Фенг шуи (правилно: фенг шуеј[1]; ?? - „воздух-вода“) — древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата.[2] Изворниот назив на дисциплината е Кан ју (трад. 堪輿; упр. 堪舆; пинјин: kānyú; мак. транскр.: Кан ју; буквално: Тао на небото и земјата)[3].

Луопански компас

Зборовите фенг шуи буквално би се превеле како „воздух-вода“ на македонски. Ова е кратенка која е земена од следниот пасус на Џангшу (Книгата на закопот) од Гуо Пу од династијата Ѓин:[4]

„Чи го јава ветрот и се распрснува, но се задржува кога ќе дојде во допир со водата.“

[4]

Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи е праксата на аранжирање на предметите (како мебелот) со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели. Но, традиционално, фенг шуи се користи првенствено за да се одбере местото на живеење, за работа и за гробни места.

Историја и почетоци

уреди

Пред да се открие компасот, фенг шуи се раководел според кинеската астрономија за да се пронајдат соодносите меѓу човекот и универзумот.[5] Почетоците на фенг шуи датираат од 4000 г.п.н.е., кога е забележано дека некои градби се градени во линија со некои соѕвездија или правци во просторот.[6][7]

Во гроб од 3000 г.п.н.е. е пронајден мозаик на соѕвездијата Змеј и Тигар, свртен во линија на оската север-југ.[8] Потоа, во гроб од време на културата на Хонгшан се пронајдени заоблени и квадратни форми,[9] за кои се претпоставува дека ја одразуваат космографијата: небесни форми – заоблени, земјени форми – квадратни.[10]

Најголема сличност со модерниот фенг шуи е артефактот од нефрит ископан во Ханшан, а кој потекнува од 3000 г.п.н.е. Дизајнот се поврзува со Луопан, кинескиот вид на компас, кој се користи за потребите на фенг шуи.[11]

Инструменти и техники

уреди

Се смета дека некои техники на фенг шуи се користени уште во време на династиите Хан, Танг, Сунг и Минг.[12]

Меѓу првите инструменти кои се користени за потребите на фенг шуи е еден вид сончев часовник, наречен гномон. Кинезите ги користеле ѕвездите за да го одредат правецот север-југ. Користењето на ваквата техника објаснува зошто постојат отстапки од 10° источно од вистинскиот север.

Магнетниот компас е измислен за потребите на фенг шуи,[13] и оттогаш се употребува. Традиционалниот фенг шуи компас се нарекува луопан, и за разлика од конвенционалниот, овој компас го покажува југ.

Основите на фенг шуи

уреди

Целта на фенг шуи, онака како што денес се практикува, е да се постави градбата онаму каде што поминува добрата енергија „чи“ или „ки“. Постојат места кои не се добри за домови на луѓето, и се вели дека е подобро да бидат оставени во нивната природна состојба.

Чи (ки)

уреди

Тешко е да се пренесе вистинското значење на зборот „чи“, и затоа се остава во својата изворна форма. Буквалното значење на овој збор е „воздух“, но употребата на зборот покажува дека повеќе се однесува на енергијата – внатрешна или физичка.

Според еден од авторите на оваа тема, Стивен Л. Филд, компасот Луопан се користи за да се открие течењето на чи.

Професорот Макс Кнол во 1951 година објавил дека чи е облик на сончево зрачење.[14]

Поларитет

уреди

Поларитетот во фенг шуи е изразен преку теоријата за јин и јанг, што понатаму се поврзува со биполарното магнетно поле, но и со теоријата за петте елементи.[15]

Петте елементи кои се користат за потребите на фенг шуи се: вода, дрво, оган, земја и метал. Умешноста на фенг шуи мајсторот е да ги избалансира јин и јанг, како и петте елементи во просторот. Затоа се вели дека фенг шуи е во врска со балансирањето на енергијата.

Багуа

уреди
 
Осумте тријаграми на нацртот багуа.

Нацртот познат како багуа (или па куа) е претходник на И Чинг. Овој нацрт содржи осум полиња, кои се делови од таоистичката космологија. Осумте полиња си имаат свои конкретни толкувања, а претставени се со тријаграмите (полни и испрекинати линии) кои пак се користат за потребите на И Чинг.

Четирите главни правци во просторот се поврзуваат со четири големи соѕвездија, познати во Кина како четири небесни животни. Тие се:

Исток: Зелен змеј (пролетна рамноденица) --- Њао (птица), α Hydrae

Југ: Феникс (летен сонцестој) --- Хуо (оган), α Scorpionis

Запад: Бел тигар (есенска рамноденица) --- Су (празнина), α Aquarii, β Aquarii

Север: Црна желка (зимски сонцестој) --- Мао (коса), η Tauri Плејади

Фенг шуи денес

уреди
 
Зграда во Хонгконг градена според принципите на фенг шуи

Денес за потребите на фенг шуи се користат главно следниве техники (треба да се има предвид дека ова не е конечен список, туку најчесто користените техники):[16]

Западот не покажувал многу интерес за фенг шуи сè до 1972 година, после патувањето на Ричард Никсон во Кина. Оттогаш, фенг шуи се претвора во индустрија.[17]

Денес се знае дека магнетниот север и вистинскиот север не се поклопуваат, но фенг шуи компасот Луопан има решение за ова. Сепак, науката покажува дека сончевиот ветер може да делува врз магнетното поле на Земјата, и да предизвика бура во магнетосферата на Земјата,[18] а веќе на ова не може да се делува преку техниките на фенг шуи.

Критики

уреди
 
Модерна фенг шуи фонтана во Тајпеј, Тајван

Христијанската црква нема добро мислење за фенг шуи.[19]

Не е во склад со христијанството да се верува дека хармонијата е резултат на манипулација со нефизичките сили и енергии, или дека може да се постигне преку внимавање каде ќе се постави некој физички објект. Ваквото верување спаѓа во верувањето во магии.[20]

Во 1949 година, комунистите во Кина го прогласиле фенг шуи за „општествено зло“, а едно време бил потполно забранет.[21][22].

Посебно било строго за време на „културната револуција“, кога практикантите на фенг шуи биле тепани од страна на Црвената Гарда, а нивните книги биле спалувани. Комунистите кои практикувале фенг шуи биле бркани од Комунистичката партија на Кина.[23] После смртта на Мао Це Тунг, официјалното мислење станува потолерантно. Сепак и денес во Кина е забрането да се регистрира фирма/бизнис за фенг шуи консултации. Во 2006 година во Кингдао затворена е уметничка галерија под сомневање дека нуди фенг шуи консултации.[24]

Се смета дека денес во Кина помалку од една третина од населението веруваат во фенг шуи, а учењето на фенг шуи како вештина денес во Кина се смета за табу.[25][26] Сепак, бројот на фенг шуи практиканти е во пораст. Голем број кинески научници (главно антрополози или архитекти) го проучуваат фенг шуи, неговата историја и неговите теории.

Меѓу проучувачите од целиот свет, овде спаѓаат пред сè: екологистите,[27] архитектите и градежните инженери,[28][29] некои школи за архитектура[30][31][32] и други.

Наводи

уреди
    • Видоески, Божо; Димитровски, Тодор; Конески, Кирил; Угринова-Скаловска, Радмила (2007). Правопис на македонскиот литературен јазик (XVI. изд.). Скопје: Просветно дело. стр. 100–101. ISBN 978-608-203-075-3.
  1. Мари, Тина (2007). Факти за фенг шуи. Што е фенг шуиi?. Архивирано од изворникот на 2008-10-20.
  2. „Баиду Баике“. Хуаи Нан Sи.
  3. 4,0 4,1 Филд, Стивен Л. Џангшу, или книга на закопот.
  4. Sun, X. (2000) Crossing the Boundaries between Heaven and Man: Astronomy in Ancient China. In H. Selin (ed.), Astronomy Across Cultures: The History of Non-Western Astronomy. 423-454. Kluwer Academic.
  5. David W. Pankenier. 'The Cosmo-Political Background of Heaven's Mandate.' Early China 20 (1995):121-176.
  6. Li Liu. The Chinese Neolithic: Trajectories to Early States. Cambridge University Press (2004) 85-88.
  7. Zhentao Xu, David W. Pankenier, and Yaotiao Jiang. East Asian Archaeoastronomy. 2000:2
  8. Li Liu. The Chinese Neolithic: Trajectories to Early States. Cambridge University Press (2004) 248-249.
  9. Sarah M. Nelson, Rachel A. Matson, Rachel M. Roberts, Chris Rock and Robert E. Stencel. (2006) Archaeoastronomical Evidence for Wuism at the Hongshan Site of Niuheliang. Page 2.
  10. Chen Jiujin and Zhang Jingguo. 'Hanshan chutu yupian tuxing shikao,' Wenwu 4, 1989:15
  11. Ченг Ѓен Џун и Адријана Фернандес-Гончалвес: Кинескиот фенг шуи компас: водич чекор по чекор. 1998:21
  12. Валас Х. Кампбел: Магнетизмот на Земјата: Водич низ магнетните полиња. Academic Press, 2001.
  13. Max Knoll. "Transformations of Science in Our Age." In Joseph Campbell (ed.). Man and Time. Princeton UP, 1957, 264-306.
  14. Sarah Allan. The Shape of the Turtle: Myth, Art and Cosmos in Early China. 1991:31-32
  15. Ченг Џијан Џун и Адриана Фернандес-Гонсалвес. Кинески фенг шуи компас, водич чекор по чекор. 1998:46-47
  16. H. L. Goodall, Jr. Writing the American Ineffable, or the Mystery and Practice of Feng Shui in Everyday Life. Qualitative Inquiry, 7:1, 3-20 (2001)
  17. NASA-Marshall Solar Physics: "The Solar Wind" http://solarscience.msfc.nasa.gov/SolarWind.shtml Архивирано на 13 август 2015 г.
  18. Mah, Y.-B. Living in Harmony with One's Environment: A Christian Response to Feng Shui. Asia J. of Theology. 2004, 18; Part 2, pp 340-361.
  19. Marcia Montenegro. Feng Shui" New Dimensions in Design. Christian Research Journal. 26:1 (2003)
  20. Chang Liang (pseudoym), 14 јануари 2005, What Does Superstitious Belief of 'Feng Shui' Among School Students Reveal? http://zjc.zjol.com.cn/05zjc/system/2005/01/14/003828695.shtml Архивирано на 6 март 2012 г.
  21. Tao Shilong, 3 април 2006, The Crooked Evil of 'Feng Shui' Is Corrupting The Minds of Chinese People http://blog.csdn.net/taoshilong/archive/2006/04/03/649650.aspx Архивирано на 15 февруари 2008 г.
  22. BBC, 9 март 2001, 'Feng Shui Superstitions' Troubles Chinese Authorities http://news.bbc.co.uk/hi/chinese/news/newsid_1210000/12108792.stm
  23. Chen Xintang Art Gallery Shut by the Municipality's Business and Industrial Department After Converting to 'Feng Shui' Consultation Office Banduo Daoxi Bao, Qingdao, 19 јануари, 2006 http://gwzz.blogbus.com/logs/2006/01/1854093.html Архивирано на 26 април 2006 г.
  24. Debate on Feng Shui http://www.yuce49.com/showjs.asp?js_id=45 Архивирано на 15 февруари 2008 г.
  25. Beware of Scams Among the Genuine Feng Shui Practitioners http://jiugu861sohu.blog.sohu.com/58913151.html
  26. Bo-Chul Whang and Myung-Woo Lee. Landscape ecology planning principles in Korean Feng-Shui, Bi-bo woodlands and ponds. J. Landscape and Ecological Engineering. 2:2, November, 2006. 147-162.
  27. Chen, B. X. and Nakama, Y. A summary of research history on Chinese Feng-shui and application of Feng-shui principles to environmental issues. Kyusyu J. For. Res. 57. 297-301 (2004).
  28. Xu, Jun. 2003. A framework for site analysis with emphasis on feng shui and contemporary environmental design principles. Blacksburg, Va: University Libraries, Virginia Polytechnic Institute and State University.
  29. Park, C.-P. Furukawa, N. Yamada, M. A Study on the Spatial Composition of Folk Houses and Village in Taiwan for the Geomancy (Feng-Shui). J. Arch. Institute of Korea. 1996, 12:9, 129-140.
  30. Xu, P. Feng-Shui Models Structured Traditional Beijing Courtyard Houses. J. Architectural and Planning Research. 1998, 15:4, 271-282.
  31. Hwangbo, A. B. An Alternative Tradition in Architecture: Conceptions in Feng Shui and Its Continuous Tradition. J. Architectural and Planning Research. 2002, 19:2, pp 110-130.

Надворешни врски

уреди

Дополнителна литература

уреди

Научни трудови

уреди
  • Оле Бруун. “Фенг шуи и кинеската перцепција на природата,” во Азиската перцепција на природата: Критички пристап, урд. Оле Бруун и Арне Каланд (Сури: Curzon, 1995) 173–88
  • Оле Бруун. Фенг шуи во Кина: Геомантиско предвидување преку народните обичаи и популарната религија. Хонолулу: University of Hawai'i Press, 2003.
  • Оле Бруун. Вовед во фенг шуи Cambridge University Press, 2008.
  • Јун, Хонг-ки. „Фенг шуи културата во Кореја: Истражување на источноазиската геомантија“, Lexington Books, 2006.
  • Магнетичко подредување при пасењето и одморањето на добитокот, Наоѓања на Националната Академија на Науки, неиспечатено, 25 август, 2008

Современи варијанти

уреди
  • Василевска, Мисини, Штрковска: „Фенг шуи дневник“, Аквариус Пет, Скопје, 2005.
  • Ву, Баолин, О„светлувајќи го окото на змејот: Внатрешни тајни на таоистичкиот фенг шуи“, St. Martin's Press, 2000.
  • Бендер, Том,„ Градење со здив на живот: Работење со чи енергија во нашите домови и заедниц“ Fire River Press, 2000.
  • Дреус, Норберт, „Најважното од фенг шуи“ [1], 2000.
  • Бендер, Том, „Физиката на чи“. ДВД. Fire River Press, 2007.


  Статијата „Фенг шуи“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).