Античка Македонија

античка држава на Балканот

Античка Македонија чие име тогаш било само Македонија се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров, на север од најсеверната хеленска (старогрчка) област, односно Тесалија. Античките автори ја опишуваат како планинска земја, со голем број реки, богати полиња, шуми и езера и со рудни богатства.

Античка Македонија
800-ти п.н.е.–146 п.н.е.
of Македонија
Coat of arms
Античка Македонија
Античка Македонија
Главен градАјга до 400 п.н.е. и преместен од Архелај I во Пела
Говорени јазициАнтички македонски јазик
Уредувањемонархија
Крал 
• 808 - 778 п.н.е.
Каран
• 359 - 336 п.н.е.
Филип II Македонски
• 336 - 323 п.н.е.
Александар III Македонски
• 221 - 179 BC
Филип V Македонски
Историски периодантика
• Каран митски основач на Аргеадска династија
800-ти п.н.е.
• Аминта III ја обединува Македонија
382 п.н.е.
• Освоена од Римската Република
146 п.н.е.
ВалутаСтатер (воведена валута од Филип II), подоцна римски денар
Атриум во Пела
Златниот ларнакс и златната гробна круната на Филип II Македонски

Етничката, географската и јазичната граница на југ се протегала по северните падини на Олимп и брегот на реката Пенеј. Западната граница започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓето помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија [1]. Северната граница, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес [1], по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини сè до Рила Планина[1]. Источната граница одела по источните стрмнини на Пирин Планина сè до устието на реката Нестос во Егејското Море. Античките автори приморска Македонија ја нарекувале - Долна Македонија, а планинскиот внатрешен дел - Горна Македонија [1]. Античките автори секогаш пишувале и говореле само за Долна и Горна Македонија [1].

Според Плиниј и Страбон, најстарото географско име на Македонија е Ематија. Ематија на хеленски јазик значи песоклива земја. Хелените за приморска Македонија покрај името Ематија го користеле и поимот Тракија, со кои било именувано македонското крајбрежје. Поимот Тракија за македонското крајбрежје има географско, а не етничко значење [1]. Постепено името Ематија било потиснато од името Македонија. Освен името Македонија во изворите се среќааваат и облиците Makedonida, Makedonitida, а како етноними се користат, машката форма Makedon и женските облици Makedonissa и Mаkete [1], како и множината Makedones.

Од владеењето на првата македонска династија Аргеади во VIII в. пр.н.е. започнува ширењето на државната територија, која ги обединува сите етноси (палеобалкански популации со индоевропско потекло) што живееле на територијата на Античка Македонија: Бриги, Пајонци, Пелагонци, Линкести, Енгелани, Дасарети, Орести, Еордаи, Елимеи, Ботиајци, Пиеријци, Алмопи, Мигдонци, Крестонци, Бисалти, Еордејци, Едони и др.

За Македонија карактеристични се: македонската басилеја, кралското уредување со наследен владетел и државни институции што владеат според македонски закони, македонски обичаи, обреди, со македонски божества, митови, култови и посебен македонски јазик.

Првата кралска престолнина била Ајга (Вергина), втората престолнина е Пела, која со големите градежни зафати во времето на Филип II Македонски станува метропола на Балканот. Македонската држава постигнува најголем политички, воен и економски подем во времето на Филип II Македонски, а екуменско значење (споредсвојата големина и моќ) во времето на Александар III Македонски.

По неговата смрт сè до римските освојувања (334–168 г. пр. н.е.) Македонија ја владеат дијадосите и епигоните: Антипатар, Касандар, Филип IV, Александар V(т. н. Антипатриди), Деметриј I Опсадникот, Пир, Лизимах, Птолемај; по 277 г. пр.н.е. следи последната македонска династија Антигониди: Антигон I Гонат, Деметриј II, Антигон Досон, Филип V Македонски и Персеј.

По паѓањето под римска власт, во 146 г. пр.н.е., Македонија станува римска провинција

Име

 
Карта на Античка Македонија

Според Плиниј и Страбон, најстарото географско име на Македонија е Ематија. Географот Птолемај запишал дека првата македонска престолнина Ајга се наоѓала во Ематија. Со името Ематија се означувала цела приморска, односно Долна Македонија. Солин запишал една легенда според која Amathos или Emathos било име на македонски крал, а според друга легенда, Amathos бил син на Македон. Првото име на Македонија - Ематија било дадено од хеленските морепловци кога првпат пристигнале во приморска Македонија, Ематија на хеленски јазик значи песоклива земја. Меѓутоа, Хелените за приморска Македонија покрај името Ематија го користеле и поимот Тракија, со кои било именувано македонското крајбрежје. Именувањето на македонското крајбрежје како Тракија придонело во науката да се создаде т.н пантракиска теорија според која племињата во источниот дел на Македонија и воопшто сите Антички Македонци имаат тракиско потекло. Меѓутоа, терминот Тракија за македонското крајбрежје има географско, а не етничко значење [1].

Постепено името Ематија било потиснато од името Македонија. Освен името Македонија во изворите се среќааваат и облиците Makedonida, Makedonitida, а како етноними се користат, машката форма Makedon и женските облици Makedonissa и Mаkete [1], како и множината Makedones.

За значњето на името Македонија има две толкувања. Според едното, името Македонија доаѓа од хеленското makednos, термин кои само еднаш е употребен кај Хомер. Според другото толкување, името Македонија е старобалканско име, во кое може да се препознае бригискиот збор за земја [1]. Според некои научници, името Македонци било хеленски превод на нивното изворно име - Кауконци [1]. Имињата Makedonia и Makedon се хеленска копија, односно преведеница на домородното име[1] .

Етнички граници

Античка Македонија се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров, на север од најсеверната хеленска (старогрчка) област, односно Тесалија. Во делото Патопис, напишано од Псевдо-Скимнос, се истакнува: Над Темпе се наоѓа земјата на Македонците, штп лежи од другата страна на Олимп [2]. Етничката, географската и јазичната граница на југ се протегала по северните падини на Олимп и брегот на реката Пенеј. На југозапад границата продолжувала до планината Пинд, тука се наоѓало тромеѓето помеѓу Македонија, Епир и Тесалија [1].

Западната граница започнувала од Пинд и продолжувала по Шарпланинскиот масив (Јабланица, Кораб, Дешат и планината Скард - денес Шар Планина). Шар Планина била тромеѓето помеѓу Македонија, Илирија и Дарданија [1]. Северната граница, од тука, се спуштала по падините на планината Јакупица, минувала низ современите градови Скопје и Велес[1], по линијата на Сопот и Новачани, како и по долината на реката Пчиња и излегувала на Осоговските планини сè до Рила Планина[1]. Северната граница на Македонија, подоцна била граница помеѓу римските провинции Македонија и Горна Мизија, меѓутоа оваа граница била и граница меѓу две култри: источна (хеленска) и западна (латинска)[1].

Источната граница одела по источните стрмнини на Пирин Планина сè до устието на реката Нестос во Егејското Море.[1]

Географска положба

Започнувајќи со Херодот, античките автори приморска Македонија ја нарекувале - Долна Македонија, а планинскиот внатрешен дел - Горна Македонија [1]. Античките автори секогаш пишувале и говореле само за Долна и Горна Македонија [1], а никогаш за западна и источна Македонија [1] или источна Панонија [1], како што прават некои современи автори. Во историската литература има примери кога некои од македонските области наместо да се вбројат онаму каде што се наоѓале во антиката, се класифицираат според поделбата на источна и западна Македонија, што е научно и историски неточно [1]. Некои историчари областа Парорбелија ја вбројуваат во источна Македонија иако Страбон истакнал дека оваа област се наоѓала во Македонија, односно на македонска страна. Затоа областите во т.н источни делови на Македонија треба да се распоредат во Горна или Долна Македонија [1], во зависност од местоположбата [1].

Географска поделба

Долна Македонија

 
Холомонтас

Долна Македонија се состоела од следните области: Пиерија, Ботиаја, Алмопија, Амфакситида, Мигдонија, Антемунт, Ботика, Крусида, Бисалтија, Крестонија, Пиерида, Едонија (Едонида), а во политичка смисла и Еордеја [1].

  • Пиерија го опфаќала крајбрежниот дел наспроти Халкидик, помеѓу сливовите на реките Пенеј на југ и Халиакмон на север. Областа се наоѓала северно од планината Олимп и источно од Пиериските Планини (Шапка).
  • Ботиаја во римско време била позната како Кампанија. На запад се граничела со Еордеја, на југ со Пиерија, на север се граничела со Алмопија, односно планината Пајак, а на исток била омеѓена со реката Аксиј.
  • Алмопија се нарекувала рамнината во грониот тек на реката Лудија (Колудеј), омеѓена од планините Пајак и Ниџе. Поголеми градови биле Хорма, Апсал и Еуроп.
  • Амфакситида е географско име од подоцнежно време, со кое се означувале териториите од двете страни на реката Аксиј. Оваа област ги опфаќала некогашните долнопајонски области источно од Аксиј - Грестонија и Крусида. Поважни градови во оваа област биле: Идомена, Гортинија, Аталанта и Европ.
  • Мигдонија своето име го добила според епнимниот херој Мигдон. Оваа област го опфаќала северниот дел на Халкидик. Името Мигдонија честопати се користело како заедничко или збирно име за означување и на областите Крестонија, Бисалтија и Антемунт.
  • Крестонија или Грестонија го добила името епонимниот херој Грастос, син на Македон. Според Херодот, оваа област се наоѓала во горниот тек на реката Ехедор, на север од Мигдонија и северозапад од Бисалтија. Оваа област подоцна била означувана со името Амфакситида.
  • Бисалтија се протегала по долниот тек на реката Стримон, источно од планинскиот масив Дисорон (Круша). Поважни градови во оваа област биле Берга, Еупорија, Алор и Трагил.
  • Пиерида или Пиерија се нарекувала крајбрежјето источно од устието на реката Стримон, сè до Нестос, каде што се наоѓале тврдините Фарга и Пергам. Поважни градови биле: Ејон, Амфипол, Галепс, Ојсимна, Неапол (Кавала) и Аконтисма.
  • Едонија името го добила по епонимниот херој Едон, брат на Мигдон. Областа се наоѓала на север од Пиерида и североисточно од Пангајските планини. Поголеми градови биле: Миркин, Драбеск и Филипи.
  • Еордеја ја опфаќала областа околу езерото Бегорис, северно од Елимеја, помеѓу Пиерија и Орестида, јужно од Линкестида. Поважни градови биле: Арниса и Кела.

На Халкидик се наоѓале областите Крусида, Ботика и Антемунт. Крусида го опфаќала крајбрежјето јужно од Термајскиот Залив (Солунскиот Залив) до кракот Палена. Ботика се наоѓала на средишниот дел на Халкидик. Поважни градови во Ботика биле: Калиндоја, Спартол, Плеума и др. Областа Антемунт се наоѓала источно од Тесалоника. Оваа област според Тукидик во рамките на Македонија била вклучена во VI век п.н. Целиот Халкидик во рамките на македонската држава влегува во времето на Филип II Македонски и станал неразделен дел од Македонија сè до крајот на антиката.

Горна Македонија

 
Хераклеја Линкестис

Во Горна Македонија, која била именувана и како Слободна Македонија [1][3][4], влегувале следните области: Тимфаја, Параваја, Дасаретија, Орестида, Линкестида, Пелагонија, Дериоп, Пајонија, Парорбелија, Синтика и Одомантика [1].

  • Тимфаја се наоѓала на границата со Епир. По важни градови биле: Ајгиниј и Гиртона.
  • Параваја се протегала во соседство на Тимфаја. Поважни градови биле: Парореја и Ерибоја.
  • Дасаретија или Дасаретида се протегала на север од Епир, односно од реките Апсос и Еордаикос. Според Плиниј, оваа област завршувала кај дивите барбари Дарданците. Поважни градови биле: Лихнид, Евија и Ускана.
  • Орестида ги опфаќала горниот тек на Халиакмон, Костурското и Преспанксото езеро. Поважни градови биле: Аргос Орестикон, Лика и Батина.
  • Линкестида го опфаќала јужниот дел на денешна Пелагонија. Поважни градови биле: Хераклеја, Никаја и Бева.
  • Пелагонија се нарекувал денешниот северен дел на Пелагонија. Поважни градови биле: Пелагонија, Керамија и Колобајса.
  • Дериоп се наоѓала во горниот тек на реката Еригон. Тука се наоѓале градовите Стибера, Алкомена и Брианион.
  • Пајонија се пртотегала по течениото не реката Аксиј, од Демир Капија до Таорската Клисура на север. Позначајни градови биле: Аргос, Стоби, Антигонеја, еврист, Стена, Билаѕора, Астибос, Добер, Страј, и Баргала.
  • Парорбелија се наоѓала јужно од планината Беласица до Демиркаписката Клисура, југоисточно од Рупелската клисура и западно од реката Стримон. Поважни градови биле: Калипол, Ортопол, Гареск и Филипол.
  • Синтика се протегала по среднот тек на реката Стримон, на север од Бисалтија. Поважни градови биле: Хераклеја, Поројкопол, Тристол и Нејна.
  • Одомантика се наоѓала во северните падини на Пангајските планини, источно од Стримон. Поважни градови биле: Сира, Скотуса и Гаѕор. епонимен херој на Одомантика бил Одомант, брат на Мигдон.

Антички Македонци

Име на Македонците

Во античко време, имињата на старите народи или племиња биле објаснувани со имиња на легендарни прадедовици и прамајки. Честопати овие легенди биле создавани post festum, со цел да се даде оправдание или легитимитет на некои актуелни економски или политички случувања. Меѓу старите Македонци се создала повеќе легенди за митскиот предок Македон. Македонскиот историчар Марсија запишал една легенда, која е зачувана од Хесихиј. Според оваа легенда Македон бил син на Ѕевс и Тија. Според схолиите (верзии) за легедата, Македон бил син Дион и Ајтија, Диос и Ајтија или Диос и Ајтрија. Според друга легенда, Македон Ликаонов бил крал на Ематија, а земјата го добила името според него. Во една друга легенда, еден од педесетте синови на аркадскиот син Ликаон се викал Македнон, а не Македон.

Тези за етничката припадност на Македонците

 
Македонска теракота

Во науката, прашањето за етничката припадност на античките Македонци е едно од најтешките и најсложените прашања. За потеклото и етногенезата на Античките Македонци се искажани голем број на спротивни и ралични мислења. За етничката припадност на Античките Македонци најмноги се изјасниле историчарите и јазичарите. Историчарите се изјасниле врз основа на наративните извори, а јазичарите врз основа на сочуваните макеодонски глоси (околу 150 на број), како и врз основа на ономастичките податоци.

Историчарите искажале повеќе различни тези за етничката припадност на Македонците. Неколку историчари меѓу кои се: О. Абел, К. Белох, ее. Мајер, Ф. Гајер, Г. Хаѕидакис и сите грчки научници ја застапуваат тезата за хеленско потекло на Македонците. Албанските научници, меѓутоа и неколку странски како што се О. Милер и Хрт ја поддржуваат илирската теза, според која Античките Македонци имале илирско потекло. Други научници, меѓу кои биле О. Хас и И. Пудиќ, ја застапуваат бригиската теза, односно за бригиски корени на Македонците. Било искажано мислење дека Македонците биле мешан народ, оваа теза била застапувана од А. Шофман. Една група на научници ја застапува тидејата дека Македонците биле одделен народ, односно дека Македонците не биле Хелени, Илири и Тракијци. Оваа теза ја поддржуваат В. Георгиев, Ј. Борза, Наде Проева и други.

Во однос на тезата за хеленското потекло на Античките Македонци, врз основа на наративните извори, се искажани повеќе критики. Павсанија напишал дека Битката кај Хајронеја била пропаст за Хелените. Диодор истакнува дека по смрта на Александар III Македонски во Азија не бил кренат ниту еден бунта, а се побуникле само Хелените кои без нивна волја биле населени во северното подножје на Хиндукуш и оние во континентална Хелада. Оваа војна е позната како Ламиска војна, а била позната и како Хеленска војна бидејќи Хелените се кренале против туѓинска власт. Полибиј пишува дека Агелај од Наупакт го советувал Филип V Македонски да запре со уништувањето на Хелените и да не ги прави лесен плен за оние што напаѓаат. Павсанија истакнува дека кралевите од македонската кралска куќа во Египет:

... љубеле да се нарекуваат Македонци, што всушност и биле [5]


Плутарх тврди дека Хелените до крај ја чувствувале власта на Македонците како нешто туѓо и надворешно [6]. Хеодот кога пишува за македонските кралеви секогаш ги означува со етниконот Македонец. Плутарх запишал дека освен Клеопатра, другите македонски кралеви во Египет не се потрудиле да го научат египетскиот јазик.

Во старогрчките наративни извори, Македонците секогаш јасно се одбележуваат со нивното етничко име, а честопати се означуваат и како барбари (оние што брборат, они што говорат неразбирливо или они што не го говорат хеленскиот јазик). Познатиот старогрчки оратор и политичар во еден свој говор протибв Фили истакнал:

... тој не само што не е Хелен, ниту пак има нешто хеленско, туку е барбарин од земја за која не би можел нешто убаво да кажам, еден никаков Македонец, од земја од која човек порано ни роб не би купил...[7]


Некои научници сакаат да го намал значаењето на фактот дека Македонците во сите хеленски извори се означуваат како барбари. Оваа означување на Македонците како луѓе кои не го разбирале хеленскиот јазик, некои научници го толкуваат како резултат од политичкиот судир помеѓу Атина и Македонија, меѓутоа ова толкување не води сметка за изворите кои потекнуваат еден век пред судирот помеѓу Македонија и Атина. Изворите кои потекнуваат од V век п.н, Македонците и нивните кралеви ги нарекуваат барбари и најголеми непријатели на Хелените. Климент Александрисло во едно писмо до жителите на Лариса, македонскиот крал Архелај го нарекува „варварин“.

Други антички народи во регионот

Пајонци

 
Пајонија

Во источниот дел на Македонија живееле група на пајонски племиња. За етничката припадност на Пајонците, историчарите и јазичарите имаат различни ставови. Г. Дројзден, К. Белох, Л. Мееркер и Р. Катичиќ (повоздржано) оцениле дека Пајонците се хеленско племе. Оваа теза ја поддржуваат грчките историчари и истражувачи, меѓу нив се Ј. Сворнос, А. Даскалакис, Ј. Калерис (аматер) и други. Еден дел од историчарите сметаат дека тие се тракиски народ, оваа теза ја поддржува Д. Дечев и поголем број на бугарски историчари. Според едно теза, Пајонците имале илирско потекло. ова тврдење го поддржуваат П. Кречмер, Х. Крае, Ј. Русу и повеќе албански историчари. Според некои научници, Пајонците се предхеленски индоевропски народ, а други сметаат дека Пајонците имаат бригиски корени. Фанула Папазоглу и Наде Проева ја застапуват идејата дека Пајонците се сродни со Бригите [1].

Во наративните извори, Пајонците секогаш се набројуваат оделно од Илирите и Тракијците. Страбон еднаш Пајонците ги нарекува Тракијци, меѓутоа кога Страбон пишува за Тракија, името на оваа област го користи во географска, а не во етничка смисла [1]. За хеленските автори, тракисјки народ биле и Гетите.

Пајонската ономастика покажува дека пајонските имиња се разликуваат од тракиските имиња [1]. Тракиските имиња се сложени: Хептаакент, Мукакент, Кетрипор и слично. Пајонските имиња се едночлени и еднокоренски: Дида, Котис, Манта, Мома, Посис, Сита и др. Овие пајонски имиња ретко се сретнуваат во етничка Тракија [1]. На територијата на Пајонија се среќаават поголем број на епихорски имиња, пронајдени на антропоморфни типови на стели, кои имаат паралели во бригиската ономастика. Такви имиња се: Бејтис, Котис, Манта, Местил и др. Западно од реката Места, односно на територијата на Пајонија и пајонските племиња, не се среќаваат топоними со типично тракиски завршетоци како што се: para, bria i diza.

Пајонските племиња и Линкестите најдолго време се спротивставувале на централната власт на Аргеадската династија. Помеѓу Пајонците и Аргедаите се воделе долги борби во текот на кои бил разурнат градот Амидон, а дел од Пајонците заедно со локалната пајонска династија емигрирале на север од Демир Капија.

Пајонската група на племиња била составен дел од Бригите и не влегувале во рамките не хеленските племиња. Кај Хомер, Пајонците се бореле на страната на Тројанците, против Ахајците. Пајонците учествувале во процесот на формирање (етногенезата) на Античките Македонци [1], процес кој завршил во доцната праисторија. Ј. Шашељ истакнува дека Пајонците тогаш се стопиле со останатите македонски племиња. А. Бенац истакнува дека процесот на претопување на Пајонците со останатите Македонци бил можен поради тоа што Пајонците биле сродни со нив [1].

Според Енциклопедија Британика Пеонците биле народ од мешано, тракиско-илирско потекло, и иако подоцна биле освоени од Македонците тие го задржале својот етнички идентитет до околу 400 година од н.е. кога нивната земја поминала од римска под византиска власт.[8]

Пелагонци

За етничката припадност на Пелагонците постојат различни погледи. Според една теза тие имале илирско потекло, според друга теза тие биле тракиско племе. А. Даскалакис и други грчки историчари истакнуваат дека тие биле хеленско племе. Ј. Русу истакнува дека Пелагонците биле македонско племе. Според една теза, која ја застапува полскиот научник В. Пајанковски, а е поддржана од некои македонски научници, Пелагонците биле составен дел пајонската група на племиња и имале бригиско потекло [1].

Материјалната култура, погребните обичаи и ритуалите на Пајонците се еднакви со оние на Пајонците. Наде Проева истакнува дека станува збор за автохтон пајонско-пелагонски етнички агломерат кои одамна бил забележан од белградскиот аргеолог М. Гарашанин. Во Илијадата, се споменува заеднички предок Пелагон или Пелегон. Страбон истакнува дека Пајонците се нарекувале Пелагонци. Полибиј и Ливиј запишале дека Ематија порано се нарекувала Пајонија. Пелагонците се вброени во пајонската група на племиња од страна на Плиниј.

Пајонско-пелагонскиот агломерат се разликувал од илирскиот, односно Пајонците и Пелагонците имале различно етничко потекло и различна материјална култура од илисрките племиња [1]. Пајонско-пелагонскиот агломерат се разликувал и од оној во скопско-кумановската област, која имала трибалски (Трибали) карактер. Страбон дава податок дека Пајонците на север се граничеле со Дарданците, меѓутоа не се пронајдени такви археолшки докази. Најверојатно, Пајонците во одреден период имале доминација над Трибалите и тогаш се граничеле со Дарданците.

Енгелани (Дасарети)

 
Охридскиот реон, областа на Енгеланите

Во западниот дел на Античка Македонија живееле Енгеланите, односно Дасаретите. За нивното потекло се искажани разлини мислења. Ф. Папазоглу и сите албански научници истакнуваат дека тие имале илирско потекло. Според грчкиот научник М. Хаѕопулос тие биле хеленско племе. Вејс-Вудворд и Наде Проева истакнуваат дека тие биле македонско племе, полскиот научник В. Пајанковски истакнал дека тие биле Бриги. Името на Енгеланите во хеленските извори било прилагодено на хеленскиот (страогрчки) јазик и таму се запишани како Енхелејци. Во сите стари пишани извори Енгелените се спомнуваат оделно од Илирите. Херодот запишал дека Кадмо стасал кај Енхелејците од Теба, а Аполодор истакнува дека тие војувале против илирските племиња.

Во 4 век п.н, Енгелеаните потпаднале под илирска власт и тогаш за првпат во изворите се спомнуваат меѓу илирските племиња. Последен автор кои ги спомнува Енгеланите по име е хеленскиот историограф Полибиј кои работел во Рим. Тој ги спомнува Енгеланите, кога шишуава за борбите помеѓу македонскиот крал Филип V и илирскиот владетел Скердилаида. Борбата се водела во областа Дасаретија во 217 година п.н. По овој настан Енгеланите повеќе не се спомнуваат во изворите.

Страбон запишал дека Енгеланите се викале и Дасарети. Односно во римско време, моќта и славата на Енгеланите се намалила, а на нивно место се издигнало името на Дасаретите. Станува збор за група на племиња кои живееле на територијата на западниот дел на Македонија. Во почетокот, кога Енгеланите биле моќни, целата група на племиња се нарекувале Енгелани. Кога моќта на Енгеланите опаднала, на нивно место дошло друго племе познато како Дасарети. Ова племе успеало да се наметне над останатите македонски племиња во западниот дел и оваа област станала позната како Дасаретија.

Ономастичките податоци од натписите најдени во овој дел (педесетина имиња што се најдени на натписи во охридско-струшкиот регион), укажуваат дека само четири имиња се илирски [9]. Во кичевскиот крај и Полог, од вкупно дваесетина имиња само две се илирски [9]. Кичевската котлина и Полог до неодамна погрешно се ставаа во провинцијата Горна Мизија [1], спротивно од податокот на географот Птолемај дека овој дел влегувал во провинцијата Македонија. Плиниј истакнува дека Дасартеија се протегеала на север од епир сè до дивите барбари Дарданците [10]. Полошката и кичевската котлина влегувале во македонската област Дасаретија.

Кон крајот на 20 век, била откриена некроплоа во Синдос (Текелиево) кај Солун. Оваа некропола има капитално значење во дефинирањето на материјалната култура на античките Македонци и определувањето на нивната територија. Во ова некропола биле откриени белези на погребен култ кои не е хеленски и не е илирски. Гробовите и севкупиниот материјал од Синдо, кои се наоѓаат во срцето на Античка Македонија и се датирани од VI век п.н [9], имаат непосредни и единствени слипчности со богатите кнежевски гробници од VI и V век п.н, откриени во некрополата во селото Требеништа, односно Горенци, Охридско [9]. Во некрополата во Требениште се пронајдени златен накит, бронзени кратери, среберени садови, нараквици, сандали и златни погребни маски. Некрополата во Требениште се наоѓала на територијата на Енгеланите. Материјалната култура откриена во Требенишште е речиси идентична со материјалната култура откриена во некрополата во Синдос [9].

Од особено значење се златните маски кои служеле во погребувањето. Во погребниот култ кај Античките Македонци, делови од телото на починатиот се покриени со злато, односно маски, нараквици и сандали, На облеката или на оружјето се закачувале листови од злато, односно апликации. На овој начин биле закопувани првенците на Енгеланите во Охридскиот регион меѓутоа на тој начин биле закопувани и други локални владетели на македонските племиња пред да потпаднат под власт на Аргеадите. Слични погребни макси и златни листови, освен на терироријата на Енгеланите и Синдос (во близна на Солун) се пронајдени и на други наоѓалишта во Македонија: Беранци (Битола), Ајане (денес Грција, во блзиина на Гевгелија. На терироријата на Елада вакви наоди не се откриени.

Археолошките наоди од постаро време им овозможуваат на научниците да повлечат јасна граница помеѓу македонските племиња (во кои влегуват и Енгелати) и илирските племиња. Материјалната киултура во долината на реката Девол (територија на енгеланите, односно Дасаретите) се разликувала од културата во долината на реката Шкумба[1], изворно подрачје на Илирите. Племињата кои живееле околу Охридското Езеро, вклучително и енгеланите, имале македонска етничка припадност и не биле Илири [1]. Енгеласките и Дасартеските имиња се слични со имињата на Бригите. Енгеланите и Дасараетите биле бригиско племе, а по завршувањето на етногенезата на Античките Македонсци станале македонско племе [9].

Бриги

 
Бриги
 
Мигдонија, македонски дом на Бригите

На територијата на Македонија, Бригите се спомнуваат повеќепати. Најчесто се спомнуваат во прастаро време, меѓутоа во изворите во историско време се спомнуваат и бригиски енклави. Херодот истакнува дека Бригите го нападнале логорот на персиецот Мардониј во Македонија, а подоцна Хердот истакнува дека Бригите биле покорени од Персисците, поради што морале да учествуваат во походот на Ксеркс против Хелените [11]. Според страбон, Бригите живееле кај реката Еригон, а Апијан ги спомнува во заднината на хеленската колонија Епидамнос. Хесихиј споменува град Бригијада. Стефан од Биѕантиј запишал дека Бригите биле македонско племе во сосетство на Илирите. Бригите биле стари жители на Македонија, а Хердот го соопштил и името на единствениот познат бригиски крак - Мида.

Според Плиниј и Страбон, пред и по Тројанската војна Бригите делумно се ислелиод Македонија и се населиле во Мала Азија. Според некои научници, во XVII и XVI век п.н. Бригите се поделиле на две групи: анадолски - Големи Фриги или Мајонци (според А. Кемпински) и евроспки - Мали Фриги (пајноска група)[1] .

Во бригиската група на племиња влегуваат: Пајонци, Пелагонци, Енгелани (Дасарети) и едонскомигдонската група [9]. едонскомигдонската група на племиња биле подгрупа на Пајонците и се состоела од едонци, Крестонци и Ситонци. Според традицијата, братот на Мигдон се викал Едон, а Грастос бил негопв син. Тирсе, според кого е наречен градот Тирса, му бил внук. етниконот Тирсенци кај Херодот се однесубва на нив. Тирсенците и Кретонците кај атос, Тукидид ги нарекува Пелазги, односно барбари. Како Пелазги, Тукидид ги набројува и Бисалтите и Едонците.

Бригите биле главна компонента во етногенезата на Античките Македоннци. Ова може да се заклучи врз археолошките извори и бригиските епихорски имиња кои се посведочени во Пела, Бероја и Тесалоника, во срцето на Античка Македонија. Меѓу македонскиот и фригискиот јазик постоела сродност [1]. Македонците и Бригите имале и обичај да даваат боженски имиња на смртни луѓе [1][9].

Старомакедонски јазик

 
Фригиско писмо

За јазикот на Античките Макеонци се искажани различни мислења. Според една група на историчари, во која се: О Хофман, Р. Катичиќ, Г. Хаѕидакис, М. Хаѕопулус и речиси сите грчки научници и истражувачи, макеоднскиот јазик бил хеленски. Други научници, меѓу кои: Ф. Бараиќ, Г. Бонфанте и други, го класифицираат како илирски јазик. Дел од научниците како што се: О. Хас и И. Пудиќ, сметаат дека македонскиот јазик бил фригиски. Во последно време сè поголем број на јазичари сметаат дека македонскиот јазик бил одделен јазик. Оваа стојалиште го поддржуваат: В. Пизани, В. Георгиев, И. Руси, П. Шантрен и други.

Во голем број на антички извори е посочено дека македонскиот јазик значително се разликувал од хеленскиот. Меѓутоа, досега не е најдена ниту една единствена реченица на македонскиот јазик, целиот зборовен материјал со кои располагаат научниците се состои од т.н македонски глоси, односно македонски зборови кои биле запишани во делата на античките и византиските лексикографи. Најголем број на макеоднски глоси биле запишани од страна на Македонецот Америја кој живеел во III век од нашата ера. Бројот на македонските глоси се проценува на околу 100 - 200.

Еден податок од V век п.н кои се однесува на јазикот на Крестонците укажува дека хеленскиот и македонскиот јазик се разликувале. Кога Херодот пишува за жителите на Крестонија ги нарекува Пелазги, а нивниот јазик го нарекува барбарски, истакнувајќи дека:

...се разликува од јазикот на сите други кои живееле околу нив... [12]


Врз основа на овој извор, како и други, некои научници истакнуваат дека Македонците и македонските племиња биле староседелци, кои зборувале на јзик неразбирлив за Хелените. Тукидид во своето дело за Пелопонеската војна кога пишува за настаните на Халкидик истакнува дека Грестонците, Едонците и Бисалтите ги нарекува барбари, односно народ со неразбирлив јазик [13].

Од подоцнежниот период посојат поеќе податоци кои укажуваат дека македонскиот јазик се разликувал од хеленскиот. Во текот на судењето на Филота (330 г. п.н), кога бил запрашан на кој јазик ќе се обрати - на македонски или на хеленски - тој решил да говори на хеленски за да го разберат и оние кои не биле Македонци. Во 328 г. п.н на гозбата во Мараканда дошло до кавга помеѓу Клејтос и Александар III Македонски, според изворите македонскиот крал својата стража ја повикал на македонски јазик [14]. Плутарх истакнува дека војсководецот Евмен, кој имал хеленско потекло, од војниците бил поздравуван на македонски јазик. Кога Евмен требало да испрати пратеник кај Македонецот Неоптолем во 321 г. п.н, задачата му ја доверил на некојси Ксенија, чиј мајчин јазик бил македонскиот. Куртиј Руф истакнува дека Македонците имале потреба од преведувач за да го разберат хеленскиот јазик [15]

Дополнително светло во проучувањето на античкиот македонски јазик фрлаат ономастичките податоци. Во постарите тези преовладувале видувања дека на Балканскиот Полуостров на север од Хелените живееле само Илири и Тракијци, оттука сите имиња кои не можеле да се вбројат во хеленската ономастика биле означувани како илирски или тракиски. Поновите истражувања, особено она на Фанула Папазоглу, покажале дека еден дел од овие имиња кои порано биле класифицирани како тракиски или илирски, во зависност од тоа дали биле посведочени во западниот или источниот дел на Македонија, денес се дефинираат како бригиски. Овие имиња освен во Македонија се среќаваат уште само во Мала Азија, односно Фригија. Сличноста на македонските и бригиските имиња укажуваат дека Бригите, кои во изворите се посочени како македонско племе, биле една од компонетите во етногезата на Античките Македонци. Помеѓу макеодонските глоси и зборовите од старофригискиот јазик постои сродност. Бригите и Македонците имале обичај да даваат боженски имиња на смртници, а тоа не е посведочено и не е обичај помеѓу Хелените и Римјаните. Овој обичај најрано се сретнува во Мала Азија и Македонија.

Полибија истакнува дека двајцата пратеници на македонскиот крал Персеј биле испратени кај илирскиот крал Гентиј со предлог за сојуз и пријателство, тие биле придружувани од еден Илир кој требало да посредува со неговото знаење на илирскиот јазик [16]. Некои научници овој подоток го користат како доказ за разликата помеѓу илирскиот и македонскиот јазик. Ако Македонците биле Илири немало да им треба преведувач, односно човек кој го познава илирскиот јазик.

Религија

Тези

 
Зевс, грчкиот врховен бог

Религијата на античките Македонци е малку изучувана. Нивната религија, како и најголемиот дел од античката македонска историја, се изучува како дел од историјата на Хелените, поради вкоренетото убедување дека античките Македонци биле Хелени. Хеленските имиња на божествата кај малозиските народи, како што е случајот и кај античките Македонци, се толкуваат како резултат на хеленизација, меѓутоа хеленските имиња на боговите кај античките Македонци се земаат како доказ хеленските корени на Македонците. Таквиот пристап довел до погрешни и несоодветни толкувања на фактите.

Еден дел од научниците го прифаќаат фактот дека античките Македонци имале свој пантеон, меѓутоа тврдат дека тој постоле само во раниот период и дека со текот на времето античките Македонци ги прифатиле олимписките богови. Исто така се изнесува и тезата дека македонскиот пантеон во текот на IV и III век п.н целосно се хеленизирал. Научниците кои ја застапуваат оваа теза ги користат наративните извори ко се напишани на хеленски јазик и главно од хеленски автори, меѓутоа треба да се истакна дека за хеленските автори карактеристично е хеленското толкување (interpretatio graeca) на поимите [9], односно имињата на нехелеснките богови, вклучително и на македонските богови.

Македонските божества може да се препознаат меѓу македонските глоси и според епитетите на натписите, при што се затскриени зад нивното хеленско име. Македонскиот карактер на божеството честопати се открива и од географските епитети. При изучувањето на религијата на античките Македонци, некои од научниците посебно внимание посветуваат на ликовните претстави од Македонија. Оние научници кои ги изучувале ликовните претстави на боговите во Македонија, истакнуваат дека тие не се изработени според хеленски канони и таква ликовна претстава ја земаат за доказ дека не е можно поистоветување на македонските со хеленските божества [1]. Како пример го посочуваат вотивната плоча од Стоби на која е претставен богот Диалис, односно Дионис, заедно со полубожествата - дајмони на локалното племе Антани [1].

Хеленско толкување

 
Божицата Изида (​​седи десно) се поздравува грчката хероина Ија во Египет, римската слика од Помпеја

Хеленските автори при создавањето на своите дела честопати ги опишувале обичаите на народите во земјите надвор од хеленскиот етнички свет. Ови автори при создавањето на своите дела не ги запишувале изворните имиња на боговите и обичаите, не ги запишувале ниту изворните имиња на туѓите нехеленски народи. Во оваа пракса не се запишувале ниту државните институции.

Хеленските автори наместо да ги запишат изворните имиња, тие ги поврзувале со ним соодветни или приближно соосветни елементи од хеленската култура. Оваа навика на хеленексите автори во науката се нарекува хеленско толкување на податоците, односно interpretatio Graeca. Некои научници истакнуваат дека токму поради хеленско толкување, македонските богови и други појави од македонската историја се облечени во хеленско руво. Како потврда за таквото нивно тврдење го земаат епиграмот од една бронзена статуа посветена во чест на Демостен, каде што пишува македонски Арес:

Демостене, да имаше сила рамна на мисла; Арес македонски с’ моќ не ќе совладаше Грк [17]


Некои научници истакнуваат дека поради interpretatio Graeca, нема ниту едно оригинално име на македонските божества во античките извори. Меѓутоа, макеоднските божества можат да се препознаат меѓу макеоднските глоси или според епитетите на натписите. Македонските научници и историчари при изучувањето на македонските божества ги користтат нивните хеленски имиња ставени во наводници, затоа што во најдобар случај станува збор за означување со имиња на приблиѓно соодветни божества од хеленскиот пантеон.

Македонски пантеон

 
Хеленската Артемида
 
Бахус од Микеланџело
 
Римска претстава на Херакле
  • Ѕевс — македонски врховен бог на Македонците. Во легендите тој се нарекува Дион или Диос. Некои македонски научници претпоставуваат дека македонскиот врховен бог се викал Дион или Диос [1]. Кога македонскиот врховен бог се сретнува со името Ѕевс, неговото име е придружено со епитети кои укажуваат на неговиот македонски карактер [1]. Еден од неговите епитети е Hetaireios. Овој епитет, научниците го поврзуваат со хетајрите, типична македонска институција. Исто така се сретнува и епитетот Hyperberetas кои го поврзуваат со последниот месец од македонскиот календар - хиперберетај и празникот Хиперберетаи, кога се чествувал македонскиот Ѕевс. Интересен е епитето Hyperairetes кои е откриен на еден натпис во селото Дебреште. Натписот се датира од римско време. Самиот епитет не е посведочен во хеленскиот јазик, ниту како епитет на хеленскиот Ѕевс, ниту како збор. Научницте претпоставуваат дека се работи за превод на македонски епитет, чие значење не е познато.
  • Атена или македонската Атена има повеќе епитети. Во 171 г. п.н во градот Кирос, македонскиот крал Персеј и жртвувал на Атена Alkidemos. Во престолнината на Македонија - Пела била најдена една статуа на оваа божица, таа имала шлем украсен со рогови на бик, од што може да се заклучи дека во најстарите времиња, македонската атена била заштитник на стадата. Роговите на Атена Alkidemos' биле остаток од старата зоолатристичка фаза во македонската религија, за оваа фаза има голем број на примери во легендите. друг епитет на македонската Атена е Gygaia. Хесихиј истакнал дека Гигаја била домородна Атена, а Херодот запишал дека Гигаја се викала и сестрата на кралот Александар I, односно станува збор за теофорно име. Обичајот на давање на теофорни, односно боженски имиња на смртни луѓе е посведеочен и кај Бригите.
  • Дионис бил едно од најпочитуваните божества кај Македонците. Еврипид, кои своите последни години од својот живот ги поминал на македонскиот двор, ја создал драмата Бакхи. Во оваа драма е прикажан отпорот на Тебанците кон култот на Дионис. Според некои истражувачи Бакхос не е Дионис, туку бригиско-едонско божество на растителноста, кое од север навлегло во Хелада. Оргијастичкиот ритуал и оргијастичкиот карактер на Дионис не е белег на хеленските, туку на малоазиските божества. Според еден податок, облеката на Мајнадите се нарекувала Едонска наметака, а тие се викале Едонки. Во Илијадата се спомнува Ликург Дријантов, крал на Едонците. Овој крал се скарал со боговите и ги избркал доилките на бесниот дионис низ светата Ниса. Оваа епизода се толкува како пренесување на Дионисовиот култ во бојотска Ниса. Хесихиј истакнува дека кај Пајонците, Дионис се викал Диалос. Ова име е посведочено на еден натпис на основата на една статуа која е откриена во Кукуш, а се датира од II век од нашата ера. Култот на ова македонско божество бил особено почитувано од пајонската група на племиња. Хелените ова македонско божество го идентификувале како Дионис, а култот бил толку раширен во Македонија што и бакхантките се нарекувале Макети. Ликовните претстстави на македонскиот Дионис не биле изработени според хеленските канони.
  • Артемида била една од најпочитуваните божества во Македонија, како божица на ловот и природата. Таа била женски пандан на Дионис. Името на еден од месеците од македонскиот календар се нарекува артемисион. Врз основа на локалните епитети кои се посведочени, научниците заклучиле дека станува збор за автохтоно македонско божество на кое со хеленското толкување му е дадено хеленско име. Типични епитети за Артемида во Македонија се: Blaganitis (Благанска), Gazoreitis (Гаѕорска), Agrotera, Kynagogos, Digaia. На една теракотна биста од Дебреште оваа божица е претставена со коњски протом на рамото, кучешка глава под него, дијадема и растителни атрибути во косата. Научниците истакнуваат дека станува збор за Артемида Енодија.
  • Котида има сличен див култ како и Дионис. Поетот Ајсхил во тетралогијата Ликургеја ја поврзува Котида со Дионис. Страбон запишал дека празниците на Котида се викале Котитии и дека сличноста на култот произлегува од тоа што Фригите (Бригите) биле преселници од Тракија, односноод Едонија.
  • Бендида во изворите е идентификувана со Големата Мајка, Големата Божица, Кибела, Персефона, Селена, Хеката, а најчесто со артемида, со која иконографски е најслична. И двете божици носат кус хитон, наметка од животинска кожа, чизми, фригиска капа икопје. Долината на Стримон била центар на култот на божицата Бандида. Отука нејзиниот култ се проширил источно од реката Нестос, во етничка Тракија и Хелада. Оваа божица била особено почитувана кај Витините, кои од Стримон се преселиле во Мала Азија.
  • Афродита во Македонија го носи името Zeirene, a нејзиноти име е сочувано во македонските глоси. За нејзиното име има повеќе различни мислења, според едно од нив имњто на божицата Ѕејрена произлегло од глосата zeira (наметка), оваа глоса била бригиска, иако некои ја толкуваат како тракиска глоса. Оваа божица се означувала и со атрибутот Ѕеринтијака, овој термин се сретнува и како топоним, но и како име на населението крај Пангајското крејбрежје [18]
  • Арес бил макеоднски бог на војната, меѓутоа податоците за него се скудни. Има податок според кои кај Крестонците Арес се нарекувал Кандаон. Лексикографите запишале дека името на макеоднскиот Арес било Таулос или Таумос. На натписите во Фригија како епитет на Зевс се среќава Таолос, а во Тесалија епитетот Таулиски.
  • Ма е прикажана со сончеви и воени обележја. Со зраковидна круна на главата, но и како хетско божество на војната со штит, оклоп, меч, копје или либрис. Со текот на времето, сончевиот карактер на божицата бил потиснат и во римско време Ма била божица со војнички карактер. Од оваа божица се најдени само три ликовни претстави и неколку натписи. Во Едеса постоело светилиште на оваа божица и се најдени повеќе од триесет манумиски натписи. Од трите досега пронајдени вотивни плочи, една е пронајдена во Претор кај Ресен. Ма не е посведочена во Хелада. Според некои научници, Ма е старо бригиско, односно македонско божество кое со текот на времето било запоставено, а по походот на Александар III Македонски на исток било оживеано.
  • Беди е уште едно божество кое не е посведочено каи Хелените. Неант од Киѕик опишува еден обред на македонските свештеници. Свештениците во молитвите го повикувале Беди, божество на воздухот и му се молеле за милост кон нив и нивните деца. Климент Александриски запишал дека беди е фригиски збор за вода. Со зборот беди се објаснува и топонимот Едеса во Македонија, а тоа се гледа и од словенскиот превод Воден, на античката Едеса. Според некои научници беди е макеоднско-фригиска истозначна глоса.
  • Дарон — македонско божество кому му се молеле за болните. Во Пела е пронајдена посвета на Дарон. Според јазичарите, името на Дарон значи оној што дава утеха, смелост и решителност.
  • Херакле во Македонија се нарекувал Arotos, меѓутоа некои мислат дека вистинскиот облик на неговото име треба да гласи Aretos. Херакле бил родоначалник на македонската кралска куќа и Македонците. Херакле во Македонија има повеќе специфични епитети: Propator (Прататко), Patroios, Kynagidas, Phylakas (Чувар), Propylaios (Стражар на портите), Kalinikos (Кој носи убава победа). За Херакле се сретнува и топонимот Едески. Во Македонија, Херакле не бил почитуван како херој туку како бог.
  • Аполон во Македонија ги носи епитетите Oteudan(ik)os и Eteudan(ik)os. Овие епитети се посведочени на два натписа со типично македонски имиња, најдени во местото Трескавец, на 1420 метри надморска височина. За првпат на монетите бил прикажан за време на Филип II Македонски.
  • Хелиј е физичка светлина, односно Сонцето во антропоморфен облик. Тој се среќава првенствено на монетите на македонските кралеви. Хелиј, односно Сонецето како домашен македонски бод се споменува неколкупати. Во изворите се сретнува дека македонските кралеви му принесувале жртви.

Култови

Култ кон Сонцето

 
Македонското сонце

Култот кон Сонцето бил најважен и најраширен култ кај Македонците. Овој култ во хеленското толкување одогаварал на култот на Хелиј, а не на Аполон. Најстариот податок за овој култ кај Македонците се сретнува кај Херодот [19]. Максим од Тир запишал дека кај пајонските племиња бил раширен култот кон Сонцето. Тој истакнува:

Пајонците го слават Хелиј носејќи лик на пајонскиот Хелиј во вид на мал диск ставен на длга мотка[20]

Соларнара симболика не одлика за Хелените, меѓутоа кај Македонците сончевата розета е еден од најчестите симболи. Оваа розета се сретнува на македонскиот штит. Розетата ја има на многу други предмети, как што се накиот и оружјето. Најран приказ на сончева розета е прикажан на една бронзена дијадема од IX век п.н, најдена во некрополата во Кутлеш.

Сончевата розета ја има и кај пајонските племиња на нивните монети од VI век п.н. Розетата е прикажана и на саркофагот на Филип II Македонски. Шематизирани прикази н арозета се среќаваат на македонските штитови, честопати придружувани со ѕвезди или полумесечина. Розетата се сретнува и на надгробните споменици од римско време, најчесто по средното течение на реката Вардар, во некогашната Пајонија.

Некои историчари заклучуваат дека, задржувањето на култот на Сонцето во Македонија сè до крајот антиката е специфичност на накаедонската религија, а сончевата розета е македонски симбол.

Култ кон Водата

 
Со режењето на чашката на афионот се добива опиум
 
Златна погребна маска пронајдена во Требеништа - Охридско и кај Горна Порта
 
Александар и Кратер во лов на лав

Кај Македонците бил практикуван култ кон водата, слично како и кај Бригите (Фригите). Реките биле почитувани како божества и им се принесувале жртви. На обичните луѓе им се давале имиња на обожени реки. На натписите во Македонија се посведочени имиња дадени според македонски реки - Стримон, Нестос, Местос, а се посведочени и имиња од фригиските Марсија и Халис. Во Македонија реката секогаш се претставувала антропоморфно на маонетите, за разлика од монетите во Хелада, каде речните божества секогаш биле прикажани како бикови. На монетите од Амфипол од римско време, Стримон е прикажаан како е испружен врз камења или неговата глава е со венец. На монетите од Хераклеја Синтиска (позната како Хераклеја Стримонска) и македонската колонија Павталија, приказот е ист. На бронезните монети од Стоби, ковани во времето на римскиот цар Трајан, се прикажани олулегнати персонификации на две реки, Аксиј и Еригон.

Херодот запишал една легенда од која се гледа дека култот на Водата бил маногу стар во Македонија и бил поврзан со првата македонска кралска куќа. Според легендата, Кога Пердика, Аероп и Гаван ја минале реката, таа надошла толку многу што потерата која била испретена по нив не можела да ја мине реката. Македонците и пренесувале жртва на реката како на спасителка [21]

Култ кон Сонот

Во Тиквешијата се најдени неколку надгробни стели од римскиот приод, на кои е прикажан афион. Во антиката имало убедување дека сонот е привремена смрт, афионот поради своето својство да опива и да успива, станал погребен и култен симбол. Афионот е прикажан и на накит. Во Требениште се најдени прикази на сребрени игли од фибули од типот Штрпци.

Култ кон змијата

Овој култ е посведочен во Пелагонија, Пајонија и Вергина, каде се најдени теракоти од змии. Змијата во античкиот период била симбол на постојано раѓање и умирање, односно реинкарнација и бесмртност. змијата честопати е прикажана на македонскиот накит и надгробните споменици, како симбол на покоиник кои е хероизиран.

Погребен култ

Особена одлика за погребниот македонски култ се златните погребни макси. Вакви погребни предмети се најдени во Требениште, Охрид, Синдос и други места во Македонија. Начинот на изработка и карактерот на златните маски не се каратктерситика за Хелада. На една маска од Требениште е прикажана пчела. Според верувањата од предхеленскиот приод, пчелата била душата на починатиот. За култот на мртвите се граделе т.н хероони (храмови). Во Пидна е пронајден хероонот што го изградил Филип за погребниот кул на својот татко Аминта III. Македонскиот крал Александар II изградил гроб за својот татко, но и храм за неговиот култ [22]. За починатите биле изработувани и статуи кои биле посветени на некое божество.

Обичаи

Воени обичаи

Од воените обичаи на Македонците, два не се посведочени кај Хелените. Првиот укажува дека Македонците не ја одбележувале победата со поставување на трофеј на бојното поле [23]. Вториот обичај е лустрација, односно прочистување на војската со минување меѓу две половини на жртвувано куче [24][25]. Некои научници истакнуваат дека овој обред во почетокот се извршувал пред секое тргнување на војската во битка, а подоцна само еднаш годишно, пред почетокот на сезоната. Според научниците, овој обред бил магиски ритуал на прочистување пред битка, како заштита од несреќа. Ритуалното прочистување на војската е посведочено само кај Македонците и Хетите [1].

Македонски танци

Хесихиј двапати има запишано за еден македонски танц. Еднаш тој е запишан како karpea, a друг пат како kapria или karpia. Суштината на овој танц е позната. Во ритам на свиралка со миметичка игра се прикажувало крадење на волови. Некои научници, оваа игра ја поврзуваат со монетите на Ореските на кои се прикажани волови. Танцот е посведочен и кај соседите на Ореските, односно Магнети, што е македонско влијание. Антај го запишал името на еден македонски воен танц кои се играл со мечеви. Танцот бил наречен телесија.

Лов

Ловот бил ценет од страна на македонската аристократија. Членовите на македонската кралска куќа биле страсни ловци, а имале и свои резервати со дивеч. Аристотел истакнува дека секој Македонец кој немал убиено непријател морал да носи некаков ремен, а ако не успеал да улови диво животно, на гозбите не можел да учествува во лежечка положба.

Македонски календар

Месеци

Во изворите се зачуавни имњата на дванаесте месеци од македонскиот календар. Македонскиот и селевкидскиот календар се користеле во Мала Азија сè до крајот на антиката, а во некои делови на Месопотамија сè до XI век од нашата ера. Во Египет се користел комбиниран македонско-египетски календар. Во македонскиот календар некоиод месеците се именувани по божества, а на некои имињата им се изведени од името на религиозенпразник во чест на некое божество.

Празници

Во изворите се запишани имињата на неколку македонски празници со религиозна практика. Перити се славел во четвртиот македонски месец, но не се знае за кое божество. Хесихиј пишува за еден празник по името Ксандики, кога се спроведувало чистење на македонската коњица.

Ери

Во Македонија немало ери, времето се броело според годините на владеење на кралот. По освојувањето на Македонија од страна на Рим, се користела т.н македонска провинциска ера, иста така се користела и т.н актиска ера, која го означува крајот на владеењето на последната македонска династија, Птолемаиди.

  • Селеукидска ера почнува во 312/11 г. п.н
  • Македонска провинциска ера почнува во 148 г. п.н
  • Актиска ера почнува во 31/0 г. п.н

Култура

Општо

Со остатоци од античкиот период се среќаваме уште со предмети кои датираат од 6 век пред н.е. Такви се на пример пронајдените релјефи во камен од Солун. Тоа се Момче од Солун и Девојче од Солун. Исто така од Кожани од 4 век пред н.е. среќаваме релјеф на македонско семејство во типична македонска облека

Остатоци има и од елементите кои ја сочинуваат државноста на Македонците. Така на пример е монета на Александар 1 Филхелен (498-454 година п.н.е.). Тој својот епитет "Филхелен" во тоа време го имале само странците во грчките држави, што е најдобра потврда дека Македонците не биле од хеленско потекло.

Од матерјалната култура на античките Македонци посебно се значајни археолошките наоѓалишта во Требениште (Охридско), веќе споменатите остатоци од Синдос (кај Солун) и Кралските гробници од Кутлеш (Вергина.

При големиот зафат - систематски ареолошки ископувања, конзервација и реставрација на Самуиловата тврдина во Охрид, покрај северниот бедем откриени сè поголем број гробови и гробници со различни гробни конструкции кои припаѓале на жителите на античкиот Лихнид - денешен Охрид. Хронолошкиот распон на овие погребувања е од V век пр. н.е. до V век после нашата ера. Најголемиот број гробови припаѓаат на хелинистичкиот период (III - II век пр. н.е.) и се богати со разновиден археолошки материјал (украсени керамички садови, железни, бронзени, сребрени и златни предмети), чиишто одлики покажуваат дека исклучително припаѓале на најстариот древномакедонски етнос.

Исто така на 30 септември 2002 год., откриена е и гробница со седумдесеттина гробни прилози од разновиден материјал (керамика, килибар, стаклена паста, железо, бронза, сребро и злато), а меѓу нив најзначајни и најексклузивни се два: златната посмртна маска и златната ракавица со златен прстен. Ова е епохално откритие за македонската, балканската и европската археологија бидејќи фрла дополнителна научна светлина во разјаснувањето на надалеку прочуената некропола "Требеништа" која се наоѓа кај с. Горенци во близината на Охрид и каде што во првата половина на 20 век, во 1918 година и 1934 година се откриени, исто така, надалеку прочуените четири златни маски (денес две во Белград и две во Софија). Временската припадност на оваа гробница и на сите наоди во неа е 5 век пр. н.е., и е најстаро погребување во рамките на лихнидската некропола.

Гробни дарови

Од гробовите на требенишката некропола потекнуваат 825 предмети, од кои 258 се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија, 187 во Народниот музеј во Белград и 380 во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид. Предметите кои посебно се издвојуваат потекнуваат од гробовите на А и В групата, т.н. кнежевски гробови. Такви се златните погребни маски, златни сандали, нараквици, златен и сребрен накит, масивните бронзени кратери, сребрени пехари и ритони, бронзени шлемови и др.

Златни погребни маски

Куриозитет претставуваат златните маски, кои се определуваат како култни предмети, односно се поврзуваат со одредени верувања и ритуали во врска со погребувањето, а се откриени во гробовите I, V, VIII и IX, од требенишката некропола. Веројатно дека тие се дело на локални мајстори, а како такви зборуваат за верувањата и ритуалите кај популациите кои ги населувале тие области. На територијата на Р Македонија откриена е уште една маска во Охрид и еден фрагментиран примерок во Петилеп-Беранци. Погребни маски се откриени и во архајската некропола кај Синдос, близу Солун и еден слабо сочуван примерок, од колекцијата Стататос, која се чува во Археолошкиот музеј во Атина, а кој потекнува од халкидичко-долноповардарскиот простор.

Заедничка одлика на маските е втиснатата орнаментиката (меандар и спирала), што според некои научници е карактеристично за грчката уметност од VI век п.н.е., а според други за македонско-илирската уметност. Меѓутоа, во тоа време погребни маски не се познати во грчкиот погребен ритуал. Сличностите на овие погребни маски со микенските маски - портрети се формални, бидејќи Микена и Требениште ги разделуваат илјада години. Меѓутоа маските од Микена го евоцираат египетскиот обичај на обложуање на телото на покојникот со злато, па веројатно и маските од Требениште припаѓаат на иста инспирација. На маската откриена во гробот I, е претставена пчела. Пчелата се поврзува со јонскиот култ на божицата Мелиса (Артемида), која има критско, претхеленско појавување. Во Египет таа претставува еден од првите кралски симболи и во погребниот обреден систем ја претставува душата на дивинизираниот покојник, т.е. ја симболизира неговата моќ. Посредството на Крит во пренесувањето на овој обичај посочувано е од повеќе научници, а легендата за Кадмо и Хармонија можеби сведочи за доаѓањето на критски и кипарски колонисти во областа на Македонија. На Крит е потврдено постоењето на обичајот на хероизирање на покојникот. На саркофагот од Хагија Тријада е прикажана сцена со претстава на мумифициран покојник со маска, а откриена е и маска во Мулијана на Крит, како и сребрени сандали од Библос.

Златни сандали, нараквици и надградник

Истото потекло и намена веројатно го имаат и златните "нараквици" и "сандали".

Златни "сандали" се откриени во гробовите II, VI, VII, VIII, X и XII. Тие се изработени од златен или позлатен сребрен лим во форма на стапало. Кај повеќето од овие сандали орнаментот е вегетабилен, односно се состои од палмети и розети, а единствено кај "сандалите" од гробот VIII е претставена Горгона и две свинги хералдично поставени. На двете сандали со некаков печат е втисната иста декорација, по трипати на секој примерок. Веројатно улогата на овие сандали е сепукрална, т.е. тие се наменети на покојникот, кому треба да му помогнат и да го штитат на патот до "оној свет". Како такви сандалите имаат хтонско-апотропејско значење. Најстар помен на вакво верување има кај Египќаните во т.н. Книга на мртвите, според која до "оној свет" може да се дојде по два пата, едниот е по вода, а другиот е сувоземен пат, за кој на покојникот му се потребни чевли.

Меѓу предметите со култно значење е и надградникот откриен во гробот II. Тој е изработен од златен лим во форма на потковица, на кој е изведена композиција во форма на медаљон. Во центарот на медаљонот се претставени два лава, хералдички поставени. Нивните нозе се поставени врз седум кругови, какви што имаат и на подигнатите нозе.

Накит

Како бројна категорија наоди меѓу гробните содржини се издвојува накитот. Неговото истакнато место се должи, покрај другото и на фактот дека преку стилско-уметничката анализа на истиот се овозможува да се согледаат патиштата на импортот на луксузната стока, како и да се согледаат влијанијата врз локалното создавање на накитот, но и вкусот на автохтоното население. Од Требенишката некропола потекнува златен, сребрен и бронзен накит, и тоа обетки, белегзии, ѓердани, фибули, игли и др.

Метални садови

Меѓу движниот археолошки материјал се издвојуваат и неколку примероци од сребрени садови, односно два сребрени рога, откриени во гробовите I и VIII, како и сребрени пехари од гробовите III, V и VIII. Пехарите и ритоните се украсени со златна орнаментална апликација изведена во техника на пресување и исчукување.

Двата рога по форма се исти, а единствено се разликуваат во димензиите. Тие на врвот имаат отвор кој служел за пиење и една алка за бесење која укажува на можноста да биле носени закачени на појасот па се претпоставува дека станува збор за војнички садови. Покрај утилитарната намена ритоните имаат и симболичко и култно значење. Во врска со тоа е и принесувањето на ритони како дел од мистично причестие, или симбол на предавањето на власта кај Пајоните, Македонците, но и кај Скитите, а веројатно и другите варвари. При што тие биле симбол на дивинизираниот покојник. Што се однесува до самото потеклото на ритоните, повеќето научници се согласуваат со нивната сириска или иранска провениенција.

Сребрените пехари меѓусебно се слични, а единствено малку се разликуваат во орнаментиката. Аналогни се со пехарите од Стара Загора во Тракија. Најголем број од научниците се согласуваат дека станува збор за малоазиски импорт, а датирани се во втора половина на V век пр.н.е.

Во гробовите I и VIII се откриени бронзени кратери кои меѓусебно се разликуваат по димензиите и по мотивите со кои се украсени, меѓутоа стилски се аналогни. Кај кратерот од гробот I отворот е украсен со вегетабилна орнаментика, перли, плетена лента и ред фини перли. Декорацијата на вратот е со мотив на крава, а биле изведени шест фигури (од кои една денес недостасува) свртени на десно, прицврстени на основата со клинци. На рамото од кратерот изведен е орнамент во облик на заби. Ногата е ѕвонеста, посебно излиена, пластично украсена со палмети, лотосови листови и редови од перли. Особено се впечатливи двете рачки на кратерот од големи листови со пластичен орнамент и редови на перли, потпрени на бисти од Медузи.

Кај кратерот од гробот VIII отворот е профилиран и украсен со палмети, под кои се изведени низа од перли и вертикални црти. На вратот се приковани четири коњаници, (по два од секоја страна) свртени на десно, со глава предадена во анфас. Коњите се претставени во галоп. Како и кај кратерот од гробот И и на овој сад рамото е украсено со низа листови во форма на заби. Двете рачки и во овој случај се особено убаво украсени. Тие лежат на крилести Медузи со змиски нозе, кои се потпираат на рамото од садот и завршуваат со змиски глави. Рацете на Медузите се свиени, а дланките се стиснати. На рамениците на Медузите, покриени со наметка, лежи коренот на волутите кој е украсен со крлуштен орнамент. Во гробот VIII откриен е и троножец на кој бил поставен кратерот. Нозете се изведени во облик на лавовски шепи и богато украсени со зооморфни и антропоморфни мотиви.

Кратерот од гробот I е датиран во прва половина на V век пр. н.е., а кратерот од гробот VIII во средина на VI век п.н.е. Се смета дека тие се коринтски импорт, но постои и можноста за нивно евбејско, халкидско потекло.

Оружје

Во машките гробови е откриено офанзивно оружје и тоа: копја, мечеви, ножеви и бодежи. Од копјата се зачувани само врвовите од кои може да се види дека се работи за листовидни копја со пластично ребро. Фрагментите од мечевите овозможиле да се направи приближна реконструкција, при што е утврдено дека некои од нив, поточно оние од гробовите VI и VII, се аналогни на мечевите од Синдос, кои се датирани од 540 година п.н.е. па до почеток на V век п.н.е., а се изработени една до две децении пред самите погребувања.

Покрај офанзивното оружје во "кнежевските" гробови се откриени и примероци од дефанзивно оружје со кое биле опремени и така погребани припадниците на аристократскиот сталеж. Тоа се шлемови, кружни бронзени штитови, оклоп и бронзени доколиници – кнемиди.

Во "кнежевските" гробови се откриени десет шлемови од кои еден "коринтски", еден "халкидски" и осум кои припаѓаат на македонски тип на шлем. Вакви шлемови на територијата на Р Македонија се откриени и во Букри, Бабино, Делагожда, Речица и Тетово (денес во Минхен), како и еден кој потекнува од непознато наоѓалиште во околината на Охрид (денес во Мајнц).

Историја

Рана историја

 
Дидрахма (статер) на Аминта III
 
Македонија во време на Пелопонеската војна околу 431 п.н.е.

Античките Македонци живееле во јужната област на денешна Македонија уште од архаичното време. Првата македонска држава се јавува во VIII или раниот VII век п.н.е. под водството на династијата Аргеади, кога Македонците мигрирале таму од позападните краишта. Првиот крал за кој има пишани извори е Пердика I. Според легендата раскажана од Херодот, Пердика заедно со своите браќа, Аероп и Гаван, работеле кај некој крал од Горна Македонија. Секој ден за ручек жената на кралот месела леб. Лебот кој бил наменет за Пердика секогаш бил најголем. Кралот мислел дека Пердика има нешто со неговата жена. Кога требало да им плати за тоа што го сработиле тој ги повикал во својата одаја. Во неа имало само еден прозорец низ кој влегувала сончевата светлина. Кралот им дал една торба и им рекол да соберат од светлината колку што сакаат. Тогаш Пердика го извадил својот меч и со мечот направил еден круг на земјата каде што паѓал зракот. Од таа земја ставил во торбата и му кажал на кралот дека тој ќе направи свое кралство големо колку сонцето.

Во времето на кралот Александар I, македонската територија почнала да се шири во земјите населени со македонските [1] племиња: Еордеја, Ботиаја, Пиерија, Мигдонија и Алмопија. Близу денешниот град Воден, Пердика I (или поверојатно неговиот син Аргеј I) ја изградил првата престолнина Ајга (Кутлеш). По краток период на персиска власт под водство на кралот Дариј I, државата ја вратила својата независност под водство на кралот Александар I (495450 п.н.е. п.н.е.). Пред IV век п.н.е. кралството покривало територија по големина еднаква на денешната област Македонија во Грција.

Аминта III (околу 393370 п.н.е.) за првпат ја централизирал власта во Македонија, иако контрастот помеѓу сточарскиот рамничарски регион и изолираната задгрбнина бил голем. Овие се врзувале за кралот со семејни врски. Родовските заедници во задгрбнината ги контролирале приодите низ кои поминувале илирските војски во напад на Македонија северно и северозападно. Аминта имал три сина; првите два, Александар II и Пердика III владееле само кратко. Премладиот син на Пердика III бил заменет со третиот син на Аминта, Филип II Македонски кој се прогласил за крал и подоцна ја завладеал и Грција.

Проширување

 
Античка Македонија по смртта на Филип II
 
Карта на македонското царство во времето на Александар Македонски

За време на кралот Филип II, (359336 п.н.е.) Македонија се проширила на територијата на Пајонците, Тракијците и Илирите.

Македонија станала политички активна со нејзините односи со јужно-централните грчки полиси, но исто така задржала и некои архаични културни и општествени елементи како централизација на градот околу кралската палата (прво во Ајга, а потоа и во Пела) послична на микенската култура, отколку на хеленските полиси, како и други архаични обичаи, како повеќето жени на Филип како додаток на постоечкиот брак со епирската кралицата Олимпија, мајка на Александар Македонски.

Друг архаичен елемент била истрајноста на системот на наследна монархија која значела голема, а понекогаш и апсолутна власт, иако понекогаш кралот бил проверуван и модериран од страна на аристократијата. Затоа меѓусемејните борби за власт не биле реткост. Ова претставувало голем контраст со хеленските полиси јужно каде владеела демократија; де факто -монархијата на тираните, во која наследноста била повеќе амбиција отколку фактички остварлива; и ограничената, највеќе војна и свештеничка моќ на спартанската дијархија. Истото ова важи за феудалните институции како крепосништвото, кое веројатно опстојале во Македонија многу години низ историјата. Ваквите институции биле укинати во грчките полиси во времето на Солон.

Синот на Филип, Александар Македонски (336323 п.н.е.) за релативно краток период успеал да ја наметне македонската власт не само врз Грција, туку и врз Персиското царство, вклучувајќи го и Египет, блискиот, средниот исток и Индија. Александар ги прифатил политичките системи на освоените земји. Иако царството се распаднало кратко по неговата смрт, неговите освојувања оставиле траен печат во регионите. И покрај распадот на царството во помали кралства раководени од генералите на Александар, Македонија останала многу привлечна територија. За кратко време била владеена од страна на Деметриј I Опсадникот (294288 п.н.е.), но потоа започнала граѓанска војна. Антипатар и неговиот син Касандар ја зазеле власта, но ја изгубиле по смррта на Касандар во 297 п.н.е..

Синот на Деметриј I Опсадникот, Антигон II (277239 п.н.е.) успешно го вратил мирот и просперитетот и успешно ја одбранил Македонија од галациската инвазија, но изгубил контрола врз многу грчки полиси. Тој сепак воспоставил стабилна монархија и благодарение на него, новата династија Антигониди. Неговиот наследник Антигон II (239221 п.н.е.) ги искористил овие предности и ја проширил власта на Македонија ширум регионот.

Пропаста на царството

Под водство на кралот Филип V (221179 п.н.е.) и неговиот син Персеј (179168 п.н.е.) Македонија се соочила со експанзионизмот на Римската Република. За време на II век п.н.е. и I век п.н.е. Македонија била во неколку војни со Рим. Ова резултирало со пораз на Македонија, отстранувањето на Антигонидите и распадот на македонското кралство. Андриск успеал накратко да ја врати монархијата во 149 п.н.е., но бил поразен следната година и Македонија потпаднала под директна римска власт како Римска провинција Македонија.

Државно уредување

Монархија

Главна особина на античките Македонци е монархијата, односно кралското уредување. Во поглед на државното уредување постои голема разлика со Хелените, особина на овој народ било полисното уредување. Во науката постојат повеќе различни погледи за карактерот на македонската монархија:

  • Национално кралство
  • Монархија од конституциален тип
  • Апсолутна монархија
  • Договорно кралство
  • Воена демократија

Тезите дека Македонија била кралство од конституционален тип и автократско кралство во науката имаат најмногу приврзаници. Треба да се истакне дека во текот на историјата на античка Македонија постојат три периоди во кои имало неколку вида на монархија: а) периодот на Аргеадите б) периодот на Александар III Македонски и б) периодот на Антигонидите. Секој од овој период има свои особини и одлики.

Крал

 
Монета со ликот на Филип II Македонски
 
 
Дидрахма (статер) на Аминта III

Во периодт на Аргеадите, според Аријан кралот не управувал со сила туку според законите.[26]. Односно за време на владеењето на династијата Аргеади, Македонија била кралство од конституционален тип, а кралот ја немал сета власт во своите раце, тој требало да ги почитува законите на државата и да владее согласно нив.

Македонскиот престол го наследувал првородениот син на кралот, Македонските кралеци од династијата на Аргеадите немале право да именуваат свој наследник, меѓутоа можеле да ја покажат својата наклонетост. Македонските првенци го предлагале наследникот, а тој требало да биде прифатен од македонското собрание. Доколу македонското кралство се наоѓало во голема опасност, странска инвазија или слично, за крал не бил поставуван малолетник со старател, туку кралската власт му се давала на член од најтесното семсјтво на Аргеадите, односно чичко или брат. На овој начин на власт дошол Филип II Македонски, по смрта на неговиот брат Пердика III.

Псевдо-Калистен запишал: Македонците нека го изберат кралот... Кралот нека ја зачува државата на Аргеадите... Македонците со кралот нека ги извршуваат обредите вообичаени за Аргеадите [27]. Овој извор потврдува дека македонското собрание го избирал кралот.

Македонските кралеви имале свои титулари кои се состоеле од нивните лични имиња, татковите имиња во генитив (патронимик), како и ознака за етничка припадност (етникон). На пример: Александар Филипов, Македонец. Титулата понекогаш била скратена и го содржела името со татковотго име во генитив или името со етничката припадност: Александар Филипов или Александар Македонецот.

Сè до крајот на античката македонска држава, кралот имал свои обележја (инсигнии). Кралевите носеле бела лента чии краеви заврзани на тилот паѓале на вратот. Ваква лента може да се види на октодрахмата на Александар I и Филип II Македонски. Оваа лента понекогаш се носела врзана околу македонската капа кавсија. Плутар запишал дека македонската капа била дел од облеката на наследниците на Александар [28]. Македонските кралеви исто така носеле метална дијадема и порфирна облека.

Првите кралеви од династијата на аргеадите имале религиско магиска функција. Кралот пред секој потфат или на почетокот на гозбите за време на верските празници пренесувал жртва во име на Македонците. Оваа обврска се нарекувала простасија. Македонските кралеви својата магиска моќ требало д а ја докажуваат преку ловот на диви животни, најчесто лавови. Со развојот на македонската држава и општетсво на преден план излегле неговите воени и политички функции. Македонскиот крал имал и судска функција. Во текот на делата за кои следела смртна казна, а за кои судело македонското осбрани, кралот бил обвинител.

Македонсиот крал доколку бил отсутен од Македонија назначувал свој заменик кои требало да ги извршува неговите должности во Македонија, тука се мисли пред сè на религиските обреди и обврски. Македонското собрание го прогласувало кралот, односно ја прифаќале неговата власт и ги задржувале своите права: право на апелација, право на донесување одлуки, рамноправност на зборот и др.

Кралица

Македонските жени од кралското семејство имале значајна улога во дипломатските, државните и воените работи. Македонската кралица ја вршела својата должност простасија. Оваа должност ја извршувала Олимпија во отуство на Александар III Македонски, а кога таа заминала за Епир, во Македонија била заменета од Клеопатра. Македонските кралици биле задолжрни да ги слушаат и барањата на граѓаните. На македонските кралици им се укажувале почести кои биле слични на кралските, им се изработувале статуи, се именувале градови по нивните имиња, им се укажуавле свадбени и погребни почести. Во поглед на улогата и местото на жената во македонското општетво постои голема разлика со хеленското општетсво. Кај Хелените, жената била вечен малолетник и не можела да учествува во политичкиот живот.

Собрание

Македонското собрание во изворите се сретнува под различни имиња: Македонци, мноштво, народ, вооруженици, војници и соборници. Во мирно време, македонското собрание се состоело од народот, а во војна, собранието било составено од војници. Членови на собранието можеле да бидат само оние што имале право да носта оружје, Диодор челеновите на македонското собрание ги нерекува граѓани-војници [29]. Собранието било свикувано од кралот или од неговиот претставник. Една од најважните функции на собранието е да го прогласи кралот, меѓутоа собранието имало и судска функција. Македонското собрание судело за дела за кои следело смрта казна.

Финансии

Кралот бил заштитник и администратор на македонската ризница и кралските приходи кои му припаѓале на македонскиот народ: даноците од освоените народи исто така оделе за македонскиот народ, а не за кралот. Дури ако кралот не бил одговорен за дадени финансии, тој се чувствувал морално одговорен да интервенира: на пример Аријан кажува дека при бунтот на војската на Александар кај Опис во 324 п.н.е., Александар морал да ги прикаже сметките од неговото наследство при смртта на неговиот татко за да покаже дека нема направено никаква финансиска злоупотреба.

Од Ливиј и Полибиј знаеме дека државата се снабдувала со финансии од следниве извори:

  • Рудниците за злато и сребро (како Пангај), на пример, кои биле во сопственост на кралот и од чија руда се правеле парите. Правата за ковање на поситни пари од бронза и сл. потоа се предавале на регионалните власти.
  • Шумите, чие дрво било високоценето од страна на грците за бродоградба: Атина склучувала трговски договори со Македонија во V п.н.е. за увоз на дрво за бродоградба.
  • Кралските поседи кои биле земја здобиена по пат на освојување и била исползувана директно или со помош на работната сила на војни затвореници, како и индиретно преку даночен систем.
  • Царина на пристаништата која се однесувала на трговијата (давачки за увоз и извоз).

Најчестиот извор на приход било давањето под наем: Аминта III (или можеби Филип II) ги удвоил пригодите на пристаништата со помош на Калистрат, кој избегал во Македонија и донел 20 до 40 талани за една година. За да се постигне ова правата на собирањето на пристанишни давачки биле доделувани на оној што ќе наддадел највеќе на лицитација. Ливиј кажува дека рудниците и шумите исто така се давале под наем.

Со исклучок на поседите на кралот, земјата во Македонија била бесплатна: сите Македонци биле слободни граѓани и никој не плаќал давачки никому за користење на туѓа земја. Дури и даноците во кризни ситуации кои биле нормални насекаде не постоеле во Македонија. На пример економските кризи на Александар Македонски во 334 п.н.е. и Персеј во 168 п.н.е. не резултирале со воведување на данок, туку кризите се решавале по пат на заеми или покачување на наемнини.

Кралот исто така повремено ги ослободувал некои луѓе од какви било давачки како на пример во случајот на семејствата на загинатите борци во Битката кај Граник во мај 334 год кои биле ослободени од плаќање наемнина за користење на кралски имот, како и други стопански давачки.

Македонски династии

Аргеадска династија

Аргеадската династија била династија на кралеви основоположници на Македонското Кралство. Започнувајќи од митолошкиот крал Каран па до славниот Филип II Македонски кој успеал да го зајакне Македонското Кралство и да ги обедини македонските племиња, и славниот Александар Македонски кој ја формирал Македонската Империја.

По неочекуваната смрт на Александар Македонски, започнува периодот на војните на дијадосите кои доведуваат до распад на Македонската Империја и формирање на империи наследнички кои биле владеени од династии формирани од генералите во војската на Александар Македонски.

Антипатридска династија

Антипатридската династија не опстоила долго време. Во 294 п.н.е. таа била симната од власт од страна на династијата на Антигонидите, чии членови се покажале како поефективни владетели. Членови на Антипатридската династија:

Антигонидска династија

Антигонидската династија била династија на македонски кралеви кои воделе потекло од Антигон I Едноокиот, генерал во војската на Александар Македонски. Династијата е наследничка на Антипатридската династија, која владеела со Мала Азија и северна Сирија.

По поразот на војската на Персеј во Битката кај Пидна во 168 п.н.е., Македонија била поделена на четири републики од страна на Римјаните. Во 150 п.н.е. човек по име Андриск тврдел дека е син на Персеј и го барал престолот на Македонија како крал Филип VI. Ова била причината за Четвртата македонско-римска војна во која Андриск бил поразен од страна на Римјаните и Македонија била припоена кон Рим (148 п.н.е.).

Поврзано

Белешки

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 1,23 1,24 1,25 1,26 1,27 1,28 1,29 1,30 1,31 1,32 1,33 1,34 1,35 1,36 1,37 1,38 1,39 1,40 1,41 1,42 1,43 1,44 1,45 1,46 1,47 Историја на Аргеадите, Наде Проева, Скопје, 2004
  2. Делото Патопис е напишано од непознат автор од вториот век од старата ера
  3. Strab. VII, 326
  4. Caes., Bell. civ III, 7, 9
  5. Paus. X, 7.
  6. Плутарх, Apam 16
  7. Демостен, Терат Филипика, 31
  8. "Paeonia", Encyclopædia Britannica online.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 9,8 „Студии за античките Македонци“ (1997), Наде Проева
  10. Plin. IV, 3.
  11. Херодот, VI, 45; VII, 145
  12. Херодот I, 67
  13. Thuc, IV, 109
  14. Плутарх, Александар 51
  15. Athen. III, 121; Куртиј Руф VI, 11, 4
  16. Polyb. XXXVIII, 8, 28
  17. Препев на Е. Колева, Антологија на хеленската лирика, Скопје, 1996, 81
  18. Theopomp. fr. 44, fr. 214
  19. Херодот VIII, 137
  20. МАксим од Тир II, 8
  21. Херодот VIII, 138
  22. Diod. XVII, 2, 1.
  23. Paus. IX, 40, 7
  24. Куртиј Руф X, 9, 11-12
  25. Tit. Liv. XL, 6.
  26. Аријан, Анабаса IV, 11.
  27. Ps.-Callist.,C33.
  28. Види: Плутарх, Споредбени животописи, Антониј 54
  29. Diod. XVII, 109.

Извори

Надворешни врски