Википедија:Избрана статија/2014

Гласање за избрана статија

уреди

Како да гласам за овој предлог?

Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} (За ), {{против}} (Против ) или {{воздржан}} (Воздржан ), како и свое мислење преку {{коментар}} (Коментар ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.

Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.

Седмица 53, 29.12.2014 - 4.1.2015
„Евгениката е самонасочување на човечката еволуција“ — лого од Втората меѓународна конференција за евгеника, одржана во 1921 во Лондон
„Евгениката е самонасочување на човечката еволуција“ — лого од Втората меѓународна конференција за евгеника, одржана во 1921 во Лондон

Евгеника (од грчки: εὐγενής, од εὖ „добро“ и γένος „род, сој“) — проучување и практикување на селективното размножување кое се применува на луѓето, со цел да се подобри видот. Во историска и поширока смисла, евгениката може, исто така, да биде и проучување за „подобрување на човековите генетски квалитети“. Поборниците на евгениката бараат да се спречи она што тие го сметале како дисгеничка динамика во човечкиот генетски фонд. Конкретно, во однос на пренесувањето на вродените пореметувања и чинители (фактори) кои влијаат на целосната социјална интелигенција која е поврзана со наследливоста на коефициентот на интелигенција.

Евгениката уживала широка популарност во првите децении на XX век, но стекнала лош глас откако станала асоцијација на нацистичка Германија. По Втората светска војна и јавноста и научните заедници ја поврзувале евгениката со нацистичките злоупотреби, како на пр. расната хигиена, екпериментирањето врз луѓе и истребувањето на „непосакувани“ популациски групи. Меѓутоа, развојот на генетските, геномските и размножувачките технологии кон крајот од XX век, подигна многу нови прашања и грижи за значењето на евгениката и нејзиниот етички и морален статус во денешницата. (Дознајте повеќе...)

Седмица 52, 22.12.2014 - 28.12.2014
Листови и желади на разни дабови
Листови и желади на разни дабови

Даб (научQuercus) — род на дрва и грмушки со околу 600 вида. Автохтон е на северната полутопка и има листопадни и зимзелени претставници што виреат од умереноконтиненталните до тропски предели во Европа, Азија и Америка. Земајќи ја предвид општата разновидност, за центар на ендемизмот на дабовите се смета Северна Америка, особено Мексико.

Дрвото има спирално распоредени листови со брановидни рабови, а постојат и видови чии рабови се назабени или сосем мазни. Лисјата на голем број видови не паѓаат на есен, туку дури на пролет. По ова излегуваат цветовите, кои имаат облик на реси. Плодот е орев наречен желад сместен во чашичка, со по една семка и узрева за 6–18 месеци, зависно од видот. Постојат и зимзелени видови, но не сочинуваат посебна група.

Во Македонија дабот е мошне застапен по целата територија, и тоа со девет вида и голем број на подвидови. Дабовите дрвја зафаќаат 40% од шумата во земјата и сочинува една четвртина од дрвната маса што се одгледува во стопанското шумарство. (Дознајте повеќе...)

Седмица 51, 15.12.2014 - 21.12.2014
Еврејскиот календар на кој е прикажан aдар II меѓу 1927 и 1948 година.
Еврејскиот календар на кој е прикажан aдар II меѓу 1927 и 1948 година.

Еврејски календар (הַלּוּחַ הָעִבְרִי, ха'луах ха'иври) — месечево-сончев календар кој денес се користи претежно за еврејски верски обреди. Со помош на календарот се определуваат датумите за еврејските празници и соодветните јавно читање на делови од Тората за годишен помен параша (датумите со кои се одбележува смртта на роднина), како и дневни читања на псалми, како и други верски употреби. Во Израел, се користи за верски намени, ја одредува временската рамка во земјоделието и е официјален календар за обавување на граганските должности, иако се почесто истиот се заменува со грегоријанскиот календар.

Денешниот еврејски календар е производ од развојот на истиот, вклучувајќи го тука и вавилонското влијание. Сè до танаjскиот период (од 10 до 220 година) календарот користел нова полумесечина, со дополнителен месец кој нормално се додавал на секои две или три години за да се изврши исправка на разликата меѓу дванаесетте месечински месеци и сончевиот календар. Кога требеало да се додаде месецот се одлучувало според набљудувањето на земјоделските настани. За време на аморајскиот период (од 200 до 500 година) а воедно и во гаонскиот период, бил заменет со систем кој користел математички правила кои се користат до денес . Овие принципи и правила биле целосно кодифицирани од страна на Мојсеј Мајмонид во т.н. Мишне Тора од XII век. Мајмонидовата работа исто така го го заменила броењето на годините од уништувањето на Храмот со современо создадената ера Anno Mundi. (Дознајте повеќе...)

Седмица 50, 8.12.2014 - 14.12.2014
Олимписките прстени
Олимписките прстени

Летни олимписки игри (ЛОИ) — меѓународен повеќеспортски настан првпат одржан во 1896 г., кој се случува на секои четири години, и е организиран од страна на Меѓународниот олимписки комитет. На секој натпревара се доделуваат медали, при што златен медал за прво место, сребрен за второ и бронзен за трето — традиција која започнала во 1904 година. Зимските олимписки игри биле создадени поради успехот на Летните олимписки игри.

Олимписките игри од настан со 42 дисциплини и 250 учесници мажи од 14 земји до настан со 300 дисциплини преку 10.000 натпреварувачи од 205 земји. Организаторите на Летните олимписки игри 2008 во пекинг очекуваа присуство на 10.500 атлетичари во 302 дисциплини.

САД четирипати биле домаќини на Летните олимписки игри повеќе од која и да е друга земја. Обединетото Кралство беше домаќин на игрите во 2012 година, трети олимписки игри одржани во кралството, во главниот град Лондон, со што Лондон станал првиот град во кој се одржале игрите трипати. Австралија, Франција, Германија и Грција биле домаќини на игрите двапати. Други земји кои биле домаќини на игрите се Белгија, Кина, Канада, Финска, Јапонија, Мексико, Холандија, Јужна Кореја, Шпанија, Советскиот Сојуз и Шведска. Во 2016 година домаќин на игрите ќе биде Рио де Жанеиро во Бразил и станува збор за првите игри кои ќе се одржат во Јужна Америка. Три градови биле двапати домаќини на игрите: Лос Анџелес, Париз и Атина. Стокхолм, Шведска, била домаќин на две олимписки игри, градот бил домаќин на игрите во 1912 година и јавачките спортови во игрите одржани во 1956 година, игри кои биле со два домаќини. (Дознајте повеќе...)

Седмица 49, 1.12.2014 - 7.12.2014
Николај Иванович Лобачевски околу 1843 г.
Николај Иванович Лобачевски околу 1843 г.

Николај Иванович Лобачевски (руски: Никола́й Ива́нович Лобаче́вский; Нижни Новгород, 1 декември 1792 - 25 февруари 1856, Казањ) — истакнат руски математичар кој има постигнато многу успеси во областа на геометријата, на физиката како и во доменот на астрономијата. Негово главно достигнување е развитокот на неевклидовата геометрија, тој имал за цел да развие геометрија во која петти постулат не е точен. Прифаќањето на неговите идеи се одвивало прилично бавно, најнапред неговите идеи биле одбивани, а после неколку века тие идеи биле прифатени за да се решат многу проблеми во областа на математиката, а сосема исто се случувало и со неговите залагања, истражувања и заклучоци во областа на другите науки. Тој добивал и признанија за идеите што ги поседувал, а бил и критикуван од страна на свои колеги. Во неговиот живот имало само една жена со која имал седум деца. Имал мирен и спокоен живот и постигнал големи успеси. Од особено значење е хиперболичната геометрија, наречена и „Лобачевскиева геометрија“.

Главно достигнување на Лобачевски (независно од Јанош Бојаи) е развојот на неевклидовата геометрија. Пред него, математичарите се обидувале да ја докажат или порекнат зависноста на Петтата аксиома на Евклид од другите аксиоми на Евклидовата геометрија. Петтата Евклидова аксиома е аксиома во неговата геометрија кое тврди дека за било која дадена права и точка која што не лежи на таа права, има една и само една права низ точката која што не ја сече дадената права т.е. е паралелна со неа. Лобачевски наместо тоа сакал да развие геометрија во која петтиот постулат (аксиома) не е точен. Оваа идеја најпрво била изјавена на 23 февруари 1826 година, кон сесијата на одделот за Физика и Математика, а ова истражување било печатено во „Вестин Казанского Университета“ во 1829-1830. Лобачеваски напишал и текст за тоа наречен “ Краток Преглед на пронаоѓањата во Геометрија “ што било објавено од страна на Казин Месинџер, но било одбиено кога Академијата за Науки од Сан Петербург ја поднела за објавување Геометријата која што Лобачевски ја развил и била наречена хиперболична геометрија. (Дознајте повеќе...)

Седмица 48, 24.11.2014 - 30.11.2014
Сликите од црните букви при тенка испакната леќа со жаришна должина f, се прикажани со црвена боја. Одредени зраци се прикажани за буквите Д, З и И со сина, зелена односно портокалова боја. Се забележува дека Д ( на 2 растојанија f ) има иста големина, за вистинитата и превртената слика, З ( на растојание f ) има слика во бесконечноста, и И ( на растојание f/2 ) е двојно поголема, замислена и иправена слика.

Оптика — дел од физиката кој се занимава со одликите и законитостите на светлината, вклучувајќи го и заемодејството со материјата и создавањето на инструменти кои ja користат или утврдат присуство на светлина. Оптиката обично ги опишува одликите на видливата светлина, ултравиолетова, и инфрацрвена светлина. Бидејќи светлината е електромагнетен бран, другите видови на електромагнетно зрачење како што се рендгенските зраци, микробрановите и радио брановите пројавуваат слични својства.

Повеќето оптички појави се објаснуваат со помош на електродинамичкиот опис на светлината. Користењето на електромагнетни описи за светлината го отежнува објаснувањето на светлинските појави во секојдневието. Применетата оптика користи упростени модели. Најчесто употребуван метод е т.н. геометриска оптика, кој светлината ја разгледува како збир од зраци кои се движат праволиниски, се прекршуваат или одбиваат кога минуваат нз најразлични средини. Брановата оптика е поопфатен модел за светлината, кој вклучува бранови појави како што се дифракција и интерференција кои не можат да се објаснат со геометриската оптика. Историски, зрачно-заснованиот модел за светлината се развива првично, по што следи брановиот модел на светлината. Напредокот во електромагнетната теорија во XIX век доведе до откритието дека светлинските бранови се всушност електромагнетно зрачење.

Некои појави зависат од фактот дека светлината ги поседува одликите на бран и честичка истовремено. Објаснувањето на овие ефекти побарува употреба на квантна механика. Кога светлината се разгледува како честички, светлината се претставува како збир од честички наречени „фотони“. Квантна оптика е дел од оптиката кој се занимава со употребата на квантномеханички методи во оптичките системи. (Дознајте повеќе...)

Седмица 47, 17.11.2014 - 23.11.2014
Живин топломер за надорешна употреба
Живин топломер за надорешна употреба

Топломер или термометар (од стгр. θερμός = „топлина“ и μέτρον = „мера“) — инструмент за мерење на температура по повеќе можни методи. Има два дела: сетилник на температура (на пр. садот на живин топломер) каде се јавува некаква физичка промена при изложеност на температура и начин на означување (на пр. скала означена на живин топломер). Постојат разни видови топломери со различни намени.

Секој поединечен топломер може да мери топлина во степени, но за да се совпаднат два топломера мора да постои единствено договорено мерило, т.е. скала. Денес тоа е апсолутната скала на термодинамичка температура (од 1990 г.), чиј меѓународен стандард настојува да ја следи што поблиску. Скалата опфаќа од 0,65 K (−272,5 °C) до приближно 1.358 K (1.085 °C).

Оваа направа е дело на повеќе надополнувачки изумители кои дале свој придонес во термометријата. Такви се Корнелис Дребел, Роберт Флад, Галилео Галилеј и Санкториј.

Древните научници како Филон Византиски и Херон Александриски знаеле дека некои материи се шират и стеснуваат на различна температура, опишувајќи цевка делумно наполнета со воздух со еден крај ставен во вода. Со промена во температурата се менувал „водостојот“ на течноста во цевката поради ширењето и собирањето на воздухот во неа. (Дознајте повеќе...)

Седмица 46, 10.11.2014 - 16.11.2014

Седмица 45, 3.11.2014 - 9.11.2014

Седмица 44, 27.10.2014 - 2.11.2014

Мува — мало соѕвездие на јужното небо. Едно од дванаесетте соѕвездија создадени од Петар Планциј од набљудувањата Питер Дирксон Кејзер and Фредерик де Хаутман и првпат се појавува на 35 сантиметарскиот небесен глобус објавен во 1597 година во Амстердам од страна на Планциј и Јодок Хондиј. Првиот приказ на соѕвездието било бо небесниот атлас Уранометрија на Јохан Бајер во 1603 годинаСоѕвездието било познато под името Apis (пчела) во наредните двестотини години. Мува е под хоризонтато за повеќето жители на северната полутопка.

Многу од посјајните ѕвезди во соѕвездието се ченови на ѕвезденото здружение Скорпија-Кентаур, расеан група од жешки синобели ѕвезди кои имаат исто потекло и се двиѓжат во иста насока во Млечниот Пат. Во оваа група припаѓаат Алфа, Бета, Гама, Зета2 и (најверојатно) Ета Мува, како и HD 100546, синобела Хербигова Ae/Be-ѕвезда која е опколена со сложен диск од отпад кој содржи вонсончева планета или кафеаво џуџе и можна протопланета. Две подалечни планети поседуваат планети. Соѕведието исто така содржи и две кефеиди кои можат да се видат со голо око. Тета Мува е тројна ѕвезда, од кои најсјајниот член е Волф–Рајеова ѕвезда. (Дознајте повеќе...)

Седмица 43, 20.10.2014 - 26.10.2014

Фабијан Канчелара (роден во 1981) — швајцарски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек. Канчелара постигнал голем успех во велосипедизмот откако станал професионален велосипедист. Тој е познат како квалитетен специјалист за хронометри, класици и помошник за неговите колеги кои се натпреваруваат во генералниот пласман.

Канчелара започнал со велосипедизам на 13 години на стар велосипед. Потоа, започнал да го сфаќа спортот посериозно и победил на две последователни Светски јуниорски хронометарски првенства во 1998 и 1999. На 19 години станал професионалец и потпишал со екипата Мапеи-Квик Степ, каде возел како стажант.

Откако станал професионалец, Канчелара возел за четири професионални екипи. Постигнал голем успех на класиците; трипати победил на Париз-Рубе, еднаш на Милано-Сан Ремо и двапати на Трката околу Фландрија. Канчелара ја освојувал воведната етапа на Тур де Франс пет пат и ја носел жолтата маичка 28 дена, што е најмногу за еден возач кој никогаш не го освоил Тур. Неговиот успех не бил ограничен само на хронометрите и класиците, бидејќи тој ги има освоено и генералните пласмани на Тирено-Адријатико, Тур де Свис и Трката околу Оман. Во 2008 го освоил златниот медал на индивидуалниот хронометар и сребрениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри. Дополнително, Канчелара е четирикратен светски хронометриски првак. (Дознајте повеќе...)

Седмица 42, 13.10.2014 - 19.10.2014

Специјална теорија за релативноста — прифатена физичка теорија која се однесувана врската меѓу простор-времето. Истата се заснова на два постулати: (1) законите на физиката се непроменливи (инваријантни) во сите инерцијални системи (незабрзувачки појдовни системи), и (2) брзината на светлината во вакуум е подеднаква за сите набљудувачи, без разлика на движењето на светлинскиот извор. Беше предложена во 1905 г. од страна на Алберт Ајнштајн во делото „За електродинамиката и подвижните тела“. Непостојаноста на Њутновата механика со Максвеловите равенки од електромагнетизмот и неможноста да се добие движењето на Земјата низ етерот довеле до развој на специјалната релативност, која служи за исправки во механиката за да се справи со ситуациите кои вклучуваат движења со брзини блиски до брзината на светлината. Во денешнот период, специјалната релативносте најточниот модел за движење при која и да било брзина. Иако е така, Њутновата механика сèуште се користи (поради својата едноставност и точност) при доста помали брзини релативно во однос на брзината на светлината.

Теоријата се нарекува „специјална“ бидејќи се применува принципот на релативноста само во специјални случаи на инерцијалните појдовни системи. Ајнштајн подоцна објавил труд за општата релативност во 1915 г. за да се примени принципот во општ случај, поточно, за секој појдовен систем за да се справи со општи координантни преобразби и гравитациските ефекти. (Дознајте повеќе...)

Седмица 41, 6.10.2014 - 12.10.2014

Цар Самоил (958-1014) — средновековен македонски владетел кој на преминот од X кон XI век формирал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров.

Во историската наука оваа држава се нарекува Самоилово Царство, а дел од нив, за да направат јасна разлика помеѓу Самоиловото Царство и царството на бугарскиот цар Симеон I, го нарекуваат Македонско словенско царство или Македонско царство. Бугарските и еден дел од светските историчари го именуваат како Бугарско Царство (во постарата литература се сретнува како ЗападноБугарско Царство).

Учествувал во востанието на комитопулите против византиската власт во 976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон, а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по ликвидирањето на Арона, станал единствен владетел во државата во 986 година.

Водел долга и исцрпувачка војна со византискиот цар Василиј . Учествувал во сите позначајни битки и походи против Византија и далеку ги проширил границите на државата. Ги обединил под своја власт речиси сите македонски територии (освен Солун), освоил голем дел од Балканскиот Полуостров (Тесалија, Епир, Албанија, Далмација, Босна, Србија и поголем дел од Бугарија). (Дознајте повеќе...)

Седмица 40, 29.9.2014 - 5.10.2014

Пере Тошев (1865 — 1912) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, апостол и совеста на револуционерна Македонија и национален херој.

Пере Наумов Тошев е роден 1865 година во Прилеп, во семејство на богати и видни иселници од Дебарско. Основното образование го завршил во Прилеп, а потоа продолжил да се школува во Солунската машка гимназија. Во 1884 година завршил VI клас во Пловдиската гимназија. Од 1892 до 1901 година учителствувал во гимназиите во Прилеп, Скопје, Битола и Солун, сè до Солунската афера во 1901 година, кога заедно со повеќе истакнати револуционери бил уапсен. Бил осуден на 101 година затвор и бил затворен во Подрум кале (Бодрум кале) во Мала Азија, но во 1902 година бил амнестиран. Во 1903 година учествувал во Илинденското востание, каде што раководел со Мариовскиот револуционерен реон. По востанието тој е еден од главните претставници на Реформската струја и се залагал за широка децентрализација на Организацијата. Бил делегат на Прилепскиот конгрес во 1904 година, а во 1905 година на Рилскиот конгрес на ВМОРО бил избран за член на Централниот комитет на Организацијата.

Од 1910 до 1911 година бил училиштен инспектор на училиштата во Солунскиот округ. Во 1911 година заминал да се лекува во Софија, во клиниката на Стефан Сарафов. На 29 февруари 1912 година ја примил веста за склучувањето на сојузен договор меѓу Бугарија и Србија, каде што Македонија ја делат на спорна и беспорна зона. Пере Тошев побарал да биде примен во Народното собрание и ислушан, при што бил уапсен. Пере Тошев бил убиен во заседа на 4 мај 1912 година, на патот за Прилеп, во Дреновска Клисура. По неговоѕо убиство, Турците го исекле на парчиња и го закопале во каналот покрај патот. По 5 денови роднините го нашле телото на Пере Тошев, но Турците им забраниле телото да биде погребано во Прилеп. Под засилен надзор на Турците, Пере Тошев бил погребан во дворот од црквата во село Фариш. Во 1996 година, неговите посмртни останки се префрлени во дворот на црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп. (Дознајте повеќе...)

Седмица 39, 22.9.2014 - 28.9.2014
Живин топломер за надорешна употреба
Живин топломер за надорешна употреба

Топломер или термометар (од стгр. θερμός = „топлина“ и μέτρον = „мера“) — инструмент за мерење на температура по повеќе можни методи. Има два дела: сетилник на температура (на пр. садот на живин топломер) каде се јавува некаква физичка промена при изложеност на температура и начин на означување (на пр. скала означена на живин топломер). Постојат разни видови топломери со различни намени.

Секој поединечен топломер може да мери топлина во степени, но за да се совпаднат два топломера мора да постои единствено договорено мерило, т.е. скала. Денес тоа е апсолутната скала на термодинамичка температура (од 1990 г.), чиј меѓународен стандард настојува да ја следи што поблиску. Скалата опфаќа од 0,65 K (−272,5 °C) до приближно 1.358 K (1.085 °C).

Оваа направа е дело на повеќе надополнувачки изумители кои дале свој придонес во термометријата. Такви се Корнелис Дребел, Роберт Флад, Галилео Галилеј и Санкториј.

Древните научници како Филон Византиски и Херон Александриски знаеле дека некои материи се шират и стеснуваат на различна температура, опишувајќи цевка делумно наполнета со воздух со еден крај ставен во вода. Со промена во температурата се менувал „водостојот“ на течноста во цевката поради ширењето и собирањето на воздухот во неа. (Дознајте повеќе...)

Седмица 38, 15.9.2014 - 21.9.2014
Зимзелена шума во северна Калифорнија
Зимзелена шума во северна Калифорнија

Шума — подрачје густо обраснато со дрва. Шумите покриваат 9,4% од површината на Земјата или 30% од вкупната копнена површина), но некогаш покривале 50%. Имаат значајна улога како живеалишта за организмите, како чинители во кружењето на водата и запазувачи на почвите. Со тоа, тие се меѓу најважните елементи на биосферата.

Една шума се состои од горен кат (кај крошните) и долен кат, кој потоа се дели на кат на грмушки, кат на билки и кат на мовови и почвени микроорганизми. Кај извесни посложени шуми постои и изразен меѓукат на пониски дрвја. Шумите се од огромно значење за човекот бидејќи вршат незаменливи задачи и претставуваат извор на најразновидни ресурси: складираат јаглерод, учествуваат во регулирањето на климата на планетата, ја пречистуваат водата и спречуваат природни непогоди како поплави. Во шумите се присутни цели 90% од сувоземната биоразновидност во светот.

Шумите во Македонија зафаќаат една третина од површината на земјата, опфаќајќи вкупно 319 видови дрвја и грмушки со над 80 подвидови и вариетети во рамките на 119 родови и 54 фамилии, а 16% од вкупниот број на видовите се балкански ендемити или субендемити. Овие се распоредени во 81 шумска фитоценоза во состав на 31 сојуз, 11 реда и 6 класи.

Вкупната површина на шумите во земјата изнесува 1.091.857,59 ха, од кои 835.055,82 ха а се обраснати и 256.801,77 ха се необраснати (голи делови). Има и дополнителни 80.000 ха или (7,32%) за кои постојат пооскудни податоци полади малото стопанско значење. Најшумовити делови се пошироките појаси долж границите, особено во западна Македонија, додека најобесшумени се Повардарието, Овче Поле и Пелагонија. Најзастапени се листопадните шуми, поточно дабот и буката. (Дознајте повеќе...)

Седмица 37, 8.9.2014 - 14.9.2014
Карта на соѕвездието Воловар
Карта на соѕвездието Воловар

Воловар (лат. Boötes, Boo) — соѕвездие на северното небо, со местоположба меѓу 0° и +60° деклинација, и 13 и 16 часа на ректасцензија на небесната сфера. Името потекнува од старогрчкиот поим Βοώτης, Boōtēs, што значи овчар или орач (или буквално, воловар, од boos, поврзано со латински bovis, „говедо“).

Станува збор за едно од 48 соѕвездија опишани од астрономот Птоломеј, Воловар денес е едно од 88 современи соѕвездија. Ја содржи четвртата најсјајна ѕвезда на ноќното небо, портокаловиот Арктур. Воловар е дом на многу сјајни ѕвезди, од кои четири се со светлинска величина над 4 и дополнителни 21 ѕвезда со светлинска величина над 5 со што се добиваат 29 ѕвезди кои се видливи со голо око.

Се граничи со Девица на југ, Береникина Коса и Ловечки Кучиња на запад, Голема Мечка на северозапад, Змеј на североисток и Херкул, Северна Круна и Змиска Глава на исток. Кратенката од три букви била усвоена од Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 г., и истата е 'Boo'. Официјалните граници на соѕвездието, поставени од Ежен Делпорт во 1930 г., и дефинирани како многуаголник од 16 делови. Во екваторскиот координатен систем, ректасцензионите координати на тие граници се 13ч 36.1м и 15ч 49.3м, додека пак деклинационите координати се протегаат од +7.36° to +55.1°. Заземајќи површина од 907 квадратни степени, Воловар кулуминира на 2 мај околу полноќ и според површината е на 13-то место. (Дознајте повеќе...)

Седмица 36, 1.9.2014 - 7.9.2014

Ханза (долногермански: Hanse, Dudesche Hanse, латински: Hansa, Hansa Teutonica или Liga Hanseatica) — трговски и одбранбен сојуз на трговски еснафи и нивните градови, кои ја воделе трговијата долж брегот на Северна Европа. Се протегал од Балтичкото до Северното Море, како и во внатрешноста кон крајот на средниот век и почетокот на новиот период (од XIII до XVII век).

Сојузот бил создаден да ги заштита економските интереси и дипломатски користи во градовите и земјите долж трговските патишта кои ги посетувале трговците. Градовите на Ханзата имале нивен правен систем и поседувале заедничка војска за заедничка заштита и помош. И покрај овие одлики, организацијата не била град-држава, ниту може да се нарече конфедерација на градови-држави; само мал број на градовите во сојузот поседувале автономија и слобода споредена со слободните царски градови.

Наследството на Ханзата може да се види и денес во неколку имиња, на пример германскиот авиопревозник Lufthansa (буквално: „Воздушна Ханза“), ФК Ханза Росток, Универзитет на применети науки Ханза во Гронинген, Холандија, пиварница Ханза во Берген, Ханзабанк во балтичките држави и Регата Ханза во Росток. ДДГ Ханза било големо германско бродско претпријатие од 1881 до неговиот банкрот во 1980. (Дознајте повеќе...)

Седмица 35, 25.8.2014 - 31.8.2014
Живин топломер за надорешна употреба
Живин топломер за надорешна употреба

Топломер или термометар (од стгр. θερμός = „топлина“ и μέτρον = „мера“) — инструмент за мерење на температура по повеќе можни методи. Има два дела: сетилник на температура (на пр. садот на живин топломер) каде се јавува некаква физичка промена при изложеност на температура и начин на означување (на пр. скала означена на живин топломер). Постојат разни видови топломери со различни намени.

Секој поединечен топломер може да мери топлина во степени, но за да се совпаднат два топломера мора да постои единствено договорено мерило, т.е. скала. Денес тоа е апсолутната скала на термодинамичка температура (од 1990 г.), чиј меѓународен стандард настојува да ја следи што поблиску. Скалата опфаќа од 0,65 K (−272,5 °C) до приближно 1.358 K (1.085 °C).

Оваа направа е дело на повеќе надополнувачки изумители кои дале свој придонес во термометријата. Такви се Корнелис Дребел, Роберт Флад, Галилео Галилеј и Санкториј.

Древните научници како Филон Византиски и Херон Александриски знаеле дека некои материи се шират и стеснуваат на различна температура, опишувајќи цевка делумно наполнета со воздух со еден крај ставен во вода. Со промена во температурата се менувал „водостојот“ на течноста во цевката поради ширењето и собирањето на воздухот во неа. (Дознајте повеќе...)

Седмица 34, 18.8.2014 - 24.8.2014
Двојазичен текст на португалски и јавански во Јогјакарта
Двојазичен текст на португалски и јавански во Јогјакарта

Јавански јазик (јавански: , basa Jawa; индонезиски: bahasa Jawa) — јазик на Јаванците од централниот и источниот дел на островот Јава во Индонезија. Има вкупно 82,4 милиони говорници (преку една третина од населението на Индонезија).

Јазикот припаѓа на австронезиското јазично семејство и како таков е во сродство со индонезискиот и другите малајски варијанти. Највеќето говорници на јаванскиот знаат и индонезиски, кој се користи како службен јазик и во стопанисувањето, но и за општење со Индонезијците од нејаванско потекло.

Јаванскиот е присутен и во Малезија (во сојузните држави Селангор и Џохор) и Сингапур, и како јазик на лицата со јаванско потекло во Суринам, но во облик на креолски јазик.

Традиционално се пишува со јаванско писмо. Во извесен период била застапена и арабицата, а денес се користи претежно латиница. Јаванското писмо е сродно на балиското и обете претставуваат современи варијанти на старото писмо „кави“, кое е индиско писмо донесено на Јава со доаѓањето на хиндуизмот и будизмот. Ова писмо се среќава во правен документ од 804 г, а веќе во X век било главно писмо во преводите на санскритските текстови. Во 1926 е воведено латнично писмо по пример на холандскиот правопис, а истото е преработено во 1972–1973 г. (Дознајте повеќе...)

Седмица 33, 11.8.2014 - 17.8.2014

Седмица 32, 4.8.2014 - 10.8.2014

Седмица 31, 28.7.2014 - 3.8.2014

Седмица 30, 21.7.2014 - 27.7.2014
Префинета канонска варијанта на архитектонските редови на гравура од делото Encyclopédie
Префинета канонска варијанта на архитектонските редови на гравура од делото Encyclopédie

Архитектонски поредок — систем од повеќе стилови во класичната архитектура кој се одликува со неколку варијанти на пропорции, карактеристични профили и детали. Разните редови најлесно се разликуваат по нивните столбови и капители. Секој стил си има своја соодветен перваз, кој се состои од архитрав, фриз и корниз. Од XVI век, па наваму, теоретичарите распознаваат пет реда. На илустрацијата десно се наредени по ред, од најнабиениот и најпримитивниот до најбогатиот и највиткиот, тие се: тоскански (римски) и дорски (грчки и римски, илустриран тука во римска варијанта); јонски (грчка варијанта) и јонски (римска варијанта); коринтски (грчки и римски) и сложен (римски). Првичните антички архитектонски редови се само три, дорскиот, јонскиот и коринтскиот и биле измислени од грците. На овие римјаните им придодале два, тосканскиот, кој е попрост од дорскиот, и сложениот, кој е поорнаментален, ако не и поубав, отколку коринтскиот. Меѓутоа само првите три реда се одликуваат со вистинска инвентивност и особен карактер, и темелно се разликуваат еден од друг; другите два се одликуваат со позајмени елементи и меѓусебно се резликуваат само случајно. Тосканскиот е всушност дорски ред во најрана фаза, а сложениот е коринтски збогатен со јонскиот. Затоа светот им должи на грците, а не на римјаните, за оваа промисленост и особеност во архитектурата.

Редот на едно класично здание е како стилот или клучот во класичната музика. Утврден е врз основа на извесни модули како интервалите во музиката, и затоа покрева извесни очекувања од публиката која е наштимана на неговиот јазик. Редовите се како „граматиката“ или „реториката“ на некоја композиција.

Столбот се дели на три дела: труп, основа и капител. Кај класичните згради, хоризонталната градба налик на таванска греда се нарекува перваз. Первазот се дели на архитрав, фриз и корниз. За најлесно разликување на разните класични редови треба да се погледне капителот како најсвојствен од елементите.(Дознајте повеќе...)

Седмица 29, 14.7.2014 - 20.7.2014
Приказ на Кориолисовата сила
Приказ на Кориолисовата сила

Кориолисова сила (или Кориолисов ефект) — закривување на предметите во движење кога тие се разгледуваат во вртежен појдовен систем. Во појдовен систем со вртење во насока на стрелките, закривеноста е на лево од движењето на предметот, додека пак вртењето во насоката спротивна на насока на часовникот, закривеноста ќе биде кон десно. Иако препознаена од останатите, математичкиот израз за Кориолисовата сила се појаваува прв пат во научна статија во 1835 година напишана од францускиот научник Гаспар-Гистав Кориолис, како дел од теоријата за воденичарски тркала. Во почетоците на XX век, поимот Кориолисова сила почна да се употребува во поврзаност со метеорологијата.

Њутновите закони за движењето го опишуваат движењето на предметите во (незабрзувачки) инерцијални системи. Кога Њутновите закони се пренесени во истовремен вртежен појдовен систем, се појавуваат Кориолисовата и центрифугалната сила. Двете сили се пропорционални во однос на масата на предметот. Кориолисовата сила пропорционална на стапката на вртење и центрифугалната сила е пропорционална на квадратот на тоа движење. Кориолисовата сила дејствува во насока нормална на оската на вртење и брзината на телото во вртежен систем и è пропорционална на брзината на предметот во вртежен систем. Центрифугалната сила дејствува нанадвор во радијална насока и е пропорционален на растојанието на телото од оската на вртежниот систем. Овие дополнителни сили се наречени инерцијални сили, замислени сили или „псевдосили“. Тие ја дозволуваат Њутновите закони за вртежни системи. Тие се чинителите на исправка кои не постојат при незабрзувачки или инерцијални појдовни системи. (Дознајте повеќе...)

Седмица 28, 7.7.2014 - 13.7.2014
Бродот „Мајски Цвет“ со првите англиски колонисти во Америка
Бродот „Мајски Цвет“ со првите англиски колонисти во Америка

Историјата на САД се смета дека започнува кога луѓето преминале преку Беринговиот Проток во она што денес е Алјаска. Никој не е сигурен кога почнале тие преселби, а неодамнешните проценки укажуваат дека почнале пред 14.000 - 16.000 години. Народите северно од Мексико, и во земјите што станале Соединети Американски Држави, имале свои цивилизациски и политички системи. Источната третина од она што сега се САД, во најголем дел била покриена со шуми и населена со Индијанци. Многуте племиња од таа област се занимавале со земјоделство, лов и робилов, како и собирање на плодови. Градот Кахокија (близу денешен Сент Луис) бил голем трговски центар. На својот врв, во 1200 година, имал 40.000 жители.

Пред XV век Европејците воопшто не знаеле за постоењето на Америка. Значајниот пораст на европското население создал услови Европејците да бараат нови земји за колонизација или за трговија. Првите авантуристи започнале со ширење на егзотични приказни за чудни светови, носејќи од таму егзотични блага. Така, во потрага по нов пат за Индија, на 3 август 1492 година италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо, во име на шпанскиот кралски двор, со бродовите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ тргнал на долгоочекуваното пронаоѓање на поморскиот пат за Индија. (Дознајте повеќе...)

Седмица 27, 30.6.2014 - 6.7.2014
Бел бор (Pinus sylvestris)
Бел бор (Pinus sylvestris)

Бор (научPinus) — род на дрва од фамилијата борови (Pinaceae). Ова е единствениот род во потсемејството на боровите (Pinoideae). Постојат околу 115 вида на борови, со тоа што разни извори прифаќаат помеѓу 105 и 125 вида. Боровите се автохтони во најголемиот дел од северната полутопка и се воведени насекаде во умерените и суптропските краишта во светот, каде се одгледуваат како дрвена граѓа и како украсни растенија во градини и паркови. Еден вид (суматранскиот бор) го преминува екваторот во Суматра на 2° ЈГШ. Во Северна Америка виреат од 66° до 12° СГШ.

Во Македонија се застапени пет вида како автохтони борови и повеќе од шест вида како воведени

Речиси сите борови се двополови (со машки и женски шишарки на истото дрво), но има и неколку вида со претежно поделени родови. Машките шишарки се мали (1–5 см) и се јавуваат само во краток период (најчесто пролет, есен кај неколку вида) и паѓаат откако ќе го испуштат поленот. На женските шишарки им треба 1,5–3 години (зависно од видот) за да узреат по опрашувањето, со тоа што самото оплодување е одложено за една година.

Боровите се стопански најзначајните дрва ширум светот поради нивната дрвена граѓа и дрвена каша. Во умерени и топли краишта, овие меки дрва растат бргу. Во стопанските насади наменети за добивање на граѓа се одгледуваат погусти и посмолести дрва, кои од тие причини се подолговечни од смрчата (Picea). (бор|Дознајте повеќе...)

Седмица 26, 23.6.2014 - 29.6.2014
Стандардниот модел на елементарните честички, со трите семејства на материјата, бозоните во четвртата колона, и Хигсовиот бозон во петата колона.
Стандардниот модел на елементарните честички, со трите семејства на материјата, бозоните во четвртата колона, и Хигсовиот бозон во петата колона.

Стандарден модел — теорија во честичната физика која се занимава со електромагнетното, слабо и силно јадрено заемодејство, преку овие заемодејства се разгледува движењето на познатите субатомски честички. Се развива како теорија цо подоцнежната половина од XX век како заеднички напор на научниците од целиот свет. Моменталниот запис е завршен во средината на седумдесеттите години на минатиот век по експерименталната потврда за постоењето на кварковите. Оттогаш, откриени се горен кварк (1995), тау неутрино (2000) и неодамна откриениот Хигсов бозон (2013), со што се потврди веродостојноста на стандардниот модел. Поради својата успешност да ги објасни големиот број на резултати од опити, стандардниот модел се смета на некој начин како „теорија на скоро сè“. (Дознајте повеќе...)

Седмица 25, 16.6.2014 - 22.6.2014
Внатрешност на Отобојренската базилика во Баварија
Внатрешност на Отобојренската базилика во Баварија

Рококо (фр. rococo, а поретко и roccoco), наречен и „доцен барок“ — стил и уметничко движење од XVIII век, кој влијаел на неколку видови уметност, вклучувајќи ги сликарството, вајарството, архитектурата, внатрешното уредување, декоративната уметност, литературата, музиката и театарот. Стилот рококо се јавил во раниот XVIII во Париз како реакција против надменоста и строгите правила на барокот, особено на оној во Версајскиот дворец. Така, уметниците на ова движење избирале повесел, понакитен и пограциозен пристап кон барокната уметност и архитектура. На тој начин, уметноста и архитектурата во рококо стилот биле накитени и во нив често се користеле кремасти, пастелни бои, несиметрични конструкции, криви линии и злато. За разлика од барокот кој бил политички насочен, рококо стилот имал разиграни, а често и духовити уметнички теми.

Што се однесува до внатрешното уредување, просториите во стилот на рококо биле изработени како цели уметнички дела со елегантен и накитен мебел, мали скулптури, украсни огледала и таписерија која ги надополнувала архитектурата, релјефите и сликите на ѕидовите. Исто така стилот рококо одиграл голема улога во театарот. Во книгата „Рококо“ (The Rococo), пишува дека нема ниедна друга култура која „создала подуховит, поелегантен и подисмејувачки дијалог полн со нејасен и прикриен јазик и гестови, префинети чувства и суптилна критика“ од оној на театарот во стилот на рококо, особено во Франција. (Дознајте повеќе...)

Седмица 24, 9.6.2014 - 15.6.2014
Плоштадот во стариот дел на Бајројт
Плоштадот во стариот дел на Бајројт

Бајројт (германски: Bayreuth) — познат град во северна Баварија, Германија, во долината на реката Црвена Мајна, меѓу Франконска Јура и планините Фихтел. Градот датира од 1194 година, а денес е главен град на Горна Франконија. Тој е познат во светот по Бајројтскиот фестивал од XIX век кој и денес се одржува секоја година.

Се верува дека градот е основан од страна на грофовите Андекс, најверојатно околу средината на XII век, но прв пат се споменува како Бајеруте (Baierrute) во 1194 година, во еден документ на епископот Отон II од Бамберг. Слогот -руте (гер. -rute) може да значи „расчистување”, додека Бајер (гер. Baier-) укажува на доселеници од подрачјето на Баварија.

Градот е прочуен по неговата поврзаност со композиторот Рихард Вагнер, кој живеел во Бајројт од 1872 година, па сè до неговата смрт во 1883 година. Вилата на Вагнер, „Ванфрид“ била изградена во Бајројт под покровителство на баварскиот крал Лудвиг II, а по Втората светска војна била пренаменета во музеј посветен на Вагнер. На север од Бајројт се наоѓа фестивалската сала, специјално изградена оперска куќа, посветена исклучиво за изведување на оперите на Вагнер. На премиерите на последните две дела од циклусот Вагнер „Зигфрид“ и „Залез на боговите“. (Дознајте повеќе...)

Седмица 23, 2.6.2014 - 8.6.2014

Крв (латински: Sanguis) — течно сврзно ткиво кое се среќава кај сите ‘рбетници и некои без‘рбетни животни. Таа циркулира низ крвните садови и нејзина најзначајна улога е транспортната - хранливи материи, екскрети, кислород и јаглерод диоксид од и до клетките. Меѓутоа, за разлика од останатите сврзни ткива, во крвта нема нишковидни творби, односно фибрили — колаген или еластични влакна. Крвта во крвните садови се наоѓа во течна состојба. Надвор од крвните садови таа се засирува (коагулира). Доколку на крвта и додадеме определена количина на некоја антикоагулантна материја до засирување нема да дојде. Ако ваква крв оставиме да стои извесно време или ако веднаш ја центрифугираме ќе забележиме дека дошло до издвојување на два сосема различни слоја. Горниот слој е проѕирен безбоен или лесно жолтеникав тоа е крвната плазма. Долниот непроѕирен слој го сочинуваат оформени елементи: еритроцити (црвени крвни клетки), леукоцити (бели крвни клетки) и тромбоцити (крвни плочки). Во седиментот што го образуваат оформените елементи можат да се забележат два слоја. Горниот слој е сосема тенок има светложолтеникава боја, а потекнува од белите крвни клетки. Долниот слој, многу поголем и со изразено црвена боја кој го образуваат црвените крвни клетки. Ваков распоред на оформените елементи при седиментација или центрифугирање зависи од нивната специфична тежина. Еритроцитите имаат голема специфична тежина поради присуство на крвна боја-хемоглобин или железо што влегува во состав на неговата молекула. (Дознајте повеќе...)

Седмица 22, 26.5.2014 - 1.6.2014
Шематски приказ на дејството на плимата и осеката
Шематски приказ на дејството на плимата и осеката

Плима и осека — растот и снижувањето на морското ниво предизвикано од заедничкото дејство на гравитациските сили на Месечината и Сонцето и ротацијата на Земјата.

Некои крајбрежја имаат две скоро подеднакви плими и осеки секојдневно, наречени полудневни плими. Некои места пак имаат само по една плима и осека дневно, наречени дневни плими. Некои пак места имаат две временски нееднакви плими и осеки дневно, или пак една плима и осека дневно, овие се наречени мешани плими. Времето и висината на плимата на одредено место зависат од подреденоста на Сонцето и Месечината, од плимите во длабокиот океан, од амфихидромните системи на океаните, и од формата на крајбрежјето и самата батиметрија.

Плимите имаат променлив временски карактер од неколку часа па сè до неколку години и сето ова зависи од бројни влијанија. За да се направат прецизни записи, плимни направи се поставуваат на одредени мерни станици за да се мери водостојот со текот на времето. Направите ги занемаруваат промените предизвикани од брановите со периоди пократки од неколку минути. Овие податоци се сппоредуваар со еден одреден датум водостој кој се нарекува главно морско ниво. (Дознајте повеќе...)

Седмица 21, 19.5.2014 - 25.5.2014
Портрет на кралицата Ана Болејн од
Портрет на кралицата Ана Болејн од

Ана Болејн (1501 или 1507 – 19 мај 1536) — кралица на Англија од 1533 до 1536 година како втора сопруга на кралот Хенри VIII, како и Маркиза од Пембрук. Поради нејзиниот брак со Хенри и подоцна нејзиното погубување, таа станува една од клучните фигури во политичките и религиските промени кои довеле до англиската реформација. Како ќерка на Сер Томас Болејн и Елизабета Хавард, Ана имала повисок статус од Катерина Прат, подоцнежната сопруга на Хенри VIII, но понизок од претходната — Катерина Арагонска. Била школувана во Европа како придружничка на кралицата Клаудија. Во 1522 год. Ана се вратила во Англија.

Во 1525 год., Хенри VIII се заинтересирал за Ана и се обидувал да ја заведе, но таа постојано го одбивала, не сакајќи да биде негова љубовница како сестра ѝ, Марија Болејн. Поради тоа, тој сакал да го поништи неговиот брак со Катерина Арагонска, за да може да се ожени со Ана. Кога станало јасно дека папата Климент VII нема да го поништи тој брак, започнал распадот на римокатоличка црква во Англија.

Кардиналот на Јорк, Томас Вулзи, бил отстранет од својата должност, наводно поради инсистирањата на Ана Болејн, за подоцна Томас Кранмер, капланот на семејството Болејн, да стане Кантербериски архиепископ. Хенри и Ана се венчале на 25 јануари 1533. Кранмер го поништил бракот на Хенри и Катерина, a 5 дена подоцна бракот меѓу Хенри и Ана го прогласил за важечки. По ова, папата ги казнил Хенри и Кранмер со изопштување од црквата. Поради исклучувањето и бракот, црквата на Англија се разделила од Рим, а контролата ја презел кралот. (Дознајте повеќе...)

Седмица 20, 12.5.2014 - 18.5.2014
Две тела со различни маси орбитираат околу тежиште
Две тела со различни маси орбитираат околу тежиште

Орбитагравитациски закривената патека на телото околу точка во просторот, на пример орбитата на планета околу центарот на ѕвездениот систем, како што е Сончевиот Систем. Орбитите на планетите се најчесто елиптични. Моменталното познавање на механиката на орбиталното движење се заснова на Ајнштајновата општа теорија за релативноста, која се занимава со гравитацијата како последица од закривеноста на време-просторот, со орбити кој се во согласност со геодезијата. За полесни пресметки релативноста се најчесто се претсметува приближно преку силата во теоријата за сеопфатна гравитација заснована на Кеплеровите закони за планетарните движења.

Историски, привидните движења на планетите, се објаснети орвично геометриски (во отсуство на гравитацијата како сила) преку епициклуси, кои пак се збир од најразлични кружни движења. Теориите од овој вид ги предвидуваат доста добро патеките на на планетите, сè додека Јоханес Кеплер не докажа дека движењата на планетите по патеките се одвива (приближно) елиптично.

Во геоцентричниот модел на Сончевиот Систем, се користел моделот на небесните сфери за да се објасни привидното движење на планетите на небесниот свод како цовршени сфери или прстени, но подоцна се утврди со поточни мерења дека планетарните движења, се додадени теориски механизми како што се деференти и епицикли. Иако со овој модел можела да се предвиди точната положба на планетите , потребата за додавање на сè повеќе и повеќе епицикли,со што моделот станува непрактичен за употреба. (Дознајте повеќе...)

Седмица 19, 5.5.2014 - 11.5.2014
Насловната страна на „Кармина Бурана“, на која е претставено тркалото на божицата Фортуна
Насловната страна на „Кармина Бурана“, на која е претставено тркалото на божицата Фортуна

Кармина Бурана (латински: Carmina Burana) — сценска кантата на германскиот композитор Карл Орф, компонирана помеѓу 1935 и 1936 г. Се заснова на 23 песни од збиркатa средновековни текстови и песни Кармина Бурана, пронајдена во манастир во јужна Германија. Го носи и нејзиното име. Кантатата е дел од Орфовиот триптих кантати пишувани врз латински текстови „Трионфи“, заедно со Кармина Катули и Трионфо ди Афродите. Најпознатото парче од ова дело е „Фортуна Императрикс Мунди“ („О фортуна“), со кое се отвора и затвора ова дело.

Кантатата прв пат била изведена во Франкфурт од Франкфуртската опера на 8 јуни 1937 г. Делото доживеало огромен успех. Толку многу што, Орф му пишал на својот изведувач со барање да ги уништи сите дела кои дотогаш му ги дал за печатење, затоа што сметал дека со ова дело почнува неговиот вистински опус (за среќа издавачот не го исполнил барањето).

Многу од дискутабилноста околу компонирањето на делово доаѓа од фактот дека е создадено во периодот на врвот на предвоената нацистичка власт. Делото ги вознемирува нацистите поради фактот дека премногу експлицитно се вметнати еротски и сексуални елементи, но го преминуваат преку тоа кога го увидуваат ентузијазмот со кој народот го прифаќа делото. Тоа станува најпопуларното парче компонирано за време на Нацистичка Германија. Дека уметноста не препознава режими и граници, популарноста на Кармина Бурана продолжува и после војната, па до шеесеттите години на 20 век станува етаблирано дело во класичниот репертоар. (Дознајте повеќе...)

Седмица 18, 28.4.2014 - 4.5.2014
Дифтонзи на стандардниот британски изговор
Дифтонзи на стандардниот британски изговор

Стандарден британски изговор (анг. Received Pronunciation или RP, буквално: „(општо)прифатен изговор“) — начин на изговарање на англискиот јазик (поточно британскиот англиски) кој уште одамна се смета за единствениот угледен британски акцент меѓу учените и култивираните луѓе. Само 2% од Британците зборуваат со чисто стандарден акцент. Стандардниот британски изговор се нарекува и „англискиот на Кралицата/Кралот“ (Queen's/King's English) бидејќи е нагласокот на кој зборува монархот; меѓутоа овој поим поточно се употребува за пишаниот стандарден британски. Понекогаш се нарекува и „англискиот на Би-би-си“ (BBC English), бидејќи истиот по традиција се користи во Би-би-си, иако во денешно време ова е погрешна претстава. Кралицата Елизабета II користи еден специфичен облик на англискиот јазик, додека за водителите и персоналот на Би-би-си овој акцент не е повеќе задолжителен. Постојат и зборови со повеќе од еден начин на изговор во рамките на самиот стандарден изговор, како што се again („повторно“, „пак“), either („или“) и moor („усидрува“, „Мавар“, „вресиште“).

Истражувачите разликуваат помеѓу три различни облици на стандарден изговор: конзервативен, општ, и напреден. Конзрвативниот стандарден изговор се однесува на традиционалниот нагласок со кој се служат постарите говорници од извесни општествени слоеви; општиот стандарден изговор е оној кој се смета за неутрален во поглед на возраста, занимањето или животниот стил на говорникот; напредниот стандарден изговор пак, се однесува на говорот на помладата генерација на британски говорници. (Дознајте повеќе...)

Седмица 17, 21.4.2014 - 27.4.2014

Седмица 16, 14.4.2014 - 20.4.2014

Симон де Бовоар (фр. Simone de Beauvoir; Париз, 9 јануари 1908 - Париз, 14 април 1986) — француска писателка и филозоф, автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзистенцијализмот.

Автор е на делото „Вториот пол“, 1949 г. Таа била истакнат современ феминистички писател. Нејзиниот главен придонес за феминистичката теорија е аргументот дека во патријархалната култура, мажественоста е поставена како позитивна норма, а женското или женственоста е поставена како негативна, или како она што Де Бовоар го нарекува „Другото”. Таа верува дека Другоста е фундаментална категорија во човековото мислење. Според неа, идентитетот на жената како Друг и нејзиното суштинско отуѓување произлегуваат делумно од нејзиното тело, особено репродуктивниот капацитет, и делумно од историската поделба на трудот диктирана од бременоста и одгледувањето на децата. Де Бовоар тврди дека жените треба да ја зајакнат нивната рационалност и критичка моќ со цел да достигнат трансценденција. (Дознајте повеќе...)

Седмица 15, 7.4.2014 - 13.4.2014
Сребрен статер на кралот Аминта III
Сребрен статер на кралот Аминта III

Историја на парите во Македонија — преглед на мошне долг временски период на постоењето на парите како платежно средство, од монетковањата на македонските родовски задници векови пред нашата ера, па сè до денешниот македонски денар како валута на Република Македонија. Почетокот на монетоковањето на територијата на Македонија датира од крајот на VI п.н.е, кога пајонските заедници почнале да ги издават своите сребрени монети само еден век подоцна од појавата на монетите во светот. Во текот на VI век п.н.е. меѓу заедниците кои ја населувале оваа територија се издигале владетели коишто, по примерот на малоазиските владетели, почнале да издаваат свои пари, сребрени парчиња со стандардизирана тежина на кои биле втиснати претстави карактеристични за нивната заедница. Во почетокот, парите биле користени за купување мир, т.е за плаќање данок на Персијците и за трговија.

Историјата на македонското кралско ковништво започнува со Александар I Филхелен (498-454 г. п.н.е). Имено, по повлекувањето на Персијците, околу 480 г. п.н.е. започнало политичкото анектирање на областите Крестонија, Бизалтија и Мигдонија кон Македонија. Во регионот што го населувале Бизалтите се наоѓала планината Дисорон позната по своите богати рудници од кои, според Херодот, Александар I добивал по еден талант сребро дневно(околу 26 кг). Пред 480 г. п.н.е., заедницата на Бизалтите издавала свои монети чии претстави останале исти со нивното влегување во Македонското Кралство, така што практично овие монети, на чија реверсна страна било додадено името на Александар, претставувале негови први парични изданија. (Дознајте повеќе...)

Седмица 14, 31.3.2014 - 6.4.2014
Зборот „Македонија“ на лаоски
Зборот „Македонија“ на лаоски

Лаоски (самонар. ພາສາລາວ, паса лау) — тонски јазик од групата на крадајски јазици. Ова е службен и национален јазик на Лаос и исто така се зборува во североисточен Тајланд каде се именува како исански јазик. Како мајчин јазик на Лаошаните и службен јазик во државата, тој е и втор јазик на малцинствата во Лаос и Исан. Јазикот, како и сите останати јазици во Лаос, се пишува со азбучнослоговно писмо (абугида). Иако нема службен статус, дијалектот од Виентијан станал дефакто стандардна верзија врз која се заснова стандардниот лаоски јазик.

Лаоскиот јазик јазик е наследник од групата на тајски јазици кои се зборувале во денешни јужна Кина и северен Виетнам. Таа територија се смета за татковина на сите тајски јазици и место од каде произлегле сите јазици од таа група. Поради нападите од монголците и кинезите и нивното освојување за нови поплодни територии, овие народи почнале да се преселуваат кон југ накај Индија, покрај реката Меконг па сѐ до Индокина. Усните преданија за тајските народи се зачувани во Хун Бором. Тајланѓаните и Лаошаните го потиснале населението што живеело тука, најчесто луѓе од мон-кмерската грпа на јазици и австронезиските јазици. Иако притиснати од посилните Виетнамци и Тајланѓани, Лаошаните го зачувале својот идентитет и култура и ги интегрирале дијалектите во еден самостоен јазик. (Дознајте повеќе...)

Седмица 13, 24.3.2014 - 30.3.2014
Грбот на Република Крим
Грбот на Република Крим

Република Крим (руски: Республика Крым; кримскотатарски: Къырым Джумхуриети, Qırım Cumhuriyeti; украински: Республіка Крим) — република и федерален субјект на Русија сместен на најголемиот дел од полуостровот Крим во Црното Море.

Создадена е во 2014 г. откако властите на поранешната Автономна Република Крим и градот Севастопол објавиле независност од Украина и добиле речиси апсолутна поддршка (96,77%) од населението на референдум да станат составен дел од Русија како два нејзини федерални субјекта.

Западните сили и нивните заеднички сојузи и организации се искажале дека го сметаат референдумот за незаконит и неважечки, бидејќи во него не учествувале сите граѓани на Украина во целина. Меѓутоа, уште во самиот проглас за независност се образложува правната полноважност на референдумот, повикувајќи се на примерот со Косово, кое исто така еднострано прогласило независност без да се праша целата тогашна Србија — потег кој истите тие сили го оправдувале и целосно поддржувале. (Дознајте повеќе...)

Седмица 12, 17.3.2014 - 23.3.2014
Поглед на Велес преку реката Вардар
Поглед на Велес преку реката Вардар

Велесград во Македонија и центар на истоимената општина. Градот се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар. Велес е шести град по број на жители во Македонија со вкупно население од 43.716 жители. На северозапад од Велес се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје, на североисток се наоѓа градот Свети Николе, на исток се наоѓа градот Штип, на југозапад се наоѓа Прилеп и на југоисток се наоѓаат Кавадарци и Неготино. Велес има мошне поволна географска положба бидејќи е крстопат на меѓународни патни и железнички правци и еден од поглавните транзитни центри во Македонија.

Велес низ историјата се нарекувал со различни имиња, од кои три се најмногу користени. Од самото основање на градот, Велес се нарекувал со името Билазора. Подоцна градот се преименувал со името Ќупурли, кое подоцна било заменето со денешниот назив. За време на СР Македонија, но и во првите години од самостојноста на државата, Велес се нарекувал со името Титов Велес, во чест на маршалот Јосип Броз - Тито. Велес како населба постоел уште од 168 година п.н.е. и се наоѓал нешто поисточно од денешното место. Бидејќи градот има стратешка положба, тој бил често мета на различни странски инвазии и окупации и бил дел од различни балкански кралства и држави, почнувајќи од Пајонија па завршувајќи со СФРЈ.

Велес е значаен и познат поголем број работи. Градот бил дом на голем број македонски преродбеници, револуционери, писатели и поети и тој една од лулките на македонската култура. Градот е карактеритичен по својата типична велешка и староградска архитектура. Велес е еден од индустриските центри на Македонија и значаен трговски, транспортен и економски центар. (Дознајте повеќе...)

Седмица 11, 10.3.2014 - 16.3.2014
Петар Поп Арсов
Петар Поп Арсов

Петар Поп Арсов (август 1868 - 1 јануари 1941) — македонски филолог, револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Првиот устав на Внатрешната организација и автор на познатата публикација „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, идеолог, книжевник, публицист, борец за национално, културно и духовно издигање на македонскиот народ. Поборник за македонската самобитност. Борец за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за изградување на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис.

Во текот на својата дејност во Внатрешната организација извршувал повеќе функции и отстварил повеќе активности. Бил: претседател на Прилепскиот околиски комитет во 1896 год., директор на егзархиските училишта во Штип, 1896 год., претседател на окружниот комитет, 1896 год. По Виничката афера, првото масовното разоткривање на Внатрешната организација од османлиската власт е обвинет за - организирање востание и е осуден на 101 год. од страна на специјален воен суд во 1897 год. бил испратен во Подрум Кале, каде бил до 1902 год., кога бил амнестиран. Останал настрана за време на Илинденското востание, поради апсење по Солунските атентати, (во тоа време дошло до саморастурање на Централниот комитет). Арсов стнал член на ЦК на Внатрешната организација, 1904 год. Учествува во работата на Рилскиот конгрес, 1905 год. и бил избран за задграничен претставник, учествува во дејноста на организацијата сè до нејзиниот неформален расцеп.

Петар Поп Арсов е единствениот основоположник на Внатрешната организација кој го потпишал апелот на привременото претставништво на поранешната ВМРО, со кој се барало воспоставување на Македонија како самостојна и независна држава на Балканот во нејзините природни и географски граници. Решенијата на Париската мировна конфеенција, која всушност со мали измени ја потврдила одлуката од Букурешкиот мировен договор биле причина за големата разочараност кај него и повлекување од јавната политичка сцена. (Дознајте повеќе...)

Седмица 10, 3.3.2014 - 9.3.2014
Овалната читалница на Националната библиотека на Франција во испоставата на ул. Ришелје
Овалната читалница на Националната библиотека на Франција во испоставата на ул. Ришелје

Национална библиотека на Франција (француски: Bibliothèque nationale de France или BnF) — главна државна библиотека на Франција сместена во Париз. Има улога на депозитна библиотека за сите дела издадени во земјата.

Установата води потекло од кралската библиотека на Шарл V во дворецот Лувр, започната во 1368 г. Првичнот фонд се состоел од збирка ракописи наследени од неговиот претходник, Јован II, која Шарл ја префрлил во Лувр од дворецот Консиержери.

Под старателство на Жак Амјо, збирката е пренесена во Париз, но притоа се загубени многу вредни дела. Анри IV повторно ја преместил во Клермонската школа, а во 1604 г. истата е вратена Париз. Со старателството на Жак Огист де Ту, библиотеката почнала да се претвора во една од најбогатите книжни збирки во светот. Под раководство на Ту, кон библиотеката се приопштени и збирките на кралицата Катерина Медичи. Библиотеката почнала нагло да се зголемува за време на кралевите Луј XIII и Луј XIV, во голема мера поради книжевната страст на државникот Жан Батист Колбер. Со доаѓањето на власт, Наполеон покажал голем интерес за библиотеката. Издал наредба покраинските библиотеки во земјата да ги дадат сите дела што ги нема во националната, надоместувајќи им од дуплираните збирки.

Новото здание на библиотеката е отворено на 15 декември 1996 г. и има фонд од преку 10 милиони дела. Некои од збирките и понатаму се сместени во зданието на ул. Ришелје.

Библиотеката има околу 5.000 старогрчки ракописи, сместени во три фонда и раководи со дигитална библиотека „Галика“ (Gallica), основана во 1997 г, каде се опфатени околу 3,2 милиони документи, книги, ракописи, списанија, карти, партитури и др. (Дознајте повеќе...)

Седмица 9, 24.2.2014 - 2.3.2014
Дискретна веројатносна распределба на збир од две коцки
Дискретна веројатносна распределба на збир од две коцки

Веројатносна распределба — односот помеѓу вредностите кои ги зема случајната променлива и нивните веројатности. Распределбата на веројатностите може да биде едноваријатна и повеќеваријантна. Едноваријантната распределба ги дава веројатностите на една случајна променива да преземе разни алтернативни вредности. Повеќеваријантната распределба ги дава веројатностите на еден случаен вектор – збир на два или повеќе случајни променливи – преземање разни вредносни комбинации. Од едноваријантните распределби на веројатност најчесто се среќаваат и се многу важни слендиве: биномна веројатност, хипергеометриска веројатност и нормалната распределба.

За да ја дефинираме распределбата на веројатностите за наједноставните случаи, најпрво треба да правиме разлика помеѓу прекинатата и непрекинатата случајна променлива.

Ако променливата X случајно може да земе една од вредностите x1, x2, xn, со соодветни веројатности (релативни честоти ) p1, p2,… , pn при што p1+ p2+… + pn = 1 во тој случај X претставува прекината случајна променлива.

Односот помеѓу вредностите кои ги зема случајната променлива и веројатностите со кои тие вредности ги зема се нарекува „распределба“ („закон“ или „функција“) на веројатностите на случајната променлива. Во општа веројатносна распределба на прекината случајна променлива може да се дефинира како збир на паровите на вредности со соодветни веројатности, при што збирот на сите веројатности е 1. (Дознајте повеќе...)

Седмица 8, 17.2.2014 - 23.2.2014
Лого на XXII Зимски олимписки игри
Лого на XXII Зимски олимписки игри

XXII Зимски олимписки игризимска олимпијада што се одржува од 7 до 23 февруари 2014 во Сочи, Русија, додека некои настани ќе се одржуваат во зимското одморалиште Краснаја Полјана. Ќе се одржат 98 настани во 15 зимски спортски дисциплини. Олимписките и Параолимписките игри 2014 се организирани од Организацискиот комитет Сочи. Сочи бил избран како град-домаќин во јули 2007, во текот на 119. заседание на МОК одржано во Гватемала. Олимпијадата во Сочи ќе биде првата Олимпијада во Русија од распадот на СССР, кој бил домаќин на Летните олимписки игри 1980 во Москва.

Настаните од Зимската олимпијада 2014 ќе се одржуваат на две места во нови објекти; Олимпискиот парк бил изграден во Имерентинска низија на брегот на Црното Море, додека Олимпискиот стадион и другите затворени објекти се наоѓаат во близина, додека настаните на отворено ќе се одржуваат во Краснаја Полјана. Во подготовката за игрите, организаторите се насочиле на осовременување на телекомуникациите, електричната енергија и сообраќајната инфраструктура на областа. Иако првично се планирале 12 милијарди долари, различни фактори предизвикале буџетот да се зголеми на неверојатно 51 милијарда долари, надминувајќи ги проценетите 44 милијарди трошоци на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг како најскапи олимписки игри во историјата. (Дознајте повеќе...)

Седмица 7, 10.2.2014 - 16.2.2014

Седмица 6, 3.2.2014 - 9.2.2014
„Фламански поговорки“ (1559) од Питер Бројгел Постариот
„Фламански поговорки“ (1559) од Питер Бројгел Постариот

Фламански поговорки (хол. Nederlandse Spreekwoorden), наречена и „Холандски поговорки“, „Синиот плашт“ или „Светот наопаку“ — дело на холандскиот сликар Питер Бројгел Постариот насликано со масло на дабова табла во 1559 г. на кое буквално се прикажани тогашните холандско-фламански поговорки. Сликата е преполна со сцени од поговорки што се користат и денес, или некои што во меѓувреме се заборавени.

Творештвото на Бројгел се осврнува на слабоумието и пакоста на луѓето, што секако важи и за оваа слика. Идејата не била само да се соберат поговорките, туку како еден осврт на човечката глупост во илустриран облик. Син му, Питер Бројгел Помладиот, меѓу другото, ги умножувал делата на татка си, и насликал дваесетина примероци на „Фламански поговорки“. Не сите верзии на делото ги имаат точно истите поговорки и примери во ликовната изведба.

Некои од поговорките се сосем истоветни со оние во македонскиот фолклор, а други имаат мошне блиски значења. Други пак, не постојат во македонската традиција, или се претставени на сосем поинаков начин. (Дознајте повеќе...)

Седмица 5, 27.1.2014 - 2.2.2014
Фотон со бранова должина λ приоѓа одлево, се судира со метата која мирува, и настанува нов фотон под одреден агол θ со бранова должина λ'.
Фотон со бранова должина λ приоѓа одлево, се судира со метата која мирува, и настанува нов фотон под одреден агол θ со бранова должина λ'.

Комптонов ефект — појава на нееластично расејување на фотони од слободна наелектризирана честичка, обично електрон. Покрај фотоелектричниот ефект при кој гама-квантот ја предава целата своја енергија на атомот и престанува да постои, заемодејството на гама-зрачењето со средината низ којашто минува може да доведе до расејување на гама-квантовите.

Расејувањето на гама-зрачењето со големи бранови должини приближно еднаква на 0,1 нм се одвива без промена на брановата должина. Ова расејување е познато како класично или Томсоново расејување и се појавува кога енергијата на гама-зрачењето е помала од енергијата на сврзување на атомските електрони. Вториот вид расејување, со промена на брановата должина, се појавува кога енергијата на гама-зрачењето е поголема од енергијата на сврзување на атомските електрони и тоа толку поголема што електронот може да се смета за слободен.

Комптоновиот ефект прв го набљудувал Артур Комптон во 1923 г. во универзитетот Вашингтон во Сент Луис, а подоцна и потврден од страна на неговиот студент Ву Јоусјин. Во 1927 г. Комптон ја добива Нобеловата награда за ова негово откритие.

Ефектот е важен од една едноставна причина бидејќи ни укажува дека светлината не може да се објасни само како бранова појава. Томсоновото расејување, класичната теорија за електромагнетен бран расејан од наелектризирани честички, не ја објаснува слабата промена во брановата должина. Со други зборови светлината мора де се однесува како да се сосотои од честички за да се објасни слабото расејување при Комптоновиот ефект. Комптоновиот експеримент ги убеди физичарите дека светлината може да се однесува како поток од честички (квантови) чија енергија е пропорционална на честотата. (Дознајте повеќе...)

Седмица 4, 20.1.2014 - 26.1.2014
Кубна Безјеова крива
Кубна Безјеова крива

Безјеова крива (погрешно наречена „Безиерова крива“) — параметарска крива која наоѓа честа примена во сметачката графика и сродните полиња. Воопштувањата на Безјеовите криви во повисоки димензии се нарекуваат Безјеови површини, чиј посебен случај е Безјеовиот триаголник.

Кај векторската графика, Безјеовите криви се користат за моделирање на глатки криви чиј размер може да се менува до бесконечност. „Патеките“, како што се нарекуваат во програмите за работа (манипулација) со слики се комбинации од сврзани Безјеови криви. Патеките не се ограничени од растеризираните слики и можат да се менуваат интуитивно. Безјеовите криви се користат и во анимацијата, како алатка за контрола на движењето.

Безјеовите криви наоѓаат примена и кај временските одредници, особено за анимации и во изработката на посредници. На пример, со Безјеова крива можеме да ја назначиме брзината на еден објект со текот на времето, како икона што се преместува од А до Б, наместо да преместуваме утврден број на пиксели по чекор. Кога аниматорите или уредувачите на посредници зборуваат за „физиката“ или „чувството“ во работата, тие всушност споменуваат извесна Безјеова крива што ја контролира брзината на даденото движење со текот на времето.

Безјеовите криви ги популаризирал францускиот инженер Пјер Безје во 1962, кога почнал да ги применува при обликувањето на автомобилски каросерии. Овие криви прв ги осмислил Пол де Кастелжо користејќи де Кастелжоов алгоритам, кој е бројчено стабилен метод за вреднување на Безјеови криви. (Дознајте повеќе...)

Седмица 3, 13.1.2014 - 19.1.2014

Седмица 2, 6.1.2014 - 12.1.2014

Седмица 1, 30.12.2013 - 5.1.2014
Дрезден на квечерина
Дрезден на квечерина

Дрезден (германски: Dresden; горнолужички: Drježdźany) — главен град на сојузната покраина Саксонија во Германија. Се наоѓа во долината на реката Елба, близу границата со Чешка. Пошироката област околу Дрезден е дел од метрополитенската област Саксонски Триаголник.

Има долга историја како главен град и резиденција на изборните кнезови и кралевите на Саксонија, кои се векови го дополнувале градот со културен и уметнички сјај. Градот бил познат како „кутија за накит“, бидејќи самиот центар на градот бил опсипан со зданија во барок и рококо. Контроверзното бомбардирање на Дрезден во Втората светска војна при крајот на Втората светска војна убило илјадници цивили и целосно го уништило центарот на градот. Ударот на бомбардирањето и 40 години урбан развој на градот во текот на комунистичката ера во Источна Германија, значајно го изменило лицето на градот. Некои реставрациски работи помогнале да се обноват одредени делови на историскиот стар дел на градот, вклучувајќи ги Хофкирхе, Земперовата опера и Богородичната црква. По обединувањето на Германија во 1990, Дрезден повратил одредена важност како еден од културните, образовните, политичките и економските центри на Германија.

Иако Дрезден е релативно нов град со словенско потекло, областа била населена уште во неолитот од одредени племиња околу 7500 п.н.е. Основањето на Дрезден и раниот развој е поврзуван со источното ширење на Германите, рударството во блиските Рудни Планини и основањето на Грофовија Мајсен. Неговото име етимолошки е изведено од старолужичкиот збор Drežďany, што значи „шумарци, шумски народ“. Подоцна, Дрезден прераснал во главен град на Саксонија. На денешен горнолужички, градот се нарекува „Дрјежѓани“. (Дознајте повеќе...)

Знак за избрана статија
Архива на избрани статии
Месечина
Свети Јосиф  • Албанија  • Џорџ Орвел
Линебург  • Алехандро Валверде  • Тур де Франс 2019  • Брзина на светлината  • Свети Климент Охридски  • Одржлива енергија  • Договор за неширење на јадрено оружје  • Инвазивен вид  • Отпад од храна  • Последици од глобалното затоплување
Вевчани  • Диего Гарсија  • Тенерифе  • Рендгенска кристалографија  • Бактерии  • Близуземски тела  • Клуж-Напока  • Актин  • Кир Велики  • Обединета Ерменија  • Реброносци  • Казахстан  • Средновековна Романија
Џ. Р. Р. Толкин  • Хебрејски јазик  • Грег ван Авермат  • Логаритам  • Анри Матис  • Прва светска војна  • Вирус  • Писменост  • Самоубиство  • Горна Река  • Археи  • ФК Вердер Бремен  • ABC-транспортер  • Хосе де Сан Мартин
Оноре де Балзак  • Гравитациски бран  • Гомељ  • Македонско девојче 2  • Камерун  • Освојување на Африка  • Сараево  • Историја на Цариград  • Петер Саган  • Планков закон  • Затемнување на Сонцето  • Шредингерова равенка  • Тур де Франс 2015  • Фудбалска репрезентација на Аргентина
ФК Јувентус  • Византиска морнарица  • Збиено ѕвездено јато  • Хелсинки  • Борис Сарафов  • Земјоделство во Македонија  • Топкапи-сарај  • Јадрено цепење  • Крис Фрум  • Фленсбург  • Марио Манџукиќ  • Молња  • Историја на отомански Цариград  • 1 − 2 + 3 − 4 + …
Евгеника  • Ница  • Роберт Левандовски  • Светско првенство во водени спортови 2013  • Иконостас
Безјеова крива  • Комптонов ефект  • Фламански поговорки  • Зимски олимписки игри 2014  • Веројатносна распределба  • Национална библиотека на Франција  • Петар Поп Арсов  • Велес  • Лаоски јазик  • Историја на парите во Македонија  • Симон де Бовоар  • Стандарден британски изговор  • Орбита  • Ана Болејн  • Плима и осека  • Крв  • Бајројт  • Рококо  • Стандарден модел  • Бор (дрво)  • Историја на САД  • Кориолисова сила  • Архитектонски поредок  • Јавански јазик  • Топломер  • Ханза  • Воловар (соѕвездие)  • Шума  • Специјална теорија за релативноста • Мува (соѕвездие) • Пере Тошев • Фабијан Канчелара  • Оптика  • Николај Лобачевски  • Летни олимписки игри  • Еврејски календар  • Даб
Ацтечки јазик • Владимир Комаров • Географија на Македонија • Генетика  • Марк Кевендиш  • Преселба на птиците  • Италијанска култура  • Евровизија  • Арарат  • Обичен сколовранец  • Отворање (шах)  • Храм на небото  • Германски музеј  • Бреза  • Ѕид  • Дрезден
Боцвана • Стивен Хокинг • Born This Way • Хановер • Франциско Франко • Ли Куан Ју • Стара скопска чаршија • Боливија • Германија • Пенсилванија • Христијанство во Македонија • Ал-Каеда • Вилијам Шекспир • Махатир Мохамад • Арамејски јазик • Рак на бели дробови • Хемиска реакција • Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка) • Tik Tok • Telephone • Преведување • Лајпциг • Аугусто Пиноче • Пак Чон Хи • Њујорк (сојузна држава) • Мајкл Фелпс • Математичка економија • Никола Пусен • Megadeth • Ежен Делакроа • Цар Самоил • Прва балканска војна • Природа • Алберто Контадор
Фердинанд I • Историја на христијанството • Старогрчка митологија • Кока-Кола • Pearl Jam • Мадејра • Ренесансна архитектура • Ерик Клептон • Песна над песните • Нинџа • Западно Римско Царство • Шагринска кожа • Лекари без граници • Алабама • Двоичен броен систем • Гај Јулиј Цезар • Аврил Лавињ • Даме Груев • Че Гевара • Знаме на Европската Унија • Роџер Федерер • Јавански носорог • Македонска граматика • If I Were a Boy • Крушевска Република • Депортација на Евреите од Македонија • Берлин • Шеријат • Џејн Остин • Нормани • Hold It Against Me • Марсејски атентат • Киев • Алзас • Пума • Бесланска заложничка криза • Уметност • Хамбург • Црква Света Софија (Истанбул) • Историја на Руската Федерација • Гијом Тирски • Исламска уметност
Посвојување • Исус Христос • Истанбул • Розетен прозорец • Марат Сафин • Полско-литванска Државна Заедница • Хипноза • Уметничко лизгање • Бурџ Калифа • Историја на Русија • Јагуар • Насканска култура • Шкотски јазик • Магнус Карлсен • Вестминстерска палата • Боре Ангеловски • Македонски Албанци • Вода • Турска кујна • Паленке • Тутун • Салса (музика) • Братислава • Григор Прличев • Урбанизам • Будимпешта • Чакра • Отоманска Империја • Сан Марино • Суматрански носорог • Марија Магдалена • Базилика Свети Петар • Ацтеки • Инки • Кошарка • СИДА • Виена • Шаховска олимпијада • Земја (планета) • Лешочки манастир • Камбоџа • Леонард Ојлер • Странски пропаганди во Македонија • Летонски јазик • Семејно насилство • Флуорирање на водата • Московски Кремљ • Хосе Раул Капабланка • Фердинанд I
Бела мечка • Англиски јазик • Тетово • Бетелгез • Швајцарска гарда • Михаил Таљ • Крокодиловидни • Џингис Хан • е (број) • Ѕвезден развој • Пиратство • Гитара • Татарстан • Петар Велики • Френсис Дрејк • Светиот Гроб • Шаховска олимпијада 1972 • Карл Саган • Париз • Леопард • Хари Потер и Каменот на мудроста • Оскар Нимаер • Јосип Броз - Тито • Падот на Цариград (1453) • Оскар Вајлд • Големите географски откритија • Курт Кобејн • Тигар • Гладијатор • Мајанска цивилизација • Пи • Иштван I • Владетелот • Галија (брод) • Ѕвезда • Фредерик Шопен • Понуда и побарувачка • Човечки папиломен вирус • Носорог • Шпанска партија • НАТО • Египетска митологија • Географија на Индија • Боја • Торинско платно • Анастасија Николаевна Романова • Бутан • Воен конфликт во Македонија, 2001 • Бременост • Rated R • Посвојување
Тоше Проески • Нобелова награда за литература • Џозеф Кемпбел • Кинески јазик • Солун • Елизабета I • Канада • Гоце Делчев • Киро Глигоров • Арсенал ФК • Наполеон Бонапарт • Манчестер Јунајтед • Црвен Крст и Црвена Полумесечина • Јустинијан I • Евтини приказни • Битола • Европско првенство во фудбал 2008 • НЛО • Чај • Монголски јазик • Еже во маглата • ЛОИ 2008 • Александар Македонски • Крстоносни војни • Макс Еве • Ден на независноста на Република Македонија • Турција • Кралски грб на Обединетото Кралство • Сицилијанска одбрана • Тенцин Ѓацо • Монголија • Крсте Петков Мисирков • Џамија • Тенк • Фенг шуи • Нилски коњ • Жак де Молеј • Македонски јазик • Ерусалим
Понтифекс Максимус • Едгар Алан По • Шаховска стратегија и тактика • Автентична музичка изведба • Кружница • Одри Хепберн • Диференцијално сметање • Бен Џонсон • Шерлок Холмс • Интегрално сметање • Методија Андонов - Ченто • Илинденско востание • Вилијам Блејк • Вектор • Непрекинатост на функција • Џалалудин Руми • Станислав Лем • Леонард Норман Коен • НОФ • Македонци • Жан-Никола Артур Рембо  • Националсоцијалистичка германска работничка партија • Ирвин Ален Гинсберг • Марија Јурјевна Шарапова • Вилијам Хогарт • ВМРО • Спор за името помеѓу Македонија и Грција • Јане Сандански
Кочо Рацин • Светско првенство во фудбал 2006 • Сан Франциско, Калифорнија
Евтини приказни