Предлошка:Ноември 2024 17 ноември — 321-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (322-и во престапна година). Остануваат 44 денови до крајот на годината.

Настани:

1558  На англискиот престол дојде кралицата Елизабета I, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската „непобедлива армада“ и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите.
1913  Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година.
1984  Прогласен е Светскиот ден на непушењето, на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада.
1989  Со студентски протести во Чехословачка започнува Кадифената револуција.
1991  Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.
1991  Основана Европската ракометна федерација (ЕХФ).
2006  Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО.
2008  Поради попречувањето на приемот во НАТО, Македонија покрена тужба против Грција за прекршување на Привремената спогодба од 1995.

Родени:

9  Веспазијанримски цар.
1291  Филип Vфранцуски крал.
1755  Луј XVIII — француски крал.
1773  Витез Михај Чоконаи — унгарски поет.
1790  Август Фердинанд Мебиус — германски математичар — творец на Мебиусовата лента.
1887  Бернард Монтгомери — британски генерал.
1895  Кирил Преславски — бугарски кнез.
1925  Рок Хадсон — американски глумец.
1928  Звонимир Лепетиќ — хрватски и југословенски глумец.
1929  Ранко Жеравица — српски и југословенски кошаркарски тренер.
1930  Драгослав Михаиловиќ — српски писател и академик.
1937  Питер Кук — англиски глумец.
1942  Мартин Скорсезе — американски режисер.
1944  Џин Кларк — американски рок-музичар, член на групата „Бердс“ (Byrds).
1944  Дени Девито — американски глумец.
1945  Срѓан Карановиќ — српски и југословенски режисер.
1963  Дилан Волш — американски глумец.
1966  Џеф Бакли — американски рок-музичар.
1966  Софи Марсо — француска глумица.
1971  Мајкл Адамс — англиски шаховски велемајстор.
1979  Микел Астарлоса — шпански велосипедист.
1980  Михаил Чипурин — руски ракометар.
1983  Кристофер Паолини — американски романописец.
1986  Нани — португалски фудбалер.
1989  Енрико Батаљин — италијански велосипедист.

Починале:

375  Валентинијан Iримски цар.
474  Лав IIвизантиски цар.
1558  Марија I — кралица на Англија.
1796  Катерина II — царица на Русија.
1858  Роберт Овен — англиски социјалист.
1917  Огист Роден — француски вајар.
1947  Виктор Серге — француски анархист.
2001  Михаел Кароли — германски рок-музичар.
2006  Ференц Пушкаш — унгарски фудбалер.
2021  Јанг Долф — американски рапер.

Празници:

Светски ден на непушењето