часа на ректасцензија на небесната сфера. Името потекнува од старогрчкиот поим Βοώτης, Boōtēs, што значи овчар или орач (или буквално, воловар, од boos, поврзано со латински bovis, „говедо“).

Станува збор за едно од 48 соѕвездија опишани од астрономот Птоломеј, Воловар денес е едно од 88 современи соѕвездија. Ја содржи четвртата најсјајна ѕвезда на ноќното небо, портокаловиот Арктур. Воловар е дом на многу сјајни ѕвезди, од кои четири се со светлинска величина над 4 и дополнителни 21 ѕвезда со светлинска величина над 5 со што се добиваат 29 ѕвезди кои се видливи со голо око.

Се граничи со Девица на југ, Береникина Коса и Ловечки Кучиња на запад, Големата Мечка на северозапад, Змеј на североисток и Херкул, Северна Круна и Змиска Глава на исток. Кратенката од три букви била усвоена од Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 г., и истата е 'Boo'. Официјалните граници на соѕвездието, поставени од Ежен Делпорт во 1930 г., и дефинирани како многуаголник од 16 делови. Во екваторскиот координатен систем, ректасцензионите координати на тие граници се 13ч 36.1м и 15ч 49.3м, додека пак деклинационите координати се протегаат од +7,36° to +55,1°. Заземајќи површина од 907 квадратни степени, Воловар кулминира на 2 мај околу полноќ и според површината е на 13-то место. (Дознајте повеќе...)


Седмица 32, 3.8.2020 - 9.8.2020

Вилијам Шекспир (1564 — 1616) — англиски поет и драматург, кој се смета за најважниот англиски писател и водечки светски драматург. Тој често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Авон“. Неговите дела, како и колаборати, содржат 38 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург.

Шекспир се родил и пораснал во гратчето Стратфорд на Ејвон. На 18-годишна возраст се оженил со Ен Хатавеј, со која имал три деца: Сузана и близнаците Хамнет и Џудит. Помеѓу 1585 и 1592, тој започнал успешна кариера во Лондон како глумец, писател и делумен сопственик на драмско друштво наречено Lord Chamberlain's Men („Трупата на Лордот Коморник“), подоцна познато како King's Men. Тој се повлекол во Стрaтфорд во прибл. 1613, каде починал три години подоцна. Поради малкуте записи што ги имаме за животот на Шекспир, во текот на годините се појавиле многу шпекулации за тоа како тој изгледал, за неговата сексуалност и сексуална ориентација, вера, како и за тоа дали тој или некој друг ги напишал драмите што нему му се припишуваат. (Дознајте повеќе...)


Седмица 31, 27.7.2020 - 2.8.2020
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на оганот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)


Седмица 30, 20.7.2020 - 26.7.2020

Освојување на Африка — период од историјата на Африка проследен со окупација, поделба и колонизација на африканската територија од страна на европските сили за време на периодот на т.н. Нов империјализам, во периодот помеѓу 1881 и 1914 година. Во 1870 година, само 10% од Африка бил под европска контрола, додека до 1914 година овој процент се зголемил на речиси 90% од континентот. Единствено Етиопија (Абисинија), Дервишката држава (денешна Сомалија) и Либерија биле независни.

Берлинската конференција од 1884 година, која ја регулирала европската колонизација и трговија во Африка, обично се нарекува почетна точка за борбата во Африка. Како последица на политичките и економските соперништва меѓу европските империи во последниот квартал од 19 век, европските сили често избегнувале да војуваат меѓу себе кога станувало збор за континентот. Во подоцнежните години на 19 век, транзицијата од „неформалниот империјализам“ со воено влијание и економска доминација, го насочило владеењето, доведувајќи го колонијалниот империјализам. (Дознајте повеќе...)


Седмица 29, 13.7.2020 - 19.7.2020
Насловна страница на првото издание на „Владетелот“, од 1550 г.
Насловна страница на првото издание на „Владетелот“, од 1550 г.

Владетелот (италијански: Il Principe) — политичка расправа од фиренскиот чиновник и политички теоретичар Николо Макијавели. Била напишана во 1513 година, и првобитно била насловена како „За кнежевствата“. Но, книгата не била издадена сѐ до 1532, пет години по смртта на Макијавели. Оваа расправа не е претставителна за неговиот творечки опус издаден додека бил жив, но е најпрочуената, како делото одговорно за создавање на поимот „макијавелистички“, како термин со негативна смисла. Некои критичари сметаат дека делото е всушност сатира, но тоа е спорно.

„Владетелот“ го проучува стекнувањето на власт, зацврстувањето на неа и употребата на власта. Макијавели не го предвидел делото како академска расправа по политичка теорија, туку за да покаже дека е голем државник, советувајќи како еден владетел да дојде на власт и како да ја задржи власта. Макијавели го оправдувал владеењето со сила наместо со закони. Според ова, „Владетелот“ оправдува низа постапки извршени со единствена цел за зацврстување на власта. Ова е класична студија за власта — нејзиното стекнување, експанзија и нејзина делотворна употреба.

Идеалите на Макијавели за управувањето со државата биле од големо значење за делата на политичките водачи. Макијавели е претставен како лик во поговорот на делото „Малтешкиот Евреин“ од Кристофер Марло. Кралот на Прусија, Фридрих Велики упатил остри критики кон Макијавели во неговото дело „Антимакијавели“, издадено во 1740 година. На неколку наврати во животот, Наполеон Бонапарт пишувал опширни коментари за „Владетелот“. По поразот кај Ватерло, овие коментари биле пронајдени во царската кочија и одземени од пруската војска. (Дознајте повеќе...)


Седмица 28, 6.7.2020 - 12.7.2020
Американски тенкисти во Ирак
Американски тенкисти во Ирак

Тенкгасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судар со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и поддршка од митралези. Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини.

Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква поддршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони. (Дознајте повеќе...)


Седмица 27, 29.6.2020 - 5.7.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 26, 22.6.2020 - 28.6.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на Исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 25, 15.6.2020 - 21.6.2020
Победникот на трката Еган Бернал
Победникот на трката Еган Бернал

Тур де Франс 2019 — 106. издание на велосипедската голема трка Тур де Франс, која се одржала помеѓу 6 и 28 јули како дваесет и седми настан во сезоната на Светската турнеја.

Трката имала вкупна должина од 3.365,8 километри и се состоела од 21 етапа, започнувајќи на 6 јули во Брисел, Белгија, и завршувајќи на 28 јули со традиционалната етапа на Елисејските полиња во Париз. Воведната етапа (позната и како „Големо тргнување“, Grand Départ) била одржана во Брисел во чест на 50-годишнината од првата победа на Тур де Франс на Еди Меркс. Вкупно 176 возачи од 22 екипи учествувале во трката. Крајниот генерален пласман бил освоен од Еган Бернал од Тим Инеос. Неговиот колега и победникот на Тур 2018, Герајнт Томас, завршил втор додека Стевен Краусвајк (Џамбо-Висма) завршил трет.

Колегата на Краусвајк, Мике Тенисен, ја освоил првата етапа во масовен спринт, кој станал прв возач на Тур кој ја облекол водечката жолта маичка. Жилијан Алафилип од Декојнинк-Квик Степ го преземал водството на трката по победата на третата етапа. Ја изгубил жолтата маичка по шестата етапа од Џулио Чиконе (Трек-Сегафредо), кој бил највисоко пласиран возач во групата на бегството, кое завршило пред главната група. Водството на Чиконе на Тур траело две етапи, пред Алафилип повторно да ја преземе жолтата маичка, која ја носел на следниве единаесет етапи, вклучувајќи ги и оние на Пиринеите, пред да ја изгуби од Бернал на вториот ден на Алпите, на етапата 19, која била скратена поради лошото време. Бернал го одржал водството на завршните две етапи за победа на Тур. (Дознајте повеќе...)


Седмица 24, 8.6.2020 - 14.6.2020
На сончевата светлина ѝ требаат околу 8 минути и 19 секунди за да стигне до Земјата доколку се движи со брзина на светлината
На сончевата светлина ѝ требаат околу 8 минути и 19 секунди за да стигне до Земјата доколку се движи со брзина на светлината

Брзина на светлината — физичка константа важна во голем број области од физиката. Нејзината вредност (во вакуум) изнесува точно 299.792.458 м/с (≈3,00 × 108 м/с), односно 1.079.252.848,8 км/ч. Според специјалната теорија на релативноста тоа е максималната брзина со која сета енергијата, материјата и сите информации можат да патуваат во универзумот, а која може да се постигне единствено во вакуум . Затоа често се обележува и со c0. Во други средини (течности, гасови...) брзината на светлината е различна и секогаш помала отколку во вакуум.

Со брзината на светлината во вакуум се движат честичките кои немаат маса и електромагнетното зрачење (светлината и гравитациските бранови и се одвиваат промените во полињата. Тие ја задржуваат c без разлика на движењето на нивниот извор или на инерцијалниот појдовен систем на набљудувачот. Во теоријата на релативноста c ги соединува просторот и времето и се појавува во познатата Ајнштајнова равенка за еднаквост на масата и енергијата E = mc2.

Брзината со која светлината се пренесува низ проѕирни материјали (стакло, воздух...), а радиобрановите низ кабли, е помала од c. Односот меѓу c и v, брзината со која светлината патува низ одреден материјал, го дава показателот на прекршување n на материјалот (n = c / v). За видливата светлина показателот на прекршување на стаклото изнесува околу 1,5, што значи дека низ стаклото светлината патува со брзина од c / 1,5 ≈ 200.000 км/с. Показателот на прекршување на воздухот изнесува приближно 1,0003 за видливата светлина, што значи дека таа низ воздух се движи со брзина од 299.700 км/с (90 км/с побавно отколку со c). (Дознајте повеќе...)


Седмица 23, 1.6.2020 - 7.6.2020
Линебург
Линебург

Линебургград во истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот се наоѓа на реката Илменау, околу 50 километри југоисточно од Хамбург, на работ на Линебуршкото Поле и припаѓа на метрополитенската област Хамбург. Линебург се наоѓа на само 15 километри јужно од границата со Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Западна Померанија.

Градот претставува административно седиште на истоимениот округ и има околу 77.500 жители. Поширокото градско подрачје ги опфаќа и општините Адендорф, Бардовик, Барендорф и Репенштет, со што вкупното население во оваа агломерација е околу 126.000 жители.

Линебург ја додал титулата „Ханзин град“ во своето име во 2007 година, како признание за своето членство во поранешниот сојуз Ханза. Во градот се наоѓа Универзитетот Лојфана. (Дознајте повеќе...)


Седмица 22, 25.5.2020 - 31.5.2020
Алехандро Валвереде
Алехандро Валвереде

Алехандро Валверде Белмонте (р. 1980) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим. Најголемите победи на Валверде се случиле на Вуелта а Еспања во 2009, Критериум ди Дофине во 2008 и 2009, Трка околу Баскија во 2017, Волта а Каталуња во 2009, 2017 и 2018, Лиеж-Бастон-Лиеж во 2006, 2008, 2015 и 2017, Флеш Валон во 2006, 2014, 2015, 2016 и 2017, the Класика де Сан Себастијан во 2008 и 2014, светската серија UCI ProTour 2006 и UCI ProTour 2008, Светските турнеи во 2014 и 2015 и друмската трка на Светското првенство 2018.

Вкупно, Валверде има 123 професионални победи. Пред неговата победа на Светското првенство, го држел рекордот на освоени медали на светските првенства – двапати го освоил сребрениот медал на светските првенства, во 2003 и 2005 година, како и бронзениот четири пати во 2006, 2012, 2013 и 2014. До 2019 година, Валверде завршил деветнаесет пати меѓу првите десет на големите трки. Валверде е еден од ретките, кој комбинира различни специјалности во друмскиот велосипедизам, станувајќи силен специјалист за искачување, спринтер и добар на хронометри.

По долгата судска битка бил суспендиран на две години како дел од истрагата Операција Пуерто, но се вратил на натпреварувањата во 2012 година, откако му завршила суспензијата. Сите негови резултати од 2010 година биле избришани, вклучувајќи ја и победата на Тур де Романди 2010 и не настапувал во 2011 година. (Дознајте повеќе)


Седмица 21, 18.5.2020 - 24.5.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на Исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 20, 11.5.2020 - 17.5.2020
Панетова мрежа која отсликува вкрстување меѓу две растенија од грашок - хетерозиготни за црвени (В) и бели (b) цветови.
Панетова мрежа која отсликува вкрстување меѓу две растенија од грашок - хетерозиготни за црвени (В) и бели (b) цветови.

Генетика (од старогрчки γενετικός генетикос, „да роди“ и од γένεσις генезис, „потекло“) — гранка на биологијата која се занимава со проучување на гените, наследноста и варијацијата кај живите организми.

Генетиката се справува со прашања какви што се молекуларната градба и функција на гените, однесувањето на гените во контекст на клетка или организам (на пример, доминантност и епигенетика), закономерностите на наследување од родителите до потомството, како и генската дистрибуција, варијација и промена во популациите. Поради тоа што гените се универзални за сите живи организми, генетиката може да се користи за проучување на сите живи системи, од вируси до бактерии, преку растенијата и домашните животни, до човекот (како што е во медицинската генетика).

Фактот што живите суштества наследуваат белези од нивните родители е користен уште од праисториските времиња за да се подобрат земјоделските растенија и животни по пат на селективно размножување. Меѓутоа, современата наука генетика, која се обидува да го сфати процесот на наследување, е зачната со работата на Грегор Мендел во средината на XIX век. Иако тој не ја познавал физичката основа на наследноста, Мендел воочил дека организмите наследуваат белези преку дискретни единици на наследувањето кои денес се нарекуваат гени. (Дознајте повеќе...)


Седмица 19, 4.5.2020 - 10.5.2020
Мала Франција во Стразбур
Мала Франција во Стразбур

Алзас (француски: Alsace) или Елзас (алзашки: ’s Elsass; германски: Elsass/Elsaß; латински: Alsatia) — поранешен регион во Франција. Се наоѓа на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Рајна и се граничи со Германија и Швајцарија. Најважен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур кој воедно е и главен и најголем град на регионот. Бидејќи тој град е седиште на десетици меѓународни организации и тела, Алзас е политички еден од најзначајните региони во Европската Унија.

Траги на името „Алзас“ се гледаат во горногерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи „туѓо царство“. Алтернативното објаснување потекнува од германското Ell-sass, што значи „сместено на Ил“, река во Алзас. Регионот историски припаѓал на Светото Римско Царство. Постепено се припоил кон Франција во тек на XVII век под власта на кралевите Луј XIII и Луј XIV како една од поранешните француски покраини. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како царска покраина Алзас-Лорена]], 1871–1918) била оспорена во XIX и XX век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припаѓал последователно и на Франција и на Германија. (Дознајте повеќе...)


Седмица 18, 27.4.2020 - 3.5.2020

Megadeth (се чита: Мегадет) — треш метал музичка група од САД. Предводена е од основачот, фронтмен, гитарист и текстописец Дејв Мастејн. Формирана е во 1983 година, по неговото напуштање на Metallica. Бендот досега има издадено 13 студиски албуми, шест албуми од живи настапи и три компилации со најголеми хитови.

Како пионери на Американското треш метал движење, се стекнаа со светска слава во осумдесеттите години на минатиот век, но беа пропратени со чести смени на поставата главно поради проблеми со прекумерно користење на дрогa и алкохол. Откако се стабилизираа во поставата, Megadeth издадоа низа на платински и златни тиражи, вклучувајќи го Rust in Peace, двапати номиниран за Греми, белег на треш сцената, а потоа следува двојниот платински тираж на Countdown to Extinction во 1992. Престануваат со работа во 2002 поради Мастејновата тешка повреда на левата рака, но по интензивна терапија Мастејн повторно го формира бендот во 2004 и го издаваат The System Has Failed, а во 2007 следи United Abominations. Иако како група постојат скоро 30 години, нивните последни два албуми Endgame и Thirteen со нивната брзина и моќност се доказ дека бендот сè уште има што да понуди на своите верни фанови. (Дознајте повеќе...)


Седмица 17, 20.4.2020 - 26.4.2020

Леонард Ојлер (германски: Leonhard Euler; 15 април 1707 – 18 септември 1783) — швајцарски математичар и физичар, еден од пронаоѓачите на чистата математика. Не само што носел одлучни и формални придонеси во предметите како геометрија, математичката анализа, механиката и теоријата на броевите, туку и развил методи за решавање на проблеми во набљудувачката астрономија и демонстрирал корисни употреби на математика во технологијата и во јавниот живот.

Математичката способност на Ојлер ја заслужил онаа на Јохан Бернули, еден од првите математичари во Европа во тоа време, како и на неговите синови Даниел и Николас. Во 1727 г. се сели во Петроград каде што се вклучува во Академијата на науки во 1733 г. го надминува Даниел Бернули на полето на математиката.

Ојлер се смета за ненадминат математичар на XVIII век и еден од најдобрите на сите времиња. Тој е исто така еден од најпродуктивните: неговите собрани дела исполнуваат 60-80 четвороделни тома. Има направено многу важни откритија во различни полиња, како што се алгебрата и графичката теорија. Исто така го воведува најголемиот дел од модерната математичка терминологија и нотација, особено во делот на математичката анализа, како на пример нотацијата за математичка функција. (Дознајте повеќе...)


Седмица 16, 13.4.2020 - 19.4.2020

Хамбургвтор најголем град во Германија и седми најголем град во Европската Унија. Градот е дом на преку 1,8 милиони луѓе, додека Метрополитенската областа Хамбург (вклучува делови од соседните покраини Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн) има повеќе од 4,3 милиони жители. Пристаништето во Хамбург е третото најголемо пристаниште во Европа (по пристаништата во Ротердам и Антверпен) и се наоѓа помеѓу дваесетте најголеми во светот.

Службеното име на Хамбург е Слободен и ханзин град Хамбург (германски: Freie und Hansestadt Hamburg). Тоа ја прикажува историјата на Хамбург, како член на средновековната Ханза, како слободен царски град на Светото Римско Царство и самиот факт дека Хамбург е град-држава и една од шеснаесетте сојузни покраини на Германија.

Хамбург е главниот сообраќаен врзол во Северна Германија и е еден од најбогатите градови во Европа. Станал медиумски и индустриски центар, со фабрики и објекти на Ербас, Blohm + Voss и Aurubis. Радио и телевизискиот јавен медиум Norddeutscher Rundfunk и издавачите, како што се Gruner + Jahr и Шпигел се столбови на важната медиумска индустрија во Хамбург. Севкупно, има повеќе од 120.000 претпријатија. (Дознајте повеќе...)


Седмица 15, 6.4.2020 - 12.4.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на Исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 14, 30.3.2020 - 5.4.2020
Дисциплините на македонската граматика.
Дисциплините на македонската граматика.

Македонска граматика — дел од науката за македонскиот јазик, позната како македонистика, која ги изучува формите и значењата на граматичките елементи во системот. Македонската граматика се занимава со опишување, изучување и класификација на сложениот систем составен од именки, глаголи, придавки, предлози, прилози, заменки, извици, честички, модални зборови и броеви. Паралелно со тоа, оваа јазична дисциплина се дели на неколку големи гранки, во зависност од темата која се изучува, па така има правопис и правоговор, морфологија, синтакса, фонетика и фонологија, лексикологија, лексикографија, стилистика, дијалектологија и ономастика.

Граматиката на македонскиот јазик и неговите говори била изучувана подолг период во минатото. Како прва печатена граматика на македонскиот јазик се јавува „Слогница речовска“, издадена во 1880 година во Софија од македонскиот преродбеник и револуционер Ѓорѓија Пулевски. „Слогница речовска“ е еден од првите обиди за опис на современата македонска граматика, која требало да излезе во неколку делови и била наменета за општо изучување на јазикот. Покрај „Слогница речовска“, важно е да се наведе и првата печатена македонска граматика во слободна Македонија, односно граматиката на Круме Кепески издадена во 1945 година веднаш по стандардизирањето на јазикот. Меѓу овие две граматики се јавуваат и други значајни обиди за печатење на македонската граматика, кои се фокусирале на класификацијата и опишувањето граматика за општото изучување на јазикот. Денес постојат поголем број печатени македонски граматики, печатени на македонски или на некој од светските или европските јазици. (Дознајте повеќе...)


Седмица 13, 23.3.2020 - 29.3.2020
Флорентиновиот кодекс - митот за орелот и змијата.
Флорентиновиот кодекс - митот за орелот и змијата.

Ацтечки јазик (nāhuatl, наватл) — американски староседелски јазик, дел од подгрупата на навански јазици од јазичното семејство на јутоацтечки јазици. Јазикот го зборуваат околу 1,5 милиони Ацтеки, од кои повеќето живеат во Мексико и дел од нив во Ел Салвадор. Ацтеките во Ел Салвадор се познати како Пипилци. Наватслкиот е сложен јазик во поглед на морфологијата и карактеристично за него е полисинтетичноста и аглутинацијата. Поради тоа, јазикот оперира со голем број сложени зборови со сложени значења изведени со помош на афикси.

Наватлскиот се зборувал во Централно Мексико најрано од VII век. Тој е мајчин јазик на Ацтеките, народ кој доминирал во денешно централно Мексико за време на доцниот посткласичен период на мезоамериканската историја. За време на вековите пред шпанската колонизација на Мексико, Ацтечката империја територијално се проширила и ја зазела скоро целата територија на денешно Мексико и нејзиното влијание довело до издигнување на наватлскиот дијалект од Теночтитлан на ниво на престижен јазик во Мезоамерика. Со шпанското навлегување во регионот, латиницата била воведена во регионот и наватлскиот станал пишан, литературен јазик. Така, за време на XVI и XVII век, голем број на хроники, граматики, поезија, административни документи и кодекси биле напишани на ацтечки. Овој ран стандарден јазик заснован на дијалектот од Теночтитлан е означен како класичен навтлски јазик и е еден од најпроучуваните и најдокументираните јазици во Америка. (Дознајте повеќе...)


Седмица 12, 16.3.2020 - 22.3.2020

Борис Сарафов (1872–1907) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, водач на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и член на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ, една од контроверзните личности во македонското ослободително дело.

По завршувањето на основното образование во родното село и Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, се запишува во Военото училиште во Софија, заедно со Гоце Делчев, и учествува во социјалистичка група. По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белогратчик и потоа во Софија (1894). Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во македонското движење, собира и обучува чета. Во т.н Мелничко востание го напаѓа градот Мелник. Се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во Санкт Петербург (септември 1895), но по 4 месеци се враќа во Софија.

Често патува по Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L’Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци. Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на Македонската колонија во Санкт Петербург. Тој ги помага и солунските гемиџии.

Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на востанието. По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ. На Рилскиот конгрес (1905) е обвинуван за злоупотреби, испраќање на сарафистички чети, примање на пари од српската и бугарската влада, но е амнестиран. Во ВМОРО настанува расцеп.н Сарафов и Иван Гарванов се задгранични претставници. Осудени од Серскиот револуционерен округ, тие се и убиени во Софија. (Дознајте повеќе...)


Седмица 11, 9.3.2020 - 15.3.2020
Портрет на Сан Мартин.
Портрет на Сан Мартин.

Хосе де Сан Мартин (1778–1850) — аргентински генерал и главен предводник на борбата за независност од Шпанската Империја во јужните и централните предели на Јужна Америка. Сан Мартин бил воедно и еден од претседателите на Перу, позиција која во тоа време била именувана како „Заштитник на Перу“.

Хосе де Сан Мартин е роден во Јапеју, Кориентес, во денешна Аргентина, но уште додека бил мал, на 7 годишна возраст, заминал за Малага во Шпанија каде го започнал своето образование. Подоцна, во 1808 година, кога избила Полуостровската војна помеѓу Франција и Шпанија, Хосе де Сан Мартин зел учество во истата. Следствено на тој ангажман, Сан Мартин стапил во контакт со јужноамерикански подрржувачи на независноста на Јужна Америка од Шпанија. Во 1812 година тој заминал за Буенос Аирес и ги понудил своите способности и својата служба на Обединетите покраини на Рио де ла Плата, современа Аргентина. По Битката на Сан Лоренцо, тој организирал план за пораз на шпанската армија, која ја притискала Аргентина од север, користејќи алтернативен пат преку Вицекралството Перу. Целите првично биле да се основа нова армија, Армија на Андите, во Кујо, Аргентина. Оттука, тој го предводел преминувањето на Андите во Чиле и забележал победа во Битката на Чакабуко и Битката на Маипу. Како резултат на тие две победи била обезбедена независноста на Чиле. По тој успех, Сан Мартин кренал кон напад на шпанскиот бастион во Лима, Перу.

Сан Мартин се смета за национален херој на Аргентина и Перу и еден од ослободителите (libertadores) на Јужна Америка. Денес аргентинската влада својата највисока медаља, или одликување, го именува како „Орден на ослободителот Генерал Сан Мартин“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 10, 2.3.2020 - 8.3.2020

Џон Роналд Руел Толкин (англиски: John Ronald Reuel Tolkien; 3 јануари 1892 – 2 септември 1973) — англиски писател, филолог, поет, универзитетски професор и книжевен критичар. Толкин е познат во светската книжевна јавност по неговите епски дела „Хобитот“, „Господарот на прстените“ и „Силмарилион“.

Толкин предавал староанглиски јазик на колеџот Сент Џон во Оксфорд и на колеџот Пемброук од 1925 до 1945 година. Тој исто така предавал англиски јазик и книжевност на колеџот Мертон во Оксфорд од 1945 до 1959 година. Толкин своевремено бил близок пријател со К. С. Луис, со кој заедно членувале во книжевното друштво познато како „Инклингс“. На 28 март 1972 година Толкин бил одликуван со Редот на британската империја од страна на кралицата Елизабета II.

По смртта на Толкин, неговиот син Кристофер Толкин објавил серијал дела кои се всушност необјавени ракописи на самиот Толкин, меѓу кои и познатото дело „Силмарилион“. Овие, заедно со „Хобитот“ и „Господарот на прстените“, создаваат поврзано тело на раскази, поеми, измислени историски настани, измислени јазици и книжевни критики и есеи за измислениот свет наречен „Арда“ и „Средна земја“, раскази и настани кои се делумно засновани на нордиската митологија.

Иако голем број писатели објавиле дека од сферата на фантастиката пред времето на Толкин, големиот успех на „Хобитот“ и „Господарот на прстените“ довеле до широко распространување и популарност на епската фантастика како жанр. Така, ова довело до општото јавно мислење и постоветување на Толкин како „татко на современата книжевна фантастика“— или поточно епската фантастика. Во 2008 година, весникот „The Times“ го рангирал Толкин на шестото место на списокот на „50 најголеми британски автори од 1945 година“. Од друагата страна пак. „Forbes“ го рангирал на 5 место од најпрофитабилни „починати познати личности“ во 2009. (Дознајте повеќе...)


Седмица 9, 24.2.2020 - 1.3.2020
Дел од Свитокот на храмот, еден од најдолгите делови од Свитоците од Мртвото Море.
Дел од Свитокот на храмот, еден од најдолгите делови од Свитоците од Мртвото Море.

Хебрејски јазик (עִבְרִית) — семитски јазик, дел од подгрупата на канански јазици од поголемата група на северозападни семитски јазици. Јазикот е матичен и национален јазик на Израел и истиот го зборуваат околу 10 милиони луѓе во светот. Историски, за хебрејскиот се смета дека е јазикот на Израелитите и нивните потомци, иако самиот јазик не се именува како „хебрејски“ во Танах. Најраните примери за пишан палеохебрејски датираат од 10 век п.н.е. Денес, хебрејскиот е единствен жив јазик од групата на канански јазици, а воедно и единствен вистински успешен пример за јазично оживување.

Хебрејскиот престанал да биде средство за секојдневно општење некаде во периодот од 200 до 400 година, особено по катастрофалните последици од Востанието на Бар Коха. Во тој период како меѓународен јазик се појавил арамејскиот, особени меѓу елитната класа и имигрантите. Во Средновековието јазикот опстојал како јазик на еврејската литургија, рабинската книжевност, меѓуеврејска трговија и еврејската поезија. Почетокот на јазичното оживување на хебрејскиот бил во 19 век, кога хебрејскиот полека започнал да станува говорен и пишан јазик меѓу Евреите. Јазикот станал „лингва франка“ на палестинските Евреи, а како последица на тоа и на денешен Израел.

Современиот хебрејски јазик е службен јазик на државата Израел. Јазикот е втор јазик на Арапите во Израел, а истиот го изучуваат и Евреи кои живеат надвор од Израел, но и археолози и јазичари кои се специјализираат за студии за Блискиот Исток. Хебрејскиот јазик е јазик на Еврејската Библија и Стариот завет и поради тоа Еверите го именуваат јазикот и како „свет јазик“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 8, 17.2.2020 - 23.2.2020

Рак на бели дробови — болест карактеризирана со неконтролиран клеточен раст во ткивата на белиот дроб. Ако се остави без лекување, овој раст може да се прошири надвор од белите дробови во други делови од телото, преку процес којшто се нарекува метастазирање. Повеќето ракови кои почнуваат во белите дробови, наречени примарни белодробни тумори, се карциноми кои потекнуваат од епителни клетки. Главната поделба на белодробниот карцином е на ситноклеточен белодробен карцином (англиски: small cell lung carcinoma) и неситноклеточен белодробен карцином (non-small cell lung carcinoma). Најчестата причина за белодробен рак е долготрајно пушење тутун. Непушачите заземаат 15% од случаите со рак, а во овие случаи болеста често се препишува на комбинација од генетски фактори, изложеност на радон, азбест и загадување на воздухот, вклучувајќи и пасивно пушење.

Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на телесна тежина и недостиг на воздух. Ракот на белите дробови може да се види на градна радиографија и компјутеризирана томографија. Дијагнозата се потврдува со биопсија. Таа вообичаено се извршува преку бронхоскопија или преку биопсија водена од компјутеризирана томографија. Лекувањето и прогнозата зависат од хистолошкиот вид на рак, стадиумот (степен на ширење) и општата состојба на пациентот. Во вообичаените форми на лекување се вклучени хируршка операција, хемотерапија и радиотерапија. Крупноклеточниот карцином понекогаш се лекува со операција, додека ситноклеточниот обично подобро реагира на хемотерапија и радиотерапија. Преживувањето зависи од стадиумот, општото здравје и други фактори. Општо, во Соединетите Американски Држави, 15% од луѓето со белодробен рак преживуваат пет години по дијагнозата. Ширум светот, белодробниот рак е најчестата причина за канцер-асоцирана смртност меѓу мажите и жените и е одговорна за 1,38 милиони смртни случаи годишно од 2008 година. (Дознајте повеќе...)


Седмица 7, 10.2.2020 - 16.2.2020

Гијом Тирски (~1130-1186) — средновековен прелат и хроничар. Се родил и израснал во Ерусалим, во времето кога Ерусалимското Кралство било во своите најсветли години. Поминал 20 години проучувајќи ги седумте слободни уметности и канонското право во европските универзитети.

Како резултат на неговото враќање во Ерусалим во 1165 година, кралот Амалрик I го назначил за дипломатски претставник во Византија. Гијом станал учител на кралскиот син и иден крал, Балдуин IV, за кого открил дека е лепрозен. По смртта на Амалрик, станал претставник и архиепископ на Тир, со што вршел две од најважните функции во државата. Во 1179 година, ја предводел источната делегација на Третиот собор во Латеран. Со оглед на фактот дека бил вклучен во династичкиот судир, кој се развил за време на владеењето на Балдуин IV, неговото значење се намалило кога противниците зазеле контрола со кралските работи. Бил запоставен за функцијата на ерусалимски патријарх и починал во неразјаснети околнисти, најверојатно во 1186 година.

Гијом е автор на отчет за соборот во Латеран, а напишал и историски записи за исламските држави од времето на Мухамед. За жал, ниту едно од овие дела не е сочувано. Денес, познат е како автор на историјата на Ерусалим. (Дознајте повеќе...)


Седмица 6, 3.2.2020 - 9.2.2020

Московски Кремљ — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денес комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот Кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секоја ера од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот Кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)


Седмица 5, 27.1.2020 - 2.2.2020

Telephone“ — песна од американската пејачка Лејди Гага. Издадена е од нејзиниот трет EP албум, The Fame Monster (2009). Песната, која е дует заедно со американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс, е напишана од Гага и Родни Џеркинс. Инспирирана од нејзиниот страв што не е во состојба да ужива поради посветеноста на нејзината кариера, Гага објаснила дека текстот ја прикажува поголемата љубов кон подиумот отколку да се јави на нејзиниот партнер од другата страна на телефонот, кој во реалниот свет всушност бил нејзиниот мозок кој ѝ кажувал дека треба да работи понапорно.

Музички, „Telephone“ содржи издолжен завршен дел, рап стихови и епилог во кој гласот на мобилниот оператор кажува дека корисникот не е достапен. Ноулс се појавила во средината на песната, пеејќи ги стиховите во многу брзо темпо, придружена со посилни ритми. Песната се искачила на првото место во неколку држави поради дигиталните продажби кои го проследиле издавањето на албумот, главно во САД, Австралија, Канада, Холандија, Нов Зеланд, Шведска и Унгарија. Песната била успешна и во Европа каде се искачила на првите места на табелите во Белгија, Данска, Унгарија, Ирска, Холандија, Норвешка и Велика Британија. Според IFPI, синглот продал 7,4 милиони примероци во 2010 година. Критичарите забележале дека песната се одделува во позитивна насока од другите песни на The Fame Monster и добила Греми-номинација за Најдобра поп-соработка со вокали во 2011. (Дознајте повеќе...)


Седмица 4, 20.1.2020 - 26.1.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на Исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 3, 13.1.2020 - 19.1.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на Исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 2, 6.1.2020 - 12.1.2020
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија
Арабеска во дворецот Алхамбра, Шпанија

Исламска уметност — уметничките дела создадени од времето на хиџрата (622 година од христијанската ера), па сè до XIX век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи исто така се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Сепак, широкиот спектар на форми и декорации, согласно земји и епохи, често доведува до тоа повеќе да се зборува за „уметности на исламот“ отколку за една единствена „исламска уметност“. Според Олег Грабар, уметноста на Исламот, може да се дефинира само како „серија ставови во однос на самиот процес на уметничко творештво“. (Дознајте повеќе...)


Седмица 1, 30.12.2019 - 5.1.2020

Галија — антички брод кој го управувале веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на весла потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале јарболи и весла, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.

Во поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу XV и XVI век. Галиите се бореле во војните кои ги воделе древна Персија, Грција, Картагина и Рим, сѐ до IV век. По пропаѓањето на Римското Царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското Царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземни држави, италијанските приморски републики, меѓу кои и Венеција, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сѐ додека мановарите не ги истиснале од употреба. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да се користат како главна сила, сѐ додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во XVII век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машиина, кога целосно биле исфрлени од употреба. (Дознајте повеќе...)


Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
Месечина
Свети Јосиф  • Албанија  • Џорџ Орвел
Линебург  • Алехандро Валверде  • Тур де Франс 2019  • Брзина на светлината  • Свети Климент Охридски  • Одржлива енергија  • Договор за неширење на јадрено оружје  • Инвазивен вид  • Отпад од храна  • Последици од глобалното затоплување
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски тела  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики  • Обединета Ерменија  • Реброносци  • Казахстан  • Средновековна Романија
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермат  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC-транспортер  • Хосе де Сан Мартин
Оноре де Балзак  • Гравитациски бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи-сарај  • Јадрено цепење  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
Безјеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносна распределба  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаоски јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
Фердинанд I • Историја на христијанството • Старогрчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадејра • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска Државна Заедница • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хосе Раул Капабланка • Фердинанд I
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Цариград (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
Кочо Рацин • Светско првенство во фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
Евтини приказни