Дарвел
Добре дојде!
Здраво, Дарвел, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!
--Филип што бе? 23:37, 15 јануари 2008 (СЕВ)
Здраво/Браво
уредиЗдраво Дарвел и добредојде на македонската Википедија! Се надевам дека ќе имаш желба и можност да допринесеш во развојот на Википедија и ширењето на знаењето воопшто. Бај д уеј, одлично работиш на статијата тенк! Продолжи понатаму, верувам дека тоа е една од следните избрани статии ;) Поздрав! --Филип што бе? 23:37, 15 јануари 2008 (СЕВ)
Планови
уредиПланирам да ја завршам ама не можам во моментов, имам испитна сесија, кога ќе завршам со тоа ќе ја завршам и статијата.
Иницијатива 22.222
уреди Здраво, Дарвел! Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! Ви благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата. |
--Kiril Simeonovski (разговор) 18:46, 14 ноември 2008 (UTC)
Среди нешто за Арсенал ако можеш. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:46, 14 ноември 2008 (UTC)
Арсенал
уредиПа друже, колку што можеш да видиш на мојата страница, каде што има список на сите статии кои сум ги напишал, ретко пишувам за нешто освен Арсенал.
Само едно прашање, како се предложува статија за „Избрана статија“? Би скал да ја предложам Тенк, ама не знам каде. Дарвел (разговор) 18:59, 14 ноември 2008 (UTC)
- Здраво. Тоа ќе го направиш на оваа страница со уредување на нова секција во која ќе го наведеш периодот за кога сакаш статијата да ја предложиш. На пр. Предлог за периодот од 24 до 30 ноември. Тоа треба да биед насловот, а под него како поднаслов нека биде името на статијата. Би требало лесно да се снајдеш. Најдобро е да направиш copy paste од претходните предлози, кога статијата не беше изгласана, со тоа што ќе ги смениш датите. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:08, 16 ноември 2008 (UTC)
Проблеми со авторските права за Слика:Dejan Velkoski.jpg
уредиВи благодариме за подигнувањето на Слика:Dejan Velkoski.jpg. Меѓутоа, моментално недостигаат информации за статусот на авторските права врз неа. Википедија многу сериозно ги сфаќа авторските права. Доколку не се одреди лиценцата и изворот на сликата, можно е таа да биде избришана во краток временски рок. Ако ги знаете овие информации, можете да додадете ознака за лиценцата на страницата за опис на сликата.
Ако имате било какви прашања, слободно прашајте ги на Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 23:50, 7 декември 2008 (UTC)
Иницијатива за квалитетни статии
уреди Здраво, Дарвел! Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:56, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 25.000
уреди Здраво, Дарвел! Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:56, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 2009-година на астрономијата
уреди Здраво, Дарвел! Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 16:15, 31 јануари 2009 (UTC)
10 години Википедија
уреди Здраво, Дарвел! Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла Кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница.
Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие. Поздрав и успешна работа! |
Покана за Вики средба
уреди Здраво, Дарвел! Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница. Поздрав и успешна работа! |