Урбан II (лат. Urbanus PP. II) — римски папа во периодот од 12 март 1088 до 29 јули 1099[1]. Правото име му било Ед де Лажери (Eudes de Lagery). Бил роден во Шатијон сир Марн (Châtillon-sur-Marne) во 1042.

Urbanus II
Родено име Ед де Лажери
Папа од 12 март 1088
Папа до 29 јули 1099
Претходник Папа Виктор III
Наследник Папа Паскал II
Роден 1042
Лажери, франција
Други папи по име Урбан

Овој папа е најмногу познат поради започнувањето на Првата крстоносна војна. Урбан II организирал грандиозен црковен собор во 1095 година во градот Клермон (Франција), каде тој ги повикал христијаните на поход кон Светата земја (Ерусалим) сè со цел да биде ослободен гробот на Исус Христос, при кое обеќал простување на учесниците и нивните гревови. Неговата реченица била пречекана со големи религиозни воудушевувања од страна на француските и германските земји. Урбан II починал 14 денови по зазимањето на Ерусалим, но пред оваа вест да пристигне во Италија. Негов наследник на папскиот престол бил Паскал II.

Наводи

уреди